![]() |
![]() |
![]() |
Верски објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2728293031 63> |
Author | |||||||
zdravozivo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2012 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
||||||
Интересна тема,баш сакав да ја продискутирам со вас пред неколку месеци но се воздржав.Престојувам често во стан во зградите на стара чаршија до Бит пазар.Уште какви се работи не видов во однос на администрацијата и катастрофалната урбанизација (не дивоградби,не диви паркинзи,сечење гуми,тепачки без повод..), но највпечатливото нешто што го приметив низ годините е токму ова со молитвата од џамиите.
Пред 7-8 години да речеме тие не беа многу гласни и немаа сите звучници за разлика од сега.Сега не само што се неподносливо гласни и летно време колку и да си навикнат ќе те разбуди со отворен прозор, но уште поголем апсурд е кога од време на време некоја џамија ќе се издвои од останатите и ќе ја пушти молитвата во сосема непристојно време (нај рано ја имам слушнато во 04:05-6 минути сабајле,не ми се веруваше,за кого утринска молитва во ова време?),обично е меѓу 5 и 6 часот. Да не грешам душа,во времето кога молитвата се пушташе во идентично време секоја ден и немаше ехо од 100 други џамии, мене будилник и аларм на сабајле не ми требаше, можев да се потпрам на неа.Дури не ми сметаше што сум близу неа а и тогаш беше доста гласна.Но гласноста делумно можев да ја оправдам бидејќи беа малку џамии со молитва и еве нека имало потреба да ја слушнат повеќе верници од околу, што сега не е во општо случајот. Сега сите џамии имаат звучници и ги има на секој чекор каде што има верници.И пак сите трештат на се погласен тон и во се по несинхронизирано време, што всушност ја уништува целата поента на молитвата. Жал ми е еве вака кога ќе видам дека албанците ја оправдуваат злоупотребата на верските објекти и се прават како воопшто да не му смета се што е нивен производ, а во меѓувреме и тие трпат и ќутат пред идиотите кои измислуваат вакви банални глупости. |
|||||||
![]() |
|||||||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
||||||
Мене лично не ми сметаат верските објекти иако мразам да ги гледам на секој чекор иако не се толку потребни (зборувам како бројка) ,јас лично ќе се изразам дека не сум религиски определен, односно сум крстен но мое лично религиско гледиште е Атеистичко. Џамиите,Текињата и Црквите,Манастирите отсекогаш ме фасцинирале на свој начин и кога имам можност ги посетувам, последен пат пред 2 години бев на посета на Теккето во Струга (не ми текнува како се вика) и навистина беше прекрасно.
Но тоа што го прават муслиманите кај нас е навистина неподносливо, мене не ми смета нека имаат звучници ,нека имаат молитва ,но претерување со 100 џамии на 5км2 е навистина претерување па најмуслиманските земји во светот немаат толку џамии, а уште секоја џамија се натпреварува колку подобро и погласно озвучење има е тоа е веќе глупост која мора да се забрани со закон ,односно да се регулира колку е доволно децибели да има на 500-1000м од џамијата и дека за 1децибел повеќе ќе ја затворат џамијата, но затоа ќе треба некој поштено да го направи а ние тука во Македонија немаме такви мажи кој ќе кажат доста е (тоа важи и за Муслиманите независно Албанци или Македонци или што не по националност за да не речат дека се дискриминираат) |
|||||||
![]() |
|||||||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
||||||
Mislam deka nema tuka sto da se prosiri temaat vo pravec
divogradbi, za toa ima opstina i zakon Vo francija se dojdeni muslimancite, vo makedonija se muslimancite doma t.e ne se dojdeni od nekade pa da izgradat dzamii.
Porano nemalo zvucnici da, no sepak nekoj vikal glasno za molitva, sega ima zvucnici tuka nema sto, moderno vreme. Ako ti preci tebe razmisli za tvoite sogragani ne samo za tebe. Toa e zaednicki zivot
pbanks toa ima rabota so toa sto nekoj lugje si mislat aj da prakticirame kako vo evropa, pa ajde da pocneme prvo po platite prvo da imame nesto za jadenje pa potoa kje vidime po religija. Ne mozes da zboruvas od evropski zakoni kaga prvo platite i zakonot ne funkcioniraat. Javen red i mir? Diskotekite, svadbite ona ova ne se narusuvanje na javen red i mir? Pa sega dzamiite precat? Tesko, kje dojde vreme kje ima iniciativa i za rusenje na minarinja, valja visoki bile...
|
|||||||
![]() |
|||||||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
||||||
Do site, ne gledm nekoja pricina zosto naednas vi precat glasnite zvucnici. Treba da se vidi i za sograganite, mislam deka ova tema e najnepotrebnoto sto sum slusnal dosega... Ne gledam pricina zosto bi diskutiral ovde za takvo ludilo pa zatoa nitu ne planiram da odgovaram na provokacii ili nesti slicno, se povlekuvam
![]() |
|||||||
![]() |
|||||||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
||||||
Жити се, тоа биле само џамии, хаха ме изнасмеа. Па токму градењето џамии и пуштањето на максимално можна јачина што може е намерата, луѓето да речат дека не сакаат да живеат повеќе во такво место и да си отидат. На пример, јас живеам во Ѓорче, доминантно македонска населба и која видиш чудна работа во летно време во пет саат јас веќе слушам повик за молитва од џамија која се наоѓа на 1-2 километри (искрено не ни знам каде се наоѓа точно џамијата, знам дека е преку Вардар). Сето ова се случува од пред 2-3 години, како што се множеја џамииве и не верувам дека е за верниците, ко божем дотогаш немале џамија.
Плус, како студент на УКИМ во последно време и јас заприметив дека не да се пуштени до даска звучниците, туку и повеќе од тоа. Значи блиску сме да се споредиме со Каиро и Багдад. Што се однесува до Швајцарија, не звучници, ни минаре не може да се подигне, а самите знаеме колку Албанци има во Швајцарија, ама тоа е држава, а не нашава |
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
би требало од 22 до 06 часот да нема врева,звуци,свадби,звучници,камбани и сл. на јавни места.мислам кога ќе влезиме во ЕУ тоа ќе се прецизира и ќе се спроведе
|
|||||||
![]() |
|||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||
Не прифаќам таква дискусија на извртување на тези. Дискотеки и свадби се исто што и џамии или што било друго кога нарушуваат јавен ред и мир. Значи не може да ги двоиме работите. Религијата е интимна работа и така треба да се практицира, без да се оптеретуваат другите околу себе бидејќи тие се можеби од некоја друга религија или пак не се религиозни. И јас сум атеист како некој друг погоре што спомна, па мене ме вреѓа што воопшто добива религијата толку простор во оваа држава. И што да правам сеа да се селам нели? Епа не бива така, и јас сум тука староседелец. Староседелство во Македонија не претпоставува анархија и правење кој што сака. Ако има некаков закон, дали е тој за градење, дали е тој за јавен ред и мир тој треба да се почитува. Тој е над било која религија во една секуларна држава. Неможе со манипулација на база религиска определба да се релативизираат законите. Муабетот може да почне од таму и исклучиво од таму ако е ова цивилизирана земја, без никаква релативизација за некакви плати итн. На крајот на краиштата верувам дека зборуваме пред се за утринската молитва како проблем. Еве и еден краток цитат од википедија.
|
|||||||
![]() |
|||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||
Веројатно темата не е некој приоритет но не гледам зошто би била табу? И каде е тука провокацијата? |
|||||||
![]() |
|||||||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
||||||
@my Macedonia
Друже јас навистина не разбирам каде виде дискриминација и провокација ,тука не се работи за тоа ,повеќе се работи за дискриминација на останатото општество отколку на Муслиманското ,кога веќе се дозволуваат такви импозантни градби со огромни минариња не разбирам каде е проблемот да се почитува на некој начин останатото население кое има различна верска определба од Муслиманите, насекаде има муслимани па и по Европа но никаде не гледаме до максимум пуштени звучници иако по Европа и џамиите и минарињата не се толку чести. Мислам дека е глупаво да мешаш свадби и дискотеки кој сигурно не ги вознемируваат сите во околина на два километри радиус од местото каде што се и уште помалку треба тоа да се меша кога целото население ги користи и двете работи ,целото население прави традиционални свадби кој секако се проследени во поголемиот број од случаите со гласна музика и пукање, за мене во тој случај е неприфатливо пукање особено пред деца но сепак го проголтувам и тоа некако ако го сватиме балканскиот менталитет, дискотеките се јавно добро на некој начин, во дискотека никој не те прашува што си туку сите одиме ,е сега секој според својот избор си ја избира дискотеката каде сака да оди и која музика да ја слуша ,а од друга страна тие ги вознемируваат само тие што се во непосредна близина (ако е во станбена зграда станарите, ако е во деловен објект блиску до население тоа население) но затоа и тие имаат пропишано колку гласни смеат да бидат иако дел од нив не го почитуваат тоа (знам дека имаат пропишано бидејќи додека постоеше Рицер во Лисиче беше 2 пати дебело казнет за гласната музика). |
|||||||
![]() |
|||||||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||||||
Албанец ја помога изградбата на манaстир http://denesen.mk/web/2013/04/08/albanec-ja-pomaga-izgradbata-na-manastir/ |
|||||||
![]() |
|||||||
Teglarot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 569 |
![]() ![]() |
||||||
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Во државава фалат вакви луѓе, кои вредат ! |
|||||||
![]() |
|||||||
JimmyN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-Dec-2012 Location: Germany Online Status: Offline Posts: 131 |
![]() ![]() |
||||||
![]() |
|||||||
If you don`t have a clue,...use the internet!
|
|||||||
![]() |
|||||||
Teglarot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 569 |
![]() ![]() |
||||||
Дали би можел некој да ми каже колку цркви се изградени или се отпочнало со градба во Скопје (Аеродром), изминативе години . . . Или евентуално да има некоја мапа каде се наоѓаат истите ???
|
|||||||
![]() |
|||||||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
||||||
Конкретно во Општина Аеродром заедно со реконструкцијата и доградбата на црквата св.Илија (кај поликлиниката Јане Сандански) се изградени/реконструирани или во градба 6 цркви (без малите црквички кој се поставени кај фонтаните на влезот на Општината и во Ново Лисиче и пред ТЦ Бисер од страна на граѓаните) , да напоменам св.Илија е само реконструирана и дограден е еден дел но црквата беше постоечка што значи дека во градба или изградени се 5, а севкупно (повторно без тие малечките) се 7 цркви.
Црквите кој се изградени или постоечки се: - Св.Илија - Јане Сандански - Св.Петар и Павле (прва црква во општината која е прилично стара) - село Горно Лисиче - црква во парк Јане Сандански - нас.Јане Сандански (лева страна) Цркви во градба: - мислам дека е безимена - Раскрсница Сансет/Мајчин Дом - црква во парк Аеродром (не го знам името, има тема за неа) - нас.Ново Лисиче - црква во Реонски центар (не го знам името, има тема за неа) - Реонски Центар Аеродром - црква на бул.Србија - нас. Јане Сандански (десна страна) Ако има уште некоја јас не сум запознат со нејзиното постоење или градба. Edited by daci92 - 12-Apr-2013 at 19:42 |
|||||||
![]() |
|||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||||||
По 20 години почна да се гради црква во штипската населба Баби
Населбата Баби во Штип неодамна со поддршка на општина Штип доби клуб на пензионери, но уште поважно е што почнаа градежните работи за конструкција на црквата „Свети Кирил и Методиј“. Оваа црква, чии темели беа удрени во деведетите години од минатиот век, по многу проблеми, конечно почна да се гради. Вчера се поставуваа шал-табли за поставување на столбовите, а по обезбедувањето на каменот, ќе следат сите понатамношни фази за конструкција на црквата. Во посета на работниците кои работата на црквата беше и градоначалникот, Илчо Захариев, кој вети понатамошна поддршка за жителите на населбата Баби. Црквата е дамнешна желба на жителите на населбата Баби, така што со овој зафат ќе се реализира мошне важен проект за граѓаните. ![]() ![]() http://regioni.mk/po-20-godini-pocna-da-se-gradi-crkvata-vo-stop/ |
|||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||
![]() |
|||||||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||||||
Во Скребатно ќе никнaт конаци и нова кујна
Со верски обичаи, денеска, во Скребатно, непосредно до црквата Св. Богородица, беа поставени темели за изградба на објект во кој ќе биде сместена новата кујна каде ќе се подготвува традиционалниот ручек за празникот посветен на заштитничката. -Една од главните причини за изградба на новиот објект е тоа што недостасуваа огништа за подготовка на ручекот по повод празникот Св. Богородица, односно имаше потреба од изградба на нови. Моментално има 10 огништа за котли од по 150 кг, а со изградбата на новиот објект ќе има 14-15 огништа.-изјави Зоран Германоски – член на црковниот одбор Св. Богородица Скребатно. Објектот чија основа е 160 метри квадратни ќе има два ката. На приземјето ќе биде сместена новата кујна со помошна просторија за подготовка на месото. На кат ќе бидат изградени апартмани-конаци. Потребните средствата за изградба на новиот објект биле собрани по пат на донации на верниците во црквата Св. Богородица. Од Црковнот одбор најавија дека објектот комплетно ќе биде завршен за околу три месеци, односно пред празникот Голема Богородица кој се одбележува на 28-ми август. Покрај изградбата на кујната, Црковниот одбор набави и косилка за трева, за која битолската фирма „Евростил“ во знак на поддршка одобрила попуст од 500 евра. Исто така извршена е набавка и на теренско возило „Нисан Патрол“ со нож за расчистување снег, со цел излетничкото место да биде достапно за посетителите и за време на зима. Скребатно, за прв пат во пишан документ се спомнува во 1583година. Ден денес луѓето кои потекнуваат од овој крај грижливо ја чуваат вековната традицијата и претставува вистински пример како треба се почитува едно свето место. Веќе втора деценија успешно функционира црковен одбор на православниот храм Св. Богородица, кој се менува на две години. Црквата целосно е возобновена пред 7 години на темелите на стариот храм, кој со точност не се знае од кога потекнува, а постојано се уредува и излетничкото место, каде во прекрасниот природен абиент опкружен со извори, изградени се одморалишта, скари, фурни, спортски терени, паркинг простор, поставени се маси и клупи, а хигиената се одржува на исклучително високо ниво. На посетителите на располагање им е целокупниот инвентар, кој само треба да го чуваат, онака како што локалното население го чува овој преубав комплекс во Скребатно. http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=54363 |
|||||||
![]() |
|||||||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||||||
спектакуларно ОТKРИТИЕ
Фреска со гробот на Александар Македонски во Сливничкиот манастир Идентична фреска со светиот Сисое над гробот на војсководецот, каква што има во манастирот во Преспа има и во „Варлам“ на Метеори Идентична фреска, на која е прикажан светецот Сисое над гробот на војсководецот Александар Велики, освен во манастирот „Варлам“ на Метеорите во Грција, постои и во Сливничкиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ во Македонија. Ова го откри Ленче Kрстеска, магистер по фрескосликарство и иконографија, која подолг период ги истражува фреските со костурот на Александар Македонски во храмовите на овие простори. - Во Сливничкиот манастир, кој датира од 17 век и изграден на падините на планината Баба над Преспанското Езеро, во јужниот дел на долапот од прозорецот е насликана фреска со светиот преподобен Сисосе Велики. Тој е прикажан со кренати раце и залудувачки гледа над гробот, односно кон костурот на Александар Македонски. Фреската побудува чувства на збунетост и не ве остава рамнодушен, туку, напротив, ве тера да размислувате што зографот сакал да каже - вели Kрстеска. Според преданието за свети Сисое Велики, кој бил од Египет и живеел во првиот век од новата ера, тој во пустината го пронашол гробот на Александар Македонски. Kога го видел се ужасил и рекол: „Kолку голем човек беше, а сепак сега е само прав и пепел“. По ова, го затворил гробот и никому не му го покажал. На фреската на старословенско писмо пишува: „Самата таа глетка, гробу, ме плаши и прави срцето да лее солзи додека размислувам за долгот што ние, сите луѓе, го должиме. Kако воопшто можам да го поднесам? О, смрт! Kој може да те избегне?“ Kрстеска вели дека на западниот влез во црквата во Сливничкиот манастир пишува дека е изградена и живописана во 1607 година во периодот на јеромонахот Никанур. Во нишата, над западната врата, каде што е претставена Богородица со Христос, зачувана е сигнатура на зографот Никола, автор на фреските на црквата. При посетата на Метеорите во Грција, во манастирот „Варлам“ над вратата на влезот ја видела истата фреска на свети Сисое и костурот на Александар Македонски во кој гледа со чудење и со размислување. - Идентична фреска, истата композиција. На натписот на левата страна пишува дека костурот е на Александар Македонски. Според пишаната литература, манастирот „Варлам“ почнале да го градат браќата-калуѓери од Јанина, Нектар и Теофан, во 1518 година. По нивната смрт, манастирот продолжил да цвета. Во манастирот, пак, пишува дека бил дограден во 1535 година. Во апсидата на светилиштето на црквата „Три јерархи“, која е прва изградена на карпата Варлам, соѕидана е плоча со датум 1627 година - вели иконографката. Според Kрстеска, досегашните претпоставки биле дека фреските во „Варлам“ се зографисани во 1566 година од свештеникот Јорго Епископ од Тибе и од неговиот брат Франгос Kателан, водечки претставник на критската школа од кого се најдени многу фрески во манастирот „Големиот Лавра“ на Света Гора. Но, таа не ја исклучува можноста двете фрески на свети Сисое да имаат македонски автор. - Од фотографиите на фреските во Сливничкиот манастир и во „Варлам“ се гледа дека се многу идентични, дури и исти. Се поставува прашањето дали истиот наш зограф Никола ги насликал фреските во двата манастира. Дали се точни годините на градба што постојат во литературата? Важно е тоа што во Сливничкиот манастир имаме сигнатура и потпис од зографот, а во „Варлам“ за тоа нема точни податоци - вели Kрстеска. Жанета Здравковска http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9F63A79B3003574197F7D2B51895B072 |
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
![]() |
|||||||
![]() |
|||||||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||||||
ИСПОЛНЕТ ЗАВЕТ ВО ПОРЕЧИЕТО
Се разбудил од кома, па отишол да гради црква Манастирот „Христово воскресение“ е прв храм во Македонија посветен на Исус Христос, кој бизнисменот Мире Синадиноски од Прилеп го подигнал на Велигден пред седум години, откако се заветил дека ако го преживеe инфарктот, ќе изгради црква за Синот Божји на запуштеното ритче крај патот Македонски Брод - Самоков. Пред да се накрене во болницата, го донесле од Прилеп со возилото на Брза помош да каже каде да се градат црквата и манастирот. Потоа, ги упатил соработниците да ги купат приватните бавчи каде што ќе го кренат Божјиот дом, како оаза во оаза. Богоградбата е плод на победената битка во животот и за вековен спомен и дар. Манастирската црква на 35 километри од Македонски Брод е градена во староримски стил, според проектот на архитектот Тодор Паскали, авторот на велелепниот храм на охридски Плаошник. Фрескоживописувањето било на семејството Милески. - На Велигден имав тежок инфаркт од кој, според докторите, ретко кој преживува. На третиот ден, се освестив, како што Исус Христос воскреснал и си ветив дека ако останам меѓу живите и ако бидам способен, ќе подигнам манастир што ќе му го посветам на Синот Божји, со чија помош и со големо залагање на докторите уште сум жив - вели Синадиноски. Тој не правел есап колку вложил во комплексот, ама се проценува дека досега вложил не помалку од 150 илјади евра за манастирската црква, за конаците и за уредувањето на околината. Со Божја помош сега продолжува да го дотерува манастирот. Семејството Синадиноски потекнува од Поречието и дел од профитот од фирмите „Пела-транс“ и „Мак-дрво“ потрошило за прекрасните конаци од темел градени со четири апартмани со посебни кујни, тоалети, бања, ТВ и ДВД за да може човек да престојува удобно во прегратките на раскошната природа. Манастирот го посетуваат многу верници и намерници. - На трет ден Велигден е слава со гости и жителите од целата околина. Втора слава е Водокрст на 18 јануари, кога поп ја крштева водата и доаѓаат по двајца од сите села да земат и да ја однесат дома. Третата слава е Спасовден. Се слави и Света Недела - велат роднините на ктиторот, Боге и Ѓурѓа Тодороски, кои се грижат за манастирот и пречекуваат гости цела година. Мире го купил местото, кое било бавчи, за да направи оаза во оаза. - Првин е направен параклисот Света Недела, по желба на сопруга му на Мире, Таца, која оттогаш роди уште едно дете - вели домаќинката Ѓурѓа, која и самата видела себап од просторот по неколкуте преживеани операции. Света Недела и за христијани и за муслимани Пред црквата се наоѓа параклис посветен на Света Недела, а во кој, според верувањата, тече лековита вода, иљач за разни заболувања. Ја пиеле и се миеле и муслимани и православни. - Муслиманите не влегуваат в црква, а ги прават сите адети. Водата е мелем, лековита. И јас имам видено себап. Доаѓаат жени што не можат да родат, без разлика на вера, туку со мака по чаре. Ги има од секаде. Разбравме дека девојче-муслиманче не зборувало до 15 години. Прозборело кога го намачкале со водата - вели Ѓурѓа. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A37CD066CCC1D94D81CF7E18EC76DED9 |
|||||||
![]() |
|||||||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
||||||
Не најдов нишка за Св.Илија во Аеродром па затоа тука ќе ги постирам сликите од Црквата и помошниот објект (кој сеуште е во фаза на градба но е при крај).
Се извинувам за квалитетот на сликите но апаратот во ноќно време вади лоши слики (особено во неосветлени делови). ![]() ![]() ![]() |
|||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2728293031 63> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |