|
![]() |
|
Буџет(и) - Скопје |
|
Post Reply
|
Page <12345 10> |
| Author | |||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#41 Posted: 24-Dec-2009 at 14:37 |
||||||
|
|||||||
![]() |
|||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#42 Posted: 03-Feb-2010 at 21:31 |
||||||
|
Скопски буџет за 2010...
http://www.skopje.gov.mk/userfiles/file/VKUPEN%20buxet%20na%20Grad%20Skopje%20za%202010.pdf Edited by lslcrew - 03-Feb-2010 at 21:31 |
|||||||
![]() |
|||||||
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply
#43 Posted: 04-Feb-2010 at 10:34 |
||||||
|
Буџетот е мизерен. Се на се 66 милиони евра, од кои 60% отпаѓа на плати, дневници и канцеларски материјали и мебел. Превработеноста во јавната администрација и тоа како си го зима својот данок.
За капитални проекти обновување и одржување на тековната инфраструктура има се на се околу 30 милиони евра. Од тие 30 милиони речиси половината се за купување на возила и мебел. Анализирајќи подетално за изградба на нови илици, патишта и автопатишта има се на се 5 милиона евра.
Па сега да удираме есап колку сакаме можеме, но со ваква структура на буџет никагаш нема да добиеме тунел под плоштад, доградба на Јужен булевар, Крушевска република и сл.
|
|||||||
![]() |
|||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#44 Posted: 04-Feb-2010 at 11:39 |
||||||
|
Приходи 66 мил, расходи 77 мил. Добро ипак кај нас дел од проектите за Скопје ги има и во владина програма и најчесто и локални проекти се остваруваат така преку влада, а општината е логистика. Не е проблем ако се најдат дополнително пари, може да трпи буџетов.
|
|||||||
![]() |
|||||||
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply
#45 Posted: 04-Feb-2010 at 13:54 |
||||||
Ова се вика дефицит, и речиси во сите буџети го има, а тие средства доколку се обезбадат се алоцираат од други извори, најчесто кредити/позајмици. А вториот дел кој го зборуваш, дека Владата ги реализира проектите на општините, токму тоа е погубното за децнетрализацијаат и регионалниот развој кај нас. Лончињата никако не с,меат да бидат измешани, заради ефикасно функционирање и на двете власти. Така што никако не би го релативизирал прашањето од типот „не е страшно“. Не разбирам како тоа трпи буџетот кога и ваков каков што е има 13% дефицит (слично како Грчкио кој ради сличните прични се заканува да ја сруши цела Евро зона???)
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply
#46 Posted: 07-Apr-2010 at 23:24 |
||||||
|
Градскиот буџет се прекројува Околу 25,8 милиони денари, односно 380.000 евра, ќе бидат прераспределени од една во друга ставка во Буџетот на Скопје, за да се обезбедат субвенции за да може јавните претпријатија да ги платат дополнителните 140 хонорарци, кои ќе бидат ангажирани да го чистат градот и да го одржуваат зеленилото, како и за нови луѓе задолжени за заловување на кучиња-скитници и за проектот за современо управување на јавниот превоз. Дел од парите ќе се издвои за функционирање на киното „Милениум“, кое неодамна потпадна под градска надлежност, а дел се за намирување на ненаплатени комунални трошоци на средните училишта. Околу 60.000 евра од сумата за проширување на Буџетот се наменети за исплата на членови на управни и надзорени одбори на јавните културни установи. Прекројувањето на буџетот треба да помине денеска на седница на Советот на Град Скопје.Со новото проширување, Буџетот на Скопје останува ист, така како што беше зацртан, на 67,9 милиони евра. Разликата е што дел од парите некаде ќе се скратат, за некаде да се зголемат за други потреби. Ќе се намал сумата за трошоци од судски решенија, за 14,8 милиони денари, а за 11 милиони денари ставката трошоци за градската администрација. Буџетот на градската власт во 2010 година од 67,9 милиони евра е само проекција. Толку приходи очекува Градот во наредната година, но неизвесно е дали толку навистина ќе се приберат или градската власт со ребаланси ќе оди кон негово намалување, како што го направи тоа два пати во 2009 година. (Ј.И.) http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7875EBE82DDE9141ABF43540FFB5144E |
|||||||
![]() |
|||||||
Plugger
Senior Member
Joined: 15-Sep-2008 Online Status: Offline Posts: 378 |
Quote Reply
#47 Posted: 19-Apr-2010 at 04:25 |
||||||
|
Mnogu mizeren budzet, na Skopje mu treba naj malce 150 miljoni evra budzet a i toa e malce spored mene pogotovo za glaven grad na edna drzava i vrz osnova na toa sto poveke od 1/3 od celata populacija zhivee vo Skopje. |
|||||||
![]() |
|||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#48 Posted: 12-May-2010 at 16:44 |
||||||
![]() |
|||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply
#49 Posted: 26-May-2010 at 15:56 |
||||||
|
На парите не им се влегува во градскиот буџет Во првиот квартал се прибрани само една четвртина приходи од зацртаните, што според опозицијата е резултат на постојаното ослободување на Владата од плаќање комуналии за објектите под „Скопје 2014“ Само 15 отсто од планираните приходи успеала да прибере градската
власт во својот Буџет во првиот квартал од 2010 година, информира
градоначалникот Коце Трајановски на последната седница на Советот.
Според него, прибрана е една четвртина од планираните 100 отсто за
првиот квартал, односно околу 10,5 милиони евра, без пренесените приходи
од минатата година, што е малку во однос на она што го зацртаа. Буџетот
за 2010 година е проектиран на 67,9 милиони евра. Од СДСМ го обвинија
дека градската каса останала празна поради заложбата на Трајановски за
континуирано ослободување на Владата од плаќање комуналии при изградба
на јавни објекти од проектот „Скопје 2014“. Се работи за 2 до 2,5
милиона евра, само во оваа година, а вкупно од 6 до 8 милиони евра за
последните три години. „Првомајска“ на кредит Градската власт ќе зема кредит од 5,6 милиони евра за реконструкција на улицата Првомајска и за изградба на центар за управување и контрола на сообраќајот. Во предлогот доставен до Советот на Скопје нема детаљно образложение на што се должи потребата од ваков заем, со грејс-период од три години и рок на отплата од 13 години. Минатата недела, поради немање кворум, седницата се прекина на оваа точка, а ќе продолжи неделава, при што опозицијата очекува одговори од Трајановски дали главен виновник за кредитно задолжување е малиот број приходи во касата. |
|||||||
![]() |
|||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#50 Posted: 15-Jun-2010 at 23:35 |
||||||
|
|||||||
![]() |
|||||||
SkyBoy
Senior Member
Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
Quote Reply
#51 Posted: 21-Jun-2010 at 23:46 |
||||||
|
Катните гаражи го исцедија буџетот
![]() Двете катни гаражи што ќе ги гради Градот Скопје годинава ќе „изедат“ многу пари од буџетот. Поради тоа, останатите проекти на градоначалникот Коце Трајановски ќе трпат и затоа тој ги одложи за 2011 и за 2012 година. Според ребалансот на буџетот, минималниот износ што ќе отиде за катните гаражи годинава е околу 680.000 денари, а во наредните две години планирано е да се потрошат околу 1,9 милион евра. На вчерашната седница на Советот на Град Скопје на дневен ред се најде ребалансот на буџетот, кој е со незначителни намалувања, односно е останат на истата проекција од 68 милиони евра. Она што ја вознемири опозицијата и на што советниците реагираа е дека во многу ставки е извршено големо „тумбање“ на парите. - Зарем буџетот е толку лошо испланиран кога мора да се прават вакви прераспределби - праша Игнат Виларовски, член на Комисијата за буџет од СДСМ. Опозицијата го критикуваше градоначалникот Трајановски зошто крател пари од значајни проекти и ги одложил за наредните две години - и тоа 20 милиони денари за ревитализација на езеро Треска, не оставил речиси ништо за изградба на нова пожарна станица, мостот во Сарај ќе почека подобри времиња, а исто и центарот за управување и контрола на сообраќајот, кој е важен за справување со метежот во Скопје. Годинава нема да се реализира раскрсницата во Ѓорче Петров, нема да се покрива каналот на улица Финска, нема да се гради водоводната мрежа во Ченто ниту команден центар за регулирање на уличното осветление. Координаторот на СДСМ, Софија Куновска, го прозва Трајановски да каже зошто градската администрација не си скратила пари од своите комодитети и луксуз, на сметка на поважните проекти, како што се изградба на центар за зависници или служба за стари и изнемоштени лица за кои нема пари за реализација. - Градската власт и покрај малиот број приходи што ги собра во првиот квартал и кратењето пари од голем број важни проекти, не смета дека треба да си скрати, на пример, од својата сметка, па така ќе се купуваат нови моторни возила во висина од 7 милиони денари, со 10 милиони денари ќе се реконструираат бараките, со 850.000 денари ќе се купуваат канцелариски мебел и клима-уреди - рече Куновска. И покрај одложувањата, градоначалникот Трајановски беше поздравен од членовите од својата партија, конкретно од Борче Георгиевски, дека работи домаќински. А самиот Трајановски ги повтори истите проекти што ги зборува од почетокот на својот мандат, нарекувајќи ги капитални. - Ќе се реализираат проектите за улиците Илинденска, Македонска војска, за проширување на булевар Србија и Благоја Стефковски, за изградба на пат до гробишта Камник и кон Рашче, како и систем за отпадни води на булевар АСНОМ и во село Лисиче - рече градоначалникот. Опозицискиот СДСМ го стави под знак прашалник менаџерското работење на Трајановски, ако се земе предвид дека за една година прави трет ребаланс на буџетот. Според советниците од оваа група, минатиот градоначалник Трифун Костовски, иако не беше поддржан од Владата, проектираше и собираше многу поголеми буџети со кои реализира скапи проекти. Воедно, на крајот од својот мандат, како што самиот информираше, на наследникот Трајановски му остави околу 7 милиони евра во буџетот. На ова реагираше самиот градоначалник Трајановски, велејќи дека не е точно тоа што го зборува опозицијата, а и бившиот челник на Градот. - Костовски ми остави само 4 милиони евра плус и голем број склучени договори и судски решенија што требаше да се исплатат - објасни градоначалникот Трајановски. |
|||||||
![]() |
|||||||
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply
#52 Posted: 22-Jun-2010 at 00:15 |
||||||
|
Статијава е повод за голема загриженост...
Прво ќе започнам со тоа што најмногу ми боде очи-како тоа најважниот проект моментално за Скопје, а имено Центарот за управување на сообраќајот е замрзнат, односно ќе ги чекал оние подобри времиња (воз кој не запира на нашата станица)? Па со тој релативно ефтин зафат ќе се постигнеа најбрзи резултати на неколку полиња: поголема проточност, помалку изгувни гасови и не на последно место заштеда на граѓаните во смисла на време и финансии! Мостот кај Сарај навистина ќе падне деновиве. Одкога знам за себе се зборува дека е во очајно тешка состојба и се се одложува, а е единствената врска со оваа не мала населба. Тој булевар Србија проклет да биде веќе. Откако почнав да ги следам инфраструктурните проекти во Скопје (изборната кампања Пенов за Скопје, односно пред неговиот втор мандат, значи 10+ години), не успеаа да направат едно проширување на улица во сред поле! И сите овие проекти, кои ни се прикажуваат како ГОЛЕМИ, ТЕШКИ, ИСЦРПУВАЧКИ И СО НЕВИДЕН РЕЗУЛТАТ (кој секогаш се покажува како лага нпр. дека клучката кај Континентал ќе придонесела за 30% намалување на гужвите во целиот град), се буквално мизерни, споредено со она што треба да биде приоритет на Скопје (по сите критериуми голем град) - ЛРТ и приградска железница, Јужен, Крушевска, тунелите под Калето и Плоштадот... Истовремено прават споменици, градска плажа, па подземно премини ќе правел... Бескрајно фрлање песок во очи и најнеодговорно бегање од децениски натрупаните проблеми на градот. Доаѓа времето кога ќе биде исклучително тешко да се реализираат големите проекти нпр. затвори Партизанска да се прави тунелот под Плоштад. Кои се тие две катни гаражи? Градот ќе ги изгради како полу-деловни објекти, подоцна ќе прогласи дека е лош стопанин и ќе ги даде некому за беспари? Веќе видена практика... Плус нели собираат доволно пари од ЈП Градски Паркинг, со кои ќе можат тековно да финансираат нови гаражи, без додатно оптоварување на буџетот? Каде одат тие пари ако не токму за таа намена (понатамошно олеснување на проблемот со паркингот во Скопје)? За крај се плашам дека овој ќе биде многу полош градоначалник и од Трифун, кој од своја страна си беше катастрофален! Крајно сум разочаран и навреден од односот на властите, затоа што не сметаат за тотални овци, на кои можеш да им сервираш буквално се! |
|||||||
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#53 Posted: 22-Jun-2010 at 08:57 |
||||||
![]() Комплетно сум на иста линија со тебе. Прво, не можам да поверувам дека така ладно ги скинале средствата испланирани за центарот за управување и контрола на сообраќајот, особено кога баш сега скоро се испофалија дека ќе го реализираат, направија многу помпа и самите излегоа со податоци какви огромни позитивни ефекти ќе има од него. И особено иритира токму тоа што парите што се собираат од паркирањето одат којзнае каде се не, само не таму каде што треба да одат - во унапредување на паркингот. Затоа сега парите наменети за мостови и центар за контрола на сообраќајот ќе ги пренасочуваме во (барокни) катни гаражи ![]() Од луксузите на државна сметка исто така никогаш да си скратат. За автомобили, климатизери, мебел, патувања и слично, никогаш не било криза... Ќе спомнам само за автомобилите - на тоа поле секогаш фигурира „оправдување“ дека километражате на постојниот возен парк е огромна и дека автомобилите се стари и се се скапи за одржување... А ако ги видиш автомобилите, по километража се несфатливо постари него по години, па наместо со тоа да оправдуваат нови набавки, треба да објаснат зошто толку безмилосно ги возат за приватни потреби. За опозицијата... Океј е да критикува, тоа и е работа. Ама наместо генеричко критикување каде секој одложен проект се става во ист кош, би сакал да видам прецизна листа на приоритети. Во меѓувреме, вистински капиталните проекти кои треба да го препородат градот ги нема ни на повидок... Edited by Cloverstack - 22-Jun-2010 at 09:07 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply
#54 Posted: 27-Aug-2010 at 11:14 |
||||||
Градската каса сé помалку се полни
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=827101026162&id=14&prilog=0&setIzdanie=22070 |
|||||||
![]() |
|||||||
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
Quote Reply
#55 Posted: 04-Oct-2010 at 09:14 |
||||||
|
Предлог-програма за буџетот за 2011 година
Градоначалникот Трајаноски информира дека се размислува во Скопје да има подземни сообраќајници на две крстосници, кај "Црвениот крст" и кај "Нова Македонија" а се планира и изградба на катните гаражи, кај "Цветен пазар" и спроти полициската станица "Беко" . Исто така ќе се санираат улиците и тротоарите во Малиот и Големиот ринг. Според скопскиот градоначалник следната година ќе се обезбеди и нова опрема на Јавните претпријатија "Комунална хигиена", "Паркови и зеленило" и "Улици и патишта". |
|||||||
![]() |
|||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#56 Posted: 04-Oct-2010 at 11:44 |
||||||
Edited by lslcrew - 04-Oct-2010 at 11:49 |
|||||||
![]() |
|||||||
leonid23
Senior Member
БАНИРАН Joined: 30-Nov-2009 Location: Strumitza Online Status: Offline Posts: 579 |
Quote Reply
#57 Posted: 05-Oct-2010 at 01:33 |
||||||
|
Трајановски ќе го асфалтира целиот центар
Нова градска куќа, две катни гаражи во центарот, проширување на Теодосиј Гологанов со уште две ленти, на Првомајска, целосна реконструкција на коловозните ленти на сите улици во Малиот и Големиот ринг - тоа се дел од приоритетите на градската власт на Скопје за наредната година, беше кажано на презентација на Буџетот за 2011 година што викендов се одржа во Охрид. - За градската куќа ќе се подготви документација и ќе се изработува проект, а ако се најдат пари, администрацијата по пет децении ќе се пресели од бараките во Градски парк во нов објект - рече градоначалникот Коце Трајановски. Катните гаражи ќе се градат со кредити, а уште при изградбата ќе се продава деловен простор, со цел да се обезбедат пари. Многу од проектите што беа изложени се од изминатите години, но бидејќи за нив немаше пари, беа одложени за 2011 година: нов мост во Сарај, воведување еден билет за возење во јавниот и во приватниот градски превоз (т.н. „смарт тикетинг“), како и автоматско лоцирање на автобусите, со цел да се знае времето и местото на нивно движење. Трајановски се задржа на купување нови возила за „Комунална хигиена“ како приоритет за подигнување на јавната чистота во метрополата. - Наскоро ќе стасаат шест камиони, а за некое време ќе распишеме тендер за уште 20. Се' на се', до мај 2011 година сметаме да дојдеме до 50 камиони, што за нас ќе биде успех. Тогаш на 10.000 жители ќе има еден камион, а не како претходно, кога на 100.000 жители имаше само едно возило за подигање на ѓубрето - објасни скопскиот градоначалник. Освен овие предлози, кои беа презентирани и се очекува да влезат во Буџетот за 2011 година, имаше и дополнителни, од директорите на јавните претпријатија и од членовите на Советот, па затоа и листата за Буџетот не е конечна. Според Трајановски, од неделава ќе се врши дополнителна селекција на најважните работи за кои треба да се издвојат пари. Во секој случај, извесно е дека до крајот на годинава или во јануари наредната ќе почне да се гради нов мост во Сарај, со две ленти. Би чинел 1,5 милион евра, предвидено е дел да даде Владата, а дел градската власт. Скап проект, за кој се потребни 3 милиони евра, а ќе се обезбедат од кредити, е изградбата на Центарот за управување и контрола на сообраќајот. Со негово воведување ќе биде овозможено на раскрсниците возилата автоматски да се бројат и пропуштаат, а воедно и ефикасно да се регулира зелениот бран, без разлика на негово вклучување или исклучување од полицијата при пропуштање делегации и владини возила. На презентацијата на Предлог-буџетот присуствуваа раководители на градските сектори, директорите на јавните претпријатија, како и сите членови на Советот, освен од советничката група на СДСМ. Координаторот Софија Куновска, рече дека и во јуни годинава имало идеја за патување во Охрид заради ребаланс на Буџетот, но дека и тогаш од советничката група изразиле негодување, а Трајановски ја одложил посетата. Таа ги потенцира економската криза и слабиот градски Буџет како причини за бојкот на оваа посета. Кажа дека лани разгледувањето на Буџетот се одржало во Маврово, а според нив, не дало особено резултати. - Наше мислење е дека истата оваа дебата можеше да се случи и во Скопје, на седница на Совет, во обичен работен ден, без ручеци и трошоци за хотелски аранжмани - изјави Куновска. Проект, кој беше споменат на презентацијата, за кој ќе се бараат пари, се раскрсници на две нивоа, кај Црвениот крст и кај Нова Македонија. Градоначалникот Трајановски објасни дека сериозно размислува сообраќајот на овие локации да го растоварува со денивелирани улици, една надземна и друга подземна. Градската власт годинава остварила најголем број приходи од воведувањето на децентрализацијата, околу 34 милиони евра, а до крајот на годинава се очекува да стаса до 40 милиони. Наредната очекуваат поголем прилив од даноци и од други извори, односно околу 50 милиони евра. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=523F45BE0D824546A3421B6A8AEF86D1 Edited by leonid23 - 05-Oct-2010 at 01:35 |
|||||||
![]() |
|||||||
fichot
Senior Member
Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply
#58 Posted: 05-Oct-2010 at 14:47 |
||||||
|
Каде може (ако воопшто) да се види планот за проширување на Гологанов? Баш ме интересира како ќе се изведе тоа без да се наруши трасата на Јужен? Има ли реално простор за тоа?
|
|||||||
![]() |
|||||||
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
Quote Reply
#59 Posted: 05-Oct-2010 at 17:28 |
||||||
|
|
|||||||
![]() |
|||||||
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
Quote Reply
#60 Posted: 05-Oct-2010 at 17:34 |
||||||
|
Jas se prasuvam sto da veruvam?Vo edniot vesnik pisuvase SANACIJA na ulicite po centar a drugata CELOSNO ASVALTIRANJE na centarot?Sto seGA?
|
|||||||
![]() |
|||||||
Post Reply
|
Page <12345 10> |
| Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |