![]() |
![]() |
![]() |
Демографија |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 24> |
Author | |
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
![]() Одговорите сами се наметнуваат откако ќе го прочиташ текстот. Еве ти ги образложенијата:
„Најверојатно ќе се остварат црните претпоставки на САД и на Светската банка дека до 2030 година Македонија ќе има одвај 1.800.000 жители. Ако се знае дека овој процес кај нас се одвива во последниве неколку децении, не треба да н$ зачуди ако за 10 години, од кога не е одржан попис, не сме загубиле добар дел од градското население од внатрешноста на земјава“, вели Ристевски.
A знае ли некој што нудат градовите во внатрешноста на Македонија? Од поголемите, Прилеп и Тетово немаат вода за пиење, Куманово нема јавно веце, еееј, јавно веце во 21-от век, нема улици, нема тротоари, нема паркинг места, тешко се наоѓа работа и сл. А во помалите градови како што се Кратово, Пробиштип, Кр. Паланка, М. Каменица каде тие млади луѓе ќе работат? Ја чукнал ли некој главата по тоа прашање? Не, битно е само Скопје 2014! Да ти се плукнам на паметот мувлосан, да ти се плукнам!
Интелектуалците, цутот на македонската држава во најголем дел бараат работа во странство. Навистина лоша слика е да се види завршен студент на нашите универзитети како послужува пијачки во САД, бидејќи условите на Запад налагаат да не се пребира работа. Точно е дека дел од нив подоцна ќе успеат во кариерата, но Македонија во секој случај губи со иселувањето“, заклучува Стефковска.
А добра слика е во Македонија да се види инжинер кој работи според својата струка, но работи по триста часа месечно, од утро до мрак без ден одмор, како роб, како во Чикаго на почетокот на 20-от век? Ве молам, поштедете ме од таква патетика.
Едноставен одговор е дека Италија им нуди работа на иселеници, нешто што Македонија во изминатиов период не можеше да им го понуди. За луѓето од нашиот крај емиграцијата е начин за да се преживее. Има секакви случаи, во последно време се селат и цели семејства. Но, бидејќи ги познавам луѓето, добро знам дека доколку им се обезбедат услови, не подобри туку блиски на оние во Италија, никој не би се селел“, потенцира Мирзо.
И не само Италија, сите средени држави. Знаеш ли зошто? Како кај нив за производ што чини исто како кај нас, работникот добива барем петпати поголема плата? А трошоците за произведување на тој производ се слични. Слични се цените на репроматеријалите, на ел. енергија, на водата и сл. Но овде има една круцијална разлика. Во тие земји, сопствениците на фабриките нивното богатство го стекнуваат со со генерации и генерации, од дедо и прадедо. А како е овде? Не давај плата на работниците и за две-три години веќе возиш џип од 50.000 евра, има палата на Водно, стан во Охрид и сл. И после се чудиш зашто луѓето се иселувале. Ако живееш во Македонија, треба да бидеш буков трупец па да не ги воочиш гореизнесениве проблеми. Edited by phenomenon - 15-Jul-2012 at 07:28 |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Јас мислев на нешто друго, колку е нашата статистика несигурна.
Имено, ги гледав цифрите, за последните години бројот на раѓања се движи околу 22000 до 28000, бројот ан умрени, од 15 000 до 20000. значи годишно треба населениоето да расте од 5000 до 8000. Ако се иселиле 230000 за 20 години, тоа годишно ќе му дојде 12-13 илади, заминати од државата. Значи имаме депопулација! Ако тоа е точно, тогаш џабе коридори, гасификации и слично. Ќе останат само споменици. Не мора да ми ги кажуваш причините за емиграција, и јас самиот сум во странство. |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
нас не чека бугарското и словенечкото искуство,кои со влегувањето во Еу останаа без млада популација која им замина претежно во германија,холандија,шведска итн
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Со оглед на тоа дека Словенија е прилично средена држава, а и стандрдот не им заостанува во преголема мерка зад поразвиените ЕУ држави, ме изненадува тоа што ги зафатил бран на иселување. Дали имаш поконкретни податоци за тоа? Во секој случај, иднината во голема мерка сами си ја креираме. Не мора да влеземе во ЕУ за да не зафати бранот, тој веќе не има зафатено и тоа прилично силно, но тоа не е нешто врз кое немаме влијание. Од политиката на државата во огромна мерка зависи колкав е тој бран. Мене воопшто не ми се допаѓа тоа што (не) се прави на тоа поле. Но можеме и мораме да почнеме да ги исправаме работите. Ова е мала држава и со паметна политика многу бргу можат да се корегираат трендовите. Edited by Cloverstack - 17-Jul-2012 at 02:16 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
да,многу се слуша за таа појава овде,а на мој другар кој е војно лице во Скопје,сопругата негова замина во Словенија да работи како доктор,и тоа по нивно барање.по нивно кажување во Словенија имало отворени понуди за висококвалификуван кадар,испразнет со влегувањето на Словенија во ЕУ и заминување на тој кадар да работи во Австрија,Германија итн за повисоки плати.
овде е честа тема на разговор по кафиќи за можноста легално да се замини во Словенија |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Македонските граѓани масовно се селат во странство
Од 1998 до 2011 година, според службата за статистика на ЕУ Еуростат, 230 илјади граѓани официјално се иселиле од Македонија и имаат регулиран престој во странство. Тоа претставува повеќе од 10 отсто од вкупното население во земјава. Според Еуростат, 170 илјади Македонци имаат привремен престој во земјите од ЕУ, а најголем дел од иселениците живеат во Италија, Германија, Австрија и Словенија. Од 2002 година до 2008 година се забележува и масовно одобрување странски државјанства за македонските граѓани. Во тој период околу 5.000 луѓе годишно добивале пасош во друга земја. Но, со оглед на тоа што не се знае колку луѓе имаат нерегулиран престој во странство, се претпоставува дека бројката е многу поголема. http://faktor.mk/archives/46965?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=makedonskite-gragjani-masovno-se-selat-vo-stranstvo |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
„Белата чума“ ја покорува Македонија, наталитетот се намалил 4 пати
Падот на наталитетот со галоп ја освојува Република Македонија. Официјалните бројки на Државниот завод за статистика (ДЗС) се немилосрдни и покажуваат дека нашата земја има сериозен проблем со наталитетот. Според официјалните податоци од 1995 година до 2012 година наталитетот во Македонија е намален за 4 пати. Тоа значи дека природниот прираст (позитивната разлика помеѓу живородени и умрени во една календарска година) која во 1995 година била 13.717 лица, лани била само 3.434 лица. Македонија 18 години ја губи битката со наталитетот и статистички кажано индексот на природниот прираст од вредност 100 во 1995 година лани изнесувал само 25, што претставува загрижувачки пад од 4 пати (400 отсто од базната вредност која изнесувала 13.717 лица. ![]() Нашиот наталитет во слободен пад Официјалните податоци се немилосрдни. Иако има мерки кои го ублажуваат дури и му пркосат на темпото на „белата чума“ и дадоа резултат во 2008, 2009 и во 2012 година, сепак крајниот резултат е загрижувачки. Наталитетот во 1996 година во однос на 1995 година бил понизок за 653 дечиња што во тие услови претставува намалување на базната вредност за помалку од 5 индексни поени. Драстичен пад на наталитетот имаме во 1997 година кога губи 3.260 лица во однос на 1995 година, односно 2.607 лица во однос на 1996 година. Во таа година индексната вредност се намалува за страшни 19 отсто. Во 1998 година наталитетот изнесува 10.011 лица, а во наредната 1999 година паѓа за дополнителни 1.669 лица и изнесува 8.342 лица. На индексната скала во однос на почетната 1995 година загубата достигнува 40 индексни поени. Следува 2000 година кога за првпат има раст на наталитетот и прекин на црната серија од претходните пет години. Бројот на живородени во однос на умрени се зголемува за 741 лице во однос на 1999 година и изнесува 9.083 лица. Од 2001 година до 2005 година наталитетот изгубил над 5.000 лица Со 2002 година започнува најлошата фаза во која наталитетот се топи со неверојатно голема брзина. Во 2001 година паѓа на 7.393 лица, па во наредната на 6.288 лица за во 2003 година да изнесува 5.783 лица. Трендот продолжува и во наредните две години, а 2005 година изнесува 4.076 лица. Во 2006 година природниот прираст изнесува 3.955 лица и ова е годината со најмал пад на вредноста на природниот прираст во сите години во овој период од 18 години. Во годината што следи, 2007-та, наталитетот продолжи да паѓа до вредност од 3.094 лица. Делотворна социјална политика од 2006 година до 2010 година По примената на социјалните политики на извршната и законодавната власт за стимулација на брачните парови за раѓање дечиња, статистиката покажа дека мерките биле делотворни. Во 2008 година запре падот на наталитетот. Беа регистрирани 3.963 лица како позитивна разлика во однос на живородени и починати лица. Во наредната 2009 година таа разлика дополнително се зголеми и достигна 4.624 лица природен прираст, а во 2010 година прирастот ја достигна бројката од 5.183 лица со што се врати на нивото од пред 2005 година, а индексот се врати на ниво од 38 отсто од базната вредност. За жал остар пад се случи во 2011 година кога вредноста на природниот прираст изгуби 1.787 лица во споредба со претходната година и се спушти на ниво од 21 индексен поен. Тоа значи дека таа година прирастот бил само една петина од основната – 1995 година. Лани статистичарите регистрирале благ раст на прирастот во однос на 2011 година. Неговата вредност изнесува 3.434 лица. http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/belata-chuma-ja-pokoruva-makedonija-natalitetot-se-namalil-4-pati |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
< ="text/" ="" ="/B1D671CF-E532-4481-99AA-19F420D90332/netdefender/hui/ndhui.js?0=0&0=0&0=0">
Не може пад да биде 400 отсто. Само раст може да биде 400 отсто. Процентот е (3434/13717)*100=0,25. Значи наталитетот се намалил за 75%. Edited by phenomenon - 27-Jul-2013 at 14:52 |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
Macedonicus ![]() Senior Member ![]() ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
![]() ![]() |
Премногу се иселува народот, и jас планирам да се отселам штом завршам факултет. Тука не jа гледам своjата иднина
|
|
ಠ_ಠ
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
процентите незнае да ги пресмета правилно повеќе од 80% од луѓето,а за поспецифични вакви пресметики( и не се нешто специфични,ама ај),да не зборуваме
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
ВО ЗЕМЈАВА ГОДИШНО ДОАЃААТ НА СВЕТ ОКОЛУ 23.000 БЕБИЊА - СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ПОМЕСТЕНА
До средината на декември на Клиниката за гинекологија се родија 5.451 новороденчиња од кои 1.489 со царски рез, а останатите 3.962 бебиња се дојдени на свет со спонтани породувања. Од Гинекологија, исто така, информираат дека годинава се родиле и четири тројки и 129 пара близнаци. Интересни се податоците кои зборуваат за старосната структура на
родилките, бидејќи годинава тинејџерка на возраст од 14 години донела на
свет живородено бебе. Најстарата родилка имала 49 години. На оваа
клиника годинава се реализирани 57 ин витро оплодувања. Во ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство Мајка Терезаа во Чаир годишно се раѓаат околу 3.000 бебиња или по десетина во период од едно деноноќие. Неофицијалните проценки се дека и годинава во приватните и во јавните родилишта бројот на новородени изнесува над 22.000 бебиња. Статистичките податоци на Државниот завод за статистика на Македонија
за 2012 покажуваат дека во Македонија се родиле вкупно 23.752 деца, што
споредено со 2011 е за 798 повеќе или претставува раст од 3,5%. И
статистичарите утврдиле дека според полот во структурата превладуваат
машките деца, односно нивното учество е 51,9%, односно, на 100
живородени женски деца 108,1 се машки. Опаѓа смртноста на бебињата во Македонија Намалувањето на смртноста се должи на воведувањето на новата опрема, а како што појаснува Марија Хаџи Лега, директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство, за предвремено родени бебиња се сметаат родените пред 37 гестациска недела, а намалувањето се должи на воведувањето на механичката вентилација кај новородени дечиња. Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, укажа дека многу детски животи ќе бидат спасени со новите методи на лекување и соработката со странските колеги, како и употребата на новата најсовремена апаратура. Ова клиника располага и со првиот специјализиран Детски ургентен центар во Македонија. Во земјава во 2011 година родени се 22.972 деца, а од нив живородени
се 22.770, а 202 мртвородени. Доколку се споредат овие податоци со
податоците од 2010 година, ќе се види дека има намалување за 6,3 % или
за 1.526 бебиња. И во 2011 г. најмногу деца или 35,3% се родени од мајки
на возраст од 25 до 29 години, а по нив најпродуктивни се мајките на
возраст од 20 до 24 години. Пред 60 години се раѓале по 50.000 бебиња годишно Владо Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ укажува дека одлична популациска политика
применила Турција и токму затоа во 1991 година имала 54 милиони жители, а
денес околу 75 милиони жители. Во неколку скопски општини, како Центар, Аеродром, Кисела Вода и Гази
Баба со разни популарни мерки се стимулира наталитетот. Слично е и во
неколку општини во источниот дел на земјава, како Делчево и Македонска
Каменица. Советот на општина Македонска Каменица веќе донесе одлука за
поголема стимулација на наталитетот на овој дел и за секое новородено
дете, локалната власт од својот буџет ќе исплаќа по 100 евра, со што
паричниот надомест за новороденчиња, што до минатата година изнесуваше
50 евра е двојно зголемен. |
|
![]() |
|
one1 ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 13-Mar-2013 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
Јас не знам уште колку години треба да поминат за да изведе генерален попис. Вакви натписи како овој горе се само паушални и никако не помагаат да се земе јасна слика. На пример немаме број за градските средини... За миграцијата и бројот на домаќинства.
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
попис колку да се видат некои параметри(интерен `попис` за своја намена) веќе се реализира преку здравствените картички.тој што нема да земи картичка значи не живее во земјава,и горе-долу ќе се има претстава за многу статистички бројки кои ќе си ја завршат целта,но нема да бидат употребувани во политички цели(за среќа).све што треба од податок постои во образсите за пополнување на апликацијата,па така владата ќе си ги има засебе тие информации
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Највисок наталитет има во Тетово, Чаир, Сарај, Куманово и Студеничани
Интересен е податокот дека најнизок наталитет имаат општините со голем број на разводи како Карпош, Охрид, Битола и Прилеп. И обратно, општините со помалку разводи како Чаир, Сарај и Студеничани имаат одличен наталитет. Во текот на вчерашниот ден, Заводот за статистика на Република Македонија го објави соопштението за наталитетот за првото тримесечје од 2014 година. Општини со највисок наталитет се Тетово, Чаир, Сарај, Куманово и Студеничани, додека општини со најмал наталитет се Битола, Карпош, Прилеп, Велес, Кочани и Охрид. http://netpress.com.mk/natalitet-koi-10-opshtini-imaat-najdobar-i-najlosh-bilans/ ![]() ![]() ![]() http://www.stat.gov.mk/pdf/2014/2.1.14.12.pdf |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Нема попис зашто нема „доволно“ ни Македонци, ни АлбанциВистинската причина за неспроведувањето попис не се меѓуетничките тензии, туку големото иселување, сметаат дел од аналитичарите. 04.06.2014 Очекувањата дека
во вакви политички околности е можно Владата да одлучи да спроведе попис
кај експертската јавност се сведени речиси на минимум. Има повеќе
причини за ваквото мислење меѓу кои е доведувањето во прашање на
реалниот мотив зошто во 2011 година се стопира процедурата за
пребројување на населението.
Може да се спроведе попис ако има
политичка волја, а нејзе ја нема затоа што податоците ќе покажат
застрашувачки бројки околу иселувањето на македонските граѓани.
Здравко Савески, универзитетски професор.
Професор Здравко Савески смета дека вистинската причина не се меѓуетничките тензии, како што и беше претставено на јавноста тогаш, туку големото иселување што би се покажало доколку се спроведеше операцијата. Таа бројка ако се обзнани, вели Савески, ќе значи удар за која било влада и ќе влијае врз нејзиниот легитимитет. ![]() „Скоро сите етнички тензии меѓу Македонците и Албанците можат да се објаснат со неформален, таен договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тоа, пак, кажува дека ако владините партнери се заинтересирани за спроведување на пописот, дека тие можат да го контролираат етничкото незадоволство во своите редови. Значи дефинитивно може да се спроведе попис ако има политичка волја, а нејзе ја нема затоа што податоците ќе покажат застрашувачки бројки околу иселувањето на македонските граѓани“, вели Савески. Ако не до крајот на оваа година,
сигурно на почетокот на наредната година мора да се спроведе оваа
активност и за оваа активност се одговорни сите, а на прво место
политичките субјекти кои се на власт.
Осман Кадриу, универзитетски професор.
И професор Осман Кадриу како клучна за спроведувањето на пописот ја истакнува политичката волја кај власта. Но, тој е пооптимистичен во однос на тоа кога би се одржал пописот. „Дали оваа година ќе успеат да смогнат сили партиите на власт да се реализира оваа активност не знам, тоа сигурно зависи од агендата, од програмата на владата која ќе треба да се презентира и да се усвои од парламентот, но сметам дека ако не до крајот на оваа година, сигурно на почетокот на наредната година мора да се спроведе оваа активност и за оваа активност се одговорни сите, а на прво место политичките субјекти кои се на власт“, оценува Кадриу. Во 2011 година пописот почна, па потоа беше прекинат поради несогласувањата меѓу етничките Македонци и Албанците кои беа членови на комисијата, што предизвика партиски и политички препукувања. Најавите тогаш беа дека ќе се одржи за половина или за една година. Но, три години подоцна, Македонија останува без преброено население, со што се оневозможува реален избирачки список и кроење на конкретни политики за образование, здравството, вработувањата, односно за сите сегменти. Деновиве и дел експертска јавност заедно со невладиниот сектор започна кампања со мотото Попис сега. http://www.makdenes.org/content/article/25409597.html |
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Бројките се чудни. Иселување дефинивно има,но никој не знае колку е. мжеби се претерува со бројот на емигрирани, не вервувам дека е стотици илјади.
Зборувам за последните 2 децении времето од последниот попис, да не ги сметаме оние кои емигрирале пред 50-100 години. Ако се гледа бројот на родени и умрени од последниот поопис до сега, тој број е скоро ист, а тоа кажува дека населението е стабилно. Единствено ако и тие бројки не се лажни. |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Ненад проценките се дека во последниве 10 години легално се иселени повеќе од 400.000 граѓани (и тоа од релевантна организација).
Незнам за тебе, но кај мене секој втор или трет пријател ми е отселен од кој половина засега се за постојано ,а другата половина чекаат да биде постојано, додека другите пријатели тежнеат кон тоа да се отселат. Ќе испадне дека навистина бројки се фрапантни и ќе се чудиме што се случило. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Според некои проценки, Македонија во моментов има околу 1,8 милиони жители. Патем, многу лесно може да се провери бројот на постојани жители преку бројот на извадени здравствени картички кои, нели, се задолжителни за сите. На некого/некои не му/им одговара да се дознаат вистинските бројки, и тоа е тоа.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Се работи на набавка и инсталирање на софтвер со кој ќе се опфатат сите жители кои постојано се во Македонија. Откога ќе се констатира бројот на жителите ќе се оди само на попис на етничката и верската припадност. Затоа што досегашните пописи никогаш не биле изведени регуларно особено во западните делови на државата.
|
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Daci, znam deka dosta luge se otideni nadvor, no 400000 za 10 godini e premnogu, mozebi e vo red cifrata 40000, znaci 1 nula pomalku. 400000 mozebi e za celosno iseluvanje, vo tekot na poveke desetletija, od ovie podracja lugeto postojano se iseluvale. mislam deka prof. Slavevski izleze so cira od 1,7 milioni (toa bese pred 10-15 godini) i mislam deka ota e realnata brojka. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 24> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |