![]() |
![]() |
![]() |
Индустриска зона Жабени |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 6> |
Author | |
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
Тешки нека вработат 2500 луѓе, и да земат барем плата 300 евра, градо ке живни, а ако вработат 4000 Битола ке доживеј вистинска преродба !
|
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Бројката од 2500 ми звучи многу амбициозно, но најбитно е да се отвори капацитетот во било каков формат. Секоја фабрика од овој тип е голем плус за Македонија а особено е добро што би се правела надвор од Скопје како за промена.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Одлична вест ова за Kromberg & Schubert
Но навистина што е со бројкиве за најавените вработувања? Ако 2500 звучи многу амбициозно, што правиме тек со 4000 ?!? Со денешна технологија навистина не ми е јасно што може да работат 4000 луѓе во фабрика за кабли. Ова е завидна бројка дури и за оние гранки кои се трудово најинтензивни... Инаку во првата најава за Kromberg & Schubert беше спомнато дека во прва фаза ќе биле 400 вработувања која во наредни фази евентуално би пораснала во најголема гринфилд инвестиција во земјава и бројот на вработени би нараснал до 2500: http://www.msi.gov.mk/?q=node/112 |
|
![]() |
|
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
Како што разбрав, впонеделник камен темелник ке се поставува
Нешто подетално има на ова видео Edited by Cloverstack - 01-Sep-2011 at 00:12 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Се убаво арно ама 2,5 илјади до 3 илјади вработени и кога сум најоптемистички расположен неможам да поверувам. Сепак се работи за произведувач на кабли а не на Автомобили.
|
|
![]() |
|
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
Менаџерите од компанијата „Кромберг и Шуберт" задолжени за човечки ресурси денеска ја посетија Битола, се сретнаа со претставници од универзитетот „Свети Климент Охридски", техничкиот факултет, општина Битола и договорија формирање на тим кој треба да помогне во изборот на лица кои ќе работат во фабриката која треба да се гради во индустриската зона „Жебени". -Со изградбата на новата фабрика предвидено е да се вработат околу 2.500 луѓе од различни профили – рече Зигмунт Франаш, менаџер за човечки ресурси. -Бидејќи во Битола нема фабрика за автомобили, ќе овозможиме тренинг за било кој профил, од луѓе на лента до менаџери и директори – рече Роберт Ласк, менаџер за HR. Техничкот факултет ги презентира постојните студиски програми кои би биле од корист за идната фабрика, но најави и отварање на нови токму за задоволување на идните потреби на фабриката. ¬ Позитивно е за нас што ќе се зголеми интересот за техничките науки, особено за машинскта струка. Во идната академска година ќе се изготви студиска програма за мехатоника – рече проф. д-р Весна Ангелевска, декан. Активностите на „Кромберг и Шуберт" ќе бидат мотивација за сите оние кои сакаат да инвестираат во индустриската зона „Жабени", смета градоначалникот. -Присуството на „Кромберг и Шуберт" ќе ни помогне во решавање на најголемиот транзициски проблем невработеноста и нивното доаѓање е од голема важност за земјата и регионот затоа што тие поставуваат високи стандарди до кои другите треба да се доближат – рече Владимир Талески, градоначалник. Фабриката се очекува да биде изградена и да почне со работа на пролет, изјавија претставниците на германска компанија „Кромберг и Шуберт". ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by JOE - 20-Sep-2011 at 19:33 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Преводот ги избрка Германците од Жабени? Битола - Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ ги одложува
градежните работи во Индустриската зона „Жабани“ крај Битола за изградба
на фабрика за автомобилски кабли. Проблемот бил технички, и тоа на
релација Влада на Македонија и германската компанија, тврдат од
локалната власт во Битола. Според информациите со кои располага
градоначалникот Владимир Талески, багерите ќе добијат зелено светло за
работа откако ќе биде соодветно преведен договорот меѓу Германците и
македонските власти. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
http://www.time.mk/read/NONE/641b57e3fd/index.html
Инвеститори заглавени во администрацијаГерманската компанија „Кронберг и Шуберт“ која инвестира во индустриската зона Жабени никако да почне да гради поради сложените административни постапки. Во
индустриската зона Жабени инвеститори дојдоа, купија парцели, но никако
да ги удрат темелите од фабриките заради сложените административни
постапки. Германската компанија за производство на автомобилски кабли
„Кронберг и Шуберт“ уште пред два месеца добија дозвола за градба, а
сега ќе треба да ја менуваат заради промена на планот во зоната. Имено,
Жабени мора да располага со пристапен пат зашто не е дозволено
индустриска зона да излегува на транзитна сообраќајница. Со тоа се
помести дел од инфраструктурата, па сега германската компанија за да ги
спои купените парцели треба да докупи дел од местото кое некогаш било
предвидено за пат.
Тие купија десет парцели кои беа поделени со пат кој минуваше помеѓу
нив. Тој пат кој беше меѓу парцелите сега не постои и треба да го
докупат.
Владимир Талески, градоначалник на Битола
„Тие купија десет парцели кои беа поделени со пат кој минуваше помеѓу нив. Меѓутоа тие бараа целина за сите парцели. За да се направи тоа, дел од ингеренциите беа во општините, дел во Владата и Министерствата. Тој пат кој беше меѓу парцелите сега не постои и треба да го докупат делот кој беше пат порано, а немаа можност да го докупат зашто не се продаваше“, вели битолскиот градоначалник Владимир Талески. ![]() По ова германските инвеститори ќе треба да добијат нова довола за градба за сите десет парцели. Воедно, процедурата се издолжува и со комплетирањето на документацијата.
Се работи за договор кој треба да се преведе со стручен јазик од
македонски на германски. Тоа потоа ќе треба да се завери, постапка која
ќе бара најмногу две до три седмици.
Владимир Талески, градоначалник на Битола.
„Идните неколку седмици треба да се дозавршат технички работи кои се однесуваат на релација Влада-„Кронберг и Шуберт“. Се работи за договор кој треба да се преведе со стручен јазик од македонски на германски. Таквото усогласување брзо ќе се заврши. Тоа потоа ќе треба да се завери, постапка која ќе бара најмногу две до три седмици“, додава Талески. Според него, сето ова нема да доведе до одложување на градбата на фабриката која во иднина треба да вработи 2000 битолчани. Тој вели дека компанијата нема да ги загуби поволностите што ги дава општината за бесплатни комуналии зашто го исполнила првиот услов, земјиштето го купила до 31 март годинава, а до крајот на идната треба да ја изгради фабриката и да вработи најмалку 20 лица. |
|
![]() |
|
mladen_s ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
![]() ![]() |
А важно направија ДУП пред да имаат заинтересирани инвеститори и за тоа се фалеа една година...
Добро, можеби и не се криви општините, редно е некој да размисли за поинкави урбанистички алатки, барем кога се во прашање индустриски зони и пренамена на касарни и слично.. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Кромберг и Шуберт во Битола ќе почне со гардба до Нова годинаГермански Кромберг и Шуберт во декември ќе стартува со градење во Битола. Долгоочекувата фабриката за кабли на возила која својата инвестиција ќе ја лоцира во индустриската зона жабени веќе од мај се очекува да почне и со вработувања на работници. Во прво време ќе вработат околу 500 лица, а потоа оваа бројка ќе се зголеми на 2 500. ![]() Талески очекува уште 6 нови инвестиции во Битола, за изградба на хотел, но има интерес и за вложување во дрвна, прехрамбена, млечна индустрија. Во меѓувреме владиниот тим изминатата недела ги презентираше инвестициските можности на македонија. Веќе стигнаа најави за интерес за инвестирање на неколку австриски и германски компании, поголем дел од автомобилската индустрија. Во дел од преговорите се вклучени и Сименс и БМВ. Владиниот тим си подаде рака со текспорт, компанија која веќе има два погона во Скопје и Кочани, сега ќе гради фабрика за заштитна облека во Виница. Инвестицијата е околу милион евра а ќе вработи околу 200 лица. Вкупните инвестиции до август годинава изнесуваат 197, 3 милиони евра. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/kromberg-i-shubert-vo-bitola-ke-pochne-so-gardba-do-nova-godina |
|
![]() |
|
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
Ќе се гради нова фабрика во Жабени
Петок, 02 Декември 2011 18:28 Сподели Општина Битола, денес го издаде второто одобрение за градба, на нов инвеститор во Индустриската зона Жабени. „ Се работи за ИМВ Велковски во Жабени која е Г2 од втор градежен објект."- вели м-р Владимир Талески градоначалник на општина Битола. Денешниот настан, бил резултат на повеќе годишната заложба на општината, со инвестиции во зоната, како во докумантацијата така и во инфраструктурата, поволностите за секој кој ќе купи парцела во Жабени до 31 март, ќе изгради објект до крајот на 2012г и ќе вработи најмалку 20 лица, 100% е ослободен од комуналии, допринеле, стопанствениците битно да се заинтересираат за инвестиции во Жабени. „ Тие поволности мотивираа многу наши стопанственици и се охрабрија да инвестираат."- вели Талески Инвеститорот, аплицирал во март на конкурс и добил 10 000 м2. Во Жабени добиле локација првично за 2000 и дополнителни 2000м2 за втора фаза на градба. „ Првата фаза проектот е за собирен центар за млеко кој ќе поченеме уште веднаш да го градиме ќе го собираме суровото млеко, бидејќи Пелгонија би требало и има вакво млеко."- вели Мирко Велковски ИМВ Велковски. За првата фаза, веќе биле проектирани 25 вработувања и за втората планирале уште нови 25, кога планираат отварање на млeкарница, но со посебна дејност. „ Не е конзумна млекара туку од млeчната лактоза, што е многу барана во светот, значи од тие млечни шеќери, ќе произведуваме олигосахариди."- вели Велковски Задоволен од брзината и леснотијата при добивањето на одобрението за градба, Велковски ги повика стопанствениците, да ги искористат бенефитите кои ги нуди, само битолската и ниедна друга општина. Линк ![]() ![]() ![]() Изјавите Edited by JOE - 02-Dec-2011 at 20:28 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Министерот без ресор Веле Самак и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески во посета на Индустриската зона "Жабени"Министерот без ресор Веле Самак во придружба на градоначалникот на
општина Битола Владимир Талески денеска ја посети и разгледа
Индустриската зона "Жабени" која се наоѓа во непосредна близина на
македонско-грчката граница.
http://www.time.mk/read/NONE/5803cf104d/index.html |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Почнува реализацијата на инвестицијата на „Кромберг и Шуберт“- ќе се вработат над 2.000 лица
Договорот го потпишаа министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и претставниците на германската компанија Волфганг Тупи и Сами Загуани. Фабриката во Жабени ќе изработува кабелски инсталации за автомобилски производители во Европа како што се „фолксваген“, BMW, „ауди“ и „мерцедес“. За германската компанија одлучувачко да инвестира во Македонија била квалитетната работна сила и конкурентските услови, рече претставникот од компанијата Тупи. - Најважно прашање за секоја инвестиција е обучена работна сила која е на располагање и ова беше најрелевантно, истакна Тупи. Според премиерот Груевски, најважно од оваа инвестиција и она што радува се новите работни места која бројка е околу 2.000 директни вработувања, но почетокот на работењето на фабриката во Битола ќе отвори и индиректни работни места како што се во транспортот, логистиката, сервисирање и други потреби кои компанијата ќе ги користи. - Директно и индиректно се очекува отворање на значителна бројка нови работни места што е од огромно значење за Битола и целиот Пелагониски регион и претставува значаен чекор во решавање на тешкиот предизвик на недоволната вработеност кај граѓаните во овој дел од државата. За мене како премиер на државата нема подобар момент од вакви моменти кога се отвораат нови работни места, рече премиерот Груевски по потпишувањето на Договорот, кој, како што истакна, покажува дека во Македонија продолжува инвестицискиот циклус. Според него, овие вработувања се нови извори на приходи за многу семејства и многу млади луѓе и можности за подобрување на стандардот на граѓаните. Владата, рече, ќе продолжи и натаму да биде фокусирана на ова поле. Секое ново отворено работно место е значајно и за секое отворено ново работно место вложуваме максимум од нашите потенцијали. Покрај отворањето на работните места, истакна Груевски, позитивно од реализацијата на оваа инвестиција е и подобрувањето на трговскиот биланс за 20 милиони евра, како и зголемување на бруто домашниот производ преку додадената вредност за Македонија која во првите шест години се очекува да изнесува околу 140 милиони евра. Изрази верување дека со посветената работа на Владата, германската компанија во индустриската зона во Битола ќе добијат соседи, други компании кои планираат да отворат свои капацитети што ќе значи нови работни места во оваа индустриска зона. - Македонија со посветена работа и во актуелниве сложени услови на економски предизвици во Европа со мерките и политиките што ги презедовме во изминатите неколку години постепено успеа да ја зајакне својата конкуретност до ниво на препознатливост како атрактивна инвестициска дестинација. За тоа најдобра потврда се веќе реализирани проекти и тековните инвестиции како и интересот и најавите што ги добиваме од потенцијални глобални инвестиции за доскорешно почнување нивни проекти во Македонија, истакна премиерот Груевски и додаде дека овој пристап на континуирани реформи во многу области, како и резултатите од нив даваат за право да веруваат дека успешно ќе се справат и со новите надворешни економски предизвици кои доаѓаат од еврозоната. Самак потенцира дека ова е најголема гринфилд инвестиција во Македонија по бројот на вработувањата. - На компанијата обезбедивме поддршка во рамки на законите што ги имаме, пакет на бенефиции не многу различен од она што се даваат во слободните индустриски зони, со цел да се обезбеди токму тие 2.000 работни места да бидат во Македонија, а не во друга земја, рече Самак. Тој додаде дека инвестицијата е резултат на петгодишни разговори, средби, анализи, дискусии, пресметки, ветувања, одлагања и да се дојде денес до потпишување на договор. - Со оваа фабрика вртиме нова страница во историјата на Битола и Прилеп и ја ставаме лошата транзиција зад нас. Гледајќи со неа на една нова и подобра иднина за овој регион, истакна Самак. За вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски реализацијата на оваа инвестиција е потврда дека Македонија е земја која има што да понуди и дека знае како да понуди. - Стратегијата на Владата за привлекување странски инвестиции дава резултатити и ние ќе продолжиме со она што го правиме досега со уште поголем интензитет имајќи ги предвид состојбата во која се наоѓаме. Ќе продолжиме и со роуд шоата и со промоција на државата и со интензивни разговори со компании, бидејќи гледаме дека и во вакви времиња има компании кои бараат алтернативни дестинации за инвестирање, рече Пешевски. „Кромберг и Шуберт“ е германска семејна фирма во индустријата на автомобилски добавувачи која има успешна историја повеќе од еден век. Има над 20 фабрики во светот со 25.000 вработи. Главен пазар е Европа, но се присутни и во Северна и Јужна Америка и Африка. Фирмата развива и произведува високо технолошки производи, како кабли, кабловски инсталации, пластична технологија и мехатроника. Со искуство и компетентност, фирмата е заснована како важен партнер на автомобилската индустрија. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=89767311&lId=1 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Од пред 4 дена
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Се продаваат парцели во Жабенипеток, 20 јануари 2012, 17:51http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=45126 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
„Кромберг и Шуберт“ нема да плаќа персонален данокГерманската компанија „Кромберг и Шуберт“ нема да плаќа персонален данок
на доход и ќе плаќа само 50 отсто од обврските по основа на
задолжителни социјални надоместоци и придонеси за вработените во период
од неколку години. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1211295065&id=10&prilog=0&setIzdanie=22485 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Продадени 16 парцели во индустриската зона „Жабени“Во индустриската зона „Жабени“ на спроведеното јавно електронско наддавање, продадени се 16 парцели чии сопственици се три компании од Австралија, една германско-грчка, а останатите се инвеститори од Македонија.![]() - Продадено е земјиште со површина од 9,2
хектари кое заедно со претходната продажба значи дека во индустриската
зона „Жабени“ досега се продадени околу 34 хектари или над 60 отсто од
предвидените површини за изградба на фабрики и други стопански објекти,
истакна Талески. - Ние сме должни на најрегуларен начин да
спроведеме постапка за измена или дополнување при донесување на детален
урбанистички план. Планот е јавно изложен и секој граѓанин може да го
погледне и да даде свои забелешки кои потоа ги разгледуваат стручни
комисии и претставници на Советот на општина Битола. Убеден сум дека за
проблемот кој подолго време го има ќе се најде решение на задоволство
на сите граѓани од местото за каде е предвиден урбанистичкиот план,
одговори градоначалникот Талески. http://kurir.mk/republika/opstini/60246-Prodadeni-16-parceli-vo-industriskata-zona-Zabeni |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Нашинци од Австралија ќе градат фабрики во Жабени Нови 16 парцели со вкупна површина од 9,2 хектара се продадени во индустриската зона крај Битола Битола - Нови 16 парцели со вкупна површина од 9,2 хектара се
продадени во индустриската зона „Жабени“ крај Битола преку електронско
наддавање. Според Општината, сопственици на 12 парцели се три компании
од Австралија, една е со германско-грчки капитал, а останатите се
домашни фирми. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F9918F0E7667704196FFD6F23F40E0A6 |
|
![]() |
|
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
http://www.youtube.com/watch?v=jYJZNfg6hds&feature=player_embedded
Кронберг и Шуберт" ќе биде готова до ноември евентуално декември изјава од градежната фирма ПЕРА КОНСТРАКШН |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 6> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |