Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#41 Posted: 03-Sep-2010 at 14:22 |
ПОКАНА Град Скопје
Ве поканува на почетокот на изградбата на атмосферска канализација на
улицата Христијан Тодоровски Карпош што е закажан /06.09.2010 година,
понеделник/ во 11 часот, на раскрсницата на улиците Христијан Тодоровски
Карпош и Цветан Димов. Почетокот на
изградбата на атмосферската канализација ќе го означи градоначалникот на
Град Скопје, Коце Трајановски.
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3626&mid=482&tabId=1&tabindex=0 |
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#42 Posted: 06-Sep-2010 at 18:13 |
Булеварот “Христијан Тодоров“ со нов колекторНапишано: 06/09/2010 - 14:09• Денес на ден 06.09.2010 на свечен начин започнаа работите за изградба на колектор за собирање на атмосферските води во булеварот “Христијан Тодоров“ во Чаир. Иницијатива за ова многу важна изграба ја превзема Општина Чаир изнаоѓајќи поддршка од Градот Скопје, а работите ги изврши ЈП „Водовод и Канализација“.Со овој колектор ќе се опфатат сите атмосферски води и ќе се отстрануваат преливите од атмосферските врнежи каде често пати последиците ги сносат граѓаните од Чаир. На крај на манифестацијата, градоначалникот на Градот Скопје, г-дин Коце Трајановски, претставникот од Општина Чаир, г-дин Шефќет Зеколи, градоначалникот на Општина Бутел, г-дин Петре Латиновски и директорот на ЈП “Водовод и Канализација“, г-дин Сашо Лазаровски, дадоа изјави пред медиумите.
Edited by La Linea - 11-Oct-2010 at 14:16
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#43 Posted: 07-Oct-2010 at 01:06 |
ВРНЕЖИТЕ ШТО ГО ЗАФАТИЈА СКОПЈЕ
Ги претворија улиците во реки
Според
Управата за хидрометеоролошки работи локално се очекува да наврнат
повеќе од 40 л/м2 . Денес во текот на денот врнежите ќе престануваат, а
кон крајот на денот и во петок ќе дува умерен до засилен северен ветер.
За време на викендот ќе има значителен пад на утринските температури
Поројните
дождови што го зафатија Скопје вчера и кои ќе траат до петок
предизвикаа поплави во повеќе населби и по улиците. Автомобилите тешко
се движеа по улиците кои немаат атмосферска канализација, па на секој
чекор имаше колони од возила и нервозни шофери кои пцуеја. Катастрофа
беше по сите скопски населби, но и по многу главни градски
сообраќајници. Скопските улици беа под вода и потсетуваа на реки, низ
некои тешко беше движењето и на граѓаните и на автомобилите. Секој дожд
претставува проблем за Скопје, бидејќи улиците се реконструирани, а
атмосферска канализација нема, а и таму каде што има, веќе е застарена и
нема капацитет за големи количества вода наеднаш. Повеќето
канализациски одводи не можеа да ја соберат водата, бидејќи
атмосферската мрежа најчесто е поврзана со фекалната, а со мал
капацитетот на одводот отпадните води се излеваат на улица.
Секој поголем дожд и граѓаните на Скопје кои пешачат редовно си одат
дома истуширани, а возачите со постари автомобили имаат дефекти. -
Нема населба во Скопје во која дождовите не предизвикаа проблеми. Не
можеме да се движиме по улиците, бидејќи пливаат во вода. Како да газиме
во река, а не на улица. Не можеш да поминеш, а да не бидеш испрскан од
кола. Воопшто не внимаваат оние што возат. Улицата ни плива од вода, за
да влеземе дома, ни треба чамец, вели една скопјанка.
Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на
Република Македонија денес на места се очекуваат поинтензивни врнежи од
дожд и локална појава на грмежи. - Локално се очекува да наврнат
повеќе од 40 л/м2 . Денес во текот на денот врнежите ќе престануваат, а
кон крајот на денот и во петок ќе дува умерен до засилен северен ветер.
За време на викендот ќе има значителен пад на утринските температури,
велат од Управата за хидрометеоролошки работи.
http://vecer.com.mk/?ItemID=D3A930FF2CDF794B828D82DC806F5DC6 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#44 Posted: 16-Oct-2010 at 00:26 |
Кисела Вода поплавена
По
секој дожд реките што се слеваат по улиците ги поплавуваат и
пешаците и колите, а надлежните досега не ја средија
канализацијата на ниту една улица
Општина
Кисела Вода деновиве буквално е под вода. По секој дожд има
огромни вирови на речиси секоја втора улица, па Општината
целосно се блокира. Реките што се слеваат од улицата
Мариовска кон улиците Димо Хаџи Димов и Народни херои и
езерцата од кал по улиците Георги Димитров и Сава Ковачевиќ
ги поплавија и пешаците и колите. Автомобилите се редат
еден по друг зашто едвај се пробиваат во вировите, а
минувачите се кријат каде што ќе стигнат за да не се намократ
до уши. "Се удавивме на улица. Не можеме да излеземе по леб
зашто дома се враќаме гола вода. По секој дожд Општината е
поплавена, а досега ниту една улица не беше поправена и
изградена како што треба. Срамота!", се жали М.В. од околните
згради близу Домот за слепи. Проблемот со поплавите во
Општината ги мачи жителите со години, бидејќи поголемиот
дел од улиците немаат атмосферска и фекална канализација. "Во
вакви случаи, ние бараме од ЈП 'Водовод и канализација' да
испрати луѓе да ги исчистат одводните атмосферски мрежи,
зашто многу малку улици имаат атмосферска канализација",
велат од Кисела Вода.
(М.Ѓ.) | http://vest.com.mk/?ItemID=E931B31C863D8246A92DFCAB45C1FDBB
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#45 Posted: 05-Nov-2010 at 23:54 |
ОТВОРЕНИОТ КАНАЛ НА УЛИЦАТА "САЛВАДОРЕ АЉЕНДЕ" НАСКОРО
Ќе се претвори во шеталиште
Од општината велат дека развојот на градот и потребите од нова инфраструктура го условуваат барањето за покривање на каналот и уредување на просторот. Проектот се реализира како заедничка инвестиција на Општината Центар и Градот Скопје, носител на работите е Општина Центар. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 7,5 милиони денари
Страшниот и отворен канал кој се наоѓа на улицата "Салвадоре Аљенде" спроти основното учлиште "Кочо Рацин" веќе нема да преставува опасност за граѓаните. Во тек е реализација на негово затворање. Жителите од оваа улица велат дека конечно ќе го дочекаат затворањето на овој канал, бидејќи представува страв за нив и нивните деца.
- Секој ден е иста песна, мораме да ги носиме и да ги чекаме своите деца од училиште зошто стравуваме да не им се случи нешто. Деца како деца, ќе се занесат одејќи дома и може да паднат. Неколку пати се има случено да пропадне кола во внатре, пијани да завршат трагично. Сега барем ќе имаме еден вид шеталиште, ќе се движиме безбедно, велат жителите од улицата.
Од Општина Центар велат дека атмосферските води на дел од планината Водно кои гравитираат кон улицата "Салвадор Аљенде" беа прифаќани и канализирани во отворен канал на делница од улицата "Белградска" до подножјето на Водно.
- Новиот проект, чија реализација е во тек, предвидува покривање на отворениот дел од каналот за атмосферски води на потег од раскрсницата на улицата "Салвадор Аљенде" до раскрсницата со улиците "Тасино чешмиче" и "Белградска" во должина од 300 метри на која површина се формира шеталиште со ширина од седум метри, велат одговорните од општината.
Тие додаваат дека развојот на градот и потребите од нова инфраструктура го условува барањето за покривање на каналот и уредување на просторот, површината во прва фаза е наменета е за пешачка комуникација, а во некоја наредна фаза во зависност од потребите можно е проширување на сообраќајницата за уште една лента.
Проектот се реализира како заедничка инвестиција на Општината Центар и Градот Скопје, носител на работите е Општина Центар. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 7,5 милиони денари.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7F1F06E13E2E5646891FADAC9D6C64F2 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#46 Posted: 15-Nov-2010 at 20:50 |
СЕ ПОКРИВА СО БЕКАТОН ПЛОЧКИ ВОДЊАНСКИ КАНАЛ

Деновиве интензивно се работи на реализација на заедничкиот проектот на Град Скопје и општина Центар за покривање на Водњанскиот канал, којшто е поделен на два дела, и е со должина од 400 метри.
Покривањето на каналот на улицата „Салвадор Алјенте“ ќе се врши во две фази.
Според веќе утврдената динамика на работа во тек е првата фаза од реализацијата на проектот, односно се поставуваат цевки за атмосферска канализација со профил од 1000 милиметри. Откако ќе се заврши изведбата на канализацијата, коритото на каналот ќе се покрие, односно ќе се поплочи со бекатон. Вкупната површина што ќе се покрие со бекатон плочки е околу 2 500 квадратни метри.
Првата фаза на проектот го опфаќа покривањето на каналот на потегот на улицата Салвадор Алјенте, наспроти ОУ „Кочо Рацин“.
За целосна реализација на проектот Градот Скопје и Општина Центар ќе издвојат вкупно околу седум милиони денари, односно Градот ќе учествува со 50 насто, а 50 насто се средства на Општина Центар.
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3805&mid=482&tabId=1&tabindex=0 |
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#47 Posted: 24-Nov-2010 at 14:11 |
Eve edna idea kako bi se ureduvale ulici nis skopje pa i niz makedonija! Toa sto prajme nie so ulicite e nisto!Ko kje vrne, dozdot se izleva po ulicite!Za dzabe kje ima kanal koga nisto ne vleguva od ulicite! Eve ovde pred 10 min vrnese a vidite kolku suva e ulicata! Eve eden dobar predlog od CH!
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#48 Posted: 26-Nov-2010 at 14:34 |
Моментално на Дрезденска во Тафталиџе се постави атмосферска во должина од околу 700 метри на цела улица се поплочија нови тротоари и деновиве се гребе асфалт пред поставување на нов слој. Истото беше сработено и на Варшавска во Тафталиџе 1.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
StreetStruck
Senior Member
Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
|
Quote Reply
#49 Posted: 26-Nov-2010 at 14:58 |
my Macedonia, на пример на партизанска си е убаво испланирано се и со собирни шахти и се, плус што нема шахти на улицата, како сите ново проектирани улици, но кога не се одржува,порамнува асфалтот, чисти и слично нормално дека ќе се собираат вирови огромни. Се сложувам дека треба вака да биде дефинитивно.
|
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#50 Posted: 29-Mar-2011 at 13:02 |
Ќе се гради атмосферски колектор во Ќерамидница
Нов колектор за прибирање на атмосферските води ќе се гради во
населбата Ќерамидница, информираат од Градот. Со овој зафат ќе се реши
прибирањето на отпадните води во овој дел од Скопје.
Веќе е
склучен договор за изведба со фирмата „Жикол“ и набрзо ќе почнат
градежните работи. Висината на сумата во договорот е 7,1 милиони денари.
Како што се вели во објавата за договорот, ова се дополнителни градежни
работи на кракот број 3, во близина на клучката кај „Континентал“.
-
Атмосферскиот вод кој се изведува во населбата Ќерамидница е сосема нов
проект со кој се регулира прибирањето на атмосферските води од оваа
стара скопска населба кон реката Вардар. Се работи за колектор со
зафатнина од 1.500 милиметри, кој се поставува на длабочина од пет
метри. Должината на оваа делница е повеќе од 510 метри - информираа
градските власти.
Поради тесната улица, водот ќе се изведува со
армирано-бетонски колови-бунари, а потребата од такво нешто се појавила
со цел да не се уриваат постојните куќи што се наоѓаат веднаш до
коловозот.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=44DED1DEB5F11B4E9B13D24A8A34CF82
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#51 Posted: 08-Jul-2011 at 19:09 |
После целосна обнова на улица Виенска од страна на општина Карпош, некој свати дека буквално сите атмосверски шахти се за неколку сантиметри повисоки од самата улица.
Искочки соломонско решение до вдлабнатините во кој се собираше вода (читај езера) да се ископат нови - помошни шахти.
И така нашиот „надзор“ и нашите „претпријатија“ си го решива проблемот, а граѓаните .... стално пократки.
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#52 Posted: 28-Sep-2011 at 00:25 |
Атмосферска мрежа во должина од 5 километри за населбата “11-ти Октомври”
21.09.2011
Капиталните проекти за подобрување на комуналната
инфраструктура во општината Кисела Вода продолжуваат со несмален
интензитет и во овој период. Имено, по започнувањето на изградбата на
атмосферската канализациона мрежа за улиците “Мариовска” и “Народни
Херои”, деновиве започнаа градежните активности за изградба на
атмосферска канализациона мрежа и за населбата “11-ти Октомври”. Со
изградбата на оваа атмосферска мрежа конечно ќе се реши горливиот
проблем на жителите од оваа населба, кои со децении се соочуваа со
поплави, после секој пороен дожд.
Согласно техничкото решение,
атмосферската мрежа ќе се состои од цевки со различни дијаметри (од Ф
300 до Ф 800 мм), во вкупна должина од околу пет километри, а по целата
должина на цевководот ќе се постават 100 сливници и 116 ревизиони шахти.
Фирмата
“Вардар Градба”, која е изведувач на проектот, по налог на Општина
Кисела Вода ги започна градежните активности на улицата “Лазар
Димитров”, а со атмосферската мрежа ќе бидат опфатени вкупно 27 улици во
оваа населба. Оваа атмосферска мрежа за зафаќање и одведување на
атмосферските води од населбата “11-ти Октомври” ќе се поврзе на веќе
изградениот атмосферски колектор на булеварот “Србија”.
Градежните
работи се очекува да завршат во период од седум месеци, а општината
Кисела Вода за реализација на овој капитален проект кредитно се задолжи
во Светската банка во висина од околу 600.000 евра, преку Проектот за
подобрување на општинските услови во Република Македонија.



http://kiselavoda.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=1103 |
За овде можам да потврдам дека ова е неизбежен проект, оваа насалба е некако во како во базен меѓу Првомајска и насипот за пругата. Мали дождови прават поплави, а познавам повеќе луѓе што живеат тука и знам како е пристапот кога врне. Толку години ветувана, конечно мора да се биде направена еднаш.
Edited by lslcrew - 28-Sep-2011 at 00:27
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#53 Posted: 24-Nov-2011 at 15:20 |
ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АТМОСФЕРСКАТА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА БАЈРАМ ШАБАНИ


Градот
Скопје денеска /24.11.2011 година/ ја почна изградбата на кракот 2
од атмосферската канализација во месната заедница Бајрам Шабани, во
општина Чаир. Стартот на градежните работи го означија градоначалникот
на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Чаир,
Изет Меџити и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.

- Граѓаните
од месната заедница Бајрам Шабани во општината Чаир со години наназад
се соочуваат со големи проблеми со атмосферската канализација. Како
резултат на добрата соработка со општината Чаир наскоро и овој проблем
на граѓаните ќе биде решен. Во текот на градежните работи на
атмосферската канализација во оваа месна заедница во должина од 810
метри ќе се постават полиетиленски коругирани цевки со дијаметар од 300
до 800 милиметри, со ревизиони шахти и сливници. Кракот 2 од новата
атмосферска канализација ќе се поврзе на постојниот колектор Ф 1900 мм
на улицата Цветан Димов. Заради непречено одвивање на сообраќајот на
улицата Цветан Димов во текот на изградбата на атмосферската
канализација ќе се применува технологијата на хоризонтално дупчење под
патот со поставување заштитни челични цевки Ф 1100 мм. За таа цел е
изведена градежна јама со димензии 4 на 8 метри и длабочина од 5,2
метри неопходна за изведба на хоризонталното дупчење. За изградба на
кракот 2 од атмосферската канализација во месната заедница Бајрам Шабани
Градот Скопје ќе одвои околу 8,4 милиони денари без ДДВ. На терен ќе
работат градежниците од „Пелагонија – Гостивар“. Градежните работи на
кракот 2 од оваа атмосферска канализација се очекува да завршат за околу
4 месеци. Изградбата на кракот 2 е прва фаза од обемниот проект за
изградба на атмосферска канализација во месната заедница Бајрам Шабани
што комплетно ќе ги прифаќа и одведува атмосферските води од населбата -
крак 1 до крак 4, којашто ќе биде со вкупна должина од 2.784 метри.
Изградбата на оваа атмосферска канализација ќе се одвива во фази, а на
наредната фаза Градот Скопје ќе продолжи да работи следната година –
рече градоначалникот Трајановски. Градоначалникот
Меџити изрази задоволство што мрежата за атмосферска канализација во
општината Чаир се шири од главните улици кон населбите и што се решаваат
долгогодишните проблеми на граѓаните.
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4675&mid=482&tabId=1&tabindex=0 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#54 Posted: 29-Nov-2011 at 03:08 |
За малку комшиска тепачка, заради новата канализација
Жителите од
ул. "Лазар Димитров" во населбата 11 Октомври први добија нова
атмосферска канализација, но тоа не им го реши проблемот со поплавите
Новата
атмосферска канализација на улицата "Лазар Димитров" во општината
Кисела Вода ги скара граѓаните. Изминатиот викенд за малку е избегнат
инцидент меѓу двајца соседи кога едниот од нив со црево го прскал
дворот, а од водата се поплавил дворот на неговиот комшија. И ова би
било обично соседско недоразбирање ако пред десетина дена жителите од
оваа улица која се наоѓа во населбата 11 Октомври не добија потполно
нова асфалтирана улица и атмосферска канализација заради поефикасно
собирање на водата, а со што требаше да се реши деценискиот проблем со
поплавите кои во оваа населба ги имаше премногу и при најситен дожд.
Според раскажувањата на граѓаните, по асфалтирањето на улицата
атмосферската вода наместо да се собира во колекторскиот систем, таа
дури повеќе од порано се задржувала на улицата и не истекувала во новите
сливници. Тоа за прв пат го увиделе откако пред повеќе од една недела
заврна дожд, па разочарувањето кај жителите било очигледно. Изведувач на
проектот е фирмата "Вардар градба" и е најмен од општината Кисела Вода. -Кога
заврна дожд сите граѓани од улицата беа излезени и вознемирени поради
тоа што го видоа. Наместо да добиеме улица по која ќе може да се движиме
и кога врне, добивме уште поголем проблем, водата само стоеше и не
истекуваше во решетките. А ова беше само мал дожд, што ќе се случи кога
ќе има поројни дождови. Се надевам дека надлежните ќе реагираат навреме и
ќе ја поправат улицата бидејќи бадијала е вака направена улица - вели
Светлана Арсиќ, жител од улицата.
Градоначалникот
на Кисела Вода, Марјан Ѓорчев само најави дека инспектори ќе ја
испитаат целата ситуација на терен, по што ќе се утврди дали одново ќе
треба да се поправа улицата. Од фирмата изведувач "Вардар градба", пак
велат дека тие постапувале исклучиво според проектот што им е даден од
општината. - Ние постапуваме според проект што ни беше даден од
општината Кисела Вода, а за кој таа има најмено проектант. Решетките за
истекување на водата се поставени како што е наведено во проектот на 25
метри, а шахтите на 50 метри. Според проектот на оваа улица е наведено
да се стават само три решетки што и според мене е малку, но така стои во
проектот. Доколку од општината побараат погусто да се постават решетки
тоа не е проблем - вели Живоин Јаницки, градежен инженер во "Вардар
градба".
Поставувањето на атмосферска канализација на улицата "Лазар Димитров"
е првата етапа од проектот на општината за подобрување на комуналната
инфраструктура во населбата 11 Октомври, а кој опфаќа вкупно 27
паралелни улици. Во наредниот период треба да се постави пет километри
долга атмосферска канализација, а по должината на цевководот да се
постават 100 сливници и 116 шахти. Градежните работи се очекува да
завршат за седум месеци, а општината за овој проект се има задолжено кај
Светска банка во износ од 600 илјади евра.
http://vecer.com.mk/?ItemID=F965E7F1925E7D4EB7A02CD99AAD3762 |
|
 |
Џоле
Moderator Group
Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
|
Quote Reply
#55 Posted: 09-Jul-2013 at 19:45 |
|
За сè има вторпат
|
 |
HugoGoulding
Senior Member
Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
|
Quote Reply
#56 Posted: 19-Jan-2014 at 16:36 |
|
 |
Џоле
Moderator Group
Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
|
Quote Reply
#57 Posted: 29-Sep-2014 at 07:54 |
Подвозникот на бул."Киро Глигоров" прв се санира од поплави
При поплавите лоцирани се десетина најкритични места во градот каде што поради проблеми со атмосферскат канализација на овие локации имаше вода и до еден метар. Булеварот „Киро Глигоров" кај подвозникот во Општина Гази Баба е едно од критичните места.
- Завршуваат градежните работи на овој потег, во должина од околу 100 метри се прави нов атмосферски колектор, со кој проточноста на атмосферските води ќе се зголеми двојно. На постојниот атмосферски колектор имаше две прекршувања по 90 степени, а на овој начин ќе се исправи колектори и сметаме дека ќе се зголеми проточноста, истакна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски кој ја посети локацијата.
На оваа локација и на улицата „Павел Шатев", прдвидена е и замена на пумпите, што ќе придонесе да се намали можноста од поплавување. На сите критични локации ќе бидат поставени попречни решетки, ќе се зголемат сливниците и ќе има продлабочување.
Колектор веќе е направен и на улица „Финска", но главното решение ќе биде со изградбата на улица „Маџари", каде покрај патната инфраструктура ќе се направи и атмосферски колектор од „Антон Попов", па се до булеварот „Александар Македонски". Тендерот за изградба на улица „Маџари" ќе биде објавен најдоцна до 15 октомври.
-Заедно со ЈП „Водовод и канализација" и со Секторот за урбанизам на Град Скопје направен е веќе акционен план за сите десет критични локации, каде и што треба да правиме во текот на овие два до три месеци. Сметаме дека до крајот на годината или ќе завршат или ќе бидат почнати градежните активности за останатите локации, додаде Трајановски.
Вкупната инвестиција за решавање на проблемите на сите 10 критични места е околу 2 милиони евра.
Трајановски упати и апел до сите градоначалници од Скопје, да почнат со лоцирање на критичните точки на локалните улици на кои има проблеми, за да почнат да се прават атмосферските канализации, кои пак треба да се приклучат во главните колектори.
http://vecer.mk/skopska/podvoznikot-na-bulkiro-gligorov-prv-se-sanira-od-poplavi
|
За сè има вторпат
|
 |
jyvation
Senior Member
Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
|
Quote Reply
#58 Posted: 07-Oct-2014 at 13:24 |
ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИTE АКТИВНОСТИ НА АТМОСФЕРСКИОТ КОЛЕКТОР НА БУЛЕВАРОТ КИРО ГЛИГОРОВ
И овој викенд продолжуваат градежните работи на атмосферската канализација и колектор која започнаа минатиот викенд на булеварот “Киро Глигоров”. На оваа локација изминатиов период повеќе пати се создаваше поплава по големите врнежи на дожд.
Оваа локација на булеварот “Киро Глигоров” е посочена како една од десетте црни точки каде Градот Скопје, во соработка со јавното претпријатие “Водовод и канализација”, врз основа на однапред изработениот акционен план, во наредниов период ќе интервенира.
На булеварот “Киро Глигоров” во моментов се интервенира на потег од околу 100 метри, каде се прави нов атмосферски колектор со профил ф-800 милиметри, а се интервенира на повеќе места каде имаше прекршувања на атмосферскиот колектор под агол од 90 степени за да дојде до негово исправување. Покрај овие зафати, на оваа локација ќе се стават попречни решетки кои ќе бидат поставени на повисокото ниво пред падот на косината, со што атмосферските води ќе бидат прифатени во повисокиот дел и ќе бидат однесени директно во атмосферскиот колектор, пред овие води да дојдат во нискиот дел каде што се црпат со пумпи и се создаваат поплави.
Со овие зафати на булеварот “Киро Глигоров” ќе се зголеми проточноста на атмосферските води за двојно, со што проблемите со поплавите ќе бидат минато.
Градежните работи на атмосферскиот колектор на булеварот “Киро Глигоров” се во завршна фаза и истата треба да заврши деновиве.
skopje.gov.mk
|
 |
Џоле
Moderator Group
Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
|
Quote Reply
#59 Posted: 07-Oct-2014 at 13:46 |
Ова треба да се направи кај сите подвозници, и треба да е приоритет, а не панорамски тркала и слични глупости!
|
За сè има вторпат
|
 |
jyvation
Senior Member
Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
|
Quote Reply
#60 Posted: 11-Oct-2014 at 12:18 |
Нема повеќе да „пливаме„ под стоковна кука „Мост„
Утре во 12 часот ќе отпочнат градежните работи за подобрување на атмосферската мрежа под стоковната куќа „Мост", на дел од булеварот Гоце Делчев.
Почетокот на градежните работи на атмосферската мрежа под стоковната куќа „Мост" ќе го означат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и в.д директорот на ЈП „Водовод и канализација", Бојан Василевски.
Подобрувањето на атмосферката канализација на овој потег е дел од поголемиот дел на активности што ги презема Градот во делот на проблемите кои се јавија со атмосферската канализација при обилните врнежи од дожд.
Засега се работи на атмосферската канализација на подвозникот во Маџари на булеварот Киро Глигоров, а се отстранија и бетонските цевки во Ченто поради кои се поплави населбата. десет критични точки се утврдени за поплави во градот. Подвозникот под стоковната куќа „Мост„ е една од нив.
http://vecer.mk/skopska/nema-povekje-da-plivame-pod-stokovna-kuka-most
|
 |