![]() |
![]() |
![]() |
Пошта 1 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 6> |
Author | ||
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
|
ne znam do koj stepen se unisteni, dali se samo pocrneti ili celosno unisteni. bidejki freski koi se pocrneti ima nacin da se iscistat i restavriraat mozebi i tuka e mozna taa metoda
|
||
![]() |
||
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
|
Ако се сака може и да се прецертаат има колку сакаш уметници во државава
|
||
![]() |
||
JimmyN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-Dec-2012 Location: Germany Online Status: Offline Posts: 131 |
![]() ![]() |
|
Се чистат црнилата во изгорената пошта (ФОТОГАЛЕРИЈА)Денеска, во дирекцијата на „Македонски пошти“ се чистеa црнилата, изгорена техника и оштетениот канцелариски мебел кои беа зафатени во големиот пожар од пред три дена. Во еден од најголемите пожари во последниве неколку години во Скопје најмногу настрада покривот на поштата и шалтер салата. http://www.mkd.mk/91229/foto-video-galerija/se-cistat-crnilata-vo-izgorenata-posta/ |
||
![]() |
||
JimmyN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-Dec-2012 Location: Germany Online Status: Offline Posts: 131 |
![]() ![]() |
|
ova e od vcera:Фреските на Лазески двапати изгореа, еднаш во пожарот, вторпат во индиферентностаЗасега не се знае дали муралите од Борко Лазески, доајен на македонското современо сликарство, што се наоѓаа во фоајето на „Македонска пошта“, се оштетени или можеби уништени. Надлежните од скопскиот Центар за конзервација вчера не можеле да направат увид. Тие повторно ќе се обидат да влезат во објектот. „Кога ќе се сетам колку Борко веруваше дека остава вредни дела за идните генерации. Се залагаше за уметност што ќе им биде достапна на сите. А дошло време на генерации на слепи. Фреските двапати изгореа, еднаш во пожарот, вторпат во индиферентноста“, вели ќерката на Лазески, Росица. Од Управата за заштита на културното наследство рекоа дека ниту едно од уметничките дела не било ставено под заштита како културно наследство. „Тоа се понови дела, кои Лазески ги создаваше во 70-тите и 80-тите години на теми од Народноослободителната борба. Ниту едно не беше под заштита. Вчера немаше услови колегите да направат увид. Таму сигурно е хаос“, изјави Валентино Димитровски, раководител на одделението за движно културно наследство при Управата. „Се сеќавам на зборовите на Борко. Тој велеше – Железничката станица се сруши, ама поштава не може. Направена е во бетон да издржи земјотрес од најмалку 11 степени. Искрено жалам, мислев дека тоа дело ќе трае, а излезе обратно“, рече професорот Бранко Јакшиќ, академски скулптор. |
||
![]() |
||
JimmyN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-Dec-2012 Location: Germany Online Status: Offline Posts: 131 |
![]() ![]() |
|
Бавно течи работава...Откако стручен тим на Конзерваторскиот центар - Скопје ќе изврши увид и ќе ја утврди состојбата, Министерството за култура ќе информира за мерките што ќе ги преземе за обнова на муралот на Борко Лазeски во опожарената Македонска пошта.- Деновиве во зградата на Македонска пошта се врши увид од страна на истражните органи за утврдување на причините за пожарот и поради тоа влезот во објектот е забранет. Во меѓувреме, Конзерваторски центар – Скопје упати барање до управата на Македонска пошта да му овозможи влез во објектот на стручниот тим за да ја утврди состојбата на уметничкото дело, информира Министерството за култура. Откако ќе добие дозвола за увид од управата на Македонска пошта, тимот треба да го утврди степенот на оштетување и да предложи превентивни мерки за заштита на муралот, кој се смета за монументално дело на доајенот на македонското сликарство Борко Лазeски. |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Ова било објавено во Дневник за муралите во Поштата, само што го прочитав.
Датум:
18.02.2013, 18:43 Муралот на Лазески не можел да се реставрира Фреските на Борко Лазески кои изгореа во пожарот на „Македонски
пошти“ неможат да се реставрираат. Во извештјот на конзерваторскиот
центар стои дека муралот од современата уметност насликан во техника
акрил, е комплетно уништен, објави “Алфа“. Edited by ehrlich - 19-Feb-2013 at 14:29 |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
А ова е објавено во Утрински весник во ист ден!
Муралите ќе ги преместат од „Пошта“? Вредните мурали на Борко Лазески итно ќе се реставрираат, а во тек е изработка на проект за реновирање на опожарениот дел во „Македонска пошта“ Даниела Трпчевска „Македонска пошта“ наскоро ќе добие нов лик. Во тек е подготовка на градежен проект за реконструкција и реновирање на опожарениот дел на главната пошта во центарот на Скопје. Според првичните информации, зафатите ќе бидат извршени во внатрешноста на „Пошта“, каде што ќе се вршат поголеми градежни измени кај шалтерскиот дел во фоајето на зградата, кој претрпе најголеми штети во огнената стихија. Како што дознаваме од извори во „Пошта“, договорена е и итна реставрација на оштетените мурали на Борко Лазески. Се разгледува можноста тие да бидат дислоцирани од зградата и да бидат изложени во некоја друга институција или во музеј, каде што ќе бидат подостапни за јавноста. Како што неофицијално дознаваме, се размислува комплетно да се преуреди огромниот шалтерски простор во фоајето на зградата и тој да се искористи за некоја друга намена. Според извори во државното претпријатие, деновиве се споменувала и можноста шалтерите да се дислоцираат од зградата поради нивна нефункционалност. Ваквите промени следуваат по големиот пожар, кој пред повеќе од еден месец ја зафати „Македонска пошта“, по што испливаа на површина многубројни проблеми со осигурувањето на државниот објект. Дури откако беше направена штетата, директорот Рафиз Алити распиша тендер за избор на осигурителна компанија и тој беше потпишан неодамна со „Кроација осигурување“. „Надлежните од ’Пошта’ не' информираа дека во текот на минатата недела е склучен договор за осигурување, а во согласност со него осигурителната компанија ќе ги покрие сите штети што се предизвикани со пожарот. Така, според нив, нема да има финансиски импликации врз буџетот“, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Обемниот извештај за пожарот завчера попладне беше разгледуван на владина седница, каде што, меѓу другото, реферираше и директорот на „Македонска пошта“, Рафиз Алити. Засега нема најави дали некој би можел да понесе одговорност за несреќата. Министерството за внатрешни работи се очекува да го испрати вештачењето за причините за пожарот до истражен судија во Основниот суд Скопје 1. Дури тогаш ќе може да се дознае што ја предизвикало несреќата и дали Обвинителството ќе побара одговорност за огнената стихија. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, вчера не можеше да открие детали околу резултатите од вештачењето се' додека тоа не биде испратено до судот. Од скопскиот Кривичен суд се' уште чекаат на вештачењето на крим-техничарите од скопската полиција. Најголема штета во пожарот што се случи пред повеќе од еден месец претрпе шалтер-салата, а опожарени беа и шест канцеларии на првите катови. Комисиите и работните тела кои беа формирани да извршат увид на настаната штета констатирале дека не недостасува поголема сума пари од сефовите, односно дека биле оштетени околу 3.000 евра, кои биле зафатени од огнот. Но, со оглед на тоа дека не се оштетени сериските броеви на апоените, Владата била информирана дека има можност да се добијат нови апоени и да се покрие штетата. „Владата ја задолжи ’Македонска пошта‘ во рок од две недели да достави извештај за напредок и акциски план во поглед на реконструкцијата и реновирањето. Исто така, ’Македонска пошта‘ и Националниот конзерваторски центар треба да излезат со информација, со предлог и модалитети во врска со реставрацијата на опожарениот мурал на Лазески“, вели портпаролот Ѓорѓиев. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DFF8F04A39007C4EA154D0D6AC6D9DA6 |
||
![]() |
||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
|
Во секој случај, огромна штета врз културното наследство! Јас сум за да се реставрираат (ако треба и нацртаат одново) муралите каде што си биле и пред пожарот.
И онака и' требаше барем делумна реставрација на Пошта 1, но се надевам дека нема да чепнат во оригиналноста на зградата. |
||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
||
![]() |
||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
|
![]() Секоја статија што излегува за поштава ја читам со страв дека ќе прочитам нешто од типот на "после пожарот со реконструкцијата на зградата ќе се смени и надворешниот изглед со цел да се вклопи со оградата на мостот Гоце Делчев" |
||
build.mk, гради форумска историја
|
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Муралите на страна, може веќе да го замислам изкасапениот атриум на поштата. Нема да ме зачуди да се изградат некои клаустрофобични канцелариички преградени со некои алуминиумски конструкции, а да се остави само мал простор за некој класичен шалтерски дел.
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
еве една фотка од која може да се види до каде е стигната реконструкцијата на покривот
![]() Skopje Post Office by Andres M. Arjona, on Flickr |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
„ЛОТОСОТ“ ВЕЌЕ ДВЕ ГОДИНИ ПОД КЛУЧ
Година и пол по пожарот, во холот од салата се' уште не се отстранети остатоците од катастрофалниот пожар. Дел од стаклата се искршени и не се заменети со нови Горан Адамовски Централниот објект на „Македонска пошта“ е надвор од употреба веќе дваесетина месеци. Реновирањето по силниот пожар што ја проголта внатрешноста на објектот во форма на лотос, се одложи и засега нема најави кога ќе се поврати стариот препознатлив лик на главната пошта. Според надлежните во државното претпријатие, шалтерската сала се очекува да претрпи најголеми измени, а муралот на Борко Лазески, кој настрада од огнените јазици, нема да се обновува. Приодите кон објектот се затворени и деновиве и нашиот обид да ја посетиме Поштата остана неуспешен. Од едната страна, на кејот од Вардар, има работници, просторот е ограден со заштитна мрежа. Оставен е само мал простор за минување што води до мостот „Гоце Делчев“. На парче хартија стои стрелка што означува дека може да се мине единствено преку патеката. Во близината на објектот се одвиваат неколку градежни работи. Покрај зградата на МЕПСО и новата катна гаража „Разловечко востание“ и онака е тешко да се помине. Поупорните граѓани можат да ги заобиколат барикадите и да ѕирнат преку стаклата од шалтерската сала. Ќе видат дека дел во дел од холот се' уште не се отстранети ниту остатоците од катастрофалниот пожар. Дел од стаклата се искршени и не се заменети со нови. Впечаток е дека по пожарот, во шалтерската сала се ставил клучот и никој повеќе не влегол таму што е вистинска срамота за една државна институција која дава услуги на граѓаните. Од другата страна, преку булеварот „ВМРО“ се влегува во дирекцијата на „Пошта“. На пријавницата не' информираа дека внатре можат да влезат единствено вработените, а граѓаните се пренасочуваат во некоја од блиските пошти - во ГТЦ или во „Рамстор“. Тој дел од објектот, како што ни потврдија од „Македонска пошта“ е целосно реновиран, па службите на компанијата имаат добри услови за работа. Но, што ќе се случува со шалтерската сала, ќе остане ли отворена за граѓаните, или, пак, ќе добие друга намена? Изминатиов период имаше различни шпекулации. Од „Македонска пошта“ по е-маил не' известија дека главната шалтер сала повторно ќе биде ставена во функција. „Со проектот на Владата - ‘едношалтерски систем‘, чија примена ќе биде голема реформа во начинот на кој се обезбедуваат административните услуги за граѓаните, се предвидува шалтер-салата, сместена во објектот на Дирекција на АД за поштенски сообраќај ‘Македонска пошта‘ - Скопје, да се пренамени за потребите на новите содржини“, велат од компанијата. Идејниот проект за обнова и ентериерско уредување на салата допрва ќе се изработува. Тоа ќе биде задача на работна група од Министерството за информатичко општество и администрација, „Македонска пошта“ и повеќе јавни институции. „Како обврска на АД ‘Македонска пошта‘, започната е и постапка за објавување јавен повик за избор на економски оператор за изведба на хидроизолација на покривната површина и промена на оштетените светлосни куполи“, известуваат од Дирекцијата. Во силниот пожар во централата на „Пошта“, што избувна на 15 јануари 2013 година, беа оштетени покривот, шалтер-салата и неколку канцеларии, а изгоре и помала сума на пари. Штетата од пожарот се проценуваше на 100.000 евра, без да се пресмета вредноста на муралот на Лазески. За инцидентот беше осуден Арменд Фазлиу, шеф на кабинетот и роднина на тогашниот директор Рафиз Алити. Фазлиу доби двегодишна затворска казна откако судот утврди дека пожарот почнал во неговата канцеларија, а бил предизвикан од вжарено тело, најверојатно цигара. Најавите по пожарот беа дека реконструкцијата на објектот ќе заврши за една година. http://www.utrinski.mk/?ItemID=73B8017460543341910CBFC6A9502405 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() ФОТО ВЕСТ: Бравурозното дело „Пошта – 1“ крвари од негрижа полни две години Под налетот на насилен кич и сеопшто ништење на архитектонските вредности во центарот на главниот град, раководството на Македонски пошти не најде за сходно ниту да ја започне реконструкцијата на бравурозната шалтер сала во рамките на објектот „Пошта – 1“. Ова препознатливо здание од разгледниците на македонската метропола, веќе две години ја губи битката со државно финансираниот проект „Скопје 2014“. По катастрофалниот пожар од средината на јануари 2013 година, многу малку е променето во рамки на објектот лоциран во центарот на Скопје. ![]() ![]() ![]() Јагленосаната шалтер сала, искршените прозорци и нерасчистениот смет од пожарот сè уште го гнасат централното градско подрачје. Заедно со вредното архитектонско дело, пламените јазици го голтнаа и муралот на славниот уметник Борко Лазески. Бројните најави за целосна санација на „Пошта – 1“ засега остануваат на хартија, чекајќи ја конечната одлука на раководството на Македонски пошти. Колку за потсетување, архитектонски творец на ова здание е авторот Јанко Константинов, за чија оригиналност и смела идеја при конципирањето на овој објект му е доделена државната награда „11 Октомври“ во 1975 година. ![]() ![]() ![]() Целокупниот комплекс е оформен во три етапи во периодот од 1974 до 1989 година. Изворното здание претставува аналогна интерпретација на формите од скопската тврдина, лоцирана на спротивната страна од реката Вардар. Врвниот концепт на архитект Јанко Константинов е негов личен придонес во возобновувањето на Скопје по земјотресот од 1963 година, природна катастрофа која што го поттикна овој автор да се врати во Македонија и да учествува во повторната изградба на главниот град. Текст и фото: Бојан Блажевски http://www.build.mk/?p=41909 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
И најверојатно ќе останат на хартија додека не се најде прифатливо неокласицистичко решение со кое и овој објект ќе замине во минатото. ![]() Edited by Dexter26 - 22-Dec-2014 at 01:20 |
||
![]() |
||
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
|
Кога се враќав од Брисел пар пати Скопје ми личеше на селска паланка, комунистичко ругло и сивило, дивоградба и депонија. Со тие зборови би го опишал Скопје во тој момент. Истите тие архитекти што го граделе Скопје, истите тие политичари што давале дозволи за таквите сивила денес се најгласни во борбата против “кичот“. Не гледам апсолутно ништо убаво и привлечно во Пошта-1.
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() А кичот на Скопје 2014 не треба да се пишува во наводници, зашто е вистински. Тоа што некои луѓе не знаат да го ценат културното и архитектонското наследство на својот град и на својата земја е друга приказна. |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
Епа видиш, тоа „сивило“ од Запад е донесено (а не од Исток како што обично се толкува), јали не прочита дека авторот на Пошта1 од Америка се вратил. |
||
![]() |
||
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
|
Да, мене ми изгледа многу поубаво и посредено, а и полно туристи истото го велат. Баш правев муабет со една Босанка во врска со истотот, но секако за вкусови не се зборува. За некого е кич, а за некого е убавина. Историјата ќе каже утре, затоа што најголемите дела( не дека ова го сметам за најголемо) биле жестоко осудувани и сметани за кич, а денес им се најглавни туристички атракции. Јас не гледам дека некај се тепа да се слика покрај Поштата-1, ГТЦ и останати комунистички блокови и згради. |
||
![]() |
||
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
|
Без разлика дали е од Америка или Кина таа Пошта е правена според условите и правилата кои ги диктирал тој систем. |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() Најпосле, таа зграда има добиено државни награди, и била предмет на восхит и е предмет на восхит кај многу стручњаци, дома и во светот (за волја на вистината, никогаш не била предмет на восхит кај обичниот народ). Која зграда од Скопје 2014 (освен гаражата кај управната зграда на Макпетрол) предизвикала позитивни рекации, дома и во светот? Ниедна! Знаеш зошто? Зашто сите се бедни копии на веќе постоечки згради, почнувајќи од Триумфалната порта (Париз), колонадата (Будимпешта), зградата на јавно обвинителство (Вашингтон), Панорамското тркало (Лондон)... Списокот е долг. Поштата можеби естетски не е привлечна, но е уникатна. Нешто што не може да се каже за шарените „торти“ на „барокно“ Скопје. Но џабе се објаснувам со тебе, веќе имаш оформено мислење, и тоа е тоа. Не ми е намерата да те премислувам, но аргументите во однос на поштата и брутализмот воопшто ти се слаби и неиздржани. |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 6> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |