![]() |
![]() |
![]() |
Разно |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2930313233 34> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ОДЗЕМА И ДО 3 МЕСЕЦИ ВОЗИЛАТА КОИ БУЧАТ СИЛНО, ИСПУШТААТ ЦРН ЧАД ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН СЕ НЕИСПРАВНИ
Парламентот пред Нова Година го донесе новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, според кој полицијата ќе може на сред автопат или на која било друга сообраќајница, да му ги симне веднаш табличките на возилото и да го отстрани од сообраќај ако се посомнева дека е технички неисправно. Ваквите возила полицијата може да ги задржи и до 90 дена. Овие новини уследија по масовното откривање на нерегистрирани приватни и возила на фирми и по неколку години, како и на технички неисправни возила, кои се најчестите предизвикувачи на тешки сообраќајни несреќи, поради што се познати како возила – убијци. Од сообраќај ќе бидат веднаш отстранети сосе возилата, и возачите без положен возачки испит или со истечена возачка, како и на такви кои што управуваат возила под силни дејства на антидепресиви, кои возат уморни, пијани, дрогирани. „Полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Ако биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена“, стои во донесените измени. Ова значи дека големата бучавост, ширење чад од ауспухот, пребавното возење или неможноста на едно возило да закочи, т.е. да застане веднаш со сопирачките, ќе бидат сигнали за сообраќајната контрола и овластување за да се посомневаат во техничка неисправност, т.е. веднаш возилото да го застанат, да го исклучат од сообраќај и да го пратат на технички преглед. Сигнал за неисправност и овластување полицијата времено да го одзеде, е и ако возилото не е регистрирано. Сите трошоци во ваквите случаи ги носи возачот, се вели во законот. Тој носи и една друга новина, а тоа е трајно губење на возачката дозвола. Со цел да се санкционираат возачите, кои почесто се јавуваат во улога на сторители на посериозни прекршоци во сообраќајот, кои се најчеста причина за сообраќајни незгоди со потешки последици, се предлага изрекување на санкција-престанок на важење на возачка дозвола од категоријата за која им била изречена прекршочната санкција – забрана за управување, ако во период од една година од денот на правосилноста на одлуката сториле друг сообраќаен прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – забрана на управување со моторно возило, изречена за истата категорија. Со предложените измени мандатниот платен налог се заменува со прекршочниот платен налог и во таа насока се бришат дел од одредбите кои се однесуваат на регистрирањето негативни бодови. Со измените, се зголемува старосната граница во поглед на важењето на возачката дозвола. Досега возачките важеа до 70-годишна возраст, а отсега натаму до 75 години ќе може да се вози. Законот веќе е стапен во сила. https://sdk.mk/index.php/naslovna/politsijata-ke-gi-odzema-i-do-3-mesetsi-vozilata-koi-buchat-silno-ispushtaat-tsrn-chad-ili-na-drug-nachin-se-neispravni/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Нешто се гради во Маџари незнам дали е станбено или деловно затоа постирам тука ако некој знае за што се работи нека сподели па ќе преместиме
![]() ![]() https://www.facebook.com/groups/145337166272043 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Колку повеќе згради, толку повеќе пари за општините
https://samoprasaj.mk/naacik/1875-2021-01-18-10-47-46 |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Извадок од документарка снимана во 1983-та. Кога социјализмот немал идеолошки проблем со тоа дека и ноќната работа е легитимна работна смена и дека не е тоа никакво "малтретирање работници", тогаш што би било денес проблем ова вака да се регулира низ Македонија. И притоа да не изнарипаат душебрижниците за работничките права притоа примајќи надокнада од невладина или партија која секако не им зависи од тоа колку е сработено.
Сите сме ги виделе по Скопје како низ маалски улици се гнетат камиони и тоа не мали камиончиња, него троосовински Д-категорија камиони од пивари и млекари и тоа посабајле после 8 часот кога сите други граѓани одат на работа и кога деца одат накај школо. Треба да се воведе задолжителна ноќна смена за дотур на роба, празните ноќни улици да се искористат и да се намали гужвата преку ден. Фирмите за дистирбуција и маркетите да си воведат трети смени со пресметан коефициент 1.х за ноќна работа и така да се изрегулира ова прашање. Тоа секако ќе ја зголеми цената на некои производи, ама па сеа тоа е цената на живеење во град, тоа е врзаниот круг на пораст на стандардот. Плаќаш поскапо, тоа на некому носи поголема плата и нови работни места и така во круг. ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ИНТЕРВЈУ | Филип Темелковски, градоначалник на Општина Кисела Вода: Најмногу време и енергија потрошив на разрешување на урбанистичкиот хаос
Првиот човек на Кисела Вода, Темелковски, говори за наследените долгови и ДУП-ови, за приоритетите за оваа година, но и за поддршката од граѓаните што чувствуваат дека општината е на нивна страна П. Кои се приоритетите што планирате да ги сработите во Општина Кисела Вода во последниве месеци од Вашиот актуелен мандат, со оглед на тоа што 2021 е изборна година? -Плановите се многу, желбите и потребите уште повеќе, а очекувањата на граѓаните разбирливо неограничени. Кога ќе се соочиш со реалноста, а во Кисела Вода тоа беше наследен долг од 184 милиони денари што е еквивалентно со општинскиот буџет наменет за капитални инвестиции за една или две години, работите веќе добиваат друга димензија. Тоа што е изборна година единствено го намалува просторот за дејствување со оглед на законските ограничувања, инаку по ништо нема да влијае врз нашата работа. Нема да работиме ни повеќе ни помалку од досега. Активности во Кисела Вода се одвиваат континуирано од првиот ден кога сум дојден за градоначалник. Можеби несвојствено за градска општина, мандатот го започнав со решавање на насушните основни потреби со изведба на инфраструктурни објекти канализации, атмосферска канализација, водовод и асфалтирање улици. Во оваа година ќе имаме малку повеќе енергија и финансии да се посветиме на реставрирање на зелените површини во општината и уредување на урбаните делови, кои досега морам да кажам, за жал, не беа на листата на приоритети, а причината веќе ја споменав, беше наследена! Планирано е асфалтирање на неколку улици кои никогаш не биле асфалтирани и реконструкција на неколку постоечки кои се во многу лоша состојба. П. Општината станува пренаселена. Сметате ли дека интензитетот на изградба на станбени објекти треба да се намали? -Општина Кисела Вода се соочува со друг проблем, а тоа е неразумното и непланско градење односно ДУП-овите донесени во периодот 2013-2017 го нарушуваат секое разумно очекување и тоа особено во деловите на потегот помеѓу Рампа (МЗ Цветан Димов), Шампионче и Расадник, каде што зградите се премногу густо поставени, а узурпирани се и улиците и целиот слободен простор и тоа создава привид на пренаселеност. Тоа е процентуално мал дел од територијата на општината, а пренаселеноста се асоцира поради недостаток на паркинг-простор поради злоупотреби и непочитување на законските обврски и уште побитно човечки здраворазумски услови за густина на градба. Како единствено изводливо решение имаме предвидено изградба на катни гаражи на најкритичните точки. П. Кој е Вашиот став околу барањата на жителите на Пржино, кои неколкупати излегуваа на протест за да го искажат своето незадоволство? Каде го лоцирате проблемот? -Проблемот во Пржино е уште еден наследен проблем кој произлегува од ДУП кој е донесен во 2016 година. Согласно тој ДУП приватни лица инвестирале и купиле одреден имот и сега започнаа со градба. Откога сум дојден на позицијата градоначалник скоро 90 отсто од моето време и енергија ги посветив на разрешување на урбанистичкиот хаос и проблеми на кои сите сме заложници. Со стручната администрација на општината и надлежни државни органи ги претресовме сите постојни ДУП-ови барајќи решенија и одговори. Неколку оспоривме пред Уставниот суд, за други за кои не бевме убедени применивме конзервативен пристап при издавање дозволи за градба. Под мое раководство стручната служба на Општината дури сега привршува одредени дополни и измени на постојните ДУП-ови за колку-толку да се санираат последиците, а на планот за Расадник сѐ уште се работи на инкорпорирање одредени забелешки и усогласување со ГУП и јас лично поради тоа сум мета на огромно незадоволство и хајка од одредени таканаречени инвеститори и креатори на овој хаос од минатото. За жал, и граѓаните се жртви и заложници на оваа ирационална состојба на претходно злоупотребена доверба и жалам што голем број чесни граѓани се соочуваат со тешкотии при градбата на индивидуални станбени објекти, но на пат сме во догледен рок да ги разрешиме овие проблеми. Според мојата визија општината мора да е сервис на граѓаните и по брза едноставна постапка мора да издава дозволи за градба. Но за тоа мора да се направаат соодветни планови и ДУП-ови кои оптимално го користат просторот и создаваат услови за пристоен, а јас би рекол достоен живот. П. Од кои досегашни проекти сте најзадоволни? Има ли нешто што сакавте, но не успеавте да го реализирате? -Задоволен сум што конечно сме при крај да го решиме најгорливиот и најтежок проблем на Кисела Вода, а тоа е ДУП за Расадник, кој предизвика многу внимание на целокупната јавност. Одржавме три јавни анкети и ќе организираме уште една. Консултиравме повеќе архитекти и урбанисти. Претрпевме огромен број притисоци, обиди за влијание, се соочуваме со лични напади и квалификации, кои воопшто не се пријатни. Но во исто време се запознавме и со голем број добронамерни граѓани кои со конструктивни предлози и размислувања ни помагаат. На овој предмет цел тим работи веќе три години. Мојата визија е да создадеме простор, кој ќе ги обезбеди сите карактеристики на урбана заедница што ќе рече да добиеме своевиден плоштад или барем сквер во општината, пешачка зона, собиралиште за движење и разонода, да обезбедиме простор за неопходните јавни функции кои недостасуваат, а притоа да не го нарушиме правото на лична сопственост. Балансирањето помеѓу јавниот интерес и поединечните барања, но и просторни можности бара многу енергија и посветеност. За мене лично изградбата на 32 километри подземни инсталации, 20 километри улици, училишта и градинки, спортски терени, шеталишта… воопшто не ги сметам како успех или нешто со што би се фалел. Срам ми е и жал што има населби и жители што дури сега за првпат ги добија овие „удопства“. Создадовме и очекувања кај граѓаните, колку повеќе работиме толку повеќе барања пристигнуваат. Граѓаните гледаат дека работите се движат и првпат чувствуваат дека општината е на нивна страна и секојдневно ни пишуваат и предлагаат и бараат нови зафати. Тоа ми е желба да можеме да ги решиме сите овие барања и потреби. Во секој случај, мораме да избираме приоритети согласно расположливите средства. Задоволен сум од разбирањето и поддршката од градоначалникот на Град Скопје, кој ни помогна за повеќе проекти. Горд сум на општинската администрација која обезбеди проекти и поддршката од повеќе донатори. Во мојот мандат тимот на општината успеа да обезбеди 19 гранта од разни донатори со вредност од повеќе од 100 милиони денари. И се разбира за една презадолжена општина клучна беше поддршката од Владата преку Фондот за развој на рурални подрачја и Агенцијата за млади и спорт. П. Што направивте како градоначалник за да се реши проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух? Кои се Вашите идни активности за решавање на овој проблем? -Изготвивме катастар на загадувачи, кој ги содржи потребните податоци за деловните субјекти, кои ја загрозуваат или можат да ја загрозат животната средина. Изработуваме и катастар на зеленило. Во дел од градинките го заменивме начинот на затоплување на просториите, а на тревните површини засадивме околу 2.000 разни видови садници. На територијата на општина Кисела Вода, ги исчистивме најголемите диви депонии. Набавивме сопствени возила и воспоставивме екипи кои се секојдневно на терен и по одреден распоред и динамика ги расчистуваат јавните површини. Од површините на кои несовесни граѓани одложуваа отпад, направивме зелени паркови, уредени со урбана опрема. П. За месец-два неофицијално ќе почне изборната кампања. Дали ќе „трчате“ за втор мандат? -Воспоставивме ефикасен систем и добра екипираност, ги отплативме најголем дел од наследените долгови и ги решивме најскапите инфраструктурни зафати. Ни преостануваат полесни зафати и тековно одржување и разубавување но најважниот приоритет е заштита на урбаноста на општината од непринципиелни игри и злоупотреби на кои беше изложена во минатиот период. Да, имам амбиција. Поддршката од граѓаните која ја добивам е голема. Се разбира има и поединци кои секогаш бараат повеќе, а и јас сум еден таков, кој секогаш ја подига пречката повисоко. Приоритетите зависат од финансиите на Општината П. Дали сметате дека како градоначалник еднакво се залагавте за развивање на сите делови од Општината? -Дали родителот повеќе го сака едното или другото дете? Кој и како ќе го измери тоа? Кисела Вода е општина на крајности, опфаќа дел кој гравитира кон централното градско јадро кој е урбанизиран од времето и делови што се развивале без план и каде што недостасува основната инфраструктура и каде што никој досега не се заинтересирал да им обрне внимание. Јас сум градоначалник на сите и не гледам кој како гласал и кој ме поддржал, а кој не при изборите. Прв приоритет ни беа условите за здрав развој и престој на најмладите кои се недолжни за грешките на возрасните. Втор приоритет е воспоставување основни услови. Трето, одржување на постојната инфраструктура и зеленилото, и тоа ќе биде фокус на пролетните месеци. Приоритетите не зависат од енергијата или мултитаскинг на администрацијата или градоначалникот, како што ме советуваше еден мој добронамерен следбеник на Фејсбук, туку од расположливи средства и финансии. https://www.slobodenpecat.mk/intervju-filip-temelkovski-gradonachalnik-na-opshtina-kisela-voda-najmnogu-vreme-i-energija-potroshiv-na-razreshuvane-na-urbanistichkiot-haos/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
АТЕЛЈЕ ПРОЕКТИНГ 30 ГОДИНИ/ ATELJE PROEKTING 30 YEARS
http://www.ateljeproekting.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Интервју | Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје: Немаме право стратешките проекти да ги врзуваме за нашите мандати
Скопскиот градоначалник Шилегов зборува за случувањата околу СРЦ „Треска“, за стратешките проекти и за состојбата на градската каса и најавува дека наредната година Скопје ќе добие забавен парк. П. Стигнуваат обвинувања на Ваша адреса за случувањата во СРЦ „Треска“. Вие велите минатата градска администрација го дала во владение на Општина Сарај, тие велат не е точно. Која е вистината? – Во недостаток на градска политика, во ВМРО-ДПМНЕ одбираат само да негираат сѐ што е добро направено. Или да импутираат проблеми кон мене, кои не се проблеми што јас сум ги направил, ниту можам да ги решам. СРЦ „Треска“ е доделено на Општина Сарај со одлука на Владата во 2012 година, а Градот потоа се расходувал со одлука на Советот. Во моментов таму почна да се работи, а сега повторно има обвинувања, зошто се работи. Нема друг начин како да го вратиме СРЦ „Треска“, ако не се обнови. Ние успеавме овој проблем да го издигнеме на државно ниво, при што Владата го прогласи за туристичка зона, со цел да се олесни привлекувањето потенцијални инвеститори. Дел од земјоделското земјиште од селата Шишево и Глумово беше трансформирано во градежно, а Општина Сарај имаше обврска да направи детален урбанистички план, за територијата околу езерото. Според информациите што јас ги имам, почнува да се реализира ДУП на Сарај. Се крена многу врева за монтажните туш-кабини кои се уриваат, а се неупотребливи. Таму ќе има и хотелски комплекс, така што ќе се привлечат туристи. П. Има проекти што ги најавивте во предизборната кампања, а сѐ уште не се реализирани. Дали ќе побарате втор мандат за да ги реализирате проектите како Луна паркот и Универзалната сала? – Немаме право стратешките проекти, каков што е Универзална сала, да ги врзуваме за нашите мандати. Нашите мандати се променливи, а тоа се работи што треба да останат. За Универзална сала минатата година имаше сериозна дебата во јавноста. Проценката на стручната јавност беше дека на таа локација не можеме да имаме поголем објект, туку само можеме да извршиме реконструкција на постојниот објект. Одвоени се средства од Владата во износ од два милиона евра. Треба да бидеме внимателни, станува збор за еден фундаментален објект. Се прават и анализи од Институтот за сеизмологија, во однос на издржливоста на објектот. Што се однесува до забавниот парк, тој беше во програмата за јавни набавки за минатата година, но пандемијата го одложи процесот. Средствата ги пренаменивме за изградба на инфраструктура, со цел да ја помогнеме домашната економија и домашните фирми. Одлучивме да инвестираме во забавниот парк, кој дури и да беше готов, ќе беше неупотреблив. Ме нервира опозицијата што од една страна ме прозива зошто не сум го направил забавниот парк, а од друга страна ме обвинува што сум потрошил 300.000 евра за Дино парк. Тоа е лицемерие. Реализацијата на забавниот парк е предвиден во овогодинешниот буџет. Верувам дека ќе можеме оваа година да ја распишеме постапката. Многу е важно Скопје да добие забавен парк како концепт во кој ќе можете да го поминете целиот ден. Такви забавни паркови нема во радиус од 300 километри, а тоа нам ќе ни овозможи да бидеме туристичка атракција. Верувам дека до средината на 2022 година во Скопје ќе има забавен парк. П. Каков е планот за 2021 година во однос на инфраструктурата? – Годинава би требало да го реконструираме булеварот Киро Глигоров. ТАВ со седум милиони евра ќе го финансира пробивањето на Илинденска кон западниот дел од градот кон Волково. Реализацијата треба да започне во март. Проектот е целосно готов. Мостот ќе го поврзува Карпош 4 со Бардовци, а во втората фаза ќе се спои со булевар Словенија, а оттука со Визбегово и со Волково. Тоа се проекти од стратешки развој на Скопје, бидејќи ќе се овозможи проширување на градот и кон овие населби. Освен дневните проблеми што треба да ги решаваме, да зборуваме за визија за развој на градот, без притоа да се девастира урбанизмот како што беше случај во минатото. П. Вашиот претходник Коце Трајановски обвинува дека градската каса ја оставил полна пред неговото заминување, а сега е празна и Градот е задолжен. Дали е ова точно? – Не е точно. И тогаш имало кредитни задолжувања. Има и сега. Од кредитите што ги наследив има само по еден кредит за катните гаражи што ќе се расчисти во 2021 година. Кредитот на Градот беше околу 11 милиони евра кога јас станав градоначалник, долг што веќе сме го отплатиле. Градот имаше на сметка околу 800 милиони денари, меѓутоа обврски од склучени договори имаше од 2 милијарди и осумстотини милиони денари. Во овој момент на сметка на Градот има околу 650 милиони денари и склучени договори за 2,2 милијарди денари. Тоа е показател дека градот се раздолжувал во изминатиов период, а сепак во меѓувреме завршивме и многу работа. https://www.slobodenpecat.mk/intervju-petre-shilegov-gradonachalnik-na-grad-skopje-nemame-pravo-strateshkite-proekti-da-gi-vrzuvame-za-nashite-mandati/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Која е причината за постоење на временска разлика која некој пат е многу кратка(месец-два а некогаш трае и повеќе од година дена) помеѓу издавање дозвола за градба и нејзина правосилност?
Како пример еве ќе ги земам објектите на Елена Лука Конект 5 во Мичурин дадена дозвола на 08.07.2019г а правосилно 23.07.2019г ![]() Футура дозвола дадена 16.10.2020 правосилна од 02.12.2020г ![]() А ова пак кај Кат Костов ептен ме чуди дозвола од 30.11.2018 а дури деновиве почнаа со градба ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Платформата „Аеродром – прва општина со европско знаменце” со околу 20 клучни проекти
Нула цврст отпад за заштита на животната средина, простории за одлагање кабаст отпад, диверзифицирана понуда на енергетска ефикасност до станбените заедници и велодром „Кружен тек – Аеродром”, се дел од проектите во четиригодишната стратегиска платформа за локален економски развој 2021-2025 на Општина Аеродром. Платформата е усвоена неодамна и во неа има околу 20 клучни проекти за чиста животна средина, поквалитетно урбано живеење и развој на руралните делови од општината. Меѓу проектите се и изградба на прв национален професионален голф терен, изработка на семејна апликативна картичка „FamilyAerodrom” наменета за сите жители на Општината (по една на домаќинство), за поволности, можности и вклученост во проектите на Општината, формирање на јавно претпријатие за управување со развојните проекти на општината, креирање енергетски задруги, каки и проекти од областа на спортот и образованието. – Стратегиската платформа ќе биде наш патоказ за носење на европските стандарди и вредности дома. Ова ќе го направиме заедно со нашите домашни и меѓународни партнери, заедно со Делегацијата на ЕУ, ќе ја зајакнеме соработката со невладиниот сектор, со меѓународни асоцијации и здруженија, со медиумите, со институциите и пред сè со граѓаните. Ќе ја искористиме целата поддршка што ни е достапна за овозможување подобар квалитет на живеење во нашата општина, се вели во денешното соопштение од Општината. https://www.slobodenpecat.mk/platformata-aerodrom-prva-opshtina-so-evropsko-znamencze-so-okolu-20-kluchni-proekti/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Интервју | Златко Марин, градоначалник на Општина Аеродром: Еднакво вложував во развојот на сите делови од општината
Неодамна во населба Лисиче се поставени три мобилни уреди за мерење на воздухот 24 часа на ден, со кои во секој момент може да се увиди нивото и местото на загаденост. Направена е нова реорганизација на инспекциските служби, кои сега во соработка со Град Скопје ја интензивираат работата на терен. П. Оваа 2021 е изборна година. Кои се приоритетите што планирате да ги сработите во Општина Аеродром во последниве месеци од Вашиот актуелен мандат? – Како приоритет секогаш го сметам она што е најважно за граѓаните. Така беше во мојата изборна програма, по тоа се раководев и во изминативе три години, а тоа ќе остане како мој патоказ и до крајот на мандатот. За претстојниот период неодамна изготвиме и ѝ презентиравме на јавноста четиригодишна стратегиска платформа за локален економски развој 2021-2025 под мотото „Аеродром – прва општина со европско знаменце“. Таа платформа ќе биде наш патоказ за носење на европските стандарди и вредности дома. Тоа значи продолжување на инвестициите за чиста животна средина, поквалитетно урбано живеење и развој на руралните делови од Општина Аеродром. Секако, до крајот на годината фокусот ќе биде насочен кон заокружување на ветените проекти, односно довршување на клучните и капиталните проекти. Со буџетот за 2021 година предвидовме повеќе средства за заштита на животната средина, за развој на спортот во општината, посебна грижа и поддршка за децата со посебни потреби. Исто така, предвидовме и изградба на детската градинка „Црвенкапа“ во стар Аеродром, со што ќе се зголеми капацитетот на згрижување на децата. Хортикултурно ќе уредиме уште две површини – на бул. „Јане Сандански“ и на бул. „АСНОМ“ зад Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ), а ја почнавме и постапката за изградба на нова општинска административна зграда. Наскоро ќе заврши и изградбата на 4 нови училници во ООУ „Лазо Ангеловски“. Исто така, наскоро ќе почне реконструкцијата на Амбулантата во населбата Лисиче, а во напредна фаза е и изградбата на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, кој ќе биде готов наесен. П. Кои Ви се плановите во делот на урбанистичкиот развој на Аеродром? Кои се Вашите следни активности со кои конечно ќе ставите ред во овој сектор? – Во новата стратегиска платформа, една од четирите точки е модернизација на урбаното живеење. Работиме на тоа постојната индустриска зона покрај булеварот „Трета македонска бригада“ да ја претвориме во модерно место за живеење. Предвидуваме ревизија и хармонизација на процесот на легализација, а тоа значи воведување нова европска практика, решавање што повеќе предмети годишно. Во рамките на новата стратегија во иднина граѓаните ќе можат да си проверат до каде им е предметот преку интернет. Исто така, ќе ги отвориме и урбаните заедници, преку кои граѓаните ќе можат да ги добијат сите овие услуги. П. Дали сметате дека како градоначалник еднакво се залагавте за развивање на сите делови од Општината. Дел од граѓаните знаат да Ви замерат дека многу повеќе се инвестира во урбаниот отколку во руралниот дел на Општина Аеродром. Кој е вашиот став? – Моја заложба во овие години е да има еднакво вложување и развој на сите делови од Аеродром. Во Горно и Долно Лисиче во изминатите три години се реконструирани повеќе сообраќајници, а најважен е реконструираниот регионален пат Драчево – Јурумлери. Во делот на обезбедување услови за најмладата популација, пак, изградивме две детски игралишта во Долно Лисиче. Општина Аеродром во новата стратегија предвидува модернизирање на руралните подрачја во Горно и Долно Лисиче, каде што ќе се развие зона за рурален развој. Во делот на подобрување на квалитетниот начин на живот и развој на локалните можности за туризам, ќе се изгради и прв национален професионален голф-терен во државата. П. Од кои досегашни проекти сте најзадоволни? Има ли нешто што сакавте, но не успеавте да го реализирате? – Генерално сум задоволен од реализацијата на проектите. Мојот главен фокус беа еколошките проекти, а нивната реализација кулминираше токму во измината 2020 година, кога го зголемивме бројот на зелени површини и ја достигнавме бројката од набавени и засадени близу 10 илјади нови садници на различни локации. Особено сум горд на новите паркови во Мичурин и во Бојмија во населбата Острово, како и просторот во Мичурин кај Железничката станица, некогашна депонија, кој заедно со Град Скопје го претворивме во прекрасен парк. Исто така, оваа година Стар Аеродром ќе добие два нови парка, покрај улиците „Методија Шаторов-Шарло“ и „Пандил Шишков“, а нови паркови има и меѓу булеварот Трета македонска бригада и касарната „Гоце Делчев“. Исто така, реконструиравме и изградивме над 20 детски и спортски игралишта, изградивме и нова градинка во Ново Лисиче, „Буба Мара“, наскоро ќе почне изградбата и на објектот „Црвенкапа“ во стар Аеродром, со што ќе се зголеми капацитетот на згрижување деца. Исто така, во тек е реализацијата на изградбата на 4 нови училници во ООУ „Лазо Ангеловски“, со што решивме децениски проблем со одењето во трета смена на учениците. Од оваа есен учениците во Лисиче ќе добијат и нов објект во училиштето „Димитар Македонски“. Очекуваме оваа година и почеток на реконструкцијата на амбулантата во населба Лисиче и изградба на Домот на спортовите со помош на Владата. П. Општина Аеродром, особено Лисиче со години наназад е најзагаденото населено место. Што направивте како Општина за да се намали загадувањето конкретно во Лисиче каде што речиси 90 отсто од населението се грее на дрва. Дали досега некој бил казнет што несовесно покрај дрва согорувал и пластика и гуми? – Ние како општина сме многу посветени на решавање на овој проблем. Уште од почетокот на мојот мандат и во текот на изминатите три години од раководењето со општината, моја цел беше и е да создадеме чиста и одржлива средина што ќе овозможи квалитетни услови за живот за сите граѓани. На тој план направивме многу. За три години засадивме 10.000 нови високостеблести дрвја, изградивме нови паркови и нови зелени површини, обезбедивме прочистувачи на воздух за сите детски градинки и основни училишта, секоја година доделуваме субвенции за велосипеди, инвертер-клими, печки на пелети, за чистење оџаци, организиравме многу еко-акции, исчистивме голем број мини депонии. Неодамна во населба Лисиче се поставени три мобилни уреди за мерење на воздухот 24 часа на ден, со кои во секој момент може да се увиди нивото и местото на загаденост. Направена е нова реорганизација на инспекциските служби, кои сега во соработка со Град Скопје ја интензивираат работата на терен. П. Станавте прва општина со европско знаменце. Што значи тоа за граѓаните на Аеродром? – Општина Аеродром е прва општина што декларира дека во наредниот период во целост ќе практикува европски вредности и стандарди и ќе имплементира европски развојни проекти. Станува збор за платформа што вклучува голем број проекти за развој на урбаното живеење, но и низа проекти што се однесуваат на руралниот дел од Општина Аеродром. Планираме соработка со општини од регионот и од Европа, со кои заеднички ќе аплицираме во европските фондови за развој. Едноставно ќе ја искористиме целата поддршка што ни е достапна за да им овозможиме подобар квалитет на живеење на нашите жители. Предвидено е воведување нова европска, системски базирана методологија за одржување хигиена, управување и селекција на отпад со непосредна и интерактивна соработка со жителите на општината. Ќе продолжат инвестициите во поквалитетно образование – ќе се обезбедат смарт-табли, ќе се постават фотоволтаици како еколошки извори на енергија во сите училишта, како и лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште во соработка со Скопскиот плански развоен регион и Светска банка. П. За месец-два неофицијално ќе почне изборната кампања. Дали ќе „трчате“ за втор мандат? – Моментално сум фокусиран на дозаокружување на реализацијата на проектите што ги ветив во предизборната програма и ќе продолжам активно да работам на приближување и подобрување на услугите на граѓаните и во претстојниот период. Имајќи ги предвид сите успешно реализирани проекти додека сум на чело на Општина Аеродром, подготвен сум да влезам во трката за втор мандат и да ја побарам поддршката од граѓаните. https://www.slobodenpecat.mk/intervju-zlatko-marin-gradonachalnik-na-opshtina-aerodrom-ednakvo-vlozhuvav-vo-razvojot-na-site-delovi-od-opshtinata/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
![]() |
|
Urbanista ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 28-Dec-2020 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 36 |
![]() ![]() |
Арачиново е единствената општина во Македонија што воопшто не наплатила данок на имот, покажува истражувањето кое го спроведе Центарот за граѓански комуникации.
Општината за 2017, 2018 и 2019 воопшто нема даночни обврзници. Тоа што е потрагично е што образложение на локалната самоуправа е оти немаат таква база на податоци, односно дека кај нив не постои даночно одделение. Данокот на имот е еден од главните извори за полнење на општинските каси. При лошо менаџирање се бараат пари од централната власт. На тој начин Владата од државниот буџет му даде на Арачиново 500 000 евра неповратна помош на крајот на 2020 година. Покрај Арачиново, половична наплата на данокот има во Тетово (55%), Липково (51%), Врапчиште (46%), Желино (42%), Гостивар (40%), Центар Жупа (36%), Долнени (34%), Студеничани (32%) и Маврово и Ростуше (27%). Наспрема ова, најдобра е наплата во Македонски Брод (97%), Ѓорче Петров (97%), Велес (97%), Зрновци (96%), Чешиново-Облешево (96%), Македонска Каменица (96%), Илинден (96%), Кавадарци (95%) и Аеродром (95%). Огромни приходи има во центар, карпош, аеродром и се трошат на партиски вработувања и ништо друго. Затоа освен клупи ништо друго немаме, а многу даваме. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Мавровчани го креваат гласот, најавуваат бојкот на локалните избори и барање за враќање на општината
Ова беззаконие веќе не може да се трпи. Мора нешто да се прави. Мора да си ја вратиме општина Маврово и да преземеме мерки против урбанистичкиот хаос, непочитувањето на стандардите, загадувањето на езерото, исчезнувањето на рибата од Мавровското Езеро, нефункционирањето на комуналните служби, неконтролираната сеча на шумите..., велат жителите на мавровските села Маврово, Леуново, Никифорово и населбата Маврови Анови. Последното што ја прели чашата на незадоволството на мавровчани е најавата за наводна изградба на џамија пред влезот во Маврови Анови, на парцела каде што одамна е истечена дозволата за градба. Тоа не смее да се дозволи, во еден глас рекоа мавровчани на неодамнешниот собир во просториите на некогашната општина Маврово и тука беше за првпат најавен можниот бојкот на локалните избори. Во Општината Маврово-Ростуше веќе одамна работите не функционираат како што треба. Оваа година ретко кога се чистеше ѓубрето околу езерото, па дел од сопствениците на викендиците сами собираа средства за ангажирање на работници и камиони за празнење на кантите за ѓубре и покрај брегот на езерото. Сѐ почесто снемува вода и струја по куќите. Локалното население, заедно со „викендашите“ одамна предупредуваат на тоа дека голем дел од хотелите и угостителските објекти околу езерото отпадните води ги испуштаат директно во езерото. Ретко кој хотел тука има пречистителна станица. А и тие што имаат се стари и не им функционираат. И конечно пред еден месец Инспекторатот за животна средина и официјално го регистрира тоа на што јавноста укажуваше цела година и потврди дека хотелите Радика, Бистра, Спорт, Лодге и Алпине, помали погони, како на пример ЕуроЕдил, Новитет и Техно Блок, сите лоцирани во село Скудриње, немаат пречистителни станици или елаборати за заштита на животната средина. До крајот на март, изјавија тогаш од инспекторатот, ќе се изврши надзор врз сите правни субјекти и ќе се преземат мерки за корекција на неправилностите. Информациите од овој надзор сѐ уште се чекаат. Дел од жителите на Никифорово се на суд со Националниот парк Маврово за неконтролирана сеча на нивната, приватна шума. Ај што неконтролирано вршат сеча на шума на државно земјиште, се забораваат па тоа го прават и по приватните шуми, велат тие. Во Општината Маврово-Ростуше се чини дека функционира само издавањето на дозволи за градба. Како никогаш досега во Маврово се гради и покрај сериозните проблеми со инфраструктурата. Од општината признаваат дека не секогаш се почитува стандардот за забрана за градба во заштитниот појас во Националниот парк и дека не секогаш се почитува одредбата од Законот за води за забрана за градба од 50 метри од максималната кота на Мавровското Езеро. Но, за тоа секогаш има некакво објаснување со поинакви толкувања и решенија од Министерството за транспорт и врски, од Министерството за животна средина и просторно планирање и од ЕСМ, државната компанија која стопанисува со езерото. За сите овие проблеми, велат жителите од месните заедници од селата Леуново, Никифорово, Маврово и населбата Маврови Анови, веќе е информиран и државниот врв и очекуваат соодветна реакција од нив. Во спротивно најавуваат дека на денот на локалните избори ќе се организираат и ќе ги блокираат сите патишта на службениците кои ден пред тоа ќе го носат гласачкиот материјал во оваа општина. А веќе се работи и на моделите за тоа како Маврово пак да стане општина во границите како и претходно. https://www.mkd.mk/makedonija/politika/mavrovchani-go-krevaat-glasot-najavuvaat-bojkot-na-lokalnite-izbori-i-baranje-za |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Имав отворено посебна тема за интервјуа и кампањи од градоначалници, ама мистериозно ја снемало. Ако не сум во право, ве молам префрлете, незнам каде е.
Денес Шилегов гостувал на ТВ24. Прва точка: овој Мишко водителов е екстремно глуп. Втора точка: Шилегов за неколку ситници се направи наудрен, ама му пројде поради глупоќата на овојга од првата точка. На пример кажа дека карши Холидеј-Ин имало во тоа куќарките дури 2000 жители и требало да им се решава стамбеното прашање. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Аеродром
![]() ![]() https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom/ ... од твитер ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВИДЕО | Златко Марин: Ќе побарам уште еден мандат, ако дозволи партијата – ред е проектите што сум ги почнал, јас да ги завршам
Иако во јавноста се добива впечаток дека во Аеродром се градат голем број згради, морам да кажам дека тоа не е точно. Зградите коишто гледате дека се градат се од затекнатите урбанистички планови од 2012-2013 година. Од друга страна, во Аеродром се градат и паркови, рече градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, во интервју за Утрински брифинг. – Јас како градоначалник стојам на зборот дека нема да издавам одобренија за градби и да правам Детален урбанистички план со кој ќе се овозможи континуитет на градбата во централното јадро на Аеродром. Планираме да го урбанизираме потегот на Трета македонска бригада, којшто во моментов е индустриска зона, како и во делови од населба Лисиче, изјави Марин. До крајот на неговиот четиригодишен мандат останаа уште пет месеци. Голем дел од ветените проекти во предизборната кампања останаа нереализирани, на што Марин одговара дека голем дел од проектите се отпочнати или се во подготовка. За да се направи еден капитален проект неопходна е подолга процедура. Веќе имаме изградено една градинка, а активностите за другата се во тек. Донесено е идејното решение за општинската зграда, во моментов се изработува основниот проект. Исто така, направивме доградба на училиштето „Лазо Ангеловски“ во кое повеќе нема да има трета смена, а реконструирано е и училиштето „Димитар Македонски“. Постигнавме и договор со Министерство за здравство за изградба на нова амбуланта во населба Лисиче. За да можам да ги реализирам проектите кои се отпочнати, ќе побарам доверба од граѓаните за уште еден мандат, но пред тоа за моето евентуално кандидирање на локалните избори, ќе одлучи мојата политичка партија. Сепак, проектите кои се веќе започнати, секако ќе бидат завршени, но убаво би било ако јас сум ги започнал, јас и да ги завршам, вели Златко Мерин. Голем број критики стигнаа на негова адреса, посебно откако си набави скап „ајфон“ од дури 1 600 евра, и најави изградба на голф терени кои ќе чинат 2,5 милиони евра, па дури и откако неодамна дел од фонтаните во Аеродром ги затрупа со земја и во нив насади цвеќиња. Телефоните коишто ги набавивме јас и дел од администрацијата не се купени, туку добиени по пат на субвенции од мобилната мрежа на која сме претплатени. Никој не треба да се сомнева, јас одговорно тврдам дека ниту еден службен телефон не е купен со парите на граѓаните, односно од Буџетот на општината. Што се однесува на теренот за голф, морам да кажам дека не станува збор за инвестиција на Општината. Потпишавме меморандум за соработка со голф федерацијата, по што ќе следува соработка со инвеститор преку јавно приватно партнерство. Верувам дека ќе привлече голем број посетители и од локалното население, но и од туристи од цела држава и странство, информира Марин и додава дека фонтаните биле пренаменети во големи саксии на барање на граѓаните, бидејќи истите подолги години не биле во функција. Општина Аеродром формира ново јавно претпријатие, поради што граѓаните стравуваат дека тоа ќе значи нови вработувања и одлевање на пари од буџетот за плати. Меѓутоа градоначалникот тврди дека претпријатието нема импликации врз буџетот на Општината, а ќе овозможи полесна реализација на некои проекти. https://www.slobodenpecat.mk/video-zlatko-marin-ke-pobaram-ushte-eden-mandat-ako-dozvoli-partijata-red-e-proektite-shto-sum-gi-pochnal-jas-da-gi-zavrsham/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
МојГрад за еден поинаков град: Скопјани ќе ѝ посочуваат на локалната власт кои проблеми да ги решава
Според досегашните резултати од гласањето на платформата, трите граѓански предлози кои во среда ќе бидат ставени на агендата на Советот на Градот од советничката Драгана Велковска се субвенции за стерилизација на милениците, предлог за пристапни улици и тротоари за лицата со хендикеп и предлог за отстранување на хаварисаните возила од Скопје Стотици корисници на платформата „МојГрад“, само во првата недела од постоењето на независната платформа со гласање за повеќе предлози се приклучија на идејата за демократизација на локалната власт во Скопје. Според досегашните резултати од гласањето, трите граѓански предлози кои во среда ќе бидат ставени на агендата на Советот на Градот од советничката Драгана Велковска се субвенции за стерилизација на милениците, предлог за пристапни улици и тротоари за лицата со хендикеп и предлог за отстранување на хаварисаните возила од Скопје. И викендов скопјани ќе можат да гласаат за нивните омилени предлози на МојГрад, во пресрет на седницата на Советот во среда. „Со ваквиот механизам за пренесување на предлозите на корисниците на платформата во Советот од страна на советничката Велковска, за прв пат се овозможува директно изразување на желбите и потребите на скопјани во локалната администрација, што беше и причината на основањето на платформата минатата недела од екоактивистот и креатор на апликацијата МојВоздух, Горјан Јовановски“, се вели во соопштението од „Зелен хуман град“. https://360stepeni.mk/mojgrad-za-eden-poinakov-grad-skopjani-ke-posochuvaat-na-lokalnata-vlast-koi-problemi-da-gi-reshava/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Крупни „ѕверки“ ќе ја грабнат македонската земја багатела
https://samoprasaj.mk/naacik/2003-2021-05-25-09-03-34 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Баш ме интересира со каква количка ќе може лице со инвалидитет самостојно да се искачи по рампата(изворно од твитер)
![]() |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2930313233 34> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |