![]() |
![]() |
![]() |
Гаражни објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3031323334 36> |
Author | ||
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
|
Изгледа се дрвца, а според мене треба комплетно да се раззеленат и решетките од страните. |
||
![]() ![]() |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Веројатно еден од ретките објекти изградени во последно време на кои се внимавало да се вклопи со околните згради.
|
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
И другите се вклопуваат со околните згради, откако истите тие згради ќе се префасадираат бидејќи не им дихтувале прозорците
![]() |
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Е вака го замислувам јас Скопје, модерно!
Инаку да, на врвот има дрвца, сигурно ќе личи многу убаво кога ќе разеленат ![]() |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
КАТНИ ГАРАЖИ КАКО ПЕЧУРКИ ПО ДОЖД
Со катната гаража кај Музејот на холокаустот, Скопје ќе има над 2.500 паркинг- места, не сметајќи ги оние во катните гаражи на приватните инвеститори СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА Скопје се' уште има проблеми со паркирањето. Особено централното подрачје. И покрај воведувањето зонско паркирање и покрај изградбата на бројни катни гаражи во центарот на градот, и натаму е проблем да се паркира. Во Деталниот урбанистички план за „Малиот ринг“ во последните три-четири години почнаа да никнуваат маркички за катни гаражи како печурки по дожд. Некои од овие објекти веќе се изградени и во функција, а некои се во тек на изградба. Но, факт е дека повеќето од катните гаражи зјаат празни во поголем дел. Сепак, надлежните не се откажуваат од намерата да градат уште вакви објекти. Во моментов во градот има речиси 3.000 паркинг-места во катни гаражи, без оние на приватните инвеститори. А приватни се: „Зебра“, катната гаража „Импексел“ зад Универзална сала, катната гаража до „Веро“ кај „Идадија“ и објектот спроти МАНУ која е инвестиција на фирмата „Макоил“, во чија сопственост се уште две локации со иста намена, и тоа зад „Веро-центар“ и на плоштад во близина на поранешната зграда на „Телеком“. Освен овие, приватен сопственик има и катната гаража предвидена кај „Автомакедонија“, за која има голем отпор од жителите на околните згради, па засега е неизвесно дали таа воопшто ќе се гради. Кога во 2010 година беа носени измените на ДУП-от, беше планирано да се градат осум катни гаражи на државно земјиште. Четири требаше да гради и со нив да стопанисува Јавното станбено претпријатие, а по две да добијат Градот Скопје и Општината Центар. Станбеното претпријатие ги доби двете локации на самиот плоштад, лево и десно кај МЕПСО и ЕЛЕМ, парцелата кај Музејот на холокаустот и кај Работнички дом, но подоцна, поради финансиски причини, се откажа и и' го врати на државата земјиштето на постојниот мал паркинг на „Телеком“, кое потоа го купи „Макоил“ по цена од 500 евра за квадрат. Градот Скопје ги доби локациите кај „Беко“ и кај „Автомакедонија“, додека Општина Центар парцелите кај Судска палата и до „Нова Македонија“. Градот Скопје досега изгради една катна гаража. Од 2013 година во функција е катната гаража на улицата „Свети Кирил и Методиј“, спроти дирекцијата на „Макпетрол“, кај стариот Цветен пазар. Објектот има капацитет од 445 паркинг-места, од кои 17 места се за лица со посебни потреби. Катната гаража го доби името „Македонска фаланга“ и со неа стопанисува ЈП „Градски паркинг“. Изградбата на овој објект чинеше 743 милиони денари, или приближно 12 милиони евра. Втората катна гаража „Тодор Александров“, на улицата „Даме Груев“ спроти полициската станица „Беко“, се' уште се гради. Има седум ката над и две нивоа под земја и капацитет од 605 паркинг-места. Проценките се дека инвестицијата ќе изнесува 850 милиони денари, односно околу 13,8 милиони евра. Општина Центар е инвеститор на катната гаража кај Судска палата. Кај овој објект се појави проблем поради неквалитетната градба, па поради прокиснување гаражата еден период не беше употреблива. „Центар во моментов не гради ниту една катна гаража. За објектот што требаше да се гради кај ’Нова Македонија‘ договорот е раскинат, а раскинат е и договорот за кредит за негова изградба“, велат од Општина Центар. Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор стопанисува со три катни гаражи. Веќе се во употреба две, „Разловечко востание“ пред Работнички дом и „Солунски конгрес“ кај МЕПСО, а во тек е изградбата на катната гаража „Смилевски конгрес“ до Музејот на холокаустот, која ќе располага со 169 паркинг-места. Ќе има едно подземно ниво, приземје и седум ката над земја за паркирање. Зацртан е и рокот за изградба, октомври годинава. „Разловечко востание“ има модерна застаклена фасада и располага со 516 паркинг-места, додека катната гаража „Солунски конгрес“ е во барокен стил и има простор за 280 возила. Овој објект е на две подземни нивоа, приземје и девет нивоа за паркирање и поткровје. „Сите катни гаражи располагаат со административно-деловен простор со различна намена. Паркирањето во ’Солунски конгрес‘ е целосно автоматизирано, објектот е со висока технологија и еден од ретките од ваков тип на Балканот и воопшто во Југоисточна Европа“, велат од АД за станбен простор и објаснуваат дека објектот располага и со кафе-ресторан, видиковец, информативен систем за следење на процесот на преземање на возилото и идентификација на слободен лифт, како и со паркинг-менаџмент сервер. http://www.utrinski.mk/?ItemID=9197136700BB4243BC6C098DB67C7717 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
Во катната гаража „Судска палата“ ќе се селат „Паркинзи“ и независната културна сцена
![]() Дел од катната гаража „Судска палата“ ќе се адаптира во канцеларии за општинското јавно претпријатие „Паркинзи“, а друг дел во простории за некоја независна културна сцена, информира градоначалникот Андреј Жерновски. Гаражата речиси една година беше во еден свој дел нефункционална како последица на невремето што се случи на 23 мај минатата година. Беше поплавена во голема мера, а надлежните од Општина Центар тврдеа дека станува збор за грешки на фирмат-изведувач „Бетон“. повеќе на линкот: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=412627095671FB468E9DC8DBB44CB225 |
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Конечно е послушан гласот!
|
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Привршува изградбата на подземната гаража кај МОБ
Градежните работи за изведба на новата подземна гаража кај Македонската опера и балет (МОБ) се приближуваат кон својот крај. Скопски „Бетон“ ја привршува работата на терен, а деновиве Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија публикуваше оглас за пронаоѓање компанија што ќе ги изведе трите излези од подземното паркиралиште со капацитет од 845 паркинг места. Тие процениле дека изградбата на излезите од идниот паркинг ќе чинат околу 1,7 милиони денари, без вкалкулиран ДДВ. Доставувањето на понудите за реализација на зафатот е до 19 јуни, по што ќе следи изборот на градежна компанија што ќе ги изведе излезите. ![]() Изградбата на подземната гаража на две нивоа доцни веќе една и пол година. Паркингот ќе се протега на површина од 21.770 метри квадратни, а неговото завршување е од исклучително значење, поради тоа што не постои адекватен паркинг капацитет за новоизградените објекти од проектот „Скопје 2014“ долж реката Вардар, но и за објектот на Македонската опера и балет. Од државниот буџет за новата подземна гаража кај МОБ се издвоија финансиски средства од над 570 милиони денари, односно околу 9,3 милиони евра. http://www.build.mk/?p=44807 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
Која компанија ќе гради катна гаража во населбата Карпош-1?
Се отвора ли можноста за изградба на катна гаража во скопската населба Карпош-1? Општина Карпош вчера продаде градежна парцела со површина од 1.193 метри квадратни наменета за објект од комуналната супраструктура. Според неофицијалните информации на „Билд“, најверојатно е дека на оваа локација ќе се гради катна гаража. Неизграденото градежно земјиште се наоѓа помеѓу улиците „Никола Тесла“ и „Орце Николов“, а маркичката е вцртана во неодамна донесениот ДУП за „Градска четврт З 08“ од страна на Советот на општина Карпош. Иако е неопходно да се објави за пошироката јавност, овој детален урбанистички план до денешен ден не е поставен на веб-страницата на општината. ![]() Атрактивното земјиште на вчерашното електронско јавно наддавање е продадено по цена од 6.292 денари за метар квадратен. Покрај за обезбедување на паркинг – простор, вцртаната маркичка за идниот објект предвидува и компатибилни класи на намена – мали комерцијални и деловни намени, големи трговски единици, големи угостителски единици и деловни простори. Вкупната развиена површина на идниот објект ќе изнесува 4.932 метри квадратни, додека неговата висина ќе достигне 17 метри. Иако „Билд“ денеска достави прашања до Општина Карпош, од локалната самоуправа не беа заинтересирани да зборуваат на оваа тема. Она што засега останува нејасно е името на идниот инвеститор на катната гаража што треба да се гради на оваа локација. Воедно, од Општина Карпош денеска не сакаа да одговорат што точно е предвидено да се гради на оваа парцела во Карпош-1, ниту пак да кажат од кои причини не е објавен Деталниот урбанистички план за „Градската четврт З 08“. Компанијата што планира да гради катна гаража на земјиштето треба во рок од девет месеци да обезбеди одобрение за градење од страна на локалната самоуправа. Пред само неколку дена, на територијата на Општина Карпош се собираа потписи против донесувањето на ДУП-от за населбата Карпош-4. Негодувајќи поради најавите за уништување на зелените површини, граѓаните поведоа иницијатива за собирање на потписи за враќање на предложениот урбанистички план на јавна расправа. Жителите на оваа скопска населба се жалеа на фактот што во урбанистичкиот план се појавуваат парцели за изградба на паркинзи, станбени објекти и деловни објекти на местото на постоечкото зеленило. http://www.build.mk/?p=46645 |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
ГАРАЖАТА КАЈ ЦВЕТЕН ПАЗАР ПОВЕЌЕ ТРОШИ ОТКОЛКУ ШТО ЗАРАБОТУВА
![]() Градските власти признаваат дека катната гаража „Македонска фаланга“ кај поранешен Цветен пазар е неискористена. Слободни паркинг-места во објектот има на претек, но таму ретко кој се паркира. Гаражата речиси зјае празна цели две години. Објектот троши вода, струја, има и други тековни расходи, па така трошоците секојдневно се таложат, а приходи има едвај по некој денар. Ваков заклучок генерално може да се донесе врз основа на одлуката на Советот на Град Скопје, на ЈП „Градски паркинг“ да му се помогне финансиски. Имено, Советот на последната седница реши да му додели субвенции на претпријатието во висина од речиси 250.000 евра. „Во последниве две години, претпријатието се соочува со сериозни тешкотии во работењето поради што во своите финансиски извештаи искажува негативен финансиски резултат, односно загуба. Причини за тоа има неколку. Како главни тешкотии во работењето се јавуваат трошоците за одржување на катната гаража кои се неспоредливо поголеми во однос на приходите што се остваруваат од работењето, особено ако се земе предвид дека повеќето претплатници се од категорија вработен во правен субјект. Истовремено, причина за загубата е и бесплатното паркирање на категоријата станар во населба Аеродром за прво, второ и трето возило, како и за прво возило во Центар“, се вели меѓу другото во образложението за финансиската помош на „Градски паркинг“. И затворањето на неколку градски паркинзи поради изградба на хотели и други објекти на нивно место е една од причините што влијае врз намалениот приход на претпријатието. Освен субвенции за покривање на загубите, од Градот досега не најавија конкретни мерки како да го решат проблемот, ниту, пак, за тоа како долгорочно да му помогнат на ЈП „Градски паркинг“. Опозицијата во Советот на Скопје, пак, најавува дека ќе предложи намалување на цената за паркирање, што, според нив, сега е главната причина зошто граѓаните не ги користат катните гаражи. „Пред се', ние сме против изградба на катни гаражи во центар од неколку причини. Но, кога веќе работата е згрешена, ќе се исправи само со корекција на цената. Сметаме дека паркирањето во катните гаражи треба да поевтини и така тие ќе станат достапни за граѓаните“, вели Драги Давчевски, член на СДСМ во Градскиот совет. Од ЈП „Градски паркинг“ вчера не беа достапни за коментар. Инаку, независно од досегашниот исход од работењето на „Македонска фаланга“, Град Скопје во меѓувреме ја доизгради и ја пушти во употреба катната гаража спроти „Беко“, која, сепак, два месеца од сечењето лента, се' уште е нефункционална. http://www.utrinski.mk/?ItemID=7FD92DEBF16F614C894A302E711DEA89 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
|
tek koga ke se urbanizira ovaa oblast, te ima nekakva funkcija garazava. isto i taa garaza na makoil kaj bibliotekata i taa kaj koco racin. nekako kako da nemaat strategija koga gi stavaat garazive
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Kako da se koristat garazite koga na sekoj cekor Imame na divo parkirani vozila. Za da se koristat treba da se stavi red i so kazni da se menuva mentalitetot na narod koj misli deka treba da parkira dva metri do mestoto kaj sto naumil da otide i narod koj so decenii e ucen deka vo strogite centri na gradovite treba da odi so avtomobil i da parkira besplatno.
|
||
![]() |
||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
|
Не култузин, ова е само еден добар пример за муабетот што го правевме за возовите, дека немањето на добра стратегија резултира во вакви ситуации. Без разлика на тоа дали луѓето ќе ги користат или не, денес или утре, локациите на овие гаражи се тотално утнати, насадени без никаква стратегија за тоа какво ќе биде движењето во центарот на градот.
|
||
Македонија - Земја на чудата!
|
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Паркоматите до пред некое време не работеа (може сеуште не работат), ама затоа си има повеќе вработени за таа намена, а апаратите за украс стојат.
|
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
е затоа постои институцијата урбанистички план и стратегија за развој... нешто врз кое што македонската политичка сцена постојано извршува нужда
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
Petar Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Sep-2014 Online Status: Offline Posts: 271 |
![]() ![]() |
|
Апсолутно точна дефиниција на проблемот.
![]() |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
затоа што побитно од се беше да се стават два паркинзи под различна капа еден до друг и да си ги мериме...
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Mnogu e glupavo toa sto vo centar se napravija katni garazi kade nema voopsto nikakva potreba,a vo Aerodrom ima samo edna katna garaza pa zatoa kolite stojat po trotoari i ulici(primer ulicata Simeon Kavrakirov). Trebase da se napravi edna katna garaza na vlezot vo opstinata.
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
мора да разбереме дека проблемот не е само во недостигот на паркинг, ниту пак катните гаражи се решение... еве јас живеам на 100 метра од гаражата па немам каде да паркирам
ај ако не нека купуваат и возат сите по пет коли во фамилија па гаражи ќе им правиме после... Кавакиров е полна затоа што во околината сите места каде што можеш да влезеш со кола или имаат столпчиња, или потпаѓаат под зонско, или имаат само две ленти и нема простор за паркирање јас пред 20 години живеев на таа улица и памтам дека секогаш сите се паркираа на нејзе затоа што зградите кои се наоѓаат таму немаат свој паркинг... ако ништо друго, барем не се паркира никој на тротоарот таа уличка сепак сега е колекторска и дури и вака со една лента зафатена од возила функционира сосем ок |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3031323334 36> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |