![]() |
![]() |
![]() |
Разно |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 31323334> |
Author | |
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() сосема заборавив на фактот дека станови се продаваат во изградба... имавме и мрсни скандали за некои од таквите продажби ако добро памтам среќа, на многу луѓе не им се ризикува така сеуште ама сепак куповната моќ се повеќе диктира темпо и стандарди е тука веќе може да ги обвиниме купувачите, ама како што реќе и јузер претходно, мора да се става полека крај и на тие работи и да се оди или со правна коректност, или со забрана |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Зимница во согласност со законот
Граѓаните да се внимателни во пресрет на сезоната за зимските подготовки: 3.000 денари казна за загадувачите на животната средина Старо-новата есенска спортска дисциплина, позната како правење зимница, веќе на големо е активна во метрополата. Мирисот на „забаботени“ ќумбиња, печени пиперки, модри патлиџани, ајвар и други јадења препознатливи за нашето поднебје, на големо може да се почувствува низ населбите во Скопје. И сето тоа е во ред, меѓутоа само доколку се почитуваат правилата на игра, односно ако не се загадува околината и отпадоците од зимниците не се фрлаат на соодветно место предвидено за нив. ЗИМНИЦА ШТО ЈА ЗАГАДУВА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Иако традицијата полека се губи и со евтината понуда на маркетите на ајвари, лутеници, пинџури и други традиционални јадења што се приготвуваат, сепак некои граѓани не сакаат да купуваат, односно не сакаат да се откажат од вкусот на домашно приготвена зимница. И сето тоа е во ред доколку ги почитуваат правилата на една метропола. Сепак, многумина се жалат дека имаат крајно несовесни соседи, кои освен што во ќумбињата горат разни отпадоци, ѓубрето го оставаат на улиците, откако ќе си ги измијат дворовите. – И јас сакам домашно приготвена зимница, меѓутоа кога ја правам, ја правам без да му пречам некому или да оставам ѓубре. Живеам во населба каде што има претежно куќи со дворови, па затоа и имаме голем проблем. Некои од соседите претеруваат со неодговорното однесување. Горат и гуми и разни штици во ќумбињата, со што директно нѐ трујат. Дополнително, кога ќе завршат со приготвувањето, си ги мијат дворовите, а лушпите, семките и преостанатиот отпад ги исфрлаат на улиците или во атмосферските канализации – вели Сузана Михајловска, жителка на скопската населба Чаир. ОРГАНСКИОТ ОТПАД ДА СЕ ФРЛА ВО КАНТИ ЗА ОТПАДОЦИ, НЕ ВО АТМОСФЕРСКАТА КАНАЛИЗАЦИЈА Водоводното претпријатие мака мачи со несовесните граѓани, кои органскиот отпад од зимниците го исфрлаат во атмосферската канализација. Велат дека со тоа предизвикуваат проблем на целата канализациска мрежа, ризикуваат да ја затнат, па при поројни дождови таа нема да биде функционална и нема да ја собира надојдената вода. – Канализациската и атмосферската канализација не се место каде што се фрла каков било отпад освен оној за кој се наменети. Затоа апелираме до граѓаните да се однесуваат совесно и отпадоците да ги фрлаат на соодветно место – информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Градските власти за овој проблем постојано информираат дека граѓаните што не се однесуваат соодветно го прекршуваат Законот за јавна чистота. Инспекторите се постојано на терен и претежно ги опоменуваат граѓаните, но може да се случи и да бидат санкционирани прекршителите на законот. Во согласност со законот, казната за овој прекршок изнесува 50 евра во денарска противвредност. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/зимница-во-согласност-со-законот/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Мичурин,нова зграда(од твитер)
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Јавни ќенефи поставени покрај рекреативната патека на кејот на Вардар
![]() ![]() Покрај патеката на кејот на Вардар од Аеродром до центар што служи за рекреативно трчање или пешачење, се поставени јавни мобилни вециња (тоифор). Ги има поставено на повеќе локации долж патеката. Впрочем, тоифор имаше и кај галијата кај „Холидеј Ин“, но на некој(и) хулигани им пречел и го фрлиле во Вардар. Да не се нашол еден од столбовите на галијата за кој се закачил, тоифорот „гордо“ ќе пловеше низ Вардар. Проблемот со немањето јавни тоалети во главниот град кои треба да им помогнат на тркачите рекреативци на кејот на Вардар, кои наместо да се стискаат би спортувале многу полесно, провејува со години. Срамежливо се спомнува и се „решава“ во повеќе изборни циклуси, но не толку гласно како што беше во трката за градоначалник на Град Скопје на локалните избори минатата есен. Токму немањето на вакви тоалети во Скопје, беше тема на жестока дебата меѓу кандидатите за градоначалници на Скопје. Бени Шакири од коалицијата ЛДП-ДОМ и Перо Георгиевски од Левица му забележаа на ексградоначалникот Петре Шилегов дека не ја исполнил програмата за 2017 година дека ќе постави тоалети низ градот. Шилегов, тогаш им одговори дека „барокот не оставил место за јавни тоалети, а во малото и големото корито на Вардар не смеат да се поставуваат“. https://www.vecer.press/јавни-ќенефи-поставени-покрај-рекреа/ |
|
![]() |
|
Citizen ![]() Groupie ![]() Joined: 18-Mar-2020 Online Status: Offline Posts: 49 |
![]() ![]() |
Се надевам дека се привремено решение, затоа што не изгледаат убаво. Може треба да се најде друг дизајн/форма која повеќе би се вклопувала. Вака бодат очи. Инаку да, треба да има јавни тоалети, срамота беше што немаше со години.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Борбата за урбаното зеленило се сведе на политички виц
![]() Законот за урбано зеленило којшто предвидува 20 отсто од секоја градежна парцела да биде наменета за зелени површини е неприменлив во повеќето скопски општини кадешто се гради по стари детални урбанистички планови. Инвеститорите коишто побарале одобрение за градење пред 2018 година, кога стапи на сила овој закон не подлежат на обврската за зголемување на процентот на зеленило во рамките на градежните парцели без разлика на тоа дали одобрението им е издадено по усвојувањето на новата законска регулатива. Дополнително, на градежните компании им се остава простор да го зголемуваат габаритот на објектите, а урбаното зеленило да го компензираат со зелени тераси и кровови. Со тоа станува јасно дека Скопје ќе продолжи да прераснува во бетонска џунгл и покрај декларативните заложби на политичарите за озеленување на градот и борба против загадувањето и нехуманите услови за живот. Проценти за зеленило од ракав Дури и најголемите лаици коишто многу малку или воопшто не се запознаени со пропишаните проценти за задолжително урбано зеленило во рамки на градежна парцела, препознаваат примери особено низ главниот град каде што е невозможно да се најде место ниту за некоја обична грмушка или дрвце коешто ќе го оплемени просторот во околината на станбените објекти. Такви примери има во сите скопски општини без исклучок, а ние регистриравме само неколку. Овие примери се во општините Кисела Вода и Карпош и тоа на прометни локации. Според информациите поставени на градилиштата од страна на инвеститорите, одобренијата за градење се издадени по 2018 година односно откако е усвоен Законот за урбано зеленило во кој јасно е пропишана обврската од 20 отсто на парцела да се остави за зеленило. Се обидовме да исконтактираме со инвеститорите при што иако ни беше ветено, сепак не добивме одговор од ниту еден и покрај тоа што прашањата беа едноставни – дали постои можност да се исполни законската обврска и кои се опциите да се збогати урбаниот просторот наоколу. Од Општина Карпош тврдат дека барањето 47-433 на инвеститорот за издавање на одобрение за градење на станбена зграда на ул. „Никола Парапунов“ бр.7, инвеститор „Диас Констракшн Билд“ е поднесено во 2017 година и дозвола за градење е издадена на 21.06.2021 година. „Одобрението е издадено согласно позитивните законски и подзаконски акти важечки во тој период, како и посебните и општите одредби кои се составен дел на Деталниот урбанистички план за локалитет Карпош 4 У.М.М1 донесен со одлука на Совет на Општина на 26.08.2013 година. Во општите одредби се предвидува озеленување на градежна парцела од 10% до 20% без понатамошни прецизни укажувања. Во основниот проект е предвидено зеленило во североисточниот дел на градежната парцела. ДУП-от е донесен пред, а и барањето е поднесено пред Законот за урбанистичко зеленило во 2018 година и не подлежи на истиот“, велат во Општината. Што се однесува до вториот објект кој исто така е во фаза на градба, а се наоѓа во близина на бул„Илинден“ ( КП бр.683/2 КО Карпош), инвеститори „Гротекс Градба“ и „Компанија Велкоски“ од Општината велат дека истиот е одобрен во 2021 година и за прв пат по ДУП кој е усогласен со Законот за урбанистичко зеленило. Во писмениот став од Општина Кисела Вода велат дека за градбата на улица Есенинова бр.13 со одобрение за градење 13-50, инвеститор „Спектартермо“, по одредбите од Деталниот урбанистички план, потребно е минимум 5% зеленило, а од проектната документација, предвидено е ниско зеленило (трева). „По завршување на градбата инвеститорот е должен партерно да ја уреди Катастарската Парцела. Додека пак, за градбата во тек на улица Иван Козаров, инвеститор „Атлас Инвест С19“ во Скопје со одобрение за градба 13-481, по одредбите од ДУП-от потребно е 5 до 10% зеленило. И во овој случај станува збор за ниско зеленило (трева)“, велат од Општината. Оттаму нагласуваат дека инвеститорите се должни да градат согласно одобрената проектна документација. Во спротивно, локалната самоуправа ќе постапува согласно законските одредби. Префрлање на одговорноста Иако во член 41 од Законот за урбано зеленило пишува дека обврската за вршење на надзорот над целокупното спроведување на Законот припаѓа на Министерство за животна средина, оттаму сепак велат дека вршат контрола/надзор над спроведување на одредени административни работи, но надлежноста за инспекцискиот надзор ја префрлија на овлaстените комунални инспектори од општините/единиците на локална самоуправа. Од Министерството за транспорт и врски исто така прстот го вперија во општините (во конкретните случаи Карпош и Кисела Вода), со оглед на тоа што станува збор за станбени згради, односно градби од втора категорија. Адвокатот Иван Лефков вели дека Законот за урбано зеленило не може да се применува за одобрениејата за градење издадени пред тој да стапи на сила. „Сите неизградени градби кои имаат дозвола за градба согласно пропишаните детални урбанистички планови според стариот закон, не мораат да ја почитуваат законската обврска за 20% зеленило, ниту пак постои начин како тоа да им биде наложено бидејќи согласно Уставот повратното дејство на законот за нив би било понеповолно“, смета адвокатот Иван Лефков. Според него, единствено што може да најде примена во насока на почитување на пропишаните 20% урбано зеленило е предвидено во член 20 став 2 од Законот и таму пишува дека на градежните парцели со веќе изградени објекти, каде што не постојат просторни можности за обезбедување на процент за зелена површина, се прави компензација токму со поставување дрвореди и зеленило во жардињери, на кровни тераси и фасади. Сепак, пејзажните архитекти укажуваат дека ваквото решение не може да биде замена за урбаното зеленило. Суспензија и ревидирање на ДУП-овите Ана Петровска, поранешната директорката на Државниот инспекторат за животна средина решение гледа во евентуалното суспендирање на сите стари урбанистички планови што не се усогласени со Законот за урбано зеленило и со кои се овозможува натамошно уништување на зеленилото и апелира да се вршат строги инспекциски контроли врз почитувањето на законот од страна на надлежни комунални инспектори. Скопје не е интересно за државните инспектори За Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да реагира, потребно е да ја увидат состојбата на терен. Во Скопје има стотици и стотици примери и во една прошетка може да се забележат повеќе објекти кои што би биле потенцијално „интересни“ за институциите. Но, што е запишано во тефтерите на државните инспектори? На официјалната веб-страница на ДИГУ објавени се шестмесечни извештаи за работата заклучно со крајот на 2020 година. Во скопскиот регион, за цела 2020 година се утврдени 9 неправилности – четири во првата, а четири во втората половина од годината. Направени се вкупно 41 надзори во Скопје и околината. И додека надлежните бескрајно ја префрлаат одговорноста од една на друга институција и сите пренасочуваат на друга адреса, лопатите и багерите на градежниците продолжуваат да го менуваат изгледот на градот. За тоа соодветно да се регулира, политичарите треба би носењето на новите закони добро да проверат дали се тие применливи односно кои закони и ДУП-ови треба истовремено да се изменат за новите одредби да функционираат во практиката. Во спротивно, борбата за враќање на урбаното зеленило ќе се сведе на фарса. https://doma.edu.mk/tehnosfera/borbata-za-urbanoto-zelenilo-se-svede-na-politichki-vic/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
КОСОВАРИ „НА ДИВО“ РАБОТЕЛЕ ВО СКОПЈЕ 10 работници граделе во центарот
Полицајци од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со инспектори од Трудов инспекторат, извршиле контрола на градежен објект на улицата Партениј Зографски, каде како изведувач на градежни работи е фирма од Скопје, соопшти полицијата. „При контролата, на објектот биле затекнати 10 лица, државјани на Косово, кои извршувале градежни работи. По дополнителните проверки било констатирано дека лицата го прекршиле Законот за странци“, се вели во соопштението од МВР: Против нив ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави согласно член 217 од Законот за странци, додека за правното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави од страна на Трудов инспекторат. https://plusinfo.mk/kosovari-na-divo-rabotele-vo-skop-e-10-rabotnici-gradele-vo-centarot |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ова е излгеда доста честа појава по градбите низ Скопје од причина што има огромен број нови градилишта а на секое во просек има по минимум 10-15 работници.
Со оглед дека има голем одлив на кадар во западноевропските земји чинам дека се почесто ќе има вакви случки, Исто беше и пред неколку месеца кај комплексот Дајмонд зад Рамстор. Во отсуство на ваков (не)легален прилив на работници објективе би се граделе со децении поготово оние поголемите комплекси. |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Ќе си станст легални. Ќе им извадат работна виза, или нека земаат работници од Отворен Балкан (мини Шенген). Ова е нелегално и треба некој да оди затвор. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Не знам каде е ова поточно,се рушат некои перални...
![]() ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=490495902771652&set=pcb.490495989438310 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ИНВЕСТИТОРИТЕ НА НОВИ ЗГРАДИ ТРЕБА ДА ПРЕДВИДАТ И ПАРКИНГ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР
![]() Инвеститорите на нови згради и деловни објекти во рамките на градежната парцелата треба да предвидат и паркинг простор за велосипеди. На вчерашната седница на Советот на Општина Центар беше донесена одлука со која се задолжуваат инвеститорите кои поднесуваат барање согласно Законот за градење да обезбедат паркинзи за велосипеди секаде каде има простор и можност истите да се постават. „Уредувањето и обезбедувањето на овие паркинзи за велосипеди во рамки на една градежна парцела треба да е правопропорционално на бројот на станбени единици и бројот на паркинг места за моторни возила. Се наложува минималниот потребен број на паркинг места за велосипеди кај новите и реновирани станбени згради со повеќе од три паркинг места за моторни возила да е две паркинг места за велосипеди за секоја станбена единица. Минимално потребниот број на паркинг места за велосипеди кај нови и реновирани објекти кои не се предвидени за домување со повеќе од пет паркинг места за моторни возила да е едно паркинг место за велосипед за секое паркинг место за моторно возило“, велат од Општина Центар. Според одлуката на Општината од вкупниот број паркинг места за велосипеди, минимум 50 отсто треба да бидат заштитени од кражба и атмосферски влијанија, предвидени во приземјето или на првото подземно ниво на објектот, во документациите кои се дел од постапките за издавање одобрение согласно Законот за градење. Веќе изградените деловни објекти треба да ја уредат и усогласат инфраструктурата и опремата за паркинг за велосипеди во рок од две години од стапувањето на сила на оваа одлука, додека имателите на други објекти, кои не се предвидени за домување и кои имаат паркинг простор со повеќе од пет паркинг места за моторни возила, треба да ја уредат и усогласат инфраструктурата и опремата за паркинг за велосипеди во рок од една година од стапувањето на сила на одлуката. „Со оваа одлука се стимулира поголема употреба на еколошки превозни средства и ќе се овозможи намален метеж во сообраќајот, но и намалена загаденост на воздухот од користење на моторни возила“, додаваат од Општината. Воведувањето на оваа мерка беше барање доставено до Општината од Здружението за урбан велосипедизам „НаТочак“. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/investitorite-na-novi-zgradi-treba-da-predvidat-i-parking-za-velosipedi-velat-od-opshtina-tsentar/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() тоа за коли нема паркинг, не па за велосипеди |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
КУЌАРКИТЕ НА КЕЈОТ ДА СЕ ИСПРАЗНАТ ЗА 15 ДЕНА Се користеле 4 години без договори
Претходниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, свесно ги оставил корисниците на куќарките на Кејот 13 Ноември четири години да ги користат противправно без да постои правен основ за нивно користење, соопштија денеска од Градот. Оттаму додаваат дека ваквата состојба, која постои од 01.02.2018 година најмалку им одговара на корисниците на овие привремени објекти и поради тоа Градот Скопје во транспарентна и законска постапка со објава на јавен оглас ќе ја разреши ситуацијата. Од Градот појаснуваат дека овие корисници за првпат се пријавиле на јавен оглас во 2011 година со договор од времетраење од една година, кој се продолжувал со анекс секоја наредна година. „Оваа пракса прекинала на 31.01.2018 година и овие граѓани целосно се ставиле во милост и немилост. Свесно биле оставени без дозвола и договор да ги користат куќарките, оставајќи можност на претходното раководство да се отстранат кога ќе посакаат. Постојната состојба е спротивна на прописите, ја ограничува конкурентноста и го оштетува буџетот на Градот и граѓаните“, се наведува во соопштението од Град Скопје. Корисниците се веќе известени дека во рок од 15 дена треба да ги ослободат куќарките од предметите кои се во нивна сопственост и да ги предадат објектите на Градот во состојба во којашто ги примиле според Записникот, затоа што не постои правен основ за нивно понатамошно користење. Во следниот период ќе се објави јавен повик на кој овие лица и сите останати заинтересирани ќе можат да се пријават за користење на јавни површини, односно за користење на куќарките. „Апелираме до сите медиуми и граѓани во своите натписи да не шират дезинформации, сите постапки кои Градот Скопје ги спроведува мора да бидат според законот и во целосно транспарентна постапка за да се создаваат позитивни политики за доброто на граѓаните, но и во насока на заштита на корисниците на куќарките, кои ќе можат правно да го регулираат својот статус и правото на користење“, се додава во соопштението на Град Скопје. https://plusinfo.mk/ku-arkite-na-ke-ot-da-se-ispraznat-za-15-dena-se-koristele-4-godini-bez-dogovori/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
текстов еј... „Шилегов ги остави на милост и немилост корисниците на овие тезги, па затоа сега ние ќе им ги одземеме и ќе почнеме повторно да ги наплаќаме“
![]() |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ФОРЦА“ НЕЗАКОНСКИ ГО ОДЗЕМА ИГРАЛИШТЕТО ОД ОУ „КИРО ГЛИГОРОВ“-Родителите утре излегуваат на протест
Родителите на учениците во основното училиште „Киро Глигоров“, во скопски Капиштец утре најавија протест против, како што велат комерцијалното отуѓување на игралиштето. -При донесувањето на одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“ правно е прекршена законската регулатива и заобиколено е мислењето на родителите. Со ваквата назаконски донесена одлука и ништовен договор, им се одзема на децата од Капиштец она што на политичките изборни кампањи им беше ветувано: школо и школско игралиште во коешто безбедно и безгрижно ќе ги поминат детските училишни денови. БАРАМЕ: 1. Итно стопирање на градежните активности 2. Раскинување на договорот (којшто веќе е правно ништовен) 3. Враќање на игралиштето во првобитната состојба и на слободно располагање на децата. 4. Да се преиспита законската регулатива којашто го уредува комерцијалното работење на училиштата со цел да се ограничат комерцијалните активности истите да се организираат единствено и само во интерес на учениците на школото, велат во соопштението родителите на учениците во ООУ „Киро Глигоров“ https://faktor.mk/forca-nezakonski-go-odzema-igralishteto-od-ou-kiro-gligorov-roditelite-utre-izleguvaat-na-protest |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
КРОС ПАТЕКА ЗА ТРКИ СО МОТОРИ СЕ ГРАДИ КАЈ АКВАДУКТОТ, ИНСПЕКТОРИ НА ГРАД СКОПЈЕ БАРААТ КОЈ ЈА ПРАВИ
![]() Крос патека за трки со мотори се гради кај скопскиот аквадукт. Околу аквадуктот кој лани Владата го прогласи за споменик од особено значење деновиве со камиони се носи земја, песок и гуми. Од „О2 Иницијатива“ на својата Фејсбук страна објавија фотографии од камиони кои носат земја за трасирање на крос патеката велејќи дека режимот на заштита на аквадуктот забранува да се внесуваат капацитети или да се воведуваат нови намени што предизвикуваат бучава, вибрации и загадување на околината. „ Поднесовме претставка до Управата за заштита на културно наследство, Инспекторатот на Град Скопје и Општина Карпош, Да видиме колку се почитува Одлуката за овој споменик како културно наследство од исклучително значење“, велат од „О2 Иницијатива“ Од Инспекторатот на Град Скопје велат дека уште вчера попладне по пријава излегле на терен и забележале дека се прави патека бидејќи имало истурено земја и поставени гуми. „Инспектори и денеска беа на локацијата, но не затекнаа никого за да може да се знае кој ги врши овие активности и на кого да му пишеме пријава. И попладне ќе излеземе на терен, а во меѓувреме издаден е налог просторот да биде исчистен односно гумите и земјата да се отстранат“, велат од Инспекторатот на Град Скопје. Со одлуката на Владата од лани Аквадуктот сега се вбројува во уставната категорија „добра од општ интерес за Република Северна Македонија“ и ужива посебна заштита во смисла на Уставот и Законот за заштита на културното наследство. „Со ревалоризацијата на аквадуктот е опфатено и прашањето за категоризација на доброто според неговото значење, а со тоа и прашањето за режимот на заштита. Одлуката овозможува трајно зачувување на Аквадуктот и на неговите вредности во културна и историска смисла, како и во однос на заштитата на архитектурата, на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа се овозможува конечно да започне и неговата физичка заштита“, рекоа лани во април од Министерството за култура. Аквадуктот сега е во одредени делови е пред распаѓање, тулите од столбовите паѓаат, а уште во 2019 година од Конзерваторскиот центар поднесоа пријава до непознат сторител бидејќи беа уништени 10 столбови. Тогаш полицијата го чуваше аквадуктот за да не дојде до негово целосно уништување. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kros-pateka-za-trki-so-motori-se-gradi-kaj-akvaduktot-inspektori-na-grad-skopje-baraat-koj-ja-pravi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Од утрово има голем пожар во Тетово, наводно некој магацин за градежни материјали (меѓу кои и стиропор), и уште не е изгаснат. Се шират гласини дека за тој простор биле предвидени десетина нови згради за градење.
![]() https://twitter.com/ja_dvojnik/status/1531210175767531520/photo/1 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
У Македонија нема потреба од палење објекти и шуми заради градење згради. Едноставно идеш, рушиш, и градиш. Тоа се муабети од Грција пред се кои доаѓаат кај нас, па сега луќето претпоставуваат дека има некакви задни намери.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПРЕКИНАТА НАСТАВАТА ВО ТЕТОВСКИТЕ УЧИЛИШТА ПОРАДИ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ОД ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ПОФИКС“
![]() Општина Тетово денеска донесе одлука да се прекине наставата во тетовските основни и средни училишта бидејќи воздухот е многу загаден од пожарот што утрово изби во склад за градежен материјал на фирмата „Пофикс“ од Тетово. „Секторот за јавни дејности на Општина Тетово донесе одлука да прекине наставата во училиштата, а учениците да не престојуваат на отворен простор туку да се упатат во своите домови. Исто така апелираме до сите граѓани денеска и утре да останат во своите домови и без некоја поголема потреба да не излегуваат надвор. Ние со пожарникарите сме на терен и тие работат на гаснењето на огнот. Побаравме помош и од Општина Гостивар од нивната противпожарна единица како и од Град Скопје. Тие се одзваа на нашиот повик и сега со заеднички сили работат на локализирање и гаснење на пожарот. Исто така од МВР е побарано да се испрати и хеликоптер кој би помогнал во гаснењето на пожарот. Од досегашните информации што ги имаме од тука на теренот, нема повредени лица само неколку кај кои има лесно задушување“, изјави Бесар Дурмиши, претседавач на Советот на Општина Тетово. Пожарот избил изутринава околу 9.30 часот во складишниот простор на фабриката за градежни материјали на формата „Пофикс“ кои се наоѓаат во поранешните простории на „Македонија Табак“. Во складовите имало најмногу складиран стиропор кој како лесно запалива материја, придонел пожарот брзо да се шири и тешко да се гасне. Пожарникарите прават огромни напори да го локализираат пожарот за да не зафат и други делови од складовите и фабриката. Вработените од фабриката и волонтери, забрзано од другите складишта изнесуваат големи количини стиропор за да не дозволат и тој да се запали. Во гаснењето на пожарот се вклучи и еден хеликоптер. Густиот и црн чад кој се издига од запалениот објект достигна височина од над еден километар и се проширува над целата површина од градот и може да се види од повеќе километри оддалеченост. Тетово полека паѓа во полумрак од густиот чад, па се препорачува граѓаните кога се движат низ градот да носат заштитни маски. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/prekinata-nastavata-vo-tetovskite-uchilishta-poradi-zagadeniot-vozduh-od-pozharot-vo-fabrikata-pofiks/ --------------------------------------------------------------------------- ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВО ДЕЛУМНО СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА, НО И ПОНАТАМУ НАД ГРАДОТ СЕ НАДВИВААТ ГУСТИ ОБЛАЦИ ОД ЦРН ЧАД ![]() Борбата на тетовските пожарникари со големиот пожар во складот на фабриката „Пофикс“ и понатаму трае. Поради големата површина која ја зафати пожарот на нив напомош им притекнаа противпожарните единици од Гостивар, Скопје, Куманово, Кавадарци, и едно возило со специјална пена од аеродромот ТАВ. Во гаснењето на пожарот учествува и градежната механизација од неколку фирми кои во цистерни носат вода, а се вклучи и еден полициски хеликоптер додека подоцна се приклучи и еден голем армиски хеликоптер. Во пожарот гори градежен материјал но најмногу стиропор поради што се излегува густ црн чад кој се надвисна над Тетово. Од Центарот за управување со кризи велат дека извршиле испитување на воздухот и дека во него не се детектирани отровни материи. „Тим на македонската армија од четата за атомска, биолошка и хемиска опасност, влезе непосредно до самиот пожар и со најмодерна опрема, донација од САД, изврши испитување на воздухот при што утврдија дека нема отровни гасови. Испитување на воздухот беше извршено и во околината па така од аспект на отровни гасови, воздухот е безбеден. За секој случај ние очекуваме и дополнително испитување на воздухот иако има мала веројатност да постојат отровни гасови кои нивната опрема не може да ги детектира. Видливо е дека има зголемено ниво на ПМ10 честички што значи дека воздухот е загаден, но нема отровни гасови. Покрај полицискиот хеликоптер побаравме поддршка и од еден армиски хеликоптер за да ја одржува линијата на стопирање на ширење на пожарот“, изјави директорот на ЦУГ Стојанче Ангелов. Поради густиот и црн чад претпладнево, кога изби пожарот, Општина Тетово донесе одлука денеска и утре да се затворат училиштата и градинките, а учениците и децата да се пуштат дома. Оваа наредба попладнево делумно е повлечена па утре наставата во тетовските училишта продолжува. „Во оваа фабрика се произведуваат производи врз база на нафтени деривати, кои се високо запаливи материјали и затоа иако е локализиран пожарот уште гори. Граѓаните на Тетово беа во неизвесност дали има штетни материи во воздухот поради пожарот. Од информациите кои ги добивме од ЦУК веќе сме посмирени бидејќи е утврдено дека нема отровни материи во воздухот. Сакам да ги информирам сите граѓани дека нема некоја посериозна опасност по нивното здравје. Исто така ги повикувам сите училишта од утре да продолжат со образовниот процес кој денеска беше прекинат сé додека не ги добивме овие информации“, изјави градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами. Пожарот во складишниот простор на фирмата „Пофикс“ изби изутринава околу 9 часот и триесет минути. Складот се наоѓа во просториите на поранешното претпријатие „Македонија табак“, а веднаш до него се и работните погони на фабриката. Иако тетовските пожарникари многу брзо пристигнаа на местото на пожарот, поради силниот пламен предизвикан од лесно запаливите материјали не може да го изгаснат, а густиот чад исто така ги спречуваше поуспешно да интервенираат. Во пожарот нема жртви, а неколку вработени кои се обидувале да го изгаснат пожарот полено се повредени поради вдишување на чадот. https://sdk.mk/index.php/makedonija/pozharot-vo-tetovo-delumno-staven-po-kontrola-no-i-ponatamu-nad-gradot-se-nadvivaat-gusti-oblatsi-od-tsrn-chad/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Енигма кој гради патека за трки со мотори кај Аквадуктот, надлежните разгледуваат можност за физичко обезбедување https://telma.com.mk/2022/05/30/enigma-koj-gradi-pateka-za-trki-so-motori-kaj-akvaduktot-nadlezhnite-razleguvaat-mozhnost-za-fizichko-obezbeduvanje/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 31323334> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |