![]() |
![]() |
![]() |
Урбанистички планови и парцели (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3132333435 66> |
Author | |||
Baze ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
![]() ![]() |
||
http://www.gazibaba.gov.mk/dup.html
овдека ги имаш сите донесени планови на Гази Баба
|
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
Овие два ДУП-ови речиси целосно го опфаќаат просторот околу фабриката, но не и самата фабрика, се надевам ти вршат работа. За жал немаат ниту легенда, ниту табеларни податоци... едноставно не се премногу user-friendly. http://www.gazibaba.gov.mk/images/dupovi_2011_03/07_keramidnica_ub1.gif http://www.gazibaba.gov.mk/images/dupovi_2011_03/08_keramidnica_ub1-.gif |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Во Куманово ќе се изработува нов генерален урбанистички план
Куманово, 12 март 2012 (МИА) - Советот на општина Куманово на последната седница донесе одлука за изработка на генерален урбанистички план, кој ќе ја опфати легализацијата на дивоградбите. Раководителот на секторот за урбанизам, Лидија Ланг Спасовска информира дека се совпаѓаат донесувањето на генералниот урбанистички план и процесот на легализација кој треба да заврши во наредните шест години. - Во Куманово има поднесено 19.000 барања за легализација, половината од нив влегуваат во градежниот опфат на општината, додека втората половина влегува во населбите кои гравитираат околу градот, појаснува Лидија Ланг Спасовска и додава дека токму совпаѓањето на термините овозможува да се добие вистинска информација од терен. Двата процеси ќе ги анализираат градежниот опфат и ќе посочат дали одредени населби каде има доста дивоградби ќе влезат во постојан градежен опфат, како што се населбите „Јане Сандански“,„Ајдучка чешма“,„Иго Тричковиќ“, „Железничка станица“. Се очекува да биде донесена одлука за донесување програма и да се пристапи кон донесување поголем број студии како сообраќајната, демографска, студија за културно наследство и за животна средина. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=92067870&lId=1&pmId= |
|||
![]() |
|||
G.I. Joe ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 417 |
![]() ![]() |
||
http://www.opstinacentar.gov.mk/page7901657.aspx ДУП Маџир Маало и Градска порта (Ново Маало)
|
|||
![]() |
|||
G.I. Joe ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 417 |
![]() ![]() |
||
mnogu novi DUP-ovi ima na stranata
|
|||
![]() |
|||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||
Во ГУП доминираат индустриските зони На Прилеп, со измените на законот за просторно планирање, му претстои интензивна урбанизација. Урбанизмот е основа за развој на било кој град. Има сегрегација на урбанизирањето - од просторен план, генерален урбанистички план кој се изработува за градот и е основен стратешки документ за развој на градот. Урбанистичката документација не е догма која е дадена еднаш за секогаш, таа се менува постојано и лоша проекција на ГУП, може далекусежно да се одрази лошо на следните генерации. Некогаш се ограничува развојот на градот. Преважни се тие плански одредби. Добар ГУП дава предуслов за изработка на коректни и издржани ДУП-ови. ГУП-от третира наменски зони. Во тие наменски зони се креира зона за домување, зона за индустрија, зона за трговија, зона за јавни објекти. Сега со новиот ГУП, повеќе е нагласена индустриската зона, согледувајќи ги потребите на нашиот град. Прилеп 1 е првата индустриска зона во близина на Металец? - Со стапката на невработеност природно се наметнува потребата дека треба да се форсираат напорите да се направи предуслов за изградба на нови стопански зони, во кои ќе се градат мали, големи и средни стопански капацитети кои ќе интегрираат во себе работна сила. ГУП-от беше проширен за 400 хектари, а од крајот на 80-те години нема продадена градежна парцела за индивидуално домување. Со измените, со добивањето на располагање на државното неискористено градежно земјиште на локалната самоуправа се создадоа услови за продажба на ова градежно земјиште. Градот оттуѓува земјиштето за градба на објекти кои се предвидени по овие урбанистички документи. Претстои продажба на парцели кај фабриката Металец. Во тек е тендерот. Во “игра” се 21 парцела со 15,6 хектари. Тоа ќе е добар инпут за стопанството, што во најмала рака ќе ја ублажи невработеноста. Се наметна природно, на тој дел да се изградат индустриски капацитети. Ќе “никне” индустриска зона и кај Сточниот пазар на 2 хектари. Стопанска зона ќе има и спроти Жито Прилеп. http://www.zenitprilep.com.mk |
|||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
Уште еден кружен тек во центарот на Скопје
Сабота, 14 Април 2012 10:49 ![]() Новиот кружен тек е предвиден со последните измени на деталниот урбанистички план „Јужен дел на централно градско подрачје“. Предвидено е и проширување на улицата „11 Октомври“, изградба на деловни, комерцијални и станбени објекти, катна гаража и можност за доградба од еден кат на постоечките куќите. Кружниот тек кој поточно ќе биде пред основното училиште „Димитар Миладинов“, ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот и проточност на движење на автомобилите. ДУП-от до 20 овој месец ќе биде на јавна анкета во урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“, а засегнатите жители ќе можат да ги остават своите забелешки за новите измени. http://kurir.mk/republika/skopje/67750-Uste-eden-kruzen-tek-vo-centarot-na-Skopje |
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
ОПШТИНА ЦЕНТАР
Улицата пред поранешен ЗОИЛ ќе добие нови ленти Деталниот урбанистички план ќе биде на јавна анкета во урбаната заедница Роберт Гајдиќќ до дваесетти април, а засегнатите жители ќе можат да ги остават своите забелешки за новите измени ![]() По булеварите "Свети Климент Охридски" и "Илинден" во строгиот центар на градот ќе се шири уште една улица. Улицата "11 Октомври" е планирана со зголемен профил во деталниот урбанистички план на општина Центар Јужен дел на централно градско подрачјее. Планот кој се наоѓа на јавна анкета предвидува поширок профил на улицата на потегот од поранешен ЗОИЛ до крстосницата кај Тутунски комбинат. Според планот решението не е ново и е преземено од ГУП-от, а предвидува улицата да има коловоз широк 18 метри и тротоари по шест метри, што би значело дека наместо досегашните две ќе има по три ленти во двата правци. Исто така, зацртана е и трамвајска траса која треба да поминува по тој дел од улицата. Новина е и споменикот кој треба да се постави на крстосницата меѓу булеварите "Мито Хаџивасилев Јасмин" и "Кочо Рацин", во близина на основното училиште Димитар Миладинов". Споменикот ќе стои во новопланираниот кружен тек што треба да се направи на крстосницата на двете улици. Засега од Општина Центар не информираат што ќе биде претставено со споменикот. Деталниот урбанистички план ќе биде на јавна анкета во урбаната заедница Роберт Гајдиќќ до дваесетти април, а засегнатите жители ќе можат да ги остават своите забелешки за новите измени. вечер |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
затоа што кружните текови постојат за споменици, а не како сообраќајни решенија
![]() а инаку имам три прашања за тие што повеќе се разбираат: дали воопшто има простор за било какви проширувања? дали кружниот тек е сообраќајно оправдан и дали се решава нешто со него? и дали има голема потреба од проширувањево на булеварот, особено вака недовршено? |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||
Стамбени згради, градинка, амбуланта и црква ќе се градат на запуштениот локалитет во населбата Ченто во општина Гази Баба.Просторот кој беше запуштен и празен, по усвојувањето на урбанистичкиот план „Маџари 2, урбан блок 5“, почнува да се средува и урбанизира. Според урбанистичкиот план, станбени објекти ќе се градат зад запуштениот Дом на култура „11 Октомври“ и во близина на маркетот Тинекс. Пред извесен период заврши дислокацијата на останките од гробиштата во Ченто, кои беа преместени во Бутел и во Kамник. Според урбанистичкиот план овој терен е наменет за изградба на новата црква. http://www.kurir.mk/republika/skopje/68082-Zgradi-gradinka-ambulanta-i-crkva-ke-se-gradat-vo-Cento |
|||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||
![]() |
|||
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
||
Не се разбирам многу во усвојување на ДУП па ме интересира колку време отприлика е потребно да се усвои еден ДУП, дали од кога ќе се усвои мора тој реон да биде буквално според него и ако е така за колку време треба да се добие тој изглед според ДУП-от.
|
|||
![]() |
|||
bojanbojan40 ![]() Newbiе ![]() Joined: 12-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Zdravo,me interesira na kolku vreme se nosi ГУП konkretno za Ohrid me interesirat,dali primer ima zakonski rok primer na sekoj 10 godini ili za sekoj grad e razlicno ? I kade moze da se proveri tocno toa.Ako imate linkoj i slicno bi bile od korist
![]() |
|||
![]() |
|||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||
Планирањето на просторот се врши за период од најмалку: - петнаесет години за Просторен план на Републиката, - десет години за генерален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план вон од населено место и - пет години за детален урбанистички план. Со донесување на нов Просторен план на Републиката и нов урбанистички план, престанува да важи постојниот план. Пред истекот на пропишаниот плански период донесувачот на планот најмалку еднаш годишно изработува стручна анализа на плановите со која се утврдува евентуалната потреба од изменување и дополнување на плановите или дел од плановите. Последниот ГУП за Охрид го покрива периодот 2002-2012.
Нема утврден универзален рок. Зависи од површината на просторот кој се уредува; сложеноста на теренот; гоедетските мерења; време за анализа на инжинер архитект; иницијаторот (физичко, правно лице или општината); финансиерот (општината или државата) итн. Обично целата постапка трае неколку месеци, но може да одземе и повеќе време. За да се добие дозвола за градба, планираниот објект мора да е предвиден во ДУП-от. Нема определено време за колку време треба да се изгради она што е предвидено со ДУП-от, освен ако не се работи за посебен договор помеѓу општината и инвеститорот во кој инвеститорот е задолжен објектот да го изгради во одреден рок. Во тој случај, доколку објектот не биде изграден во предвидениот рок инвеститорот плаќа пенали. За подетални информации прочитајте во пречистената верзија на Законот за просторно и урбанистичко планирање од 2011. |
|||
![]() |
|||
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
||
Дали ова значи дека ако се усвои ДУП-от за Маџир Маало тоа ќе биде крај за селските куќи од турско време односно дали маџирмаалците ќе мора да прифатат на место на нивните куќи да никнат згради, деловни и комерцијални објекти и друго? |
|||
![]() |
|||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||
Тоа ќе значи дека сопствениците на имотите ќе добијат можност да ги изградат станбените, комерцијалните и деловни објекти кои ќе бидат предвидени во ДУП-от. Друга опција би била имотот да го продадат на приватен инвеститор заинтересиран да ги изгради тие објекти. Но ова не значи дека тие ќе бидат приморани истото да го сторат. Нивната сопственост може да биде експроприирана само доколку ДУП-от предвидува изградба на објекти од јавен интерес (комунални објекти, паркови, улици итн.).
Edited by OCB - 22-Apr-2012 at 15:24 |
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
ОТКАКО СО ГОДИНИ НИТУ ЕДНА ПАРЦЕЛА ОД ЛУКСУЗНИОТ КОМПЛЕКС НЕ СЕ ПРОДАДЕ Нов ДУП за скопската елита да се вдоми на Зајчев Рид Измената на урбанистичкиот план ќе оди во насока да се почитуваат катастарските парцели со кои ќе се олесни реализацијата на евентуални објекти кои мислат да ги градат инвеститорите, велат од Општина Карпош ![]() Наместо елитна населба која требаше да никне зад Управата за хидрометеоролошки работи и по три години Зајчев Рид е пусто место обраснато со троскот. Проблемите со нерешените имотно-правни односи во овој дел од градот ја закочија изградбата на луксузниот комплекс кој требаше да понуди високорезиденцијални домови со пространи дворови, амфитеатар, два плоштада, хотел и многу други содржини. Интерес од инвеститорите има, но се откажуваат, бидејќи многу мал дел од површината е во државна сопственост. За конечно да се понуди посебна локација за домување на скопската елита, од Општината Карпош, во чијашто надлежност е сега земјиштето, најавуваат промена на Деталниот урбанистички план. Измените во планот наскоро ќе се најдат на дневен ред на седниците на Советот. - Досега официјално барање за изградба на луксузни објекти на Зајчев Рид нема иако интерес од компаниите има. Бидејќи голем дел од парцелите таму се во приватна сопственост, општината ќе го промени урбанистичкиот план. Измената на ДУП-от ќе оди во насока да се почитуваат катастарските парцели со кои ќе се олесни реализацијата на евентуални објекти кои мислат да ги градат инвеститорите - вели Виолета Цветковска, портпарол на Општината Карпош. Од Министерството за транспорт и врски, кои го најавија овој проект во 2008 г., само велат дека земјиштето на Зајчев Рид повеќе не е во нивна надлежноста и тие немаат одговорност за него. - Во согласност со Законот за градежно земјиште Општината Карпош ги има преземено надлежностите во делот на управување со градежното неизградено земјиште - посочија од Министерството. Луксузната населба требаше да се гради на површина од 150 хектари. Во планот се вцртани вкупно 103 градежни парцели, од кои блоковите за домување ќе бидат згради со осум ката и потпокрив, во кои ќе бидат сместени 4.000 стана. Покрај зградите предвидена е и изградба на куќи. За децата се предвидени две основни училишта, од кое едното ќе биде за странските дипломати и градинка. На највисоката точка на Зајчев Рид ќе се постави резервоар за вода, за потребите на месното население. Пешачката патека ќе води до амфитеатарот, од каде што ќе се гледа локалитетот Скупи. Во новата населба ќе можат да живеат од 24.000 до 28.000 жители. Во населбата ќе се влегува од четири места. Преку клучката кај Момин Поток, од надвозникот од патот кон Качаник, по булеварот "Словенија" и од потегот што води кон населбата Бардовци. Освен Зајчев Рид изградба на елитни населби беа планирани и на Водно, Сончев Град и Хиподром 2, но сите тие засега се уште се само на хартија. Аквапаркот ќе добие дозвола на 11 мај Деталниот урбанистички план во кој влегува аквапаркот ќе биде донесен на посебна седница, закажана за 11 мај, изјави градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Тој вели дека нема да ја кочи неговата изградба, но посочи дека аквапаркот според него не е приоритет. Јакимовски го повика директорот на СЦ Борис Трајковски, Ратко Капушевски, да присуствува на седницата и да го образложи проектот. -ДУП-от во кој влегува аквапаркот е изработен и финансиран од Општина Карпош. Во ниту еден момент ниту сум кажал, ниту сум имал намера да кочам урбанистички план на мојата општина-посочи Јакимовски. (С.М.) вечер |
|||
![]() |
|||
lupo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Nov-2009 Online Status: Offline Posts: 434 |
![]() ![]() |
||
Дали прво и основно е целосно истражен тој простор како археолошко наоѓалиште? |
|||
...kaj si kapelo pak ke si kape...
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
Датум: 10.06.2012, 18:25
НОВИ ОБЈЕKТИ И НАДГРАДБИ КАЈ ЦРВЕНИОТ KРСТ „Интеримпекс“ ќе стане десеткатница ![]() Kатна гаража кај училиштето „Димитар Миладинов“ (поранешно „Браќа Рибар“), и надградба на постоечки деловен објект на поранешен „Интеримпекс“, предвидува планот „Јужен дел - централно подрачје“, усвоен на последната седница на Советот на Општината Центар. Се работи за реонот околу Зелениот пазар и околината кај социјално. Гаражата ќе биде четирикатница, додека висината на деловната зграда е 29 метри или десеткатница, приближно колку кулите меѓу кои се наоѓа, а тоа се првата и втората кула, кои гледаат кон булеварот Kочо Рацин. Она што овој план го нуди како можност се локации за поставување нови уметнички скулптури во парковите и на други јавни површини во овој реон. Планерите од проектантската куќа ИН-ПУМА објаснија дека пристапот до деловниот објект и паркирањето ќе биде решен од задниот дел каде што ќе има отворен паркинг со подземни нивоа. Според Силвана Ваневска од оваа куќа, се работи за продолжување на важечкиот план од 2002 година. Kатната гаража, рече таа, е старо решение, а тие само го презеле и во овој. - Ова е детален план со две јавни анкети. Сообраќајните решенија се усогласени со Генералниот план на градот Скопје од 2002 година, со кој исто така се усогласени и намените - нагласи Вановска. Опозицијата ја обвини општинската власт дека продолжува со трендот на уништување на зелените површини во централното подрачје. Од советничката група гласаа против овој план. - Местото каде што е предвидена катнатата гаража претставува уредена зелена површина. И тоа е парк со урбана опрема, оформен со средства од жителите и делумно со средства од Општината Центар. Со секој урбанистички план се намалува по некоја зелена површина - тоа се случува со изградбата на црквата пред Домот на АРМ, а познат е проблемот и со Дебар Маало - реагираше Благородна Мојсовска-Kрстевска од СДСМ. Овој урбанистички план го уредува и прашањето на надворешноста на зградите. Фасадите на новопроектираните објекти може да бидат во еден од предвидените стилови, а тоа се: модерна, постмодерна архитектура, барок, класицизам, неокласицизам, романтизам или неоромантизам. Постојните, пак, станбени згради во овој реон ќе се реконструираат, реставрираат и ќе им се даде нов естетски израз. Сепак, не беше кажано во кој стил - дали во постојниот или, пак, во некој сосема нов. Три милиони евра заем за катната кај „Нова Македонија“ Најавената катна гаража зад поранешна „Нова Македонија“ ќе се гради со заем од три милиони евра. Советот на Општина Центар на последната седница уште еднаш даде согласност локалната власт да се задолжи кај финансиска институција. Всушност се работи за повторена одлука. Членовите на Советот оваа одлука за заем ја усвоија уште лани, но локалните челници во рок од една година не склучија договор со ниедна банка. Постапката, како што објасни Тодоровиќ се искомплицирала поради проблеми со парцелата. Подоцна тие биле решени со преместување на маркичката за гаража за неколку метри подалеку од претходно предвидената. - Во овој момент најважно е да донесеме одлука за изградба на катна гаража и одлука за задолжување, а понатаму сигурно со неа ќе менаџираме најдобро што можеме - појасни градоначалникот Владимир Тодоровиќ. По завршување на градежните активности, со гаражата ќе управува општинското претпријатие „Паркинзи“. Ќе биде висока 25 метри и ќе располага со капацитет од 150 паркинг-места. Околу 15 проценти од гаражата ќе бидат наменети за деловен простор. Анела Петрова http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4F508C0F128B5C4EAB6D4D313073D018 |
|||
![]() |
|||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||
Моја претпоставка е дека целат на пополнување на ‘‘дупките‘‘ помеѓу зградите... за после кога ќе се реновираат фасади... да можат да ги направат сите во барок... да не двои... и да држи некоја линија по венец...
|
|||
Македонија - Земја на чудата!
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
ДУП-от за „Стара железничка станица“ бил законски
Објавено: пред 28 минути Прочитано: 153 Печати ![]() Уставниот суд на Македонија работеше на днешната седница, на која присуствуваа и тројцата новоизбрани судии чиј мандат е почнат на први овој месец, не поведе постапка за Одлука за Деталниот урбанистички план „Стара железничка станица“ во Скопје, донесена од Советот на општина Центар во ноември 2011 година затоа што утврди дека постапката на донесувањето на Одлуката е во согласност со Законот за просторното и урбанистичкото планирање, а во однос на согласноста на деталниот план со генералниот план, Судот утврди дека тоа е во негова надлежност. Судот расправаше и одлучуваше и по едно Барање на граѓанин за заштита на неговите слободи и права во однос на јавното изразување на мислата. Судиите не поведоа постапка за Законот за електронските комуникации, а во однос на Законот за социјалната заштита и Законот за територијалната организација на локалната самоуправа ги отфрли иницијативите, бидејќи со нив се бара Судот да се произнесе за примената на тие закони, а тоа не е во надлежност на Уставниот http://www.time.mk/read/NONE/4180b00384/index.html |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3132333435 66> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |