![]() |
![]() |
![]() |
Паркирање и паркинзи (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3536373839 47> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА ТЕТОВО ЗА 824.000 ЕВРА САКА ДА ГРАДИ МОНТАЖНА ГАРАЖА, ГРАЃАНИТЕ ПРЕДЛАГААТ ПОДЗЕМНА ГАРАЖА И ПАРК
Општина Тетово деновиве склучила договор со фирма од Желино за изградба на монтажен паркинг, кој ќе биде лоциран во урбаниот блок 37 во центарот на градот. Објектот треба да се гради на местото на веќе постоечкиот паркинг на улиците Јане Сандански и Маршал Тито. Но, дел од станарите не се согласуваат со ваквото решение, за кое велат дека ги прекршува законите за градба и за животна средина. „Доставивме претставка со која укажуваме дека со предвидената изградба на монтажен паркинг на местото на постоечкиот паркинг се прекршуваат членовите 3, 8, 10, 13, 43, 71 и 135 од Законот за градба, како и членовите 22, 22-а, 22-б, 23, 26, 26-а и 28 од Законот за животна средина. Оваа единствена локација во централното градско подрачје може да се искористи за изградба на парк, а паркирањето може да се реши со изградба на подземен паркинг. Изградбата на монтажна гаража може да предизвика зголемување на пулмолошки болести кај најмладата популација, како и сѐ позачестени канцерогени заболувања поради затворениот простор и непостоење на ниеден парк со зеленило во централното градско подрачје“, се наведува во претставката. Жителите на овој урбан блок велат дека им е преку глава од бетонизирање на животната средина и дека нивните деца немаат ни метар слободен простор каде можат да се играат. Затоа сметаат дека решението што тие го предлагаат е многу подобро. Во склучениот договор за градба, објавен на интернет страницата на електронскиот систем за јавни набавки, стои дека монтажната гаража ќе биде со вредност од 824.000 евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tetovo-za-824-000-evra-saka-da-gradi-montazhna-garazha-graganite-predlagaat-podzemna-garazha-i-park/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Монтажен паркинг во Тетово-4.555 евра за едно паркинг место, жителите поднесоа жалба до институциите
Додека компанијата „Еуровија“ ги врши последните подготовки за изградба на монтажен паркинг во централниот дел на Тетово, кој се очекува да биде готов во септември годинава, десетици жители од оваа населба поднеле жалба до Влада на РСМ и други релевантни институции. Велат дека паркингот се гради незаконски и дека ќе предизвика големи здравствени штети. 4.555 евра чини едно паркинг место, а вкупниот капацитет ќе биде 180 возила. За Порталб.мк, жалбата ја потврдија и од Владата на РСМ. Владата на РСМ, Министерството за транспорт и врски, како и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, вчера добија детален приговор од жителите на населбата каде што се очекува да се гради монтажниот паркинг од општина Тетово, како нарачател на проектот. Според жителите, иако се очекува овој паркинг да биде изграден во нивниот двор, никој од општинските власти не ги известил претходно, а постапката е спроведена на нетранспарентен начин. „Градоначалничката Арифи без постапка и на нетранспарентен начин ја водеше оваа работа, ја избра компанијата која ќе го гради Катниот паркинг за возила на единствената локација во центарот на градот што може да се користи за изградба на парк и подземен паркинг, за околу 1.000 жители кои живеат таму. Вредноста на катниот паркинг е околу 824.000 евра“, пишува во жалбата на жителите на населбата. Според нив, има прекршувања на некои членови од законот за градба и законот за животна средина, а се работи за прекршување на членовите 3, 8, 10, 13, 43, 71, 72 и на членот 136 од Законот за градење и повреда на член 22, 22-а, 22-б, 23, 26, 26-а, 28 од законот за животна средина од страна на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, како нарачател. Жителите од населбата предупредуваат дека со изградбата на овој паркинг, има простор некој во иднина да сноси кривична одговорност, поради бројните законски прекршувања, што според нив е забрзано „заради ситуацијата“, алудирајќи на локалните избори. Покрај правниот дел, жителите предупредуваат дека изградбата на овој паркинг според нив може да го зголеми бројот на пациенти со белодробни заболувања и да ја зголеми инциденцата на карцином, од повеќе причини. „Оваа непланирана конструкција од страна на Општина Тетово за граѓаните ќе донесе зголемување на белодробните заболувања, вклучително и кај младата популација, како и почести канцерогени заболувања поради затворениот простор и недостаток на какво било зеленило во централниот дел на градот“, е наведено во жалбата. Тие бараат од горенаведените институции да започнат релевантна постапка со која, според нив, „ќе се потврди незаконската постапка од страна на општина Тетово“. Владата со потврда: Добивме жалба, ја разгледуваме Владиниот портпарол Мухамед Хоџа денеска преку прес-конференција истакна дека пристигната е жалба од неколку жители од населбата каде се очекува да се гради монтажниот паркинг и дека ја разгледуваат истата. „Владата на РСМ ќе ја разгледа жалбата добиена од неколку жители од населбата што ја потенцирате за изградба на катен паркинг и по консултација со релевантните институции ќе изградиме позиција за која јавноста ќе биде информирана“, рече за Портал.мк, портпаролот на владата на РСМ, Мухамед Хоџа. Колкав ќе биде капацитетот на овој паркинг и колку чини? Од компанијата, која го добила тендерот за изградба на катниот паркинг, информираат дека станува збор за вкупно 180 места за паркирање и дека тоа ќе биде еднокатен паркинг, односно приземје и кат. „Покриената површина е 2.200 м2 со околу 180 паркинг места. Ќе биде на две нивоа, приземје и кат“ информираа за Порталб.мк од „Еуровиа”. Од „Еуровиа” ветија дека работите ќе започнат во текот на април, додека еднокатниот паркинг зад ресторанот „Тиволи“ во Тетово, според нив се очекува да се заврши во септември 2021 година. Имаше многу полемики од граѓаните во врска со трошоците за овој проект. Еднокатниот паркинг ги чини тетовските даночни обврзници вкупно 820.000 евра, и испаѓа дека за едно паркинг место се платени 4.555 евра, без вклучена цена за другите работи. Само за информација, минатата година во општина Куманово беше отворен првиот монтажен паркинг, кој има капацитет за вкупно 80 автомобили и чини 240.000 евра, што е 3.000 евра за паркинг место. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи го ветува овој проект од 2013 година Проектот за подземни или катни паркинзи останува неисполнето ветување на градоначалничката Теута Арифи, иако истото беше ветено уште во 2013 година кога за прв пат Арифи се кандидираше за градоначалничка на Тетово. „Го гледам Тетово со ефикасна патна инфраструктура, подземен паркинг и редовни линии на јавен превоз“, рече Теута Арифи во 2013 година. Истото ветување градоначалничката Арифи го повтори и за време на предизборната кампања 2017 година, кога рече дека овие паркинзи ќе го решат сообраќајниот проблем во Тетово. „Пренатрупаниот сообраќај е еден од најголемите проблеми што ги има градот. Основавме претпријатие за Градски паркинг и успеавме да ја намалиме напнатоста во градот, а проектот планираме да го прошириме во следниот и со паркинг места. Мислам дека катните гаражи ќе го решат овој проблем“, рече Теута Арифи во Топ Тема во 2017 година. Инаку, ова не се единствените нереализирани проекти за олеснување на сообраќајот во Тетово. Како во предизборната кампања од 2013 година, така и во 2017 година, градоначалничката Арифи вети отворање на булеварот „Благоја Тоска“, обезбедување на автобуси за јавен превоз како и отворање на уште два булевара, од кои досега е реализира само продолжувањето на булеварот Индустриска. https://meta.mk/montazhen-parking-vo-tetovo-4-555-evra-za-edno-parking-mesto-zhitelite-podnesoa-zhalba-do-institucziite |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Мичурин,начинот на паркирање е тотален хаос,се оставаат коли по сите улици и на секоја можна површина,тоа е последица на неколку работи
1.Голем дел од старите згради немаат обезбеден паркинг а секое домаќинство има минимум 2 коли и се паркира по земјени паркинзи и тротоари.Единствено ја чистат со пајаци ул.Симеон Кавракиров но со тоа хаосот го префрлаат во уличките позади 2.Во новоградбите не е обврзно да се купи паркинг и со тоа голем дел решаваат да се снаоѓаат по околните паркинзи или тротоари што за некоја година ќе стане тотално неиздржливо. 3.Некадарност на локалните власти веќе 10 години да инвестираат во некои работи во оваа населба,да изградат монтажни паркинзи,да воведат систем од еднонасочни улици и некои други ситни корекции(асфалт на земјените паркинзи) со што колку-толку би се намалил овој проблем. Според плановите предвидени се уште минимум 20-тина нови згради во населбата можеби и повеќе така да овие прашања ќе бидат се поизразени. Освен што се коси трева и собира ѓубре населбава нема никаква друга инвестиција,а и новите краци од улици што се пробиени се поплавуваат при секој помал дожд(шахти нема или се на погрешна страна од нагибот). Еве како е ситуацијата вдолж улица Петар Ацев ![]() ул.Венијамин Мачуковски ![]() ул.Анастас Митрев ![]() фотките се од https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Мичурин(од твитер)
![]() |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Мислам дека не е никаква филозофија да се реши проблемот со паркирање во Мичурин, потребен е само систем од еднонасочни улици и две-три монтажни паркиралишта.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Coming Soon
Underground Parking Project by : LN PROJEKTE Sponsored : AS-INVEST - Struga Location: Square " Mother Tereza " Struga, North Macedonia. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/LNProjekteArchitects/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПРОСТОРОТ ПОД СКОПСКО КАЛЕ ЌЕ СЕ УРЕДИ И ЌЕ СЕ НАПЛАТУВА ПАРКИНГ, ШИЛЕГОВ АПЕЛИРА ДА СЕ КОРИСТИ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК
Паркингот под тврдината Кале кој сега е неуреден, запуштен и Скопјани го користат како див полигон за возење ќе се наплатува. Градоначалникот Петре Шилегов денеска на одбележувањето на Меѓународниот ден на животната средина најави дека овој простор во иднина ќе се уреди, ќе се воведе организирано паркирање, а ќе бидат изведени и спортски игралишта. Со тоа ќе се добие уште еден влез во Градскиот парк и паркинг простор за посетителите на Зоолошката градина, Дино паркот и Забавниот парк кој допрва ќе се гради. „Оваа локација во изминатите три години беше предмет на анализа која Град Скопје ја правеше со УНДП, во форма на две студии. Просторот ќе биде фокус на Градот во иднина, во смисла на уредување на јавен простор. Ќе воведеме организирано паркирање, предвидено е да се изведат кошаркарски игралишта, памп трак полигон, со цел овој девастиран простор да го ставиме во фунцкија. Ги повикувам граѓаните и сега да го користат овој простор како паркинг наместо да одат во гужвите кај Зоолошка градина бидејќи преку мостот на Вардар веднаш се во Градскиот парк“, рече градоначалникот Шилегов кој заедно со премиерот Зоран Заев присуствуваа на денешната акција за чистење на просторот. Од петокот во склоп на Зоолошката градина отворен е Дино паркот, кој за една недела го посетиле 15.000 граѓани. Од отворањето на Дино паркот паркингот пред градината и пред бараките на Град Скопје е полн со возила, а за викенд нема шанси да се најде слободно паркинг место. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/prostorot-pod-skopsko-kale-ke-se-uredi-i-ke-se-naplatuva-parking-shilegov-apelira-da-se-koristi-za-vlez-vo-gradskiot-park/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Со хилти ги кршат топките за да се паркираат пред локалите на „Боемска“
![]() ![]() За сликата од сообраќајниот хаос да биде уште полоша, како што вели Јорданка Ношпал, несовесните возачи на автомобили, посетители на локалите дури и ги корнат бетонските топки, претпоставува со хилти и потоа ги тркалаат по улицата. Тони Костов, пак, вели дека ваквата состојба ја пријавил на сообраќаен полицаец кој вршел контроли на улица „Орце Николов“, но од тоа никакво фајде. Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, најави дека штом завршат реконструкциите на улиците „Орце Николов“ и „Мирослав Крлежа“, ќе може да се почне со затворање на Дебар Маало за автомобили Зафатени тротоари полни со непрописно паркирани автомобили и тоа до самите ресторани, кафулиња и кафеани и тоа дури и на самата „Боемска улица“ е сликата со која секојдневно се соочуваат жителите на Дебар Маало. Тие се жалат дека не можат слободно да се движат. За сликата од сообраќајниот хаос да биде уште полоша, како што вели Јорданка Ношпал, несовесните возачи на автомобили, посетители на локалите, дури и ги корнат бетонските топки, претпоставува со хилти и потоа ги тркалаат по улицата. Тони Костов, пак, вели дека ваквата состојба ја пријавил на сообраќаен полицаец кој вршел контроли на улица „Орце Николов“, но од тоа никакво фајде. – Ми вели, не бил надлежен за таму, тој бил распореден на улица „Орце Николов“ – револтиран раскажува Костов. Даниела Орешовска предлага казнување на сторителите. Од неформалната група скопски велосипедисти „На точак“ со предлог, барем во текот на летото Дебар Маало да биде ослободено од автомобили, или пристап да имаат само резидентите и тоа максимално по едно возило по домаќинство, за атмосферата навистина да биде навистина боемска. – Нашиот предлог е населбите да бидат зона 30, каде што ќе смее да се вози 30 километри на час, освен околу училиштата каде што би било дозволена максимална брзина од 20 километри на час. Одредени скопски населби како Дебар Маало, треба да бидат населби каде што ќе смеат да влегуваат со моторни возила само резиденти. Со, тоа, населбите ќе бидат побезбедни, почисти, помирни, се ослободува простор за дружење и игра, а како што покажуваат бројни примери во светот, во нивните комерцијални делови значајно се подобрува бизнисот -велат од „На точак“. Од фејсбук-групата „Здравје пред профит“ сметаат дека овие луѓе никогаш нема да се паркираат прописно. – Простотилакот нè победува. Сигурно додека седат во околните кафеани раскажуваат како во Германија и Австрија за сè си има ред – сметаат од „Здравје пред профит“. Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, за весникот ВЕЧЕР изјави дека ќе ги зголемат контролите со полиција и комунални редари. – Поради неработењето на кафеаните, досега немаше потреба за многу акции, но сега ќе ги зајакнеме контролите. Ќе има и дополнителни елементи кои ќе го ограничат паркирањето, бидејќи дел од топките кои беа на „Боемската улица“ беа искршени од дивото паркирање. Со новите елементи целосно ќе се спречи паркирањето – тврди Богдановиќ, и најави дека штом завршат реконструкциите на улиците: „Орце Николов“ и „Мирослав Крлежа“, ќе може да се почне со затворање на Дебар Маало за автомобили. Директорот на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, Васко Кичевски, целосно ја поддржува иницијативата за затворање на Дебар Маало за возила, но вели дека треба да се види начинот како тоа ќе биде изведено. – Потребно е сообраќајно решение кое ќе биде одобрено од МВР за да може да се затворат улиците во реонот на Дебар Маало – смета Кичевски и додава дека ЈП ПОЦ реагира секој ден и оти постојано се казнуваат возила кои се непрописно паркирани. Според него, дневно со пајаците се креваат од 20 до 30 возила, што значи секој пајак крева по 10 возила. – Но, проблемот е што имаме само три пајаци. И друго, ЈП ПОЦ не е сообраќајна полиција и не може да го регулира сообраќајот. Тоа е капацитетот на претпријатието – дециден е Кичевски. Тој најави дека наредната година им завршува договорот за јавно-приватно партнерство со фирмата „Велекс“ и со тоа ќе се создаде можност за купување на нови возила „пајак“. Тоа ќе биде најверојатно со субвенции од Општина Центар, бидејќи ПОЦ, како што истакна Кичевски нема толку средства самостојно да ги купи возилата. Од МВР велат дека Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје континуирано презема мерки за почитување на Законот за безбедност на патниот сообраќај, а во оваа насока се превземаат и мерки против сторители на прекршокот „непрописно запирање и паркирање“ на лице место и со специјално возило „пајак“, – Ваквите мерки ќе продолжат и во иднина, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот и почитување на законските прописи – одговорија од МВР. https://www.vecer.press/со-хилти-ги-кршат-топките-за-да-се-парки/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ СЕ РЕНОВИРА, А ПАРКИНГОТ ЗАД „ТЕЛЕКОМ“ Е ЗАТРУПАН СО ЃУБРЕ, РАСКОПАН И БЕЗ СВЕТЛО
![]() Паркингот што се наоѓа зад зградата на „Телеком“ на кејот 13 Ноември е затрупан со ѓубре кое се расфрла од контејнерите, со дупки и прокопи на секој чекор, расфрлени градежни материјали и кабаст отпад. Паркингот нема осветлување и иако станува збор за простор во строгиот центар на градот никој не го одржува, ниту го чисти. На само неколку метри од ова ругло се одвиваат градежните работи за реконструкцијата на кејот, но во обновата овој дел нема да биде опфатен. Целиот кеј ќе добие нов плочник и урбана опрема, а овој дел ќе остане несреден и затрупан во ѓубре. Од Град Скопје велат дека на овој простор со Деталниот урбанистички план „Мал ринг“ било предвидено да се гради катна гаража. Со измените и новиот план кој се прави маркичката ќе биде избришана и тој простор ќе се уреди. „Тој дел ќе остане слободен простор. Околу има неколку фирми и се надевам дека ќе успееме да ја разбудиме општествената одговорност кај нив и да го уредиме тој простор да изгледа сосем поинаку од сега“, велат од Град Скопје. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kejot-13-noemvri-se-renovira-a-parkingot-zad-telekom-e-zatrupan-so-gubre-raskopan-i-bez-svetlo/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НИТУ НОВИОТ ПАРКИНГ НЕДОВОЛЕН ДА СЕ РЕШАТ ГУЖВИТЕ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, МОНТАЖНАТА БОЛНИЦА ГО ЗАФАТИ МЕСТОТО ЗА МОНТАЖНА ГАРАЖА
![]() Ниту новиот паркинг кој лани, за време на карантините го направи Град Скопје во рамките на Клиничкиот центар не е доволен да се реши проблемот со гужвите. Откако пандемијата на ковид-19 стивна, клиниките веќе не се ковид центри и продолжија со редовна работа со пациенти, гужвите се вратија низ улиците и на паркинзите низ комплексот. Новиот паркинг со 200 паркинг места не е доволен за сите возила па граѓаните вртат кругови за да најдат паркинг место. Со поставување на пластички столпчиња за да се изведат патеки за движење на пешаци и болни со колички, нема веќе паркирање на улиците и тротоарите. Од ЈП „Градски паркинг“ уште пред неколку години најавија дека на Клинички ќе се гради монтажен паркинг, но тој никако да се изведе. Директорот Борче Јакимовски вели дека претпријатието има предвидено пари за оваа инвестиција во буџетот, но на местото каде требаше да се изведе се изгради монтажната ковид болница. „Додека монтажната болница не се тргне не можеме да го градиме паркингот. Според проектот ќе биде на три нивоа со вкупно 360 паркинг места. Со тоа ќе се решат гужвите на Клинички. И сега состојбата е подобрена. Пред изградбата на новиот паркинг и уредувањето на улиците имаше 575 места, а сега има 810“, вели Јакимовски. За да не се создаваат гужви на влезот на Клинички, Град Скопје лани изведе нова лента за возилата на Брза помош, а посебен влез има и за Инфективната клиника. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nitu-noviot-parking-nedovolen-da-se-reshat-guzhvite-na-klinichki-tsentar-montazhnata-bolnitsa-go-zafati-mestoto-za-montazhna-garazha/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Неопходен паркинг плус за Градскиот парк
![]() ЗБОГАТУВАЊЕТО НА СОДРЖИНИТЕ ВО ПАРКОТ БАРА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПАРКИНГ-КАПАЦИТЕТИТЕ Градскиот парк е една од најпосетените локации во Скопје, покрај Водно, Матка и кејот на реката Вардар. За скопјани овие неколку локации се места за рекреација, каде што, освен прошетки, времето го минуваат во спортување, возење велосипеди, пешачење и минување квалитетно време со своето семејство и пријатели. Сепак, овие локации, поради посетеноста, која е сѐ поголема, бараат постојано надградување и усовршување, бидејќи потребата за нив рапидно расте во изминатите неколку години. НАЕЗДА НА ВОЗИЛА Една од најпосетените локации во метрополата е Градскиот парк, каде што се лоцирани огромен број содржини за сите возрасти. Покрај кафеаните и кафулињата, каде што посетителите може да имаат семеен ручек и да одморат пиејќи кафе, тука се зоолошката градина, Дино-паркот, а поставени се и лулашки за најмладите посетители на паркот. Сепак, со зголемувањето на содржините, евидентно е дека просторот наменет за паркирање возила не одговара на потребите на посетителите, бидејќи буквално се бара паркинг-место повеќе за возилата. Дури и просторот пред седиштето на градската администрација е преполн и се создаваат огромен метеж и сообраќаен хаос. Најголем проблем се случува токму за викендите, кога бројот на посетители двојно се зголемува. – Во неколку наврати дојдовме да го посетиме Дино-паркот, но не успеавме да најдеме паркинг-место. Буквално моравме да чекаме некое да се ослободи, за да можеме да го паркираме автомобилот. Полесно е да се дојде со автобус, но поради коронавирусот и поради фактот што сум со две мали деца, не е можно да го користам јавниот превоз – вели Елена Ристовска. ОБЕЗБЕДЕНО МЕСТО ЗА ПАРКИНГ НА ВОЗИЛАТА, ПРЕД СЀ Токму поради тие причини, градскиот татко Петре Шилегов, на неодамнешното одбележување на Меѓународниот ден на животната средина, најави дека просторот под Скопското кале, кој порано се користеше како полигон и каде што во неделите беше сместен дивиот пазар, а сега се користи како див полигон, конечно ќе биде преуреден и наменет главно за паркирање на возилата упатени кон Градскиот парк. Според Шилегов, оваа локација во период од три години била предмет на анализа, која градот ја правел со УНДП. Како што најави тој, оваа локација ќе се уреди, односно ќе се воведе организирано паркирање, а ќе бидат направени игралишта за кошарка, како и памп трак-полигон. Од градот информираат дека минатиот викенд почнале акција за расчистување на поранешниот полигон за обука на возачи под Кале. – По чистењето на овој простор, уредувањето на оваа локација ќе биде во фокусот на Град Скопје, каде што се планираат голем број содржини и активности, пред сѐ воведување организирано паркирање, за опслужување на посетителите на Градскиот парк, зоолошката градина и новиот забавен парк. Дополнително, во план е и изградба на уште една памп трак-патека за велосипеди, скејт-парк и други спортски содржини – информираат градските власти. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/неопходен-паркинг-плус-за-градскиот-п/ |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() па парк и не е место каде што сите би требало да се бутаат со коли... сфаќам мали деца и све, ама па приметувам дека секогаш сите сакаат да се бутаат кај паркингот на зоолошка и кај стадион, а паркинзите околу стадионот на пример зјаат празни паркингов од другата страна на Вардар би бил идеален за стадионот, ама за парк тешко |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СРПСКИТЕ ТУРИСТИ НЕМА ДА ПЛАЌААТ ПАРКИНГ ВО ОХРИД КАКО БЛАГОДАРНОСТ ЗА ВАКЦИНИТЕ
Туристите од Србија кои летово ќе го посетат Охрид нема да плаќаат паркинг. Ова денеска го најави градоначалникот Константин Георгиески при посетата на Белград, додавајќи дека ваквата одлука ќе ја предложи на усвојување на Советот на Општина Охрид како знак на благодарност за донираните вакцини од Србија. Ослободувањето од плаќање паркинг доаѓа откако Владата донесе одлука српските туристи да не плаќаат патарини, но само на коридорот 10 кон Грција, а не и на автопатот Скопје-Гостивар. На ваката одлука реагираа туристичките работнци од Охрид кои сметаат мерките кои Владата ги презема треба да се задржат српските туристи кај нас како едни од најпосакуваните гости на охридско-струшката ривиера. Србија на Македонија досега ѝ донираше 48.000 дози вакцини – 8.000 од Фајзер и 40.000 од руската Спутник со кои се вакцинираа здравствените работници во ковид центрите, полицајците, војниците, пратениците, медиумските работници… https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/srpskite-turisti-nema-da-plakaat-parking-vo-ohrid-najavi-gradonachalnikot-georgieski-vo-belgrad/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ало „Пајак“: Калабалак на тротоарите во Автокоманда и низ цел град !
![]() ![]() Жители на Автокоманда се жалат дека нема места за паркирање низ населбата, бидејќи улиците, тротоарите и паркинзите се окупирани од возила на поголемите фирми. Велат дека станарите вртат по улиците низ населбата и по 15-20 минути барајќи некое слободно место, макар и во парк за да си го сместат возилото. Иста слика е и долж булеварот „Александар Македонски“ каде што возила на вработените од ЈСП Скопје, Пивара, Европа, Алкалоид и од други фирми ги окупираат пешачките патеки, поради што деновиве ќе поднесат барање за ослободување на овие јавни простори од паркираните возила. Ова е генерален проблем низ цел град, особено во населбата Водно каде жителите своите автомобили ги паркираат на улица, наместо во нивните дворови, па пешаци не можат да се разминат, а камо ли други возила. Жители на Автокоманда ги повикуваат градските власти да стават ред долж булеварот со поставување на заштитни столпчиња и со поревносна работа на „пајаците“ на „Градски паркинг“. – Доволно е да се постават столпчиња да се оневозможи пристап на возилата на тротоарите и пешачките патеки. Само треба да почекаме некој од Град Скопје да почне да си ја врши својата работа – вели Сашо Начовски. Розана Ивановска – Конеска вели дека ваквата состојба е поради тоа што оваа појава не се санкционира на стартот и потоа зема замав. – Паркира еден и нема реакција, следен ден десет возила и за неколку дена тука се ќе биде калабалак – вели таа, но констатира дека низ градот нема доволно паркинг места, наспроти големиот број возила, плус оние што доаѓаат во Скопје од внатрешноста. Даниела Стојанова, пак, решението го гледа во комуналните редари и високи казни за возачите кои паркираат на јавна површина наменета за пешаци и велосипедисти. Борче Василевски предлага оние што со автомобил одат на работа, да се обидат тоа да го сторат со велосипед, пеш или со јавен превоз и тогаш ќе нема проблем со паркинг. Жителите на Автокоманда им забележуваат на општинските власти дека дозволуваат нивната населба да се развива во секој поглед, пред сè со зголемување на станбениот простор, но никако да го решат проблемот со паркирањето. Велат дека решение е катна гаража или зонско паркирање со тоа што постојните станари да добијат по едно загарантирано место за паркирање, за што би се плаќало симболична годишна наемнина или можност за откуп. На големиот паркинг во населбата, кај Комерцијална банка, беше предвидена изградба на катна гаража, но жители на улицата „Јани Лукровски“ бр 2 (или војната кула) потпишале дека се против. Сметаат дека тоа е единственото уредено место со плоштадот за шетање, а големите фирми од другата страна на булеварот да си направат паркинзи за своите вработени. Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски неодамна изјави дека сериозно се работи на решавање на проблемот со паркирањето во населба Автокоманда. – Подготвени се проекти за изградба на монтажни катни гаражи, како и нова студија за сообраќај во оваа населба. Со студијата која набрзо ќе биде презентирана пред граѓаните на населбата Автокоманда предвидуваме воведување на нов еднонасочен режим, воведување на Зона 30, уредување на сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација, успорувачи на движењето пред училиштата и градинките и можност за нови паркиралишта – вели Георгиевски. Исто така повторно ќе биде презентиран проектот за изградба на монтажните гаражи, проект кој е подготвен, но за кои до општината пристигнаа неколку петиции за стопирање. https://www.vecer.press/ало-пајак-калабалак-на-тротоарите/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Наместо да опаѓа, проблемот со недостиг на паркинг места во Скопје расте [инфографик]
![]() Недостигот на паркинг места во Скопје станува хроничен проблем. Бројот на автомобили на скопските улици од година во година расте, а ваквиот тренд не доведува и до отворање на доволно нови локации за паркирање на овие превозни средства. Статистичките податоци покажуваат дека градските власти не можат да постигнат во отворањето на дополнителни паркиралишта, кои би биле доволни за сместување за сите нови возила на граѓаните. Според податоците на ЈП „Градски паркинг“, лани во главниот град тие располагале со 9.396 паркинг места во „затворени“ јавни паркиралишта, јавни површини за зонско паркирање и катни гаражи. Бројот на паркинг места е зголемен за 397 во споредба со 2019 година. Сепак, бројот на издадени бесплатни дозволи за паркирање на станари на околните згради во 2020 година се искачил на 124.724, односно за една година бројот на вакви дозволи е зголемен за дури 10.761. Притоа, зголемување на бројот на бесплатни дозволи за паркирање на станарите се бележи и кај зонското паркирање во Центар и кај она во Аеродром, додека мал пад на издавањето вакви дозволи има единствено кај „затворените“ јавни паркиралишта. Во согласност со овие податоци, во Скопје лани на едно паркинг место во просек паркирале 13 возила на станарите. Покрај станарите, на обележаните паркинг места се паркираат и службени возила и автомобили на вработени во компании кои гравитираат околу паркинзите, како и граѓани кои ги оставаат своите превозни средства на неколку часа во денот на една локација. Најголем број за пронаоѓање слободно место за паркирање имаат граѓаните од центарот на Скопје, каде и „притисокот“ за паркирање е најголем во текот на денот. И покрај тоа што имаат бесплатни дозволи за паркирање, станарите од зградите се приморани да плаќаат по неколку илјади денари за дополнително паркинг место и на други локации, бидејќи околу нивните живеалишта е невозможно да се најде слободен паркинг секој ден. И покрај тоа што ЈП „Градски паркинг“ – Скопје го зголемува секоја година бројот на нови паркинг места, ова јавно претпријатие не прави ништо за да го зголеми капацитетот за паркирање на постојните локации со кои управува, првенствено преку изградба на монтажни гаражи за зголемување на капацитетот на постојните јавни површини. Единствени инвестиции на ова јавно претпријатие лани биле во проширување и реновирање на постојните локации. „Во текот на 2020 година, во услови на светска криза предизвикана од пандемија, Претпријатието сепак успеа да уреди дополнителен број на паркинг места. Не беа отворени нови јавни паркиралишта или зони но, се работеше на проширување и реновирање на веќе постоечките“, се вели во Годишниот извештај за работењето на ЈП „Градски паркинг“ за 2020 година. Инаку, зонското паркирање во Скопје беше воведено во 2009 година, при што на жителите на главниот град им беше ветено дека ваквиот пристап на паркирање ќе овозможи драстично намалување во изгубеното време во барање слободно место за паркирање. Ново јавно претпријатие беше основано, но проблемот со недостиг на паркинг места низ годините расте. Актуелната ситуација со паркирањето во Скопје ја влошуваат и самите граѓани, чиј возен парк постојано се зголемува низ годините. Во 2019 година, бројот на регистрирани автомобили во главниот град изнесувал 148.892, а голем број на домаќинства имаат по две или повеќе возила што дополнително го влошува проблемот со недостиг на паркинг места. https://meta.mk/namesto-da-opagja-problemot-so-nedostig-na-parking-mesta-vo-skopje-raste-infografik/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Паркирањето во Тетово проблем и ова лето, а се очекуваат голем број нови возила на печалбарите
![]() Летните месеци се период кога се очекуваат голем број нови возила да ја зголемат сообраќајната фреквенција во Тетово со оглед на доаѓањето на многу од печалбарите. Од друга страна во Тетово нема промена, односно подобрување кога станува збор за повеќе паркинг места, што за градот претставува проблематика долги години. Во април годинава Општина Тетово склучи договор за изградба на монтажна катна гаража за паркирање на возила во центарот на градот, но таа постапка беше обжалена од група станари во згради кои наоѓаат на улиците „Јане Сандански“ и „Маршал Тито“. Почетокот на подготвителните работи за градење беа прекинати, а градоначалничката Теута Арифи образложи дека се обидува да се најде заеднички јазик со сите засегнати страни. Се разговара поради фактот што имаме и петиција за градење и петиција за неградење на катната гаража. Во таква ситуација ние немаме ниту една законска пречка да не градиме. Сакаме да поразговраме, да видиме во разговор што можеме да постигнеме. Нема опции, тоа треба да се направи, ние имаме завршени процедури за правење, ама важно ние да направиме и договор, нормално граѓаните да се комотни со тоа што го градиме ние, изјави Теута Арифи. Зоран Ѓорѓевски, дипломиран сообраќаен инженер во Регионален центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ – Тетово елаборира дека паркирањето само по себе е сериозен проблем, но истото се вклопува во комплексот наречене сообраќај и кој според него треба да се решава заеднички со сите други сообраќајни проблеми.Тој напоменува дека проблемите во сообраќајот не треба да ги разделуваат и да се разгледуваат парцијално како што е проблем со паркирање или проблем со градскиот превоз. Тука се работи за еден проблем, а тоа е создавање подобро место за живеење, односно намалување на загадувањето, како и намалување на бучавата. Ако се тргне од тука, сообраќајот го гледаме како еден од начините како да се подобри квалитетот на живот и треба да се решава така што ќе се дејствува на повеќе сегменти. Паркирањето е само еден сегмент кој треба да се решава паралелно со градскиот превоз, транзитниот сообраќај и планирањето и воведувањето на алтернативните видови сообраќај, објаснива стручниот професор по сообраќај. Кога станува збор за паркирањето, особено е важно која е целта, односно зошто сопственикот на возилото има потреба да се паркира. Според Ѓорѓевски постојат многу мерки кои може да се преземаат, но основата лежи во зголемување на понудата на паркинг места -Имаме побарувачка за паркирање поради домување, работно место, купување, вршење некои активности, образование, активности во слободно време или некои други активности. Во оваа ситуација, според мене, изградбата на паркинг гаражите на неколку добро избрани локации по претходна сериозна анализа на состојбата во целиот град е единственото решение за Тетово, бидејќи градот се соочува и со проблем на несоодветен број на места за паркирање на станбените згради, односно зградите постојат ама на жителите од тие згради не им е понудено место за паркирање во рамките на тој објект. Сега ситуацијата е таква што побарувачката е многу поголема од расположливиот број места за паркирање и единствениот излез е целосен план со кој би се дејствувало прво на намалување на бројот на возила кои циркулираат преку квалитетен јавен градски превоз, како и користење на велосипедскиот и пешачкиот сообраќај, и на тој начин ќе се дејствува на намалување на побарувачката во најзагрозените подрачја, а од друга страна со изградбата на паркинг гаражите ќе се реши проблемот со паркирањето поради домувањето, а истовремено ќе се понудат и паркинг места поради другите причини, потенцира Зоран Ѓорѓевски. Поради недостигот на паркинг места граѓаните редовно паркираат на недозволени места па работа има и за полицијата. Во изминатите пет месеци од оваа година, на поширокото тетовско подрачје вкупно биле изречени 1287 мерки за погрешно, односно непрописно паркирање, како и 673 писмени опомени. Покрај тоа, во периодот за кој станува збор тетовската „пајак-служба“ во координација со полициски службеници на СВР Тетово подигнале 673 погрешно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, меѓу кои и возила паркирани во таканаречени „двојни редови“, во зона на крстосници, на тротоари и на други недозволени места. Сите прекршители санкционирани се со поднесоци и со парични глоби кои се движат од 45 евра (за „двојни редови“) до 180 евра во денарска противвредност за паркирање во зона на крстосници, потенцира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. За подобрување на состојбите во летниот период поради очекување на голем број печалбари, градоначалничката Арифи најави дека ќе се се користи досегашната практика – дел од училишните дворови за одреден период да бидат понудени како бесплатно паркинг место. Доколку се изгради предвидената монтажна катна гаража ќе биде прва од таков вид во градот. Објектот ќе се гради на веќе постоечки паркинг позади згради кои наоѓаат на улиците „Јане Сандански“ и „Маршал Тито“. https://sitel.com.mk/parkiranjeto-vo-tetovo-problem-i-ova-leto-se-ochekuvaat-golem-broj-novi-vozila-na-pechalbarite |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПОСКАПЕ ПАРКИНГОТ КАЈ „БЕКО“, ПРВИОТ ЧАС ЌЕ БИДЕ 100 ДЕНАРИ, СЕКОЈ НАРЕДЕН ПО 50
Паркингот спроти поранешно „Беко“ со кој стопанисува ЈП „Градски паркинг“ поскапе. Отсега првиот час ќе биде 100 денари, а секој нареден по 50. Досега паркирањето чинеше 50 денари за еден час. Директорот на ЈП „Градски паркинг“ Борче Јакимовски вели дека поскапувањето е да се намали метежот во овој дел и да се натераат граѓаните да паркираат во катната гаража „Беко“ која е отспротива. „Овој паркинг го изедначуваме со оној на улица Максим Горки. Бидејќи станува збор за строг центар на градот, а има многу гужва ја донесовме оваа нова цена. Со тоа сакаме граѓаните да ги насочиме да се паркираат во катната гаража каде еден час е 30 денари“, вели Јакимовски. Лани во декември за пет денари поскапеа сите зонски паркинзи со кои стопанисува јавното претпријатие „Градски паркинг“. Еден час паркирање во зона А наместо 45 чини 50 денари, во зона Б наместо 35 е 40 денари, додека во зоните Ц и Д од 25 поскапе на 30 денари. Нова цена имаат и месечните паркинг карти во катните гаражи за вработени и фирми кои гравитираат околу паркингот. Наместо 1.000 денари, цената од декември лани е 2.000 денари. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/poskape-parkingot-kaj-beko-prviot-chas-ke-bide-100-denari-sekoj-nareden-po-50/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
РЕДИЦИ ЗА НАПЛАТА НА ПАРКИНГОТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, ОД ГРАДСКИ ПАРКИНГ ВЕЛАТ ДЕКА ДНЕВНО ВЛЕГУВААТ ПО 4.000 КОЛИ
![]() Редици секојдневно се создаваат за наплата на паркирање на Клиничкиот центар во Скопје. Пред пунктовите за наплата има колони граѓани кои чекаат да платат, а поради тоа се создаваат и гужви пред рампите за влез и излез. Во моментов на Клинички работат два места за наплата, но директорот на ЈП Градски паркинг Борче Јакимовски вели дека гужвите се поради големиот број возила кои се паркираат. „Дневно имаме по 4.000 возила кои влегуваат и излегуваат. После пандемијата на ковид-19 повторно Клинички е полн со пациенти и околу пладне се вакви гужви. Кога имате толку многу возила не може да се постигне. Но, за да го решиме проблемот набавивме два паркомати за самонаплата кои за две недели ќе бидат во функција”, вели Јакимовски. Паркоматите ќе бидат поставени на новиот паркинг кај Клиниката за гинекологија и кај Инфективната клиника. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/reditsi-za-naplata-na-parkingot-na-klinichki-tsentar-od-gradski-parking-velat-deka-dnevno-vleguvaat-po-4-000-koli/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СКОПСКИОТ ГРАДСКИ ПАРКИНГ СЕ ПРЕМИСЛИ, ПАРКИРАЊЕТО КАЈ БЕКО НЕМА ДА ПОСКАПИ Паркирањето кај поранешно Беко во стргиот центар на Скопје нема да поскапи, останува старата цена од 50 денари за час. Откако вчера екипите на ЈП Градски паркинг поставуваа нови табли со новата цена од 100 денари за првиот час, а секој нареден по 50 денари, утрово се враќат старите табли и старата цена. „Управниот одбор на претпријатието одлучи засега да остане старата цена, односно да нема поскапување”, вели директорот Борче Јакимовски. Јакимовски вчера ни изјави дека поскапувањето е бидејќи овој паркинг е во строгиот центар, а има многу гужба, и за да се натераат граѓаните да се паркираат во катната гаража отспротива каде еден час чини 30 денари. Лани во декември за пет денари поскапеа сите зонски паркинзи со кои стопанисува јавното претпријатие Градски паркинг. Еден час паркирање во зона А наместо 45 чини 50 денари, во зона Б наместо 35 е 40 денари, додека во зоните Ц и Д од 25 поскапе на 30 денари. Нова цена имаат и месечните паркинг карти во катните гаражи за вработени и фирми кои гравитираат околу паркингот. Наместо 1.000 денари, цената од декември лани е 2.000 дена https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopskiot-gradski-parking-se-premisli-parkiraneto-kaj-beko-nema-da-poskapi/ |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Класични пички пред избори. Паркингот на улица треба да е 5 пати поскап од катните гаражи, ама немаат cojones очигледно (или пак рејтинг агенцијата им јави во рок од 24 сати дека „ви падна рејтингот за 1,15%“) Edited by гитардемон - 30-Jun-2021 at 12:28 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3536373839 47> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |