![]() |
![]() |
![]() |
Железници (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3536373839 69> |
Author | ||
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
|
извор: Нетпрес |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Деркоски им ветува на патниците : МЖ ќе купи нов воз !Се сретнаа рано утринава незадоволните патници и директорот на патнички сообраќај во МЖ, Оливер Деркоски на железничката станица во Велес. Патниците тврдеа дека секое утро кон Скопје и попладне за Велес патувале во преполни вагони на возови што доцнат.Деркоски соопшти дека МЖ планира да купи еден нов патнички воз, кој чини 5 милиони евра. ![]()
15.09.2011, 10:23
http://daily.mk/cluster3/404dc8517ba2aa5acad8e858175f3844/904115 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Македонија и Косово ги поедноставуваат граничните процедури во железничкиот сообраќај
Тоа е предвидено со Спогодбата за гранично регулирање на железничкиот сообраќај, што ја потпишаа денеска во Скопје министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и неговиот косовски колега Фехми Мујата. На заеднички состанок надлежните институции од двете држави се усогласиле царинењето и инспекциските постапки да се одвиваат на косовска страна, бидејќи, како што појасни Јанакиески, таму имало подобри услови од технички аспект. Според него, значајно е што при транспортот ќе се запира само еднаш на границите и драстично ќе се намали времетраењето за потребните постапки. - Со Спогодбата двете страни се обврзуваат за недескриминаторска и нелојална конкуренција во однос на слободниот пристап, прифаќањето документи кои произлегуваат од меѓународните конвенции со кои се обврзани двете држави. Текстот на спогодбата е изготвен во согласност со сите европски директиви и по теркот на договорите што Македонија ги потпишува со земјите членки на ЕУ, рече Јанакиески. Искористеноста на железничката линија меѓу Македонија и Косово во превозот на стока на годишно ниво изнесува милион и 200 илјади тони, а Јанакиески очекува тоа да се подобри со развојот на економиите на двете држави. Железничкиот превоз на патници, што се одвива двапати неделно, посочи тој, е со голем капацитет на искористеност од над 80 проценти. - Потпишувањето на спогодбата е значајна за двете држави и го покажува патот кој го следат нашите земји кон евроинтеграциите, рече косовскиот министер за инфраструктура. Тој смета дека денешната спогодба е значаен чекор што ќе овозможи наскоро да биде потпишана спогодба и во патниот товарен превоз, на што веќе работат стручни тимови. Останува да се усогласат уште за бројот на дозволите за косовските и македонските превозници. Заеднички интерес на двете земји, истакна Мујата, е изградбата на автопатот Приштина - Ханиелези - Скопје. - Тој ќе ги поврзе значајните коридори 8 и 10 и ќе овозможи силен развој на двете земји и од економски аспект. Овој проект Владата на Косово планира да го реализира до 2014 година, наведе тој. Одговарајќи на новинарско прашање, Јанакиески повтори дека железничкото поврзување со Албанија и со Бугарија се дел од владината Програма и оти ќе се залагаат да ги реализираат согласно роковите. За железничкото поврзување од Кичево до Лин, Албанија, веќе е изготвена физибилити студија, студија за животна средина и идеен проект и доставена апликација за финансии од ИПА фондовите за изработка на главен проект. Очекуваме да биде одобрена, по што за изработка на проектот ќе требаат околу две години за изградбата да може да почне 2014 - 2015 зависно кога ќе ги обезбедиме средства од ИПА фондовите, рече македонскиот министер за транспорт. Дел од програмата на Владата е и набавка на нови патнички вагони, за што Министерството за транспорт и врски со МЖ Транспорт а.д. почнале постапка. Во финална фаза е подготовката на тендерска документација, која ќе се достави до Министерството за финансии да се обезбедат финансии. лв/паг/14:16 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=86815146&lId=1&pmId=504 |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Не верувам додека не видам црно на бело потпишан договор за купување на нови гарнитури, оваа приказна се пее со години наназад ![]() И не е само Велес проблем, проблем е и возот кон Кичево, па оној кон Битола, секогаш се реполни, јас ги бројам оние денови кога сум седел, стоењето е вообичаена пракса. |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Директорот на железници на средба со незадоволните патници од Велес
Генералниот директор на Македонски железници А.Д транспорт Оливер Деркоски утрово се сретна со незадоволните патници од Велес кои секојдневно патуваат за Скопје. Тој за медиумите изјави дека сака директно да се запознае со ситуацијата, по инцидентот што се случи во понеделникот кога поради малиот број вагони револтираните патници го блокираа возот од Гевгелија, кој пристигнува во Велес во 6,30 како и следниот, деловниот воз од Битола во 7,30 часот. Деркоски потенцира дека раководниот тим на МЖ прави напори сообраќајот да се одвива нормално. На патниците им вети дека ќе направи се во шпиц-термините во понеделник наутро од Велес и во петок попладне од Скопје да има дополнителен број вагони, за да се надмине ваквата состојба. Тој потсети дека причина за ваквата состојба се дотраените гарнитуру и вагони и по 50 години, а вети и купување нов воз, како и поправка на дотраените вагони во фабриката за шински возила „Колска“ во Велес. Според него, раководството на МЖ А.Д транспорт е во преговори со Владата за набавка на нови дизел и електро моторни гарнитури и оти состојбата многу ќе се подобри во наредните две до три години. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=1B8C7C048BD2C94EA481B312E3AFF440 |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Вагоните на МЖ, Колска ги поправа за рекорно време
Колска навремено ги поправа вагоните на железницата. Раководството ги отфрла обвинувањата на МЖ - транспорт дека еден патнички вагон наместо за еден месец, се репарира за половина година. Според директорот Александар Атанасовски, и покрај катастрофалната состојба на вагоните кога доаѓаат во фабриката, Колска за краток период успева целосно да ги реновира. „Вината не е во нас, само да видите во каква состојба ни ги носат вагоните и ние успеваме да ги поправиме за толку кратко време. Проблемот е во претходните раководители кои навреме не го решиле тој проблем. Сега тој проблем е наталожен и нормално е дека ќе има недостиг на вагони", рече Атанасовски. Минатата недела директорот на Македонски Железници - Транспорт, обвини дека недостигот од вагони ги создава Колска. За поправка се чекало и по шест месеци. Недостигот од вагони пак создавал гужви. Оние пак кои се во сообраќај, често се расипуваат", вели директорот на железници, Оливер Деркоски. „Просечно вагоните се стари од 30 до 50 години и затоа често се расипуваат. но сега се надевам дека владата во најскоро време ќе го реши овој проблем", рече Деркоски. Во Колска моментално се реновираат три патнички вагони. До крајот на годинава, фабриката за шински возила очекува да добие уште три вагони за поправка. Инаку од македонски железници најавуваат дека ќе се промени сликата во патничкиот сообраќај. Добиле ветување од владата дека ќе распише оглас за набавка на нови возови. Izvor: http://www.lisica.mk/statija/17053 |
||
![]() |
||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
|
Е ова највише ме напиња, нови возови. Знаат ли да дефинираат новинариве воз као електромоторна или дизелмоторна гарнитура и воз составен од локомотива и вагони. Какви се тие нови возови? Ах аматери во секој поглед!
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
ништената пруга Куманово-Бељаковце ќе се реновира со пари од ЕБОР![]() Македонија има намера да искористи пари од кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за финансирање на реконструкцијата и обновата на секција од Пан-европскиот Коридорот 8, објави Банката денес. Македонската државна компанија „Македонски железници инфраструктура“ ќе ја надгради секцијата која е во должина од 30,8 километри на пругата кон Бугарија, а која се однесува на делот меѓу Куманово и Бељаковце, објави ЕБОР во тендерска белешка. Проектот се проценува дека ќе чини вкупно 54,3 милиони евра и ќе биде неопходен тендер за добра, работи и услуги кои се однесуваат на замена на бетонските прагови, набавка и замена на нови шини каде што тоа е потребно, изградба на надвозници и подвозници, железнички станици, објекти на овие станици, изградба на еден мост и неизбежните консултантски услуги. Тендерската постапка се очекува да започне во вториот квартал од 2012 година. Истовремено со објавувањето на оваа вест, локалниот кумановски портал kumanovonews.com ја објави и оваа фотографија на која се остатоците од некогашната железничка станица на некогашната железничка пруга Куманово-Бељаковце. Одамна ја нема веќе железничката пруга сосе шините и праговите, ги нема речиси веќе ни селата сосе луѓето на кои пругата им беше единствената врска со светот, пишува порталот. По таа пруга од Бељаковце и уште десеттина села на Криворечијата заминаа ширум светот реки луѓе, неколку генерации се одвезоа со истата и потоа одлетаа кон Германија, Америка, Австралија, Канада, пишува понатаму порталот и додава дека пругата била иградена во повоените, најсиромашни, гладни педесетти години на минатиот век. Делегација на тогашната Влада на РМ на чело со Перо Менков допатувала во Бељаковце качена на локомотива закитена со знамиња и цвеќе. Имаше илјаден народ во нови свечени алишта, свиреше маршевска музика, се славеше голема работна победа ја опишува атмосферата од тоа време kumanovonews.com. Беа тоа години во кои народот живееше од работа и од надежи. Денес живееме години на рушење на тоа што сме го граделе, резигнирано продолжува написот на кумановскиот портал и додава: „Ако не нé бива за градење, барем не бива за уривање. Гледате ли како душмански сме ја „оскубале“ зградава на некогашната бељаковска железничка станица? Туку, нека му ја мисли Македонијава наша, зашто сé уште има за кубење и за уривање...“ Плусинфо.мк Бизнис се надева дека горнава вест за реконструкција и обнова на пругата (иако од фотографијава и од описот на кумановскиот портал се гледа дека повеќе станува збор за изградба на нова пруга отколку за некаква обнова или реконструкција) ќе ги охрабри Кумановци и ќе им влее надеж дека релативно набрзо ќе имаат нова пруга во нивната општина која конечно ќе ги поврзе и нив со преостанатите кумановски села, а и сите нас со соседна Бугарија. http://www.plusinfo.mk/vest/15965/Unishtenata-pruga-Kumanovo-Beljakovce-kje-se-renovira-so-pari-od-EBOR |
||
![]() |
||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|
Разлика на некогашната железничка станица Белјаковци.
![]() ![]() |
||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Брза железница ќе го олесни транспортот од СолунАлександра Спасевска![]() Извозниците велат дека трпат огромни штети од старите пруги и вагони, поради што мора да го користат поскапиот транспорт со камиони. Бараат што побрзо да се модернизира железницата, бидејќи на индустријата и треба масовен превоз Модернизација на железницата, што значи нови вагони, брзи пруги и либерализација на железничкиот транспорт. Само на овој начин може да се забрза и да се олесни транспортот на македонска стока од и до Солунското пристаниште. Извозниците кои најмногу ги користат услугите на Солунското пристаниште велат дека трпат огромни штети поради застарените пруги и вагони, поради што мора да го користат поскапиот транспорт, со камиони. За да не чекаат со денови камионите на граничниот премин Евзони-Богородица, фирмите бараат што побрзо да се реши проблемот со железницата, бидејќи индустријата бара масовен превоз. Посебно во услови на чести штрајкови, со ова во голема мера би се спречил евентуален застој во транспортот. Само комбинатот Фени индустри секој ден транспортира руда од Солун до Кавадарци со 120 камиони. Сето тоа чини многу повеќе време и пари отколку ако оди по железница. Константинос Даскалос, главен извршен директор на Фени индустри, вели дека поради лошата железничка инфратсруктура се принудени при транспорт да го користат патниот сообраќај, што пак е лошо за животната средина во Кавадарци. “Слабата железничка инфраструктура нe принудува да го превезуваме никелот до Солунското пристаниште со 120 камиони секој ден. Можете да замислите што значи 120 камиони секој ден да ги поминуваат границата и царинските процедури?!“, вели Даскалос. Од Макстил, која 60% од стоката до Солунското пристаниште ја транспортира со железница, велат дека нефункционалните и застарени пруги им нанесуваат огромни штети. “Не е спорно дека модернизацијата на Коридорот 10 е клучна и неопходна, но многу важно за извозниците, а и за сите компании воопшто е да имаме алтернативен излез. Изградбата на Коридорот 8 не смее да се заборави и покрај тоа што има и такви кои ќе речат дека не е исплатливо“, смета Александар Панов, генерален директор на Макстил. Панов потенцира дека железницата е незаменлива кога станува збор за компании кои мора да ја превезуваат стоката со габаритни возила. Еколошки е подобро, се заштитува патната инфраструктура, а значајно е и од аспект на политичките одлуки на соседите, бидејќи железничкиот сообраќај не е толку често изложен на блокади. Од менаџментот на Солунското пристаниште признаваат дека еден од најголемите проблеми за транспорт на стока до Македонија е железничката инфраструктура, не само од македонска, туку и од грчка страна. Емануел Михалидис, генерален менаџер на Солунското пристаниште, вели дека проблемот е особено брзината на возовите. “Мора да признаам дека поголеми се проблемите од грчка страна. Факт е дека грчката железница мора да се реконструира и тоа е во процедура, а се очекува финализација идната година. Според европската регулатива, Грција е обврзана да го либерализира железничкиот сообраќај. Мислам дека и во вашата држава е слично, што значи дека можностите за соработка ќе бидат поголеми доколку се случи тоа. Кога имате приватен инвеститор блокадите од страна на вработените се сведени на минимум“, потенцира Михалидис.
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Железници немаат вагони, за нови ќе почекаме Сите возови секојдневно кружат по пругите, ако еден се расипе, едвај се наоѓа замена Сања Наумовска |
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
Bas me raduva sto site se fatija za transportot na patnicite! Ova ja tera nekako vladata da obnovi novi vagoni!
![]() |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Се надевам на промени на подобро, но на целиот процес на набавка и изработка ќе му бидат потребни 2 години. Сметам дека до тогаш треба да се работи на редовно ремонтирање на постоечките вагони, бидејќи 14 вагони се премалку за опслужување на сите домашни и меѓународни линии. За петок, недела и празници во овој случај нема дополнителни вагони, а да не говориме при откажување возови.
Со ваква состојба мислам дека наредниот возен ред ќе ни биде многу лош. |
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
Ne razbiram sto mislat novinarite so tri dizellokomotivi so po tri vagoni???Moze nekoj da mi objasni ili pak da mi pokaze nekoja slika.....
|
||
![]() |
||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|
![]() Дизел моторна гарнитура составена од три единици „вагони“ ![]() Електро моторна гарнитура составена од четири единици „вагони“ ![]() |
||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||
![]() |
||
Sylvester ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 09-Jun-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Ех да може МЖ да се опреми со вакви :
http://www.alstom.com/transport/products-and-services/rolling-stock/pendolino-high-speed-trains/ Немора да одат со по 250km/h доволно е и со 150-190 бар да имаме асален траснпорт на патници. Па со можност со тек на време да се направи и пруга до Охрид, па и до источна Македонија. [PDF] http://www.alstom.com/assetmanagement/DownloadAsset.aspx?ID=f01e3906-765e-46e3-a1be-e8bb76d967e2&version=37f4a4a7a9de485e9c37eb59e55d49263.pdf&lang=2057 |
||
![]() |
||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
|
Знае некој какви дизел и електромоторни гарнитури можат да се купат за 5 милиони евра?
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Ако планираат да ги купат сите овие планирани гарнитури за 5 милиони евра, тогаш нема да направат ништо ![]() |
||
![]() |
||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|
![]()
|
||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Мојот став е познат, подобро чешка Шкода, шпански Цаф и руски Метровагонмаш, поевтини се и се речиси еквивалетно квалитетни како Сименсовите гарнитури. Не знам зошто се бараше да се купат евтини украински автобуси, а сега ќе се купуваат скапи гарнитури. Јас пак ќе речам, тоа е мое мислење, подобро 6 поевтини отколку 3 поскапи дизел моторни гарнитури, а исто така и за електро моторните гарнитури. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3536373839 69> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |