![]() |
![]() |
![]() |
Тунел под Кале |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456> |
Author | |||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
||
Дали би возеле велосипед или би пешачеле во тунел!?
Не е некое пријатно искуство... |
|||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Ако е краток(500-1000м)и ако има безбеден простор за движење или ако нема некоја друга подобра алтернатива да се стигне до некое место тогаш ок, но се што е подолго не е баш добро поради бучава и загадување. На пример под железничка е кратка дистанца(од Зегин до Шехерезада) ама кога минувам гледам да сум што побрз,никогаш не чекам ниту бус ниту пак сендвич
![]() |
|||
![]() |
|||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
||
Конкретно, јас, под Железничка кога поминувам со велосипед, не чувстувавам дека ми пречи бучавата. Повеќе ми пречи бучавата кога помиинувам пешки. Дали е зошто е мало растојание, не знам. А реално ако збориме, пречи нечистотијата. |
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Мостот и тунелите под Кале ќе го уништат паркот на Вера Јоциќ кај „Жабарот“
![]() Граѓаните организирани во фејсбук-групата „Во одбрана на Дебар Маало“ реагираат на изградбата на новиот мост преку реката Вардар со тунели под Калето. Тие сметаат дека на тој начин скопскиот градоначалник, Петре Шилегов и владејачкото мнозинство во Советот на Град Скопје продолжуваат со нивните намери да го уништат паркот на Вера Јоциќ кај „Жабарот“. Од Градот велат дека тоа што оваа градска администрација пробала да направи е да распише јавна набавка за проектирање на тој мост, за отпосле да се види колку ќе чини неговата изградба и реализацијата на проектот, за да се одлучи дали е можна и финансиски логична неговата изведба и дека тоа не значи оти овој парк наскоро ќе биде уништен Граѓаните организирани во фејсбук-групата „Во одбрана на Дебар Маало“ реагираат на изградбата на новиот мост преку реката Вардар со тунели под Калето. Тие сметаат дека на тој начин скопскиот градоначалник, Петре Шилегов и владејачкото мнозинство во Советот на Град Скопје продолжуваат со нивните намери да го уништат паркот на Вера Јоциќ кај Жабарот. Според Ана Христовска, паркот не смее да биде уништен и ниту едно дрво не смее да биде исечено. – Ќе страда и паркот на франкофонијата и Градскиот парк зашто тој мост ќе донесе големо звучно и воздушно загадување. А тоа не смее да се дозволи како потег во еден од најзагадените градови во светот – смета Христовска. Александар Јов предлага да се направи клучка кај мостот „Гоце Делчев“ и уште еден мост до него од левата страна, но потенцира дека некому тоа не му одговара. За Билјана Сидовска идејата е лоша и треба да се преиспита. – Го раскрчмивме единствениот градски парк … срамота! Центарот на градот уште повеќе ќе го наполниме со автомобили и загадување. Единствениот дел од градот што потсетува на некое спокојно живеење ќе го уништиме. Најстрашни се безидејни градоначалници – нагласува таа. Граѓаните потенцираат дека според регулациските планови кои се изгласани овој месец, предвидениот мост има автомобилски ленти од 3,5 метри (за 100 километри на час), тој ќе биде продолжение на булеварот „Климент Охридски“ и во целост ќе уништи преку стотина дрвја во единственото паркче во градот кое носи име на партизанка и народен херој. Тие додаваат дека Шилегов и неговите советници ветуваа модерен град каде заштитата на животната средине ќе биде императив, но дека она што го добива нивната населба Дебар Маало, со оваа како што ја нарекуваат гарнитура на популисти, кои работат против здравјето на граѓаните и за интересот на урбаната мафија, е понатамошно загадување, повеќе сообраќај и уништување на културното наследство. Советничката во Советот на Град Скопје, Драгана Велковска реагираше дека Град Скопје има обврска да ја заштити зоната околу Вардар и државното земјиште, но смета дека регулациските планови се таа шанса која ја користи како алатка за да го направи токму спротивното. – Со овој регулациски план мостот и тунелите на булеварот „Климент Охридски“ имаат автомобилски ленти од 3,5 метри (за 100 км/ч) и смешни тротоари од 2 метри и немаат велосипедски патеки. Практично велосипедистите на ваков масовен вијадукт се упатени на коловоз, според Законот за безбедност -потенцираше Велковска. Таа додава дека Градот практично ќе дозволи на милионска инвестиција со мостовите и тунелите низ Кале, да се штеди на пешачки и велосипедски патеки кои се далеку поевтини од делот за автомобилите! – Оваа нова врска ќе ги спои граѓаните на Центар, Чаир, Бутел, Шуто Оризари, но очигледно ќе ги спои на безбеден начин само при користење автомобил?! Вака проектирани вијадуктот и тунелите ќе донесат брз сообраќај во Центар во Дебар Маало и Буњаковец и небезбедност, наместо шанса за одржлива мобилност“-истакна Велковска. Од Градот појаснуваат дека Советот на Град Скопје изгласал мала техничка исправка на регулациониот план на веќе постојниот детален урбанистички план на Општина Центар која што се однесувала на делот на мостот од другата страна на Вардар, а не кај објектот на Владата. – Советничката Драгана Велковска тоа го користи за да потсетува дека низ сегашниот парк на Вера Јоциќ треба да поминува мост, којшто е предвиден со ГУП-от од 1964 година, а не е нов и предвиден од оваа градска администрација -одговорија градските власти. Тие додаваат дека тоа што оваа градска администрација пробала да направи е да распише јавна набавка за проектирање на тој мост, за отпосле да се види колку ќе чини неговата изградба и реализацијата на проектот, за да се одлучи дали е можна и финансиски логична неговата изведба. – Ова не значи дека овој парк наскоро ќе биде уништен – децидни се од Градот. На 12 јуни минатата година, скопскиот градоначалник Петре Шилегов потпиша договор со турската фирма „Мега инженеринг консалтинг АД“ и Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии од Скопје за проектирање на сообраќајницата, мостот преку Вардар и тунелите под Кале. Тогаш Шилегов најави дека проектот за тунелите под Кале ќе биде готов за шест месеци и потенцираше дека продолжувањето на булеварот „Свети Климент Охридски“ со мост над реката Вардар, со тунел под скопското Кале и поврзувањето со булеварот „Никола Карев“ (Пластичарската улица), ќе ја зголемат мобилноста и протокот на возила и ќе има позитивни еколошки ефекти од намалената емисија на гасови и бучава. Поради непочитување на роковите за изработка, поради пандемијата, договорот беше раскинат на септември годинава. Шилегов повеќе пати тврдеше дека не се откажува од овој капитален проект за Скопје и најавува нов тендер за проектант. Тој верува дека до крајот на својот мандат ќе ја почне реализацијата на долго најавуваната идеја за тунели под Кале, сообраќајница која е зацртана во Генералниот урбанистички план уште во 1964 година. https://www.vecer.press/мостот-и-тунелите-под-кале-ќе-го-уништа/ |
|||
![]() |
|||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
||
Глупости, овој простор само случајно има зеленило и никогаш не е предвиден парк на ова место. Што, да не треба да избришеме градски булевар заради 10тина дрва?! Какви се овие активистички глупости?! Тоа што некој ја опнал таа скулптура тамо само покажува дека ни институциите не ги почитуваат плановите што ги носат, како уопште може да се постави споменик ако не е вртан по дуп, а како може воопшто дуп да предвидува споменик кај што е предвиден булевар.
Јас би му порачал на Шилегов, одма после локални избори (на кои очигледно ќе победи), уште утрето ден после исзбори да ги испосече сите дрва што пречат на реализацијата на булеварот, како би се заштитил од активистички плачипичкарења по медиуми од паркобрански калибар кога ќе дојде време за вистинска реализација на булеварот! Може и да се дислоцира тој споменик на друго место, ако иманешто времени објекти да се дислоцираат и да се нафрла песок врз земјиштето. Намерно да се запусти, за после граѓаните сами да бараат да се реализира булеварот и да се одзапусти просторот. Пошто со оваа сељачка маса, која понекогаш изродува овакви гомца кои знаат да изјават вакви работи, нема друг посоодветен начин да се постапува! Edited by user8642 - 03-Jan-2021 at 15:15 |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
Во жестока конкуренција на малоумни изјави, мислам дека сепак овој е неспорен шампион. |
|||
![]() |
|||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
||
Изгубеното зеленило може да се надомести од другата страна на Вардар, како што беше потенцирано неколку мислења погоре, ако сакаат градските власти. Греота е за секое големо дрво што ќе се исече, но помалите можат лесно да се преместат како што веќе повеќе пати сме виделе.
|
|||
![]() |
|||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
||
Така би требало да се уништи паркот покрај влада (којнесреќно беше заграден со онаа барокна ограда) каде има многу поважен споменик на НОБ него ли дивопшоставена биста на еден партизан. Ко да неможе да се најде улица, школо, што и да е, Вера Јоциќ и да се премести бистата тамо или во паркот на франкофонија сто метра понастрана. Како им паѓа на памет вакви малоумни глупости?! Колку и да се покажуваа ваква епизодна грижа за зеленилото, сепак тоа е второстепено. Се имаат ли луѓево некогаш сретнато во животот со концептот на приоритети?! |
|||
![]() |
|||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
||
Дури ваквите групи делуваат и смешно. Во Скопје има еден куп други места каде што може да се разеленат (да се насадат дрвја, да има трева итн.) кои се само извор на прашина и кал, но не, тие се фатија за едно мало парче низ кое мора да помине една важна градска сообраќајница, која за жал, не е реализирана со децении. Плус, бидејќи цело време се занимаваат со оваа тема, добро ќе е и малце да си ги прошират видиците и да дадат можни одржливи решенија за зеленило во град кои се во склоп на 21 век, а не само да се бунат. Пример, може да покренат иницијатива дека мора овие дрвја низ кои булеварот ќе поминува да бидат преместени со машината за преместување дрвја на Град Скопје и сл.
|
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
Ко да тоа е главниот проблем со таа „идеја“ ![]() 1. Клучка таму, освен што е страшно глуп предлог од секој можен аспект, е всушност неизводлива. 2. Нов мост што ќе излегува каде? 3. Неколкукратно подолг тунел. 4. Спојување на тунелот со Малиот Ринг, наместо со Големиот. . . . Тој мост и тунел се планирани токму такви и токму таму со Генерален Урбанистички План уште од 1965 година. Слично решение, на истата локација е зацртано од Лудјек Кубеш (1948 година). Неговото решение е надградба на планот на големиот Јосиф Михајловиќ - Јурукоски (од 1929 година), и Димитрије Леко (1914 година), кои исто така на таа локација предвиделе премостување на Вардар, а потоа пробивање на тунел под Кале, со таа разлика што оската на тунелот била во правец кон Бит Пазар. Значи таа траса, токму во денешната форма фигурира таму веќе 56 години, а концептот е стар 107 години! Градот, во текот на толку многу децении се обликува согласно тие планови. Арно ама еве некој мајмун за секунда станува сообраќаен инженер и доктор на науки по урбанизам, па од газот вади ново „решение“, и добива медиумски простор. Edited by Cloverstack - 03-Jan-2021 at 19:15 |
|||
![]() |
|||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
||
Предизборни „граѓански активисти“, ништо повеќе. Отворете го профилот на Шилегов и ќе видите.
|
|||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Тунелите под Кале ќе го чекаат новиот ДУП
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов не се откажува од изградбата на тунелите под Кале. Тој на новинарско прашање објасни дека имале несреќа со изборот на проектантот, а тоа беше фирмата „Мега инженеринг консалтинг АД“. – Го имавме тендерот, го потпишавме договорот со избраниот понудувач, започна проектирањето, не успеа избраниот понудувач да даде квалитетен проект за таа локација, заради тоа Градот го раскинае договорот. Општина Центар е во фаза на носење на нов ДУП за тој дел, ќе почекаме да биде донесен, со цел коридорот каде ќе бидат тунелите да го исчистиме од непотребни трошоци, бидејќи, така како што беше поставен ќе имавме 8 милиони евра трошоци за експропријација само за еден хотел – изјави Шилегов. Тој нагласи дека е подобро да се изгуби повеќе време околу проектирањето, отколку да се утне реализацијата. – Јас сум човек кој темелно ги планира проектите пред да се почне со имплементацијата – заклучи Шилегов. Тој исто така потенцираше дека е во преговори со Владата, доколку обезбеди средства да се продолжи со булеварски излез на северниот дел од градот. – Готов е проектот за клучката на булеварот „Словенија“ и да продолжи до Обиколницата, што ќе биде втора фаза од изградбата на кружните текови кај Момин Поток. Финансиска ссостојба на Градот е ваква каква што е. Ако се обезбедат финансиски средства, во проектна смисла сме подготвени да започнеме со имплементација и на булеварски излез на северниот дел од градот – истакна Шилегов. https://www.vecer.press/тунелите-под-кале-ќе-го-чекаат-новиот-д/ |
|||
![]() |
|||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
||
За каков хотел од 8 милиони евра зборува овде Шилегов кога трасата од тековниот ДУП поминува само низ бесправно изградени објекти? ![]() Кој е потребата од едно вакво проширување кое се заговара со новиот ДУП? ![]() Или можеби се однесува на некој објект од другата страна на калето, кои може и да се легализирани дивоградби. ![]() Ако е тоа случај, тогаш не е до проектантот, тука до нефукционалноста на институциите кои слугувајќи му на државниот политичкиот систем дозволиле урбанистичко дивеење во еден важен дел од градот и сега немаат моќ да го решат. По сѐ изгледа на проектов му е неизбежна „беласицизација“.
![]() |
|||
![]() |
|||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
||
Можда на крај и штета ќе му исплатат на Рудине пошто е неправедно срушен, од кога ќе ги изпоизнакриват булеварот за да се угоди на една дивоградба. Така е клучка Волково на обиколница, така е со булевар ДамеГруев кај Максим Горки раскрницата, така е со Водњанска, така е со ХТКарпош. Зашто сега да биде поразлично.
|
|||
![]() |
|||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
||
Сега ми текна работа во врска со овој тунел. нели веќе годинаипол како наводно се проектира тунелов? Тоа нели се користи јавно како изговор зашто неможело да се почне со изградба, а не дека нема градот буџет. Епа сега што ако направат вакво изместување во корист на дивоградбата? Пак ли отпоново ќе се проектира?
|
|||
![]() |
|||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
||
Договорот со проектантот беше раскинат заради тоа што не можеле да ги испочитуваат роковите заради ситуацијата настаната околу пандемијата... или нешто слично беше оправдувањето.
![]() |
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Во едно гостување на Шилегов на некоја од телевизиите беше спомнато дека се бара начин да се избегне експропријација/рушење на објект кој е на трасата и кој би го чинел градот околу 8 милиони евра,не беше посочено за кој објект станува збор.
|
|||
![]() |
|||
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
||
Уживајте, нема ништо ни од овој проект да биде.
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Што губи југот, а што добива северот од пробивањето на булеварот и тунелите под Кале?
Режисерот Милчо Манчевски го прозва градоначалникот Петре Шилегов дека сака да реализира проект кој е рецидив на план стар повеќе од половина век (1965 г.) и создаден во време кога автомобилот беше крал, а човекот слуга. Смета дека со пробивањето на булеварот и тунелите под Кале, во центарот на градот ќе се слеваат илјадници нови возила кои ќе го загадуваат воздухот. Оние скопјани кои живеат во северниот дел на градот, пак, го одобруваат проектот и сметаат дека на тој начин најбрзо ќе можат да стигнат до центарот на Скопје, Клиничкиот центар, старата Градска болница… Ана Петровска, која е кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на Зелен хуман град вели дека решавањето на сообраќајниот метеж значи подобрување на квалитетот на животот и намалување на загадувањето Тунелите под Кале се уште еден нереализиран проект во 4-годишниот мандат на скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Овој проект најавуван од Шилегов како капитален кој ќе го спои северот со југот на градот и кој требаше да почне да се гради оваа година, извиси поради, како што објасни градоначалникот, несреќниот избор на проектантот. – Го имавме тендерот, го потпишавме договорот со избраниот понудувач, започна проектирањето, не успеа избраниот понудувач да даде квалитетен проект за таа локација, заради тоа Градот го раскина договорот. Општина Центар е во фаза на носење на нов ДУП за тој дел, ќе почекаме да биде донесен, со цел коридорот каде ќе бидат тунелите да го исчистиме од непотребни трошоци, бидејќи, така како што беше поставен ќе имавме 8 милиони евра трошоци за експропријација само за еден хотел – изјави неодамна Шилегов најавувајќи, сепак, дека нема да се откаже од негова реализација. Скопјани поделени за овој проект. Едни сметаат дека со пробивањето на булевар до зградата на Владата и изградбата на мост на Вардар и на тунелите под Кале, наместо растоварување на сообраќајот кај Мавровка и низ Бит-пазар, што впрочем е и главната причина за реализација на проектот, ќе доведе илјадници нови автомобили во центарот на градот. – Ги повикувам кандидатите за градоначалник на Скопје да застанат на страната на човекот, а не на автомобилот. Ги повикувам јавно да се откажат од идејата низ центарот на градот да се пробива автопат и да се гради тунел. Намерата да се продолжи булеварот „Климент Охридски“ со мост на Вардар и тунел под Кале ќе доведе илјадници нови коли во центарот на градот. Тоа ќе предизвика дополнително загадување на еден од најзагадените градови во светот, ќе ја зголеми бучавата, дополнително уништување на животот на човекот за сметка на автомобилот. Патем ќе го уништи паркот кај Жабарот и ќе предизвика постојан безбедносен ризик на зградата на Владата – коментира режисерот Милчо Манчевски. Според него, оваа идеја е рецидив на план стар повеќе од половина век (1965), создаден во време кога автомобилот беше крал, а човекот слуга. – Сите големи градови денес се коригираат – се одземаат сообраќајни ленти и се прават вистински пешачки зони во центрите на Њујорк, Лондон, Париз, Амстердам… Сите студии и пракси од последните триесетина години ја потврдуваат целисходноста на овој пристап. Спојувањето на северот и југот на Скопје може да се оствари многу поефикасно и далеку поевтино ако се додадат по две ленти на потегот од мостот кај „Александар Палас“ до семафорите кај Качанички пат и ако дополнително се модернизира овој обиколен пат. Со тоа центарот ќе се растовари, а северот и југот на градот ќе бидат поефикасно поврзани. Затоа ги повикувам кандидатите да градат современ град по мерка на човекот, а не на автомобилот – вели Манчевски. Оние скопјани кои живеат во северниот дел на градот, пак, го одобруваат проектот и сметаат дека на тој начин најбрзо ќе можат да стигнат до центарот на Скопје, Клиничкиот центар, старата Градска болница… – Живеам во Бутел и за да стигнам до Државна болница морам или да поминам низ Јаја Паша и Бит-пазар, или да кружам по булеварот „Словенија“, Качанички пат, па низ Карпош и Капиштец. Со тоа правам непотребно многу повеќе километри. Пробивањето на булеварот под Кале и проширувањето на булеварот „Македонско Косовска Бригада“ кон Чаир и Шуто Оризари е само уште едно решение за побрз сообраќај од северниот дел кон центарот на градот. Тоа ќе значи големо растоварување на сообраќајот низ Јаја Паша, Бит-пазар и булеварот „Гоце Делчев“. Пробивањето на булеварот не значи зголемување на бројот на возилата што се движат по центарот на Градот оти тој е ист (плус или минус стотина) и не зависи од улиците, туку од потребите на граѓаните – смета Неџат Луѓа. Ана Петровска, која е кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на Зелен хуман град, вели дека решавањето на сообраќајниот метеж значи подобрување на квалитетот на животот и намалување на загадувањето. – Сообраќајните решенија мора мултидисциплинарно да ги утврдат врвни стручњаци. За таа цел во тимот на Зелен хуман град постојано се вклучуваат стручни и искусни луѓе што ја препознаваат нашата решеност да донесеме одржливи решенија по мерка на скопјани. Иднината на Скопје зависи од започнатиот Генерален урбанистички план. Во овој план мора да се обезбеди зачувување на зеленилото, ревитализација на запуштени простори и објекти, рационални сообраќајни решенија, конзервација на културното наследство – смета Петровска. https://www.vecer.press/што-губи-југот-а-што-добива-северот-од/ |
|||
![]() |
|||
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
||
Шегава со тунели под Кале не е веќе смешна и интересна.
Ако има нешто што не му фали на Скопје тоа се уште коли и уште поголемо загадување. Доста со овие глупости,рекорди рушите ко град по загаденост тие улици прошируваат и ридови ќе дупат за да можат алкохолизирани џукели да си лечат комплекси. Стоп кажете,сите овие пари фрлани за излети и крпење улици ќе се почнеше со изградба на метро и немаше и шуто и рогато во кола да биде качено. |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |