![]() |
![]() |
![]() |
Емпорио деловен центар и општинска зграда Ѓ.Петров |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 9> |
Author | |
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Живеев во тој дел година дена пред 10 години, неверојатно е колку е сменето а и колку нови згради има во тој дел. Сега со овој трговски дефинитивно Ѓорче уште повеќе ќе заличи на урбана средина.
|
|
![]() |
|
ѓорче ![]() Groupie ![]() Joined: 28-Feb-2014 Online Status: Offline Posts: 58 |
![]() ![]() |
ВО ДНЕВНИОТ ВЕСНИК "ВЕСТ"
04.03.2014, 11:19 ОГРАДЕН ПРОСТОРОТ ЗА НОВИТЕ ПРОСТОРИИ НА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ОПШТИНСКА ЗГРАДА НА МЕСТОТО НА ЛУНАПАРКОТ Вкупната инвестиција ќе биде околу 30 милиони евра, а вработените се очекува да се преселат во новите простории најдоцна за две години На местото на мини-лунапаркот во Ѓорче Петров ќе никне зграда во која ќе се смести Општина Ѓорче Петров. Инвеститорот "Трансмет" со метални тараби го огради просторот, кој е дел од паркот, и наскоро ќе почнат градежните работи за изградба на објектот. Покрај оваа парцела, заградено е и земјиштето спроти ТЦ "СП планет" каде што, пак, ќе се гради трговско-деловен објект на инвеститорот. Двете згради ќе бидат на пет ката, со подземен паркинг. "На оваа локација лунапарк нема да има. Реквизитите беа поставени само како привремено решение за овој простор, да не зјае празен. Веќе размислуваме за нова локација за мини-лунапарк", вели градоначалникот Сокол Митревски. Тој објаснува дека улицата Радушка, која ги разделува двата објекта, целосно ќе биде реконструирана. Ќе биде пешачка зона, коцката ќе биде извадена и заменета со павер елементи. Општина Ѓорче Петров пред неколку месеци потпиша договор со фирмата "Трансмет" за изградба на општинската зграда. Инвеститорот на своја сметка треба да го изгради објектот, а за возврат ја доби парцелата спроти "СП планет". Вкупната инвестиција ќе биде околу 30 милиони евра, а градоначалникот Митревски очекува да се преселат во новите простории најдоцна за две години.(А.А.) ![]() Незнам дали е до нашите новинари или до мојата општина. Но доста интересен текст за тоа како ќе биде поставена општинската зграда и зградата за бизнис центарот.. Проценте сами.. Edited by ѓорче - 07-Mar-2014 at 01:58 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Денес..
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
ѓорче ![]() Groupie ![]() Joined: 28-Feb-2014 Online Status: Offline Posts: 58 |
![]() ![]() |
Не разбирам зошто патов е уште остаен...Се надевам дека нема да бидат башка објекти.
![]() |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Па јас како што знам, така и ќе биде, општината позади, трговскиот напред.
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
На ова градилиште во моментов се работи пополека, има мал број на машини на терен, но важно проектот си тече:
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Денес..
![]() |
|
![]() |
|
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
Па овие не мрднале ни педа бе
![]() |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Мда. Неколку месеци ништо не мрдаше, па пред месец дена отприлика пак се активираа.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
1
![]() 2 ![]() |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Општинската зграда на Ѓорче Петров остана на темели
По повеќе од две години од потпишувањето на договорот за јавно – приватно партнерство, новата општинска зграда на Ѓорче Петров е во почетна фаза од изградбата. Досега се изведени единствено темелите и дел од конструкцијата на подземните простории на идниот објект со најавена вредност од 12 милиони евра. Административната зграда треба да биде завршена до крајот на јуни 2016 година, што ќе претставува речиси невозможна мисија, судејќи според постоечката состојба во која таа се наоѓа. ![]() ![]() ![]() ![]() Локалната самоуправа пред повеќе од еден месец информираше дека изведувачот АД „Карпош“ периодов работи на финализирање на хидроизолациската подлога и на армирање на темелната плоча. Истовремено, тие информираа дека во почетната фаза се појавиле непредвидени проблеми што произлегле од испумпување на подземна вода. Инвеститор на општинската зграда во Ѓорче Петров е фирмата „Трансмет“ од Скопје, која со сопствени средства треба да го издигне зданието на пет ката и подземен паркинг на две нивоа со капацитет од 350 паркинг места. Од целокупната површина, општина Ѓорче Петров ќе се стекне во владение со површина од 3.600 метри квадратни, додека преостанатиот простор ќе му припадне на концесионерот за оформување на комплексот „Емпорио бизнис центар“. Важниот проект за оваа скопска општина се одолговлекува со реализација повеќе од една деценија. Истиот започна во 2005 година со изборот на првично идејно решение за нова административна зграда. http://www.build.mk/?p=45545 |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Епа арно, има прогрес споредено со претходната серија фотки од пред 2 месеци. Лека-полека.. иначе добро место за сликање на градилиштево се скалите на тоа мини трговскиот.
![]() |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Фрлена првата плоча на новата општинска зграда
![]() http://vesti.mk/read/news/6176060/2325200/frlena-prvata-plocha-na-novata-opshtinska-zgrada |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Објектот „Емпорио“ од 15.000, порасна на 30.000 метри квадратни
Новово решение ми се допаѓа многу повеќе од старото |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
На вториот линк (од пред неколку години) има зграда со многу евтин изглед, додека на рендерот од годинава изгледа многу поубаво
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Ќе се изначекаме за објектот, според официјалните соопштувања треба да се заврши максимум за 4 години... а да дизајнот и мене ми се допаѓа и мислам дека одлично ќе се вклопи со околината и паркот, мислам дека тој дел заедно со пазарот, општинската зграда, болницата/амбулантата, поштата и полициската станица многу добро ќе излезе... само треба да се инвестира повеќе, да се урбанизира општината, малку е заостаната мислам во споредба со другите...
|
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Рокот е 2017-та што со ова темпо е достижно но ќе видиме.Имавме најава за проектов 2013-та негде ако не се лажам, а што е причината за доцнењево стварно незнам.
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Тргнаа работиве изгледа
![]() Објект „Емпорио“ – ново собиралиште на жителите од Ѓорче Петров ![]() Секогаш се зборувало, кога се гради, добро е, затоа што просторот на кој се гради живее и дише. Градот Скопје дише со полни бели дробови и на своите рамења носи многу градилишта кои го менуваат неговиот изглед, неговата содржина и функција. Фокусот на јавноста последниве години кај нас како да беше главно насочен кон проектот Скопје 2014? Загледани во овој, за наши услови, огромен проект, не погледнувавме и не забележувавме што се случува на полето на архитектурата надвор од центарот на Скопје, а уште помалку во другите градови на Македонија! ![]() Со сè она што се случува во Скопје, барем нам архитектите ни се чини како архитектурата свесно или несвесно, наметливо или ненаметливо, се оддалечува од својата рационална природа. И додека со Скопје 2014 се враќаме кон користење на класични технологии, правење на сценографија за одредени партиски потреби користејќи веќе одамна одминати архитектонски изрази кои во денешно време изгледаат анахроно и невкусно, има исклучоци, за среќа, кои употребуваат нови експресивни форми врзани за новите технологии. ![]() Веќе подолго време во општината Ѓорче Петров на самиот кружен тек, од десната страна движејќи се кон излезот на градот, во правец на паркот стои оградена локација. Тоа е местото каде што се гради новата зграда на бизнис центарот „Емпорио“, во кој еден дел е наменет за општинската административна зграда. ![]() Овој проект е реализација на договорот за јавно и приватно партнерство помеѓу општината Ѓорче Петров и компанијата „Трансмет“ од Скопје, која воедно е и изведувач на градежно-занаетчиските работи на објектот. Трговските или бизнис центри полека но сигурно станаа неизбежен дел од нашето секојдневие. Се градат насекаде, каде што има можност и потреба од нив. Тоа се места кои покрај функционалните значења за многу посетители претставуваат општествени собиралишта, места за прошетка, простор за забава или, едноставно, бегство од секојдневието. Тие денес станаа нови храмови на современиот потрошувачки стил. Се поврзуваат со купување и забава, со трошење и уживање на сопственото слободно време. Замислени како места во кои може да се проведе целиот ден во комбинација со купување, забава и рекреација. Тие стануваат нови центри на собирање, центри подалеку од центарот на градот. ![]() Проектот на овој административно-деловен комплекс, кој се состои од два објекта на приземје и пет ката, архитектонско и визуелно поврзани, е на архитектите од познатото проектантско студио „ДСЦ Дизајн“ од Скопје. Објектот го конципирале како бизнис центар со низа различни комплексни содржини. Поради разноликоста на содржините и функциите што треба да ги опфати центарот, проектантите направиле функционална поделба по хоризонтала и вертикала. Содржините се јасно диференцирани, а пристапите до одредени функции се третирани според очекуваниот број на посетители. ![]() Основа на приземје Концептот на пешачка улица, околу која гравитираат трговски и деловни содржини, се протега низ двата први ката на овој центар, додека на третиот и четвртиот кат се наоѓаат исклучиво деловни простории. На петтиот кат, освен деловни содржини, проектирани се и мултинаменска сала, пет бизнис апартмни наменети за деловни гости, како и фитнес и спа центар наменет за вработените и за гостите на центарот. ![]() Со галопирачка изградба на згради и заземање на зелените градски површини, градините полека се селат на крововите. И на нивото на вториот кат на бизнис центарот, проектирани се две кровни градини кои се наоѓаат на западната и северната страна. Тие придонесуваат за квалитетот на просторот како и за квалитетот на работата во општинската зграда, која е во директна визуелна комуникација со овие две кровни градини. Да направиш градина на кровот, да посадиш дрвја, грмушки и зеленило кое ќе расте над бетонот, да го вратиш во живот просторот што ѝ е одземен на природата, е голем предизвик за архитектите, кои при проектирањето пристапиле со голем ентузијазам. Центарот има две подземни нивоа кои се наменети за супермаркет, технички простории и паркинзи за вработените и посетителите. ![]() Општинската зграда е вториот дел од комплексот. Таа се состои од приземје и четири ката. Освен канцеларии, санитарии и помошни простории за вработените и посетителите, зградата има и аудиториум со мултинаменска сала за 80 луѓе. На првиот кат се наоѓа атриум кој се протега и низ останатите катови. Завршува со купола преку која целиот простор добива дневно светло. ![]() Основа на втори кат Еден архитект е успешен онолку колку ќе успее да „зароби“ повеќе природна светлина во својот објект. Овде тоа е направено со многу умешност и знаење. Просторот добива атмосфера и амбиент, предизвикува чувства. Добрите архитекти се препознаваат по тоа што успеваат кај луѓето да предизвикаат чувства, да го бараат и да го најдат она што не го познаваат; до детали, проектирајќи го, и со своите цртежи да го прикажат објектот што постои само во нивните глави. ![]() Целиот комплекс е изведен во армирано-бетонска конструкција, со столбови и греди. Фасадната обвивка на објектот е внимателно проектирана. Употребени се природни материјали како травертин, дрво, стакло, а на места се поставени вертикални бетонски елементи обоени во бела боја. Фасадата е вентилирана, а на делот кај што се поставени сервисните ходници таа е контактна, додека кај влезните партии таа е структурална стаклена фасада. Преку фасадата целиот комплекс одлично се вклопува во урбаната матрица како и органско поврзување со целиот пејзаж. Правците од кои поаѓаат постоечките пешачки текови и точките на нивните вкрстувања биле едни од појдовните основи при проектирањето. Целиот објект воспоставува врска помеѓу старото и новото, помеѓу постоечкиот парк, пазарот и околните објекти. Постоечките целини се третирани како единствен простор со цел на подоцнежна трансформација на одделни структури и создавање на можности за оживување на сите потенцијали на просторот. Постигнат е визуелен континуитет и целосна интеграција на просторот, негова синхронизирана употреба од страна на различни категории на корисници, како и остварување на висока безбедност на пешаците. ![]() Новиот бизнис центар „Емпорио“, откако ќе биде во целост изграден, ќе стане ново секојдневно собиралиште на жителите од Ѓорче Петров и пошироко. Поврзувајќи ја содржината со архитектонскиот израз на објектот, архитектите од „ДСЦ Дизајн“ успеале да доловат целосно доживување, она што не може да се изрази во квадратни метри и сувопарни бројки. Ќе го следиме објектот од фаза на градба сè до неговото свечено отворање. Целиот комплекс на објектот се простира на 15.000 м2 бруто развиена површина, од кои околу 11.400 м2 припаѓаат на бизнис центарот и 3.600 м2 на општинската зграда. http://www.porta3.mk/objekt-emporio-novo-sobiralishte-na-zhitelite-od-gjorche-petrov/# |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Ѕиркаат столбови над тарабите.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 9> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |