![]() |
![]() |
![]() |
Квалитет на воздухот во Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 404142 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
Густ чад, смрдеа, изгорени пластики и отпад, се палат и гуми и пластика од бакарни жици, но и диви депонии - жителите на Злокуќани покрај загадениот скопски воздух секоја година дополнително се жалат на смрдеата во нивната населба. Проблемот според жителите се 7-8 фамилии кои согоруваат различен вид штетен отпад во нивните дворови. Пријавуваат и во полиција, но отаму им велат дека не се надлежни. Преку отворено писмо бараат итна реакција од општината Карпош, бидејќи институциите немаат слух за нивниот децениски проблем. Секојдневно се јавуваме во полиција и во општина Карпош, град Скопје, а и во пожарна поради палење на гуми и друг вид на отпад. Се јавува невидено загадување, печење на очи, воздух кој не се дише во периодите на палењето. Никаква, ама баш никаква реакција нема од ниту една институција. Ве молиме за итна реакција за проблемот во Злокуќани. Во отвореното писмо, Здружението на граѓани Злокуќани ги посочуваат имињата на семејствата и нивните адреси кои го нарушуваат јавниот ред и мир и придонесуваат за ужасната смрдеа во населбата. Министерот за животна средина вели дека е запознаен со случајот и лично ќе се заложи проблемот во Злокуќани да биде решен. Институциите со години наназад се иземаат од одговорност за проблемот во оваа населба. Ова не е прв пат локалните жители да упатуваат апели за помош со смрдеата и загадениот воздух во Злокуќани, кој како што велат го нарушува нивното здравје, но и на жителите на околните населби. https://sitel.com.mk/chadot-od-otpad-go-gushi-zlokukjani-cela-decenija-zhitelite-baraat-itna-pomosh-od-instituciite |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе се мијат улици во Скопје и ќе се отстрануваат дизел возила од улиците за да се намали аерозагадувањето
Во услови на зголемени концентрации на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и 2,5 микрометри на метар кубен и неповолни временски услови што дополнително придонесуваат за зголемување на загадувањето на амбиенталниот воздух, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ги повикува сите надлежни нституции, општините и Градот Скопје и општините од Градот поинтензивно да ги извршуваат своите обврски согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“. Имено, пред почетокот на грејната сезона на предлог на МЖСПП, Владата го усвои овој Акциски план во кој се проектирани краткорочни превентивни мерки што ќе овозможат редукција на емисиите од детектираните сектори што имаат најголем придонес во зголемувањето на емисиите на цврсти честички, а со тоа и високите концентрации, што ги надминуваат пропишаните стандарди. Согласно Акцискиот план ги потсетуваме: – Општинските инспекциски служби да ги засилат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на Б-Интегрирани еколошки дозволи и елаборати и позасилена контрола, казнувања и опомени за горење масло, пластика и други опасни материи особено во мали сервиси и погони. – Општините и Градот Скопје со општините дека согласно член 27 од Законот за амбиентален воздух и согласано „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“ имаат обврска да подготват и усвојат краткорочни акциски планови што ќе соодветствуаат на спецификите на секоја општина/град одделно и според кои ќе постапуваат во услови на надминат праг на алармирање. – Јавните претпријатија за комунална хигиена на Општините и Градот Скопје за редовно чистење на атмосферските и миење на улици и тротоари – Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и надлежните општински инспектори за урбанизам и градежништво да спроведат засилени вонредни контроли на градилиштата – Министерство за внатрешни работи, Министерство за економија и труд и Станиците за технички преглед да ги засилат вонредните контроли на станиците за технички преглед на возила, со цел да се утврди дали се спроведува мерење на емисија на издувни гасови, а Министерство за внатрешни работи, односно Сообраќајната полиција да спроведе вонредни контроли на техничка исправност на возилата, особено за оние со дизел горива, и нерегистрирани возила и отстранување на возила од сообраќајот кои се нерегистрирани или чии емисии на издувни гасови не задоволуваат пропишаните стандарди – Граѓаните што ги затоплуваат домите со огревно дрво правилно да го користат, да не употребуваат пластика, гума, обработено дрво и отпадни материјали во интерес на сопственото здравје и здравјето на другите. Министерството за животна средина, во соработка со Државниот инспекторат за животна средина, спроведува засилени и вонредни контроли врз индустриските капацитети со А интегрирани еколошки дозволи. Континуирано се следи и квалитетот на воздухот, а јавноста редовно се информира за состојбата и препорачаните мерки за заштита. Според Извештаите од Државниот инспекторат за животна средина, на територија на град Скопје се поминати со вонредни надзори сите субјекти, продолжуваме со ненајавени контроли кај субјекти кои се задолжени со елаборати за животна средина. На цементарница УСЈЕ се направени два вонредни ненајавени надзори: еден по 19 часот и еден во работно време. Направена е и контрола на отпад кој влегува во цеметара УСЈЕ. Досега нема отстапувања во параметрите кои се зададени во А дозволата. Во Струмица согласно добиените известувања за надминување на прагот за алармирање, вонредни надзори на три субјекти се направени на 02.01.2025 година, еден субјект е задолжен со решение и на уште два субјекта се прават денес 08.01.2025 година. Се известува јавноста дека поголем дел од големите капацитети кои имаат А интегрирана еколошка дозвола на територија на град Скопје, а за кои е надлежен Државниот инспекторат за животна средина не работат или работат со редуциран капацитет. Во моментот комплетно не работат: Макстил АД, Бауер БГ, Гама Градба – Асфалтна база Студеничани, ЈП Улици и Патишта, Радком, Филип инженеринг Асфалтна база, Агреад Дооел Петровец, Асфалтна База Вато Доо Студеничани Скопје. Во Цементарница УСЈЕ АД Скопје работи само една печка (печка 3), а за 20 дена нема да работат и двете заради ремонтни активности. Исто така, МЖСПП И Владата донесоа „Програма против загадување на воздухот 2024-2030“, со конкретни програмски цели и проектни пакети, кои таргетираат намалување на емисијата на цврсти честички во градовите. Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање работат во правец на воспоставување конструктивна соработка и мобилизација на сите засегнати страни — државни институции, општини, невладини организации и бизнис-секторот за доброто на сите. https://nezavisen.mk/kje-se-mijat-ulici-vo-skopje-i-kje-se-otstranuvaat-dizel-vozila-od-ulicite-za-da-se-namali-aerozagaduvanjeto/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
од фб,спалување отпад во руинираниот објект бившиот Дом Ранка Милановиќ спроти Годи во Маџари,речиси цела зима спалуваат разновиден отпад претежно гуми и пластика
![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 404142 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |