![]() |
![]() |
![]() |
Гранични премини и царински терминали |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 14> |
Author | |
theMac3donian ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
Гевгелија сака нов премин кон Грција.
За овој премин е изграден и „Мостот на Македонско-грчко Пријателство“ (линк) Грците од своја страна си ја завршиле работата: ![]() ![]() Значи од Вардарски Рид (Гевгелија) се гледа дека се е завршено. Преостанува само 1км пат (ако има и толку) од мостот до грчката граница и се разбира поставување на сите тие пропратни објекти. Сега ни престанува да видиме колку време ќе фати ова. |
|
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Чекај сега ме збуни... кој е тој големиот мост што се гледа на зумираното?
Инаку денеска растур си направил со апдејти ![]() |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Па не е баш готово од грчка страна. Возот поминува веднаш до тој пат и се гледа. Ама да мрдне кај нас, ќе биде завршено за брзо.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
theMac3donian ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
Мостот е од Грчка Страна... сликав со телефонот па затоа не е баш НАЈ. Од сеќавање е пат-тунел-па мостот- па се спушќа патот на кај Македонија... Инаку во право е гитардемон дека не е баш 100% од грчка страна, ама мостот им е направен, поврзани им се нивните села и се чека на нас... Така разбрав, така видов, така пренесувам... слободно демантирајте. ![]() п.с. Апдејтите така стигнаа бидејки неможев да ги најдам сликите еден извесен период. Потоа ги најдов (затоа некои слики се од Декември, кога бев низ Македонија) и ги аплоадирав при првата можна прилика. |
|
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Нови објекти за ветеринарна и фитосанитарна контрола на Табановце![]() Инспекторите непречено ќе ја извршуваат секојдневната работа согласно ЕУ стандардите“, информираат од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.На пуштањето во употреба ќе присуствуваат ЕУ амбасадорот Питер Соренсен, вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветерина на Република Македонија Дејан Рунтевски.Освен пари за новите контролни објекти на Табановце, ЕУ обезбеди и три милиони евра техничка помош за Агенцијата за храна и ветерина, како и дополнителни 5,1 милион евра финансиска поддршка преку ИПА Програмата во следните две години http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/65131/novi_objekti_za_veterinarna_i_fitosanitarna_kontrola_na_tabanovce.aspx |
|
![]() |
|
Plugger ![]() Senior Member ![]() Joined: 15-Sep-2008 Online Status: Offline Posts: 378 |
![]() ![]() |
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Пуштен во употреба нов граничен премин меѓу Македонија и Србија
Крива Паланка, 6 мај 2011 (МИА) - Министрите за внатрешни работи на Република Македонија и на Република Србија, Гордана Јанкулоска и Ивица Дачиќ, денеска го пуштија во употреба новиот граничен премин Голема Црцорија - Голеш наменет за локален граничен сообраќај, пред се за населението кое живее во непосредна близина на границата меѓу двете земји. Патната инфраструктурна мрежа од двете страни се уште не е средена, но двајцата министри најавија дека во иднина ќе се работи на решавање на тој проблем, како и на реализирање нови проекти од ваков вид. Преминот ќе се користи само шест месеци во годината, односно од пролет до есен. - Во нашата комуникација, која е доста честа, го одредивме отворањето на овој граничен премин како приоритет на кој треба да работиме и денеска ми е задоволство што свечено го отвораме, што ќе значи зближување на луѓето од двете страни на границата. Ваквиот начин на работа потврдува дека интересот на граѓаните за нас е најголем приоритет, поттик нивните потреби да станат дел од нашите програми за работа и од проектите кои ги реализираме, изјави Јанкулоска. Таа потенцираше дека со српскиот колега има извонредна соработка и при одржување на честите средби се договара некоја нова иницијатива во интерес на граѓаните од двете држави. Двајцата министри потврдија дека преговорите за финализирање на договорот меѓу двете земји кој се однесува на преминување на државната граница само со лична карта е во завршна фаза. Завршувањето на проектот ќе доведе до непосредна директна комуникација меѓу граѓаните на двете земји и отворање нови можности за соработка. Јанкулоска верува дека новиот состав на Собранието на самиот почеток ќе го ратификува овој договор. - Задоволство ми е што денеска го отвораме граничниот премин кој пред се ќе им користи на граѓаните кои живеат од едната и од другата страна. Долги години овде не постоеше граница. Отворањето на некој начин е најдобар показател дека двете држави и двете министерства работат во интерес на обичните луѓе и пред отворањето на новиот премин беше потребно да се поминат многу километри за да се дојде до другата страна на државната граница. Дај Боже ова да биде граница на спојување, а не на раздвојување на двата пријателски народи, изјави Дачиќ. Тој додаде дека во план е да се отворат уште неколку вакви премини, а се работи на уште неколку проекти кои се однесуваат на слободното движење на луѓето, изразувајќи жалење што предолго се чекало на отворање на овој премин. Двајцата министри ја искористија можноста да апелираат за намалување на злоупотребата на визната либерализација и барањата за азил кон западноевропските земји, при што ја злоупотребуваат либерализацијата на визниот режим. Потенцираа дека во иднина ќе спроведуваат контрола и мерки за намалување на злоупотребите на визната либерализација. лѓ/паг/12:58 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=83472091&lId=1&pmId=501 |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Конечно реконструкцијата на Блаце тргна малку со поголем интензитет.
Моментално преминот е комплетно импровизиран, отстранети се бараките и контејнерите и на нивно место се градат нови трајни објекти. Во моментов, Блаце има 4 ленти за влез/излез што многу често не е доволно (особено за влез во МК). Од око, капацитетот веројатно се дуплира и се градат 4 нови ленти. Се надевам дека ќе ги имаат во предвид и пешаците. На оваа граница многу луѓе преоѓаат пешки (од двете страни на границата има доста таксисти). Досега пешаците без врска улетуваат рандом по лентата каде се проаѓа со кола. На косовскиот граничен премин, за пешаците е предвиден посебен шалтер. Исто така би било добро да се среди малку околината. Меѓупросторот помеѓу двете граници е комплетно неосветлен во последно време и изгледа многу лошо ноќе. Тука е секако и декорот со кучиња скитници, ѓубре итн... ![]() ![]() |
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
![]() Едно офф-топик прашање. Пред самоиницијативно да се прогласи Косово за држава, на границата стоеја строго луѓе од КФОР (или некои слични, не памтам) и само они го регулираа протокот на возила и пешаци. Ме интересира сеа дали целосното регулирање самостојно го вршат органите на таа држава и дали стои само нивното знаме, или сепак имаат помош од евро-атланските безбедносни сили и притоа се користат и знамињата на одредени меѓународни организации. |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Одавна контролата ја вршат косовските органи во последниве 6-7 години сигурно, значи пред да прогласат независност. Странци немам приметено да вршат гранични процедури барем од кај 2005та.
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Македонија може најмногу да искористи од косовското ембаргосреда, 27 јули 2011, 16:39-Мислам дека од мерката на реципроцитет, најголема придобивка од земјите од регионот, ќе има Македонија, со оглед на тоа што вашата земја е еден од поголемите трговски соработници. Во оваа лоша состојба Македонија има шанса да ги промовира своите квалитетни производи кои не биле на косовскиот пазар, вели претставникот на Министерството за евроинтеграции на Косово, Едон Чана. Инвестициите во инфраструктурата треба да го забрзаат протокот на стока и да го олеснат влезот на македонските извозници на Косовскиот пазар. -Овој проект ќе има големо економско значење за меѓусебното поврзување на двете држави. Моментално не постои таков граничен премин Белановце – Станчиќ, со отворање на истиот дополнително ќе се зголеми можноста за транспортна поврзаност меѓу двете земји, што ќе значи зголемување на можностите за трговска соработка, вели државниот секретар на Секретаријатот за европски прашања, Јован Андоновски. Можност за зголемен обем на работа и бенефит од косовското ембарго кон србија гледаат и бизнисмените и транспортерите. Поголем профит очекуваат и транспортерите. Бизнис заедницата повика да нема злоупотреби. http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=39357 |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
За поздрав е отварањето на уште еден граничен премин кон Косово, но само на Балканот некој може да поверува дека од ембарго се профитира. Ова ја нагризува структурата на Централно европска асоцијација за слободна трговија (ЦЕФТА), предизвукува фрагментација на регионалната економија, ја забавува евро-интеграцијата и е негативен показател за странски инвестиции.
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
ЧМААТ НЕИСКОРИСТЕНИ ОБЈЕКТИ НА ГРАНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Новите премини остареа неотворени Милионски суми
евра во последните две децении Македонија потроши за изградба на
инфраструктура и за пробивање, тампонирање или асфалтирање на патишта во
должина од околу 40 километри до трите нови гранични премини
договарани со Бугарија на териториите на Малеш и на Пијанец. Од бугарска
страна, пак, досега не е направено речиси ништо, а и нема најави дека
наскоро нешто ќе се промени, поради што и инвестираното од македонска
страна пропаѓа од забот на времето, а вложените пари може да отидат
целосно во бунар. |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Па пракса во последно време е да се користат заеднички објекти за мали премини, така да еве кога ги имаме веќе може да се предложи до Бугарија да ги користиме готовите премини од Македонска страна.
|
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Тие премини не соодејствуваат на условите кои Бугарија мора да ги исполни за да влезе во Шенген зоната. Незаинтересираноста на Бугарија за отварање на овие премини се должи на високите трошоци за оперирање на истите според правилата за надворешни граници на ЕУ. Овде не се работи за просто заедничко користиње на граничен објект. Бугарија во близина на премините ќе мора: - да изгради центар за прием на азиланти, - да ја милитаризирана граничната линија, - да вработи дополнителен број на гранични полицајци, - да изгради кули за надгледување, - да изгради координативен центар за гранично управување, - да купи современа воена технологија (на пр. хелихоптери) итн. Имајќи в предвид дека сето тоа чини многу пари - а Бугарија во овој сегмент потроши огромни стредства - нивната влада одлучила да не отвара нови премини се додека не го потпише Шенген договорот. Дали по зачленувањето ќе се размислува за ова прашање засега не е познато. |
|
![]() |
|
theMac3donian ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
![]() Навистина ова ќе се случува на Бугарската граница? Не ми се допаѓа ама ич. Железна завеса да не ни прават. ![]() п.с. За трговијата мислам дека Македонија сепак ќе има профит од ембаргото. Овде не се зборува за целокупната економска структура туку за Македонија како единка во својот микро-економски сектор. Ова е исто како да имаме предност на своите продукти од Косовските власти во форма на високи тарифи (увозни даноци) за српските продукти. Ембаргото е еден степен погоре, каде и српските продукти магично ќе стануваат Македонски (ако ова е по легален пат, државата преку даноци ќе има доста ќар), а бидејки тоа нема да е доволно да се надоместат косовските побарувачи - сигурно ќе има профит и на Македонските компании (се разбира ако се спремни за да профитират) преку пласирање на поголем број од своите продукти на Косовскиот пазар. (ова е само мое мислење - се извинувам за офтопикот) |
|
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
|
|
![]() |
|
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
Бугариja нема право да користи готовиот премин от македонска страна,кога тази граница ке е надворешна за ЕУ,а во иднина и за Шенген зоната. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Се подготвува нова лента за камиони на Евзони Атина - Грција подготвува уште еден излез само за камиони и товарни
возила на граничниот премин Евзони. Како што информираат од
децентрализираната управа на регионот Македонија - Тракија излезот на
Евзони кон Македонија и Србија за товарни возила е планирано веднаш да
започне со изградба. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Четири гранични премини 20 години го чекаат првиот патникДејан Азески![]() Два големи гранични и неколку помали локални премини во Македонија со децении го чекаат својот прв патник. Клепало, Беровско, Маркова Нога, Преспанско, бродската линија Охрид - Подградец се само дел од планираната инфраструктура, која и тоа како може да им го олесни животот и да им реши многу проблеми на мештаните, но и на инвеститорите. “Капитал“ го посети Клепало - несудениот граничен премин кон соседна Бугарија, чија изградба датира од почетокот на нашата државност. Отогаш се покренати многу иницијативи со цел да се изврши конечен притисок кон бугарската страна, која главно се наведува како пречка, но досега ништо од ова не вродило со плод. Зошто овој премин сè уште не видел “бел ден“ никој официјално не кажува. Но, затоа, шпекулациите се бројни. Низ беровската чаршија неофицијално се кометира дека причината лежи во етничката структура на соседните општини Струмјани и Сандански. Иако тоа не е докажано на попис, се верува дека таму доминира македонското етничко население кое преку Клепало би добило морална поддршка од Македонија за посмело настапување кон реализацијата на своите уставни права. “Јасно е дека спасот треба да се бара во Софија и натаму ќе бидат насочени нашите наредни активности“, ни изјавува Владо Србиновски од невладината организација Балканија која се занимава со алтернативен туризам. “Ние минатата година имавме подготвено и пешачки маратон од Берово до општина Струмјани и градот Сандански за да се потенцира кратката оддалеченост меѓу овие две места, но работата беше повторно спречена токму од бугарската влада, со изговор дека таму каде што нема официјален граничен премин не може да има ни организирано поминување на границата“, додава тој алудирајќи на политичките причини. Директорката на хотелскиот комплекс Манастир од Берово, Дина Муцунска, вели дека проценките се оти со отворањето на овој премин неколкукратно би се зголемил бројот на туристите како од Бугарија така и од Грција. “Берово со пробивањето на Клепало од периферна област би станало тромеѓе за туристи од Бугарија, Грција и Македонија, бидејќи до Штип има само 50 км колку што има и до граничниот премин “Кулата“ (Грчко-Бугарски), а и Софија не е на преголема оддалеченост“. Подградец и Охрид - пет несовладливи километриПрашањето за бродско поврзување на Охрид и Подградец како два крајбрежни града е отворено уште во раните деведесетти. Според охриѓаните, ова би претставувало интересна тура за посетителите, бидејќи Подградец уште од минатото е познат како трговски град, а и прочуени се нивните ресторани каде што може да се најде евтина пастрмка, чиј лов кај нас е забранет поради заштита на истата. Бродската линија досега неколку пати се најавуваше дека е во финална фаза, но де факто сè уште не е мрдната од место. Како главни причини се наведуваат немањето соодветно пристаниште во Подградец каде што езерото е и премногу плитко во летните и есенските месеци за да може да пристане некој поголем брод, недоизградениот терминал за пасошка контрола и прашањето за исплатливоста особено во зимските месеци. Капетан Јован Костовски од охридскиот брод Галеб за “Капитал“ вели дека бродарите се подготвени за почеток на линијата: “Имаме извадено дозволи за пловидба по целокупната површина на Охридското Езеро и регистрирани сме за таква дејност. На пристаништето во Подградец му фали уште 25 метри долг мост за да можат да пристапат и поголемите бродови во текот на целата година. Охридските бродари се заинтересирани за бродски линк со Подградец, но само по принципот на слободен превоз, бидејќи редовната линија во текот на целата година доколку не биде субвенционирана од владите би донела лоши резултати особено во текот на зимските месеци“, вели тој. Костоски додава дека ниту еден од поголемите охридски бродови не може да плови со помалку од 30 патници, бидејќи на тој начин уште во старт би рабoтел нерентабилно. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека меѓу Албанија и Македонија е потпишан протокол за регулирање на водниот сообраќај со кој се предвидени два гранични премина кај Тушемишта, Преспанско, и Св. Наум, Охридско, со тоа што вториов е во завршна фаза. “Според истражувањата на Капетанијата на пристаништа – Охрид, кај туристичките оператори и туристите во Македонија постои заинтересираност за патување во Подградец. Таму постои едно пристаниште кое, според информациите од експертската работна група, е безбедно за застанување на пловни објекти“, се вели во соопштението од Министерството. Маркова Нога најблизок, а неискористен линк на Западна Македонија со ЛеринВраќањето на летните туристи во Претор и јакнењето на селскиот туризам во село Брајчино во последниве години повторно го актуализира отворањето на граничен премин со соседна Грција кај Маркова Нога на источниот брег на Преспанското езеро. Ова поврзување со нашиот јужен сосед би имало огромно значење како од гледна точка на туризмот така и од практични причини, бидејќи би се скратил патот до Костур и Лерин, а со тоа и кон остатокот на Грција за сите жители од Западна Македонија кои нема да се принудени да ги поминуваат Ѓавато и цела Битола за да стигнат до граничниот премин Меџитлија. “Овој премин беше отворен до средината на шеесетите години и јас не можам ни да избројам колку пати имам одено од тука за Лерин, Костур и Воден“, вели Милка Поп Јаневска, сопственик на приватен сместувачки и капацитет за еко и селски туризам во пограничното село Брајчино. “Сега работата е многу потешка ние вложуваме и се трудиме да донесеме гости, но и самите Грци кои често доаѓаат кај нас се чудат зошто мораат да вртат дури преку Битола“, додава таа. Ѓорги Ѓорѓиевски, сопственик на угостителски објект во туристичката населба Претор, очекува огромни придобивки од отворањето на преминот. “Доколку се пушти во употреба Маркова Нога заедно со Преминот кај Пустец од другата страна на езерото и грчко-албанскиот пограничен премин Преспа ќе стане еден вид кружен тек за туристи од поширокиот регион“, додава Ѓорѓиевски. Со асфалтирањето на патот од “Макази“ значително се подобри потенцијалот на Преспа, но проблемот е што не сме доволно моќни да го истуркаме и отворањето на Маркова Нога што ќе го препороди овој регион, завршува Ѓоргиевски. И Гевгелија сака нов граничен преминИницијативата на општина Гевгелија во соработка со Министерството за надворешни работи за отворање патнички премин веднаш до железничкиот, кој се наоѓа на околу 4 км западно од постоечкиот премин Богородица, е започната уште пред две години и е на добар пат да се реализира, што би ги доближило граѓаните на Гевгелија на помалку од километар до соседна Грција и би се избегнал метежот кој се создава на Богородица. Иван Франгов, градоначалник на Гевгелија, смета дека сега на потег е грчката страна. “Ние ги завршивме сите формалности како општина и држава сега само го чекаме одговорот од другата страна“, додава Франгов. Преминот би се користел единствено за патнички возила додека тешките товарни возила кои одат кон Солунското пристаниште и Мала Азија би продолжиле да го користат постоечкиот премин Богородица. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/75296/chetiri_granichni_premini_20_godini_go_chekaat_prviot_patnik.aspx?iId=2421 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Посебна лента за излез на товарни возила на граничниот премин Табановце
Како што информира Царинската управа, веќе се обезбедени неопходните услови за функционирање на посебната лента и направена е потребната координација со полициската служба. - Тоа е направено согласно препораките од Рамката на стандарди на Светската царинска организација за олеснување на меѓународната трговија, како и согласно европските стандарди и најдобри пракси, а со цел да се обезбеди олеснување на протокот на лица и стоки преку државната граница, на граничниот премин Табановце, велат од Царинската управа. Со ставање во употреба на посебната лента престанува потребата од претходна најава на вакви пратки на царинскиот орган, што беше досегашна пракса http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=88187837&lId=1&pmId=504 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 14> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |