![]() |
![]() |
![]() |
Пошта 1 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3456> |
Author | |||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
И на мене ми се допаѓа зградата на Македонска Пошта во Центар - Пошта 1. Со обновување на цветот кој изгоре на покривот на објектот и со едно добро варосување, верувам дека објектот ќе биде прекрасен. А кога сме кај едноумието, очигледно треба да си ја избистриш главата со еден факт - ова што се случува денес во Скопје од урбанистички гледна точка е одличен пример за едноумие. Од една страна ги имаш владата и градските власти како уништуваат паркови и објекти, наспроти граѓаните кои протестираат против истото тоа уништување, а за нивната одлучност во одбраната на урбанистичкиот изглед на пост-земјотресно Скопје, завршуваат наградени со апсења спроведени не од регуларна полиција, туку од над 200 специјалци и тоа ноќе, како анти-терористичка акција, а не задушување на протест против уништување на оние малку траги од природата кои останаа во централното градско подрачје. Ако ова не ти е пример за едноумие, тогаш не знам што е. Edited by Dexter26 - 27-Dec-2014 at 17:16 |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
ај сеа сите ќе седиме и ќе се жалиме како не ни се допаѓал објект изграден пред 30 и кусур години, така? и сите фрустрации од тој објект ќе ги пренесеме во се што ќе се креира денес... еден архитектонски период на градов, кој не зафаќа ни 10% од неговата архитектура, треба да биде центар на фрустрации, во наредните 500 години, очигледно ...бог да чува тоа се обидувам да го објаснам бре човече... доста веќе со тој глуп однос према архитектурата ...аман што е толку тешко да се помириш со нешто што не ти се допаѓа и што е една минијатурна точка во скопската градителска оставштина? ти нејќеш ова, ја нејќам она, и што? а што ако секој граѓанин на земјава сакаше на местото на поштата да има една голема раскопана нива? требаше да го трпиме селското мнозинство, кое се импресионира од ниви наместо од современи објекти? |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Главната пошта во Скопје влегува во агендата за реконструкција
Враќањето на препознатливиот архитектонски изглед на зданието „Пошта – 1“ конечно се најде во работната агенда на Македонски пошти. Компанијата денеска го распиша огласот за пронаоѓање изведувач што ќе ги промени светлосните куполи над шалтер – салата во објектот што го краси центарот на Скопје. Најавениот реконструктивен зафат доаѓа откако целосно беа санирани канцелариските простории на дирекцијата на Македонски пошти. Како дополнителна обврска, допрва треба да се изврши санација на шалтерската сала. Еден од најрепрезентативните ентериерни простории во главниот град во иднина ќе биде вклучен во владиниот проект за едношалтерски систем, во кој граѓаните ќе можат да завршат дел од административните обврски. ![]() Идејниот проект за обнова и ентериерно уредување на шалтерската сала во главната пошта засега не е даден на увид на македонската јавност. Она што досега се знае е дека уништениот мурал на уметникот Борко Лазески нема да биде обновен. Кога станува збор за изведбата на светлосните куполи на објектот, Македонски пошти во зафатот планира да инвестира 5 милиони денари, без вклучен ДДВ. Рокот за реконструкција на овој дел од објектот „Пошта – 1“ треба да се комплетира во рок од 12 месеци, додека градежните компании треба да ги достават своите понуди за учество на тендерот до 31 март. Шалтер – салата, некогашните куполи и дел од канцеларискиот простор на главната пошта настрадаа во катастрофалниот пожар во јануари 2013 година. Огнените јазици проголтаа дел од архитектонскиот труд на авторот Јанко Константинов, за чија бравурозност и визионерска идеја тој ја доби државната награда „11 Октомври“ во 1975 година. http://www.build.mk/?p=43544 |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
Имам понуда да правам сушервештачење за овој случај,ама иако ми е предметот тука ,се двоумам веќе 2 недели дали да прифатам.
Треба да се влези меѓу чеканот и наковалната,а тоа знае да боли |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Не знам што да кажам, освен дека електричната струја не беше исклучена додека објектот почна да гори, а алармот за пожар не работеше. Тоа е сигурно бидејќи јас со уште стотици други луѓе живеат спроти Пошта 1 и го видоа ова. |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
е на овој објект барем навистина не му дихтуваат прозорите, зашто ги нема... тука нема аргумент
|
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Втор тендер за реконструкција на главната пошта во Скопје
По првиот неуспешен обид за пронаоѓање на изведувач, АД „Македонски пошти“ денеска го објави вториот по ред тендер за изведба на новите светлосни куполи над шалтер салата на објектот „Пошта-1“ во центарот на Скопје. Изведувачот треба да го оформи некогашниот препознатлив изглед на главната пошта, кој беше уништен по пожарот во јануари 2013 година. Проценките говорат дека за изведба на куполите ќе се потрошат финансиски средства од 5 милиони денари, без вклучен ДДВ. Изведбените активности што ќе го вратат сјајот на зданието „Пошта-1“ треба да се комплетираат во рок од 12 месеци. ![]() Реконструктивниот зафат следува по целосното санирање на канцеларискиот простор во објектот. Во иднина, репрезентативната шалтерска сала е предвидено да се вклучи во владиниот проект за едношалтерски систем, во која граѓаните ќе можат да завршат дел од нивните обврски кон државата. Објектот „Пошта-1“ е архитектонска творба на авторот Јанко Константинов, за која ја има добиено државната награда „11 Октомври“ во 1975 година. http://www.build.mk/?p=44810 |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
По две и пол години, се најдоа пари за реконструкција на главната пошта
Конечно се најдоа финансиски средства за заштита на бравурозното дело на македонскиот архитект Јанко Константинов. Македонски пошти во изминативе два месеци активно работи на делумна реконструкција на зданието „Пошта – 1“ во центарот на Скопје. Изведбените работи периодов се фокусирани единствено на покривната конструкција. Оштетените бетонски делови се санираат, а во моментов се поставува и хидроизолација на бетонската површина. Како што можеше да увиди екипа на „Билд“ на терен, градежните работи во внатрешноста на шалтер – салата не се започнати. Не се знае ниту кога ќе започнат активностите за нејзина санација. ![]() Врнежите во овие две и пол години се сливаа во внатрешноста на врвното архитектонско дело, кое од очите на јавноста е заштитено со црни фолии. Од Македонски пошти се одлучиле да ја изведат полиуретанската хидроизолација на покривот, со која ќе се заштити канцеларискиот простор. Во следната фаза ќе мора да се изведат куполите на главната пошта, со што ќе се реши проблемот со навлегување на вода во внатрешните простории. За санацијата на шалтер – салата засега нема решение. Единствената позната информација е дека во иднина таа ќе се вклучи во владиниот проект за едношалтерски систем, во која граѓаните ќе можат да завршат некои од административните обврски кон државата. За изведба на хидроизолацијата на кровот на главната пошта во Скопје се издвоија финансиски средства во износ од 4.253.374 денари. http://www.build.mk/?p=46806 |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
ja_licno ![]() Senior Member ![]() Joined: 11-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 110 |
![]() ![]() |
||
Кое црно бравурозно дело бе
![]() |
|||
![]() |
|||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
||
Ајде оди на Цеца и на Шабан Шаулиќ малку степај се со некој, таман да се ослободиш од бесот.
|
|||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||
![]() |
|||
ja_licno ![]() Senior Member ![]() Joined: 11-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 110 |
![]() ![]() |
||
Не ги слушам наведените,нит ме занимаат.Ај објасни ако сакаш што има БРАВУРОЗНО во тој објект? |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
|
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||
бравура
мн. бравури Вид збор: Именка, женски род Големо вештина во изведба на уметничко дело. Англиски: bravura Француски: bravoure Албански: bravurë Употреба: Уметност Слично со: вешт (прид.) , мајсторски (прид.) Изведенки бравурозен прид. бравурозниот Пример: бравурозен пијанист |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
дали објектот е грандиозен? - Да
дали е уникатен, со уникатен изглед и концепт? - Да дали е совршен? - Не дали мене лично ми се допаѓа? - Не дали поради тоа што не ми се допаѓа треба сета можна фрустрација од денес да ја исфрлам на него? - Не едноставно... |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Овој објект има изворна скопска идеја. Константинов црпи инспирација за објектот од кулите на Скопското кале, кои во финалната реализирана верзија треба да го спојат стариот лев дел на Скопје со новоизградениот десен дел на градот.
Има многу страници од архитектонски учебници напишани за овој објект. |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
ок, лежат на стварно добри издржани концепти, ама финалната изведба и нивната положба во околината, според мене се неразбирливи и тешки за прифаќање... премногу се вон временски, со мал допир со реалноста... овие објекти би имале смисла само доколку целиот простор околу нив би се трансформирал во брутализам, и не знам како точно ги сметаат за потполнување на целина, поврзување со калето или со остатокот од градот многу повеќе време на нив е трошено од скулпторски аспект, па да не речам дека се занемарува фактот дека се работи за архитектура ...има многу работи кои конкретно може да наведам што лично не ми се допаѓаат на мене, ама тоа е лично... вака барем набрзински се обидов да склопам што е тоа што не е во ред и зошто објектите ги начекува толкава омраза ама јас пак ги респектирам како и да е и не се замарам толку дали ми се допаѓаати најцивилизиран однос спрема нив би бил оној каде што би можеле да се освежат во очите на јавноста, а да не се нарушат како објекти, а за тоа треба стварно мајсторски памет... некој со бравурозни квалитети ![]() |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
Z|evzek ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 423 |
![]() ![]() |
||
![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
ja_licno ![]() Senior Member ![]() Joined: 11-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 110 |
![]() ![]() |
||
Незнам што значи,ја само цитирав од текстот погоре.А не навлегувам во тоа колку објектот е ''грандиозен'',само ме интересираше што е толку бравурозно... |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Бравурозна е идејата на авторот за да се спои историското со модерното Скопје, едни до други, од двете страни на реката Вардар. Притоа, идејата на авторот да лежи на мотивираност да се преслика едно историско здание во сегашноста. Истовремено, тоа здание да ја поттикнува имагинацијата на секој поединец од реализираните форми на објектот, замислата дека човекот во неговата внатрешност се наоѓа во некој вонземски брод на некое далечно патување надвор од планетата. Поштата е бравурозна, од причина што е едно уметничко дело изведено во реалноста на Скопје. Плени со својата невообичаеност, апстрактност, прогресивност. До денешен ден е мета на фотографирање и разгледување на многу посетители на градот. Бидејќи живеам спроти главната пошта, секојдневно гледам како се вртат околу поштата, ја набљудуваат, сакаат да влезат внатре, се распрашуваат по случајните минувачи од околу. Главната пошта е вистински репрезент на Скопје.
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Мала исправка
![]()
|
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3456> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |