![]() |
![]() |
![]() |
Комплекс Гранд спроти Холидеј Ин-Центар |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 24> |
Author | |
Шарла ![]() Newbie ![]() Joined: 06-Apr-2021 Online Status: Offline Posts: 38 |
![]() ![]() |
Значи градот ќе го изгуби најатрактивниот простор за 15 катница,20 катница и 25 катница.
Да не е тажно би било смешно. Вон сериски глупости,кој како дојде си менува дуп/гуп,неверојатно,што ќе изгубеше градот ако се изградеа 60 катниците? Вака излегува дека целиот циркуз е кој да лапне процент од "прокетов". ![]() |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Да не бидам и јас сега offtopic grammar-police, ама пак македонското новинарство на мегдан се брука.
Thomas Pucher на германски јазик не се чита Томас Пучер. Ако е на латиница, не значи дека е на англиски. ![]() Edited by user8642 - 13-Apr-2021 at 18:35 |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() На ум ми доаѓа прво „КСИ ЏИНПИНГ“ или пак многу грчки имиња. Не се овие новинари, овие се детишта кои „разбираат од компјутер и разбираат англиски“ па си нашле работа во некој портал. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
две поенти:
1. Архитектот во мини-интервјуто за ТВ21 кажа една нова кованица што јас досега не сум ја слушнал. "Шопинг јавни површини!" Јас незнам како изгледа тоа, нека објасни некој. Ако мисли на отворен трговски како ГТЦ, не го објасни тогаш така. 2. Микрофонот од Ал-Џезира индицира потекло на капиталот кој стои позади трговскиот. Кој е инвеститор официјално? |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
реално, урбанистички план постои само за да може легално да се цртаат маркици на него, и тоа е отприлика се, кратко и јасно... не знам дали може и да го употребуваме терминот „план“
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
doncho ![]() Senior Member ![]() Joined: 16-Jan-2021 Online Status: Offline Posts: 128 |
![]() ![]() |
Ова може да биде одржливо само ако е деловна зграда. |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Al Jazeera Balkans покрива многу вести од Македонија. Нема никакво скриено потекло. Дека се ѓубре исламистичко, факт е, ама кај нас имаат некаква новинарка од Прилеп со лош српско-хрватски која од време на време прави по некоја статија за да тера на босанските вести. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
https://mk.tv21.tv |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во живо се одвива презентацијата
https://www.facebook.com/tv21hd/videos/457455192033484/ .... ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by stef4o - 14-Apr-2021 at 12:23 |
|
![]() |
|
Шарла ![]() Newbie ![]() Joined: 06-Apr-2021 Online Status: Offline Posts: 38 |
![]() ![]() |
Мизерија...
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Инвеститор е МГ Фешн а проектанти се Радиус Архитекти во поглед на зеленило многу ја зборуваа зградата на Про Кредит банка(дека имало многу зеленило на терасите)кога се вклучив на презентацијата што не е баш за споредба бидејќи ова ќе биде претежно станбено.
И презентацијава некако мизерна испадна ништо корисно,подобро само рендери да пуштеа и толку. ![]() Edited by stef4o - 14-Apr-2021 at 12:44 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Парцелата 1.4 кај куќарките колку што разбрав била со намена за плоштад или некаков си јавен простор нешто така спомнаа и рекоа дека тоа си е надлежност на општински и градски власти
![]() |
|
![]() |
|
Шарла ![]() Newbie ![]() Joined: 06-Apr-2021 Online Status: Offline Posts: 38 |
![]() ![]() |
Срамота е бе онаква зграда како онаа најлево да извадиш за во јадро на главен град. Ајде плагијатот со зеленило(?) ќе помине,таа деловната не се ни гледа ама ете хипотетички ако е стакло,ако нема балкони и ако доловува таков ефект навечер кога има по некое светло уклучено ајде да речеме и таа да помине..ама онаа најлево е тежок тумор,срање од типот на зграда за во "Београд на води"најверојатно од таму им е инспирацијата...пресиромашно,прегрдо,како социјалната зграда во Бутел што ја градат изгледа.
Таа најлево мора да се запре или да се смени комплетно изгледот. За остатокот од просторот не коментирам затоа што нема поента на долги патеки,со оглед на тоа дека очекувам и се надевам на 60 катници во центарот на градот. |
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Наполитанки, ама од тие долгите.
|
|
![]() |
|
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
Kako so gledam ima use edna cela parcela kaj so se kukite koja ne e spomnata tamu ke sletaat 60 katnicite. Sega mackaat oci poso protiv 60 katnici se bunea so ovie. Posle ke se bunat zaso nema 60 katnici pa ke gi zalepat tie
![]() |
|
![]() |
|
MJ ![]() Newbiе ![]() Joined: 30-Nov-2020 Online Status: Offline Posts: 11 |
![]() ![]() |
Ова е презентација за Г.П. 1.1, а се знае нешто за Г.П. 1.2 и 1.3? Дали и таму се истите инвеститори или има други?
|
|
![]() |
|
Marxentric ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
Абе какви 60 катници и деловни згради, остајте го просторот каков што си е. Ајде да ја подржиме општина Центар за да го сочува единственото место во Скопје кое се уште нуди бесплатно мочање, серење, фрлање отпад и евтин паркинг...
Која ограниченост мајке ми, еднаш во живот им се укажува шанса да направат нешто барем малку што ќе го заличи главниот град и веднаш се јавуваат противници, гушкачи, екологисти, а конкретното место за кое станува збор да ти било една касаба со бараки и ѓубре во сред центар. Одете гушкајте ја Шутка штом толку сакате да вршите конзервација на вакви автентични населби... |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
МГ ФЕШН ЗА ПРОЕКТОТ „ГРАНД СКОПЈЕ“: Зелен и урбан комплекс по врвни светски еколошки стандарди!
![]() ![]() По денешната онлајн прес-конференција, на која компанијата МГ ФЕШН, која е инвеститор на комплексот на парцелата 1.1 спроти хотелот „Холидеј Ин“ јавно го презентираше проектот „Гранд“ а и еколошки стандарди по кои ќе се градат објектите, компанијата се огласи и со соопштение во кое детално го образложи проектот. Со оглед на големиот јавен интерес за овој проект и полемичните тонови во досегашната дебата, сопштението го објавуваме во целост: Како што истакнаа од МГ ФЕШН, целта на прес-конференцијата беше точно, вистинито и транспарентно да се информира јавноста за отпочнувањето на градба на комплексот, како одговор на големиот број оспорувања во јавноста, но и визуелните прикази кои циркулираа, а воопшто не кореспондираат со неговата вистинска слика и вредност. Архитектот и управител на МГ ФЕШН, Илија Божиновски, објасни дека станува збор за станбено-деловен, зелен и урбан комплекс по врвни светски еколошки стандарди со многу зеленило, многу јавни содржини и истиот целосно ќе го модернизира срцето на Центар. „Идејата е овој комплекс да претставува ново обележје на градот, нов, модерен и зелен центар на Скопје, кој ќе биде гордост на скопјани“, истакна Божиновски и воедно изрази благодарност до жителите на Ново Маало кои даваат полна поддршка за реализација на проектот. На прес-конференцијата се обратија и архитектите Јана Гугуловска-Ѓорѓевиќ и Мартин Пановски од архитектонското студио „Радиус Архитекти“, чии идејни решенија ќе се реализираат во проектот „Гранд“ Скопје. Тие ги презентираа деталите на комплексот и објаснија дека се работи за модерни објекти кои ќе се градат во 3 фази: во првата фаза еден станбено-деловен објект од 20 ката; во втората уште еден станбено-деловен од 22 ката, а во третата фаза деловен и комерцијален простор од 16 ката. Воедно, ги претставија и урбанистичките параметри на проектот наспроти она што го дозволува важечкиот Детален урбанистички план. Имено, согласно идејниот коцепт вкупната површина за градба е 9.165 м2, а бруто развиена површина е 89.627 м2, наспроти 13.654 м2 површина за градба и 200.000 м2 бруто развиена површина, колку што дозволува ДУП-от. Максималната височина на планирана градба изнесува 81.20м, иако согласно зададените урбанистички параметри во актуелниот ДУП истата изнесува 180 м. Во контекст на ова, архитектата Гугуловска-Ѓорѓевиќ потенцираше дека во комплексот тројно е намалена катноста, односно максималната планирана катност е 22 ката, наспроти 60-те ката кои ги дозволува ДУП-от, и додаде дека ќе бидат обезбедени 969 паркинг места, наспроти потребите 957 според ДУП-от и 30 паркинг места за лица со посебни потреби. Архитектот Пановски, пак, во своето излагање даде одговор на најчесто изнесуваните невистини во јавноста во врска со бетонизацијата на Скопје и објасни дека проектот значително го надминува законскиот минимум од 20% зеленило од парцелата и во истиот се предвидени 6.520 м2 зелени површини, каде не се вкалкулирани вертикалните градини кои се дел од идејните решенија. Проектот ги следи светските трендови на објекти со т.н. архитектонски биодиверзитет, фокусирајќи се не само на луѓето како живи битија, туку и на нивниот однос со останатите живи организми. „Гранд Скопје“ не само што е целосно еколошки и енергетско ефикасен проект за заштита на животната средина, изработен според високи еко стандарди и согласно Законот за урбано зеленило и Правилникот на Општина Центар, туку ќе претставува вистинска зелена оаза во центарот на Скопје, комплекс целосно отворен за граѓаните“, рече тој. Според идејните решенија, зеленилото во парцелата е сочинето од партерно зеленило (мешано зеленило – ниско со високо), високо зеленило – дрвореди, зелени кровни градини и зелени вертикални градини, кои се градат за прв пат кај нас, ќе бидат проектирани по светски стандарди, со посебен систем за одржување и наводнување, истовремено овозможувајќи им на жителите чувство на пријатност и приватност во урбаната средина и концепт. На крајот, Божиновски се осврна и на нивната визија за иден развој и инвестиции кои компанијата ги планира во интерес на граѓаните и заедницата. Тој објасни дека МГ ФЕШН нуди соработка на Општина Центар и е подготвена на парцелата 1.4 да инвестира во урбан јавен простор на површина од 7.332 м2 (приближно колку Плоштад Македонија), со разновидно парковско зеленило налик на светските уредени урбани паркови и простори оплеменети со современа фонтана и урбана „смарт“ опрема. Дополнително, МГ ФЕШН преку соработка со Град Скопје, Шумарски Факултет, зелени организации е подготвена да изготви решение и да инвестира во обновување на делот од Кејот 13 Ноември кој се протега по должината на локацијата. За компанијата: МГ ФЕШН е македонска компанија основана од 2007 која работи како франшизер на повеќе светски модни брендови и како со-сопственик на групацијата Фешн Груп каде се вработени 280 лица. МГ ФЕШН делува и во градежниот сектор. За транспарентноста како и посветеноста на квалитетот на работата на МГ ФЕШН сведочат не само многуте успешно реализирани проекти, туку и локалните и светски-реномираните соработници како EBRD, Комерцијална Банка, Chapman Taylor, Laguarda Low и многу други. Еден од позначајните проекти на компанијата во сегментот развој на недвижнини е и Скопје Сити Мол (СЦМ), инвестиција вредна 100 милиони евра, со годишен промет од 130 милиони евра од кои во државниот буџет на годишно ниво се слеваат 30 милиони евра по основ на даноци. СЦМ вработува 2,800 лица. СЦМ е идеален пример за трансформативната моќ на внимателно планираниот урбан развој, кој на општина Карпош и даде една нова димензија на општествено функционирање. МГ ФЕШН планира искуството од овој проект да го примени во разубавување на Центарот на метрополата. Замислата за Проектот „ГРАНД“ СКОПЈЕ е во истиот дух, да го претвори запоставениот, руиниран простор во центарот на градот во нов “downtown”, урбан, зелен и модерен комплекс кој е еколошки и енергетско ефикасен. https://plusinfo.mk/mg-feshn-za-proektot-grand-skop-e-zelen-i-urban-kompleks-po-vrvni-svetski-ekoloshki-standardi/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЌЕ ИЗГРАДИМЕ ГОРДОСТ НА СКОПЈЕ, СЕКОЈ МОЖЕ ДА ОТВОРИ ПРИВАТНА ГРАДИНКА ВО ДЕЛОВНИОТ ПРОСТОР, РЕЧЕ ИНВЕСТИТОРОТ НА 20-КАТНИЦИТЕ КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“
Просторот на паркингот кај „Холидеј ин“ ќе стане модерен центар со многу јавни површини, зеленило и ќе биде гордост на Скопје, кажаа инвеститорите од фирмата „МГ Фешн“ на денешната презентација на проектот и изгледот на три згради од 15, 20 и 22 ката на само една од трите градежни парцели. Проектот го презентираа управителот на „МГ Фешн“ Илија Божиновски и архитектите кои го изработија Мартин Пановски и Јана Гугуловска. Архитектите Гугуловска и Пановски кажаа дека површината за градба ќе биде 9.165 метри квадратни, а вкупната изградена површина 89.627 метри квадратни што е помалку од она што го дозволува Деталниот урбанистички план (ДУП). Ќе се градат две станбени згради и една деловна зграда. Станбените згради ќе бидат од 20 и 22 ката, со 400 станови и во нив ќе живеат околу 1.200 луѓе, а деловната зграда ќе биде со приземје и 16 ката. Станбените згради ќе гледаат кон Кеј 13 Ноември оти како што кажаа архитектите тоа е помирен дел и ќе бидат продолжение на кулите од Градскиот трговски центар (ГТЦ). Паркирањето како што кажаа архитектите ќе биде решено подземно во парцелата иако ДУП-от дозволува тоа да се реши и во катната каража отспротива. Зградите ќе имаат подземни паркинзи три нивоа под земја или вкупно 969 паркинг места. „Воизлата се под земја за да се ослободи просторот за пешачко движење не само за жителите во зградите туку и на граѓаните“, кажа Пановски. Влез и излез на возилата е предвидено да има подземно преку улицата Мирче Ацев, која би требало да прерасне во булевар со 4 ленти, а излезот ќе има и на улицата до кејот на реката Вардар, која сега е еднонасочна и е калдрма. Меѓу зградите ќе биде изградена нова пешачка улица која како што кажа Пановски ќе стане едно ново место, една Чаршија и со неа ќе се поврзе движењето од ГТЦ и од кејот и која ќе води кон плоштадот кој се надева ќе стане парк. „На оваа локација според Генералниот урбанистички план е предвидена подземна сообраќајница под кејот, а постоечката улица со калдрма намената и е да биде сервисна улица за жителите на овие згради“, рече Гугуловска. „Не можеме ние да знаеме дали некој ќе прави нешто таму или не. Ако е така тогаш ништо не треба да се прави. Ние проектираме врз основа на тоа што е предвидено со ГУП-от и што и каква инфраструктура треба да изведе Град Скопје“, додаде Пановски. Во рамките на парцелата е предвидено 6.520 метри квадратни зеленило кое е многу повеќе од она што е предвидено со законот и во оваа површина не влегува зеленилото на терасите на зградите. Божиновски рече дека бараат од Општина Центар да им дозволи плоштадот со фонтана кој е предвиден со ДУП-от, да се пренамени во парк и тие би известирале тоа да стане зелена оаза налик на светските метрополи. Кажаа дека Кејот во овој дел ќе остане нечепнат, но се спремни да инвестираат тој да добие нов, урбан и зелен изглед. На парцелата број 1 која денес бее презентирана, но и на останатите две градежни парцели со Деталниот план не се предвидени локации за градинка и училиште. „Во радиус од 100 метри имате две школи и две градинки. Ако некој сака може да отвори приватно школо или градинка во деловниот простор, проектот тоа го дозволува“, кажа Божиновски од „МГ Фешн“. „Моја претпоставка е дека во секој од објектите ќе имате градинка бидејќи домувањето е на едно повисоко ниво, значи не станува збор за социјално домување, станува збор за објекти кои ќе имаат тековно одржување. Во центар на град е сосема нормално да се стави градинка во приземје или мезанин. За училиште ние побаравме податоци колку деца учат во околните училишта, но никој од надлежните не ни даде таква бројка“, додаде Пановски. Во однос на петицијата на граѓани и архитекти да се стопира градењето на зградите и да се распише меѓународен конкурст за изгледот на цела парцела и содржините во неа, Гугуловска рече дека таа петиција била врз основа на лажен и нереален проект и дека јавноста била изманипулирана со макета од огромни згради што не е реалната слика на просторот и е спротивна на решението кое тие го нудат. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-izgradime-gordost-na-skopje-sekoj-mozhe-da-otvori-privatna-gradinka-vo-delovniot-prostor-reche-investitorot-na-20-katnitsite-kaj-holidej-in/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Каков е всушност проектот „Гранд“ спроти Холидеј Ин: Највисоката кула ќе има 22 ката, а зеленило од над 6.000 квадрати
![]() ![]() Нема да е бетонско чудовиште туку урбан комплекс со многу јавно зеленило - инвеститорите денеска го презентираа проектот наречен „Гранд“ кој е планирано да се гради на парцелата 1.1 на локацијата спроти скопскиот хотел Холидеј Ин. Највисоката од трите кули ќе биде висока нешто над 81 метар, односно катноста е планирана на приземје плус 22 ката, што е многу помалку од дозволеното со Деталниот урбанистички план. Според идејниот проект обезбедени се околу 1000 паркинг места и зелена површина односно партерно зеленило на точно 6.520 метри квадратни. Дополнително ќе има зеленило и на мезанините на зградите и на балконите на висококатниците. Инаку компанијата „МГ Фешн“, дел од „Фешн Груп“, во овој проект ќе вложи околу 60 милиони евра. Како што истакна директорот на „МГ Фешн“, Илија Божиновски, во портфолиото на ова компанија има повеќе објекти, а најзначаен е „Скопје Сити Мол“, инвестиција вредна 100 милиони евра. „На парцелата 1.1. ќе никне нов станбено-деловен комплекс, нов скопски даунтаун, со многу јавни површини и многу зеленило. Станува збор за модерно остварување, за оплеменување на просторот, за добивање на зелена површина над законскиот минимум и за добивање на дел од центарот на Скопје кој ќе стане привлечен и за прошетки со поврзаноста со кејот на Вардар, ГТЦ и паркот, рече Божиновски, изразувајќи благодарност за поддршката од граѓаните на скопско Ново Маало. Архитектата Гугуловска-Ѓорѓевиќ потенцираше дека во комплексот тројно е намалена катноста, односно максималната планирана катност е 22 ката, наспроти 60-те ката кои ги дозволува ДУП-от, и додаде дека ќе бидат обезбедени 969 паркинг места, наспроти потребите 957 според ДУП-от и 30 паркинг места за лица со посебни потреби. Архитектот Пановски, пак, во своето излагање даде одговор на најчесто изнесуваните невистини во јавноста во врска со бетонизацијата на Скопје и објасни дека проектот значително го надминува законскиот минимум од 20 отсто зеленило од парцелата и во истиот се предвидени 6.520 метри квадратни зелени површини, каде не се вкалкулирани вертикалните градини кои се дел од идејните решенија. „Проектот ги следи светските трендови на објекти со т.н. архитектонски биодиверзитет, фокусирајќи се не само на луѓето како живи битија, туку и на нивниот однос со останатите живи организми. „Гранд Скопје“не само што е целосно еколошки и енергетско ефикасен проект за заштита на животната средина, изработен според високи еко стандарди и согласно Законот за урбано зеленило и Правилникот на Општина Центар, туку ќе претставува вистинска зелена оаза во центарот на Скопје, комплекс целосно отворен за граѓаните“, рече тој. Според идејните решенија, зеленилото во парцелата е сочинето од партерно зеленило (мешано зеленило – ниско со високо), високо зеленило – дрвореди, зелени кровни градини и зелени вертикални градини, кои се градат за прв пат кај нас, ќе бидат проектирани по светски стандарди, со посебен систем за одржување и наводнување, истовремено овозможувајќи им на жителите чувство на пријатност и приватност во урбаната средина и концепт. Според инвеститорот, во трите предвидени згради ќе има 400 станови во кои се очекува да живеат околу 1.200 жители, како и локали и канцеларии. Објектот ќе биде поврзан со надземни пешачки патеки до ГТЦ, но не се знае сега колку ќе чини еден стан таму. МГ Фешн инаку и предлага на општина Центар соработка за парцелата 1.4 која е со вкупна површина од 7.322 квадратни метри односно како плоштадот Македонија. Тоа би значело да инвестира во разновидно парковско зеленило како во светските уредни паркови. Да има современа фонтана и урбана парк опрема. Сопствениците на приватните парцели од парцелата 1.4 би биле обештетени со истиот сооднос како и останатите сопственици чии парцели се опфатени со новите објекти. На прашањето како ја коментираат петицијата на граѓани против изградба на овој голем комплекс, беше одговорено дека петицијата се однесува на „монструм" згради, и дека затоа не се однесува на нивниот проект, кој како што нагласија, го оплеменува запустениот простор со модерни и убави градби и други содржини. За иницијативата на општина Центар пред Министерството за транспорт и врски за суспензија на проектот, како и за претставката кон Државната комисија за антикопрупција, компанијата вели дека немаат известувања или информации. https://faktor.mk/kakov-e-vsushnost-proektot-grand-sproti-holidej-in-najvisokata-kula-kje-ima-22-kata-a-zelenilo-od-nad-6000-kvadrati |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 24> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |