Author |
Topic Search Topic Options
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#81 Posted: 09-Apr-2010 at 01:32 |
toa e standardno kaj nas
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#82 Posted: 10-Apr-2010 at 14:40 |
Инвеститорот се кае што го закупил собранискиот паркинг
Нека ми ги вратат парите и нека си прават гаража каква што им одговара - Миле Јовановски, сопственикот на „Макоил“, фирмата инвеститор
По големиот број обвинувања за тоа како „Макоил“ го добила земјиштето за изградба на подземната гаража до Собранието и колку тој објект ќе ја загрози безбедноста на законодавниот дом, Миле Јовановски, сопственикот на фирмата-инвеститор, вели дека е подготвен да крене раце од целиот проект ако Владата му ги врати парите што досега ги вложил.
- Многу пати се покајав што се нафатив да ја правам таа гаража. Досега сé сум правел легално, така го добив и плацот. Не сум заслужил ваков однос, моето име постојано да се споменува во негативен контекст. Затоа би се согласил уште веднаш да го вратам земјиштето ако ми ги вратат парите, па државата нека си прави гаража каква што и одговара - вели Јовановски.
Тој сé уште не обезбедил градежна дозвола за објектот, бидејќи се подготвувал идејниот проект, а тој процес бил сложен поради природата на градбата, која треба да биде на три нивоа под земја. Било извршено дупчење во земјиштето за да се направат елаборати според кои ќе се подготвува проектот.
Горан Михајловски, заменик-министерот за транспорт и врски, завчера изјави дека бил направен превид од безбедносен аспект, бидејќи кон гаражата ќе се пристапува од улицата 11 Октомври, по уличката меѓу парламентарната зграда и Домот на АРМ, која се користи и за да се дојде до главниот влез на законодавниот дом. Затоа тој најави дека ќе се преиспита овој аспект за да се најде соодветно решение. Вчера од Министерството не објаснија што точно ќе се преиспитува, но единствениот алтернативен пристап е тој зад Собранието, повторно во неговата непосредна близина. Инвеститорот Јовановски вели дека влезот ќе го направи од каде што ќе му кажат.
- Не го смислив јас ни сегашниот пристап, туку така стоеше во урбанистичкиот план - вели Јовановски.
Собранискиот портпарол Тодор Пендаров вели дека тие не се засегнати со овој случај, бидејќи како институција немаат никакви врски ниту со издавањето на земјиштето, ниту со сопственото обезбедување.
- Тој објект нас ни значи исто колку и жичницата на Водно. Сеедно ни е дали ќе се гради или нема. Министерството за внатрешни работи е задолжено за нашата безбедност. Тие треба да кажат дали гаражата ќе го загрози Собранието - вели Пендаров.
Но ниту МВР засега нема процена дали со изградбата на подземниот паркинг ќе настане безбедносен проблем. Оттаму велат дека прво треба да го видат проектот, за нивните стручни лица да дадат оцена.
- Првична согласност сме дале, но конечната може да се добие откако ќе видиме план како точно ќе изгледа целиот објект и што сé ќе содржи. Тогаш тој може или да се одобри, или да се отфрли, или да му се дадат некои забелешки за да се подобри безбедноста - вели портпаролот Иво Котевски.
Според Министерството, не постојат стандарди за тоа колку собраниската зграда треба да биде изолирана, односно оддалечена од други објекти, бидејќи таа и сега е опколена со станбени и деловни згради, како и со многу паркинзи, а граѓаните постојано поминуваат покрај парламентот. Како ќе се чува законодавниот дом зависело од степенот на обезбедување што бил потребен во одреден момент, бидејќи кога доаѓале високи странски државници се случувало да се расчистат сите околни паркинзи и да се надгледуваат блиските згради.
„Макоил“ го доби земјиштето од околу две и пол илјади квадрати со јавно наддавање. Почетната цена за годишната закупнина била 380 денари за квадратен метар, а оваа фирма понудила 680 денари. По 20 години, кога ќе истече договорот, плацот, заедно со изградената гаража, ќе и се врати на државата.
|
 |
nenad
Senior Member
Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
|
Quote Reply
#83 Posted: 11-Apr-2010 at 12:48 |
Originally posted by axel

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор
има на увид четири идејни решенија од кои ќе го избере моделот на
катната гаража во барокен стил што треба да се гради на постојното
зеленило помеѓу МЕПСО и „Македонска пошта“ од страната на Вардар.
Конечниот избор се очекува надлежните да го извршат најдоцна за две
недели. Во меѓувреме, актуелни се и тендерите за проектирање на
објектите на трите застаклени катни гаражи предвидени да се градат кај
малиот паркинг кај „Телеком“, кај Музејот на холокаустот и пред
Работнички дом.
„Комисија составена од претставник на ЈПССДП,
Општина Центар и Министерството за култура ќе одлучува за поднесените
идејни решенија за катната гаража што треба да се гради во рустичен
стил. Вкупно се доставени четири идејни решенија, иако имаше подигнати
шест тендерски документации. Очекувам најдоцна за две недели да завршиме
со таа постапка и веднаш потоа да го нарачаме основниот проект. Со
оглед на сите неопходни процедури, се надевам изградбата на сите четири
објекти да стартува наредната година и да заврши за 18 месеци“, вели
Владимир Бахчовановски, директор на станбеното претпријатие.
Според
него, засега единствено е сигурно дека сите катни гаражи ќе имаат по
еден кат наменет за деловен простор, а допрва ќе се утврдува дали
паркирањето во нив ќе се врши со лифтови или тие ќе бидат класични,
односно со рампи. (Дс.Т.) http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=05E2316544E99A4E8582203AFB83E3E7
|
Jas veke se izgubiv vo site tie objekti sto treba da se gradat na plostadot. Dali nekoj moze da mi prikaze na mapa sto se ke ima tamu od spomenici, zgradi, garazi.... Dali ima mesto za nekoe drvce mozebi?
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#84 Posted: 05-May-2010 at 00:18 |
Одбрано решението за барокната катна гаража

За катната гаража на Јужен булевар Градот треба да одлучи меѓу 10 понудени идејни решенија
Јавното станбено претпријатие ќе ја гради барокната гаража зад МЕПСО по идејно решение на „ГМС проект“, додека Градот Скопје се' уште го одбира изгледот на едната од двете катни гаражи кои е предвидено да имаат стаклени фасади. Од ЈПССДП веќе утврдиле и дека пристапот за паркирање во другите три катни гаражи ќе се врши преку лифтови.
Ова е моменталниот исход од речиси двемесечните активности на Јавното станбено претпријатие и Градот, откако државата одлучи да им отстапи локации за изградба на објекти за паркирање, при што ЈПССДП доби можност за изградба на четири катни гаражи, а Градот, односно ЈП „Градски паркинг“ две.
Владимир Бахчовановски, директор на Јавното станбено претпријатие, вели дека се подготвува документација за нарачка на основниот проект за барокната катна гаража, а истовремено течат постапките и за проектирање на останатите три објекти.
„Реално, имајќи ги предвид неопходните процедури, очекуваме со изградба на гаражите да започнеме во почетокот на идната година. Со оглед на досега направените процени, утврдивме дека имаме доволен буџет сите четири проекти да ги тераме истовремено“, вели Бахчовановски.
Јавното станбено претпријатие освен зад МЕПСО, ќе гради катна гаража и на постојниот мал паркинг кај „Телеком“, потоа кај Музејот на холокаустот и пред Работнички дом.
Од Градот, пак, информираат дека надлежната комисија го избрала идејното решение за катната гаража кај „Беко“, а се' уште одлучува кое од пристигнатите десет идејни решенија ќе се искористи за основа на планираната стаклена фасада на наменскиот објект што треба да се гради на „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. И двете катни гаражи ќе имаат стаклени фасади, по еден кат резервиран за деловен простор, а инвеститор ќе биде ЈП „Градски паркинг“. (Дс.Т.)
|
 |
SkyBoy
Senior Member
Suspended
Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
|
Quote Reply
#85 Posted: 07-May-2010 at 23:20 |
lsl негде спомена дека приметил расчистување, епа еве што било..
Се прави место за катна гаража на „Јужен булевар“

Од понеделник ќе продолжи уривањето на привремените објекти на „Македонски железници“ во близина на дисконтот на „Тинекс“ на „Јужен булевар“. Екипи на „Тера трејд“, ангажирани од Општина Центар, од завчера го чистат теренот за да се реализира ДУП „Стара железничка станица“, кој на тоа место предвидува изградба на катна гаража. Освен на оваа локација, за в понеделник е планирано и уривање на урбана опрема на неколку угостителски објекти во централното градско подрачје.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#86 Posted: 08-May-2010 at 00:07 |
БЛИЦ ВЕСТ: Расчистување на теренот за катна гаража на Јужен Булевар
Во тек е уривањето на привремените објекти на Македонски Железници помеѓу Јужен Булевар и ул. Мито Хаџивасилев Јасмин, на просторот спроти дирекцијата на „Макпетрол“. Според ДУП „Стара железничка станица“ таму е предвидена катна гаража на површина од 2.485 метри квадратни со бруто развиена површина од 13.046 метри квадратни и максимална висина од 21 метар. |
1  2 http://www.build.com.mk/?p=3305
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#87 Posted: 08-May-2010 at 00:40 |
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#88 Posted: 08-May-2010 at 11:10 |
ГРАДОТ ЌЕ ГО
РЕШАВА ХАОСОТ СО ПАРКИРАЊЕТО
"Тинекс" урнат за катна гаража
Со неколку багери, некогашниот објект на "Македонски
железници" беше срамнет со земја. Деталниот урбанистички план "Стара
железничка станица" предвидува затворена гаража на три ката со површина
од 2.485 квадратни метри
Дисконтот "Тинекс" кај Цветен
пазар е срушен. На негово место е предвидено да се гради катна гаража.
Маркетот уште пред извесно време беше преселен, а во објектот останаа да
живеат неколку ромски семејства. Со неколку багери, некогашниот објект
на "Македонски железници" беше срамнет со земја. Деталниот урбанистички
план "Стара железничка станица" предвидува затворена гаража на три ката
со површина од 2.485 квадратни метри. Оваа, за разлика од гаражата
предвидена кај зградата на Лотарија на Македонија, во која е планирано
првите два ката да бидат деловен простор, ќе биде исклучително наменета
за паркирање.Ова е една од неколку најавени катни гаражи кои Град
Скопје, односно ЈП "Градски паркинг" ќе ги гради за решавање на хаосот
со паркирањето во главниот град. Од кабинетот на градоначалникот
Трајановски велат дека во тек е јавен повик за подготвување проект, но
не кажуваат колку пари ќе чини. Засега нема ниту одговор од
Министерството за транспорт и врски дали веќе му го доделило земјиштето
на Град Скопје, и дали е купено или добиено без пари. Според
неофицијални информации, веќе извесно време Град Скопје водел преговори
со Министерството за транспорт и врски без пари да му се доделат
земјишта за изградба на катни гаражи. Нив треба да ги гради ЈП "Градски
паркинг", а не приватен инвеститор. Со тоа ќе се овозможело Скопје
конечно да добие вистинска катна гаража, а не како досега наместо место
за паркирање, да никнуваат деловни објекти. (Љ.С.) http://www.vest.com.mk/?ItemID=12AB3F0F7214DD449606AF14DA19C4C4
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#89 Posted: 11-May-2010 at 19:13 |
До каде е уривањето на јужен булевар... 
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#90 Posted: 14-May-2010 at 09:36 |
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#91 Posted: 10-Jun-2010 at 01:20 |
Уште една катна
гаража во Капиштец Уште една катна гаража во комбинација со
комерцијален и деловен простор ќе никне веднаш до трговскиот центар
„Беверли хилс“, на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец. Објектот ќе се
наоѓа на единствениот слободен неуреден простор во тој дел на Капиштец,
веднаш до станбените објекти и постојните два трговски центра - „Беверли
хилс“ и „Капиштец“.
Министерството за транспорт и врски распиша
објава за продажба на градежната парцела со површина од 1.735 квадратни
метри, која е во сопственост на Македонија. Таа ќе се продава со јавно
наддавање, со почетна цена од 6.600 денари за квадратен метар.
Лицитацијата е закажана на 23 јули, а сите заинтересирани правни и
физички лица може да аплицираат до 16 јуни.
Станува збор за
градежна парцела на која според урбанистичкиот план за Капиштец е
предвидена изградба на катна гаража со трговски и деловен центар, висока
10,5 метри.
За жителите на Капиштец, поконкретно за делот околу
„Беверли хилс“, од Општина Центар најавија и изградба на монтажна гаража
на два ката. Од Општината информираат дека на конкурсот за избор на
изведувач пристигнале три понуди, кои деновиве ќе бидат отворени. |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#92 Posted: 14-Jun-2010 at 13:39 |
НА
ПРОСТОРОТ КАЈ ЦВЕТНИОТ ПАЗАР
Теренот
чист, гаражата ќе почека
Roza Petkova
На
период од 99 години Град Скопје го доби на користење земјиштето за
изградба на катна гаража кај Цветниот пазар, кое во изминатиов период
интензивно се расчистуваше. Ова го потврдија во Министерството за
транспорт и за врски и во Градот, кој ќе ја земе парцелата под закуп,
без надоместок, во согласност со Законот за градежно земјиште. Но, и
покрај тоа што, речиси сите објекти на тој терен, меѓу кои и поранешниот
дисконт на „Тинекс“ и други складишта, веќе се срушени, градежните
работи по се изгледа нема да почнат во брзо време. Извесно е дека
просторот до цветниот пазар најмалку до крајот на годината ќе остане
празна рушевина, среде центарот на Скопје. Градот кој распиша конкурс за
изгледот на катната гаража во јануари, пред прагот на летото, се уште
не ги има објавено резултатите, иако, според конкурсните услови и
наградените трудови, требаше да бидат избрани до април, а потоа и да се
покажат пред јавноста на изложба. Слична е ситуацијата и со конкурсот за
гаражата кај „Лотарија на Македонија“. Надлежните само објавија дека
три решенија се избрани, а кои се авторите и како изгледаат нивните
трудови остана тајна. - Комисијата именувана од страна на Град Скопје
донесе одлука за избор на најдобри решенија за катни гаражи и деновиве
истата ќе биде објавена во печатените медиуми. За катната гаража се
доделени три награди. По објавувањето на шифрите, авторите ќе се
идентификуваат и ќе продолжат сите постапки, предвидени со конкурсната
објава. Земјиштето кај Цветниот пазар му е доделено на Градот и по
изработката на комплетната документација, регулирањето на финансиските
обврски и спроведувањето на постапките за јавни набавки, во согласност
со Законот, ќе почне изградбата на катната гаража - велат од одделението
за односи со јавност. Според маркиците во деталните урбанистички
планови, градската гаража на улица Даме Груев, поточно на паркиралиштето
пред „Лотарија на Македонија“, ќе се протега на површина од 3.300
квадратни метри, ќе има приземје, седум ката и две подземни нивоа.
Приземјето и првиот кат се резервирани за деловна намена, а ќе се
паркира во останатите катови. Тие треба да соберат минимум 830 возила.
Висок до 21 метар и на помала површина од 2.400 квадратни метри ќе биде
објектот за втората гаража, на улицата Мито Хаџи Василев-Јасмин. Двете
катни гаражи ќе имаат стаклени фасади. Нивната изградба треба да чини по
седум до осум милиони евра, пари што првично беше најавено дека Градот
ќе ги обезбеди преку кредити, во соработка со „Градски паркинг“, кој ќе
ги стопанисува објектите. Паркирањето во нив ќе се наплаќа, а по колку,
засега никој не сака да соопшти. Од јавното претпријатие „Градски
паркинг“ уверуваат дека со зголемување на слободните места за паркирање
ќе се спушти и цената, која засега во строгиот центар на градот е
најригорозна.
Katna gara`a i zad novoto „Vero“
Centarot
na Skopje }e dobie u{te edna katna gara`a, i toa zad noviot trgovski
centar „Vero“. Objektot }e se nao|a na ulicata Svetozar Markovi}, vo
naselbata Novo Maalo, na povr{ina od 2.270 kvadratni metri i }e bide
visok do 16 metri. - Namenata na prostorot e komercijalni objekti -
katna gara`a i vo soglasnost so DUP }e sobira 365 vozila. Taa e vcrtana
na ovaa lokacija, so namena katna gara`a za opfatot, odnosno da bide vo
funkcija i da gi opslu`uva gra|anite od toj del na op{tinata – veli
portparolot Jovica Ackovski. Ministerstvoto za transport i za vrski
raspi{a oglas za proda`ba na zemji{teto, a po~etnata cena e 3.800 denari
za kvadraten metar. Najpovolniot ponuduva~ }e se izbere na javno
naddavawe, koe }e se odr`i na 12 juli. http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2043&ArticleID=142568
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#93 Posted: 15-Jun-2010 at 23:32 |
За земјиште за
катна гаража Градот ќе плати 250.000 евра

На
сопствениците на плацот ќе им се дадат уште и 300 квадрати дуќани
Сања Наумовска
Градот Скопје ќе им плати 250.000 евра и ќе им даде над 300 квадрати
деловен простор на тројца сопственици на куќата, која мора да биде
урната заради изградбата на катната гаража на паркингот кај Лотарија.
Советот на Скопје на денешната седница ќе треба да го одобри
обештетувањето, со кое, пак, не се задоволни сопствениците на објектот.
Тие сметаат дека за зградата со приземје, два ката и подрум, во која
покрај станбен, има и деловен простор, не се обештетени според
комерцијалните цени, туку според градежната цена на објектот.
Преговорите
за откуп на зградата траат веќе неколку години, а неодамна ги
финишираше Градот Скопје откако му беше доделена локацијата за изградба
на катна гаража.
На местото на овој објект Градот Скопје ќе
гради катна гаража на приземје, седум ката и две подземни нивоа. На
приземјето и на првиот кат ќе има деловен простор. Останатите нивоа,
според идејното решение, се паркинг-простор со капацитет од минимум 833
лесни возила.
Сопственичка на станбениот простор, на дел од
дуќаните и дворната површина на зградата ќе добие обештетување од
250.000 евра, три деловни простории од по 60 квадратни метри во новата
катна гаража, како и 8 места за паркирање.
На вториот сопственик
на дел од дуќаните ќе му се доделат два дуќана од по 51 квадрат и
четири гаражни места. На третиот сопственик, пак, според одлуката на
Советот, ќе му припадне еден дуќан од 50 квадратни метри. Градската
власт се обврзува да ја плати и вредноста на изгубената кирија за
дуќаните додека трае изградбата на катната гаража.
Во објектот
кој ќе се урива, сопственост на дел од деловниот простор има и Јавното
претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, кое, исто
така, ќе добие соодветна замена со иста квадратура во објектот што ќе
биде изграден.
„Одлуката се носи поради исклучителниот јавен
интерес на граѓаните утврден со генералниот и Детален урбанистички план
за изградба на објекти од јавен интерес, поточно катна гаража.
Сопствениците ќе бидат обештетени во постапка за експропријација, со
спогодба што ќе се потпише во Министерството за финансии“, информираат
од Градот.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=0A2DB0BEA3342A42836929CD3B206A3B |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#94 Posted: 15-Jun-2010 at 23:55 |
Овој објект е еден од неколкуте тука останати постари. Досега не сме го разгледувале посебно овој дел од центарот. Еве сега приметувам дека тука предходно имало вцртано уште една маркица помеѓу ТЦ Плаза и седиштето на ВМРО (кој е еден од постарите објекти) каде што исто така има уште еден ваков постар објект. Има и некој постари згради во оној атриумот кај министерствата. Со измените на Мал Ринг последниве години таа маркица ја нема позади ТЦ Плаза. И формата за гаражава е нешто изменета.
|
 |
build.mk
Senior Member
Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
|
Quote Reply
#95 Posted: 17-Jun-2010 at 04:25 |
Катни гаражи во Капиштец и Ново МаалоКатна гаража во
комбинација со деловен простор треба да никне на улицата Васил Ѓоргов во
Капиштец, непосредно до трговскиот центар „Беверли хилс“.
Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање кое ќе се одржи
на 23.07.2010 ќе продава 1.735 метри квадратни со почетна цена од 6.600
денари за метар квадратен. Објектот ќе смее да има висина до венецот од
10,5 метри, висина од венецот до слемето од 4,5 метри и максимална бруто
развиена површина од 1.526 метри квадратни. Заинтересираните можат да
се доставуваат пријави за учество најдоцна до 16.07.2010.
Министерството објави оглас за јавно наддавање и за парцела наменета
исклучиво за катна гаража на улицата Светозар Марковиќ во Ново Маало. Се
работи за површина од 2.270 метри квадратни, а според деталниот
урбанистички план „Maџир Мало и Градска Порта“ таму е предвиден објект
со висина до венецот од 16,2 метри, висина од венецот до слемето од 3
метри и максимален коефициент на искористеност кој изнесува 2,87.
Почетната цена е утврдена на 3.800 денари за метар квадратен. Пријавите
за учество можат да се достават до Министерството за транспорт и врски
најдоцна до 05.07.2010, а јавното наддавање ќе се одржи на
12.07.2010.
| http://www.build.com.mk/?p=3992
Edited by build.mk - 17-Jun-2010 at 04:25
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#96 Posted: 24-Jun-2010 at 01:39 |
Ново
архитектонско „чудо“ во центарот

Катна гаража во барокен стил од 30 метри ќе никне меѓу
„Пошта“ и МЕПСО, а ќе чини 8 млн. евра
Деспина Трајковска
Деветкатница во
барок што не е барок, распослана на 10.000 квадрати, изградена од
бетонски столбови и стакло, со капацитет за паркирање од најмалку 315
возила и тешка дури 8 милиони евра. Ваква ќе биде катната гаража што ќе
ја гради идната година Јавното претпријатието за стопанисување со
станбен и деловен простор на постојното зеленило помеѓу МЕПСО и
„Македонска пошта“ во центарот на Скопје.
Ова, дефинитивно, ќе
биде уникатен објект за паркирање во Европа поради фасадата наложена со
проектот „Скопје 2014“. Иако старински и естетски испомешан надворешен
изглед, објектот внатре ќе биде современ. Паркирањето во него ќе се
изведува со лифтови, а освен за основната намена, во објектот ќе има и
деловен простор. Предвидени се три бутици, Интернет-кафе, кафе-бар,
простор за други угостителски дејности... За комерцијалните содржини ќе
бидат „резервирани“ приземјето и првите два ката, а за паркирање вкупно
десет, две подземни нивоа и останатите катови.
Владимир
Бахчовановски, директор на ЈПССДП, вели оти е рано да се зборува за
конечната вредност на објектот, но првичните процени се дека неговата
изградба ќе чини најмногу 8 милиони евра.
„Моментно се работи на
идејниот проект за оваа гаража, чие идејно решение е дело на Офелија
Томиќ, архитектка, избрано на јавен конкурс. Сега тече и изборот за
идејните решенија на останатите три катни гаражи. Проценивме дека
изградбата на сите четири објекти ќе не' чини околу 30 милиони евра,
средства кои во најголем дел планираме да ги обезбедиме преку кредити“,
вели Бахчовановски.
Според плановите на претпријатието, сите
четири катни гаражи треба да почнат да се градат наредната година и,
најверојатно, рокот за изведба ќе им биде 18 месеци. Освен гаражата кај
„Пошта“, која ќе биде наводно со барокен стил, останатите три катни
гаражи ќе имаат модерни стаклени фасади. И во нив ќе има најмалку по
еден кат наменет за деловен простор. Едната од нив ќе се гради кај
Работнички дом и таму ќе се пресели ЈПССДП, друга гаража ќе се гради кај
„Телеком“ и една од левата страна на Вардар, до Музејот на холокаустот.
Паркирањето во сите објекти ќе се изведува со лифтови, што
според надлежните остава простор за поголем капацитет за паркирање. Со
овој принцип на паркирање ќе се заштитела и животната средина, бидејќи
ќе има мало количество издувни гасови од возилата.
Најпростран,
иако не и највисок, ќе биде објектот кај Работнички дом. Постојниот ДУП
сега дозволува изградба на четирикатница, но од претпријатието
размислуваат да побараат дозвола за дополнителни два ката. Катната
гаража кај „Телеком“, пак, ќе има девет ката. По принципот паркирање со
лифт во гаражата ќе се овозможи капацитет од 406 паркинг-места. Катната
гаража на аголот кај Музејот на холокаустот, според ДУП, налага
капацитет од минимум 200 места за паркирање, но тој ќе достигне до 320,
бидејќи паркирањето ќе се врши со лифт.
Инаку, локациите на кои
ЈПССДП ќе ги гради катните гаражи до неодамна беа државни и требаше да
се продаваат на лицитација, но во меѓувреме Владата се премисли и одлучи
шест парцели наменети за катни гаражи да ги распредели на станбеното
претпријатие и на Градот Скопје. ЈПССДП очигледно изигра подобро, а
градските власти, односно ЈП „Градски паркинг“, доби од државата само
две гратис-локации за изградба на катни гаражи.
http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=90B8764DE81F154D9726A1289CE5855D |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#97 Posted: 24-Jun-2010 at 02:00 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#98 Posted: 24-Jun-2010 at 02:08 |
Знаевме дека тука планираат „барокна“ катна гаража, што е патологија само по себе по многу основи, ама гледајќи до кај дотуркале мое мислење е дека:
се посилни дроги конзумираат креаторите на Скопје 2014
Толку за сега... можда повеќе ќе искоментирам кога ќе се соземам, ако го
надминам нагонот за повраќање што ми доаѓа гледајќи го овој фрик објект
дури и на оние малечки сликички. Можда и подобро што веднаш не процурија поголеми слики, луѓе ќе се шлогираа.
Edited by Cloverstack - 24-Jun-2010 at 03:12
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#99 Posted: 24-Jun-2010 at 02:43 |
И јас би коментирал откако ќе излезам од првичниот шок и ужас. А има многу за коментирање, скоро секоја реченица од текстов е глупост!
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#100 Posted: 24-Jun-2010 at 13:00 |
Само каква ''гадна'' лепеза од објекти ќе има на плоштадот, и плус не е логично катна гаража да се прае во барок стил нема смисла објектот
|
 |