![]() |
![]() |
![]() |
Улица Орце Николов |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 9> |
Author | |
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Техничкиот сервис не е нацртан во Карпош, него улицаа Орце Николов беше продолжена пред само десетина години во некаква форма после раскрницата со улица Никола Тесла во Карпош. Вистинското прашање може да биде само дали на новите стамбени згради кај електро факултет им треба влез/излез од булевар 8ми септември или не, и толку.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОЧНА ДА ГИ ОСЛОБОДУВА ТРОТОАРИТЕ НА УЛИЦАТА ОРЦЕ НИКОЛОВ ЗА ПЕШАЦИ
![]() Општина Центар конечно почна со реализацијата на проектот за ослободување на тротоарите на улицата Орце Николов од паркирани коли и враќање на пешаците. Деновиве почнаа градежните работи на улицата, а како што објаснува градоначалникот Саша Богдановиќ најпрво ќе се врши преместување на електричните инсталации под земја. „Сите кабли и инсталации операторите треба да ги преместат под земја за да не се копа потоа повторно улицата. Потоа ќе следуваат градежните работи за реконструкција на улицата, со која паркирањето нема повеќе да биде на тротоарите“, вели градоначалникот Саша Богдановиќ. Рокот на изведба на градежните работи е три месеци, што значи дека до крајот на годинава улицата Орце Николов на потегот од крстосницата со булеварот Климент Охридски до Рузвелтова би требало да добие нов лик. Според проектот ќе се реконструира коловозот со површина од 9.330 метри квадрати. На селектирани локации ќе се изврши подигнување на улицата, односно ќе бидат поставени пет подигнати премини кои ќе служат како легнати полицајци и ќе придонесат кон нормализирање на брзината на движење на возилата. На крстосницата со улицата Аминта Трети (Ленинова) ќе се изведе кружен тек. Ќе се воведе паралелно паркирање на ниво на улицата со џебови за паркирање. Во проектирање на улицата водено е сметка за сите дрвја, да не се отстрани ниту едно, а меѓу нив да се организира паркирањето. Коловозната лента ќе се намали на 6 метри, а за сметка на намалувањето ќе се изведат велосипедски патеки во должина од 2.400 метри и пешачки патеки од 2.200 метри. Според сегашното решение, на улицата има 180 паркинг места, а со новото ќе се намалат на 80. За да овозможи паркинг на жителите предвидена е изградба на монтажна катна гаража на просторот меѓу бараките на Општината и Министерството за одбрана. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-pochna-da-gi-osloboduva-trotoarite-na-ulitsata-ortse-nikolov-za-peshatsi/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Многу ослободен изгледа тротоарот на сликата.
![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Почнаа подготовки за реконструкцијата на „Орце Николов“
Се прават подготовки за конечно да почне реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ во Центар. Слободен печат дознава дека моментално почнуваат зафати на споредните улици, се отстрануваат бандерите, и се подготвуваат подземните инсталации. Со реконструкцијата ќе биде опфатено проширување на улица, а ќе биде воведено и паралелно паркирање, односно автомобилите ќе се спуштат на коловозот, со што тротоарите ќе се ослободат за пешаци, велат од Центар. Реконструкцијата ќе се одвива во фази, со цел да не се прави дополнителен метеж во сообраќајот. Ќе бидат воведени лежачки полицајци и зони на смирен сообраќај, за да се спречи возење со брзина над дозволената. Улицата „Орце Николов“ ќе се реконструира од објектот за стопанисување со станбен и деловен простор (ПУИК) до бензинската на Макпетрол на булевар Св. Климент Охридски. ![]() ![]() https://www.slobodenpecat.mk/pochnaa-podgotovki-za-rekonstrukczijata-na-orcze-nikolov/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Тротоарите на улицата „Орце Николов“ ќе се ослободат од автомобили и бандери
Општина Центар ќе започне со реконструкцијата на улицата „ Орце Николов“, на потегот од булеварот „Климент Охридски“ до улицата „Франклин Рузвелт“, со воведување на нов сообраќаен режим (кружен тек и пешачки патеки), реконструкција на тротоарите и улично осветлување. Како што информираше Кире Секуловски, раководител на Секторот за уредување на градежно земјиште, за заштита на животната средина и комунална инфраструктура во Општина Центар, станува збор за делница во должина од 1.020 метри. Тој објасни дека реконструкцијата на оваа сообраќајница што ќе стартува од јануари идната година, ќе опфати отворање на нови џебови за паркирање по целата должина на улицата, со што ќе се создадат 75 нови паркинг-места, а тротоарите ќе се ослободат за пешаци, мајки со количка итн. – Покрај тоа што тротоарите ќе се ослободат од автомобили, ќе се ослободат и од бандерите, со тоа што целата надземна инфраструктура ќе биде поставена под земја, активност што се одвива во моментов, како подготовка за реконструкцијата. Освен тоа, ќе се изградат велосипедски патеки во двете насоки, како и кружен тек на клучната раскрсница помеѓу „Аминта Трети“, односно по старо „Ленинова“ и „Орце Николов“ – информираше Секуловски. Исто така, ќе се обликуваат двата постојни острови кои го раздвојуваат движењето на сообраќајот, едниот кај бараките на Општина Центар, додека другиот кај Министерството за одбрана. Покрај тоа, по целата должина на улицата ќе бидат поставени лед-светилки. Според распишаниот тендер, заинтересираните фирми понудите треба да ги достават најдоцна до 21.12.2020 година во 10 часот, кога и ќе се спроведе нивното јавно отворање. Според Секуловски, изборот на фирмата со најповолна понуда ќе биде извршен по Нова година, а потоа веднаш или на крајот на јануари ќе започнат градежните активности на терен. Договорот со избраната фирма е во времетраење од 24 месеци, односно две години. Реализацијата на проектот ќе чини околу 77 милиони денари. https://www.vecer.press/тротоарите-на-улицата-орце-николов/ |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Најава бр. 153
![]() |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Веќе има некави прекопи, можеби поврзани со проектов. Но 24 месеци е сулуд рок. Веројатно ќе пробаат до избори да го завршат.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Што означува љиљаковата боја? Дали е нешто офарбано само во софтверот кајшто е работен проектот, или е такви стварно ќе се фарбаат раскрниците?
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Немам поим што означува лиљаковата... Не верувам дека стварно така ќе се бојат крстосниците, а и на рендерите што се постирани поназад нема ништо такво. |
|
![]() |
|
Urbanista ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 28-Dec-2020 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 36 |
![]() ![]() |
До каде е проектов, само најави има со години..
Дали знае некој дали се планира некое решение за паркирање во Дебар маало, бидејќи со овој проект ќе се намалат двојно паркинг местата(се спомнуваше паркинг кај министерство за одбрана и катна гаража кај паркингот на Градежен/Архитектонски факултет, кој се надевам ќе му текне на некој да го обнови или подобро изгради порепрезентативен објект.. |
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Лилавата боја мислам дека е подигнат коловоз во интерес на пешаците. Нешто слично има во Капиштец и населба Пролет.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НА УЛИЦАТА ОРЦЕ НИКОЛОВ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ПАРКИРААТ САМО ЖИТЕЛИТЕ НА ДЕБАР МААЛО, ЗА 10 ДЕНА ПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА
Општина Центар за десет дена ќе почне со реконструкција на улицата Орце Николов, со што конечно ќе се ослободат тротоарите од возила, и ќе има место за движење на пешаци и велосипедисти. Со реконструкцијата покрај промена на асфалтот ќе биде изведен кружен тек на крстосницата со улицата Аминта Трети поранешна Ленинова. Ќе се воведе паралелно паркирање на ниво на улицата со џебови за паркирање. Коловозната лента ќе се намали на 6 метри, а за сметка на намалувањето ќе се изведат велосипедски патеки во должина од 2.400 метри и пешачки патеки од 2.200 метри. „Според сегашното решение, на улицата има 180 паркинг места, а со новото ќе се намалат на 80. Со тоа на улицата ќе биде воведено резиденцијално паркирање односно ќе можат да се паркираат само жителите на Дебар Маало. Со тоа сакаме да ги дестимулираме граѓаните да користат автомобили, а ќе создадеме услови за пешаци и велосипедисти. Реконструкцијата ќе чини 70 милиони денари“, рече градоначалникот Саша Богдановиќ. За да се овозможат дополнителни паркинг места ќе се гради монтажна катна гаража на просторот меѓу бараките на Општината и Министерството за одбрана. Таму како што кажа Богдановиќ ќе биде дозволено паркирање за сите жители на Скопје. Пролетва општината ќе почне со реконструкција и на улиците Мирослав Крлежа и Аминта Трети, каде исто така ќе се воведе резиденцијално паркирање. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/na-ulitsata-ortse-nikolov-ke-mozhat-da-se-parkiraat-samo-zhitelite-na-debar-maalo-za-10-dena-pochnuva-rekonstruktsijata/ |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
А кај им е тоа место каде што ќе ја прават монтажната катна гаража?
|
|
![]() |
|
Urbanista ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 28-Dec-2020 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 36 |
![]() ![]() |
https://www.slobodenpecat.mk/bogdanovik-za-desetina-dena-ke-ja-rekonstruira-ul-orcze-nikolov/
Основниот буџет на Општина Центар за оваа година изнесува 756 милиони денари и 100 илјади денари, што, според градоначалникот Саша Богдановиќ е рекорден буџет. Новите капитални инфраструктурни инвестиции кои се планираат за 2021 година се однесуваат на улиците „Орце Николов”, „Мирослав Крлежа”, „Аминта Трети”, потоа подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на топлинска и електрична енергија, како и модернизација на системот за јавно осветлување и воведување лед технологија. За десетина дена започнува првата фаза на улицата „Орце Николов”. За оваа улица, како што соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот Богдановиќ, се чекаше да се завршат сите процедури од отстранување на цела надземна инсталација. – За 10 до 15 дена започнуваме со активности околу реконструкцијата на „Орце Николов” што ќе чини околу 70 милиони денари, каде ќе биде воведен нов сообраќаен режим, кружен тек и пешачки патеки, нов коловоз, тротоари, со што целосно ќе го отстраниме начинот на паркирање што беше практикуван досега од Градски паркинг, ќе биде воведен резидентен начин на паркирање, т.е. нема да има можност да паркираат возила кои не се резиденти на улицата, а целиот простор кој досега бил користен за паркирање ќе биде ослободен и ќе има посебен режим. Тоа ќе ни биде тенденција за сите улици, информира Богдановиќ. Прочитајте и... Неисплатените плати присилно ќе се наплатат и префрлат кај работниците Од Буџетот на Општината ќе бидат обезбедени и 80 милиони денари за реконструкција и пренамена на улицата „Мирослав Крлежа” во пешачка и резиденцијална зона и за комплетна реконструкција на улицата „Аминта Трети”. Во населбата Пролет ќе започне изградба на новата детска градинка, каде што вкупната проектирана вредност на проектот изнесува 90 милиони денари, од кои 30 милиони денари ќе бидат обезбедени во 2021 година за целосно опремување и партерно уредување на градинката на површина од три илјади м2. Во програмата за образование ќе биде опфатен и проектот за доградба на училниците во ООУ „Коле Неделковски” со површина од 500 м2 и на тој начин ќе се зголеми капацитетот за нови ученици. За оваа реконструкција која се планира да заврши во 2022 година, обезбедени се вкупно 40 милиони денари за период од две години. Прочитајте и... Пораст на бројот на невработени во Словенија во споредба со минатиот месец Во однос на подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на топлинска и електрична енергија ќе бидат реконструирани фасадите во градинката „13 Ноември” – објект Јасмин и во ООУ „Кочо Рацин” и фасади на станбени објекти во Центар. – Планирани се осум милиони денари од Буџетот за модернизација на системот за јавно осветлување и воведување лед технологија. Оваа година за првпат ќе почнеме со организирано менување на сите светилки на територија на Општина Центар, со што ќе почнеме со промовирање на популарниот „смарт сити”, бидејќи ќе бидат воведени некои други работи кои досега никогаш не сме ги имале, рече Богдановиќ. Во план е изградба на три нови детски игралишта во населбите Кале, Маџир маало и Капиштец, како и реконструкција на шест детски игралишта на разни локации на територијата на Центар. Во рамки на зачувување на животната средина, општината ќе обезбеди три нови комунални возила за одржување на јавната хигиена и чистота во Центар, како и одржување и заштита на локалните патишта, како и субвенции за жителите кои ќе се вклучат во процесот на рециклирање во проектот „И отпадот има вредност”. Прочитајте и... Шахпаска даде силна поддршка во име на Владата на РСМ за усвојувањето на Документот на програмата за државата на УНФПА Останати средства кои се планираат во Буџетот на Општина Центар за 2021 година се предвидени за КК Работнички, за урбанистичко планирање во Општина Центар, за рушење на бесправно изградени објекти, за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и лифтови, за програмски активности на здруженија и фондации и за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, за поддршка на новоотворениот стационар Лајка |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОД ПОНЕДЕЛНИК УЛИЦАТА ОРЦЕ НИКОЛОВ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ СЕ ЗАТВОРА, ПОЧНУВА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ТРОТОАРИТЕ
Од понеделник, улицата Орце Николов во центарот на Скопје се затвора за сообраќај поради почеток на градежните работи за реконструкција, најави Општина Центар. Првата фаза од реконструкцијата предвидува целосно затворање на потегот од раскрсницата со булеварот Свети Климент Охридски до улица Ленинова. Додека трае првата фаза, улицата Ленинова од Орце Николов до булеварот Партизански одреди ќе биде двонасочна. Паркирањето на улицата ќе биде забрането, а на останатата улична мрежа сообраќајот останува по постојниот режим. „Откако завршивме со преместување на каблите и инсталациите под земја и ги отстранивме дрвените бандери, почнува работа на коловозот. Со оглед на тоа дека оваа улица е доста фреквентна нема да се затвора цела, туку во шест фази. Реконструкцијата ќе го опфати целиот потег кој е под надлежност на Општина Центар, од раскрсницата со булеварот Свети Климент Охридски до раскрсницата со улицата Франклин Рузвелт. Очекувам градежните работи да завршат до јули“, вели градоначалникот Саша Богдановиќ. Според проектот, тротоарите кои сега се заробени со коли и тераси од кафулиња и кафеани ќе бидат пешачки и велосипедски патеки. Ќе биде изведен кружен тек на крстосницата со улицата Ленинова. Ќе се воведе паралелно паркирање на ниво на улицата со џебови за паркирање. Коловозната лента ќе се намали на 6 метри, а за сметка на намалувањето ќе се изведат велосипедски патеки во должина од 2.400 метри и пешачки патеки од 2.200 метри. Реконструкцијата чини 1.2 милиони евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/od-ponedelnik-ulitsata-ortse-nikolov-vo-tsentarot-na-skopje-se-zatvora-pochnuva-osloboduvaneto-na-trotoarite/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во понеделник на 22.3. започнува првата фаза од реконструкцијата на една од најпрометните улици во Општина Центар, но и во Скопје, улицата „Орце Николов“
Поделена во шест соодветни фази, реконструкцијата ќе се одвива по целата должина на улицата која е под надлежност на општината, на потегот од раскрсницата со бул. „Св. Климент Охридски“ до раскрсницата со улицата „Франклин Рузвелт“. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Ајде шуќур, епска стана реконструкцијава, среќа избори идат иначе ќе ја видевме никад.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
(Фото) Почна реконструкцијата на „Орце Николов“ – потесен коловоз, паркирање во „џебови“, патека за велосипеди…
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Почна долгонајавуваната реконструкција на „Орце Николов“, една од најфреквентните улици во центарот на Скопје, која, кога ќе заврши, за околу три месеци, треба да донесе сосема поинаков квалитет на сообраќајните решенија за возачите, велосипедистите и пешаците. Една од најважните новини ќе биде стеснувањето на коловозната лента од сегашните седум на шест метри, но затоа ќе е добијат велосипедски патеки и повеќе простор за пешаците, кои во сегашната состојба беа речиси целосно запоставени. Исто така, значајно ќе се промени и начинот на паркирањето долж улицата, па наместо сегашното запоседнување на тротоарите, ќе биде во таканаречени „џебови“, паралелно со коловозните ленти и помеѓу постојните дрвја. Ова ќе резултира со помалку паркинг места, па општинските власти ќе треба да најдат решение и за овој горлив проблем, но погодностите за пешаците и велосипедистите ќе бидат големи. Според информациите од Општина Центар, бројот на паркинг места ќе се намали за околу 40 возила, но тоа ќе се надомести со монтажен паркинг со капацитет за 296 возила, кој ќе се гради зад Општината. Инаку, градежните работи на улицата „Орце Николов“ започнаа вчера и ќе биде реконструиран коловоз во должина од 1.026 метри. Според планот, улицата ќе се реконструира во шест фази, со цел да нема голем застој во сообраќајот. Првата фаза, која е во тек, е од булеварот „Св. Климент Охридски“ до улицата „Ленинова“, каде што според планот е предвидено да се изгради и кружен тек. Оваа делница од вчера е надвор од сообраќај, па возачите скршнуваат или кон „Илинденска“, или кон „Партизанска“, за што делот каде што „Ленинова“ беше еднонасочна, сега е овозможен сообраќај во двата правци. Реконструкцијата, очекувано, донесе уште поголеми проблеми за возачите, не само на „Орце Николов“, туку и на околните улици, а особено на „Илинденска“ која сега е уште пооптоварена. Надлежните апелираат на трпение бидејќи крајниот исход ќе биде поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. По завршување на оваа фаза за триесетина дена, ќе се премине кон втората фаза – до улицата „Наум Наумовски-Борче“, во третата фаза ќе се работи до улицата „Мирослав Крлежа“, четврта фаза е до улицата „29 Ноември“, петтата до „Алберт Ајнштајн“ и шестата до улицата „Рузвелтова“. https://nezavisen.mk/foto-pochna-rekonstrukcijata-na-orce-nikolov-potesen-kolovoz-parkiranje-vo-dzhebovi-pateka-za-velosipedi/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Завршена е првата фаза од реконструкцијата, а кога ќе се завршат и останатите 5 фази, Скопје и скопјани ќе добијат една од најубавите и најбезбедни улици во државата.
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 9> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |