![]() |
![]() |
![]() |
Охридски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 17> |
Author | ||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
http://daily.mk/cluster3/19b0cdf91ca214a1d99e4210a3d46c77/838224
Уличката
кај старата автобуска станица што ги спојува улиците „Димитар Влахов“ и
„Партизанска“ и која со години беше затворена за сообраќај, ќе биде
пуштена во употреба. ![]() ![]() Деновиве асфалтиран е преостанатиот дел од кусата уличка, поставени се банкини и сообраќајни знаци, а во текот на денешниот ден ќе биде извршено обележување на коловозот. ![]() ![]() ![]() Уличката ќе биде еднонасочна во правец од „Димитар Влахов“ кон улицата „Партизанска“. Со нејзино пуштање во употреба според одговорните во локалната самоуправа ќе се растовари сообраќајот во центарот на Охрид. |
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
Туристичка од страната од кај главната зграда на Охридска Банка.Асфалтиран е тротоарот од таму до пресекот со улицата Стив Наумов.
![]() |
||
![]() |
||
MGS ![]() Senior Member ![]() Joined: 10-May-2011 Location: Охрид,МКД Online Status: Offline Posts: 307 |
![]() ![]() |
|
Асвалтирано е од Охридска банка па се до кај Пентекс раскрсницата.Со огледа на тоа како беше порано(посебно кај Охридска Банка)и ова е нешто.Сепак многу поубаво ќе беше ако беше поплочено како со тие плочките на сликата долу.
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Идеен проект на делница од магистрален пат Косел–Охрид–Св.Наум
![]() Целта на оваа дипломска работа беше да се изра- боти идејно решение, кое ќе опфати повеќе сегменти од проектирањето, односно да се проектира делница од магистрален пат во должина од пет километри и соодветен патен јазол на неа. Проектот е изработен со помош на софтверскиот пакет CGS Plateia, кој од 2009 година е интег- риран во наставната програма за по- требите на катедрите за патишта и железници. Би сакал да истакнам дека инсталацијата на ваков софт- верски пакет, земајќи го предвид моето искуство при изготување на дипломската работа, е од големо значење за студентите, и можност школувањето да го завршат како подготвен и стручен кадар.
ПРОЕКТНИ ЦЕЛИ Содржински, дипломската работа опфаќа: проектна задача, технички извештај, геолошки подлоги и карак- теристики, проектни елементи, си- туационо решение, надолжен про- фил, типски напречни профили и де- тали и карактеристични напречни профили.
Проектната задача е дефинирана од потребите кои произлегуваат во фазата Идеен проект и во истата се бара: 1) проектирање на делница од ма- гистрален пат Косел-Охрид- Св.Наум од км 26+024.46 до км 31+141.70 и 2) проектирање на патен јазол на крстосување на магистрален пат Косел-Охрид-Св.Наум и по- стојниот регионален пат Р504, кој води кон населено место Трпејца и новопроектиран Царински тер- минал.
Како основа за изработка на пред-
метната проектна документација се
користени сите расположливи ин-
формации и подлоги, неопходни за
процесот на проектирање. Кори-
стена е соодветна важечка техничка
и законска регулатива, односно по-
стапувано е по Правилникот за тех-
нички нормативи, Закон за патишта,
Закон за безбедност во сообраќајот,
итн. Користени се климатско-хидро-
лошки подлоги, кои се репрезент на
хидро-метереолошките промени и
состојби во разгледуваниот регион.
По прибирањето на овие не- опходни подлоги и информации е пристапено кон дефинирање на тех- ничките карактеристики на предло- жената траса. Врз основа на утврде- ните појдовни критериуми (категорија на терен и сообраќајна категоризација), се дефинирани ос- новните гранични елементи на тра- сата, односно граничните елементи во план и профил.
СПЕЦИФИЧНОСТИ
За генерално дефинирање на на-
пречните профили на трасата се из-
работени нормални напречни
профили во М=1:50 како типски ре-
шенија со кои се опфатени сите за-
стапени облици на трасата,
групирани во зависност од гранич-
ните елементи во план и профил.
Разработени се разни облици на тип-
ските решенија, кои се застапени
(насип, ископ, засек) во правец и
кривина со разни специфичности во
однос на коловозната конструкција.
Во тој контекст, соодветно се дефи-
нирани облиците за оформување,
осигурување и заштита на трупот од
патот (степенасти засеци под наси-
пите во стрмните падини, берми во
ископ и насип и други).
Како појдовна точка за дефини-
рање на хоризонталното решение
(ситуационен план) на трасата се користени севкупните претходно опи-
шани основи и подлоги. Конструира-
њето на хоризонталниот ток на
трасата и нејзиното микроприспосо-
бување кон актуелните просторни
услови и можности, всушност пре-
тставува компромис помеѓу тех-
ничко-економските, просторните,
функционалните, естетските и други
карактеристики на трасата од една,
и актуелните фактори на ограничу-
вања што ги нуди теренот во кој се
трасира од друга страна. Во консул-
тација со менторот е извршено пре-
испитување на алтернативните
решенија, и хоризонталниот ток на
трасата е остварен со примена на
гранични вредности во многу сло-
жени теренски услови заради макси-
мално приспособување кон теренот
и сведување на вештачките објекти
на минимум.
Нивелационото решение (надол- жен профил) на трасата е директно зависно од карактеристиките на те- ренот во кој е положена трасата, де- финирана со хоризонталното решение. Повлечени се правци на начин со кој се минимизираат наси- пите и ископите и се применуваат гранични дозволените елементи. Конструирани се соодветни верти- кални кривини и се поставени објек- тите што се јавуваат долж трасата. Витоперењето на коловозот е из- вршено околу осовината на патот и согласно критериумите за предвиде- ната проектна брзина. Посебно вни- мание е посветено на вклопување на нивелетите по рабовите на главниот коловоз со нивелетите на рампите во патниот јазол, во кои нивелета е во- дена по десниот раб во правец на сообраќајните движења. Меѓусебните вкрстувања на рампите во патниот јазол се обележани на посебен начин со знаменце и наслов на вкрстосува- њето.
Предмерот на основните позиции пресметан е со планиметрирање на ка- рактеристичните напречни профили, изработени согласно граничните еле- менти дефинирани во нормалните на- пречни профили во М=1:100, и во континуитет долж трасата. Останатите позиции од предмерот се преземени од збирните вредности во табелите или дополнително се пресметани, врз ос- нова на линиските вредности од оста- натите графички прилози. Предмерот на патниот јазол е оформен врз основа на искуствени податоци, и за него е зе- мена ориентациона цена.
Како заклучок, би сакал да истакнам дека изработката на оваа дипломска работа за мене лично е големо иску- ство, кое ми помогна во определбата за мојот понатамошен ангажман како градежен инженер. Перспективно гле- дано, градежништвото е во подем, а со самото тоа титулата градежен инженер е актуелна, модерна и привлечна за ге- нерациите што доаѓаат.
Никола Тасевски, дипл.град.инг. |
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
Локалниве и централниве пак почнаа да си ја подаваат топката
Источната трансферзала сеуште чека некој да ја асфалтира И по изминати три години, градежните работи на источната трансферзала која се протега од бензинската пумпа "Билјанини извори" до улицата "Баталјон Мирче Ацев", не се завршени. Градежните зафати кои свечено ги започна локалната самоуправа, по извесно време беа запрени. ![]() Од локалната самоуправа објаснуваат дека намерата на општината, како и во случајот со булеварот "Железничка", била конечно да се иницира и започне изградбата на трансферзалата, која е во надлежност на централната власт, односно под Агенцијата за државни патиша. - Од наша страна беше извршено пробивање на улицата, а потоа беше направено и тампонирање. Намерата ни беше да учествуваме во изградбата на оваа улица, а притоа да ја поттикнеме централната власт да ја заврши изградбата, затоа што станува збор за улица која е под надлежност на Агенцијата за државни патишта, објаснуваат од локалната самоуправа. ![]() Од Агенцијата за државни патишта пак тврдат дека источната трансферзала воопшто не спаѓа во надлежност на агенцијата. - Изведувањето на градежните работи на оваа улица не е во наша надлежност, туку на локалната самоуправа. Поради тоа, нејзината изградба воопшто не е предвидена со годишните програми за 2011 и 2012 година, изјави портпаролот на агенцијата, Катерина Паноска. Градежните работи на источната трансферзала започнаа во септември 2008 година. Од Локалната самоуправа тогаш беше потенцирано дека со нејзината изградба во голема мера ќе дојде до растеретување на сообраќајот во Охрид, особено во летната сезона. Во меѓувреме улицата дури доби и име, откако Советот на иницијатива на ВМРО НП изгласа одлука таа да го носи името на поранешниот Министер за внатрешни работи Јордан Мијалков. Се чека само афалтот. OhridNews 17.11.2011 08:00 Прочитана е : 585 пати © 2011 Ohridnews.com |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Баталјон Мирче Ацев ?!? Гледам на гугл мапс и ова никако не ми е јасно... |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Ова е редовна причина за заврзлами меѓу локални и цнетрални власти. Никогаш не било јасно, или било јасно, ама сите се прават наудрени, кога една улица градска излага од градот и продолжува како регионален или магистрален пат во чија надлежност и од каде е надлежноста. Под тој аргумнет за Првомајска лани се одобрува средства за гребење на асфалтот во еден дел пред Драчево зашто е регионален пат за Козјак. Прилично е јасно до каде се границите, до каде што опфаќа ГУП-от на градот, секоа различно толкување само создава непотребни ситуации.
Оваа Охридска обиколница стана легендарнаколку и Скопската. |
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
Новинари ![]() |
||
![]() |
||
tomi_z ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Oct-2010 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 196 |
![]() ![]() |
|
Ма ова не е никаква обиколница... овој дел ни квази-обиколница не може да се нарече. После овие 700м од бензинската на макпетрол, поминува низ густо населен дел, со многу сообраќај, пешаци на коловоз (бидејќи нема тротори), дури и лежечки полицајци има на неколку места.
После околу 3 км се врзува на новиот дел, каде веќе е ок, 2х2 сообраќајница, која директно се вклучува на М-4 (патот Охрид-Скопје). Поминав пред неколку дена, па еве до каде е работата во моментов (до нигде). ![]() Десно нагоре е патот за с. Велестово. ![]() |
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
Железничка
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() 7-ми Ноември ![]() Туристичка ![]() ![]() Состојбата на улиците низ град е добра, 24/7 возат возила на Комуналец ![]() |
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
Започна хортикултурното уредување на Железничка и новиот парк
Деновиве, по налог на општина Охрид започна реализацијата на првата фаза од хортикултурното уредување на булеварот „Железничка" , како и новиот парк кој ќе биде лоциран на пешачката патека која води до поранешен хотел „Парк". Во првавата фаза од активностите, на булеварот „Железничка“, жардинерите се полнат со плодна земја, по што ќе следи и засадување на украсните садници и сезонско цвеќе. ![]() ![]() Во рамки на првата фаза од активностите за уредување на новиот парк, на просторот наменет за негова изградба се нанесува слој плодна земја, по што ќе следи и доуредување со поставување на инфраструктурни елементи, систем за наводнување, реквизити и хортикултурно уредување на просторот. ![]() ![]() 23.02.2012 15:58 Прочитана е : 255 пати © 2012 Ohridnews.com |
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
После релативно чистите улици во зимскиот период и обидот за средување на островот по должината на Железничка (моментално стопиран, не знам зошто, а и дел од шахтите се пак украдени), локалната самоуправа се врати на бисерите.
Сега - велосипедските патеки низ градот ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ЗА АКРОБАТИ! НАПИШАНО ОД МИШЕЛ НАУМОСКИ НА 30 МАРТ 2012. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД Имало ден и за велосипедистите. Некој се сети и на нив, па долж „Туристичка“ им нацрта две релативно симетрични жолти ленти. Па сега слободно може да возите меѓу нив и гајле да си немате. Изгор жолтата боја како оса ги боди во очи оние со автомобилите, па од километар можат да ве видат. Безбедни сте, верувајте. Ако досега велосипедистите се вклопуваа во сообраќајниот пејсаж, од сега и со мижење ќе може да се забележат. Секако ако се движите помеѓу жолтите лентички. Да не излезе дека Ве лажам, еве ќе Ви бидам личен водич низ маестралната велосипедска патека, па да се уверите во нејзината полезност. Нашата одисеја започна токму од пресекот на Туристичка со Абас Емин. Не за друго туку затоа што ни беше најблиску. Се обидов да возам но стигнав до сообраќајниот знак, со рачките од велосипедот се удрив во столбовите. Камо да си имав минијатурен велосипед па да можев да поминам. Јас сум виновен, денес сум го зел велосипедот за возрасни. Упорен си сум јас, не дозволувам оној сообраќаен знак да ми ја уништи желбата за возење велосипед. Си продолжив понатака. Стигнав до друг сообраќаен знак, на него пишува: „ САМО ЗА ПАТНИЧКИ ВОЗИЛА“. Се прашувам какво возило е мојот велосипед? Ја заборавам мистеријата со знакот и си префрлам пешачки кај Охридска банка-ама си го туркам велосипедот, бидејќи сега сум на пешачки, а не на велосипедски премин. Кога пред мене уште еден подвожњак. Застанувам пред знакот и се замислувам. Се прашувам дали мора да се задржам помеѓу жолтите ленти? За да не излезе дека заземаме страна, отидов и од другата. Си тргнав убаво, веќе никакви пречки не излегуваа пред мене. Се додека не стигнав до слалом-делницата каде морав да го избегнам големиот билборд од десно, а притоа да не се удрам во контејнерот од лево. За среќа, ми успеа! Продолжувам понатаму и гледам бришан простор пред мене. Овде нагазив на педалата, ветерот ми поминуваше низ косата и си помислив: Е ова е живот, камо некој порано да ја нацрташе патекава. Долга улица е „Туристичка“, долга и за автомобили, а камо ли за велосипеди. Се прашувам колку бевме безбедни досега и не наоѓам одговор, но сега знам дека некој конечно се погрижи и за тоа. Безразлика дали ќе дриблате меѓу контејнери, заобиколувате билборди или возите под сообраќајни знаци, факт е дека Охриѓани ја добија велосипедската патека која од секогаш ја заслужуваа. Само да се надеваме дека ќе сме послушни и дека ќе ја користиме кога возиме велосипед, наместо да се жалиме дека другите се неодговорни возачи. ![]() ![]() ^ ^ ^ ^ ^ слики од ТВМ - Охрид ![]() ![]() ![]() ^ ^ ^ ^ ^ слики од ohridnews.com И од demotivacija.mk ![]() Edited by Тркало - 02-Apr-2012 at 22:20 |
||
![]() |
||
MGS ![]() Senior Member ![]() Joined: 10-May-2011 Location: Охрид,МКД Online Status: Offline Posts: 307 |
![]() ![]() |
|
Видов вчера.Катастрофа.
|
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
Кај Лукоил до автобуската станица
![]() ![]() |
||
![]() |
||
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
|
Is this real ???
![]() |
||
![]() |
||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() |
||
![]() |
||
Граѓанин ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 29-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 233 |
![]() ![]() |
|
Родољубие
![]() |
||
![]() |
||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
|
Мене ми личи на многу добра монтажа (споредете ја дебелината на буквите и проекцијата во однос на површината во споредба со другите ознаки за држави).....први април е
|
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
И јас мислев дека е нешто врзано со 1 Април, ама постирано е во петокот на 30 Март, а знакот е ставен порано.Во петокот веќе бил префарбан
![]() Edited by Тркало - 01-Apr-2012 at 13:25 |
||
![]() |
||
bobanmak ![]() Newbiе ![]() Joined: 05-Jun-2011 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Незнам зошто Лерин, Воден и Солун се со МК знак до нив.
|
||
Издржи!
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 17> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |