![]() |
![]() |
![]() |
Инфраструктура (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 11> |
Author | ||||||||||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|||||||||
се гради фекална канализација во Ченто и Арачиново
Ќе се реши проблемот со фекалниот канал што го загадува скопско Арачиново, вети денеска министерот за животна средина Неџати Јакупи и најави изградба на фекална канализациска мрежа од Сингелиќ до Арачиново. Арачиновци минатата недела протестираа против силната смрдеа што се шири од фекалниот канал, а постои опасност од ширење епидемија на болести од загадените води кои минуваат низ целата општина. „Ние пред десетина дена ја почнавме изградбата на канализационата мрежа, во должина од 3500 метри првата фаза, потоа ќе продолжи другиот крак, така што вкупната траса на изградена канализациона мрежа, ќе биде околу 8ипол илјади метри. - Во наредните буџетски години ќе го доизградиме и другиот дел од канализационата мрежа, што мислам дека трајно ќе го решиме овој проблем“, изјави Неџати Јакупи |
||||||||||
![]() |
||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||
Општина Ново Село реализира четири инфраструктурни проекти со поддршка на Светска банка
Струмица, 26 август 2010 (МИА) – Во општина Ново Село тече реализацијата на двата проекта финансирани од Светска банка кои значително ќе придонесат за подобрување на патната инфраструктура во регионот. Станува збор за реконструкцијата на мостот во Ново Село на локалниот патен правец кон селото Барбарево и асфалтирањето на патот од населеното место Сушица до месноста Крива Горница, односно до клучката со меѓународниот пат кон Бугарија, за кои од Светска банка се обезбедени средства од околу 286.000 евра. - Дотраениот мост на реката Новоселка во близина на православната црква „Свети Атанасиј“ во општинскиот центар ќе биде целосно рекоконструиран и ќе го подобри квалитетот на локалната делница кон Барбарево. Во тек е и асфалтирањето на патот од Сушица, едно од најголемите села во општината, до клучката со меѓународниот пат кон граничниот премин со Република Бугарија, односно до месноста Крива Горница, во должина од околу еден километар, изјави градоначалникот на Ново Село Петар Спасов. Локалната самоуправа доби 211.000 евра кредит од Светска банка за асфалтирање на локалниот пат од селото Зубово до приклучокот со патот Ново Село – Мокриево, како и за поставување нов асфалтен слој на патот од населеното место Смолари до приклочокот со меѓународната комуникација кон Бугарија. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76434169&lId=1&pmId= |
||||||||||
![]() |
||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||
Преродбата доцни во чекори
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||
Ретко се случува ваков зафат, па вреди да го имаме во евиденција. Коритото на река Темница на одреден дел пред две-три години е дислоцирано поради потреба од екплоатација на јаглен за ТЕЦ Осломеј кај Кичево. Еве една слика од Panoramio како изгледа тоа.
http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Studija%20OVZS%20-%20OSLOMEJ%20%20ZAPAD.pdf http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FBCA46EC19AB6743979EE032462EF428 ![]() Edited by lslcrew - 14-Sep-2010 at 05:11 |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|||||||||
Берово доби модерен водоснабдителен и санитарен систем
Вторник, 21 Септември 2010 19:37
како и замена на главните вентили. Во делот со отпадните води, извршена е рехабилитација и проширување на канализацискиот систем во Берово, изградба на колектор за отпадни води и изградба на пречистителна станица за отпадни води, која во моментов е на пробно работење. Воведен е и поефикасен и транспарентен сметководствен систем.
Средствата се обезбедени со донација од швајцарската Влада во износ од 10 милиони швајцарски франци, како и од Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Берово. Проектот, чија завршница беше одбележана денеска, треба да претставува уште еден од чекорите за унапредување не само на животната средина, туку и целокуната инфраструктура на Македонија.Напишано од Сител |
||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|||||||||
Тендер за уредување на Грашница- понудите ќе се примаат до 2- ри ноември
Секторот за Јавни набавки при општина Охрид, информира дека е објавен Оглас за изведување работи и извршување услуги за уредување на речното корито на реката Грашница. Понудите може да се достават најдоцна 2- ри ноември годинава, до 12 часот и 30 минути, а јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите. ![]() http://ohridnews.com |
||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|||||||||
Започна изградбата на мостот на Петрушка река
Започна изградбата на мостот на Петрушка река, во близина на гевгелиското село Габрово, кој пред две години беше урнат од невремето и поплавата кои го зафатија овој крај. Со изградбата на мостот, која ќе чини 2.348.839 денари, повторно ќе биде воспоставен сообраќајот меѓу Габрово и патот за Миравци. Затоа и жителите на ова потпланинско село не го криеја задоволството на денешното поставување на камен-темелникот. Изведувач на работите е градежната фирма „Еуроинг“ од Гевгелија, а изведбените работи треба да бидат завршени до крајот на годината. -Со изградбата на мостот на граѓаните од ова населено место ќе им биде овозможена дирекнта сообраќајна врска со другите населени места во општината, бидејќи во изминатиот период за да сигнат до населбата мораа го користат стариот заобиколен планински пат. Станува збор за еден од поприоритетните инфраструктурни зафати во општината, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет. Инаку, во моментот градежната оператива во општината е ангажирана за изградба на уште два патни правци, патот од Богородица до Поновиот мост и патот за Хума. Изградбата на овие патишта ќе чини 23,5 милиони денари, кои средства се обезбедени преку Владата на РМ од Светската банка, изјави градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов при поставувањето на камен-темелникот на мостот кај Габрово. ![]() http://gevgelija.gov.mk |
||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|||||||||
Започнаа градежните работи за изградба на канализационен систем во с.Митрашинци
Заштитата на животната средина е значаен сегмент во работењето на градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински, за развој на алтернативниот туризам во општината како и во зачувувањето на природните богатства со кои располага општината. Како мерки за заштита на реката Брегалница покрај отварањето на пречистителната станица за отпадни води во близина на селото Мачево, е и започнувањето на изградба на канализационен систем во селото Митрашинци што директно ќе влијае и врз поголема безбедност во одржувањето на здравјето на целокупното население во селото. Средствата за реализација на овој значаен инфраструктурен проблем се обезбедени од Бирото за регионален развој на Република Македонија од каде се обезбедени 3.000.000 денари и од Буџетот на Општина Берово од каде се обезбедени 600.000 денари. Должината во првата фаза на изградба која треба да завржи за 60 дена ќе изнесува 1100 метри со 31 прифатна шахта. ![]() ![]() ![]() http://berovo.gov.mk |
||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
build.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
![]() ![]() |
|||||||||
http://www.build.com.mk/?p=5237 Edited by Cloverstack - 15-Oct-2010 at 23:05 |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|||||||||
Изградба на пешачки мост на р.ТрескаИзградбата на пешачкиот мост на р.Треска придонесе да се намалат растојанијата помеѓу местатаод двете страни на реката кои досега беа доста оддалечени заради поставеноста на единствениот мостза моторен и пешачки сообраќај на реката Треска по нејзиното течение низ Македонски Брод. Мостот беше изграден по барање на граѓаните со средства на Општина Македонски Брод. На повеќе можете да погледнете повеќе слики од мостот. <>.sboxgallery { padding: 10px 10px 30px 30px; }#sboxth { padding: 0pt 5px 15px 0pt; text-align: center; font-size: 10px; width: 100px; }#sboxth img { border: 2px solid rgb(238, 236, 204); }#sboxth a:hover img { border: 2px solid rgb(62, 62, 62); }
|
||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|||||||||
Догодина Штип ќе се развива со околу 70 милиони денари
Догодина Штип ќе се развива со околу 70 милиони денари. Парите, ќе бидат потрошени главно за уредување на градежно земјиште и реконструкција на неколку улици. Програмата предвидува уредување на градежното земјиште со нови парцели, реновирање на сообраќајници во централното градско подрачје , обезбедување на дополнителен паркинг простор и уредување на атмосферската и канализациона мрежа. Приоритетни за реконструкција, догодина ќе бидат улиците „Вардарска“ со 12 мил ден и „Сутјеска“ со околу 10,7 мил. ден. Вкупно за изградба и одржување на локални патишта ќе бидат потрошени 43,8 милиони денари. Од нив 7,5 милиони се од Агенцијата за патишта, а 36,3 од буџетот на општината. Од планираните средства: 10,5 милиони се наменети за редовно одржување на патиштата, а 2,6 за нивно одржување во зимски услови. http://www.tvstar.com.mk |
||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||
Еден од капиталните објекти што ќе почне да се гради годинава е Хидросистемот „Оризарска река“ за кој Владата обезбеди финансиски средства за негов почеток.![]() Тој додаде дека уште два капитални проекти ќе бидат реализирани во годината што почна. Според Димитровски продолжува изградбата на системот за водоснабдување, за што од КФВ банката е добиен кредит од 600 илјади евра и грант од 250 илјади евра. Овие средства ќе бидат искористени за изградба на цевковод, препумпна станица, нови бунари и снабдување со вода во населбите од високата зона во Оризари и Бели. Користењето на средствата од Европската банка за обнова и развој во висина од 1 милион и 150 илјади денари ќе се користат годинава за изградба на пет колектори во општина Кочани и истите со спојување во еден ќе бидат изнесени надвор од градот, каде што се планира изградба на пречистителна станица. Со овие финансиски средства и со подготвената студија до крајот на 2011 година ќе заврши целосно изградбата на колекторскиот систем во Кочанско. http://daily.mk/cluster3/dabebb9c052c3ac4d78467a3e086f1b9/537658 |
||||||||||
![]() |
||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||
3,5 милиони евра за водовод и канализација во селските срединиСретствата во висина од 3,5 милиони евра што Општината Куманово ги доби за изградба на водоводнаи и канализациони системи од Европската банка за обнова и развој ќе бидат употребени за довршување на неколку селски мрежи.
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|||||||||
приоритетните развојни
проекти Гевгелија
Советот на општина Гевгелија пред крајот на минатата година ги утврди приоритетните развојни проекти кои ќе се реализираат во општина Гевгелија во 2011 година. ![]() Со донесувањето на План на програми за развој на општина Гевгелија за 2011 година, Советот всушност ги утврди развојните приоритети на општината. Така, покрај веќе започнатата реконструкција на Народниот театар во Гевгелија, на листата на приоритетни проекти се наоѓаат регулацијата на одводниот канал "Рауљ" и на дел од коритото на Сува Река и коритото на Мрзенска река, потоа, довршување на локалниот пат Н.Конско-Хума, изградба на патот од мостот на Сува Река до граница со Република Грција, изградба на заобиколен пат околу Гевгелија (Западен и Јужен Булевар) и реконструкција на локалниот пат Негорци-Серменин. За подобрување на водоснабдувањето приоритет ќе се даде на изградбата на постројка за подобрување на квалитетот на водата за пиење од регионалниот водовод Гевгелија и реконструкција (замена на азбесните цевки) на водоводната мрежа во Гевгелија и во населените места. Советот на општината во приоритетните проекти, покрај изградбата (продолжување) на главниот колектор за отпадни води на фекалната канализација во Гевгелија, ја вклучи и изградба на пречистителна станица за фекална канализација во Гевгелија.http://gevgelija.gov.mk |
||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||||||||
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||
Неможем да најдм добра копија од просторен план ги има точно вцртано со мапа прокетираните акумулации.
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
Plugger ![]() Senior Member ![]() Joined: 15-Sep-2008 Online Status: Offline Posts: 378 |
![]() ![]() |
|||||||||
Марибор ќе обезбеди жичарница од месноста Корита до врвот на Галичица
Општина
Марибор е подготвена да ја обезбеди жичарницата од месноста Корита до
врвот на Галичица и да помогне во изготвувањето проекти со кои
општина Охрид ќе користи средства од претпристапните фондови на
Европската унија. Ова било договорено на средбата на градоначалнкот
Александар Петрески со градоначалникот на словенечкиот град марибор,
Франц Канглер. ![]() На средбата станало збор и за други видови соработка во областа на зимскиот туризам и размена на искуства на двете општини. ![]() Градоначалниците Петрески и Канглер договориле екипа на Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид една недела да престојува во Марибор, а потоа нивна екипа да дојде во Охрид каде ќе бидат изработени неколку проекти со кои ќе се конкурира пред фондовите на ЕУ. OhridNews http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=29465 |
||||||||||
![]() |
||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||
Охрид ќе постави жичница на Галичица Општина Охрид ќе постави жичница со која туристите ќе може да се искачат на планината Галичица и да се рекреираат во зима. Ова ќе се реализира со проектот за развој на зимскиот туризам, со кој охридската локална самоуправа ќе конкурира за пари од претпристапните фондови на Европската Унија.Според планираното, жичница ќе биде долга 6 километри и ќе треба да ја поврзува месноста Корита со падините на Галичица. Исто така, планирано е и поставување на неколку ски-лифтови. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, појасни дека за првична реализација на проектот ќе биде набавена половна жичница, која претходно се користела во некој од познатите скијачки центри во Словенија, Швајцарија или во Италија. - Во овие земји зимските центри се многу развиени и таму многу често ги менуваат жичниците. На пример исправна жичница која е едносед ја менуваат за да постават двосед или тросед. Ние со помош на овој проект планираме да донесеме исправна користена жичара што би служела 10-ина години, додека не направиме друга, посовремена. Нам сега не ни треба толку современа жичница какви што има во Швајцарија, нам ни е важно таа да биде исправна и да може да функционира - вели Петрески. Тој објасни дека донацијата ќе покрие околу 80 отсто од вкупната вредност на жичницата, додека пак општината ќе треба да се погрижи за другите содржини што се потребни за уредување на зимскиот рекреативен центар. - Нам на Галичица не ни требаат градби како што се хотели и одморалишта, такви објекти имаме на крајбрежјето и истите ќе може да се користат за сместување на туристите. На планина ќе треба да се изградат само неколку монтажни објекти, во кои ќе бидат сместени неколку простории за преслекување и угостителски објект, каде што ќе можат туристите да се напијат чај или да ручаат - вели Петрески. Охридскиот градоначалник објасни дека во подготвувањето на проектот, значително ќе им помогне искуството на Општина Марибор од Словенија. - Марибор е град во Словенија кој има искористено најмногу од европските фондови. Тоа значи дека ние сега ќе го искористиме нивното знаење. Тешкиот пат што тие досега го изоделе нам ќе ни го сервираат на тацна - нагласи Петрески, објаснувајќи дека деновиве екипа од Секторот за локален економски развој ќе оди во еднонеделна посета на Марибор за да ги подготват проектите. Според него, изградбата на зимско-рекреативен центар на Галичица ќе придонесе за развој на зимскиот туризам во овој регион и значително ќе ја надополни туристичката понуда на Охрид во зимските месеци http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=058B7F1400CE9641BC67CD48CFF28C76 |
||||||||||
![]() |
||||||||||
toasumjas ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-Jun-2010 Location: Skopje/ljubljan Online Status: Offline Posts: 434 |
![]() ![]() |
|||||||||
Ај да видам да не верувам. Такви предиспозиции за ски центри или подобро кажано толкави неискористени планински масиви има само во Македонија. Секогаш сум киажувал и мислел Македонија има многу поголеми предиспозиции за зимски одошто за летен туризам (не дека нема за летен али за зимски се огромни))!
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||
За тесни грла три милиони евра Со новите инвестиции во инфраструктурата во Крива Паланка ќе бидат изградени повеќе приоритетни патишта, водоводи, канализациски системи и паркинзи, кои ќе решат некои од долгогодишните проблеми Близу три милиони евра ќе бидат инвестирани во инфраструктурата во
општина Крива Паланка, со што ќе биде решен дел од приоритетните
проблеми со кои граѓаните се соочуваат долги години. Средствата се
обезбедени од државата преку заемот од Светска банка, од Европската
банка за обнова и развој (ЕБОР), а дел и од општинскиот буџет. |
||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 34567 11> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |