![]() |
![]() |
![]() |
Пешачки зони и помали плоштади (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5051525354 58> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе светне новото корзо
![]() Педесет столбови минатата недела се исправија долж пешачката патека на новото корзо во Ѓорче Петров. Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, неделава треба да се домонтираат уште пет метални столбови на амфитеатарот, при што остануваат да се монтираат централниот столб и подните светилки на плочникот. -Од понеделник планираме да ја монтираме главната табла и да се почне со поврзување на столбовите и да се пуштат метални сајли од 4 милиметри, кои ќе бидат наменети за монтирање на централното осветлување на пешачката патека и амфитеатарот. За тоа кога конечно и свечено ќе биде отворено новото корзо во Ѓорче Петров од Општината велат дека датумот ќе го знаат штом целосно ќе се заврши со осветлувањето. -Се работи интензивно. Работиме во услови на пандемија со корона вирусот. Се ќе зависи од тоа каква ќе биде состојбата. Неблагодарно е во ваква ситуација да се кажува – велат општинските власти Како што најавуваа од Општината уште на почетокот на реализацијата на овој проект, корзото треба да биде осветлено со ново висечко осветлување и нема да има канделабри. Со тоа, тогаш истакнаа од Општината дека сакаат да го обележат влезот на Скопје. Првата фаза од проектот, се состоеше во расчистување на теренот, при што се отстрануваа калдрмата и бетонските елементи од тротоарите, а истовремено се поставуваше и подземна инсталација, но се нивелираше и земјиштето. За правата фаза од општинскиот буџет беа издвоени околу 6 милиони денари. За втората фаза, Општината обезбеди средства, поточно грант од Светската банка за обнова и развој во износ од 450.000 евра, а се состоеше во поплочување на сè што се прави како ископ и изработка на урбана опрема во хоризонтала. Третата фаза е изведба на две бутки и реконструкција на постојното детско игралиште, но со нови реквизити приспособени и за деца со посебни потреби. Инаку, градежната локација е со површина од 6.500 квадратни метри и во себе опфаќа повеќе целини кои треба да создадат атрактивна јавна површина. Изградбата на корзото започна во првата половина на јули 2019 година. https://www.vecer.press/ќе-светне-новото-корзо/ |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Па уште и фази имало
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Се реконструира Римски пат до локалитетот Хераклеја Линкестис
![]() Градоначалничката на Битола Наташа Петровска изврши увид на градежните работи и реконструкцијата на Римски пат кој води до античкиот локалитет Хераклеја Линкестис. На пристапниот пат, согласно новиот проект, отстранет е асфалтот од коловозот и тој е заменет со коцка од гранитен камен заради автентичност и, исто така, на пристапот до локалитетот од поситен гранитен камен ќе има пешачката патека, осветлена со фотоволтаични светилки по целата должина до влезот на локалитетот Хераклеја Линкестис. Градежните зафати на оваа локација се во рамки на проектот Смарт-кул-тур, кој се реализира во рамки на Програмата на Европската комисија за Прекуграничната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, со инструментот ИПА 2 за периодот 2014- 2020. Општина Битола како водечки партнер во проектот врши реконструкција на пристапниот т.н. „Римски пат“ до локалитетот. Цел на проектот е да го зголеми квалитетот на туристичката понуда на поширокиот регион, почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча. https://frontline.mk/2021/04/13/se-rekonstruira-rimski-pat-do-lokalitetot-herakle-a-linkestis/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СЕ ГРАДАТ ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ НА 4-ТИ ЈУЛИ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ започнаа со изградба на пешачки патеки на дел од улицата 4-ти Јули во Ѓорче Петров каде претходно немаше пешачка патека ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Улицата кај „Рекорд“ до 2023 ќе стане најголема пешачка зона, најавува Шилегов
Улицата кај „Рекорд“ која е една од најфрекфентните улици во Скопје, ќе биде достапна само за пешаци и за брзиот автобуски превоз, а според најавите, автомобилите нема да пречат ниту од Стара Железничка па се до Бит пазар. Според планот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, со имплементирање на првата фаза од најавениот брз автобуски превоз ќе се затворат булеварите „11-ти Октомври“ и „Димитрија Чуповски“ од Собрание до Стар Ловец. Шилегов најави дека овој потег би требало да стане пешачка зона некаде кон крајот на 2023 година. Тој вели дека низ малиот ринг ќе биде дозволено исклучиво движење на возилата од брзиот автобуски превоз, противпожарните и амбулантските возила. „Со почеток на имплементација на бас-рапид транзитот, таму ќе биде дозволено движењето само на овие и на противпожарните и амбулантските возила. Останатиот вид на сообраќај ќе мора да се дисперзира по средниот ринг. Мораме да одиме паралелно со тие димензии, затоа што мораме да дадеме и алтернативен начин на граѓаните за движење низ центарот, па да го затвориме авто-сообраќај и тоа како стратешка цел на нашиот град ќе се имплементира заедно со првата фаза на бас-рапид транзитот“, вели Шилегов. Со ова, Шилегов уверува дека Скопје ќе стане град со најголема пешачка зона во Европа. https://360stepeni.mk/ulitsata-kaj-rekord-do-2023-godina-ke-stane-najgolema-peshachka-zona-najavuva-shilegov/ |
|
![]() |
|
Urbanista ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 28-Dec-2020 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 36 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Улицата кај „Рекорд“ ќе биде претворена во пешачка зона
Пред крајот од својот мандат скопскиот градоначалник Петре Шилегов повторно ја актуелизираше идејата, главната улица во центарот на градот, покрај Рекорд, да биде пешачка зона. Овој план Шилегов го најавува за 2023 година кога е предвидено на скопските улици да возат и брзите автобуси. Градоначалникот тврди дека затворањето за сообраќај од Триумфалната порта до Ловец, нема да направи дополнителен метеж во сообраќајот во централното градско подрачје. „Дефинитивно нема да има дополнителен хаос. Значи., апсолутно таму може да се направи целосен проод на тој коридор и воопшто нема да има потреба од грижа“, рече Шилегов. Граѓаните велат дека идејата е добра, но стравуваат дека гужвите ќе бидат неизбежни, а учесниците во сообраќајот ќе бидат нервозни и напнати додека возат низ центарот на Скопје. „Негативно, јас мислам дека нема да биде изводливо тоа.“ „Јас мислам дека нема да биде изводливо. Многу коли се и ќе нема каде да се паркираат, нема паркинг места“, рекоа жителите. Целта на овој проект според локалните власти е на граѓаните да им бидат овозможени алтернативни начини на движење, а автомобилите да се стават во втор план. Но, многу често кога улица во центарот на Скопје е затворена за сообраќај, се случува тотален колапс во сообраќајот. А, скопјани веќе навикнаа да возат во тотален хаос кога во центарот на главниот град се одржува некој протест, демонстрација или пак, главната сообраќајна артерија е затворена поради друга причина. Локалните власти засега не откриваат која ќе биде алтернативата на улицата кај Рекорд. Дали постоечките булевари ќе станат еднонасочни улици. Централното градско јадро да биде пешачка зона, Шилегов најави уште пред три години. Но, освен ова, како еден од поголемите проекти се најавуваше и тунел под скопското Кале, кој требаше да ги поврзува булеварот Климент Охридски кој поминува близу владината зграда со познатата пластичарска улица. Но, засега ова е далеку од почеток на реализација. https://alsat.mk/mk/ulitsata-kaj-rekord-ke-bide-pretvorena-vo-peshachka-zona/ |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Ова може да стане пешачка зона само кога ќе се направи тунел од раскрсницата кај Веро/Народна банка до Партизанска/Илинденска.
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Не знаеш ти, тоа што ќе се затвори Рекорд ќе ги демотивира луѓето да возат автомобили и нема да има потреба ни од тунели, ни од булевари.
![]() |
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Факт е дека треба да се затвори Рекорд за автомобили но тешко дека ќе ни се намалат возилата во градот. Единствено ако се направат добри велосипедски патеки поврзани од секаде, е тогаш може да им текне на луѓево дека не им треба кола за на кафе да одат пред зграда
![]() |
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Не ви е као навреда што се нафаќате на евтини предизборни ветувања?
Братот ќе трча за втор мандат со садење грмушки и поставување колчиња... |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Шилегов: Подземниот тунел кај „Лимак“ ќе овозможи пешачка зона во Скопје
Во моментов се прави студија за движење на возилата во малиот и средниот ринг, која што ќе покаже кога најфрекфентната улица во Скопје ќе може да се претвори во пешачка зона, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и најави дека Градот до средината на наредната година ќе започне инфраструктурно да ја поврзува подземната сообраќајница која ја гради Лимак Скопје и која е дел од мултифункционалниот проект „Diamond of Skopje“. – Со овој проект, како и со отворањето на коридорот преку мостот на АСНОМ до „Мавровка“ за граѓаните на Лисиче и Аеродором, верува дека до крајот на 2023 во центарот на градот ќе има пешачка зона. Она што вие не го гледате во моментов, а тоа се одвива, е изработката на тунелот под Старата железничка станица, а ние како Град Скопје некаде на средината на следната година ќе започнеме да работиме на конектирањето на тој тунел со останатата инфраструктура. Тоа е тунел кој ја поврзува Иво Лола Рибар, односно Васил Гологанов со Кисела Вода, рече Шилегов. Според него овие проекти ќе овозможат низ актуелниот Мал Ринг граѓаните да се движат без сообраќај. – Правиме стратешки развој на инфраструктурата. Исто така поврзувањето на Аеродром со Кисела Вода преку пробивањето на новата улица Есенинова која ќе почнува од Кисела Вода кај „Рампа“ покрај пругата кон амбулантата “Пролет“ и ќе излегува на булеварот Трета македонска бригада во општина Аеродром, ќе го олесни движењето на возилата во градот. Затоа сметам дека не смееме да избрзуваме со новата рута, туку решението за пешачка зона во центарот на градот да биде резултат на стратешки развој за инфраструктура, рече Шилегов. Најфреквентната улица „Рекорд“ ќе биде само делумно затворена за сообраќај и ќе биде дозволено движење само на возила од јавниот превоз. – По примерот на современите европски метрополи, каде што трамвајот и автобускиот превоз поминуваат во градското јадро, и во Скопје басрапид транзитот ќе биде единствениот вид на превоз кој ќе сообраќа во центарот на градот. Тоа што треба да го знаеме е дека нема да има никакви избрзани сообраќајни решенија. Ослободувањето на „Рекорд“ од автомобили ќе оди паралелно со имплементацијата на басрапид транзитот, односно во тој момент кога ќе се изведе, и ќе се преструктуира таа улица од сообраќајница во пешачка зона, објасни Шилегов. https://www.slobodenpecat.mk/shilegov-podzemniot-tunel-kaj-limak-ke-ovozmozhi-peshachka-zona-vo-skopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Екипите на Град Скопје почнаа да го реконструираат познатото шеталиште пред Градски парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај Жабарот“ па се до почетокот на влезот во градскиот парк, кај Министерството за земјоделие, веднаш спроти паркот на Франкофонијата.
Во должина од 140 метри и со ширина од 10 метри, шеталиштето помеѓу тројниот дрворед на скопските липи ќе добие целосно нова и реконструирана патека од лиен бетон, а ќе бидат поставени и нови клупи и канти за џебен отпад. Овој потег иако е еден од најфреквентните делови од кејот на Вардар, веќе подолго време беше руиниран и преставуваше критично место при шетање или движење со велосипед. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=353896436104755&set=pcb.353898582771207 |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Ова секое проаѓање помислувам зашто е досега оставено нереконструирано. Едно од поискрешните делови од кејот, а е најфреквентното парче.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДЕМОЛИРАНОТО ШЕТАЛИШТЕ НА КЕЈОТ КАЈ „ЖАБАР” КОНЕЧНО ЌЕ ДОБИЕ НОВ ПЛОЧНИК
Град Скопје почна да го реновира искршениот плочник на кејот на Вардар кај кафеаната “Жабар”. Овој дел од кејот со години е целосно уништен и демолиран, плочникот е искршен, сите клупи се уништени, а чешмите за вода не работат. Од Градот велат дека ќе се уреди потего во должина од 140 метри и со ширина од 10 метри, односно шеталиштето помеѓу тројниот дрворед на скопските липи ќе добие целосно нова и реконструирана патека од лиен бетон. Ќе бидат поставени и нови клупи и канти за џебен отпад. Овој потег иако е еден од најфреквентните делови од кејот на Вардар, веќе подолго време беше руиниран и претставуваше критично место при шетање или движење со велосипед”, велат од Градот. Град Скопје пред 15 дена почна и со реновирање на патеките во вториот дел од Градскиот парк. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/demoliranoto-shetalishte-na-kejot-kaj-zhabar-konechno-ke-dobie-nov-plochnik/ |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Конечно. Овде барем 20 години наназад е крш.
И јас секое проаѓање исто помислував. И аргумент плус е што е покрај Влада па редно е да биде барем минимум пристојно. Edited by Cloverstack - 20-Jun-2021 at 15:31 |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
И сега што ќе биде, тука еден вид плочки, кај ГТЦ друг, кај зградите од Скопје 2014 трет, кај Камени четврт?
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Зарем би било добро да бидат исти секаде? Не навлегувам во конкретниот избор на плочки за одредени локации, ниту како тие целини се меѓусебно вклопени, тоа сигурно може многу подобро. Ама да биде ист тип секаде би било невидена монотонија, а и не се вклопува естетски секоја плочка во секакво опкружување. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5051525354 58> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |