Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#101 Posted: 04-Jul-2010 at 23:28 |
 Статијата е од некни, ни промакнала...
Супер вест што сепак се придвижиле овие проекти! Долго беа заглавени во
бесконечни најавувања... Но треба да се продолжи уште поактивно и
поопсежно во создавање на ваква мрежа. Бесмислено беше да се троши
водата од Рашче за наводнување на зеленило, а ионака не беше доволна.
Уште пред две години пишав за проблемот:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=199&PID=14754#14754
А и за чистење на улици и слични намени сигурно заштедите ќе бидат
значајни.
Еве мислам дека ова е еден од тие бунари во Аеродром: (претходно имаше камион за бушење)
Edited by Cloverstack - 04-Jul-2010 at 23:30
|
 |
S.P.Q.R.
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
|
Quote Reply
#102 Posted: 04-Jul-2010 at 23:42 |
Во Прилеп веќе имаат ископано околу 10ина вакви бунари со технолошка вода. Веќе две години парковите се наводнуваат со истата, со што се заштедија многу средства. Мислам дека идејава е одлична, на Скопје како голем град сериозно му требаат вакви бунари.
|
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#103 Posted: 05-Jul-2010 at 00:42 |
Браво за Прилеп. Се гледа ли изразен ефект во парковите, дали се зелени во сушните периоди?
|
 |
S.P.Q.R.
Senior Member
Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
|
Quote Reply
#104 Posted: 05-Jul-2010 at 01:43 |
Итекако се зелени, всушност јас никогаш ги немам видено тревните површини да ја сменат бојата. Исплатлива инвестиција особено за Могилата во Прилеп, која има огромна површина за наводнување. Еве еден линк поврзан со оваа вест: http://www.komunalecprilep.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=10:2009-04-06-16-51-03&catid=1:2009-03-23-18-19-10&Itemid=15
|
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#105 Posted: 12-Jul-2010 at 09:33 |
Продолжуваат да дупчат вакви во Аеродром 
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#106 Posted: 15-Jul-2010 at 17:44 |
Градскиот парк ќе
се наводнува од нови бунари

И годинава за полевање на најголем дел од зелените
површини се троши пивка вода место техничка
Зелените површини во градов се' уште се полеваат со пивка вода, место
со техничка. Одамна најавуваната идеја за изградба на бунари, чија вода
ќе се користи за полевање на парковските површини, бавно се реализира и
освен двата бунара во Јане Сандански други не се ископани.
Од
Одделението за односи со јавноста тврдат дека Градот работи на проекти
за изградба на бунари во Градскиот парк. Деталите за нивните технички
карактеристики сега не ги соопштуваат, велат дека ќе ги изнесат на
промоција на проектот, која треба да се одржи многу бргу. Само
потенцираат дека е во тек изведба на седум бунари и тоа два бунара во
првиот дел од Градскиот парк и пет во вториот. Според информациите
оттаму, моментно се работи на ископување и на бетонирање на бунарите,
додека кај некои веќе се вградува и потребната инсталација.
Од
Градот велат дека со изградбата на бунари во Градскиот парк долгорочно
ќе се реши употребата на техничка вода за полевање на големите зелени
површини. Од овие бунари ќе се полеваат околу 190 илјади квадратни метри
зеленило само во двата дела од паркот.
Засега од бунарски води
се наводнуваат само зелените површини во општина Аеродром. Поради
присуство на подземни води во паркот „Чаир“, Општината многу одамна
најавуваше ископување на бунари, но досега не е направено тоа.
Авни
Калаба, одговорен за информирање во Чаир, вели дека идејата да се
ископаат бунари е оправдана од аспект на штедење на пивката вода. За
општина како што е Чаир, која располага со многу зеленило, ова ќе биде
ефикасно решение за штедење на водата за пиење. (Сн.К.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7207F7BF2E65BA40A5412D0713EFC9FD
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#107 Posted: 27-Jul-2010 at 09:09 |
СПОРЕД ПОСЛЕДНИТЕ ИСТРАЖУВАЊА, ПОДВОДНАТА ПЕШТЕРА НА МАТКА ЌЕ ГО СНАБДУВА СКОПЈЕ СО ВОДА
Врело крие извор на вода за пиење
Од последното истражување на подводната пештера, италијанскиот спелеонуркач Луиџи Касати смета дека во Врело има извор на чиста вода за пиење
Италијанскиот сплеонуркач Луиџи Касати, кој во петокот, во подводната пештера Врело во Кањонот Матка се спушти на длабочина од 212 метри, смета дека во пештерата постои значаен извор на вода за пиење, кој во иднина, ако се јави недостиг на вода во Скопје, ќе биде многу значаен за водоснабдување на градот. Според него, поради овие причини оваа природна реткост треба посебно да се заштити. "Ние сметаме дека во пештерата има извор на вода. Во рамките на истражувачката експедиција "Врело 2010" земени се примероци од вода и седименти и со нивните испитувања може да се добијат интересни резултати", рече завчера Касати. Градските власти, кои годинава се покровители на истражувањето на Врело, велат дека дел од земените мостри од водата и од карпите се дадени на анализа и во Македонската академија на науките и уметностите и оти само подетални испитувања може да дадат одговор каде е изворот на водата. Со постигнатата длабочина од 212 метри, Врело, и официјално стана најдлабоко истражената пештера на Балканот од човекот, а на второ место во Европа. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски вети дека Градот ќе обезбеди средства за истражување на пештерата и за следната година, а Касати рече оти сака да го истражува и неистражениот дел од пештерата и оние галерии кои ги има на 70 и 180 метри длабочина.
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#108 Posted: 28-Jul-2010 at 16:19 |
Зеленилото во Аеродром и во Карпош ќе се полева од нови бунари

Општина Аеродром привршува со изградба на 10 нови подземни бунари за
наводнување на зелените површини, а исто толку бунари наскоро ќе почнат
да градат општинарите од Карпош. И во двете општини проектите се
реализираат со цел наместо со пивка вода, зелените површини да се
наводнуваат со техничка вода. Бунарите што се градат во Аеродром ќе се
користат за полевање на зеленилото во населбите Мичурин, Реонски центар и
делови во Лисиче. Неколку бунари ќе се градат и во близина на мостот
„Близнак“, кој ќе се користи за паркот во непосредна близина.
На
подрачјето на Општина Карпош, пак, десет бунари ќе се градат за
потребите на зеленилото покрај булеварот „Партизански одреди“.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски информира дека проектите за бунарите
се готови, а општината веќе обезбедила и средства за нивна реализација.
„На
подрачјето на Карпош се неопходни речиси 100 бунари за да се задоволат
минималните потреби. Годинава планираме да изградиме 10 бунари што ќе се
користат за зеленилото покрај булеварот, односно на потегот од Карпош 1
до Карпош 4, а в година уште дваесетина што би се користеле за
зеленилата меѓу станбените блокови“, најави Јакимовски.
Инаку
изградбата на бунарите не само во Карпош и во Аеродром туку низ сите
општини воопшто беше тема и на последната координација на
градоначалниците. Надлежните констатираа дека е неопходно да се покрие
поголемиот дел од зелените реони во градот со бунари, а за нивно
полевање да се користи техничка вода, а не вода за пиење. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DD09C1674236324D9D80DFDD7C8FBEA5
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#109 Posted: 30-Jul-2010 at 18:58 |
За „Злетовица“ пари од ЕИБ Градоначалниците
од шесте општини од источниот регион бараат Владата финансиски да им
помогне околу изградбата и реконструкцијата на филтер-станиците за да
можат во што пократок рок да ја користат водата од хидросистемот
„Злетовица“. На завчерашната средба со министерот за финансии, Зоран
Ставрески, градоначалниците на Штип, Свети Николе, Кратово, Пробиштип,
Лозово и на Карбинци ја разгледале можноста филтер-станиците да се
финансираат со дел од 50-те милиони евра кои Владата неодамна ги доби од
Европската инвестициска банка за изградба на водоснабдувачки системи.
На состанокот биле разгледани неколку варијанти и биле понудени повеќе
решенија за надминување на проблемот со пречистувањето и користењето на
водата од ХС „Злетовица“.
За да се намали цената на проектот, се
предлага од филтер-станиците во Штип и во Свети Николе да се снабдуваат и
жителите од општините Лозово и Карбинци. Постојната филтер-станица во
Кратово е со недоволен капацитет за да ги задоволи потребите на
населението од повисоките зони во градот. Во Кратово велат дека е
потребно да се инвестира во нов објект со кој ќе се надмине проблемот од
водоснабдување и за населението во селските населени места.
Најголем проблем за користење на водата од Злетовица засега има општината Пробиштип.
-
Во изминатиот период е изготвен само идеен проект. Бидејки е работен
пред 30-ина години, деновиве почнавме со ревидирање на документацијата.
Со помош на стручни лица од Јапонската агенција за развој ЈИЦА наскоро
ќе биде познато колку пари ќе бидат потребни за изградба на овој
приоритетен водоснабдувачки објект - вели Тони Тоневски, градоначалник
на Општина Пробиштип.
Од кредитот добиен од ЕИБ, Пробиштип ќе
добие 691.000 евра, а од месниот самопридонес на сметката останале
неискористени околу 100.000 евра.
- На разгледување се неколку
варијанти. Доколку биде земена предвид најевтината, која според
првичните пресметки ќе чини помалку од 1 милион евра, може да се
надеваме дека во почетокот на 2011 година ќе почне изградбата на
филтер-станицата во Пробиштип - вели Тоневски. (Т.С.) |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=91E9B9B26440E046839159506615327B
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#110 Posted: 04-Aug-2010 at 17:25 |
Вода трошиме максимум, а штедиме минимум |
|
|
Скопјани трошат
околу
470 литри вода дневно, Европејците и Балканците околу 350, а Американците 378 литри |
|
|
|
 |
|
Побарувачката на вода се зголемила повеќе од двапати на светско
ниво само во последниов век. Вкупно 894 милиони жители на планетата
Земја немаат сигурен пристап до вода за пиење. Обединетите нации
сугерираат дека на секој човек му се потребни од 20 до 50 литри дневно
со кои може да ги обезбеди своите основни потреби за пиење, готвење и
за хигиена. Споредбените податоци со она колку скопјани трошат вода се
поразителни. Крајно нерационално и расипнички се однесуваме кон и со
водата, потврдува и статистиката на јавното претпријатие ЈП „Водовод и
канализација“, според која во главниот град се трошат околу 470 литри
вода по жител и тоа според податоците за минатата година. За годинава
мерењата се во тек. Зад нас ги оставаме и Американците, како најголема
потрошувачка нација. Во САД секој жител троши по 378 литри на ден. Но и
Европејците, жителите на балканските држави, кои дневно користат околу
300-350 литри. Развиените земји во Европа трошат просечно по 700 кубни
метри вода годишно, а САД 2.500 кубици по жител. Земјите и градовите
во Африка, Азија, годишно по жител трошат од 40 до 50 кубни метри вода.
Штедењето вода станува задолжителна мерка, а за нас тоа е непозната
тема.
- Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ досега не презело
акција за штедење на водата. Единствениот извор на приходи за
претпријатието е наплатата на потрошената вода. Од овој аспект не би
имало економска логика да бараме „штедење на водата“. Но лете знаеме да
апелираме на рационално користење на водата за пиење. Тоа би значело
дека водата од јавниот водовод треба да се користи за пиење, санитарна
потреба, готвење и за чистење, но да се внимава колку се троши - ни
изјавија од службата за информирање на „Водовод и канализација“.
СИГУРНИ И КВАЛИТЕТНИ ИЗВОРИ
Целата скопска котлина располага со извори кои гарантираат долгорочно
снабдување на градот со квалитетна вода за пиење. Основни снабдувачи на
градот со вода се двете каптажи на изворот Рашче. Каптажата Рашче 1
има издашност помеѓу 3.700 и 7.000 литри во секунда, а Рашче 2 околу
1.500 литри. Од оваа расположлива вода преку цевководите кон градот
може да се пренесат околу 5.000 литри во секунда. Кога хидролошката
состојба во Рашче е неповолна или во периоди на енормна потрошувачка во
градот, на располагање се и седумте бунари на Лепенец, на Водно и на
Клето, со вкупен капацитет околу 1.400 литри во секунда.
- Овие капацитети се доволни за потребите на скопјани и одамна не сме
имале ситуација да немаме доволно вода. Скопје има „среќа“ што на дофат
има доволно количество вода со одличен квалитет. Сепак, има денови во
текот на летото кога водата се растура во толкава мера, што не може ни
да дојде до повисоките зони. Во такви моменти апелираме на рационална
потрошувачка и солидарност со оние што може да останат без вода - велат
од „Водовод и канализација“.
Иако недостига подолгорочна статистика за потрошувачката на вода во
градот, генерално, количеството на вода се зголемувало од 1947 до 2003
година, кога се произведени над сто милиони кубни метри вода (точно
100.729.128 м3). Од 2003 година, па наваму количеството на произведена
вода има генерална тенденција на намалување. Од ЈП велат дека оваа
тенденција е резултат на јакнењето на еколошката свест на скопјани, од
една страна, како и напорите да се намалат загубите на вода во системот.
ВИСОКО НИВО НА ЗАГУБИ
Проблемите со потрошувачката настануваат со неконтролираното полевање
на зелените, дури и земјоделски површини, кога со водата се лади
асфалтот. Уште ако ова се прави од јавни хидранти, јасно е дека оваа
појава не е предвидена при димензионирањето на системот, ниту пак може
да биде прифатлив трошок за одговорните од „Водовод и канализација“.
Загубите на вода во системот, исто така, придонесуваат за
катастрофалната состојба со нејзиното нерационално користење. Според
податоците од „Водовод и канализација“ загубите во водоводниот систем
се болна точка на сите водоводи во светот. Кај нас последните
калкулации за загуба на вода изнесуваат 59,9 отсто од вкупно
произведеното количество. Во оваа бројка влегуваат сите категории на
загуби, јавна потрошувачка (за полевање јавни зелени површини, миење
улици, противпожарна заштита), потоа сите административни загуби
(нелегални потрошувачи, непостоечки или неисправни водомери), и на крај
реалните технички загуби во системот. Распределбата помеѓу сите овие
категории е многу тешка и дискутабилна.
За да се ублажи оваа состојба во „Водовод и канализација“ работат на
рехабилитација на водоводната мрежа, или замена на цевките онаму каде
што имаат сознанија за зголемени загуби, како и на водомерите со нови,
кои се отчитуваат далечински и се поточни. За испитување на загубите во
мрежата се користи најсовремениот пристап со хидрауличко моделирање,
зонирање на потрошувачката, теренско испитување на цевките. Се работи и
на автоматизација на објектите за водоснабдување (СЦАДА), со што се
планира да се постигне најоптимално управување со расположливите
капацитети.
Зафати што долгорочно ќе вродат со резултат.
Пристапот до вода за пиење човеково право
Генералното
собрание на ОН, минатиот месец, го призна пристапот до чиста вода за
пиење и до санитарните инсталации за човеково право. По повеќе од 15
години дебати, 122 држави гласаа за резолуцијата поднесена од Боливија,
додека 41 се воздржаа од гласање. Во резолуцијата се вели дека правото
на чиста и квалитетна вода за пиење и до санитарни инсталации е
човеково право од суштествено значење за квалитетниот живот.
Фактите
дека 884 милиони луѓе низ светот немаат достап до квалитетна вода за
пиење и над 2,6 милијарди не располагаат со основни санитарни
инсталации, како и дека околу два милиони лица, повеќето деца, умираат
секоја година од болести, предизвикани од нечиста вода за пиење и
недостиг од основни санитарни уреди, се основата на овој документ на ОН. |
Година
|
произведена вода во м3
|
2003 |
100.729.000 |
2004 |
99.235.000 |
2005 |
97.804.500 |
2006 |
98.801.000 |
2007 |
97.516.000 |
2008 |
95.619.000 |
2009 |
94.419.000 |
Рекорд на 29 јули 2009 година
Минатата година 29 јули е
забележан како денот кога скопјани потрошиле рекордно количество вода
или 470 литри по жител. Вкупниот број на жители-корисници на
водоводниот систем во Скопје е околу 550.000, бројка која секојдневно
расте со миграцијата. |
|
|
|
|
Автор: Жарко Василевски |
Фотографија: Игор Бансколиев | |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=84101030595&id=14&prilog=0&setIzdanie=22050
Edited by Cloverstack - 04-Aug-2010 at 17:26
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#111 Posted: 30-Aug-2010 at 23:04 |
ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ
"ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА"
Започна акцијата за пронаоѓање на дивите
приклучоци на вода
Во акцијата ќе бидат вклучени сто лица кои ќе
бидат распоредени во четири тимови. По откривањето на нелегалните
корисници на вода, тие ќе нудат договори за легализирање на приклучоците
во домаќинствата. Акцијата треба да трае еден месец, но доколку биде
потребно, таа ќе се продолжи, рече Лазаревски
Јавното претпријатие Водовод и канализација" со полициско
обезбедување од вчера започна со акција во Општина Сарај за откривање и
регулирање на сите диви приклучоци на вода и на сите кои нерационално ја
користат за полевање. Тие додаваат дека веќе се пронајдени повеќе од 10
големи цевки за наводнување во Општина Сарај. Како што изјави
директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација", Сашо
Лазаревски, оваа акција ќе трае еден месец. - Оваа акција е поради
блокадата на патот на жителите на Горна и Долна Матка кои веќе еден
месец немаат вода за пиење. Поддршка за оваа акција дадоа
градоначалниците на Скопје и Сарај, Коце Трајановски и Блерим Беџети.
Работиме во четири тима и од десет часот, како што започна акцијата, па
досега, откривме повеќе од 10 големи цевки за наводнување на нивите.
Сите цевки се исечени, а во домовите кои немаат водомер на жителите им
кажавме дека треба да склучат договор со нас и да им го поставиме", рече
Лазаревски. Тој додаде дека во акцијата ќе бидат вклучени сто лица
кои ќе бидат распоредени во четири тимови кои по откривањето на
нелегалните корисници на водата ќе нудат договори за легализирање на
приклучоците во домаќинствата. - Домаќинствата што ќе бидат откриени
дека ја користат водата за наводнување ќе бидат исклучени со оглед дека
водата што ја нуди Водовод и канализација" е само за пиење и санитарни
потреби. Акцијата треба да трае еден месец, но доколку биде потребно,
таа ќе се продолжи, додаде Лазаревски. Инаку, според првични проценки
на Јавното претпријатие во Сарај има околу 10 до 15 диви приклучоци за
наводнување на нивите. Тие трошат вода нерамномерно, односно брзо ги
исцрпуваат капацитетите на резервоарите од кои се снабдуваат со вода
жителите од повисоките делови на Општина Сарај. Па, поради тоа, во
изминатиот период дел од населението остануваа без вода за пиење и
санитарни потреби, проблем што особено беше изразен во последните 40-ина
дена кога немаше врнежи. Исто така, тимовите на Водовод и
канализација" во Сарај освен договори за легализација на приклучоците со
вода во домаќинствата ќе нудат и договори за плаќање на заостанатите
долгови со можност и за нивно намирување на рати. Наплатата на
регулираните приклучоци во Сарај е од 10 до 12 проценти, а во цело
Скопје тој процент е 80. Од претпријатието најавија дека освен во
Сарај акцијата ќе биде спроведена и во останатите општини. Најпрво ќе се
контролираат руралните средини, каде што има такви приклучоци, а ќе се
оди и во урбаните делови каде што е помал бројот на нелегалните
корисници на вода.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=85235638A7C96348AA1F0B5D34AA22AF |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#112 Posted: 24-Sep-2010 at 14:56 |
Го дочекавме и овој ден... но Сончев Град веќе не се ни спомнува во известувањето...
Почна изградбата на водоводот во Патишка Река
Стартуваше изградбата на водоводот во Патишка Река, инвестиција
вредна околу 4,5 милиони евра. Дел од овие средства се обезбедени од
Европската банка. Проектот е на Општина Сопиште, а ќе го реши
водоснабдувањето на околу 10 илјади жители.
Градежните машини на
главниот изведувач на работите, градежната фирма „Конти-хидропласт“ од
Гевгелија, вчера работеле во придружба на полицијата, која внимавала да
не дојде до евентуални инциденти од страна на месното население. Дотолку
повеќе што лани тоа беше категорично против изградбата и со протести го
спречуваше градењето на водоводот. Според градоначалникот на Сопиште,
Јован Ѓорѓиоски, инциденти или какви било реакции од мештаните вчера
немало. Претходните тензични состојби биле решени откако на жителите од
Патишка Река им биле исполнети барањата да се поправи училишниот објект,
да им се изгради спортско игралиште, а неодмана ги посетил и министерот
за здравство, кој им ветил и изградба на месна амбуланта. Општината
обезбедила и 22 милиона денари за изградба на фекална канализација во
Патишка Река.
Вчера стартуваа градежните работи од примарниот
дел на водоводот, кој ќе се реализира во три фази. Првата има должина од
9 километри, а водоводот ќе се протега од Патишка Река до патот кон
селото Држилово. Реализацијата на првата фаза ќе чини еден милион евра.
„Каналите
се веќе ископани и ќе треба да се постават цевките, а паралелно можеби
ќе се одвива и втората фаза, со траса од селото Држилово до Јаболце. Од
ова село водоводот ќе продолжи до Света Петка, Барово, Чифлик, Долно и
Горно Соње. Целокупната должина на водоводот ќе изнесува 23 километри“,
вели градоначалникот Ѓорѓиоски. (Сн.К.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2655E98F0E0B524FAC765BF32C1BB837
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#113 Posted: 05-Oct-2010 at 15:22 |
Тука го дискутиравме излевањето на Охридско Езеро лани и за реката Сатеска. Па еве и овој текст нека иде тука бидејќи проблемот е пред се со пренасочувањето и со коритото.
Се чисти најголемиот загадувач на Охридско ЕзероСе чисти коритото на реката Сатеска, која е еден од најголемите
загадувачи на Охридско Езеро. Реката секојдневно носи огромни количества
дрвја, песок и растенија, кои го попречуваат нејзиниот слив во езерото,
а во почетокот од летото песокта формира и мал остров во езерото пред
влезот на Струга, околу кој е видливо загадувањето на водата
Според Дејан Пановски од Билатералниот комитет за заштита на
Охридско Езеро, органските материи што со себе ги носи реката ја
намалуваат концентрацијата на растворениот кислород, со што се создава
нова распределба на растителниот и на животинскиот свет во езерото.
-
Неколкупати досега биле преземени антиерозивни мерки за Сатеска, чии
цели беа да се намали внесувањето седименти во реката. Со тоа би се
намалил и приливот на седименти во Охридско Езеро. Во рамките на
проектот за заштита на Охридско Езеро беше пошумен горниот дел на
сливот на Сатеска, како мерка против ерозијата, но тоа треба да се
продолжи по целиот тек на реката, сé до сливот во езерото – вели
Пановски.
Експертите предупредуваат дека проблемот може да се
реши само со пренасочување на реката кон нејзиното старо корито или со
преземање антиерозивни мерки.
Чистењето што се одвива деновиве
е дел од акцискиот план на Владата во охридско-струшкиот регион. Во
почетокот од летото беа исчистени коритата на реките, меѓу кои и на
Сатеска, како и одводните канали во должина од 17 километри. Беше
изграден нов канал, кој ги поврзува новото и старото корито, но и
покрај тоа реката и натаму претставува опасност по езерската флора и
фауна.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10510105306&id=9&prilog=0&setIzdanie=22100 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#114 Posted: 25-Oct-2010 at 17:52 |
Се реконструира браната на Црн Дрим
Почна реконструкцијата на браната што го регулира истекот на водата од
Охридско Езеро кај Црн Дрим. Нови бетонски конструкции ќе ги заменат
дрвените врати кои се дотраени и гнили. Ќе се реконструира и мостот над
испустните врати, но тој ќе остане дрвен заради неговата автентичност Регулацискиот објект целосно ќе се реконструира заради неговата
дотраеност. Изграден е во 1960 година како привремен и служел за
запирање на истекот на водата од езерото за да се направи регулацијата
на Црн Дрим низ Струга. Сепак, неговата примена останала до денес.
Последната реконструкција предвидува комплетна замена на сите
материјали.
- Дрвените рамки ќе се заменат со бетонски, а
мостот над браната ќе остане дрвен за да ја задржи автентичноста, зашто
на секоја слика од Струга го има овој мост - вели Славко Милевски, од
градежната служба на ХЕЦ „Глобочица“.
Објектот требало да биде
привремен и да служи само за регулирање на истекот на водата додека се
уредат кејовите на Црн Дрим, потоа требало на тоа место да има слободен
проток на водата, а регулацијата на истекот на водата да се прави
преку регулацискиот објект кај Света Петка. Но за тоа, како што
објаснува Милески, треба да се обезбедат посебни услови.
-
Нивото на Охридско Езеро би требало да биде дополнително спуштено и во
тој случај би било изедначено со нивото на Црн Дрим, што би овозможило
влегување на пловни објекти во реката. Во 1970-тите години, поради
опасноста од изумирање на флората и фауната во крајбрежниот дел од
езерото, е отфрлена идејата за спуштање на нивото на езерото и поради
тоа, привремениот објект остана досега - објаснува Милески.
Во
минатиот период се правеа проекти за посовремени објекти, но поради
недефинираното ниво на водата во езерото што е предмет на меѓународен
договор, работите стојат во место. Не се гради посовремен објект, туку
само постојниот се става во функција и да биде побезбеден, објаснуваат
во ХЕЦ „Глобочица“.
Доколку временските услови дозволат,
реконструкцијата на браната во Струга, како и на дрвениот мост, треба
да заврши најдоцна за еден месец.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102510104004&id=9&prilog=0&setIzdanie=22115 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#115 Posted: 25-Oct-2010 at 18:16 |
Водовод за 11 села во Јегуновце
Тетово – За единаесет села од општина Јегуновце е изграден регионален
водовод. Околу 2.000 семејства со над 8.000 жители добиваат здрава вода
за пиење. Ќе се снабдуваат со подземна вода од 20 литри во секунда за
што е ископан бунар од над 50 метри. Водата ќе се влече со хидрофор, за
што во севкупноста на објекти има и посебна трафостаница. На пригодната
свеченост во саботата панделката ја пресекоа премиерот Никола Груевски,
амбасадорот на Норвешка, Кјетил Паусен, и извршниот директор на МЦМС,
Сашко Клековски. Груевски ја испи првата чаша вода од чешмата поставена
кај командниот објект.
Во финансирањето на објектот учествуваа
владата на Норвешка преку тамошната Асоцијација на локална и регионална
власт со 650.000 евра и Владата на РМ со 500.000 евра од неколку извори.
Реализацијата на проектот е почната во 2007 година. Изграден е
магистрален цевковод од 17,5 км од Јегуновце до Ратае, поврзувајќи ги
селата Ротинце, Копанце, Туденце, Сиричино, Шемшово и Жилче, а со
секундарна мрежа уште и Подбреѓе, Јанчиште и Прељубиште. Во некои од
овие села се извршени интервенции и на секундарните мрежи.
Некои
од присутните се сомневаа дека зафатените 20 литри вода во секунда ќе
бидат доволни за да ги задоволат потребите. Зоран Мартиновски од Ротинце
ни рече „ова е само почеток. Ќе видиме дали вода ќе стигне до сите
семејства и потрошувачи“. Ротинце се' уште не е приклучено во овој
водоводен систем. „Низ нашето село не се завршени уште 400 метри од
селската мрежа. Додека целото село не се зафати, нема да се
приклучуваме“, рече Ќирко Масевски, претседател на месната заедница.
За
повеќето од селата за кои сега се гради регионалниот водовод веќе имаше
претходен зафат на извори од Пршовечка Јурија. Меѓутоа, по повеќе од 20
години се јавија проблеми. Освен намалување на количините вода на
изворите, надлежните органи утврдија дека постои и бактериолошка
загаденост. Од тие причини во селата водата се користи само за технички и
за хигиенски потреби. (Г.Е.) | http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E95E2017DE2FE4428593275C4B78F952
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#116 Posted: 03-Dec-2010 at 04:39 |
Нов зафат за вода тече во Вруток

Наместо
довршување на пречистителната станица во Здуње, таков објект за
снабдување со вода за пиење на 60.000 жители на општина Гостивар ќе се
гради во близина на хидроцентралата во селото Вруток, бидејќи новото
решение било поефикасно и поевтино
Наместо довршување на фабриката за вода во селото Здуње, ќе се гради
нов објект за пречистување во Вруток. Потврдата за измена на првичниот
план со кој ќе се надминат проблемите со обезбедување чиста вода за
пиење во гостиварската општина, доаѓа од Неџати Јакупи, министер за
животна средина и просторно планирање.
Новиот објект треба да се
гради во непосредна близина на хидроцентралата Вруток. Земјиштето било
купено пред повеќе од две децении за потребите на тогашното претпријатие
„Водовод“. Студијата за новото решение која ја нарачало Министерството
покажала поголема оправданост во споредба со планот да се доврши
почнатата филтер-станица. Јакупи за „Дневник“ изјави дека веќе е
отпочната првата фаза за реализација на овој зафат.
- Во моментов
се работи на подготовка на првиот јавен повик од проектната фаза. Се
обезбедува потребната документација, како што се имотни листови,
катастарски подлоги и услови за градба. До крајот на годината ќе го
објавиме и првиот јавен повик - вели министерот Јакупи.
Како
клучна причина за изборот, пречистителната станица да биде во Вруток во
близина на изворот на Вардар, од каде што со вода се снабдува
гостиварскиот водовод, Јакупи го посочува покусиот рок за реализација.
Освен тоа, како што вели, истиот ефект ќе се постигне со помалку пари.
-
Процените укажаа дека довршувањето на филтер-станицата во Здуње е
прескапа инвестиција и не нуди долгорочно решение, а реализација би
траела многу подолго. Додека, новиот проект целосно би бил реализиран за
помалку од една и пол година - нагласува Јакупи.
По првата фаза
која опфаќа проектни активности, напролет треба да следува и втората
фаза односно изведбената. Замислата е да се изгради објект на земјиште
кое веќе е откупено. Во непосредна близина минуваат главните цевководи
кои водат до градот. Како важен детаљ е и вградувањето на најнова
технологија за пречистување на водата, која ќе штити од заматувањата на
кој е подложен изворот на Вардар. Дел од објектите, особено резервоарите
во селото Здуње ќе бидат искористени и ставени во функција.
Филтер-станицата
за градскиот водовод е неопходна бидејќи водата во водоводот се слева
без да се пречистува или да се таложи. Заради таквата состојба,
гостиварци при секое заматување не може да ја користат водата за пиење
со месеци. Така беше и пролетва.
Владата преку ресорните
министерства најави надминување на проблемот, но работите се одолжија.
Планот беше на постојната локација во селото Здуње, да се доврши
објектот кој почна да се гради пред дваесетина години и во него се
смести технолошко-машинскиот дел и лабораторијата.
Гостиварскиот
градоначалник Руфи Османи јавно ја прозва Владата дека не посветува
внимание на проблемот со кој се соочуваат околу 60.000 гостиварци. Тој,
најави дека со самопридонес на граѓаните ќе се финансира довршувањето на
пречистителната станица во Здуње.
- Новиот проект, што го
застапува министерот за екологија, навистина е поевтин, но според
анализите на стручните лица во ЈП „Комуналец“, не го решава проблемот во
целост. Неколку населби со 15-ина илјади жители нема да бидат опслужени
со пречистена вода - вели Османи.
На граѓаните им е сеедно каде
ќе биде, поважно им е кога ќе ја добијат потребната станица за
пречистување. Важно им е бидејќи не мора да стравуваат од ново
заматување при секои пообилни врнежи од дожд. Годинава, поради
заматувањето на изворот на Вардар гостиварци половина година жедта ја
гаснеа со цистерни, пакувана и вода од бунари и од околните водоводи. Зоран Г. Маџоски #
| http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C58B4CAA78C55A42B5F57B0DAC5CFC72
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#117 Posted: 21-Dec-2010 at 22:27 |
Со швајцарска донација до чиста вода
Целосно чиста вода за пиење добија околу 16.000 жители од општините
Кривогаштани, Долнени и Крушево, со вчерашното ставање во погон на
хлорната станица кај селото Дебреште. Системот е заеднички проект на
општините, швајцарската агенција за развој и на Бирото за поддршка на
регионалниот рамномерен развој. Инвестицијата чини околу седум милиони
денари. | http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6EFFFA51EEE88F4B885639CA4BEC802B
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#118 Posted: 15-Jan-2011 at 13:23 |
Каменица ќе гради брана на Косевичка река
Каменица
ќе гради брана на Косевичка Река за да го реши проблемот со
наводнувањето на над 320 хектари плодна земјоделска површина, но и да се
надмине проблемот со водоснабдувањето на околу 6.000 жители кој
кулминира во летниот период.
Во Луковичко Поле, во минатото се саделе преку 100 хектари со ориз,
само семејството на земјоделецот Боро, произведувало ориз на 11 декари.
Денес на ова поле нема капка вода.
-Се садело се овде, сега нема капка вода, немаме вода. Народот ќе
биде презадоволен се сè произведуваше се ориз, боб, царевка се и сешто, а
сега нема капка вода, вели претседателот на МЗ на с. Луковица , Боро
Алексовски.
Со поддршка на Источниот плански регион и Бирото за неразвиени
подрачја, Општината изработи физибилити студија со што почна со
реализацијата на старата идеја за искористување на водата од Косевичка
река и таа да се стави во функција на развој на регионот со што би се
спречило и иселувањето.
-Со оваа студија утврдуваме дека има економска оправданост за
изградба на акумулација со што би се развивало земјоделието,
водоснабдувањето и повеќе гранки, .вели градоначалникот на Македонска
Каменица , Дарко Митевски.
-Самата акумулација би имала 620 илјади м3 корисен волумен, 85% за
наводнување на површините на Луковичко Поле и Косевичко, а остатокот за
водоснабдување, како и дополнително снабдување со вода на топланата во
Македонска Каменица и за индустриската зона која планира да се развива,
комплетно би се овозможил и развој на овој регион како на земјоделското
производство, овој регион е голем потенцијал за производство на еколошко
здрава храна и развој на туризмот и риболовот, вели Емилија Спировска,
од „Хидро-енерго инженеринг” Скопје.
Изградбата на браната ќе чини 3, 7 милиони евра. Општината ќе бара поддршка од државата и интернационални инвеститори.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=69922
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#119 Posted: 26-Jan-2011 at 01:53 |
Дефект на браната на Слатинско Езеро, водата неконтролирано истекува
На
испустниот вентил на браната кај Слатинското Езеро има дефект. Ова е
причината поради која веќе неколку дена неконтролирано истекува вода во
подножјето на браната. Водата од акумулацијата истекува постепено со
продирање низ насипот, велат од Центарот за управување со кризи. -
Станува збор за повеќекаверни слегнувања на насипот од кои дел се суви, а
низ неколку од нив има продирање на вода од акумулацијата. Забележано е
формирање вртлог во езерото како резултат на понирањето на водата од
страната на акумулацијата кон сувиот дел со појава на вода, која може да
предизвика испирање на дел од внатрешноста на браната. Во непосредна
околина на водената каверна се забележува и слегнување на земјениот
насип на браната на околу 80 м2. Според согледувања на надлежните
потребно е да се интервенира со санација на појавените оштетувања, се
вели во соопштението на Центарот за управување со кризи.
Според Митко Темелковски, раководител на Регионалниот центар за управување со кризи, во Охрид состојбата не е алармантна. -
Нема опасност од целосно попуштање на браната и предизвикување на
посериозни проблеми. Се преземаат сите можни мерки, а кога ќе дозволат
временските прилики, браната ќе биде комплетно санирана - изјави
Темелковски.
Од локалната самоуправа на Општина Дебрца, под чијашто надлежност е
селото Слатино, пак, велат дека слични проблеми на браната биле
регистрирани и порано. Информираат дека пред околу еден месец добиле
известување од Центарот за управување дека по пријава на жители од
Слатино било забележано истекување на вода од браната. - Доколку
оштетувањето на браната се зголемуваат и доколку браната попушти, постои
опасност да бидат поплавени голем дел од земјоделскте површини во
Општина Дебрца. Бидејќи како општина немаме никакви ингеренции на
акумулацијата, апелираме до надлежните што побрзо да ги отстранат
оштетувањата на браната за да не дојде до несакани последици, вели Зоран
Ногачески, комунален инспектор во Општина Дебрца.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат
дека состојбата ја следат Управата за водостопанство и ЦУК и по потреба и
во согласност со експертските мислења ќе се преземат соодветни мерки. -
Овој проблем подолго време е присутен на ова брана и неколкупати досега
е интервенирано. Проблемот се јавува поради материјалот на основата на
браната, така што доаѓа до повремено понирање на водата. За долгорочно
решавање на проблемот Министерството за земјоделство ќе објави повик за
изработка на проект за санација на браната. Санацијата понатаму, според
Законот, е во надлежност на Министерството за животна средина, вели
потпаролот Соња Трајкова.
Слатинското Езеро е вештачка акумулација изградена во 1963 година и
се напојува со вода од Мраморечка Река и има вкупна зафатнина од
1.400.000 кубни метри. Браната од езерото е висока 15,5 метри. Водите од
ова езеро се користат за наводнување на земјоделските површини во
Слатинско, Издеглавско и Оздоленско Поле и за спортски риболов и
туризам.http://vecer.com.mk/?ItemID=7282F2F27E02CB47829CB36DE5B62834 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#120 Posted: 02-Feb-2011 at 02:57 |
Заврши ревизијата на проектот за Конска река
Гевгелија, 31. јануари 2011 (ИНПРЕС) извор: Инпрес фото: архива
Според
извршената ревизија на основниот проект, изградбата на Конска брана ќе
чини 33 милиони евра. Ревизијата е направена од страна на фирмата
„Хидроенерго инжинеринг", по распишаниот тендер од страна на ГТЗ.

Ревизијата на проектот беше предвидена во Приоритетната програма за
Центарот за развој на Југоисточниот развоен регион. Покрај ова, во тек е
реновирањето на проектот од страна на Градежниот институт на
Македонија, кој понуди најповолна понуда на распишаниот тендер од страна
на Министерството за економија.
Со реноцирањето на проектот и внесувањето на нови посовршени елементи
се очекува натамошно намалување на цената на овој капитален проект. http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=176258737C2D2D47B6C4BD808C381754 |
|
 |