![]() |
![]() |
![]() |
Гаражни објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 36> |
Author | |
SpaceAge ![]() Groupie ![]() Joined: 11-Dec-2009 Location: SWEDEN Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Gotham city,uste Batman fali
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
Barokna katna garaza-Skopje
Ne e za luge so slabo srce. 18+ Predupreduvanje:Ne go pravete ova vo vasata drzava Edited by ovaj_stariov - 24-Jun-2010 at 17:03 |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
![]() |
|
ebivetre ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 183 |
![]() ![]() |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=95312683F75F3D4C848B996C2AA50B64
„Чудото“ од катна гаража ја шокираше јавноста „Утрински“ преплавен со коментари за објектот, збунети се и архитектите Деспина Трајковска Јавноста е шокирана од најновото деветкатно архитектонско „чудо“ во центарот на градот, барокната катна гаража што во идната година ќе ја гради Јавното станбено претпријатие меѓу МЕПСО и „Македонска пошта“. Промовирањето на идејното решение на зданието, во завчерашниот број на „Утрински весник“ за само еден ден предизвика лавина коментари од „обичните“ граѓани, но и од архитектонската фела. Авторката, пак, на проектот, Оливија Томиќ, како да не е расположена да коментира за нејзиното дело. Иако е неспорно оти на Скопје му се неопходни катни гаражи, во случајов дискусии се отворија во однос на нејзиниот надворешен изглед, но и за избраната локација. „Идејата за изградба на катна гаража е одлична, ама оваа е многу грда, сепак, станува збор за центар на главен град“. „Скопје се' повеќе личи на забавен парк“, „моето дете прави подобри гаражи од лего-коцки“, „изгледа дека некој ќе се задуши во оваа гаража, како да нема отворено ниту едно прозорче“. Ова се само дел од коментарите на читателите на „Утрински“, кои буквално ја преплавија веб-страницата. Оние, пак, „издржаните“, стасани од архитектите, се на ниво на негативно гледање на импозантното здание, за кое е проценето дека ќе се потрошат дури 8 милиони евра. Архитектот Минас Бакалчев не сака да коментира за фасадата на објектот, смета дека таа е ирелевантна. Првенствено акцент става на намената на објектот. „Апсолутно ме зачуди изборот на локацијата. Сметам дека изборот е несреќен ако се има предвид препознатливата композицијата на објекти во тој реон. Комплексот, дефинитивно, ќе се задуши, бидејќи токму спојот на објектите преку зелениот појас на кој е предвидена гаражата, целосно ќе биде прекирен со објектот. Згора на се', се сомневам дека постои издржано и функционално сообраќајно решение за пристап до објектот“, вели Бакалчев, кој го посочува случајов како школски пример како не треба да се негира, како што вели, десетици години легитимен комплекс. И за неговиот колега Мишко Ралев, локацијата наменета за барокната катна гаража е дискутабилна. Згора на се', тој смета дека ова здание е само уште едно во низата од оние со „естетски, урбанистички и архитекстонски лажен сјај“. „Сметам дека станува збор за урбанистички погрешно решение и застрашувачко во поглед на архитектонско естетскиот момент. Сметам дека и овој пример е само еден од многуте кога се задушува авторот, бидејќи од него се бара решение со наложени критериуми во однос на изгледот на фасадата, што за мене е неоправдано“, вели Ралев. Според него, грозоморна е одлуката барокната катна гаража да се смести во композиција со објектите на МЕПСО и „Македонска пошта“. Токму меѓу овие два објекта на површина од 10.000 квадрати Општина Центар пред извесен период ја вцрта маркичката за катната гаража. Идната година ќе ја гради ЈПССДП, при што планира да вложи 8 милиони евра. За тие пари ќе се изградат девет ката и две подземни нивоа изведени во комбинација од бетонски столбови и со стакло. Предвидено е гаражата да има капацитет за паркирање од најмалку 315 возила. Објектот, според многумина, е уникатен во регионов, но и пошироко поради надворешниот изглед, внатре ќе биде современ. Паркирањето во него ќе се изведува со лифтови. Освен за основната намена, во објектот ќе има и деловен простор. Edited by Cloverstack - 15-Oct-2010 at 06:45 |
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
build.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
![]() ![]() |
http://www.build.com.mk/?p=4227 ![]() Edited by Cloverstack - 07-Jul-2010 at 04:06 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
КОНКУРС ЗА
ПРОЕКТ
Подземна гаража кај МОБ На платото пред Македонската опера и балет ќе се гради подземен паркинг на две нивоа, за кој Службата за општи и за заеднички работи на Владата распиша конкурс за изработка на проект. Подземните гаражи ќе ги опслужуваат сите нови објекти кај МОБ и од паркингот ќе може подземно да се пристапува кон нив. Од Службата велат дека во проектот ќе се одреди колку возила ќе собира гаражата. Оттаму немаа информација колку пари чини инвестицијата за изградба на подземниот паркинг. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=2063&ArticleID=144131 |
|
![]() |
|
Baze ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
![]() ![]() |
Паркирањето во Аеродром ќе се спасува со монтажни паркиралишта Се бара изведувач за два монтажни паркинга, а наскоро под Железничка станица ќе се отвори обичен паркинг за 117 возила Деспина Трајковска Со два монтажни паркинга на едно ниво и еден обичен паркинг Општина Аеродром и ЈП „Градски паркинг“ ќе го спасуваат недостигот од паркинг-места за аеродромци. Општината веќе бара фирма што ќе изгради монтажни паркинзи спроти „Мекдоналдс“ и во близина на Прокредит банка во Ново Лисиче, а ЈП, пак, го опремува просторот за паркирање под новата Железничка станица. Новите паркиралишта, според најавите на надлежните, ќе обезбедат околу двесте дополнителни паркинг-места од кои бесплатно ќе се користат оние на монтажните паркинзи. За паркирање ќе се наплаќа под Железничката станица каде што најдоцна за две недели се очекува ЈП „Градски паркинг“ да почне да стопанисува со просторот. Паркингот ќе има капацитет од 117 возила, а еден час паркирање ќе чини 25 денари. Од претпријатието велат дека со изградба на овој паркинг истовремено ќе се решат два клучни проблема. „Паркингот е изграден на местото на долгогодишната депонија што претставуваше грда слика не само за Аеродром туку воопшто за Скопје, имајќи предвид дека тука се наоѓа Транспортниот центар. Од друга страна, пак, истовремено обезбедуваме паркинг-простор за граѓаните од околните згради, кои мака мачеа со простор за паркирање, а сега ќе се паркираат по повластени цени“, вели Борче Јакимовски, директор на ЈП. Тој не ја исклучува можноста овој паркинг во иднина да се надгради со монтажна конструкција идентично како паркинзите што наскоро ќе ги гради Општината. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Се бара фирма што ќе ги гради градските катни гаражи Градските власти бараат фирма што ќе ги изгради катните гаражи кај
„Беко“ и кај Цветен пазар, иако објектите допрва треба да се
легализираат со последната верзија на ДУП „Мал ринг“ откако беше
поништен од Уставниот суд. Независно од случајот, упатените велат дека
Градот смее да ги тера сите постапки се' до фазата на изградба, која би
била спорна доколку се' уште не се усвоени корекциите во урбанистичкиот
план. |
|
![]() |
|
G.I. Joe ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 417 |
![]() ![]() |
http://www.flickr.com/photos/26438333@N05/2931999409/in/pool-25938750@N00/
хотелче во Париз изгледа е ''инспирацијата'' за катната гаража помеѓу МЕПСО И ПОШТАТА |
|
![]() |
|
G.I. Joe ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 417 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Baze ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 409 |
![]() ![]() |
Се работат проектите за двете градски катни гаражи Ни летните одмори не ги запираат градските власти во намерите за изградба на двете катни гаражи, таа кај „Беко“ и другата кај Цветен пазар. Иако нивната реализација на терен допрва треба да се легализира со усвојување на корекциите на урбанистичкиот план Мал ринг, Град Скопје потпиша договор за изработка на идејниот, основниот и изведбениот проект за објектите. За речиси 400.000 евра за изработка на проектите се ангажирани токму авторите на терковите на проектите, односно изработувачите на идејните решенија. Проектот за катната гаража кај „Беко“ ќе го работи Љубен Макаревски, претставуван од Градежен институт Македонија, а проектот за гаражата кај Цветен пазар, пак, ќе биде дело на група автори, односно на Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља, Саша Тасиќ, Александар Радевски, Дамјан Момировски и Никола Стрезовски. Надлежната комисијата утврдила дека токму овие автори изработиле оригинални трудови за катните гаражи во вид на идејни решенија, па е одлучено на нив да им се довери и изработката на потребните проекти за изведба. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
НЕМА РЕШЕНИЕ ЗА ПАРКИРАЊЕТО НА НАРОДЕН ФРОНТ
Паркиралиштето во Капиштец заглави во тендери Пропадна и вториот тендер за избор на фирма која што ќе го изгради монтажното паркиралиште по улицата „Народен фронт“ во Капиштец. Општинските власти велат дека и овојпат не добиле поволна понуда. - Се уште не е избрана фирма, а огласот е поништен бидејќи не е доставена ниту една прифатлива понуда. Од проектот не се откажуваме и тендерот повторно ќе го распишеме - вели Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар. И првиот тендер пропадна поради високата цена што ја понудиле пријавените фирми, а според тогашната изјава на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, Општината била подготвена да плати сума не повисока од 650.000 евра. Од Општината тогаш рекоа дека во повторениот тендер нема да биде пресудна цената, туку и рокот за изведба. Досега властите избраа само фирма што ќе ја поправи подлогата на постојниот паркинг по целата улица каде што треба да се монтира паркиралиште на еден кат. Прво ќе се проширува приземјето каде што ќе може да се сместат околу 250 возила, а потоа и катот кој, исто така, ќе собира уште толку. Објектот треба да се гради во фази, а годинава се планира да почне и да заврши првата фаза, или една третина од вкупната планирана површина. Општината планира со паркиралиштето да стопанисува нејзиното јавно претпријатие за паркинзи, а за цените се уште нема решено. Најверојатно, ќе се плаќа привилегирана цена за жителите, а другите посетители ќе плаќаат комерцијална цена. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2103&ArticleID=147113 |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
ВО КАПИШТЕЦ
Се рамни теренот за монтажната гаража Отвореното паркиралиште спроти трговскиот центар „Беверли Хилс“, веднаш до пералницата за автомобили, деновиве се раскопува. Во Општина Центар велат дека тие ги почнале градежните работи за да го подготват теренот за изградба на монтажното паркиралиште, што беше предизборно ветување на градоначалникот Владимир Тодоровиќ. - Моментално се работи на изградба на подлогата за монтажна катна гаража, а работите ги изведуваат „Беграмо“ и фабрика „Карпош“ - вели општинскиот портпарол Јовица Ацковски. Иако работите на терен се почнати, се уште не се знае кој ќе биде изведувач на монтажното паркиралиште затоа што во тек е изборот на фирма. Општината распиша трет тендер кој трае до понеделник, откако првите два огласа поминаа неуспешно поради високата цена што ја побарале пријавените фирми. Паркиралиштето врз кое ќе се монтира еднокатната гаража досега граѓаните го користеа бесплатно. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2116&ArticleID=148065 |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Swimmer ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 09-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 294 |
![]() ![]() |
Први монтажни паркинзи во Капиштец и во АеродромИако изминативе неколку години се изградија неколку катни гаражи, сепак во градот нема доволно место за паркирање, поради што во општините Центар и Аеродром почна изградбата и на монтажни паркиралиштаНиту една катна гаража не е само гаража. Или е деловен центар со место за паркирање или, пак, паркинг со деловен центар. Со ова дополнително се одзема просторот каде што може да се изградат вистински јавни гаражи, за градот да се ослободи од еден од основните проблеми, премногу возила, а премалку паркинг-места. Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општината Центар, деновиве го исполнува ветувањето дадено во својата предизборна програма на дел од постоечкиот паркинг на улицата Народен фронт, во населбата Капиштец, да се направи монтажна челична гаража. Деновиве на потегот од кафулето „Интермецо“ до пред ТЦ „Беверли Хилс“ почнаа подготовките на теренот за изградба на челичната конструкција наменета за паркинг. Во моментов се вадат старите павер-елементи, за да може екипите на фирмата „Беграмо“ и на фабриката за бетонски елементи „Карпош“ да почнат со изградба на подлогата за монтажниот паркинг. Од општината најавуваат дека наскоро ќе почне и поставувањето на челичната конструкција. Постапката за избор на фирмата што ќе ја прави конструкцијата сé уште е во тек, но Јовица Ацковски, портпарол на општината, појасни дека во следните две месеци би требало да се почне со работа. Паркингот ќе има две нивоа, со вкупно 500 места. Пред неколку месеци градоначалникот Тодоровиќ изјави дека со паркиралиштето ќе стопанисува јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“, а цената за паркирање ќе биде симболична од 20 до 30 денари за еден ден, со попусти за жителите од населбата Капиштец.
- Целта е да овозможиме повеќе места за локалните жители, бидејќи по должината на улицата Народен фронт не може да се поминува од многуте паркирани возила. Се надеваме дека изградбата ќе се одвива со предвидената динамика и дека паркиралиштето за релативно кратко време ќе биде пуштено во употреба - изјави портпаролот Ацковски. Жителите на населбата Капиштец се задоволни што конечно почна да се работи на монтажното паркиралиште. Тие се надеваат дека наскоро ќе може нормално да се пешачи по тротоарите во населбата. Жителите велат дека од паркирани возила по тротоарите и по улицата нема каде да се оди. - Се надевам дека овој паркинг навистина ќе го реши проблемот со немање паркиралишта во Капиштец, особено на улицата Народен фронт. Се надевам и дека цената на паркирањето ќе биде достапна за нас. Сé само да се спасиме од хаосот, особено затоа што во Капиштец во моментов се отворија неколку банки, фирми и од автомобилите не може да се дише. По половина час вртиме со автомобилите за да најдеме место за паркирање. Не ретко возилата ги оставаме и далеку од влезот на зградата. Паркирањето е најголем проблем во Капиштец - вели Станко Митровски, жител на населбата. Покрај Тодоровиќ, и градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Коневски, увиде дека многу поисплатливо е да се прават монтажни паркиралишта, отколку класични катни гаражи. Во општината Аеродром денеска во 12 часот ќе почне изградба на монтажен паркинг на булеварот Јане Сандански, спроти спортското игралиште „Сансет“. Како и жителите на Капиштец, така и аеродромци сметаат дека проблемот со немање паркинг-места во оваа општина е горлив, како и во Центар. - Оваа општина има најмногу жители, имаме два трговски центри, училишта, а немаме место за паркирање. Дури ни зонското паркирање не успеа да го реши нашиот проблем. Добра идеја е да се направи монтажен паркинг, ем нема да се потрошат многу пари на изградба, а ако според деталниот урбанистички план, просторот се предвиди за некоја друга намена, паркингот може само да се премести на друга локација - смета Марјан Мишковски, станар на населбата Јане Сандански. Со други зборови Тодоровиќ сакаше да каже... каде вие граѓанчишта ни едни што ме изгласавте сакате преку ред ? Прво за мене, а после по 2 години, ако остане и за вас и вашите потреби ќе има.
Патем, за паркингот под железничка за којшто се сечеше лента, а јас се смеев. Стои празен. А улицата веднаш до него е накрцана до даска со коли. Од другата страна калиштата стојат небекатонирани и таму се паркираат автобуси, како и пред Саем.
![]() |
|
![]() |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
![]() http://www.aerodrom.gov.mk/ http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=3124 Запазете ги овие што изјави дадоа. Кај имало сообраќајот на булеварот, па уште паркинг. ![]() ![]() Господа незнам дали стварно ви смета паркинг за триесетина возила или некој ве буцка да се брукате за туѓи интереси пред камера, ама ако стварно ви смета и вие како и многу "граѓани" од Скопје може да се иселите по периферни населби и села без булевари, без паркинзи, со зеленило колку сакате! |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 36> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |