![]() |
![]() |
![]() |
Археологија |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 10> |
Author | ||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Се интензивираат
археолошките истражувања во Хераклеја
Битола, 25 мај 2010 (МИА) - Стручни тимови на НУ Завод и Музеј-Битола и логистика со повеќе од 300 лица, продолжија со интензивните археолошки истражувања и ископувања во античкиот локалитет „Хераклека Линкестис“. - Во моментов се работи во делот околу амфитеатарот, кај јужниот бедем и уште на неколку пунктови. Се обработуваат движните материјали и се изработуваат елаборати за конзервирање на археолошките наоди, посочи Зоран Николовски, директор на НУ Завод и Музеј-Битола. Експертите од оваа национална установа очекуваат годинава да биде завршен објектот гимназион и да биде истражен театарскиот плоштад http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=74163097&lId=1&pmId=505 |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
ВО АРХЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА НА ТЕТОВСКОТО КАЛЕ
Откриени три подземни тунели кон Тетово
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
На Таор пронајдени шлемови од петтиот и шести век![]()
Зошто
Македонија и по деценија од пронаоѓањето се уште срамежливо го крие
местото каде бил роден последниот римски и првиот византиски владетел -
Јустинијан. Освен реткото споменување по историските учебници, уште по
ретко скопски Таор се промовира како туристички локалитет.
Во десетте години интензивни археолошки истражувања почвата оддаде јавни градби но и приватни куќи, бедеми, помали археолошки наоди. А минатата седмица откриени се и три значајни шлемови и елементи од воена опрема. - Мошне се ретки на Балканот такви шлемови што датираат од петтиот и шестиот век се откриени два во Србија и во Бугарија. Севкупно такви шлемови од целото римско царство има дваесетина – вели Киро Ристов – раководител на истражувањето. И додека Македонија мирува српски „Нин“ веќе ја објави сторијата како не Таор туку Јустинијана прима е родното место на Јустинијан. - За тоа не информира неговиот биограф Прокопиус Таурисиус во близина на Бадеријана. Проверката лежи само во спротивставување на ставовите – рече Ристов. Доцната античка населба веќе го добива својот лик. Работно ја нарекуваат куќата на рибарот – во неа пронајдено е цело депо на јадици. Најмалата од еден сантиметар, харпуни. Другата куќа ја нарекуваат куќата на свештеникот . Во неа се криеле два крста и кандило. Откриени помеѓу 1200 и 1300 ситни археолошки наоди меѓу кои копја, стрели, прстенчиња, обетки, брошови. Христена Антовска Јованчева http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=61157 |
||||||||||||||||||||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Извор |
||||||||||||||||||||
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Не се разбирам во археологија, но се си мислам дека единствена логика прави да се изберат приоритетни локации за истражување (и во размер со реалните ресурси кои стојат на располагање), да се истражуваат темелно, и кога некаде процесот ќе заврши локалитетот да се конзервира и заштити.
А да се раскопаат 200 локалитети па да се баталат на пола пат, тоа е крајно несериозно и неодговорно. Претпоставувам дивите копачи сега тријат раце - еден куп локалитети баш им ги припремија за да улетаат и да направат 'ршум ![]() |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Buliwyf ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 473 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Во струшко Ташмаруништа откриени вредни предмети од 6 и 7 век п.н.е04.06.2010 - 09:15
При археолошки ископувања во некропола која потекнува од 6 и 7 век пред нашата ера во струшкото село Ташмаруништа пронајдени се гробни прилози, копја, белегзии и керамички предмети на припадници на војничкиот сталеж од архајскиот период. ![]() Според Сашо Цветкоски, директорот на Националната установа „Др. Никола Незлобински“ од Струга, карактеристично за овој период бил начинот на погребување, со т.н. тумоли односно радијално поставување на камења врз претходно погребан покојник. Тој информира дека ова е доказ за континуирано постоење на цивилизации на овие простори почнувајќи од хеленизмот, римскиот и ранохристијанскиот период. Струшкото село Ташмаруништа е познато и по вредните црковни храмови како што се црквата Св. Архангел Михаел стара повеќе од 150 години и Ранохристијанската базилика Света Мартинија. |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Американски грант за истражување на локалитетот Стоби
Во Македонија културата е жива и се развива. Најголем дел од тоа се одвива без поддршката на амбасадите и министерствата. Имате земја со разнолики култури и мислам дека треба да бидете горди на тој факт, рече американскиот амбасадор Филип Рикер вчера на забавата во чест на Македонската Филхармонија. „Друга област која ја прославуваме е и чувањето на културното наследство. Синоќа ги пречекавме добитниците на наградите за наследство. Нив ги додели американскиот фонд за сочувување на културата, во присуство на претседателот Иванов. Беше доделена најголем грант за црквата Перивлепта во Охрид. Тоа е всушност најголемата грант доделена во Европа од програмата на Стејт департментот. Многу сме горди на тоа. Сакам да објавам дека, благодарение на одличната соработка со културните организации во Македонија и вредните наоѓалишта во земјата, нашата амбасада, ќе додели уште еден грант за сочувување на културата. Ќе го поддржиме проектот за сочувување на раните византиски фрески од базиликата во Стоби“, изјави Рикер. Голем број музичари, уметници, министерката Канчева Милевска, директори на културни институции се дружеа во градината на резиденцијата на амбасадорот Рикер. Македонската филхармонија чиј што верни проследувачи се амбасадорот и неговата сопруга, својата сезона ја завршува во среда со традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“. „Благодарност за амбасадорот Рикер кој е голем пријател, голем фан на оркестарот на Македонската филхармонија, наш пријател, слободно можам да кажам, кој се дружи во текот на целата сезона со нашиот оркестар, бидејќи е очигледно е најчест посетител на нашите концерти“, вели Маја Чаначевиќ. Директорката на филхармонија му заблагодари на амбасадорот Рикер и му подари слика од Мирослав Масин. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124115 |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Добро што е па сега ова??? Нели во цела држава се стопирани започнатите археолошки истражувања поради кратење на средства, а ваму се почнува ново
![]()
Edited by Cloverstack - 21-Jun-2010 at 17:34 |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Пронајдени некрополи
од третиот век на Тумбе-кафе во Битола
- Донесовме одлука да се запрат сите градежни активности со цел да се истражат пронајдоците. Скелетите упатуваат дека станува збор за христијани, но може да се и пагани. Претпоставка е дека некрополите потекнуваат од третиот век, бидејќи дотогаш покојниците биле спалувани во урни, а од третиот век почнува погребување со закопување во земја, посочи Гордана Филиповска-Лазаровска, археолог од НУ Завод и Музеј-Битола. Битолските археолози сметаат дека во рекретаивната зона Тумбе кафе „се кријат“ и други потенцијални пронајдоци и затоа ќе побараат помош и поддршка на национално ниво со цел разоткривање на овој атрактивен терен во Битола. - Во близина на некрополите се наоѓа една тврдина, како и т.н. објект „Стража-1“ со седум полукружни кули како тврдина од дефанзивен тип. Овие и други податоци секако дека се важни за културно-историското минато на Битола, појасни археологот Филиповска-Лазаровска. Општина Битола на Тумбе-кафе планира реактивирање на трим-патеката, оформување на просторот за престој, видиковец и други содржини за што се обезбедени средства од локалниот буџет, како и меѓународна донација, но по откривањето на некрополите градежните активности се запрени. мт/хс/11:07 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=75020374&lId=1&pmId=505 |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Лозјата лежат врз античка населба Лозјата во
кавадаречката месност Белград лежат врз античка населба. Се чека да
почне копањето на лозовите насади, кои се стари над 50 години, за да
почнат активности за испитување на теренот, информира Музејот на
Кавадарци. |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Откриена праисториска населба на локалитетот „Голема трпеза“
Праисториска населба е откриена на локалитетот Голема трпеза кај Ново Коњарево, село во Струмица оддалечена околу 200 метри од македонско-бугарската граница. Според археолозите станува збор за култура стара околу 7 илјади години. Пронајдените елементи сведочат за животот во доцниот Неолит, по течението на реката Струмица. „Меѓу другото пронајдовме и неколку садови, потоа женски фигуринки, нешто од алатките, ношчиња пред се, кремени, глачени сеќирки и некој други работи кој што се специфични за доцниот Неолит во долината на реката Струмица“, рече Зоран Рујак, археолог. За прв пат струмичките археолози работат на овој локалитет иако од порано имале сознанија за неговото значење. Големата трпеза е втор локалитет што се истражува од праисториската епоха, прв таков бил истражуван во 1985-та година во селото Ангелци. Откриената култура на овие две места во Македонија е карактеристична и за околината на градовите Петрич, Сандански и Благоевград во Република Бугарија. Покрај ресорното министерство овој проект го подржаа и локалните власти на општините Струмица, Василево и Ново Село. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=127107 |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
5 000 години е стара фигурината ископана во Кочанско![]()
Кочанската
дама е стара е над 5000 години. Ова се однесува на фигурината со женско
тело ископана од кочанските археолози на остатоци од енеолитско
светилиште во атарот на кочанското село Спанчево.
- Најголем дел од пронајдениот материјал, и од она што го пронајдовме при ископувањето недвосмилсено укажува на фактот дека тука имало древно светилиште, тврди археологот Илинка Атанасова, која и раководи со истражните работи . До откритието се дошло случајно кога при орање, на површина излегле првите докази дека и во близина на Кочани, пред толку милениуми цветала човечка цивилизација... - Помеѓу артефактите кои се изработени од керамика, пронајдовме остатоци од згура- односно остаток од обработен метал. Ова укажува дека уште тогаш оние кои живееле тука пред повеке од пет милениуми, ја знаеле методата на обработка на металот констатира Атанасова. Голем број примероци од керамика со врежување и со графитно сликарство. Камени ножеви, коскени алатки и култна пластика изработена од керамика со антропоморфни и зооморфни претстави, како на пример фигурина на животинска глава, за археолозите е вистинска реткост кога во прашање е култура стара повеќе илјади години. Впрочем, на неколку километри од овој локалитет, во правец кон Штип кај селото Крупиште во реонот на Грнчарица, пред две години при копање на канал, откриена е една од најстарите населби во Македонија и Балканот, но и најстарите човечки остатоци. Се работи за човечки коски стари седум илјади години, за што со методата на радиокативен јаглерод це-14 староста ја потврди и антрополошката лабораторија при универзитетот во Шкотска. Единствена е оценката, штипско-кочанскиот регион по течението на реката Брегалница, заштитен со планински масиви, бил доста примамлив како убаво место за живот на тогашните доселеници од онаа страна на Карпатите и Кавказот. Дејан Ефремов
19.09.2010, 12:31
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=64981 |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
Киклопските ѕидини над Св. Еразмо нова туристичка атракцијаИзвор: Охрид њуз Археолошкиот локалитет Киклопски ѕидини – Енгелана, кој се наоѓа веднаш над црквата Св. Еразмо на влезот во Охрид, открива значајни научни сознанија за периодот на владеење на македонските кралеви и има потенцијал да прерасне во нова туристичка дестинација. Пренесува Охридњуз. „Таму е најдено значајно археолошко богатство и податоци за времето на Филип Втори и подоцнежните македонски кралеви, од периодот на третиот и вториот век пред нашата ера. Се работи за еден археолошки монумент што ако целосно го истражиме, конзервираме, реставрираме и презентираме, ќе имаме една прекрасна туристичка дестинација и многу научни резултати“ - вели Паско Кузман директор на Управата за заштита на културното наследство. На киклопските ѕидини во тек се интензивни истражувања на просторот, по што ќе се изврши конзервација и реставрација на пронајденото. Во план е да се направи презентативна тврдина, која се очекува да биде значајна дестинација за туристите, бидејќи е во близина на патот Охрид – Кичево – Скопје, додава Кузман. |
||||||||||||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
|||||||||||||||||||
ОТКРИЕН ВОЕН ЛОГОР ОД 13 ВЕК КАЈ БИТОЛСКИ БАИР![]() Стручен тим на НУ Завод и Музеј-Битола под водство на археологот Гордана Филипоска-Лазаревска откри ново археолошко откритие во околината на градот, во месноста викана Баир. - Станува збор за помошно утврдување или воен логор наменет за обезбедување и чување на преминот на реката Драгор. Откритијата се во пределот на Битолско Кале каде се наоѓа и Катедрална црква, и тука деновиве пронајдовме остатоци од колиби и шатори во кои се живеело во периодот меѓу 13-ти и 19 век, посочи археологот Филиповска-Лазаревска. Експертите претпоставуваат дека утврдувањето датира од средниот век а се темели на фактот дека во историската карта направена кон крајот на 19-ти и почетокот на 20 век немало никакви забелешки или запишани сознанија дека на оваа локација некогаш нешто постоело. - Се спомнува дека во 17 век тука имало некропола-гробиште. Најдовме машки скелети во 2007-ма, а и годинава. Некои се постари а другите помлади, со раце прекрстени преку стомакот и се вкопани директно во земјата. Пронајдовме и остатоци од мали јами или складишта во кои се чувала храна, за да не се расипе, истакна Филиповска-Лазаревска. На битолскиот Баир сега се истражува бедемот од југоисточната страна каде што се пронајдени воените ровови со цел да се истражи дали потекнуваат од периодот во 1912 година кога Битола ја напуштале османлиските војски или тие се од времето на Првата светска војна. При ископувањата на овој терен бил пронајден занаетчиски печат со арапски текст кој се уште целосно не е дешифриран, како и некои метални парчиња за украсување на ремен, потврдуваат од НУ Завод и Музеј-Битола. |
||||||||||||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 10> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |