![]() |
![]() |
![]() |
Урбанистички планови и парцели (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6263646566> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Општина Аеродром неофицијално ги прифатила барањата на граѓаните, се намалува бројот и катноста на станбени објекти во Лисиче
Значително намалување на бројот на станбени објекти и намалување на катноста на објектите кои остануваат, предвидува новата верзија на деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче, за кој Општина Аеродром веќе објави повик за спроведување на јавна анкета. Општина Аеродром неофицијално ги прифатила најголемиот дел од барањата на граѓаните кои бараа измена на првичната верзија на деталниот урбанистички план и изработка на нова верзија која ќе биде согласно нивните барања. – Општина Аеродром ги разгледа и прифати најголемиот дел од барањата на граѓаните. Се очекува проектантската компанија да изработи нова верзија во која ќе бидат внесени голем дел од барањата на граѓаните. Решавање на клучните проблеми на граѓаните е наш најважен приоритет – стои во една од последните објави кој општината ги објави на својата фејсбук-страница. Освен прифаќање на барањата за намалување на бројот на објекти и нивната катност, неофицијално новиот ДУП, предвидува и решавање на проблемот со легализација на повеќе од стотина индивидуални домови. Од општината не ги коментираат овие информации, само велат дека во следните денови ќе oдржат и средба со медиумите на која ќе бидат презентирани направените измени. https://www.vecer.press/општина-аеродром-неофијаоги-при/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Граѓаните од Карпош реагираат: Зелениот појас кај булeвaрот „Мит. Теодосиј Гологанов“ Стевче Јакимовски планира да го насади со згради
![]() Противење на предложениот Детален урбанистички план со кој зелениот појас покрај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ треба да добие повеќе згради и улица, искажуваат жителите од овој дел на општина Карпош. За утре е закажана седница на Советот на Општина Карпош на која четврта точка од дневниот ред е гласањето за Деталниот урбанистички план Ј03 блок 02. Жителите околу овој предлог одамна искажале незадоволство но општинската управа не се откажува од него. Граѓаните се категорични во отпорот детското игралиште, фонтаната и огромното зеленило покрај булеварот „Мит. Теодосиј Гологанов“ да се претворат во згради. Тие за утре пред Универзитетот за туризам и менаџмент, каде што треба да се одржи седницата на Советот на општината, најавуваат протест. Според нив, ова е „криминална промена на урбанистички план во Општина Карпош од страна на сегашниот градоначалник Стевче Јакимовски“. Ќе се поднесат и потписи од огромна група на незадоволни граѓани за бришење на оваа точка од дневен ред, Граѓаните испратија и писмото до јавност во кое наведуваат следно: -Овој план содржи сервисна улица пред зградите од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, од број 149 до фабриката „Реплек“. Тоа е зелениот појас кој почнува од спротива на старата болница „Систина“ до „Реплек“, преку улица на студенскиот дом „Гоце Делчев“. Тука има игралиште за деца и фонтана и шеталиште за жители од 17 згради. А зад зградите на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, т.е. на улицата „Јуриј Гагарин“ каде што има паркинг за зградите и куќите, во план е да се прави сервисна улица до „Реплек“. Ова се прави со цел да се добие сообраќаен пристап за градежна парцела на која се наоѓа маркица за градење на 4 згради. Една зграда е со 11 ката и поткровје, една со 7 ката и поткровје и две згради со 6 ката и поткровје. Се уништува зеленило со километри и се заменуваат паркинг места за 17 згради и 50 куќи со сервисна улица. Прашања до градоначалникот Стевче Јакимовски и до советниците кои ќе гласаат за овој предлог – Дали за ова ве избравме? Дали го заслужуваме ова? Дали вреди за 3 згради и профит за два-тројца да се уништува животот на 3.000 жители од „вашата“ општина? https://skopskoeho.mk/gragjanite-od-karposh-reagiraat-zeleniot-pojas-kaj-bulevarot-mit-teodosij-gologanov-stevche-jakimovski-planira-da-go-nasadi-so-zgradi/? |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НАМЕСТО ДЕВЕТ ЌЕ ИМА ДВЕ ЗГРАДИ ВО ЛИСИЧЕ КОИ СЕ СО НАМАЛЕН ГАБАРИТ, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЗА НОВИОТ ПЛАН
Две наместо девет згради ќе се градат во населбата Лисиче. Ова се предвидува со новата, втора верзија на Деталниот урбанистички план (ДУП) ЈИ 09.01, која ја изработи Општина Аеродром по реакциите и протестите на граѓаните. Остануваат маркички за двете згради кои беа со најголема висина од 12 и 8 ката, но сега со намалена катност и габарит. Така, зградата која ќе биде на аголот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригата ќе остане со приземје, 10 ката и поткровје, но габаритот е намален за една третина. Ќе има две кули, а меѓу нив, како што објаснуваат урбанистите од Општината, дупка или деловен простор од два ката. Со тоа ќе има струење на воздухот и нема да биде како бетонски ѕид, како што беше предвидено со првата верзија. Зградата до неа која беше со приземје, 6 ката и поткровје, сега ќе биде само со три ката. „Сите други маркички за згради се избришани. Втората верзија за Деталниот урбанистички план за ЈИ 09.01опфаќа значително помал број станбени објекти во споредба со првата верзија, намалување на катноста на станбените објекти кои остануваат, намалување на бројот на новопроектирани улици, зеленило во форма на парковска површина од 2.000 квадратни метри и легализација на повеќе од 100 бесправно објекти за индивидуално домување. Изработката и носењето на деталниот урбанистички план за овој дел од Општина Аеродром, првенствено има за цел решавање на инфраструктурните и комунални проблеми на граѓаните, а потоа подобрување на квалитетот на живеење во Аеродром. Целиот процес на изработка деталниот урбанистички план се одвива низ транспарентна постапка и во целиот тек на таа постапка на посреден и непосреден начин беа вклучени граѓаните“, велат од Општина Аеродром. Урбанистите од Општината објаснуваат дека се направени измени и во однос на забелешките на граѓаните за ширината на улиците и пробивањето на новите улици. „Улиците ќе останат со постоечката ширина, а избришана е улицата која требаше да се пробива со цел да им овозможи подобар пристап на граѓаните до нивните домови. Но, граѓаните не сакаа да им се одземе дел од нивните дворови, па ние постапивме по нивните барања“, додаваат од Општина Аеродром. Јавната презентациоја на ДУП-от ќе биде утре, а јавната анкета на која граѓаните можат да ги достават своите забалешки трае до 10 јули. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/namesto-devet-ke-ima-dve-zgradi-vo-lisiche-koi-se-so-namalen-gabarit-velat-od-opshtina-aerodrom-za-noviot-plan/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Со познат рецепт сакаат да го уништат Влае
![]() ![]() Една од најспорните точки во предлог ДУП-от е промената на трасата на улицата „Есперанто“ со која што се предвидува таа продолжи во непосредна близина на основното училиште „Димо Хаџи Димов“ и при тоа да се урне училишната кујна. Инвеститорите ја користат спорната одредба од Законот за градежно земјиште која овозможува субјект кој поседува 30 проценти од одредена парцела да може да ја дооформи до 100 проценти преку откуп на државно земјиште. Иако спорниот ДУП е во постапка на ревизија и не постои важечки урбанистички план за оваа локација, трасата на улицата ќе се менува, за што се користи можноста да се изработи урбанистички проект согласно Регулациски план на ниво на Град Скопје, за кој советниците на Општина Карпош не можат да одлучуваат. Од „Борба за Влае“ планираат да поднесат иницијатива до советниците на Град Скопје, да се поништи Регулацискот план за градска четврт C3 19. Трасата на „Есперанто“ ќе се менува без важечки ДУП Во моментот, спорниот ДУП за градска четврт Ц-3 19 е во постапка на ревизија и не постои важечки урбанистички план за оваа локација. Сепак, трасата на улицата ќе се менува, а за тоа се користи можноста да се изработи урбанистички проект согласно Регулациски план на ниво на Град Скопје, за кој советниците на Општина Карпош не можат да одлучуваат. Од „Борба за Влае“ тврдат дека трасата на улицата „Есперанто“ се менува со единствена цел да се овозможи инвеститори кои поседуваат градежни парцели да купат државно земјиште со непосреден договор за да градат висококатници. При тоа, тие ја користат спорната одредба од Законот за градежно земјиште која овозможува субјект кој поседува 30 проценти од одредена парцела да може да ја дооформи до 100 проценти преку откуп на државно земјиште. „Парцелата каде што треба да се градат спорните кули е во сопственост на Јонче Спирковски, односно, сопственикот на фирмата „Аполо Инженеринг“. Тој е сопственик на оваа парцела од 2020 година. Ако видиме како се движела сопственоста, во 2007 година одредени граѓани со денационализација им биле вратени парцелите. Јонче Спирковски почнува да ги откупува. Тој успева да откупи мал број парцели од сопственици, а потоа согласно спорниот Закон за градежно земјиште кој што е, за жал, актуелен успева да дооткупи голем дел од државното градежно земјиште со непосредно договарање и на тој начин станува сопственик на огромна парцела од 2.225 квадрати“, вели Стефановска. Таа додава дека со промената на трасата на улицата „Есперанто“, овој инвеститор ќе добие можност да откупи уште 1.600 квадрати државно земјиште. https://samoprasaj.mk/naacik/so-poznat-recept-sakaat-da-go-unistat-vlae |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се „крчка“ нов, трет план за ДУП за Лисиче
![]() Околу 230 анкетни листови доставија жителите на Лисиче до Општина Аеродром на вториот повик, по жестокиот отпор од тамошното население и протестите поради првичниот план за изградба на 11 висококатници по должина на булеварот „Србија“ и улицата „12. Македонска бригада“. Сега, како некое компромисно решение, се готви нов, трет план за новиот ДУП за Лисиче, Урбан блок ЈИ 09.01, кој, дури и да го прифатат граѓаните, неизвесно е дали ќе „помине“ кај надлежните институции. Во следниот период се очекува комисијата во рамки на општината да ги разгледа сите поднесени анкетни листови и да се види како планот ќе се тера понатаму. – Доколку забелешките од граѓаните се прифатат, како што беше случај со минатата анкета, каде беа прифатени најголем дел од мислењата изнесени преку анкетните листови, дополнително ќе биде разгледана и потребата од корекции и изнесување на уште една јавна анкета пред граѓаните – ни изјавија од Општина Аеродром. Последниот предлог беше наместо планираните девет згради на почетокот од Лисиче, да се направат две згради, од кои една со две кули, повисоки од претходно планираното, и една пониска, со деловни простории на приземјето и првиот кат од страната на булевар „Србија“. Како решение се предложени и потесни пристапни улички низ населбата. -За разлика од претходната варијанта на планот, во која се предвидуваат станбени згради по целата должина на булеварите „Србија“ и „12-та Македонска бригада“, во новата варијанта предвидени се две градежни парцели за станбени згради, и тоа една на самиот агол, во која е предвидена изградба на две кули со 10 ката, поврзани на приземјето и првиот кат, и уште една градежна парцела во која е предвидена релативно ниска станбена зграда со 3 ката и поткровје. За градежната парцела на аголот, на која се предвидени двете кули, во однос на претходната варијанта на планот намален е габаритот во основа, како и вкупната површина на објектот, а со новото решение е предвидена просторна композиција поприкладна за аголна локација, како од естетски, така и од аспект на непопречување на осончувањето и проветрувањето на населбата. Останатите промени во планот се однесуваат на индивидуални градежни парцели и истите се направени на барање на сопствениците, кои поднеле анкетен лист на претходната јавна анкета – е одговорот што го добивме од планерите од „Тајфа – план“, ангажирани од општината да го изготват проектот. Од таму велат дека во однос на испланираните пристапни улици со широчина од 3,5 метри, истите се предвидени поради голем број приговори на првата јавна анкета, бидејќи за изведба на станбени улици со стандардни димензии би требало да се изврши експропријација на земјиште на жителите на населбата. -Иако улиците со ваква широчина се во согласност со урбанистичките прописи, но јавна презентација беше нагласено дека е можно да не бидат дозволени од надлежните институции (Град Скопје, Министерство за транспорт и врски), бидејќи истите се применуваат во исклучителни случаи и во праксата вообичаено не се претпочитаат. Со оглед на тоа што оваа промена во однос на претходната варијанта беше направена на барање на граѓаните, сметавме дека е коректно да им се соопшти дека е можно во понатамошната постапка на планот да треба улиците да се планираат со поголема широчина – велат од „Тајфа план“. Општина Аеродорм сѐ уште го нема доставено УП за кој прашувате. Од тие причини, Министерството за транспорт и врски не може да даде мислење по однос на овој план, појаснуваат од министерството. – Во однос на носење на ДУП-ви, согласно Законот за урбанистичко планирање, тоа е делегирана обврска на општините, а министерството дава забелешки согласно техничките параметри и усогласноста на ДУП со ГУП – додаваат од таму. Жителите и натаму сметаат дека нивната населба, која се состои претежно од куќи, ќе се најде затворена со „ѕид“, доколку се изградат предвидените згради. – Ние, жителите, јасно и гласно побаравме зачувување на постојната урбанистичка состојба во населбата. И поднесовме над 200 анкетни листови што претставува поголем број од првобитната анкета кога се поднесоа стотина анкетни листови. Ова е уште еден показател дека лисичани се против овој бетонизирачки предлог ДУП. Новиот предлог апсолутно не го решава проблемот, туку е обид за замачкување на очи и ја отвара пандорината кутија за нови згради и бетонизацијата на населбата – вели Тодор Кацаров, жител на населбата и активист, кој ги алармира жителите да реагираат против усвоување на ваквиот план за Лисиче за „Независен“. Тој најави продолжување на борбата, институционално и вонинституционално и вели дека остануваат посветени на принципот дека во Лисиче нема место за згради. По завршувањето на јавната анкета, комисија составена од претставник на општината, надворешен член и претставник на изработувачот на планот ги разгледуваат анкетните листови кои пристигнале за време на јавната анкета и заеднички одлучуваат дали поднесените барања ќе се прифатат. Откако оваа комисија ќе заврши со одлучувањето по анкетните листови, се изготвува извештај, врз основа на кој изработувачот на планот постапува и ги вградува во планското решение прифатените забелешки на граѓаните. https://nezavisen.mk/se-krchka-nov-tret-plan-za-dup-za-lisiche/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПОНИШТЕН РЕГУЛАЦИСКИОТ ПЛАН ЗА НАСЕЛБАТА ВЛАЕ, СПРЕЧЕНА НОВА БЕТОНИЗАЦИЈА НА СКОПЈЕ
Советот на Град Скопје вчера го укина Регулацискиот план С3 19 за населбата Влае. Овој план е основа за изработка на Деталниот урбанистички план (ДУП) за оваа населба со кој се предвидуваат згради и целосна бетонизација на Влае. Со тоа, сега не важи ДУП-от кој еднаш беше на јавна анкета, но поради забалешките и протестите на граѓаните беше вратен на доработка. Иницијативата за поништување на планот беше поднесена од „Зелен хуман град“ по барање на граѓанската група „Борба за Влае“ која неколкупати организираше протести против новите решенија за населбата. „Расправата која течеше по предлог-одлуката е доказ дека граѓаните мора да се самоорганизираат и да станат дел од локалните совети за да се осигураат дека ќе се носат одлуки со кои ќе се заштити јавниот интерес. Сите знаеме со која брзина се дигаат облакодери, а колку е бавна правдата за обичниот човек. Со оваа предлог-одлука му даваме моќ и надеж на секој граѓанин дека има претставници во локалните совети кои стојат рамо ро рамо со нив, а не наспроти нив“, рече Горјан Јовановски од „Зелен хуман град“. За поништување на планот гласаа 23 советници и тоа двајцата советници на „Зелен хуман град“, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, еден член на Алијанса/Алтернатива, советничката група на Левица и двајцата советници од ЛДП/ДОМ. Преполовената советничка група на СДСМ и коалицијата гласаше воздржано, а целата советничка група на ДУИ не беше во салата на гласањето. Со Деталниот урбанистички план донесен врз основа на Регулацискиот план се предвидуваат згради на просторот на некогашно кино Влае, односно зад автобуската станица на булеварот Партизански одреди. Зградите се планираше ќе бидат со висина од 6 до 10 ката. Парцелата за маркички за згради е проширена и на улицата Есперанто сè до плоштадот Делфина. Со новиот план улицата се предвидуваше да се пробива зад киното односно пред основното училиште „Димо Хаџи Димов“. На местото на инклузивното игралиште за деца со посебни потреби на плоштадот Делфина, пак, вцртана беше маркичка за црква. Детското игралиште беше направено пред две години и него тогаш го отвори ексградоначалникот Стефан Богоев. Маркичка за зграда се предвидуваше на празниот простор кај „Кам маркет“ односно во делот каде населбата Влае се граничи со населбата Хром. Овој простор, како што велат жителите, е државно земјиште и бараат да се направи парк, а не да се распродава државна земја за бизнис интереси со приватни градежници. https://sdk.mk/index.php/naslovna/ponishten-regulatsiskiot-plan-za-naselbata-vlae-sprechena-nova-betonizatsija-na-skopje/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
СКОПСКИ „РАМСТОР“ ДОБИ МАРКИЧКА ДА СЕ ПРОШИРИ НА ПАРКИНГОТ, „КАМ“ ПОГОЛЕМА КАТНОСТ, ОПШТИНА ЦЕНТАР ДОНЕСЕ НОВ ПЛАН ЗА СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА
![]() Општина Центар нацрта маркичка на паркингот меѓу ТЦ „Рамстор“ и зградата на Тутунска банка во центарот на Скопје и со тоа му дозволува на трговскиот центар да се проширува. Ова е предвидено со новиот Детален урбанистички план (ДУП) за градска четврт Ц016 Стара железничка станица, кој беше усвоен на последната седница на Општина Центар. Планот беше усвоен со заедничко гласање „за“ на советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Двe советнички од СДСМ не гласаа за планот, Левица беше воздржана, а „Шанса за Центар“ гласаше против. Освен зголемување на маркичката и нов простор за ширење на „Рамстор“ се дозволува и поголема катност, од 16 до 23 метри, на објектот на „Кам“ маркетот на булевар Кирил и Методиј . На овој објект во моментов се завршува градбата и се наоѓа меѓу новите кули кои ги гради турски „Лимак“. „Намерата на овој план, кој почна да се прави уште во процесот на мораториум, беше со измените да се реши само потребата на жителите на ќошот од просторот кон Водњанска. Не беше намерата да се зголеми површина за градење на ‘Рамстор‘ и ‘Кам’ да добие уште неколку ката. Ова е претерано. За тој дел Генералниот урбанистики план предвидува да живеат 1.000 луѓе, знаете ли колку станари ќе има само во новите четири кули кои се градат“, рече Дивна Пенчиќ, советничка од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“. Од планерската куќа рекоа дека постапиле врз основа на барања кои биле доставени со анкетните листови. Парцелата за градење на „Рамстор“ е зголемена оти сега сопственикот има поголема површина, а на „Кам“ е зголемена катноста за да се изедначи со другите објекти околу. „Инвеститорскиот урбанизам победи и се задоволи алчноста на малкумина дополнето со интервенции од повисоко. На 60 години од земјотресот, коалицијата во Советот си изгласа ДУП-от со неточни податоци за заштита од урнатини. Лекциите не ги научивме, а инвеститорскиот урбанизам го победи јавниот интерес и ги остави загрозени скопјани“, рекоа од „Шанса за Центар“. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopski-ramstor-dobi-markichka-da-se-proshiri-na-parkingot-kam-pogolema-katnost-opshtina-tsentar-donese-nov-plan-za-stara-zheleznichka/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
На многу работи требит да се зголемит катноста во градо,денес се градит во висина,get with the times !
Сепак мисла оти најубо ќе беше Дајмонд трговскио да се проширит односно поврзит со Рамстор и со тоа Кам-чето,и да бидит еден мега трговски,можи имат некој што размислуват во та насока оти посебно она индустрисконо кај што е кам буквално дремит празно,само кам имат внатре... |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Еве ги промените
Маркичката за КАМ ![]() На паркингот до Рамстор планирана е 9 катница ![]() други податоци за маркичките ![]() https://www.facebook.com/ShansaZaCentar |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СКОПЈАНИ ЌЕ ШЕТААТ ПО КРОВОВИ ЗА ДА НАЈДАТ ЗЕЛЕНИЛО, ГЕРАСИМОВСКИ ВЕЛИ НАДГРАДЕНИТЕ „РАМСТОР“ И „КАМ“ ЌЕ ИМААТ ЗЕЛЕНИ ТЕРАСИ
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека со надградените објекти на трговскиот центар „Рамстор“ и објектот на „Кам“ ќе се зголеми зеленилото во градот оти ќе имаат зелени кровни тераси. Со новиот план за Стара железничка станица, кој беше усвоен на последната седница на Советот на Општина Центар, се зголемува катноста на „Кам“, а „Рамстор“ добива маркичка за проширување на објектот на паркингот. Сега овие два објекта ќе бидат со висина од 23 метри или приземје, пет ката и поткровје. Герасимовски вели дека со измените е направено зголемување на вкупната бруто површина на ниво на градска четврт за само 10%. Станува збор за израмнување на висината на постојните објекти „Рамстор“ и „Кам“ со висина дефинирана според венецот на постојните изградени објекти долж истиот уличен фронт. „За сметка на доградбите и зголемувањето на процентот на изграденост, инвеститорите на двете парцели се обврзуваат да изведат зелени проодни кровни тераси. Истите се прават со цел да го зголемат процентот на зеленило на ниво на градската четврт и треба да се достапни за јавна употреба. За да се реализира целосно дозволената бруто површина за градба задолжителен услов е и да го обезбедат неопходниот број на паркинг места во рамките на сопствените парцели“, велат од Општината. Советниците од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ беа против измените на овој план бидејќи со нив повторно се бетонизира центарот на градот, не се штити јавниот интерес туку се задоволуваат желбите на инвеститорите. „Намерата на овој план, кој почна да се прави уште во процесот на мораториум, беше со измените да се реши само потребата на жителите на ќошот од просторот кон Водњанска. Не беше намерата да се зголеми површина за градење на ‘Рамстор‘ и ‘Кам’ да добие уште неколку ката. Ова е претерано. За тој дел Генералниот урбанистики план предвидува да живеат 1.000 луѓе, знаете ли колку станари ќе има само во новите четири кули кои се градат“, рече Дивна Пенчиќ, советничка од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“. Планот беше усвоен со заедничко гласање „за“ на советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Двe советнички од СДСМ не гласаа, „Шанса за Центар“ и Левица беа против. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopjani-ke-shetaat-po-krovovi-za-da-najdat-zelenilo-gerasimovski-veli-nadgradenite-ramstor-i-kam-ke-imaat-zeleni-terasi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДУП-от кој ја пишмани општина Куманово?
![]() Советот на општина Куманово го суспендираше Деталниот урбанистички план (ДУП) на локацијата позната како „школска амбуланта“, истиот состав на општински советници кои го изгласаа истиот ДУП пред две години, поточно во декември 2021 година. Советот со мнозинство гласови го суспендираше планот од причините кои беа изнесени на маратонската седница која се одржа на 6 јуни и покрај противаргументите . Одлуката беше донесена иако ѝ претходеше граѓанска петиција потпишана од околу 30 граѓани како засегната страна и поднесена до градоначалникот, до Советот и Секторот за урбанизам. Според постоечкиот детален урбанистички план таму требаше да се изгради повеќекатница за колективно домување, но мнозинството на советот и градоначалникот Максим Димитриевски оценуваат дека со тоа се крши јавниот интерес и затоа е суспендиран. Станува збор за детален урбанистички план за дел од урбан блок 48 (дел 2) и за дел од У.Е. „Б. С. Гојчо“, дел од урбан блок 44, плански опфат помеѓу бул. „Трета МУБ“, ул. „Перо Чичо“, ул. „Прва Петолетка“ и ул. „Миле Кипра“ – Општина Куманово, (2018-2023) со површина од 3,24ха. ![]() Реакција и петиција на граѓаните Засегнатите граѓани потписници на петицијата велат дека се загрижени и револтирани од ваквата одлука, каде што тие се жртви. Тие прашуваат како може план кој е донесен само пред две години од истиот состав на Советот, да се повлече со образложение дека не ги исполнува условите. Според жителите, со постапката се крши законот од лични причини, а најголема штета ќе претрпат тие како сопственици на парцелите. „ДУП-от е донесен по повеќе од 10 години откако првпат е поднесен како предлог, неколку пати се усвојувани приговори на нацрт планот, и конечно после неколку корегирања, токму овој Совет на општината го прогласи за донесен на 28 декември 2021 година. Па сега не е јасно од каде предлагачот утврдил „несомнена штета на јавниот интерес и го суспендира истиот донесен ДУП од пред две години. Доколку планот бил противзаконски (кое нешто е основна причина за суспензија согласно чл.23 од Законот за урбанистичко планирање), тогаш се поставува прашањето, зошто Советот воопшто го има донесено. Планот бил на ревизија пред Министерство за транспорт и врски неколку пати и истиот е донесен во законски пропишана постпака“, велат засегнатите граѓани. Граѓаните велат дека од нивна страна се направени претходни вложувања откако е донесен ДУП-от, што значи настанати се трошоци, и прашуваат кој ќе им ги надомести тие трошоци. „Како граѓани ние бараме што побрзо да има решение, кое треба да се донесе на најдемоктратски начин. Во неофицијални разговори со советници што гласаа добивме информација дека им биле презентирани неточни информации и манипулаци дека се крши јавниот интерес. И како граѓани основно демократско право е да бараме да учествуваме во јавна расправа. Целта на нашата петиција беше да се одложи оваа точка на дневниот ред, да се свика јавна расправа каде ќе бидат поканети луѓе од стручна фела, засегнати сопственици, и другата страна, општината како и другите институции и медиумите, каде ќе се презентираат сите аргументи и документи. Но тие нѐ одбија, значи не сакаа да се слушне граѓанскиот глас“, реагираат граѓаните потписници на петицијата. Според нив, градоначалникот единствено има само некакво фингирано писмо кое по негов налог е направено од страна на директорката на гимназијата, дека има засенчување на гимназијата, и со оваа се загрозува јавниот интерес. Тие објаснуваат дека ова не држи, затоа што ориентацијата на планираниот нов блок е исток-запад и исто така е и гимназијата, и со тоа нема шанси да се направи засенчување. „Но, за жал имаме незаконско суспендирање под неиздржани изговори од типот тесни пристапни улици, лажирани мерки за висина на градба од 27 метри и ред други лаги и манипулации. Суспендирањето на важечкиот ДУП најмалку ќе ги оштети инвеститорите (што веројатно е и целта на градоначалникот), а најголема штета ќе се предизвика на граѓаните сопственици на имот во тој опфат“, велат граѓаните. Димитриевски: Се крши јавниот интерес Според градоначалникот Максим Димитриевски во овој опфат се крши јавниот интерес, и тој во врска со ова ја потенцира гимназијата „Гоце Делчев“ и „школската амбуланта“. „Со донесениот детален урбанистички план во овој опфат се загрозува јавниот интерес на гимназијата „Гоце Делчев“ каде што учат над 1.000 ученици. Со дополнителното известување дека ако се реализира овој ДУП од страна на општината, градоначалникот е должен за спроведување на одлуките на Советот. Затоа јас сум тука пред Советот со едно вакво барање да се суспендира еден ваков ДУП. За истиот и јас дополнително, во фаза на неговата реализација добив поголем број на дополнителни информации и укажувања од страна на надлежни институции во државата коишто ги опфаќа Законот за заштита на јавниот интерес. Можете да ја релативизирате колку сакате 'школска амбуланта', ама таа е здравствена институција и објект од јавен интерес”, објаснуваше градоначалникот, Максим Димитриевски дента кога се суспендираше планот. Според него, друг проблем е што планираните високи згради ќе го земат воздухот и светлината на зградата на гимназијата. „Во нашето јавно претпријатие направивме симулација на сенки. Значи, гимназијата 'Гоце Делчев', не зборувам веќе за здравствениот дом, од сабајле од 10 часот па до заоѓање на сонцето е во голема сенка. Претходно овој совет донесе одлука да се постават соларни панели со капацитет 40 мегавати на оваа институција и сега нивната функција утре ќе биде загрозена со ваквото поставување на овие објекти на оваа локација”, рече Димитриевски. Според Димитриевски, доколку тој ден не беше донесена таква одлука, ќе се одело и на референдумско изјаснување на граѓаните. Димитриевски рече дека за овој случај бил предмет на обид за поткуп. Во врска со петицијата на граѓаните на оваа локација кои бараа од општината да не се суспендира ДУП-от, Димитриевски рече дека некој ги довел во заблуда. Градоначалникот најавува нов детален урбанистички план, доколку, како што рече, не наиде на опструкција од ресорните министерства. „Дали ќе донесеме ДУП? Да, ќе донесеме доколку во меѓувреме не бидеме опструирани од ресорни министерства кои даваат согласност. И ќе донесеме идеален ДУП кој ќе ги задоволи потребите и на сопствениците на земјиштето, но и јавниот интерес. Но, ако не опструира државата тогаш ќе ја пренесеме тужбата на штета на државата за одлучување во неразумен рок. Знаете колку правни постапки води општината во кои надлежните судови не одлучуваат во разумен рок, ниту пак надлежните институции? Сите спорови се изгубени. Правдата е тешка, но доаѓа“, рече тој. ![]() Инвеститорот: Загубите се големи Бобан Спасовски, еден од инвеститорите од компанијата УПМ-груп, кој исто така е познат како сопственик на познатата компанија „Делукс“ од Куманово вели дека загубите се големи како за инвеститорите, така и за останатите граѓани кои имаат градежни парцели во истиот опфат на ДУП-от. Тој објаснува дека опструкциите почнуваат само затоа што тие се инвеститори и нивната компанија е неподобна за градоначалникот Димитриевски. „Откако дозна дека и ние тука сме како инвеститори, во тој момент почнуваат опструкциите од негова страна, по што дава наредби дека по секоја цена треба да се најде начин да се спречи издавање на дозвола за градење“, рече Спасовски. Според него, градоначалникот ги употребил сите начини, на крај употребувајќи го и Советот на Општината. „Градоначалникот носеше решенија, но истите беа поништени од второстепената комисија во Министерството за транспорт и врски, но тој не ја почитуваше ова одлука. Потоа, Уставниот суд ја прифати нашата иницијатива и му ја поништи одлуката во јануари 2023 година. Но тој во секој момент упорно бараше начини како да спречи издавање на одобрение за градење“, изјави кумановскиот инвеститор. Спасовски информира дека е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба која е во процедура. „Без разлика на сите одлуки тој суспензијата ја става на Совет и ја усвојуват. На истото поднесовме тужба до Управен суд и чекаме одлука на судот. Ние ги информиравме сите релевантни институции за ваквото незаконско однесување, меѓутоа зачудени сме како не најдоа начин да му застанат на патот на вакво однесување. Ние исто така подготвуваме тужба со оштетно побарување, поднесовме барање до министерот за транспорт и врски да му ги одземе надлежностите и чекаме одговори од сите овие институции по што ќе носиме одлуки што понатаму“, изјави Спасовски. Според него, загубите се големи како за нив како инвеститори така и за останатите граѓани кои имаат градежни парцели во истиот опфат на ДУП-от. „Ние во моментов имаме ангажирани вешти лица кои прваат вештачење на штетата. Првично штетата е некаде околу два милиони евра, но жалосно е што штетата ќе ја плаќаат граѓаните кои не се виновни, а нема да ја плаќа градоначалникот“, вели познатиот кумановски бизнисмен Спасовски. Советот за и против? Суспендирањето на ДУП-от се усвои со гласовите на коалицијата „За наше Куманово“ како и на другите партии ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива. Претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ ја образложува одлуката за суспендирање на ДУП-от, која според неа прави огромна штета на јавниот интерес. „Навистина жалам што спорниот ДУП кај здравствниот дом е донесен од овој состав на Советот и тоа на почетокот на нашиот мандат, на третата работна седница. Изгласавме ДУП кој според сите спроведени процедури е законски, но кој прави огромна штета на јавниот интерес за кој дополнително сме известени од загрозените институции кои воопшто во постапката за давање на согласност не биле прашани од страна на ресорните министерства за здравство и образование за давање на претходно мислење за ДУП-от“, рече Ѓорѓиевска. Според неа, лесно е од Скопје некој да дава мислење за Куманово, треба да се живее овде да се согледаат реално сите состојби и дури тогаш да се даде мислење. „Во овој случај јавниот интерес се согледува во намалувањето на габаритот на здравствениот дом и штетата која ќе настане поради катноста и сенките на целиот комплекс врз поставените фотоволтаици на гимназијата 'Гоце Делчев'. Јавниот интерес се гледа и во слободниот пешачки простор. Мора да се напомене дека на тој потег поминуваат деца за во градинката 'Ангел Шајче', ученици од две големи основни училишта 'Крсте Мисирков' и 'Браќа Миладиновци', средношколци од гимназијата 'Гоце Делчев'. Просторот наместо да се прилагоди и при донесувањето на ДУП-от да се проширува, тој се искористува максимално. Во здравствен дом доаѓаат ученици од сите училишта на систематски прегледи, на заливање на запчиња, некои училишта од руралните средини доаѓаат со организиран превоз, каде да се паркираат, како учениците да бидат безбедни? Спорниот ДУП предвидува поголема спратност, а помала површина на здравствениот дом. Реконструкција во догледно време нема да се случи, значи видикот, светлината на сите прозорци ќе биде блокирана затоа што предвидените станбени објектите се залепени до истиот", изјави претседателката на Советот на Општина Куманово. Таа наведува дека на седница на Советот донесена е одлука која е во корист на идните поколенија, а не во корист на поединци и инвеститори. „Постапивме совесно водејќи се од стручниот елаборат за суспензија на применувањето на урбанистички план, изготвен од комисија за урбанизам, врз основа на добиени известувања од гимназијата и Здравствениот дом и стручно мислење од вешто лице со лиценца за вештачење од областа на урбанизмот имајќи го во предвид и мислењето од Министерството за транспорт и врски. На последната седница на Советот усвоивме одлука за зголемување на средства за ЈП 'Куманово план', кој треба во најкус можен рок да го изготви новиот ДУП. Никако не сум против развојот на градот, но мислам дека во централното градско подрачје не треба да се дозволи шаренило од семејни куќи, трикатници, седмокатници и деветокатници. Големите станбени објекти треба да се градат на слободен простор, а го има во Куманово и градот да се шири, а не да се концентрира во централниот дел. Во централниот дел треба да се спроведе смирен сообраќај поради огромното присуство на институции, пешаци, ученици и да се води строга сметка за нивната безбедност", рече Ѓорѓиевска. Опозицијата предводена од СДСМ, апелираше да не се гласа одлуката за суспензија, со образложение дека таквата одлука ќе падне на Уставен суд, а во меѓувреме општината ќе добие тужба за отштета од инвеститорите. Александар Јовановски, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата Куманово рече дека во овој случај има незаконски постапки не водејќи сметка за штетата и законските процедури. Според него проблемите почнале откако градоначалникот Димитриевски дознава дека одредени ‘неподобни’ инвеститори имаат земјиште таму и ќе градат. Тогаш започнуваат сите незаконски постапки кои тенденциозно се водат притоа не водејќи сметка за штетата и законските процедури. „Најпрвин пред една година го наведе мнозинството на советот да донесе незаконска одлука со која најпрвин ги ограничи сите инвеститори во делот на изградбата на објекти, одлука за која и тогаш како советничка група на СДСМ и коалицијата реагиравме, укажувавме и апелиравме да не се носи затоа што навлегуваме во основното право на граѓанинот, право кое е уставно загарантирано, а тоа е правото на градење и дека како состав на совет одлуките кои се донесуваат се ставаат над законот во државата. Но попусто, одлуката беше донесена но подоцна оспорена и поништена од Уставниот суд. Кулминацијата на целава тенденциозна постапка и тврдоглавост на градоначалникот трае, и во јуни годинава на 25-та седница на Советот на општина Куманово имавме предлог точка за суспензија на целиот ДУП. Мнозинството предводено од советниците на Димитриевски, ВМРО- ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива го гласаа срамното суспендирање на овој ДУП без притоа да земат збор и да дадат барем еден единствен аргумент во одбрана на градоначалникот и неговите намери“, вели Јовановски. Според него во овој случај најважно е загрозувањето на јавниот интерес како и петицијатата којa граѓаните ја доставија да не се оди спротивно на јавниот интерес и да не се гласа за суспензија, со што ќе нанесат штета на сите кои живеат во тој дел на градот. „Одлука за суспензија на детални урбанистички планови се донесува согласно член 23 од Законот за урбанистичко планирање, врз основа на стручен елаборат за суспензија изработен од сектор за урбанизам при општината, но по претходно добиено мислење од Министерството за транспорт и врски. Добиеното мислење од Министерството за транспорт и врски го негира во повеќе наврати самиот елаборат на општина Куманово и нема конкретни податоци за штетата по јавниот интерес. Но и покрај негативното мислење од Министерството за транспорт и врски кое општина Куманово го има добиено во врска со суспендирањето на ДУП-от и кое беше вешто затсркриено од јавноста и од нас како советници, како и решенијата на Државниот управен инспекторат , секторот за управно надзорни работи при Министерството за транспорт и врски како и насоките од Уставниот суд и Второстепената комисија изгласана е срамната суспензија на овој ДУП. Во услови на веќе установена судска пракса и очигледно кршење на законската постапка , доколку овој нов ДУП не се донесе за една година, штетите кои општина Куманово ќе треба да ги исплати на инвеститорите по основ на тужби ќе бидат повеќе милиони евра. Наместо средствата собрани од плаќањето на даноци и комуналии да завршат со некој инвестициски опфат и некој нивни комунален проблем да биде решен, за жал ќе завршат на туѓи сметки по основ на судски решенија“, изјави Јовановски. https://mkd.mk/node/521010 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Арсовска нема да дозволи да се изгради „бетонско чудовиште“ во Ќерамидница
Еден квадрат нема да дозволиме да се изгради од предвиденото бетонско чудовиште кое општина Гази Баба планира да се изгради во населбата Ќерамидница, соопшти денеска Градот Скопје. Во соопштението се наведува дека тоа е предвидено согласно деталниот урбанистички план на општина Гази Баба ЦС 10.03. -Со планот кој шверцерски се обидува да се помине, се предвидува изградба на 16 згради со висина од 34 метри. Поточно, предвидена е изградба на 100.000 метри квадратни бетон и асфалт и ниту еден метар квадратен зеленило. Градот Скопје ќе постапи согласно поплаките на жителите на општина Гази Баба, но и во интерес на сите скопјани. Вакво бетонско чудовиште не смее и нема да биде дозволено да го наруши квалитетот на живот на граѓаните, се наведува во соопштението Градот Скопје ќе изврши целосна ревизија на ДУП ЦС 10.03, и тој ќе се презентира пред Советот на град Скопје. -Го каниме и градоначалникот на општина Гази Баба да образложи што мислел кога го предложил овој монструозен ДУП со кој во целост се нарушува принципот на хумано живеење. Градот Скопје мора да биде модерен град, град во кој ќе ставиме крај на дивееењто на урбаната мафија, самоволието во урбанизмот и ставањето на профитот пред здравјето на граѓаните, потенцираат од Градот Скопје. Проблемот се актуелизира откако партијата Левица соопшти дека „бетонско чудовиште во Гази Баба ќе градат компании блиски до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и до СДСМ. – Раководствата и функционерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле поблиски и не соработувале повеќе. Двете големи партии кохабитираат на власт. Во општина Гази Баба ќе се гради урбанистичко чудовиште од 50 илјади квадратни метри. Тоа се 16 згради со по над 10 ката на простор поголем од Ист Гејт Мол. Проект од кој ќе профитираат единствено фирми блиски до раководствата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а ќе биде на штета на жителите на Гази Баба и Скопје, рече на прес-конференцијата Амар Мециновиќ, партиски портпарол. Но, вакво нешто демантира градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. -Ја информирам јавноста дека ваквите тврдења се лажни и дека во рамки на општината не се води постапка за издавање на одобрение за градење на градба какво што се споменува во наведената прес конференција. Хуманата урбанизација, инфраструктурниот развој и напредокот на општина Гази Баба ќе продолжат и во иднина. Нема да дозволам ниту Левица, ниту било кој да го запре развојот на Гази Баба, вели градоначалникот Стефковски. https://skopskoeho.mk/arsovska-nema-da-dozvoli-da-se-izgradi-betonsko-chudovishte-vo-kjeramidnica/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Не знам каде точно ги планирале тие 16 згради над 10 ката но претпоставувам се однесува за овој дел северно од комплексот на Саник,колку што знам претходно планот предвидуваше само неколку 5 катници околу Аквалукс/Дојрана а другото беа А1 П+2+Пк
![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЛИСИЧЕ ЌЕ ДОБИЕ 2 ПАРКА И ПОМАЛКУ ЗГРАДИ Третата верзија на ДУП-от носи зеленило на 3.000 квадрати
Новиот Детален урбанистички план за дел од населбата Лисиче, скроен по барање на граѓаните, наместо бетонизација, како што тврдеа политичките партии, ќе донесе хумана урбанизација, најавуваат од Општина Аеродром. Два нови парка и за скоро за 90% намалување на станбените површини предвидува последната верзија на планот за кој Општина Аеродром веќе објави повик за спроведување јавна анкета. По втората верзија која предвидуваше изведба на еден парк, третата верзија предвидува уште една зелена површина на повеќе од 3.000 квадратни метри. Во третата верзија се прават и дополнителни интервенции со намалување на бројот на станбени објекти. Во втората верзија на Деталниот урбанистички план веќе првично беше намален бројот на проектирани улици, што беше едно од клучните барања на граѓаните. По завршување на третата анкета и по разгледување на забелешките доставени од граѓаните, Општина Аеродром ќе го достави урбанистичкиот план на мислење до сите засегнати државни институции. Неофицијално, според информациите од Општина Аеродром, досега ниту една државна институција не доставила каква било забелешка по конкретниот план. Од Аеродром велат дека работат транспарентно, а барањата на граѓаните се во прв план. Тие додаваат дека Лисиче ќе биде модерна населба, каде ќе се изведуваат паркови и зелени површини. https://plusinfo.mk/lisiche-e-dobie-2-parka-i-pomalku-zgradi-tretata-verzi-a-na-dup-ot-nosi-zelenilo-na-3-000-kvadrati/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Југоисточно од Ист Гејт, на просторот на Санос. Слика преземена од тука ![]() |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА КАРПОШ ЈА ПРОДОЛЖИ ПОСТАПКАТА ЗА ДЕТАЛНИОТ ПЛАН ЗА ВЛАЕ СО КОЈ НАСЕЛБАТА ЌЕ СЕ ЗАДУШИ СО ГОЛЕМА 12-КАТНИЦА
Општина Карпош ја продолжи постапката за носење на Детален урбанистички план (ДУП) за населбата Влае 2, со кој се предвидува изградба на 12-катница на површина од 20.800 метри квадратни. Регулацискиот план за овој дел од градот врз основа на кој се прави ДУП-от беше поништен со одлука на Советот на Град Скопје. Но, градоначалничката Данела Арсовска ја обжалила одлуката за поништување на планот пред Државниот градежен инспекторат, кој донел одлука дека не е важечка одлуката за поништување на планот и со тоа тој сè уште е важечки. „Ние се обративме до Град Скопје од каде добивме одговор дека Регулацискиот план е на сила. Затоа, пристапивме кон понатамошка изработка на ДУП-от врз основа на забелешките од анкетните листови кои ги пополнија граѓаните после првата јавна презентација. Направени се измени со кои намалена е површината за градба, а зголемено зеленилото“, рече планераката Меланија Калаџиска од планерската куќа „Билд урбан“. Со измените, избришана е маркичката за црква од плоштадот Делфина и нацртана на просторот кај „Кам маркет“ каде со првичната верзија имаше зграда. Улицата Есперанто и со овој план минува низ школото „Димо Хаџи Димов“, а во ист габарит и со висина од 12 ката останува зградата на местото на бараките на поранешно кино „Влае“. Граѓаните кои беа на јавната презентација влегоа во жестока меѓусебна караница. Дел од нив предводени до граѓанската иницијатива „Борба за Влае“ беа против планот со кој се бетонизира насeлбата, а други, меѓу кои имаше и претставници на градежниците, велеа дека планот е добар и треба да се реализира. „Зградата на кино Влае не припаѓа во нашата населба, а посебно не во оваа џиновска форма. Уште поважно е што парцелата на која мнозински сопственик е Аполо Инжењеринг претходно имала 19.724 метри квадратни на сите катови, а сега има 20.801. Така што, не е баш дека е скратено од зградата. Кратењето е од другата парцела, која претходно била 1.377 а сега е 944. Таа парцела е катната гаража која бидејќи е одвоена не ни мора да ја изгради за да ја изгради 12-катницата“, рекоа од „Борба за Влае“. Граѓани прашуваа како е можно да им се нацрта градинка во приватен имот, а државно земјиште се распродава за да се градат згради? Дел од нив велеа дека не можат да направат никакви санации, реновирања и доградби на куќите 7 години, бидејќи нема детален план. „Мојата куќа од едната страна паѓа, а јас не можам да ја поправам оти нема план и не можам да добијам дозвола. Претходниот е поништен од Уставен суд, овој не може да се донесе и ние 7 години не можеме ништо да направиме на нашите имоти освен да градиме на диво. Има ли некој од Општината кој може да ни каже кога ќе имаме план?“, рекоа граѓаните на презентација. Планерката молчеше на овие прашања на граѓаните велејќи дека таа е од приватна фирма, а претставниците на Општината кои беа во салата молчеа, не одговараа на прашањата на граѓаните и не влегуваа во дискусија со нив. https://sdk.mk/index.php/naslovna/opshtina-karposh-ja-prodolzhi-postapkata-za-detalniot-plan-za-vlae-so-koj-naselbata-ke-se-zadushi-so-golema-12-katnitsa/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се продава атрактивно градежно земјиште во строг центар на Скопје на бул. Свети Климент Охридски (поранешен бул. ЈНА).
Плацот се наоѓа во Центар 1 на КП11808, како дел од Г.П. 2.1 (Дуп за Градска Четврт Ц04, Дом на градежници, Општина Центар), со намена за градба А2 - Домување во станбени згради и Б1 (деловни простории) до 20%. КАТНОСТ П+6 и П+5 и висина на градба H= 21 и 19 метри ![]() ![]() https://reklama5.mk/AdDetails?ad=4804881 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ШВЕРЦЕРСКИ ОБИД ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА НОВ ДУП ВО КАРПОШ Левица обвинува дека ќе никнат 16 згради на местото на ГП Маврово
Се остваруваат црните предвидувања на карпошани дека на местото на работилниците на поранешно ГП Маврово, насилно се подготвува терен за новиот ДУП за Градска четврт С3 26!, информира Левица. ![]() https://plusinfo.mk/shvercerski-obid-za-vnesuva-e-na-nov-dup-vo-karposh-levica-obvinuva-deka-e-niknat-16-zgradi-na-mestoto-na-gp-mavrovo/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
На просторот кај Мавровски куќи ќе никне цела населба со згради, а за зградите ќе се прошируваат и улици
![]() За година и пол Општина Карпош по третпат организира јавна презентација и јавна анкета за предлог Деталниот урбанистички план за Градска четврт С3 26, блок 01, односно дел од Влае познат како Мавровски куќи. Анкетата почна вчера и ќе трае една недела, поточно до 6 декември. Заинтересираните граѓани можат да го видат планот секој работен ден во периодот од 7.30 до 15.30 часот во просториите на Општината и во истиот период да поднесат повторно анкетни листови со свои забелешки за предложениот план. Што и дали воопшто нешто е променето во предложениот ДУП по двете јавни анкети и кои забелешки на граѓаните, запишани во анкетните листови се прифатени, ќе се види на јавната презентација што ќе се одржи в понеделник, на 4 декември во 13 часот. На оваа локација минатиот викенд се случи пожар, каде гореа стари работилници од поранешното АД „Маврово“, па за граѓаните здружени во групата „Борба за Влае“ сомнително е што тоа се случи непосредно пред да се одржи повторно јавната анкета за овој ДУП, за просторот каде што се планира изградба на повеќе згради од кои седум на 9 ката, поточно приземје – седум ката и поткровје, потоа по една деловна и една станбена на осум ката и четири згради на шест ката. Всушност, на овој простор треба да се изгради нова станбена населба, а за потребите на станарите на новите згради треба да се пробиваат и прошируваат улици. Тоа треба да се направи со одземање дворови на постојните куќи, за што жестоко се спротивставија сопствениците на двете претходни презентации. Жителите од овој дел на Карпош се противат не само на узурпација на нивните имоти туку сметаат и дека со изградба на зградите ќе се наруши животот на населбата. Планерите од планерската куќа „Го план“ од Гостивар на последната презентација на жителите им објаснуваа дека мора да се пробијат улиците за да се има пристап до новата населба, но дека на тој простор, ќе има и јавни содржини, односно градинка. Речено беше и дека постојните улици мора да се прошират, бидејќи според измени на законот минималната ширина на улиците мора да е 5 метри. Според „Борба за Влае“, слично како во населбата Александрија, што е преку улица од оваа населба, на просторите каде што има магацини и привремени објекти, се планираат згради од 5 до 9 ката. Најалармантниот дел е целиот ред маркички за згради од приземје плус 7 ката плус поткровје покрај улицата Марк Твен, северно од раскрсницата кај Лепенец, кои се градат како „линиски центар“ кој е дозволен само покрај булевари. Улицата Марк Твен е продолжение на булеварот Илинденска (кој така е нацртан во овој предлог ДУП, преземен од ГУП-от на Град Скопје иако техничките можности за директно поврзување со мост преку Вардар се речиси непостоечки поради бунарите во Долно Нерези (Лепенец), кои се резервни и многу важни за Скопје, а Градот нема најавено нејзино проширување и поврзување). Покрај оваа улица ќе може да се градат овие 7 згради од приземје плус 7 ката плус поткровје, иако продолжението на булеварот Илинденска ниту постои, ниту е предвидено да се гради во следната деценија, а којзнае и дали некогаш ќе се изгради, а сигурно населбата и улица Ацо Шопов немаат капацитет за да го издржат оптоварувањето што би го предизвикале сите овие нови згради – соопштија од „Борба за Влае“ по една од претходните презентации. Во внатрешноста на населбата се дозволени неколку згради од 4, 5 или 6 ката и поткровје на просторите каде што сега нема куќи, односно има стопански објекти на големо државно земјиште. Греота е да се редат наполитанки, да се планираат минимални тротоари, да не се планираат велосипедски патеки, да не се планираат дрвореди. Греота е на постојните куќи да им се одзема од дворот за улицата, а на некои со стопанските објекти да им се додава државно земјиште за да градат зградишта со кои ќе го спречат главниот ветер што доаѓа во Скопје од северозапад. Погледнете ја бетонизираната Александрија без слободни тротоари и без зеленило која беше промовирана како еко-населба! Грешките не смеат да се повторуваат – е ставот на „Борба за Влае“, кои тие го искажаа уште по првата презентација на предложениот ДУП. https://www.slobodenpecat.mk/na-prostorot-kaj-mavrovski-kukji-kje-nikne-cela-naselba-so-zgradi-a-za-zgradite-kje-se-proshiruvaat-i-ulici/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6263646566> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |