Author |
Topic Search Topic Options
|
mladen_s
Senior Member
Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
|
Quote Reply
#121 Posted: 09-Jul-2012 at 10:56 |
Ја прочитав веста за Летната школа за архитектура и морам да ви напоменам дека Елиа Зенгелис е тој, а не таа
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#122 Posted: 09-Jul-2012 at 11:06 |
 Јас кога отворив веќе беше корегирана веста. Требаше ова да го постираш во Новинарштина
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#123 Posted: 14-Oct-2012 at 22:50 |
Кенго Кума: Природата е инспирација од која ги црпам моите идејни решенија
Саботната
вечер од Скопската недела на архитектура ја одбележа доделувањето на
посебното признание за животно дело во областа на архитектурата и
урбанизмот на познатиот јапонски архитект и универзитетски професор
Кенго Кума. Организаторите на манифестацијата ја иницираат оваа награда,
која во наредните години треба да прерасне во традиционален чин на
благодарност кон професионалците кои оставиле белег на светската
архитектонска сцена. „Секој вреден допринос во архитектурата треба да
биде признаен. Името Кенго Кума е поврзано со едно име кое на сите нам
ни значи многу – Кензо Танге. Професорот Кума на Универзитетот во Токио
го води она што на времето беше познато како лабораторијата на Танге, од
каде што произлезе концептот за реконструкција на централното градско
подрачје на Скопје после земјотресот од 1963 година. Денеска таа
лабораторија го носи името на професорот Кенго Кума“, истакна во
свечениот говор Иван Мирковски, член на организацискиот одбор на
Скопската недела на архитектура.
Во присуство на бројни посетители на големата сцена на Македонската
опера и балет, еминентниот архитект Кенго Кума одржа предавање со кое се
наврати на работата на неговото биро Kengo Kuma & Associates и ги
претстави препознатливите проекти, кои оставија впечатлива трага на
светската архитектонска сцена. Никулците од кои произлегуваат финалните
дела на Кума се пронаоѓаат во околината што ја одбрал за интервенција.
Тој напомена дека ја црпи инспирацијата од пејсажите кои се
препознатливи за регионите во кои делото треба да се лоцира.

Природните
материјали карактеристични за непосредната околина на средината во која
е планиран објектот се вдахновение на архитектот Кума. Почитувајќи ја
средината во која твори, Кума објасни дека ги избира даровите од
природата како носечка структура во самото здание, а не како финална
декорација на објектите во кои е вградено масовно количество на
индустриски градежни производи. Тој истакна дека во огромен дел од
неговите објекти, главен материјал е дрвото, каменот и водата, а
подеднакво им се посветува како на големите проекти, така и на еден сад
од оризова хартија. „Човекот не може да биде одделен од природата, токму
затоа што природата е она што е неизмерна инспирација“, нагласи Кума.
Јапонскиот архитект накратко се задржа на дел од познатите
архитектонски креации кои ја одбележаа неговата досегашна професионална
кариера. Во предавањето пред скопската публика тој ги издвои
бравурозните зданија: Yusuhara Wooden Bridge Museum, Besançon City of
Arts and Culture, FRAC Marseille, Dazaifu Starbucks coffee shop, Asakusa
Culture and Tourism Center, Yusuhara Wooden Bridge Museum и
впечатливиот GC Prostho Museum Research Center. На крајот од
предавањето, Кума констатираше дека градителските елементи кои се
премногу големи и тешки не можат да се употребат во создавањето на
иновативни зданија, препорачувајќи и на архитектонската фела да се
насочи кон малите елементи, со чија помош може да се дизајнираат
напредни решенија.

Професорот
Кенго Кума на средбата со новинарите говореше за неговите досегашни
идејни трудови за интервенција во просторот. „Во основа, сметам дека
архитектурата треба да го допре тлото. Секогаш неа да ја комбинирам со
архитектурата. Огромните објекти претставуваат голема потешкотија,
бидејќи го уништуваат постоечкиот контекст на локацијата. Лично ги
преферирам малите проекти и интервенции“, напомена тој. На новинарското
прашање за сопствениот стручен став кон урбанистичкиот план за
реконструкција на центарот на Скопје на архитектот Кензо Танге, тој
истакна дека отсекогаш се восхитувал на неговото чувство за јавен
простор. „Во проектот за Скопје, Танге го нагласува центарот на градот
преку ползување на оски и кули, што предизвикува воодушевување кај мене.
Сепак, градителскиот дизајн осмислен со употреба на бетонот претставува
карактеристика на дваесеттиот век позади нас. Во времето во кое живееме
треба да пронајдеме поинакво решение, кое се однесува на обликот на
зданијата“, нагласи архитектот Кенго Кума.
#
Објавено на
14.10.2012 во категорија Вести.
Тагови: Изложби, Скопје, Скопска недела на архитектурата, Случувања, Урбанистички планови |
http://www.build.mk/?p=19438
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#124 Posted: 16-Nov-2012 at 01:48 |
Објектот „Брути“ ја доби главната награда на АСК 2012
Вчеравечер,
во Музејот на град Скопје се одржа „АСК – Архитектура Скопје 2012“,
оваа година со учество на 18 проекти од 11 автори. Главната награда за
архитектура на Град Скопје, ја добија архитектите од „Инженеринг Импекс
СА“, Мишо Арсов, Аднан Сарачини и Игор Димов, за проектот „Брути“. Исто
така беа врачени и две пофалници за придонес во архитектурата на Град
Скопје, едната на авторите на деловниот објект „Осигурителна полиса“,
Сања Раѓеновиќ и Ненад Раѓеновиќ, а другата на авторите на трговскиот
центар „Skopje City Mall“, Грегори Ибнез, Звонко Тасевски и Крсте Петров
од „ДСЦ Дизајн“.
АСК е традиционална манифестација која се одржува секоја година во
чест на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, а се реализира
под покровителство на Град Скопје. „Во склад со традицијата на одржување
на годишната манифестација Архитектите за Скопје – АСК, интенцијата е
да се обедини креативниот потенцијал на авторите – урбанистите,
архитектите, градежниците и сите оние што учествуваат во изградбата на
градот и придонесуваат Скопје да прерасне во современ град“, вели
архитектот Аљоша Шопар, селектор на АСК 2012 и помошник – раководител на
Секторот за планирање и уредување на просторот на Градот.

#
Објавено на
15.11.2012 во категорија Вести.
Тагови: Skopje City Mall, АСК, Брути, ДСЦ Дизајн, Изложби, Инженеринг Импекс СА, Осигурителна полиса, Скопје, Случувања |
http://www.build.mk/?p=20396
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#125 Posted: 20-May-2014 at 09:25 |
Големата награда за архитектура на БИМАС 2014 остана недоделенаСо едногласна одлука на жири – комисијата предводена од архитектот Мишко Ралев, Големата награда за реализиран архитектонски проект на XVII Биенале на македонска архитектура остана недоделена. Претседателот на комисијата на вечерашната свеченост во Музејот на Град Скопје детално ја образложи причината за донесување на ваквата одлука, која првенствено произлегува од непостоењето на соодветен труд што ги задоволува строгите услови за негов избор. Со овој чин, за прв пат се случува да не се додели Големата награда за реализиран архитектонски проект, која е востановена во 1981 година како највисока архитектонска награда во земјава. На овогодинешното издание не се додели ниту Наградата за урбанистички проект, поради тоа што не беше доставен ниту еден труд од оваа област. 
Наградата за проект од областа на архитектурата беше доделена на архитектонскиот проект за Клиничката болница – Штип на авторите Љиљана Митровиќ и Горана Митровиќ и на соработниците Срѓан Митровиќ, Иво Антонијевиќ и Филип Недевски. Жири – комисијата се одлучи Наградата за реализирана внатрешна архитектура – ентериер да им ја додели на архитектите Оливер Илиевски и Максим Наумовски за ентериерната реконструкција на управната зграда на градежната компанија „Гранит“ од Скопје. Претседателот на комисијата ги соопшти и имињата на добитниците на Наградата за проект од областа на дизајнот, која годинава отиде во рацете на авторките Бранислава Ѓорѓевиќ, Елена Пазарџиевска и Марија Димитриевска и на соработникот Стефан Тодоровски за проектот CITY BOX киоск. 
Во рамките на манифестацијата беа доделени и две специјални награди. Во сегментот на архитектонски реализации, наградата ја доби проектот за црквата Св. Илија во скопското село Говрлево на авторите Минал Бакалчев, Митко Хаџи Пуља, Саша Тасиќ, Никола Стрезовски и Виолета Бакалчев. Втората специјална награда им беше доделена на Дејан Ивановски и Филип Јовановски и на соработниците Георги Јовановски, Димитра Јовановска и на Ивана Васева за галеријата „САС“ на Центарот за современи уметности од Скопје. 
На затворањето на XVII Биенале на македонска архитектура со пригоден говор се обрати и претседателката на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Сања Раѓеновиќ Јовановиќ. Покрај испратените честитки за добитниците на наградите на овогодинешното издание на БИМАС, таа упати критика кон архитектите поради малиот број присутни на дебатите, презентациите и дискусиите што се организираа изминативе денови. „Жал ми е што биеналето не беше посетено на нивото на кое очекувавме. Треба да се погледнеме и во себе“ истакна претседателката на ААМ. Наградите на БИМАС 2014 беа одбрани од пристигнатите 112 проекти и реализации, кои се резултат на македонското архитектонско творештво во изминативе две години.
# Објавено на 19.05.2014 во категорија Вести.
Тагови: ААМ, БИМАС, Верски, Говрлево, Гранит Скопје, Изложби, Скопје, Случувања,Универзитетски клинички центар Штип, Штип | http://www.build.mk/?p=35378
|
 |
Џоле
Moderator Group
Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
|
Quote Reply
#126 Posted: 31-Oct-2017 at 12:32 |
Биљана Филиповска добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2017
Биљана Филиповска добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2017
Архитектот Биљана Филиповска е добитник на наградата за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2017 година „Андреја Дамјанов“ .
Наградата на добитничката ќе и биде врачена на 1 ноември, во 20 часот на свеченоста што ќе се одржи во Музејот на современа уметност во Скопје.
Одлуката за наградата ја донесе петчлената комисија во состав: Радован Раѓеновиќ, д.и.а.(претседател), д-р проф.Михаил Токарев д.и.а., д-р проф.Елизабета Касапова, д.и.а., Мишо Арсов, д.и.а. и Иван Арсовски, д.и.а.
На свеченоста е предвидено свои обраќања да имаат Мартин Пановски, претседател на ААМ, Трифун Костовски, почесен член на Академијата на архитекти на ААМ, Мира Гаќина, в.д. директор на Музејот на современа уметност, претседателот на жири комисијата Радован Раѓеновиќ, член на Академијата на архитекти на ААМ, како и добитникот на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ Биљана Филиповска.
https://okno.mk/node/67464
|
За сè има вторпат
|
 |