![]() |
![]() |
![]() |
Расадник |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 10> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() https://www.facebook.com/afix720 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
РАСАДНИКОТ како последно упориште во битката за СКОПЈЕ
![]() Расадникот е последниот слободен простор во Општината Кисела Вода. Изминатите 5 години се реактуелизира неговото урбанизирање, преку предлог-планови што предизвикуваат негодување и страв од урбанистичко фијаско за општината и за градот. Поради „транспарентноста“ на урбанистичките процеси во Македонија, ќе се обидеме детално да ве запознаеме со локацијата, што содржеа последните два предлози на општината и кон што би требало да се стремиме како заедница и професија. Местоположба Расадникот е позициониран среде општината и претставува клучен простор за меѓусебно поврзување на урбаните делови на Кисела Вода. На североисточната страна тој е распослан долж булеварот „Борис Трајковски“ , на југоисток допира до населбата Цементарница, на југ до маалото попознато како „Последна 24-ка“, додека веќе на запад границата ја дефинира истоимената населба Расадник. Планскиот опфат за градска четврт Ј14 е многу поголем, но центарот на нашето внимание е слободниот простор за којшто треба да се избориме како општество. Дејноста на овој простор, по земјотресното урбанизирање на Скопје, била планирана за градски парк на долг рок, а сѐ до пред 15-ина години функционираше како овоштарник. Во него се одгледуваа вишни, урми, шипинки, ореви итн. Некои од насадите беа отстранети, додека по процесот на денационализација настапува целосно запуштање на просторот и спонтан развој на флората. Денационализација По менувањето на општественото уредување во самостојна Република Македонија и движењето кон капитализмот, во 1998 година за првпат беше донесен Законот за денационализација, со којшто државата требаше да го врати имотот национализиран во текот на Поранешна Југославија. Покрај ова, како мерка се даваа и државни обврзници или, пак, одреден вид компензации, доколку постапката за враќање на конкретниот имот е невозможна од различни причини. Со овие процеси, битката за Расадникот од страна на некогашните сопственици започна. Нема ништо спорно во враќањето на имотите, но желботеката наречена Детален урбанистички план брзо беше разбрана од потенцијалните нови корисници. Со пропаѓањето на ваквиот тип расадници и нивното запоставување, како и со развојот на градот и неговите потреби, урбанизацијата на овие простори беше неминовна. Во меѓувреме, општеството се стекна со лоши навики и бајат менталитет во којшто процесите во развојот на просторот се препуштија на желбите на поединци, инвеститори, бизнисмени, политичари, додека професионалците имаа улога единствено на коментатори по весниците. Предлог урбанистички план 2016 ![]() ![]() Општината Кисела Вода, во текот на изминатите 5 години, предложи 2 плана за урбанизација на Расадникот. Првиот се случи 2016 година, додека вториот во 2019 година. Предлог-планот од 2016 година го третираше слободниот простор на Расадникот доминатно за станбено домување. Подреденоста на дел од објектите беше во правилна ориентација во поглед на осончувањето и проветрувањето што доаѓа од падините на Припор и Водно. Но, помеѓу нив, неразумно следеа долги „штангли“ кои истите позитивни можности ги блокираа. Планот воопшто не го третираше овој простор како градски простор во поглед на неговите функции, а просторот не ги задоволуваше ниту своите локални. Во општина во која недостасуваат безброј јавни функции, не се предвидуваше ништо дополнително. Уште во тој период реагиравме со објави и со писма до тогашната локална власт, коишто во процесот на јавното анкетирање беа одбиени. Реагиравме на недостигот на голема зелена површина во облик на градски парк, јавни образовни институции, полиција, поликлиника, трговски содржини, спортско- рекреативен центар (за фудбал, тенис, ракомет, кошарка), можеби стадион, плоштад и шеталиште. Поради големата густина на објектите и неусогласеноста со бројките што произлегуваат од ГУП, како и големиот број реакции на јавноста, предлог-планот беше вратен од страна на Министертвото за транспорт и врски. Предлог урбанистички план 2019 ![]() По три години, Општина Кисела Вода предложи нов план за усвојување, којшто видно имаше подобрување во смисла на дополнување со некои од јавните функции. Се отворија неколку позиции за локални форми на парк, пешачки продори меѓу станбените објекти, зелени коридори. Во овој план се предвидуваат и повеќе објекти од општествен карактер. Со тоа е извојувана еден дел од битката за јавниот интерес. Но, да не се залажуваме, ова е далеку од добар план. Во него е подигната свеста за потребата од одредени функции на просторот, но станбената мегаломанија е сѐ уште присутна до граници на задушување. Нехумани услови за домување ![]() ![]() ![]() Креирањето површини на градба во втората димензија е совршена графичка манипулација за обичниот граѓанин кој не умее добро да го чита планот. Така, во балансот на боите, окото перципира зелена боја – зеленило и портокалова – објект. Но кога ќе ги погледнеме височините на објектите, умножувањето на таа површина оди некаде и до 14 пати. Вака поставените објекти ја одземаат светлината, ја намалуваат приватноста, креираат зони без проветрување и темни улични кањони, што е неразумна „визија“ за толку слободен простор во којшто предизвикот за меѓусебно врзување и игра на функциите треба да е прилично инспиративен процес. Хаотична архитектура на повидок Организацијата на просторот подразбира креирање композиција која, пред сѐ, треба да е функционална, а потоа и естетска, нудејќи слики што произведуваат доживување и личен впечаток за просторот. Обликувањето на објектите, т.е. предвидувањето на нивниот габарит е вовед во архитектурата. Без вакво нешто, создавањето квалитетна архитектура е невозможно. Овој предлог-план нуди максимум и проектански офсет, според лошата организација на дел од парцелите. Па така, долж продорот предвиден за минувањето на далноводот, се случува невкусно отсекување на габаритите. Знаејќи ги инвеститорските апетити за максимум заработка, можеме само да замислиме под каков притисок ќе се најдат идните проектанти на овие објекти, додека градот може да очекува неквалитетен градски пејсаж. Слепи пред можностите Во ХХI век, да се претстави сопствената визија на ваков начин е неброен пораз во редицата лоши планови кои го прекроија Скопје. Загрижувачка е лежерноста на неразбраната лекција и особено, недостојноста да стоите пред толку слободна површина нудејќи урбанистички хаос. Во ерата на интернетот и достапноста на информација во делови од секундата, да дозволите ваква безидејност е само уште еден доказ за македонската летаргичност. Одлучуваме да бидеме неми набљудувачи на светските движења, стоејќи во калта и кревајќи раменици. Закони, правилници, урбанистички планови и тивка политички коректна интелигенција е совршената равенка за нашето хибернирање. Јавноста веќе одамна реагира, веќе и медиумите почесто известуваат за проблемите во градот, но политиката успешно го игнорира проблемот бидејќи нема доволно капацитет да го перципира како проблем. Изгледот на нашите градови е вистинска слика за нашето културно уназадување. повеќе на https://marh.mk/rasadnikot-kako-posledno-uporishte-vo-bitkata-za-skopje/ |
|
![]() |
|
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
Шлогирачки е вака кога ќе ги видиш сите овие 10 катни тумори а и по некоја прекршена штангла на куп.
Толку лесно може да се реши проблемот со станбените згради,место четири 10 катници изгради една 40 катница,или две 20 катници,место седум 10 катници изгради две 35 катници....лесно ќе се решат имотно-правните односи со народ што едвај чека да си ја продаде куќата за да има стан и за децата,нема простор тука општината и валстите да се вадат,ако се сака ќе се најде начин. Мене повеќе ме интересираат објектите од општествен карактер,буквално ништо ни од 2019 планот не е почнато:градинки,основи,средни училишта нема,црква нема,полициска станица нема,трговски/деловни објекти нема,зеленило/парк нема,план за изградба на нова сала затоа што постоечката Расадник веќе не исполнува никакви услови за ништо исто така нема,поликлиника/болница нема. Поздрав за МАРХ што се ангажирани и не оставаат и ОВА да помине и од урбаната мафија да се изгуби и последниот отворен простор во градов,само мора повеќе граѓански иницијативи,Скопје веќе нема друг избор,Скопје секој ден е се погрд и поуништен град,30 години политичарите во коалиција со урбаната мафија го силуваат,доста е ! |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() https://reklama5.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Kisela Voda Rasadnik - #DJI mavic mini
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Темелковски: Предлог-планот за Расадник е на одредени корекции, со планот ќе се решат децениски проблеми на жителите
Предлог-планот за Расадник во моментов е на одредени корекции по забелешка од страна на Комисијата. Сметам дека е многу подобро од она што беше понудено во минатото. Намалена е многу бруто површината за разлика од претходниот, зголемено е зеленилото и сметам дека имаме еден одличен план, рече градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски. Тој денеска на прес-конференција во одговор на прашање посочи дека ДУП-от е во процедура на носење, и смета оти имаат еден одличен план којшто нуди и социјален аспект за граѓаните, но и интеракција и доволно зеленило. – Доколку не сакаме во иднина да имаме ние како градоначалници проблеми решението е многу лесно – треба да се сопре со Законот за денационализација каде што граѓаните ќе добиваат земјиште, туку ќе бидат обесштетени преку обврзници или преку пари за многу полесно да биде нашето решавање бидејќи од друга страна имаме граѓани коишто веќе, бидејќи 70 проценти од Расадник е приватна сопственост на граѓани а не на градежни фирми, веќе 10 години плаќаат данок на имот за имот којшто не можат да располагаат со него, рече Темелковски. Посочи дека како општина имаат задача да се донесе ДУП којшто ќе биде во согласност со ГУП-от, но и во согласност со барањата на жителите кои живеат во околните места околу Расадник. – Така што, не можеме да го споредиме Расадник со Ходилеј ин, или со Треска или со кој било ДУП. Може да споредуваме со тоа што беше понудено во изминатиот период и што било понудено пред пет, 10 или две години наназад, да споредите колку зеленило има во нашиот план, а колку зеленило и јавно добро има во другите планови, рече градоначалникот на Кисела Вода. Тој дополни дека со Расадник имаат за цел да решат повеќе децениски проблеми на општината Кисела Вода, како што е немањето на поликлиника, немањето на доволно простор за градинки, училиште, средно училиште бидејќи, поточно решавање на децениските проблеми на жителите од целата општина, во самиот дел на Расадник. https://www.slobodenpecat.mk/temelkovski-predlog-planot-za-rasadnik-e-na-odredeni-korekczii-so-planot-ke-se-reshat-deczeniski-problemi-na-zhitelite/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДАЛИ ВО РАСАДНИК ЌЕ НИКНЕ НОВ „ГРАД ВО ГРАД“ ИЛИ НОВ ГРАДСКИ ПАРК?
Расадник, дел од скопска Кисела Вода е новата проблематична зона, каде што дел од жителите го креваат својот глас, барајќи нов градски парк, наместо бетон. Плановите за градење на нови згради се ставаат под прашање за овие жители, кои преку протести и петиција најавуват дека ќе го оспоруваат планот за Градска четврт Ј14, бидејќи сметаат дека заслужуваат нов градски парк кој ќе биде лоциран во централниот дел на Расадник а околу да го следат зградите. Планот за Расадник е околу 90 нови згради од 5 до 12 ката, кои ќе ги загушат дополнително скопјани- и токму затоа се борат за трошка кислород, трошка зеленило. МПЦ и на оваа локација има земјиште - предвидена е црква, но граѓаните бараат таа да се повлече во внатрешниод дел или да го ослободи просторот за паркинг места и проширување на улицата. Суспензија и јавен конкурс кои ги бараат жителите, за градоначалникот Филип Темелковски се неприфатливи, додека идејата за градски парк е делумно прифатлива. Планот за Расадник го следи Генералниот урбанистички план, но жителите се револтирани што државата ниту една клучна локација не ја спаси од градежната експанзија, инвеститорите и бетонирањето на секое слободно земјиште. Граѓаните согласни дека на Скопје му треба чист воздух но и многу повеќе зелен простор. Прашањето е дали Расадник ќе биде плодна почва каде ќе заиграат багерите или можеби ќе се најде заеднички компромис помеѓу бетонот и зеленилото како урбан простор за живеење. Протестот го гледаат како една од алатките кои го најавуваат доколку не бидат слушнати нивните барања. Дополнително, на денешниот Светски ден на парковите потсетуваат дека Расадник би можел да биде парк кој ќе има голема улога во зачувувањето на здравјето на луѓето, а заради континуирано урбанизирање, од витално значење е да се создадат повеќе можности граѓаните да престојуваат во природа. https://24.mk/details/dali-vo-rasadnik-kje-nikne-nov-grad-vo-grad-ili-nov-gradski-park |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЖИТЕЛИТЕ НА РАСАДНИК ДЕНЕСКА ИЗЛЕГУВААТ НА ПРОТЕСТ
![]() Протест „Стоп за бетонизација на Расадник и Кисела Вода“ ќе одржат денеска во 18 часот жителите на оваа населба. – По неколкугодишните неуспешни преговори со општината за хуманизирање на ДУП-от за Расадник, запирање на бесконечната бетонизација на Кисела Вода и враќање во рамки на предвидениот ГУП, жителите од оваа населба денеска во 18 часот ќе излезат на протест кај Расадникот во близина на „Гет“ кафе, се вели во соопштението. Жителите преку протестот бараат да престане бетонизацијата на населбата и да се почитуваат уставните норми и закони за здрава животна средина. – Бараме нов ДУП кој ќе биде донесен на меѓународен конкурс, а граѓаните да избираат меѓу трите најдобри решенија на референдум. Бараме ДУП кој ќе овозможи цивилизиран и културен развој и живот за идните генерации. Бараме парк, зеленило, спортски и забавни содржини, велосипедски патеки, градинки и училишта и се друго што ќе придонесе за унапредување на животот во кисела Вода“, велат од Иницијативата „За Расадник на можности за хуман живот во Кисела Вода“. Сегашниот ДУП, наведуваат, предвидува изградба на околу 100 нови згради на последното големо зеленило во Скопје со што дополнително ќе се загрозат условите за живеење во овој дел од општината. Жителите информираат дека ДУП-от ја надминува предвидената станбена површина на ГУП-от за над 300 илјади квадратни метри, додавајќи дека улиците се пренатрупани со возила, нема паркинг места и детски игралишта, а за младите воопшто нема никакви содржини во оваа скопска населба. https://24.mk/details/zhitelite-na-rasadnik-deneska-izleguvaat-na-protest |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
жителите на новите згради се бунат против новите згради
![]() дојдете на нашиот простест со страшни зборови како „бетонизација“ и „недостаток на провев“ и „сечење дрва“ да се дружиме |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НОВ ПЛАН СО 40 ОТСТО ЗЕЛЕНИЛО МЕСТО 100 ЗГРАДИ ВО РАСАДНИК, БАРАА ЖИТЕЛИТЕ НА ПРОТЕСТОТ ВО КИСЕЛА ВОДА
Нов Детален урбанистички план (ДУП) кој ќе биде донесен на меѓународен конкурс, а граѓаните да избираат меѓу трите најдобри решенија на референдум, побараа денеска на протестот жителите на Расадник во скопската Општина Кисела Вода. Сегашниот ДУП предвидува изградба на околу 100 нови згради на последното големо зеленило во Скопје, на само 2 километри од центарот на градот, со што дополнително ќе се загрозат и онака лошите и нехумани услови за живеење во овој дел од општината. Истовремено, тие бараат и минимум 40% јавно зеленило на просторот, катни гаражи, градинки, спортски терени, детски игралишта, училишта, поликлиника, велоспипедсски патеки. Со протестот под мотото „Стоп за бетонизацијата на Расадник и Кисела Вода“, жителите бараат да престане безочната бетонизација на населбата и да се почитуваат уставните норми и закони за здрава животна средина. Тие го повикаа градоначалникот Филип Темелковиски да ги исполни ветувањата од неговата изборна програма за исполнување на правото на чист воздух и на светлина како загарантирани основни човекови права. „Бараме ДУП кој ќе овозможи цивилизиран и културен развој и живот за идните генерации. Бараме парк, зеленило, спортски и забавни содржини, велосипедски патеки, градинки и училишта и се друго што ќе придонесе за унапредување на животот во кисела Вода“, велат од Иницијативата „За Расадник на можности за хуман живот во Кисела Вода“ по неколкугодишните неуспешни преговори со Општината за хуманизирање на ДУП-от за Расадник и додаваат дека не се против урбанизација, но се против урбанистички терор и градење бетонска џунгла. Со новиот Детален урбанистички план (ДУП) за Расадник на Општина Кисела Вода предвидената површина за домување е 943.771 метри квадратни, што е спротивно од Генералниот урбанистички план (ГУП), каде стои дека површината за домување треба да е 260.000 метри квадратни. Ова го покажува анализата направена од стручни лица, архитекти, урбанисти и правници, пријатели и припадници на иницијативата „За Расадник на можности“, кои новиот ДУП за Расадник го сметаат за штетен и мегаломански, кој неколкукратно ги надминува сите параметри на хумано живеење, односно има надминување на параметрите од ГУП-от за 683.771 метри квадратни. Просторот на Расадник сега е празен и неизграден. Според спорниот ДУП, засега од нацртаните 100 згради во Расадник избришани се маркички само за три, а на пет е намалена катноста. Од Општината велат дека трите згради се избришани бидејќи се наоѓаат во заштитена зона односно на траса на далекувод, а останатите згради остануваат со катност од 6 до 13 ката и треба да донесат уште над 8.000 жители. Во анализата на Иницијативата се вели дека согласно параметрите од ГУП-от за Ј14 Расадник, максимален дозволен број жители е 8,000 жители, додека со ДУП-от согласно стандардите за метри квадратни по жител се предвидени 29.039 жители, што е исто како град со големина на Кочани или Кичево, но на неспоредливо многу помала површина. Ова е надминување на параметрите од ГУП-от за 21.039 жители. Просечниот број на семејства е 2.222, додека со ДУП-от согласно стандардите се предвидени 8.066 семејства. Од Иницијативата објаснуваат со деталниот план на поедини сопственици дадена им е можност со учество од 30 % сопствено земјиште по пат на дооформување, а на штета на државното земјиште, да се стекнат со илјадници метри квадратни државно земјиште. Од таму прашуваат зошто ако веќе мора земјиштето да е со намена А – Домување, тогаш на катастарските парцели кои се во сопственост на Република Македонија мора да се нацртаат згради, а не куќи. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nov-plan-so-40-otsto-zelenilo-mesto-100-zgradi-vo-rasadnik-baraa-zhitelite-na-protestot-vo-kisela-voda/ |
|
![]() |
|
Auric.Goldfinger ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 19-Sep-2020 Online Status: Offline Posts: 15 |
![]() ![]() |
Првиот проблем што го имаат жителите на веќе изградениот дел на Расадник , не е просторен но е временски . Што значи тоа ... Јас се сеќавам многу добро кога без никаква доле изградена инфраструктура ,без пат и со прашина или кал до колена , на прозорите од зградите кои како споени термитњаци само што никнаа , веќе висеа гаќи да се сушат ...Проблемите што тие ги имаат не се од сега но се од првиот момент кога ги уплатиле парите . Конечно , каде и во што гледаа кога го купуваа имотот.
Вториот проблем што го имаат е во начинот на кој пробуваат да си ги решат проблемите. Односно , наместо да се сконцентрираат и насочат кон барање на реални решенија во рамките на нивните реални можности ( ![]() Третиот проблем што го имаат е тоа дека се неинформирани . Односно не се ни трудат претходно правилно да се информираат . Пример прв : По медиуми без да знаат дека основната намена за тој простор според ГУП-от е домување , прво почнаа со кампања дека ,,само,, 30% од неизграденото земјиште е во приватна сопственост и дека бараат ,,Централ Парк ,, , за по само една недела откако имаше реакции да признаат дека односот е сосема спротивен .Пример втор : Во новиот ДУП они по сите медиуми ( ете го примерот горе ) изјавуваат дека бараат Парк , градинка , училиште ... Од ова може слободно да се закључи дека предлог ДУП-от не го ни погледнале . Ако го отвориле ќе ги виделе овие работи + поликлиника , плоштад , црква , катна гаража и.т.н. Они слушнале ЗГРАДИ , и траумите што ги имат добиено како последица од живеачката на нивната БЕТОНСКА ЏУНГЛА , ја проектираат насекаде ... ПС. Да не се стекне впечатокот , еве го овој овде , е поддржувач на бетонска џунгла , за донесувањето на ДУП-от сепак ќе напишам дека сакам планот да биде со согласност со сите стандарди на урбано планитање , како што и доликува на една европска метропола . Прво зашто јас планирам таму да живеам и зашто Скопје го сакам . Ако не е во согласност со тие стандарди подобро да не се носи. Во веќе изградениот дел на Расадник не би се нафатил да купувам имот. Edited by Auric.Goldfinger - 02-Jul-2021 at 11:11 |
|
J.Bond: -DO YOU EXPECT ME TO TALK?
A.Goldfinger: -NO MR.BOND, I EXPECT YOU TO DIE ! |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Трпков: Ако се турка бетонизацијата на Расадник ќе следи граѓански отпор каков што досега не виделе
Во последната година од мандатот се прават обиди да се „протурка“ спорниот ДУП кој Расадник во Кисела Вода ќе го претвори во нов мал град со нови 25 илјади жители. Наместо заеднички простор, рекреативни и јавни содржини ќе никнат голем број на згради во предел кој и онака има оптоварена инфраструктура, собраќајен хаос и високо загадување на животната средина. Битката ја водат граѓанските активсти од „Расадник за можности“ кои бараат урбано и хумано планирање на спорните парцели за одржливо живеење на сите жители на населбата, но и на општината во целина. Во пресрет на локалните избори и штетните политики на локалната власт разговараме со Лазе Трпков еден од членовите на „Расадник за можности“ кој најавува силен граѓански отпор. На кој начин ќе продолжи борбата за спас на Расадник од можните планови кои предвидуваат речиси 30 илјади нови жители, практично еден цел нов град да се изгради на територија на општина Кисела Вода со непочитување и на минималните урбанистички стандарди? Трпков: Граѓанската иницијатива Расадник на можности е формирана во 2016 година кога за прв пат од страна на општината Кисела Вода беше предложен Детален урбанистички план за Расадник (Ј14). Во оваа иницијатива членуваат пред се загрижени граѓани, симпатизери на едната или другата опција и неопредели. Но, кога се работи за здравјето и хуманиот живот во Расадник, сите се единствени во своите ставови дека ова последно зелено парче во градот мора да се спаси по секоја цена. По успешното блокирање на донесувањето на планот во 2016 година, се надевавме дека новата општинска власт ќе го послуша гласот на народот. Но, се случи обратното.Наместо повеќе зеленило новиот градоначалник дополнително ја зголеми висината на објектите до фантастични 50 метри и скоро ја дуплираше бруто развиената површина за градба. Граѓанската иницијатива во изминативе 4 година, дури три пати го доведуваше во прашање донесувањето на ваквиот план, а сега сме сведоци на налет на градоначалникот на Кисела Вода, кој изминатиов период објави на веб страната и повик за јавна расправа за неколку други ДУП-ови, дека и по четврт пат ќе се обиде да го бетонизира Расадникот. Спремни сме и го чекаме, верувајте, ќе се соочи со најголемиот отпор што некогаш го видел. Кисела Вода иако е една од централните скопски општини во изминатите децении потона целосно во урбанистички хаос. На местата на малите куќи никнаа згради, инфраструктурата е преоптоварена, сообраќајот е затнат и опасен со постојани жртви, а има се помалку јавни објекти од заедничко добро. Може ли граѓанската иницијатива да се спротистави на хаосот и лошото менаџирање со општината? Трпков: Иницијативата „Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода“ е отворена за соработка со општинските власти, но за жал досега сите политички партии потпишуваа платформи со невладиниот сектор. Но, веднаш по запоседнувањето на функционерското столче, истите волшебно се забораваа. Пред изборите во 2017 година и актуелното раководство на општината потпиша договор, со кој вети дека ќе се почитува желбата на граѓаните за здрав и хуман живот и Расадник со многу зелени површини, но за жал, веќе наредната година се заборави... Зошто? Едноставно, беше објавен предлог ДУП за Расадник со над сто градежни парцели за колективни згради во кои би живееле над 25.000 нови жители. Настапуваме партнерски со сите и општинската власт, но не сме наишле на конкретен фидбек и никој не одговори на повиците. Затоа, преку нашата ФБ страната „За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода, секојдневно алармираме за разни проблеми во општината, од обележување на пешачки премини, крпење на дупки, до санирање на депонии кои никнуваат како печурки, а истите се непосредно до училиштата и градинките. Како и алмармирање на надлежните органи за прекумерно и бесправно градење, односно градење спротивно на одобренијата за градба, патем со незаштитено и обезбедено градилиште. Сведоци сме на многу случки во изминатиот период кои го потврдуваат токму ова. Граѓаните ја препознаа нашата посветена работа и секојдневно, ни пријавуват различни општински проблеми, па оттаму и го носиме епитетот од народот дека во отсуство на комуналната инспекција, ние ја „покриваме“ таа општинска фалинка. Дел од сопствениците на парцели во Расадник велат дека имаат право на развој на нивното земјиште и решавање на долгогодишните имотни спорови. Можно ли е балансирано решение кое ќе го облагороди просторот како за комерцијален развој, така и за заеднички содржини, паркови, плоштади, образовни и културни установи, пешачки и велосипедски зони, детски игралишта и поликлиника? Трпков: Приватната сопственост е загарантирана со уставот и ние не се мешаме во тоа право. Во Расадник 70% од земјиштето е приватна сопственост, но 30 % е државна сопственост. Со досега предложените урбанистички планови се предвидува 98%, по пат на дооформување на земјиштето, за да стане приватно, додека само 2% се предвидува да бидат зеленило. Главното барање на жителите на Расадник, е, државно земјиште кое е 30% од вкупното земјиште, да биде наменето за Зеленило и оттука нема да отстапиме, ни за милиметар. Според ГУП на град Скопје во Расадник може да живеат максимум 8000 жители, а со досега предложените планови се предвидуваа нови 25 илјади жители во Расадник со што животот би станал тотално неподнослив. На последниот протест кој се организираше против спорниот ДУП, јасно и гласно ги постави своите барања, а тое се: организирање на меѓународен конкурс за идејно решение за ДУП Расадник, надобрите три решенија да се стават на локален референдум и од граѓаните избраното решение да биде новиот план за Расадник. Кисела Вода е и скопскиот Лас Вегас. Присуството на огромен број на коцкарници и казина го кочи економскиот развој на општината, заедницата не добива ништо друго освен место за развој на пороци. Дали меѓу вашите заложби ќе биде решавање на овој проблем? Трпков: Ние како иницијатива сме против отворање коцкарници и слот машини, во населени места. Кисела Вода, како и сите други скопски општини се преплавени од коцкарници, буквално ги има на секоја улица. Каков амбиент и наратив тие промовираат? Метеж, турканици, тепачки, искршени флаши и ѓубре е секојдневната слика, адополнително што истото се случуваво близина до училиштата и градинките, како и во часовите за одмор на граѓаните. Не само што оставаат лош впечаток, туку и поттикнуваат дејности кои се строго забранети и посебно уредени со законски регулативи, во други многу посериозни држави. Затоа „Расадник на Можности“ апелира до централната власт да донесе Закон со кој коцкарниците и слот машините од спортските обложувалници ќе се дислоцираат надвор од градовите. Се чини дека незадоволството на добар дел од жителите на Кисела Вода е големо, но граѓанското организирање и унапредување на заедницата е занемарено од самите граѓани. На што се должи тоа, партиски калкулации, страв, незаинтересираност или апатичност? Трпков: Годините недоверба спрема сегашната и поранешната локална и централна власт, не натераа да се организираме и да преземеме сериозни чекори.Сфативме дека без било каков ангажман, не може да се реализираат и спроведат нашите заложби и очекувања. Упорноста и интересот на граѓаните ни е приоритет и се трудиме да ги истакнеме тие вредности. Веруваме дека се можни промени, кои ќе бидат поттикнати единствено од граѓаните и од нивите потреби. Многу често се обидувале да ја злоупотребат нашата иницијатива, за политички да не дискредитираат, дека сме за една или друга партија, но ние, нашиот имиџ го изградивме на најважниот столб во населеното место, а тоа е соседот и вредностите на взаемно почитување. Треба да учествуваме во изработка на плановите и да бараме права за нашите потреби и приоритети. За овие локални избори, многу граѓански иницијативи решија да пробаат преку независни листи да се вклучат во системот и директно да влијаат во работата на општинските власти. Можеби истите нема да освојат мнозинство во советите,но,многу е значајно како ќе делуваат и дали ќе останат на граѓанските принципи и заложби, за да го зачуваат интегритетот и надежта... Нашиот став, односно ставот на иницијативниот одбор на „Расадник на можности“ едека остануваме натпартиска граѓанска иницијатива, но тоа незначи дека доколу граѓаните на Расадник побараат, дека нема да излеземе со своја платформа. https://faktor.mk/trpkov-ako-se-turka-betonizacijata-na-rasadnik-kje-sledi-gragjanski-otpor-kakov-shto-dosega-ne-videle |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
GIF модел како би изгледал просторот ако се реализира планот
![]() Повеќе на линкот https://www.facebook.com/За-Расадник-на-можности-за-хуман-живот-во-Кисела-Вода-101461728384363/ |
|
![]() |
|
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
А гледајте колку е зелено и убаво, не ни мора нови дрвја...
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() ![]() Колку само похумани начини постојат да се искористи еден бришан простор... Ама кај нас ќе завршиме со минијатурни двосмерни улички до претесни тротоари, со недоволно паркинг и на крајот ќе се паркираат сите по тие тротоари. Какви посуштински работи постојат за подобар квалитет на животот за кои вреди да се протестира, ама нашето општество запнало да вергла за едно те исто. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПЛАНОТ ЗА РАСАДНИК ЌЕ СЕ НОСИ ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ, ОД ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ВЕЛАТ УШТЕ СЕ РАБОТИ И НАМАЛЕНА Е ПОВРШИНАТА ЗА ГРАДБА
Деталниот урбанистички план (ДУП) за Расадник во скопска Кисела Вода нема да се донесе пред изборите. Од Општина Кисела Вода за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека нема време планот да се донесе во овој мандат на градоначалникот Филип Темелковски, бидејќи се наоѓа на одобрување во Град Скопје. Потоа, ако Градот нема забелешки, треба да помине во Министерството за транспорт и врски, но тоа се постапки кои траат и по неколку месеци. „Предизборната кампања почнува за една недела, па и да биде одобрен од Град Скопје и Министерството за транспорт и врски, ДУП-от нема да се донесе затoa што во предизборие не се носат вакви важни планови. Направени се и одредени измени по забелешките на Градот, односно бруто површината за градба е намалена на 120.000 метри квадратни, што е значително помалку. Откако ќе ги помине сите институции, ние ќе организираме уште една јавна презентација за граѓаните“, велат од Општина Кисела Вода. Летово, на протести жителите на Кисела Вода побараа нов Детален урбанистички план кој ќе биде донесен на меѓународен конкурс, а граѓаните да избираат меѓу трите најдобри решенија на референдум. Сегашниот ДУП предвидува изградба на околу 100 нови згради на последното големо зеленило во Скопје, на само 2 километри од центарот на градот, со што дополнително ќе се загрозат и онака лошите и нехумани услови за живеење во овој дел од Општината. Истовремено, граѓаните бараат и минимум 40% јавно зеленило на просторот, катни гаражи, градинки, спортски терени, детски игралишта, училишта, поликлиника, велоспипедсски патеки. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/planot-za-rasadnik-ke-se-nosi-posle-izborite-od-opshtina-kisela-voda-velat-ushte-se-raboti-i-namalena-e-povrshinata-za-gradba/ |
|
![]() |
|
Auric.Goldfinger ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 19-Sep-2020 Online Status: Offline Posts: 15 |
![]() ![]() |
Тековната општинска администрација покажа невидена неспособност во врска со урбанизацијата на Расадник , невидено потценување на граѓаните на кои требаше да им го подобри животот,и самиот градоначалник и целата негова администрација ,како и неговите сопартијци од град Скопје и државна администрација толку се изгубија во сопствените лаги,што на крај се доведоа да самите незнаат што излажале кога лажеле последениот пат . И врв на врвовите на тв 24 без трошка срам изјавува дека малку му биле 4 години да го донесе ДУП-от .
Од друга страна неговата опозиција се спротивставува на урбанизацијата , со изговор дека нема да дозволи ,,бетонизација,, на Расадник . Истата таа што во 2012 намената од спорт и рекреација ја промени во домување ...со привремена амнезија како тоа изгледаше нивниот предлог ДУП во нивниот претходен мандат. Сега ќе бидеме во тренд со "зелената" опција . Додека завршат изборите , се разбира. Ах да , да не го заборавам меѓународниот конкурс ...кога проектно биро во Виена ќе ја види основната намена со веќе предвидените параметри во ГУП-от за домување , ќе испроектира еден голем Централ Парк . Мало морген. И трето . Разни зелени партии ,зелени опции , граѓански фејзбук квази здруженија , предводени од личности кои никогаш во животот не насадиле дрвце , и со нула допринос кон нивната сопствена непосредна околина , пробуваат на оваа искључително важна тема да најдат ухлебие во општинската администрација.За нивна жал а на наша среќа ќе исчурат одма по изборите . ПС.За блиската иднината на Расасник . Имајќи го во предвид менталитетот на жителите во непосредна близина на Расадникот како и предложените опции за нова локална власт и нивната визија за оваа локација , можам да пишам само , нека ни е честита новата голема депонија. Edited by Auric.Goldfinger - 23-Sep-2021 at 11:25 |
|
J.Bond: -DO YOU EXPECT ME TO TALK?
A.Goldfinger: -NO MR.BOND, I EXPECT YOU TO DIE ! |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ѓорѓиевски објави дека е стопиран планот за изградба на 99 згради во Расадник
Ги вадиме од фиока сите важечки урбанистички планови и транспарентно ги објавуваме на увид на граѓаните! Стопиран е и планот за Расадник“, вели градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. „Денес, два месеци по моето назначување за градоначалник, тука сме за да ја презентираме реализацијата на првиот дел од проектот, а тоа е вадење од фиока на СИТЕ ВАЖЕЧКИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ и нивно ТРАНСПАРЕНТНО ОБЈАВУВАЊЕ на УВИД на граѓаните!“, напиша градоначалникот на Фејсбук. „Во општина Кисела Вода има точно 53 важечки Урбанистички планови, а заклучно до моето преземање на функцијата градоначалник, на општинскиот ГИС портал беа објавени само 20. Во изминативе 60 дена, извадивме од фиока 33 урбанистички планови, ги дигитализиравме и јавно ги објавивме на веб страната на општината https://gis.kiselavoda.gov.mk/gis-preglednik/. Од денес, сите граѓани на Кисела Вода можат да пристапат на веб страната на општината и да направат увид во секој план, можат да направат увид во сопствената градежна парцела и да проверат што на тоа место е предвидено да се гради!“, вели Ѓорѓиевски, кој ги повика сите граѓани да направат увид во урбанистичките планови и сите нивни забелешки, сугестии и предлози за измени, дополнувања или укинувања на цели или делови од плановите да ни ги доставите во рок од 30 дена. „Образецот на кој може да ги наведете вашите предлози е достапен на веб страната, како и во архивата на општината. Пополнетиот Образец може да ни го доставите на емаил адресата revizijadup@kiselavoda.gov.mk, или во архивата во седиштето на општината“, напиша Ѓорѓиевски. Сите поднесени барања ќе бидат разгледани од Комисијата за Урбанизам на Општина Кисела Вода, како и од Партиципативното тело на граѓаните на Кисела Вода и по истите ќе се поведат конкретни постапки согласно законските прописи, најавува градоначалникот. https://www.slobodenpecat.mk/gjorgjievski-objavi-deka-e-stopiran-planot-za-izgradba-na-99-zgradi-vo-rasadnik/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС ЗА РАСАДНИК ВО ФЕВРУАРИ, НАЈАВУВА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КИСЕЛА ВОДА ЃЕОРЃИЕВСКИ
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски најавува меѓународен конкурс за просторот кај Расадник. Ѓорѓиевски вели дека постапката за носење на Деталниот урбганистички план со кој се предвидени 99 нови згради е стопирана и што ќе се гради на овој простор ќе се одлучи преку конкурс. „Согласно барањата на граѓаните, заклучно со февруари ќе биде објавен меѓународен конкурс за изработка на идејно решение за Деталниот план ‘Расадник‘, по што најдоброто решение ќе го изберат граѓаните. По изборот на идејното решение, ќе се пристапи кон изработка на новиот Детален урбанистички план за овој дел од општината“, вели Ѓорѓиевски. Сегашниот ДУП предвидува изградба на околу 100 нови згради на последното големо зеленило во Скопје, на само 2 километри од центарот на градот, со што дополнително ќе се загрозат и онака лошите и нехумани услови за живеење во овој дел од општината. Граѓаните на Кисела Вода летоска излегоа на протести против лошиот ДУП и побараа минимум 40% јавно зеленило на просторот, катни гаражи, градинки, спортски терени, детски игралишта, училишта, поликлиника, велосипедски патеки. Ѓорѓиевски вели дека со неговото доаѓање на функцијата јавно се објавени сите Детални урбанистички планови и дека во неговиот мандат ќе се бори против урбаната мафија. „Во Општина Кисела Вода има точно 53 важечки урбанистички планови, а заклучно до моето преземање на функцијата градоначалник, на општинскиот ГИС портал беа објавени само 20. Во изминативе 60 дена, извадивме од фиока 33 урбанистички планови, ги дигитализиравме и јавно ги објавивме на веб страната на Општината“, рече Ѓорѓиевски и ги повика граѓаните да направат увид во урбанистички планови и сите забелешки, сугестии и предлози за измени, дополнувања или укинувања на цели или делови од плановите да ги достават во Општината во рок од 30 дена. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/megunaroden-konkurs-za-rasadnik-vo-fevruari-najavuva-gradonachalnikot-na-kisela-voda-georgievski/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 56789 10> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |