build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Инфраструктура (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 33>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 01-Oct-2008 at 13:32


Да го поткрепиме тоа ведаш и со текст Cheers


Изградбата подолга од пругата

Железничката пруга која треба да ги поврзе Бугарија, Македонија и Албанија се очекува да биде готова до 2012 година. Овој мегапроект, владата го ставила во приоритетите бидејќи недостига само неговата доизградба, поточно на дел од железничката пруга од Крива Паланка до македонско-бугарската граница. Оваа пруга е дел од Коридор 8, кој покрај овие три земји ќе ја поврзува Јужна Европа со Блискиот Исток. Од владата се надеваат дека наскоро ќе се знае и која фирма ќе го доврши градежниот проект.
Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во месеците што претстојат јавното претпријатие „Македонски железници - инфраструктура“ од Скопје ќе распише тендер. Јавниот повик ќе биде за изработка на инвестициско-техничка документација за изградбата на делниците Куманово - Бељковце - Крива Паланка.
- Исто така, предвидено е изработка на студии и идеен проект за железничкиот дел од Коридор 8 на делницата од Кичево до Лин, односно до границата со Албанија - вели Драган Симоновски, портпарол на Министерството за транспорт и врски.
Со железничкото поврзување, сметаат од Министерството, ќе се зголеми економската соработка меѓу двете земји, особено во услови кога железничкиот транспорт во земјава се развива. Пругата кон Бугарија почна да се гради уште пред десетина години. Проектот го стопира Светска банка поради економската неоправданост. Но, идејата за доизградба повторно се актуализира откако Бугарија стана членка на ЕУ.
Од 89 километри на македонска страна, недовршени останаа уште 23. На бугарска страна останаа уште само 2 километри без железничка пруга.
Една од опциите е и добивање финансиски средства од европските фондови за доизградба на железничката линија кон Бугарија. Македонскиот министер за транспорт, Јанакиевски, и неговата колешка од Бугарија, Никофорова, пред скоро време се договорија заеднички да лобираат во ЕУ за да добијат дополнителни 240 милиони евра за доизградба на пругата.
Македонија прави напори да ја дозаврши пругата кон Бугарија, која на македонските компании им ја отвора вратата кон пристаништето во Бургас. Повеќедневната блокада на возовите кон соседна Грција пред неколку месеци им зададе удар на компаниите и шпедитерите, не само во Македонија, туку и во Србија и во Грција.



http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=667&ArticleID=26319
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 01-Oct-2008 at 13:36
CheersApplauseБелким ќе светне ден за овој Коридор!
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 01-Oct-2008 at 16:46
daj boze da pocnat pak da rabotat, iako spored mene 2012 e daleku ,treba pobrzo
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 02-Oct-2008 at 19:12
Е треба свест пред се! Доколку Коридор 10 го преместат преку Бугарија и Романија, тогаш ќе останеме слепо црево и ќе си свиркаме! И така сега со меѓународни возови сме катастрофално поврзани, нема воз за никаде!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 02-Oct-2008 at 20:15
Originally posted by BOJAN

Доколку Коридор 10 го преместат преку Бугарија и Романија, тогаш ќе останеме слепо црево и ќе си свиркаме!


Коридорот ќе си остане таму каде што е и нема шанси да се преместува, но ако ние и особено Србите продолжиме да се влечкаме, постои шанса самите да го релативизираме коридорот 10 и приматот да го превземе коридорот 4.
Ама крајниот резултат пак би бил отприлика ист - тогаш ќе може едино да си свиркаме...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 02-Oct-2008 at 20:20
Ќе си свиркаме додека не се доизгради коридорот 10. Кога ќе се изгради 10 сигурно дека ќе го остави зад себе 4. Ако е најисплатливо преку 10, ќе биде и најисплатливо после повеќе години. Со други зборови. 4-ка може само привремено да заврши работи, но како и да е кога ќе биде готов 10, пак 10 ќе си биде примарниот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 02-Oct-2008 at 20:35


Ама во меѓувреме ќе се претрпи огромна штета, а ако веќе дозволиме четворката барем привремено да го земе приматот (барем во делот во кој си конкурираат, затоа што не е правилно да ги споредуваме во целина), ќе биде многу потешко да се обезбедуваат финансии за десетката, па уште повеќе ќе се одолговлекува и плус поскапо ќе поминеме затоа што нема да ни стојат на располагање истите поволни можности.


Edited by Cloverstack - 02-Oct-2008 at 20:37
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 03-Oct-2008 at 17:11
Искрено речено, Македонија не е најголем проблем на Коридорот 10, туку тоа е дефинитивно Србија. Во Србија инфраструктурата е катастрофална па така брзината на најголем дел од коридорот е под 50 километри на час, на некаде само 20 километри на час. Затоа мислам дека Коридорот 10  е многу поспор, а тоа алтернативата преку Бугарија и Романија е се пореална. На Србија ќе и требаат стотици милиони евра за да го поврати коридорот во нормална состјба, а и Македонија ќе треба да реконструира.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 03-Oct-2008 at 19:20

Вечер поаѓа возот Бар - Скопје


Коментари (5)   
03.10.2008 11:59
Возот ќе сообраќа еднаш неделно

 

Првата тура на маршрутниот воз од пристаништето во Бар вечер во доцните часови поаѓа за Скопје. Товарењето на контејнерите започна утрово во 7 часот по заедничката средба на македонски стопанственици и бизнисмени со претставници на Пристаништето Бар, царинските управи на Македонија, Црна Гора и Србија.

На средбата учествувале и неколку шпедитерски компании кои во јули годинава како најдобра алтернатива за транспорт на македонската стока го избраа пристаништето во Бар.

Стоката од Бар за Скопје ќе се транспортира по железничката линија преку Краљево, а за таа намена во март минатата година е воведен контејнерски воз кој сообраќа еднаш неделно. Освен со воз стоката ќе може да се транспортира и преку двата патни правци.

Пристаништето во Бар има терминали за сите видови стока, а со оглед дека е во режимот на слободна економска зона може да биде дистрибутивен центар од каде македонската стока би се превезувала кон Македонија и кон други дестинации. Предноста во однос на Солунското пристаниште е тоа што цените ќе бидат пониски.

Неколкумесечните блокади на Солунското пристаниште во текот на оваа година целосно ги блокираа носечките македонски индустрии, црната металургија и челичната индустрија, кои создаваат над 20 отсто од бруто-домашниот производ и речиси половина од македонскиот извоз.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98409

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 03-Oct-2008 at 23:21
Искрено, со таква лоша железничка инфраструктура на Србите не би им го дал товарниот сообраќај во замена за Солун. Ја би за конечна изградба на пругата кон Бугарија. 
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 10-Oct-2008 at 23:50
Spic: Овој мегапроект, владата го ставила во приоритетите бидејќи недостига само неговата доизградба, поточно на дел од железничката пруга од Крива Паланка до македонско-бугарската граница...
...Jавниот повик ќе биде за изработка на инвестициско-техничка документација за изградбата на делниците Куманово - Бељковце - Крива Паланка.

Evolutionary: zarem ne zabelezuvate dlabok paradoks pomegju dveve recenici?
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 13-Oct-2008 at 03:01
Прилог кон проблемот околу доизградбата на пругата кон Бугарија - Бељаковци - Крива Паланка

Во списанието “ПОРТА 3” во бројот 77 од 29 февруари оваа година е поместен напис со наслов “Со враќање на трасата покрај коритото на Крива Река ќе се заштедат големи пари” (??). На прв поглед интересно! За проблемот на пругата Бељаковци - Крива Паланка е пи- шувано повеќе пати од разни аспекти и со разни предлози, а реалноста и содржината на искажувањата секој пат се во функција од тоа колку авторот (авторите) ги познава проблемите врзани за овој прокт. Така, на пример, имаше серија написи во весникот “Дневник” во мај и во јуни 1997 година од стручен и раководен кадар и пишувано од разни погледи и позиции според стручноста или позицијата на авторот во кои имаше разни искажувања и ставови. Во тоа време и јас дадов еден напис од кој некои делови ќе бидат искористени и сега.

 

Што се однесува до последниот напис, објавен во “ПОРТА 3”, безусловно авторот е со добри намери, но се гледа дека нема доволно информации и сознанија за одредени битни сегменти кои се третирани во текстот. Да почнеме од Крива Река:

-таа е единствена река во овој дел на Македонија која тече со целата должина на коритото во наша територија;

- извира од Осогово каде единствено во Источна Македонија снежната покривка речиси редовно достигнува и до над 1,0 метар, што придонесува режимот на течење, особено напролет, и количината на вода да е поинаков од тие во другите реки во поширокото опкружување;

-тече низ хидрографски и хидролошки сиромашно подрачје кое од друга страна има големи потреби од вода за сите потрошувачи (наводнување, водоснабдување, индустрија, екологија и друго);

- поради тоа водите на Крива Река мора да се искористат целосно, а тоа се постигнува само со голема акумулација во коритото на реката, бидејќи со алиментациони канали и носење на водата во акумулации во коритата на некои мали реки или суводолици каде на прв поглед има можност за формирање на акумулационен простор, нема можност да се задржуват големите води кои се голем процент од вкупниот годишен протек на Крива Река;

-профилот “Вакуф” овозможува акумулација од 146.000.000 м3 бруто, односно 114.000.000 кубни метри нето и протечните води за време на сезоната за наводнување кои се значајна количина што е во редот на акумулациите “Калиманци” (127 милиони м3) и “Стрежево” (112 милиони м3). Таква акумулација со толку акумулирана вода и користење на водите преку акумулации надвор од коритото на Крива Река повеќе од сигурно е дека не може да се обезбеди и искористи;

-На сите научни и стручни собири на локално, регионално и на меѓународно ниво за проблемите во врска со ресурсот вода се нагласува потребата за зачувување на квалитетот на слатките води и нивно рационално искористување. Посебно се нагласува потребата од фокусирање на целосно искористување на водните ресурси и контрола на загубите, според тоа и во случајот на Крива Река тоа е наша обврска која може да се реализира само со голема акумулација како што е “Вакуф”;

- во коритото на Крива Река е предвидена само една акумулација - “Вакуф”,

“Длабочица” е напуштена преди повеќе од 25 години кога за наводнување на Славиш ко Поле со површина од 4.000 хектари на место “Длабочица” е предложена акумулација на Киселичка Река - десна притока на Крива Река за што ќе се даде краток коментар подолу. Подоцна е изработен идеен проект за брана и акумулација во коритото на Длабочичка Река, но со помал акумулационен простор поради што е непотребно и “Длабочица” да биде обвинета за високата инвестиција за пругата. Браната и акумулацијата “Длабочица” на Крива Река фигурира во Студијата за интегрален развој на сливот на реката Вардар бидејќи промената е настната подоцна. Таа е изоставена и во Студијата за изработка на Мастер планот за интегрален развој и управување со водните ресурси во Република Македонија. Исто и во новата Водостопанска основа не треба да се внесе, и веројатно нема да се внесе браната и акумулацијата “Длабочица” на Крива Река.

Во предметниот напис се коментира и наводнувањето на Славишко Поле и светиниколска Мездра. Славишко Поле е со површ ина од 4.000 ха, а не од 2.986 ха иако толку стои во Студијата за интегрален развој на сливот на реката Вардар, бидејќ и површината од 4.000 ха е добиена врз основа на Педолошка основа за Славишко Поле за време на изработката на Студијата за негово наводнување. При изработката на таа Студија е анализиран целосно базенот на Крива Река возводно од Кратово (со сите притоки), при што се анализирани сите можни профили за акумулации и хидролош киот капацитет, како и можностите за наводнување. При тоа е усвоено решение за наводнување на Славишко Поле со создавање акумулација на Киселичка Река - десна притока на Крива Река, доведување на водата со цевковод низводно од Крива Паланка каде се искористува енергетски, а потоа водата се зафаќа и носи за наводнување на Славишко Поле. Акумулацијата “Длабочица” на Длабочичка Река е работена подоцна како алтернатива на “Киселичка Река”, но таа нема доволно вода да ги задоволи потребите што ги задоволува “Киселич ка Река”, па веројатно ќе има некоја друга намена во иднина.

Во времето кога се изработуваше Водостопанската основа на Македонија и Студијата за интегрален развој на сливот на реката Вардар, кои се работени крајно сериозно и студиозно, што ги спомнува како техничка документација и авторот на написот од 29 февруари 2008 година, источниот дел на Кумановско Поле со површина од околу 14.200 ха е предвидено да се наводнува од акумулацијата “Прохор Пчињски” на реката Пчиња возводно од манастирскиот комплекс. Во сегашни услови, по распа- ѓањето на Југославија, таа акумулација е на српска територија и на нејзините води не може да се смета. На наша територија реката Пчиња нема профил за акумулација, а и да го има поголемиот дел од водата ќе се акумулира и користи на српска територија, а за користење на македонска територија останува мала водна количина.

Според тоа и тие површини од 14.200 ха во иднина ќе се наводнуваат од акумулацијата “Вакуф” или заедно со Мездра и Велеш ко Брдо од 12.536 ха, а од “Вакуф” треба да се обезбеди вода за наводнување на 26.736 ха што никако не е можно да се обезбеди со мали акумулации надвор од коритото на Крива Река. Да не навлегуваме на ова место за други потреби од вода кои треба да се покријат од “Вакуф”, но сепак треба да се спомнат, како дополнување на водоснабдувањето или обезбедувањето на вода за водоснабдување на околу 100.000 жители и индустријата во Куманово и Кумановско, еколошки потреби и друго што уште повеќ е обврзува на целосно искористување на водите на Крива Река кое е можно само преку голема акумулација.

Авторот на цитираниот напис дава мислење дека пругата Бељаковци - Деве Баир била во голема мера изградена за време на бугарската окупација на земјата, но информациите од надлежните служби од “Македонски железници” во времето кога се донесе одлука да се гради пругата беа дека извршените земјени работи после 50 години оставени на забот на времето се во таква состојба што нивното доведување во употреблива кондиција е многу поскапо отколку да се гради нов долен строј за пругата. Од друга страна и самата траса е со несоодветни елементи. Обвинувањата дека “Вакуф” е причина за високите инвестиции за изградба на пругата до Бугарија не се точни, “Вакуф” не е виновен. Имено, во 1994 година кога Владата на Република Македонија донесе одлука да се гради пругата Бељаковци - Деве Баир по коритото на Крива Река, јас се залагав со сета енергија и знаење за зачувување на просторот за акумулацијата “Вакуф” за да не ни се повтори случајот со Вардар каде поради пругата Гевгелија - Скопје, која е по коритото на Вардар се уште не се изградени хидроцентралите “Башино Село” кај Велес и “Градец” кај Удово поради скапото чинење на изместувањето на пругата, а ние сме и понатаму посиромашни за енергијата која би се добила од најголемата река во Македонија од тие две значајни електроцентрали. Ако тоа ни се има случено во 19-тиот век кога сме немале стручен кадар од соодветните области, сега не смееше да се дозволи таква грешка поради што и се смени одлуката на Владата и се донесе одлука да се подигне трасата на пругата над акумулацијата што е единствено исправно решение. Бидејќ и истовремено беше донесена одлука и веднаш да се почне со изградба на пругата, требаше брзо да се делува. Со поднесени релевантни аргументи по кратко време беше донесена нова одлука на Владата пругата да се подигне и акумулациониот простор за акумулацијата “Вакуф” да се зачува. Стручниот кадар во Проектантското биро на “Македонски железници” изготви солидни анализи за тоа што значи за пругата подигањето на трасата над нивото на акумулацијата. Се доби официјален податок дека заради подигањето на трасата на пругата таа се продолжува за скоро еден километар. Ако тогаш се тврдеше дека 56 километри колку што е долга пругата, ќе чинат 120 милиони долари (и сега авторот на цитираниот напис тврди дека пругата би чинела два милиони евра за километар, во тоа време доларот беше скоро еднаков со еврото, но за чинењето на пругата реалноста е поинаква), еден километар би чинел 2.138.500 долари, тогаш зголемувањето на инвестициите за продолжениот километар ќе изнесуваа околу 2,5 милиони долари. Имаше и податок дека ќе има зголемување на инвестициите за објектите само на потегот на кој се подига пругата, исто за околу 2,5 милиони долари што значи вкупното зголемување на инвестицијата изнесува околу пет милиони долари или 2,77 проценти од целата инвестиција која беше одредена за изградба на 56 километри пруга. Сето тоа се однесува за трасата на пругата по коритото на Крива Река која подоцна е напуш тена.

Пред стручната железничка фела во тоа време сериозно се постави прашањето каква пруга сакаме да градиме на крајот на 20. век и со која брзина треба да се вози во 21. век и подоцна по ова пруга кога се тежнее во сите сфери да имаме европски стандарди или блиски на нив. При тоа се изработија две варијанти од железнички аспект: варијанта со брзина од 80 до 100 км/час колку што обезбедуват условите и елементите на трасата на пругата по коритото на Крива Река, за која се залага авторот на цитираниот напис; варијанта со брзина од 100 до 130 км/час која поради елементите кои треба да бидат задоволени за да се постигне брзина од 130 км/час трасата на пругата се подига по целата должина и според оваа варијанта трасата е сама по себе над акумулацијата “Вакуф”.

Бидејќи се одлучи да се гради пруга со елементи да може да се вози до 130 км/час - по современа пруга, со траса повлечена и диктирана само од условите на железницата - подигната повисоко по терен кој има поприфатливи услови за посовремена градба на пруга, акумулацијата “Вакуф” остана надвор од пругата, според тоа таа не треба да се спомнува како услов за зголемување на инвестициите за пругата, туку причините треба да се барат на друго место. Според мене како релативно добро информиран во тоа време, инвестицијата од 120 милиони долари е одредена врз основа на недоволна и несоодветна техничка документација, но веројатно има и други причини за мене непознати, кои влијаеле при утврдувањето на инвестицијата.

Да повторам уште еднаш. “Вакуф” не е виновен за високата инвестиција за пругата Бељаковци-Деве Баир. Причините за високите инвестиции се на друго место.

Многу стручни лица и денеска се изјаснуват дека подобро решение за поврзување со Бугарија е правецот Велес - Штип - Кочани - Делчево - Ќустендил или Дупница која врви по средината на Македонија и по подобри теренски услови за железничкиот дел од Коридорот 8 на делот од Кочани до границата со Бугарија со што се согласувам и јас. За тоа во други прилики.

Изложеното во овој напис за пругата Бељаковци - Деве Баир и акумулацијата “Вакуф” ја дава реалната состојба на збиднувањата кога таа пруга и “Вакуф” беа актуелни за одлучување, па најверојатно ќе бидат корисни за читателите на “ПОРТА 3”, како и за авторот на написот објавен во списанието на 29 февруари, со што секако ќе биде јасно дека водостопанските решенија во сливот на Крива Река, особено акумулацијата и браната “Вакуф” немаат влијание на висината на инвестицијата за пругата кон Бугарија преку Крива Паланка .

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=218&Itemid=64


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 13-Oct-2008 at 03:02
СТРАТЕШКИ И ЕКОНОМСКИ ОПРАВДАНА ЖЕЛЕЗНИЧКА ПРУГА НА КОРИДОРОТ ИСТОК - ЗАПАД(1): Површен пристап околу изградбата на капиталниот и скап објект кон Бугарија
Image
Во насоката кон Бугарија иако беа разгледувани две варијанти, поради недоволните испитувања и необјективните споредби, се одлучи да се гради варијантата Бељаковце - Крива паланка - Ѓуешево. - Во времето на одлучувањето (1993/94 година) во средствата за јавно информирање беа изнесувани податоци дека за изградба на пругата Бељаковце - Крива паланка - граница со Бугарија во должина од 53,66 километри ќе бидат потребни околу 120 милиони долари, додека за изградба на пругата Кочани - Делчево - граница со Бугарија (во продолжение кон Благоевград) ќе бидат потребни околу 430 милиони долари
Просторниот план на Република Македонија е документ од посебен интерес со кој се обезбедува осмислена организација на просторот, се придонесува за порационално и похумано користење на природните ресурси, максимално се намалуваат неминовните даноци како последица на технолошкиот развој на современиот свет, а со тоа се придонесува и за зачувување на богатството на земјата за наредните генерации.

Во рамките на Просторниот план сообраќајната инфраструктура претставува основен елемент или мрежа на координатни системи покрај кои се разместува и на кои се надоврзува сета останата инфраструктура. Поради тоа, со правилната организација на просторот и разместеноста посебно на главните сообраќајни коридори, ќе се обезбедат позитивни промени на просторот, додека погрешно избраните и реализирани ќе создадат негативни последици и тоа не само на просторот низ кој поминуваат, туку и на просторот на кој требало да поминуваат, а со тоа и негативни последици и за пошироката заедница.

Во Просторниот план местоположбата на сообраќајната инфраструктура треба да се утврдува врз основа на претходно подготвена и одобрена подолгорочна студија за развој на собраќајната инфраструктура, која во конкретниов случај отсуствува.

Во овој напис ќе бидат изнесени глобални согледувања за железничкиот коридор Исток-Запад, а посебно за врската на Македонија кон Бугарија.

Железничкиот сообраќај почнувајќи од изградбата на првата железничка пруга во Англија (1821 година) па се до крајот на Втората светска војна (а во понеразвиените држави и подоцна) претставувал основен и најсовремен сувоземен вид на превоз, па поради тоа постоел голем економски и стратешки интерес за изградба на железнички пруги за поврзување на поголемите центри во државите и на државите помеѓу себе. За поврзување на територијата на Македонија со соседните земји со железница и тоа по иницијатива на поразвиените европски земји се разработувани решенија во втората половина на 19 век (во време на Отоманската Империја) и главно на сите стратешки коридори било планирано да се изградат железнички пруги. Во тоа време се изградени пругите Солун - Скопје, Солун - Битола и Скопје - Белград, односно обезбедено е поврзување на Македонија со железница само во насоката север - југ.

За поврзување со железница на територијата на Македонија во насоката исток - запад во втората половина на 20 век се изготвувани проекти и преземани се активности за градба, но економските, а повеќе политичките состојби на Балканот биле одлучувачки фактори што не се реализирани овие проекти.

За одбележување е што во последните десетина години настанаа крупни промени во развојот и соодносот на патниот и железнич киот сообраќај во корист на патниот, поради што е неопходно преиспитување на од порано присутните идеи и проекти за изградба на железнички пруги. Во начело железничкиот сообраќај во однос на патниот претставува порационален и поефикасен за помасовни и подалечни превози. Меѓутоа, имајќи предвид дека потребите за решавање на енергетскиот проблем, рационализацијата во транспортот, заштитата на земјишниот простор, заштитата и хуманизирањето на човековата околина, зголемувањето на безбедноста во сообраќајот и потребата за што помала зависност на транспортот од временските услови кои во наредниот период ќе бидат присутни во се поизострена форма, ќе мора на железничкиот сообраќај во однос на друмскиот да му се обезбеди порамноправен третман, бидејќи тој од овој аспект има компаративни предности. Македонија територијално е мала земја и со својата положба во централниот дел на Балканот, практично во целина претставува сообраќајна крстосница. Од неколкуте досега разгледани локални коридори Север- Југ и Исток-Запад кои се сметаат за стратешки, во меѓународни рамки секој посебно од нив може да добие значење на ме- ѓународен коридор.

Македонија во споредба со европските земји (освен Грција и Албанија) значително заостанува со развојот на железничката мрежа, а железничките пруги (освен Табановце - Гевгелија и Скопје - Г.Јанковиќ) завршуваат како слепи колосеци. Пругата Битола - Кременица иако продолжува за Грција, поради присутните состојби, практич но завршува како слеп колосек. Ваквата состојба со пругите го прават железнич- киот сообраќај недоволно функционален и рентабилен, па поради тоа и економската состојба на “Македонските железници“ е незавидна. Со активностите што се прават за изградба на железничкиот коридор Исток - Запад покрај меѓународното поврзување, ќе треба првенствено и максимално во целина да се подобри функционалноста на железничката мрежа во државата, односно да се зголеми интересот и можноста за превоз на патници и стока, а со тоа и создавање услови за поекономично стопанисување на железницата. Железничките пруги како линиски објекти се протегаат на големи должини, поминуваат низ различни релјефни, геолош ки, хидролошки и климатски услови, поминуваат низ простори со различни состојби и можности на развиеност и нееднакви потреби и можности за секундарни продолж увања, па поради тоа изборот на најдоброто решение не е едноставен. Колку е просторот поголем и условите поразлични, толку се логично побројни поприфатливите варијанти за анализирање. Се оценува дека за коридорот Исток - Запад не се направени на прифатливо инженерско-економско ниво потребни испитувања и споредувања на логично прифатливите варијанти.

За насоката кон Албанија без да се направат варијантни решенија на поширокиот простор, прифатено е да се изготвува инвестиционо-техничка документација за трасата Кичево - Извор - Ботун - Струга- Радожда - граница со Албанија. Меѓутоа, се наметнува за споредба варијантата Кичево - Карбуница - Турла - Велмевци - Брежани - Ботун - Струга - Радожда - граница со Албанија, со која со дополнителен крак Велмевци - Сопотница во должина од околу 11 километри се овозможува реализирање на три меѓународни правци и тоа: Скопје - Кичево - Струга - Тирана; Скопје - Кичево - Битола - Солун; и Солун - Битола - Струга - Тирана; како и кружно железнич ко поврзување на северниот, западниот, југозападниот и централниот дел на Македонија. Во насоката кон Бугарија иако беа разгледувани две варијанти, поради недоволните испитувања и необјективните споредби, се одлучи да се гради варијантата Бељаковце - Крива Паланка - Ѓуешево. Во времето на одлучувањето (1993/94 година) во средствата за јавно информирање беа изнесувани податоци дека за изградба на пругата Бељаковце - Крива Паланка - граница со Бугарија во должина од 53,66 километри ќе бидат потребни околу 120 милиони долари, додека за изградба на пругата Ко- чани - Делчево - граница со Бугарија (во продолжение кон Благоевград) ќе бидат потребни околу 430 милиони долари. Според досега вложените средства за изградба на пругата Бељаковце- Крива Паланка - граница со Бугарија и потребните средства за изградба на пругата во целина, јасно произлегува дека се работи за површен пристап за изградба на капитален и скап објект, а при сето тоа за одбележување е дека елементите на пругата што се гради обезбедуваат брзини од 80 до 100 километри на час, што претставува своевиден апсурд за изградба во денешно време на пруга на главен меѓународен коридор.

Според сегашните состојби и за подолг временски период за соодносот меѓу патниот и железничкиот сообраќај ќе нема ниту потреба, ниту можности за изградба на уште еден главен железнички коридор кон Бугарија.

(Продолжува)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=630&Itemid=108


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 13-Oct-2008 at 03:03
Доизградбата на железничката пруга кон Бугарија како предизвик
Image
Во бројот 81 на “ПОРТА 3” од 30 април 2008 објавен е прилог - мислење од дипломираниот градежен инженер Александар Радевски, околу проблемот - доизградба на пругата кон Крива Паланка и Бугарија, кој фактички допира и искажува свое мислење за текстот објавен во број 77 на списанието, од 29 февруари, со наслов “Кон проблемот околу доизградбата на пругата кон Бугарија”.

Ги респектирам искажувањата на инженер Радевски, кој подетално ги објаснува причините зошто е занемарена, или поточ но отфрлена старата траса на пругата (која во голема мера е изведена) и се преминало на ново решение кое драстично ја подига трасата, ориентационо над нивото на акумулацијата “Вакуф” и по мое убедување непотребно поскапува.

Авторот на тој напис искажува мислење оти јас како автор на претходниот текст, можеби немам доволно информации за тој проблем, па и мене и читателите на “ПОРТА3” не потсетува дека пругата Бељаковци - Деве Баир и акумулацијата “Вакуф” биле актуелни за одлучување, потенцирајќи при тоа дека водостопанските решенија во сливот на Крива Река, посебно акумулацијата и браната “Вакуф”, немаат влијание на висината на инвестирањето во пругата кон Бугарија.

Мислам дека беспредметно би било одредено полемизирање околу тоа, колку е значајна доизградбата на оваа железнич ка пруга.

Факт е дека финалното дообликување на таа пруга предолго доцни и прашање е до кога ќе трае тоа. Мислам дека причините за тоа се преголемото инвестиционо вложување, предизвикано од водостопанските планови на Македонија од претходниот период, кои се базираат на груб третман на просторот, но и крутото поддржување на тие планови, губејќи ги од предвид евентуално можните други алтернативи, кои на безболен начин ќе го решеле проблемот. Планираните земјоделски површини можеле да се наводнуваат од други порационални изворишта на вода, а проектантите на пругата од МЖ не само што непречено ќе ја проектирале постојната траса, не само што таа ќе била со изразито помало инвестиционо вложување споредено со новата, туку и одамна ќе имавме нормален железнички сообраќај со Бугарија, како и со многу други земји од Истокот.

Факт е и тоа дека треба да се респектираат планирањата на ниво на држава, независно од тоа дали одредени планови од една област се судруваат со планови од друга, при што треба да се оди на приоритетно, но и компромисно решение, со евентуална потрага по алтернативи кои на задоволителен начин би дале вонредно поволни ефекти базирани на подетална анализа и третман. Читајќи го написот и искажаното мислење на господин Радевски, чувствувам морална обврска да одговорам, но и да го одбранам својот текст, бидејќи огромен број аргументи ќе го поткрепат тоа, како на пример:

- Не е точно дека доволно не сум информиран. Информиран сум толку колку што беше потребно за да го искажам своето убедување, но и укажување дека новата траса на пругата е промашување кое Македонија досега многу ја чини, но и понатаму ќе ја чини.

Многу години пред тоа укажував оти тоа е погрешно решение, но никој не придаваше важност на тоа.

- Точно е дека во Водостопанските планови на Македонија во коритото на Крива Река се планирани акумулациите Вакуф и Длабочица,за наводнување на земјоделските површини во регионите на општините Крива Паланка, Кратово и Свети Николе. Тие се содржани во Водостопанската основа на Македонија и Студијата за наводнување во СРМ 1974 изготвена во Заводот за водостопанство и Мелиопроект, во која учествував и јас, но и господинот Радевски, се разбира, на различни проектни задачи.

- Кога конечно сфатив дека нема одглас на моите реакции и укажувања (на причините нема да се осврнам), по најновото актуализирање на проблемот околу доизградбата на пругата во почетокот на 2007 година, се решив да реагирам на свој на- чин,односно да укажам на тоа дека постои алтернатива за елиминација на браните во коритото на Крива Река преку ново, иновирано техничко решение, кое врз база на подетално истражен простор во регионот на општините Крива Паланка и Свети Николе нуди вонредно поволни можности за прегради - брани и акумулации, кои како потенцијални изворишта на вода за наводнување целосно ќе ја прифатат улогата на претходно планираните Вакуф и Длабочица.

- За да не биде тоа само сувопарно искажување, ќе напоменам дека таквите аргументи ги соопштив и презентирав во иновираното техничко решение во елаборатот што го имав обработено многу порано, го дообработив и обликував во април 2007 година, и го заштитив своето авторско право, во Авторската агенција на Македонија.

-Иако тој елаборат е насловен како Идејно решение, обработката на одделни објекти е на ниво на идеен проект.

- Ќе нагласам и тоа дека новопланираните акумулации како потенцијални изворишта на вода за наводнување, целосно ја прифаќаат улогата на Вакуф и Длабочица, со посебен акцент на порационални решенија, кои сепак се потпираат на водите од коритото на Крива Река, води што ќе го полнат просторот на новопланираните акумулации.

- Се чини дека постои сомневање во нормалното алиментирање води од коритото на Крива Река во новопланираните акумулации, на што ќе одговорам дека зафатот на води од Крива Река ќе се одвива преку тиролски тип на зафат, со сите придружни подобјекти и елементи без каква било пречка во зафаќањето. Доколку се воспостави дека сепак зафатот на води од тиролски тип е помал или процентот на опфатени води е несоодветен, тогаш решението ќе биде со планирање на уште еден дополнителен, узводно од првиот на погодна локација. Водите зафатени во коритото на Крива Река од еден или два зафатни објекта, се упатуваат кон просторот на акумулацијата преку алиментациониот канал, а кон подолната акумулација зафатените води се водат преку алиментационен канал и хидротехнички тунел.

- Треба посебно да се напомене дека во Елаборатот целосно е прифатено концепциското решение на хидротехничкиот тунел, со нешто изменета траса, чија функција во претходното решение е да ги води зафатените води од акумулацијата Вакуф кон Светиниколскиот регион, додека по новото решение заедно со алиментациониот канал ги водат зафатените води од коритото на Крива Река во просторот на акумулацијата Стањевци.

- На забелешката околу зафатнината на акумулирани води во корисниот простор на акумулацијата Вакуф, точно е дека кај неа има корисна зафатнина од околу 114.000.000 кубни метри, но таа е со задача да обезбеди количина на води од околу 60.000.000 кубни метри, пресметана врз база на планираната структура на култури, застапени со наводнување во Светиниколскиот регион и Велешко брдо.

- Вкупниот простор на новопланираната акумулација Стењевци е околу 103.000.000 кубни метри, од кои во корисниот простор на акумулацијата, околу 76.500.000 кубни метри, кои не само што ги задоволуваат потребите, туку се појавува вишок на води, кои ќе добијат третман за проширување на системот, втори култури или енергетско искористување.

- Споредувајќи ги новопланираната акумулација и Вакуф, од аспект на инвестиционо вложување се доаѓа до заклучок дека е огромна разликата во прилог на новопланираната, кај која голем дел придружни објекти се скоро непотребни. Така на пример, овде делува вообичаен режим на водите кои гравитираат кон просторот на акумулацијата, поради што не се потребни органи за евакуација како: преливен објект, канал, брзоток и бучница, додека кај акумулацијата Вакуф тие се со огромни димензии, од причина што кон таа акумулација гравитираат води од сливно подрачје од околу 700 км2. Кај Вакуф е неопходна и предбрана со опточен тунел за евакуација на градеж ните води. Кај Стањевци тоа е непотребно поради тоа што нејзиниот слив е со големина од само 9 км2. Заради одредена сигурност, тука сепак евакуацијата на евентуалната појава на води се решава со армиранобетонски цевки со дијаметар од околу еден метар.

Кај браната Вакуф неминовна е инјекциона завеса, додека кај браната Стањевци прашање е дали е потребна и ако е потребна со колкава големина би била таа, бидејќи нејзината локација е целосно во замочварен терен.

- Дополнителен позитивен ефект кај новопланираната акумулација е што поголемиот простор кој го потопува акумулацијата е замочварен и не е во експлоатација, додека кај акумулацијата Вакуф се потопуваат најпродуктивните земјоделски површини од Кратовскиот регион, или поконкретно, преку 600 хектари. Потоа целосно се потопуваат селото Кетеново и повеќе куќи и маала, одреден број фабрики и погони во индустриската зона на Кратово, околу 7-8 км од постојниот пат кон Скопје, Куманово и Крива Паланка и мостот преку Крива Река, поради што е неопходна девијација на тој патен правец од околу 12 км, а со тоа и изградба на нов мост со распон од околу 130-150 метри, кој веќе не премостува речен ток, туку дел од акумулацијата Вакуф.

- Што се однесува до погорната акумулација, ќе истакнам дека кон неа гравитира количина на води од околу 72.000.000 кубни метри, зафатени на ист начин од коритото на Крива Река, но нејзиниот капацитет е со количина од околу 65.000.000 кубни метри, од кои во корисниот простор на акумулацијата е усвоена количина од околу 50.500.000 кубни метри вода, за наводнување на земјоделски површини, претежно во Славишко Поле кое му припаѓа на Кривопаланечкиот регион и земјоделски површини од Кратовскиот регион, со посебна напомена дека таа количина на води може да обезбеди не 3.000 хектари како што е планирано со акумулацијата Длабочица, туку речиси три пати повеќе. И оваа акумулација е лоцирана надвор од коритото на Крива Река, но и таа го полни својот простор со води зафатени од оваа река по пат на алиментирање. Бидејќи и оваа акумулација располага со поголем вишок на води, постојат можности за разни комбинации како тие најрационално да се користат.

- Морам посебно да нагласам дека огромен број информации во врска со проектирањето на новата траса на пругата и сите проблеми околу тоа, ги барав и добивав од Проектантското одделение на МЖ и проектантите, кои потврдуваат дека главна и единствена причина за поместување на трасата на пругата се акумулациите Вакуф и Длабочица и барањето тие по секоја цена да се задржат во коритото на Крива Река, поради што е избрана нова траса, изработен е проект и почната е реализација на тој проект и пругата.

- И покрај тоа што поводот е актуелноста на пругата, сепак, поголем простор во текстов е даден на хидротехничките, односно водостопанските можности и проблеми, кои и го актуализираа проблемот со пругата, нејзината траса која се оценува како изразито скапа од аспект на инвестиционо вложување, споредена со постојните и реални можности, кои ги има регионот непосредно покрај коритото на Крива Река.

- Вложив и труд и време, се со намера да презентирам одредени мож- ности и ефекти заради поекономична изведба на пругата кон Бугарија. Намерата ми беше да иницирам и заинтригирам покомпетентни фактори, политичари или стручњаци сеедно, кои треба да поведат сметка оваа наша сиромашна државичка да не се расфрла со пари, кои ни се повеќе од потребни. И покрај се, резултатите изостанаа.

- Посебно ќе истакнам дека по изработката на елаборатот во април 2007 година, изготвив информација околу проблемот со пругата и ја доставив до претседателот на Владата, министерот за транспорт и врски, пратениците во Собранието Љубисав Иванов-Ѕинго и Радмила Шекеринска, проектантите на трасата на пругата. Можеби е неверојатно, но одговор добив само од кабинетот на претседателот на Владата, со препорака да се обратам до министерот за транспорт и врски, иако заедно со нивното писмо, испратив писмо и до ресорниот министер. Заклучокот за односот кон мене како граѓанин го препуштам на читателите на “ПОРТА 3”.

Посебно би сакал да го истакнам многу коректното однесување и во однос на одговор, но и од подоцнежната комуникација што ја имав и ја имам со проектантите од Македонски железници. Сметајќи дека градоначалниците на Куманово, Кратово, Крива Паланка и на Свети Николе ќе бидат заинтересирани за проблемот кој ги допира и нивните региони и ним им ја испратив истата информација, но и од нив изостана каков било одговор.

Се надевам дека господинот Радевски, а веројатно и другите читатели на “ПОРТА 3” ќе бидат задоволни од презентираните информации во врска со проблемот доизградба на пругата кон Крива Паланка и Бугарија.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=484&Itemid=108


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 13-Oct-2008 at 06:04


Интересна преписка помеѓу господата Александар Радевски и Јован Хаџиевски (првиот и третиот текст). Проблематиката е комплицирана, а сите варијанти имаат свои предности и недостатоци. Да се надеваме дека оние што одлучуваат располагаат со квалитетни информации и знаат добро да извагаат.

И вториот текст (Љубомир Тодоровски) нуди простор за размислување, особено за трасата Кичево-АЛ.
За жртвување на трасата спрема БГ преку К.Паланка, во корист на онаа преку Кочани и Делчево, не сум баш убеден поради значителното поголемата должина, а виси и прашањето дали Бугарите би прифатиле таква варијанта. Ама ако ништо друго, таа варијанта би оставила простор за подолго размислување во однос на тоа што беше напишано во првиот и третиот текст Big%20smile


Добар „фајнд“ лсл   Cheers
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 13-Oct-2008 at 16:42
Kaj nas najveke sto se krade se kradev preku tenderite, normalno deka trasata ne vredela tolku pari no sepak bila preskapa za da imat sto da kradat, 430 miljoni so 120 pa toa se ogromni razliki i golemi krazbi,kako i sekogas nikoj ne e zatvoren, nikoj ne e kriv, a na krajot nikoj ne e ni dolzen nitu pak odgovoren za toa, Aleksandar se gleda po svojot trud deka e iskren covek , i po zborovite , i poveke mi e ubedliv on od Jovan , no ocigledno deka ni trebaat i dvete prugi ,i taa kon bg, i taa kon al.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 13-Oct-2008 at 16:59


Па нормано дека имало разлика помеѓу предвидените цени за две различни пруги (едната е преку К.Паланка другата е преку Кочани). Не навлегувам во тоа колку тие проценки биле прецизни, ама не се работи за иста пруга така да коментаров воопшто не ти држи вода.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 13-Oct-2008 at 17:17
Ne ja voda imam, ali ovoj aleksandar nesto se zanimava so voda, i toa vo kubni santimetri )))
Inace zborot mi bese opsto , bez razlika za koja pruga se raboti , jas procitav i znam deka se raboti za 2 razlicni prugi , koi taa preku k.palanka e poskapa od drugata, no sakav da kazam deka so lopovi ne moze da se zavrsi nikad.


Edited by mitatos - 13-Oct-2008 at 17:19
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 14-Oct-2008 at 10:40
Пругата Благоевград-Кочаи-Велес-Прилеп-Кичево-Струга-Подградец е нереална од повеќе причини. Потребна е комплетна промена на пругата ВЕЛЕС-КОЧАНИ, а и нема да поминува низ Скопје, што е лошо бидејќи најголем дел од индустријата и патниците кои би биле потенцијални корисници на оваа пруга се од Скопје. Мое мислење е дека пругата ќе почне забрзано да се гради во оној момент кога и Грција и Србија ќе не притиснат на политички план, а тоа ќе се случи многу брзо.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 14-Oct-2008 at 14:24


Во текстот не беше спомната таква работа (да не се гради Кичево-Ал), туку да се истражат можностите за модификација на трасата, а конкретниот предлог на авторот едноставно би овозможил полесно поврзување на таа траса со кракот од Сопотница, со што би се добиле алтернативни правци.

Во секој случај се слагам со тебе дека преку Паланка наместо преку Кочани е далеку подобро од многу аспекти, а и дека има реални шанси да дојде нож до коска за проектот (македонската економија веќе претрпе огромни штети од грчкото опструирање, кое сега е можно да се засили и координира со слични потези од српска страна - тоа е цената на непрепознавање на приоритетите).


Edited by Cloverstack - 14-Oct-2008 at 14:24
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 33>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.656 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.