| Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#141 Posted: 28-Jan-2009 at 15:35 |
ПОРАДИ НИСКИТЕ ПОТПОРНИ SИДОВИ НА ГРАДИЛИШТЕ ВО КИСЕЛА ВОДА
Пак се урна дел од Водно
Општинарите
утврдија дека потпорните sидови на градилиштето се многу мали и не
можат да ги спречат одроните, па ќе бараат инвеститорот да изгради
поголеми и ќе го казнат за отстапките
Вчера околу 2 часот наутро, по вторпат се одрони дел од ридот на Водно
на градилиштето на фирмата "НЃ Инженеринг" на улицата Димо Хаџи Димов
во Општина Кисела Вода. Во моментот кога се свлекол ридот, на
градилиштето на фирмата немало никој. Од одронетата земја уништени се
само неколку железни конструкции и друг градежен материјал. Работниците
на градилиштето, кои со месеци го копаат ридот за да градат зграда,
утрината кога отишле на работа го забележале свлекувањето. Тие велат
дека за разлика од претходниот пат пред четири месеци, кога поради лошо
поставените потпорни sидови на градилиштето се урнал дел од ридот на
Водно, овој пат ридот не се одронил поради грешка во изведбата на
градбата туку поради врнежите во изминатите денови.
"Нема грешка во градењето на зградата. Минатиот пат кога се случи
одронувањето, немаше потпорни sидови, но ние веднаш после тоа ги
изградивме. За среќа, ни минатиот пат ни сега нема повредени туку има
само мала материјална штета", велат градежните работници.
Инспекција од Општина Кисела Вода вчера направија увид на градбата и
утврди дека на градилиштето има низок потпрен sид кој не може да го
спречи свлекувањето.
"Има потпрен sид, но тој е многу низок за да штити од одрони на
земјиште. Градежната фирма под итно мора да изгради високи потпорни
sидови. Ние сега го разгледуваме проектот согласно кој се гради и,
согласно Законот за градење, ќе го санкционираме градителот за
отстапките", изјави Тони Чупоски, портпарол на Општина Кисела Вода.
Од фирмата "НЃ Инженеринг" вчера беа недостапни за да објаснат зошто не
ги изградиле потпорните sидови како што се предвидени во проектот, врз
основа на кој добиле одобрение за градење.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162695&idg=9&idb=2584&rubrika=Skopje |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#142 Posted: 28-Jan-2009 at 19:02 |
|
а од каде толку дозволи за градба?
|
 |
Б.Ѓ.Т
Senior Member
Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
|
Quote Reply
#143 Posted: 30-Jan-2009 at 12:51 |
| Ќе се менуваат азбестните покриви во училиштата
Градските власти планираат во оваа акција да ја вклучат и Детската клиника
 Многу градинки и основни училишта имаат азбестни покриви
Градските
власти ќе издвојат 300 илјади евра за менување на азбестните покриви во
објектите во кои престојуваат деца од предучилишна возраст и од
основното образование. Во оваа акција е предвидено да се отстрани
азбестот и од Детската клиника во Клиничкиот центар. Освен средства од
градскиот буџет, локалните власти најавуваат дека ќе бараат пари од
фондовите на Европската Унија.Од Градот велат дека е во тек изработка
на студија за влијанието на азбестот врз животната средина, која
претходно треба да ја усвои Министерството за животна средина. Пред да
почне отстранувањето на азбестот, од Градот објаснуваат дека ќе се
формира работна група со стручни лица од повеќе институции.
-
Град Скопје оваа година издвои 20 милиони денари за замена на
азбестните покриви од објектите во кои престојуваат деца. Намерата на
Градот е секоја година од градскиот буџет да се издвојува толкава сума
пари, се' до завршувањето на проектот, но колку време ќе биде потребно
целосно да се реши проблемот со азбестните покриви во Скопје не може да
се прецизира, зашто станува збор за многу сложена постапка, која бара
време, посебни услови за работа, специјално обучен кадар, услови за
транспортирање и складирање на отпадот. Градот очекува во овој обемен
проект да се вклучат и министерствата за животна средина, за транспорт
и врски и за здравство - објаснуваат од Одделението за односи со
јавноста. По усвојувањето на Студијата ќе следува јавна расправа, на
која граѓаните ќе можат да ги кажат своите мислења.
Освен
покривите, со азбестно-бетонски цевки е изграден и дел од водоводната
мрежа во Скопје, односно 10 отсто од 1.000 километри водоводна мрежа.
Од „Водовод“ со години тврдат дека тој не е опасен, но градоначалникот
Костовски пред две години обелодени дека тоа ни оддалеку не е така.
Според груби процени, потребни се 30 милиони евра за замена на
водоводните цевки од азбестен материјал. Во европските држави во
изминатите години имаше многу акции за отстранување на азбестот од
покривите и од другите места на кои е употребен како градежен
материјал, поради тоа што е штетен за здравјето на луѓето, односно тој
е канцероген. Азбестот е наречен тивок убиец, бидејќи вдишувањето на
неговите честички може да биде фатално за белите дробови и за грлото.
Во Скопје, по земјотресот азбестот е премногу застапен во
градежништвото, па освен во домовите, вакви покриви има и во многу
градинки и основни училишта.
Јорданка Ивановска
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0A96565BE38A574A817FB18D5CF5AC7D |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#144 Posted: 05-Feb-2009 at 00:48 |
ЗГРАДИ СЕ ГРАДАТ СО ДЕЦЕНИИ - ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ КАЗНИ НЕМА!
Наместо за неколку
месеци овие објекти се градат со години. Дел од нив и по една деценија
се уште се во фаза на градење. Некои стигнале само до темелите, други
успеале да направат карабина, трети се при крај.

Градежните активности никако да завршат, но затоа
дел од сопствениците и на ваков начин успеваат да профитираат. Пример е
оваа зграда која со години служи како рекламен простор.
Дел од
овие грдосии се резултат на несериозноста на инвеститорите, почнале да
градат, па банкротирале. Други се стопирани од најразлични причини, во
најголем дел поради криминал во имотно-правните односи.
Согласно
Законот за градба, сите инвеститори без исклучок имаат рок за 24 месеци
од добивањето дозвола за градба да завршат со градежните активности.
Оваа
законска обрска ретко се почитува, a никој досега соодветно не е
казнет. Овие објкекти не ја исполниле намената која произлегува од
дозволата за градба и Деталниот урбанистички план, инвеститорите не
биле способни да ја завршат работата во законскиот рок и треба да бидат
казнети, а на друг кој има капацитет да му се даде можност да го заврши
објектот и да го исполни јавниот интерес до крај.
Од Транспорт и
врски велат дека најголемиот дел од неизградените објекти се наоѓаат на
приватно земјиште. Тие тврдат дека во ваков случај во законот одредби
нема, па според тоа ни казни не се предвидени. Ако е тоа така, тогаш
државата има сериозен проблем и правна дупка. Во законот има рок од 24
месеци, а нема што потоа, ако истиот не се испочитува.
Доколку
градбата е на земјиште кое го продала државата, од транспорт велат дека
државата има право да го раскине договорот и да си го врати имотот
назад. Но ваков случај, како што велат досега немале.
http://sitel.com.mk/?ItemID=B3995EAC255D1B4D903E6D694EC2FCA9 |
Edited by lslcrew - 05-Feb-2009 at 00:52
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#145 Posted: 05-Feb-2009 at 00:49 |
 Малку не во ред рокот да биде 24 месци. Што ако има некоја зграда што захтева повеќе од две години изградба?! Како на пример некоја стокатница!
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#146 Posted: 14-Feb-2009 at 19:20 |
Откако ја урнаа зградата на библиотеката во Охрид....  ... и најавија плоштад до почетокот на летната сезона, еве до каде се стигнати...   Велелепно
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#147 Posted: 14-Feb-2009 at 20:13 |
|
ova portava dole jas koga bev letoska ne bese, izgleda sega ja renovirale ili gresam ?
|
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#148 Posted: 14-Feb-2009 at 21:50 |
Originally posted by mitatos
ova portava dole jas koga bev letoska ne bese, izgleda sega ja renovirale ili gresam ?
|
Реконструирана е..
| „Се предвидува реконструкција врз основа на постоечките артефакти
коишто ги имаме на теренот, реконструкција на јужната кула од Долна
порта, реконструкција на дел од периметралниот бедемски ѕид на
подградието од Самуиловата тврдина и рушење на објектот каде што беше
сместена градската библиотека“, изјави Тања Паскали Бунташеска,
директор на Завод и музеј - Охрид. |
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#149 Posted: 14-Feb-2009 at 22:29 |
 aa epa togas opravdano e sto ja srusija biblotekata , stvarno jas taka cudno pominav letoska nataka, i go vidov toj zidot imase nekoja stara kuka, no ubavo izgleda vaka.
|
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#150 Posted: 17-Feb-2009 at 11:13 |
gi vidov site sliki sto gi imam vo kompjuterot i najdov edna slika od nekoj vesnik (mislam alb.vesnik ama ne sum siguren) koga ja vidov slikata togas mi tekna deka pisuval vo eden vesnik deka vo ohrid ce se gradi hotel hillton izgradba ce trae 3-4 god ili 2-3 ne znam bas
i imase edna slika e taa slika ja kopirav i ja staviv vo mojot kompjuter
vidov vo internet no nisto ne najdov
dali ste cuele vie nesto od hotelot?
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#151 Posted: 17-Feb-2009 at 11:16 |
eve i slikata sto bese tamu
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#152 Posted: 17-Feb-2009 at 12:33 |
ММ незнам точно за кој хотел се работи али кај нас секоја година има бар по две вакви најави (хилтон/шератон......) 
Ако те интересира има нишка Хотели и одморалишта Пбанкс има набројано колку хилтони досега требаше да имаме ако им веруваш на инвеститорите и новинариве 
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#153 Posted: 09-Mar-2009 at 17:46 |
КАДЕ ЌЕ РАБОТИ НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ?
Новата резиденција од 2500 квадрати
Фотографирањето
на ентериерот во кој по изборите Ќе се всели Претседателот и неговиот
кабинет е строго забрането. Редакцијата на "Вест" од Министерството за
внатреШни работи доби дозвола само за сликање на објектот на
резиденцијата однадвор

Новиот Претседател на Македонија првиот работен ден Ќе го помине во
кабинет во новата резиденција од околу 2.500 квадратни метри на Водно,
таканаречената "Вила анекс", потврдуваат од владината Служба за опШти и
заеднички работи. Според директорот на Службата Васе Доневски, објектот
кој почна да се гради во 2004 година е заврШен на крајот на минатата
година и сега се работи само на дотерување на внатреШните детали.
Новата резиденција е целосно одвоена од претседателската вила во
којаШто живее Претседателот. Вилата и работната резиденција се на
оддалеченост од околу 3 километри, не им граничат ни дворовите и не се
поврзани ни со подземни канали, вели Доневски.
Фотографирањето на ентериерот во кој Ќе се всели целиот претседателски
кабинет е строго забрането. Редакцијата на "Вест" од Министерството за
внатреШни работи доби дозвола само за сликање на објектот на
резиденцијата однадвор.
" Вилата анекс има приземје и кат кој е на повеЌе нивоа. Таа, всуШност,
е составена од стар и нов дел. Стариот дел кој е реновиран е остаток од
некогаШна државна вила која во минатото ја користеле функционери, а
новиот го градевме изминатите 4 години. Оттаму и го доби името. Во
вилата, освен канцеларијата на Претседателот, има посебни работни
простории за неговите служби, како и посебни простории за состаноци и
приеми. Има централно ладење и греење, тоалети и с# друго Што е
потребно", вели Доневски.
Тој додава дека објектот с# уШте не е опремен со мебел, но за негова
набавка Службата има распиШано тендер и најверојатно многу брзо масите,
бироата, столовите и сите други елементи Ќе пристигнат во вилата.
"Мебелот Ќе биде модерен и квалитетен, со национални обележја. Нема да има дуборез", вели Доневски.
До заврШувањето на изборите Ќе се работи и на уредување на паркот околу
вилата. ќе се садат чемпреси, елки и други зимзелени дрвја. Исто така,
предвидено е да се направат пространи тревници и цветни градини.
"Освен уредување со растенија, ниШто друго нема да го кити дворот на
Вилата анекс. Нема да има фонтани, ниту веШтачки езера. Изграден е само
паркинг и куЌичка за обезбедувањето", вели Доневски.
Вкупната поврШина на која се наоЃа вилата е 2 хектара, а нејзината изградба и уредување ја чинеШе државата 5 милиони евра.
На селењето на Претседателот на Водно, кое е најавено за мај годинава,
најмногу му се радува спикерот на Собранието Трајко Вељаноски. Според
договорот, Вељаноски треба да се всели во претседателскиот кабинет во
Собранието на Македонија, а дваесетина пратеници во останатите 17
канцеларии во кои сега се сместени вработени во претседателскиот
кабинет.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=164566&idg=9&idb=2618&rubrika=Makedonija |
Edited by lslcrew - 09-Mar-2009 at 17:46
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#154 Posted: 15-Mar-2009 at 23:04 |
| Хотел Панорама добива нова ограда
Според
засега непотврдени извори на ВЕЧЕР, од неодамна оваа парцела има нов
сопственик. Нашите извори тврдат дека станува збор за познат турски
бренд во хотелиерството, кој во Македонија ќе гради заедно со домашен
партнер
Поранешниот
хотел Панорама на Водно добива нова ограда. Од пред десетина дена на
градилиштето кое со години стои запуштено работат две екипи градежни
работници, а активирана е и чуварската служба.
Работниците не сакаа да кажат кој ги пазарил да работат, а името на
работодавецот го крие и чуварот. "Имаме наредба да го расчистиме и да
ја зацврстиме оградата, друго ништо не знаеме, сите во еден глас ни
одговорија.
Хотелот Панорама кој некогаш важеше за еден од најелитните
угостителски објекти, каде што престојуваа гости од светски ранг, со
години е оставен сам на себе, претворен во депонија на градежен шут.
Сопственик на атрактивната локација од 9.000 метри квадратни од 2004
година е турската компанија "Универзал хоспитал груп" која планираше да
инвестира во изградба на елитна болница, но работите запреа. Проектот
пропадна поради тоа што земјиштето било продадено без усогласување со
тогашниот Детален урбанистички план, кој на споменатата локација не
предвидувал изградба на болница. Иако македонските институции му
ветуваа на турскиот инвеститор дека ќе се изврши промена во Генералниот
урбанистички план, а потоа и во Деталниот план, оваа парцела остана со
старата маркица според која се предвидува изградба на
станбено-угостителски објект, веројатно тој се откажа.
Според засега непотврдени извори на ВЕЧЕР, од неодамна оваа парцела
има нов сопственик. Нашите извори тврдат дека станува збор за познат
турски бренд во хотелиерството кој во Македонија ќе гради заедно со
домашен партнер.
Колку
има вистина во оваа шпекулација и дали Чалишкан навистина, дефинитивно
се откажал од сопственоста на стратешката локација, каде во околината
веќе се изградени дел од серијата предвидени резиденцијални објекти
како и амбасадата на Турција за жал, не успеавме да откриеме. Ниту една
институција не знаеше да ни одговори кој и како почнува да гради на
Водно.
Од Општина Центар добивме краток одговор по електронска пошта според
кој "до сега во Секторот за урбанизам, комунални работи и заштита на
животната средина не е доставено барање за издавање на Одобрение за
градење на објектот на поранешниот хотел Панорама". Значи ли тоа дека
некој почнал да гради бесправно на туѓ објект? ВЕЧЕР ќе се обиде да го
пронајде одговорот. |
Извор: Вечер
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#155 Posted: 23-Mar-2009 at 13:25 |
Кај Градско се гради нешто навистина големо. Ова е сликано на 17.03.09 Има некој било каква информација околу ова?
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#156 Posted: 27-Mar-2009 at 22:53 |
Реконструкцијата на кровот на ресторанот „Езерце“  Втората слика ја постирам со надеж дека некој архитект ќе може да каже дали се работи за некаква надградба или навистина се работи само на кровот?
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#157 Posted: 27-Mar-2009 at 23:00 |
|
И лаик може да види дека се работи за уништување на објетот и сигурно дивоградба.
Од една страна се залагаме да се обноват или зачуват старите објекти со нивната аутентичност а од друга истите ги рушиме, нема крај ова лудило ...
|
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#158 Posted: 27-Mar-2009 at 23:10 |
|
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#159 Posted: 11-Apr-2009 at 17:52 |
| Кисела Вода - Луна парк кај Расадник |
|
|
|
|
Марјан Ѓорчев се враќа на функцијата што ја напушти пред цела деценија, кога од градоначалник на Кисела Вода стана министер за земјоделство во владата на Љубчо Георгиевски. За својот нов мандат, освен решавањето на инфраструктурните проблеми, тој најавува и неколку поголеми проекти, пред се во новата и недоизградена населба Расадник, како црква „Света Недела“, централен општински пазар, забавен парк за децата и спортски полигон.
Еден од поголемите проблеми што се појавија на подрачјето на Кисела Вода, а за кои е потребно и најавено итно решение, е лизгањето на земјиштето во подножјето на Водно, кај населбите Црниче и Пржино, што веќе предизвика проблеми на некои градилишта. Овие две населби ќе добијат и мини-центри, а нови паркови ќе се направат пред општинската зграда и во Расадник.
За подобрување на сообраќајната мрежа се најавува нов коловоз што ќе се протега од улицата Михаил Чаков до железничката пруга, а потоа преку подвозник ќе се поврзе со општината Аеродром. Иако се соседни, овие две општини сега имаат само една врска, булеварот Србија. Граѓаните не беа задоволни од еднонасочниот сообраќај што пред неколку години го воспостави градот во населбата Кисела Вода. Затоа сега Ѓорчев најавува дека ќе настојува тој да се замени со кружен тек на улиците Божидар Аџија, Сава Ковачевиќ и на булеварот Првомајска, со што би се овозможило на улицата Иван Козаров повторно да има сообраќај во двете насоки.
Водоводот е приоритет за реонот околу црквата „Свети Ѓорѓи“, за населбата Пинтија, за Усје со нов резервоар, за Драчево до улицата Речиште и за неколку други места. Улиците во подножјето на Водно што редовно се поплавуваа, како Мариовска, Димо Хаџи Димов и Народни херои ќе добијат атмосферска канализација, а фекална мрежа треба да се гради во Потстаница, Градинар и на улиците Партизански пат, Китка, Киро Фетак, Мариовска и на неколку краци од улицата Ратко Митровиќ. Се најавува асфалтирање низ целата општина, како и дрворед од двете страни на главната улица Првомајска и на Сава Ковачевиќ. Неколку паркинзи ќе се направат кај улицата Петар Делјан, Огњан Прица, Пушкинова и Никола Добровиќ. Јавното осветлување ќе се прави со енергетски ефикасни светилки.
Реконструкции се најавуваат на основните училишта „Невена Георгиева - Дуња“, „Кузман Јосифовски - Питу“, „Кузман Шапкарев“ и „Рајко Жинзифов“. Треба да се направат нови градинки и да се обноват постојните, како и до сите јавни институции да се овозможи пристап на лицата со посебни потреби. |
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#160 Posted: 13-Apr-2009 at 12:59 |
|
aj ako moze nekoj da odi da slika nesto, bas interesantno e
|
 |