![]() |
![]() |
![]() |
Скопје 2014 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 8485868788 329> |
Author | |
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Ова со враќањето на коцката на плоштадот е дефинитивно предвидено? Ако е, би сакал да ја знам причината зошто го прават тоа, дали тука клучна работа игра инаетот или повторно ќе говорат дека сакаат да го оживеат духот на старо Скопје.
|
|
![]() |
|
leonid23 ![]() Senior Member ![]() ![]() БАНИРАН Joined: 30-Nov-2009 Location: Strumitza Online Status: Offline Posts: 579 |
![]() ![]() |
Коцката е далеку поиздржлива и по естетска за разлика од тоа што е сега, сигурно нема да биде како старата коцка пред 2004! тие камења ќе се преработат и ќе се наместат убаво и секако дека ќе изгледа убаво ! А пред тоа коцката беше дотраена и наместо да ја преработат и прередат тие се одлучија за гранит...
Јас сум за ! Edited by leonid23 - 15-Aug-2011 at 08:52 |
|
![]() |
|
ebivetre ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 183 |
![]() ![]() |
Znaci vaka:
Vo parkovite zgradi i ulici! Vo rekite drva! Na ulicite i pesackite koridori fontani. Amorfna masa ![]() |
|
![]() |
|
spaceman091 ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 516 |
![]() ![]() |
pred da stavaat kocka na plostad neka go sredat peshackiot del kaj holidey in koj e vo katastrofalna sostojba
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Дел од "Скопје 2014" пристигна во 2011
По повод 20-годишнината од независноста на Македонија се планира свеченото пуштање во употреба на Фонтаната “Воин на Коњ“, Музејот на револуционерната борба и Порта Македонија Забрзано се градат објектите од проектот “Скопје 2014“. Иако визуелизацијата беше именувана како “Скопје 2014“, капиталните објекти - Музејот на револуционерната борба, триумфалната порта и “Воинот на коњ“ - ќе бидат готови на почетокот на септември, кога Македонија ќе ја прослави 20-годишнината од својата самостојност. Со целосното завршување на фасадната декорација на популарниот Музеј на ВМРО тој ќе биде достапен за јавноста на 8. септември, кога и свечено треба да биде отворен. “Музејот ќе понуди голем број содржини. Тука ќе биде поставена постојната постановка на восочни фигури на историски личности, масовни сцени кои беа изработени од руски, бугарски и македонски уметници, како и слики портрети на личностите кои ја одбележаа македонската историја“, велат од Министерството. И “Воин на коњ“ ќе блесне во полн сјај на Денот на независноста. Дваесет и двеметарскиот споменик на воин придружен од својата осумчлена фаланга и осум лавови веќе пристигнаа на плоштадот. Екипите на терен работат на нивното поставување, кое треба да заврши до државниот празник. “Во музејот ќе биде поставена постојната постановка на восочни фигури на историски личности, масовни сцени кои беа изработени од руски, бугарски и македонски уметници, како и портрети на личностите кои ја одбележаа македонската историја.“ “На 8. септември ќе биде свеченото пуштање во употреба на фонтаната. Сите технички детали околу функционирањето на фонтаната ќе бидат познати кога фонтаната ќе биде ставена во функција“, велат од општина Центар. Триумфалната порта пак, можеби еден од најкритикуваните објекти од проектот “Скопје 2014“, треба да биде готова на денот на државниот празник. Поставувањето на релјефите, дело на скулпторката Валентина Стевановска, на кои е претставена историјата и културата на Македонија, е веќе во тек. Портата ќе биде составена од галериски простор на две нивоа, а најгоре платформа за набљудување. Од Министерството за култура најавуваат спектакуларна програма за прославата на 20-годишната независност на Македонија. Месец септември, како што велат од таму, ќе биде цел во знакот на независноста. Покрај објектите, од Министерството за култура најавија и промоција на едицијата “130 тома на македонската книжевност“ на англиски јазик. “Во тек е поставувањето на релјефите на кои е претставена историјата и културата на Македонија. Портата ќе биде составена од галериски простор на две нивоа, а најгоре платформа за набљудување.“ На 8. септември ќе се отвори и скопскиот аеродром На денот на независноста свечено треба да биде пуштен во употреба и скопскиот аеродром, Александар Велики, кој турскиот инвеститор ТАВ го гради речиси една година. На 40.000 метри квадратни, со 23 шалтери за чекирање и 15 шалтери за пасошка контрола, скопскиот аеродром ќе добие лик на европски. “Скопје 2014“ излезе од визуелизацијата Проектот “Скопје 2014“ се проширува со нови содржини. Плоштадот Карпошово востание кај црквата Свети Димитрија ќе биде преуреден со фонтани и споменици од кои централно место ќе има 13-метарската фигура на, како што се зборува во јавноста, Филип II Македонски. Идејното решение за комплексот е на скулпторката Стевановска, која го изработи и “Воинот на коњ“ и Порта Македонија. Скулптури на коњи, мајки со деца и водоскоци ќе бидат дел од уредувањето на новиот плоштад, кој се очекува да биде завршен идната година. Во близина на Фонтаната се наоѓа и зградата на Министерството за транспорт и врски, која треба да добие нов, барокен лик. Веќе е почната изградбата на новата административна зграда на градот Скопје, која се наоѓа на местото на поранешните бараки на Водовод и канализација. Рокот на изградба е четири години, а за изведба на овој проект градот ќе потроши околу 14,5 милиони евра. Изградбата на фонтана со светците е предвидена со измените на Деталниот урбанистички план "Света Богородица". Според измените на ДУП, предвидено е целиот простор пред црквата да биде уреден во плоштад, а веднаш до неа да се гради објект во кој ќе бидат сместени Факултетот за драмски уметности и 13 државни институции, меѓу кои Даночната управа и Бирото за јавни набавки. ![]() ![]() izvor |
|
![]() |
|
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
Знае ли некој што е тоа што се гради пред музејот,на сликата горе?
|
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
![]() |
|
spaceman091 ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 516 |
![]() ![]() |
mi lici na fontana
|
|
![]() |
|
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
И мене прво тоа ми дојде на ум,што и да е останува да се надеваме дека ќе ја смени бледата слика што ја дава самиот музеј. |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
![]() |
|
G.I. Joe ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 417 |
![]() ![]() |
Drva da ne stavaat vnatre ?
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Кругови некои отвори се од паркингот изгледа, има уште едно.
Edited by lslcrew - 18-Aug-2011 at 00:45 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
НА 8 СЕПТЕМВРИ СЕ ПОДГОТВУВА СПЕКТАКЛ ЗА 20 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ Каролина со кран ќе се спушти до Александар Сите свечености за 20-годишнината ќе траат цел месец. Септември ќе биде прогласен за Месец на независноста. Предвидени се голем број културни настани, не само во Скопје туку низ цела држава Поп - пејачката Каролина Гочева ќе се спушти со кран до споменикот на Александар на скопскиот Плоштад, на свеченоста на 8 Септември, по повод 20 години независност. Со тоа, дознаваме, ќе заврши официјалниот дел на прославата, и ќе почна забавата која ќе биде крунисана со отворање на споменикот, пуштање на фонтаната и со спектакуларен огномет. Сите свечености за 20-годишнината ќе траат цел месец. Септември ќе биде прогласен за Месец на независноста. Предвидени се голем број културни настани, не само во Скопје туку низ цела држава. Неофицијално, режисер на целиот спектакл е Дејан Пројковски, уметнички директор на Македонскиот народен театар. Во тимот кој го осмислува спектаклот се вклучени и познати режисери, актери и сценографи. Спектаклот е предвиден за вечерните часови. Пред тоа, дента, новите двокатни кинески автобуси ќе возат бесплатно од Скопје до аеродромот "Александар Велики" каде што ќе се отвори новата аеродромска зграда. За граѓаните од внатрешноста што ќе сакаат да присуствуваат на прославата, ќе биде обезбеден бесплатен превоз. Свеченоста ќе почне пред Собранието на Република Македонија. Оригиналната Декларација за независност на Македонија, донесена на 25 јануари 1991 година, која сега е во собраниските архиви, ќе ја извади спикерот на Парламентот Трајко Вељаноски. Тој Декларацијата ќе ја положи во специјално стаклено ковчеже и ќе и` ја предаде на Гардата на Република Македонија. Гардистите ќе ја предводат парадата на сите родови од Армијата без оружје. Под Портата Македонија на парадата ќе и` се придружат видни македонски личности и дечиња. Почесно место на свеченоста ќе има за поранешниот претседател Киро Глигоров, како и за сите други носители на јавните функции за сите овие 20 години. Идејата е, како што ни кажаа вчера во Владата, ова да биде натпартиска прослава на која ќе се слави државноста и ќе се повика на обединување на сите граѓани, без разлика на политичката припадност, вера и националност. Парадата ќе продолжи преку Камениот мост, и ќе заврши пред Музејскиот комплекс на македонската борба, Музеј на ВМРО и на жртвите од комунистичкиот режим. Таму ковчежето ќе го пречека претседателот на државата Ѓорге Иванов. Тој ќе ја внесе Декларацијата во Музејот и ќе ја постави на видно место. Потоа прослава ќе се пресели на плоштадот Македонија. Таму Каролина Гочева, со специјален кран ќе биде спуштена на Плоштадот. Ќе пее позната патриотска песна од '80-тите години. По настапот на Каролина, предвиден е 20-минутен перформанс со флуоресцентни балони како симболика за 20 години независност, во кој ќе учествуваат "Танец, Македонската филхармонија и Македонската опера и балет. По перформансот, кусо ќе се обрати премиерот Никола Груевски, по што свечено ќе биде пуштена Фонтаната и ќе има спектакуларен огномет. Потоа ќе настапат сите познати естрадни ѕвезди од забавната и од народната музика. Заедно ќе ја испеат свечената песна, чиј автор ќе се објави деновиве. Потоа сите ќе имаат посебни настапи на 30-метарската бина која ќе биде ставена под главниот споменик "Воин на коњ". (Г.Т.- Б.Н.) Без странски државници за 8 Септември Ни еден странски државник нема да биде поканет на прославата на 20-годишнината од независноста на Македонија. Владини извори вчера ни изјавија дека концептот е така замислен тоа да биде општонародна прослава која треба да симбилизира обединување на сите граѓани без разлика на политичка припадност, идеологија, вера или националност. Неофицијално, ваков концепт е смислен за да не се ставаат некои од македонските пријатели во незгодна ситуација поради отворањето на споменикот "Воин на коњ", на кој се спротивставува Грција. Можно е на 8 септември во Македонија да пристигне турскиот премиер Таип Ердоган. Иако сè уште не е потврдено, тој би бил гостин на свеченото отворање на новиот терминал на аеродромот "Александар Велики", кој го изгради турскиот концесионер "ТАВ". http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=BFDA045944682F4890D75F7A575D56F4 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
КАКО ЌЕ СЕ ПРОСЛАВУВА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА
„Македонија“ ќе ја надлета цела земја ![]() Три авиони со големи платна на кои пишува „Македонија“ на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија ќе ја надлетуваат државата Три авиони со големи платна на кои пишува „Македонија“ на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија ќе ја надлетуваат државата. Тие се само дел од големата централна прослава на 20 години независност која ќе се одржува во септември, кој Владата неодамна го прогласи за Месец на независноста. - Главната идеја е прославата да биде направена натпартиски зашто прославата на 20 години независност е на сите граѓани - велат организаторите. Свеченоста почнува во 19 часот, пред Собранието на Републиката кога претседателот Трајко Вељаноски ќе ја предаде Декларацијата за независност на Гардата на Република Македонија, која ќе ја однесе во Музејот на македонската револуционерна борба. Воениот оркестар ќе свири композиција напишана специјално за овој ден. Овој дел од програмата треба да ги симболизира елементите на државноста (војска, полиција и слично). Илјада деца ќе поминат низ портата „Македонија“ Воениот оркестар и Гардата потоа ќе тргнат кон Музејот. Ќе поминат низ Триумфалната порта „Македонија“. Таму, на специјално направена сцена Калиопи и „Златно славејче“ ќе пеат песна компонирана за роденденот на Македонија. Делот кај портата „Македонија“ е симбол на младост и иднина на земјата, а тоа треба да биде доловено преку настап на околу илјада деца од балетски студија од целата земја кои ја претставуваат иднината на Македонија. Крај многубројните споменици на плоштадот Македонија, на Методија Андонов-Ченто, цар Самуил и Јустинијан, Гоце Делчев и Даме Груев, кај солунските атентатори ќе има луѓе во костими од периодот на кои им припаѓаат историските личности. Сите тие ќе ~ се приклучат на Гардата. Таа слика треба да симболизира историја создавана низ вековите, но и да ја отсликува различноста на етничките групи кои живеат на оваа почва, а сите заедно се заслужни за независноста. Тие, на Камен мост ќе формираат патека низ која ќе поминува Гардата со Декларацијата. Пред Музејот на револуционерната борба ќе има 15-минутен театарски дел. Тоа, според режисерот на прославата Дејан Пројковски, е театарски ораториум. Тој дел обрнува повеќе внимание на историските контексти. Тука претседателот Ѓорѓе Иванов ќе ја стави Декларацијата во витрините на Музејот. Ќе се пуштат фонтаните на Вардар Организаторите велат дека програмскиот дел пред Музејот треба да го претстави националното чувство, концептот на револуционерната борба, да им се оддаде почит на луѓето што ги дале животите за Македонија. Потоа поворката ќе се враќа по Камениот мост кон плоштадот Македонија. Кога поворката ќе биде на мостот ќе проработат фонтаните во реката Вардар. Пејачката Каролина која ќе стои на дигалка за местење светилки на плоштадот, ќе ја испее химната за прославата. (Л.Г.Д.) http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C377D9C8507F92428442F177083CC7DD |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
американците слават со масивна пиротехника, ние славиме со г*мноскоци
![]() а политичариве за 8 септември изгледа ќе се прегреат од рабоа, треба за еден ден да прелетаат на свечени отварања на 500 локации ![]() Edited by zabegan - 22-Aug-2011 at 18:34 |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
како што и мислев,портата нема да биде готова до 8-ми
ЦЕНТАРОТ НА МЕТРОПОЛАТА СЕ УРЕДУВА, ПРОБНО ПУШТАЊЕ НА ВОДАТА ВО ФОНТАНАТА Турбо подготовки пред гламурозниот спектакл Скопјани со нетрпение го очекуваат моментот кога популарната Каролина ќе почне да ја пее свечената ода и потоа со кран ќе биде спуштена до Александар на Букефал Подготовките за прославата на дваесетгодишнината од независноста на Република Македонија на 8 септември се во полн ек. На овој датум ќе се случи свеченото пуштање во употреба на фонтаната со грандиозниот споменик Александар Македонски на плоштадот Македонија, ќе биде отворен на Музејот на ВМРО, а ќе се изврши промоција на новата терминална зграда на аеродромот Александар Велики". До празникот ќе заврши и изградбата на новата пешачка зона - улицата Никола Вапцаров", која исто како и Максим Горки", ќе биде препознатлива по украсните јапонски цреши. Според сценариото гламурозниот спектакл ќе почне со свечената ода Македонија", специјално напишана за прославата, а ќе ја изведе Каролина Гочева. Скопјани со нетрпение го очекуваат моментот кога популарната Каролина со кран ќе биде спуштена до Александар на Букефал. Забавата ќе продолжи со концерт на најпопуларните македонски ѕвезди, Најдоброто од Македонија" проект на Агенцијата за млади и спорт, чија цел е да се промовираат македонските забавни, народни и детски песни, кои во изминативе две децении оставиле белег на македонската музичка сцена. Се планира и спектакуларен огномет. Празнувањето ќе почне два дена претходно со дефилето на 68 двокатни кинески автобуси кои ќе почнат со редовно сообраќање на повеќе релации. (Е.А.) Пробно проработе фонтаната Најголема работа има околу најгометата атракција 23-метарската фонтана Воин на коњ". Базенот на фонтаната под споменикот е целосно полн со вода, а вчера пробно беа пуштени млазови вода од платформата, водоскоците од прстенот под осумте триметарски војници, како и млазовите кои излегуваат од устите на четирите лавови. Исто така, работниците интензивно работеа на изведбата на гранитните плочи околу фонтаната и ја комплетираа визурата на грандиозниот објект. - Тестирањето се одвива неколкупати во текот на денот, се испробува инсталацијата низ која треба да истекува водата, велат од Општина Центар. Пробното пуштање во употреба го следеше и авторката на споменикот, вајарката Валентина Стевановска, која изјави дека е задоволна од изведбата, но дека се уште е во исчекување на пробата на целата инсталација. Пробата на водената завеса која ќе ја краси џиновската фонтана ќе биде извршена до крајот на неделава. Споменикот Воин на коњ" заедно со лавовите и фалангата се работеа во леарницата Фернандо Маринели" во Италија, а целиот комплекс чини околу 9,5 милиони евра. (А.И) Во Музејот на ВМРО се работи и ноќе Деноноќно се работи и во Музејот на ВМРО и на жртвите од комунизмот. Веќе цела недела во халите на новата зграда една по една се инсталираат восочните фигури и портретите на историски личности кои треба да ги има 105 на број, а се поставуваат и масовните сцени од македонската историја. Станува збор за оригинални уметнички дела кои ги изработија домашни, украински и руски уметници, а за што се потрошени околу 4,5 милиони евра. Музејскиот комплекс зафаќа површина од 2.500 квадратни метри. Од нив 1.700 квадратни метри се предвидени за Музејот на ВМРО, а 800 квадрати за Музејот на жртвите од комунизмот. Во него ќе бидат изложени и записи од сослушувања, обвинителни акти, тужби, пресуди, фотографии, пароли, писма и песни. (Е.А.) "Никола Вапцаров" - нова пешачка зона Екипи на Општина Центар ги вршат завршните работи и на улицата Никола Вапцаров", којашто е новата пешачка зона во центарот на метрополата. При крај е поплочувањето со гранитни плочи, по што ќе следи поставувањето на урбаната опрема. На оваа улица ќе се засадат јапонски цреши. Од Градот Скопје кои се во фаза на реализација на повеќе инфраструктурни проекти, информираат дека најголемиот дел од проектите се реализираат според предвидената динамика на изведувачите. Но, додаваат дека нема да инсистираат да се забрзаат проектите за сметка на квалитетот на изведбите. - Доколку за празникот на државноста некој од проектите биде комплетно завршен, по тој повод ќе биде предаден во употреба, велат од Кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски. Градските власти се сигурни дека до прославата ќе заврши реконструкцијата на тротоарите во строгиот центар по кои на денот на државноста се очекува да минат илјадници граѓани. Одложено пуштањето во употреба на Порта Македонија Промоцијата на Порта Македонија која првично беше закажана за 20-годишнината од независноста се одлага, бидејќи поставувањето на 32 релјефа на фасадата не се движи со предвидената динамика и нема реални шанси објектот да се заврши до празникот. извор |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
што мислите за ова:
наместо СК2014, да се избереше некој поголем простор во урбаните подрачја и на него да се направеше административен комплекс, составен од реплики на некои од предземјотресните скопски објекти кои биле срушени, а површините каде сега се гради, да се искористат за она за кое се наменети оригинално кога биле започнати и да се дополнеа, како и да се уредеа партерно и да се актуелизираа за пошироката јавност и тоа зборам да се искористат random објекти кои постоеле во градов и не се толку познати за пошироката јавност (пр. Хигиенски завод) мислам дека ќе беа задоволени двете страни, бидејќи се задоволуваат барањата на одредена група за „бароци“, а исто така не се нарушува и касапи она што досега сме го имале и што е вредно и има потенцијал згора на тоа, наместо градов да го силуваме со нејасни стилови и нешта кои воопшто не сме ги имале (а никаде не пишува дека треба да ги имаме), ќе имавме еден вид на музеј, или меморијален центар од објекти кои ќе потсетува на одреден дел од скопската историја (нешто слично како етно селата) |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Нема потреба да се задоволуваат двете страни додека таа другата страна не разграничи прво пред себе а и за целото општество дека Македонија треба да го добие државно репрезентативен комлекс. За се понатака ќе се договориме, модерен барокен, во центар, дислоциран од центар, скап, ефтин, голем, мал, како и да е. Од оваа дебата на општесствено политичко ниво не се ни помести дискусијата. Секоја дебата меќупартиска беше кршење копја на ова поле, од кои цели да не навлагам сега, ама и другите полиња во одноис на естетика, на цена и други се дебатираа од оваа позиција и во насока на докажување дали треба или не. А и нема да навлезам во пребројување кои се повеќе, зашто не е баш долично, ама мора да се зема и тоа во предвид.
Edited by lslcrew - 23-Aug-2011 at 03:44 |
|
![]() |
|
WNBARCH ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 15-Apr-2011 Online Status: Offline Posts: 86 |
![]() ![]() |
![]() Uploaded with ImageShack.us За што е маркицата на место на црквата на плоштад? Или уште е за црквата? |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Да, во верзијата на ДУП-от која е сеуште актуелна, намената за маркичката е В5 односно верски објект. Отвори ја ПДФ-ката, легенда за шифрите на намена кои ги има во планов е на десната страна.
|
|
![]() |
|
Gjuro ![]() Newbiе ![]() БАНИРАН Joined: 22-Aug-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 8485868788 329> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |