![]() |
![]() |
![]() |
Спoменик нa плoштaд Maкедoнијa |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 85868788> |
Author | ||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
|
Коритото и кејот на Вардар се во надлежност на град Скопје.
|
||
Македонија - Земја на чудата!
|
||
![]() |
||
T1 ![]() Newbiе ![]() Joined: 27-Jul-2020 Online Status: Offline Posts: 7 |
![]() ![]() |
|
Добар ден Форумаши. После скоро цела деценија од мојот последен пост овдека би сакал да потенцирам нешто во врска со нашиот сппоменик на плоштад, кој некако откако се изгради престана да биде атрактивен за коментирање овде на форумов.
Како и да е јас како еден од неговите градителите за жал сега иселен од МК порди професионални причини, можам да констатирам дека објектот од технички карактер е еден од најквалитетно изградените во МК (на страна од артистичниот дел) и за истиот потрошивме грдни наши Македонски пари (мислам на сите граѓани тука). Е сега финтата и големото прашање е у тоа што дали некој се запрашал зашто тој ист толку скапо платен и одлично изведен објект сега почнува полека и сигурно да не функционира како што е проектиран и замислен???? Како е можно толку софистициран техничко изведбен објект да работи делумично, парцијално или воопшто да не работи. Што мислите зашто е тоа така? Се запрашал ли некој? Побарал ли некој одгвор од нашите одгворни институции во каква состојба се овие сите т.н. водени објекти (какви такви но сепак наши)? ПОЗДРАВ |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
![]() Бидејќи е идеолошки инспириран, никогаш не ни требало да биде таму и никогаш не требало да се трошат народни пари за таква исфорсирана државна Гебелсова идеологија. Зошто го запоставуваат моменталните наши владетели? Причината е очигледна, не мора да прашуваш, јасно ни е. |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|
би искористил прилика да те прашам што би се случило со опремата доколку се дислоцира, колку истата ќе биде повторно употреблива? патем дали работевте и на оние фонтани во Вардар, што се случи со нив, рокнаа или?инаку на sds максимата е лес-ис-мор во се’ па и во ова, сепак во овој случај јас би рекол не грешат воопшто, од две причини, првата е короната и никаков туристички фидбек посреди неа, иако би требало за Народ да ја опуштат атмосфера, но тука доаѓа втората причина, токму естетскиот дел кој го ескивираш и од водоскоците и од лајтшоуто прави вишок појава, речиси ко да се одвоен сегмант од самиот споменик, на страна што за нив е грдно платено, а можело и требало за дадените пари да се оди со домашно ноу-хау наместо канадсково [1] но тендери ко тендери а в затворено систем па тоа е што е, иако можело да биде и побетер ко што си тераа оние пред нив та и без тендер сред затворен систем да добиеме од фуш-по-фуш водоскоци и осветлување ... И Конечно Трето Да Му Пцојса Козата На Спротивнио Табор, но за што самите од дпмн се криви кога ама баш за ништо не им мавнаа рецка на sds во однос забелешките, бар со ААМ да најдеа некакво нзс, вака сторија што сторија, а сега може само да се надеваме дека sds ќе знае паметно да спинува идни рокади оправки шминка и претопи, но ко што можевме да видиме досега немаат абер ни што со својте проекти а не пак со оние на нивните претходници, впрочем како Идеја Ск’14 требаше самите дпмн брзо да ја заокружат, конечно крајот го краси делото, но баш околу финишот потфрлија, та сега излегува поарно и никогаш да не ја почнуваа работа онака дрско самобендисано како ја завозеа! речиси имаа добри намери и туристичка шминка подмишки, но добивме градилиште во недоглед како сега е заглавена работа! на страна што и она што го беа завозеле естетски излезе кичерама од која сигурен сум и мнозина симпатизери на дпмн се срамат, иако сите свикнуваме до некаде нанеа, Но Кажи Ми како да уживаш во тие Водоскоци кога акцентот треба да е на Алексо, ко да праеле играчка за Деца, а не монументално национално обележје! |
||
![]() |
||
T1 ![]() Newbiе ![]() Joined: 27-Jul-2020 Online Status: Offline Posts: 7 |
![]() ![]() |
|
Точно така тоа беше нечива идеолошки исфорсирана идеја. Се сложувам. И тотално погрешно уцртана со насоки за погршно национално усмерување.
Но поентата ми е друга. Ете се згрешило, но во тој момент сме си имале такви управители и тие си донеле такви одлуки глупи, чудни, идеолошки забегани итн. не е битно. И ете остаиле тоа што остаиле, проблемот се појавува во нашиот деградирачки однос кон сите оставштини остаени пред нас за нас. Зашто неможеме како луѓе ние едноставно да го зачуваме она што сме го наследиле, независно од каков идеолошки каактер е тоа. Тие десните се бришеа од Тито навака, овие левиве бришат се од оние десните и така ние си праиме пиши бриши во се со години и 30 год уште не сме ја свртиле ни првата страница од нашата тетратка која се вика Држава и одговорно однесување. Како и да во моментов овој објект а и многу побитни од него пропаѓаат само поради една и единствена причина. Немањето сенс за одгорност, неказнивост и сеуште идеолошка неизграденост на нацијата заради која сите наши инвестиции страдаат и пропаѓаат. Поз |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Краток одговор на твоето прашање би бил - зашто немаме култура на одржување. Ова не важи само за спомениците, ние не ги одржуваме ни зградите, ни парковите, ни патиштата, ништо не одржуваме. Додај на тоа идеолошка причина за неодржување, сиромаштија, неспособни раководства по институции, граѓани-дивјаци и резултатот ќе биде тоа што секојдневно го гледаме. Толку.
|
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|
чекај ова ме чуди, за тие пари опремата треба да е самоподмачкувачка не ми одговори на прашањето дали ако опремата се преместува утре ќе има фрка? што е до груевци и бришење титоизам тоа не видов ништо друго свен то пораката на МГС, сепак си остана споменикот на гимназијата, си останаа титови-леви-сили, си остана кај Грчев во канцеларија идолот на ѕидот, а дека зајковци нешто им срушија на груевци бреј од титоистите кренатиот Саем, сега ако нешто се случи но не ми се верува, иако ги избришале маркички на Аце-та и Филип-а што конечно како несразмерно се протурени на плоштадите треба да ги дислоцираат попрво на Кале, но тука ќе се јави еден феномем можеби да се бара реципрочност и во однос на Ѓорѓија в Чаршија, а сето ова така потенцијално би било куршлус, е сеа можат они насила да го сторат тоа, налик со Ќосете, сепак Алексо не се споредуе сонего, па живеејќи на свет каде каузалност рулз тоа може да им се удри од глава, како незнам сами ќе си дознаат, Но доколку земат да строат Широка Јавна Дебата на некој Институционален еФорум каде сите во континуитет едно пола година ќе премеруваат каде му е најсоодветно место на Алексо в Скопје и што би било компензација в среде на Плоштад МКД, можеби еден Витражен Македониум во истата таа Фонтана со истото тоа Осветлување доколку сакаме да помине поефтино, друг поголем национален белег наспроти Алексо чинам немаме т,е, таков кој ја опфаќа цела Македонска Историја а сепак веќе го имаме како современ потпис во Крушево, но кој сум јас да кршам клечки како треба да биде, мислам дека една таква Дебата со Референдум понеа трајно ќе ја армира одлуката каде што треба да има а никому да не му е повредена ниту суета, ниту пак да ни се смее свет на тоа дополнително, туку од сето тоа да извлечеме и туристички бонус како на рипит одиграно шоу заради Непосредна Демократија која минатиот пат изостанала, а еве гледаме и сега изостанува, најонака предизборно фрлајќи чалам о.Центар бришејќи ги тоталитаристички маркиците за споменико на Филип и Алексо, дури и само тоа да е спин па внесува тензија а не пак да си затераат и тие ко својте претходници, но за разлика од нив овие рушењејќи (за сега само Саем) додека за волја на вистината нивните претходници пред се’ градејќи, иако трсене наопаку, дефакто неспособни ниту едните ниту другите да сторат претоп и спој меѓу различните архи-визури во Скопје, за Македонија и да не говорам, а додека Баба Се Чепла Село само што не и изгорело, па види ти до кај им е памето на сите топтан! |
||
![]() |
||
T1 ![]() Newbiе ![]() Joined: 27-Jul-2020 Online Status: Offline Posts: 7 |
![]() ![]() |
|
Значи вака. Прво Зелекниково баш ми се допаѓа архитектонско историскиот осврт на целата композиција која ја даваш како целина и како однос на нашите институции кон оставштините од претходните генерации. Тука нема да додавам и одземам ништо.
Што се однесува до опремата ДА истата е од најнова генерација и софистикација од наголем можен калибар. Е финтата е у тоа што истата се наоѓа во објект кој за жал предизвикува различни чиуства кај луѓето (позитивни или негативни) и заради тоа е подлежна на пропаѓање. Имено ДА истата треба да се провергла, да се куландрисува (супер зборчиња бајдевеј) но тука доаѓа моментот на одговорност и чуство за оставштина. Замисли сеа ЈАС сум некој службеник во институцијата моментално задолжена за грижа за објектот. И секое сабајле сум си навикнат да испијам утринско кафе со цигарче и 2,3 ракивциња за цикулација. И ОДЕДНШ МИ ПАЃА У РАЦЕ предмет грижа за Аце. Прво 3 дена незнам кого да прашам дали треба да се грижам за него или треба да го растурам. После чекам да поминат избори и одам кај новиот шеф кој 3 чисти нема што е тоа вода, грижа а камоли зборот ПРЕВЕНТИВНО ОДРЖУВАЊЕ. И го прашувам абе Шефе шо ќе праиме со Ацета, и он ми вика чекај да прашам. И така поминуваат уште едно 3 месеци па доаѓа зима и оп СУПЕР има време догодина ќе ја мислиме. И ондак се појавува шефот и ми вика абе знааеш шо, вчера поминале некои деца и ја украле целата опрема у коритото и си ја земале за старо железо. ЈАС глумам нервозен и пцујам по спротивниот табор, и прашувам и сеа шо праиме, он ми вика ќе видиме. После 1 месец иде и пак ми кажува абе знаеш шо, абе и светлата од месинг ги украле и ги испосекле каблите, пак за старо железо и сеа цури вода доле у хала. АБЕ ШЕФЕ а да ја прикрпиме работава, дај ќе затнеме тоа дупките и ќе стиме нешо вода у корито па нека жабурка никој нема да примети. ЕЈ ДА ај може, оди пуштај ми вика шефот. И ја идам да стиснам дугме да проработи тоа Ацето и првпат после 1,5 година глеам дека нема дугме туку нешто толку софистицирано што одма искачам ме фаќа паника и предлагам тоа чудо да не се користи пошто е многу сложено за ВОЗЕЊЕ у превод се вадам на идеолошки причини и почнувам да ескивирам. Нејси смишљам некој смешен тендер за сиче пари за да му ја тупнам работава на некој шо сака да се шизицира дека го вози АЦЕ на плоштад. Добивам на време уше едно 3 месеци (пошо знам дека кај мене у фирма нема кадар кој знае кај е дугмето за пуштање). Ама сум радознал барам документи да го најдам ДУГМЕВО, за да не сум бос ако некој ме прша нешо за Ацета. И почнувам да читам и сваќам дека не бил само Аце него уште 12 такви објекти распослани низ центаров. УПМ сите без дугме за пуштање него далечински преку ПС (персонален компјутер) кој на масава што ја имам не ми е сменет едно 10 години па неможе да го вози софтверов. ИТН ИТН ИТН. На крајот ми доаѓа брилијанта идеја, А ДА СИ ГО НАПРАВИМЕ НИЕ АЦЕ ЕДЕН ЦВЕЌАРНИК СУПЕР (туриме едно 300 кубика земја у корито) затрпаме се (мозаикот на Вале ќе го конзервираме) и ќе се спасиме. Предлогот му го доставувам на шефон со 3-те чисти, и чекам понатамошни инструкции. И така до недоглед. РЕЗУЛТАТ: Опрема вредна повеќе милиони евра украдена, запустена и оставена на заб на времето. ОДГОВОРНОСТ: Незнам јас за тоа шефот е ЧУСТВО: ТОП ми е суште сум со цигарчето, кафенцето и 3те ракивчиња за циркулација. РЕШЕНИЕ: Во изработка кај надлежнит органи, до следната зима. Ете тоа сме ние. За жал. ПОЗДРАВ |
||
![]() |
||
T1 ![]() Newbiе ![]() Joined: 27-Jul-2020 Online Status: Offline Posts: 7 |
![]() ![]() |
|
ПРИЧА ВТОР ДЕЛ:
Водостопанкси објекти за одржување у МК, преку 20 тина незнам точна бројка. ЦЕЛ: Стратешко наводнување на земјоделски површини ОБЈЕКТИ: Повеќе од 100 тина Пумни станици, цевководи и канали за наводнување СОСТОЈБА: Затрпани канали, 15% функционалност на Пуми, загуби у цевки 70%. НАПЛАТА: Која наплата кога нестига водата до земјоделциве, и кога стига никој не ја плаќа. ОДГОВОРНОСТ: Незнам јас за тоа шефот е (оној со 3те чисти) ЧУСТВО: ТОП ми е суште сум со цигарчето, кафенцето и 3те ракивчиња за циркулација. РЕШЕНИЕ: Нема, ај ко ќе не примат у ЕУ ако не примат ќе ни дадат пари и ќе средиме (50% за работата за другите 50% не питај) ЗАГУБА: Повеќе од 150.000.000 ЕВРА пари од дедоти, таткоти и твои пропаднале заради ¨негрижа, идеолошки и др¨ причини. ПРЕДЛОЗИ: Во изработка кај надлежнит органи, до следната зима. Edited by T1 - 29-Jul-2020 at 15:01 |
||
![]() |
||
T1 ![]() Newbiе ![]() Joined: 27-Jul-2020 Online Status: Offline Posts: 7 |
![]() ![]() |
|
Заборавив да ти одговорам на прашањето за преместување на опремата:
ДА може да се премести и да се употреби за многу побитни и постратешки објекти, АМАААААА треба некој да знае како да го напраи тоа. А не оној со цигарчето, кафенцето и 3-те ракивчиња за циркулација. И со тоа можда од 15% ефикасност по другиве наши СТРАТЕШКИ објекти ќе се качиме на едно 40% што и не е така лошо. ОД ПУСТИ СТРАВ ДОБРО Е ШТО барем за браните што ги имаме се грижиме колку толку. Пошо инаку ако ни попуштат има да испотепаат едно чудо народ. ПОЗ |
||
![]() |
||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|
бреј ова за браниве алал да ти е што во овој контекст го убаци, до пред 20 години немавме Заварувач За Под Вода, па го викаа Александар од Аквамонт Белград, чунки сега се опраиле, ете знаеш одвреме навреме нешто дотрајало, Чунки не и то исконската Брана на Матка ... а во однос опремата на фонтаниве, ова да го разберам како потенцијални зицери кои наскоро не очекуваат или веќе фактичка ситуација!? ако нешто може да се извлече и Алексо го преместат на Кале, што јас мислам е посоодветно а тука да кладат Нов Македониум, чунки Горната Водена Завеса и Осветлување ќе може да се искористат друде некаде пример околу некој Јарбол ко оној кај клучката на Саем или пак во костец некој проект за в Парк, но шчо праиме за Плочнмк Фонтатана до Алексо, дали таа опрема може да се дислоцира лесно без да се оштети поозбилно и повторно за час да биде во функција другде, можеби на Кале, нели за да случајно пак не заврши некој Фап во неа ... Edited by Zelenikovo - 31-Jul-2020 at 01:40 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Се распаѓа фонтаната „Воинот на коњ“
![]() ![]() Најфотографираниот споменик во центарот на Скопје од страна на туристите – фонтаната „Воинот на коњ“, се распаѓа. Големи парчиња од мермерните скали и плочи се паднати и се грда слика за посетителите на плоштадот „Македонија“. Отпаѓањето на помали парчиња од мермерот на фонтаната почнаа пред извесно време, но од Град Скопје искоментираа дека тоа е поради неквалитетната изведба Порталот „BoredPanda” неодамна ја објави листата со најубави фонтани во светот. Секако на листата се најдоа фонтаните во Дубаи, Австрија, Шпанија, Јужна Каролина…, но и „Воинот на коњ“ кој го краси центарот на Скопје. https://www.vecer.press/се-распаѓа-фонтаната-воинот-на-коњ/ |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Кукавичко јајце снесено од претходната власт, во гнездото на секоја идна власт. Стиропоров неможе вечно некој друг да им го "квачи" и да се повикува на неодговорност, а да е килаво изработено. Башка спомеников веќе е политички непотребен, така да, да не не чуди ако во брзо време го извадат. Рачунајте дека после локалниве избори доаѓа мирен период од 3 години без избори, и после локалниве е одлично време за тешки политички одлуки кои ќе избледнеат до наредните парламентарни избори за 3 години.
Edited by user8642 - 30-Aug-2021 at 17:23 |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Зошто побогу би се вадел спомеников ![]() За него веќе ја плативме цената: и финансиската, и политичката цена. Сега нема да има никаква корист од вадење на споменикот, напротив, ќе има само нови штети и нови поделби на општеството. Корист ќе има само грчкото его. Јас лично бев жестоко против изградбата на овој споменик, но сега допрва да го вадиме би било лудило. Колку што бев жестоко против изградбата, сега би бил исто толку жестоко против вадењето. На крајот на краиштата, има многу пострашни и попроблематични срања од Ск2014, кои прават активна штета и кои навистина треба да бидат демонтирани или срушени. А спомеников од некои аспекти испадна океј туристички симбол во оваа глобална али-експрес култура. Живееме во кичести времиња, планетарно гледано. Така да јбг, не е крај на светот ако и градот ни е малку кичест. Edited by Cloverstack - 30-Aug-2021 at 21:53 |
||
![]() |
||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
Али експрес култура и кич реалнно постојат во овој Западнобалканштински ареал, во светот други процеси фураат.
Чак и она што се изгради по Централна Азија не се распаѓа послем 10 години од градба... |
||
![]() |
||
Bezveza ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 12-Jul-2021 Online Status: Offline Posts: 33 |
![]() ![]() |
|
Во главно не бев против СК14 али кога ќе видам вакви работи како се е неквалитено се распаѓа и е од стиропол стварно ми се гади и се срамам......
|
||
![]() |
||
MJ ![]() Newbiе ![]() Joined: 30-Nov-2020 Online Status: Offline Posts: 11 |
![]() ![]() |
|
https://www.press24.mk/foto-unishten-del-od-fontanata-pod-spomenikot-na-aleksandar-makedonski
Тука пак пишува дека е уништен дел од споменикот и според сликата и мене ми делува како некој намерно да го кршел. Јас не гласам за ниедна од двете најголеми партии и за разлика од некои тука, можам независно да си го пишам мислењето. Исто така, кога нешто е дел од овој град, како што е овој споменик или спомениците од социјалистичка Македонија, должноста на тие што се на власт е да ги одржуваат без разлика дали се поставени од нивната партија или не. Ама очигледно е дека кога станува збор за нешто направено од спротивниот табор подобро е да бидеме Талибанци и да рушиме него да се грижиме за него. Т.е бетер од Талибанци зашто тие не ни знаат подобро, а платениве политички проститутки ем знаат ем пак одбираат рушење пред оддржување. |
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
Во нормална држава ова се оградува и означува уште истиот ден и за неколку дена се санира, а полиција врши увид и ако е вандализам си постапува, а ако не е, обвинителство си отвара истрага за надзор, изведувачот и кој и да е одговорен, па да си го санира од свој џеб.
А од сегашнава гарнитура имаме само демагогии за одговорност, па рушење, за на крај ни тоа што објективно пречи од урбанистички аспект како споменикот на Мајка Тереза, да не мрдне од мртва точка. |
||
![]() |
||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
Таму долго време стоеше разцепотина, сега полека уште повеќе ерозирала. |
||
![]() |
||
Citizen ![]() Groupie ![]() Joined: 18-Mar-2020 Online Status: Offline Posts: 49 |
![]() ![]() |
|
Зошто не е санирана? |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 85868788> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |