![]() |
![]() |
![]() |
Комплекс факултети на УКИМ |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 789 |
Author | |
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
Ова под итно да се срамни со земја. Да ставиш два вакви факултета покрај најфреквентна раскрсница во земјата и хаос околина е грев над гревовите...
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Салата на УКИМ и натаму лом, АМС не знае кога ќе може да ја користат студентите
Скршени прозорци, градежен шут, и оборени кошеви. Ваква е сликата за спортската сала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ сместена во кампусот зад Економскиот факултет за која лани на студентите им се ветуваше дека од годинава ќе може да ја користат. Иако темелите за оваа сала беа поставени во 2013 година, а проектот е вреден 2,5 милиони евра, студентите од четирите факултета во кампусот на УКИМ една деценија оттогаш, часовите по предметот Спорт и здравје ги одржуваат во барака во која времено е сместен Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo/?fbid=835623185234078&set=pcb.835624151900648 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЛЕТААТ ПОКРИВИТЕ НА НЕДОВРШЕНИТЕ ЗГРАДИ НА ФИНКИ И ФАКУЛТЕТОТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА, ВЛАДАТА НЕМА НАМЕРА ДА ГИ ДОГРАДИ
![]() Пет години нема никакви градежни работи на зградите на Факултетот за физичка култура (ФФК) и Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) во рамките на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“во Скопје. Зградите стојат во фаза на карабина и почнуваат да се уништуваат. При посилен ветер или невреме летаат парчиња од крововите на зградите и даски. Минувањето во овој дел е небезбедно. Изградбата на двете згради почна пред 8 години кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. Според проектот, требаше да бидат со барокна фасада и во нив да се преселат студентите на овие два факултети. Но, по доаѓањето на власт на СДСМ, фирмата изведувач „Бетон Штип“ отиде во стечај и зградите останаа да стојат недоградени во фаза на карабина. Во овој мандат на владата на СДСМ и ДУИ нема ниту да се почне постапапката за доградба на зградите, а камоли да се завршат. Министерството за образование нема намера да ги доврши зградите на факултетите оти уште врши ревизија на проектите. Од Министерството за образование на нашето прашање дали знаат дека објектите почнуваат да се распаѓаат, не се безбедни и кога планираат да ги довршат, ни го испратија целосно истиот одговор како и во февруари годинава. „Во тек е ревидирање на проектите за изградба на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура, а целта е да се отстранат одредени позиции кои се дел од естетиката на објектите, а не се поврзани со функционалноста, заради намалување на непотребните трошоци за изградба. Откако ќе заврши ревидирањето, ќе се спроведе и постапка за јавна набавка, со цел избор на економски оператор кој ќе ја доврши изградбата. Во моментов нема активности на терен“, велат од Министерството. Според тендерот и договорот кој беше склучен со „Бетон Штип“, изградбата на зградата на ФИНКИ чини 10 милиони евра, а на Факултет за физичка култура 5,9 милиони евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/letaat-pokrivite-na-nedovrshenite-zgradi-na-finki-i-fakultetot-za-fizichka-kultira-vladata-nema-namera-da-gi-dogradi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
Важно не е барок
![]() ...шабани неспособни. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
МЕТА ФАКТ: Помина уште една година, ветената доизградба на зградите на ФИНКИ и ФФК не продолжи
![]() Најголемиот и најброен факултет во државата, ФИНКИ, останува без свој сопствен објект, исто како и неговиот „иден сосед“ – Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ). Најавата дека изградбата на зградите на овие два факултета ќе продолжи годинава не се реализираше и според тоа, ова ветување на министерот за образование и наука Јетон Шаќири е неисполнето. Изградбата на двата објекта која започна во декември 2015 година како дел од проектот „Скопје 2014“, осум години подоцна, не е завршена. Двете згради кои беше предвидено да бидат во барокен стил, требаше да ги решат проблемите на факултетите кои со години опстојуваа(т) во лоши услови. Изведувач на градбата беше фирмата „Бетон-Штип“, но откако во јули 2019 отиде во стечај, изградбата прекина. Поради ова, најголемата високообразовна установа во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), која, според податоците на Државниот завод за статистика од јули годинава, брои 4.468 студенти, останува без свој сопствен објект. И покрај тоа што информатиката е веројатно најпросперитетната наука денес, дванаесет години откако започна со работа, факултетот сè уште нема свој сопствен објект, а за настава се користат простории од други високообразовни институции, што пак им создава проблеми и на студентите и на нивните наставници. Поради недостатокот на училници, во моментов за задолжителните предмети на ФИНКИ се одржуваат физички предавања, додека најголемиот дел од изборните предмети студентите ги следат онлајн. Огромна потреба да добие свои простории има и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. На овој факултет минатата година учеле вкупно 402 студенти, од кои 283 биле редовни. За теоретска настава на сите овие студенти, професорите имаат на располагање само еден амфитеатар, а во просторот каде што се наоѓа факултетот, покрај него функционираат и спортската гимназија – Државното училиште за физичка култура „Методи Митевски – Брицо“ и Спортската академија. За потребите на дел од предметите, факултетот користи и објекти под закуп на различни локации во Скопје. Студентите на овие два факултета и понатаму се надеваат дека нивните институции ќе добијат сопствени објекти каде ќе можат да се образоваат, иако е малку веројатно сегашната генерација студенти да се вселат во планираните згради кај општествениот кампус на УКИМ. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во декември 2022 година рече дека во 2023 ќе продолжи изградбата на зградите на двете високообразовни установи. „Ќе посочам неколку покрупни проекти – ќе отпочне изградба на објект за потребите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а ќе продолжи и изградбата на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во Скопје“, рече, меѓу другото, министерот за образование Јетон Шаќири на прес-конференција на која го образложуваше буџетот на МОН за календарската 2023 година. На почетокот на 2023 година и МОН најави дека ќе ги ревидира проектите со цел да се отстранат одредени позиции кои се дел од естетиката на објектите, но оттогаш помина една година. Ревидирањето на проектите трае цела година? Мета.мк во февруари минатата година се обрати со прашање до Министерството за образование и наука за тоа до каде е постапката, а од таму одговорија дека ги ревидираат проектите. „Во тек е ревидирање на проектите за изградба на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура, а целта е да се отстранат одредени позиции кои се дел од естетиката на објектите, а не се поврзани со функционалноста, со цел да се намалат непотребните трошоци во услови на економска криза. Откако ќе заврши ревидирањето, ќе се спроведе и постапка за јавна набавка, со цел избор на економски оператор кој ќе ја доврши изградбата“, ни рекоа од МОН во одговор во февруари 2023 година. Дополнително, најава дека ќе продолжи изградбата на ФИНКИ и ФФОСЗ, Шаќири даде и во интервју за интернет-порталот Факултети.мк во март минатата година. „Планираме изградба на 3-4 училишта, да почне реконструкција на 118 училишни објекти, да се изградат 10-тина спортски сали, нов универзитетски кампус за „Мајка Тереза“, да продолжи изградбата на ФИНКИ и ФФК“, вели Шаќири во интервјуто во својот одговор на прашањето „На какви проекти им давате приоритет годинава (2023, н.з.), што Ви е најважно да реализирате?“. Бидејќи во текот на целата календарска година, лани не можеа да се забележат никакви градежни активности на два објекта кај Ректорат, а ова прашање не беше повторно актуализирано од МОН, Мета.мк во декември повторно се обрати до министерството со прашања за тоа што се случи со ветувањето и која е причината поради која изградбата на двете згради не продолжи. Од МОН ни дадоа одговор идентичен на оној што го добивме пред десет месеци. „Во тек е ревидирање на проектите за изградба на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура, а целта е да се отстранат одредени позиции кои се дел од естетиката на објектите, а не се поврзани со функционалноста, заради намалување на непотребните трошоци за изградба. Откако ќе заврши ревидирањето, ќе се спроведе и постапка за јавна набавка, со цел избор на економски оператор кој ќе ја доврши изградбата“, се вели во одговорот на МОН кој е ист со оној што го добивме пред речиси една година. Според ова, имајќи ги предвид моменталната ситуација на зградите која е идентична, а можеби и полоша во споредба со онаа од пред една година и каде не се забележани градежни работи, како и одговорот од МОН, според кој проектите сè уште се ревидираат, можеме да оцениме дека најавеното оти изградбата на зградите на ФИНКИ и ФФОСЗ ќе продолжи во 2023 година, не е исполнето. https://meta.mk/meta-fakt-pomina-ushte-edna-godina-vetenata-doizgradba-na-zgradite-na-finki-i-ffk-ne-prodolzhi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Студентите во тесно, барокните згради чекаат нов изглед
Речиси деценија помина од почетокот на изградбата на објекти за факултетите ФИНКИ и ДИФ. Министерството за образование три години размислува како да го промени планираниот барокен изглед додека студентите учат во во преполни простории или имаат предавања на други факултети, а нема услови ни за вежби ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.slobodnaevropa.mk/a/studentite-vo-tesno-baroknite-zgradi-chekaat-nov-izgled/32746307.html |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
Веднаш да се срушат овие грозотии. Да направиш факултет за информатика и спорт на најпрометната раскрсница во државата, па уште и во вакви мизерни згради, треба да си едноставно лудак!
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Па, тие беа лудаци, немаа ни за леб, а трошеа на чоколади.
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Јаневска: Догодина ќе продолжи изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ
![]() Од следната година ќе продолжи изградбата на новите згради на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ – ДИФ), изјави синоќа министерката за образование и наука Весна Јаневска. При одбележувањето на Меѓународниот ден на студентите во културниот центар Лабораториум, Јаневска рече дека буџетот за студентски стандард во 2025 година ќе изнесува 30 милиони евра или 18 отсто повеќе од годинава. Најави повеќе можности за студентите и повеќе инвестиции во инфраструктурата. Во меѓувреме, најголемиот и најброен факултет во државата, ФИНКИ, останува без свој сопствен објект, исто како и неговиот „иден сосед“ –ФФОСЗ. Најавата дека претходникот на Јаневска, Јетон Шаќири, оти изградбата на зградите на овие два факултета ќе продолжи годинава не се реализираше. Изградбата на двата објекта која започна во декември 2015 година како дел од проектот „Скопје 2014“, осум години подоцна, не е завршена. Двете згради кои беше предвидено да бидат во барокен стил, требаше да ги решат проблемите на факултетите кои со години опстојуваа(т) во лоши услови. Изведувач на градбата беше фирмата „Бетон-Штип“, но откако во јули 2019 отиде во стечај, изградбата прекина. Поради недостатокот на училници, во моментов за задолжителните предмети на ФИНКИ се одржуваат физички предавања, додека најголемиот дел од изборните предмети студентите ги следат онлајн. Мета.мк активно пишува за овој предизвик на студентите и раководствата на двата факултета. Студентите и вработените на ФИНКИ пролетва организираа протести поради немањето зграда и побараа што поскоро да добијат простории соодветни за бројот на студентите и видот на струките кои ги изучуваат. Универзитетското студентско собрание на УКИМ, пак, испрати официјално барање до владата да распише студентски конкурс за решение за фасадите на новите објекти на двата факултета. Во документот, студентите велат дека се незадоволни од моменталното решение, особено за фасадите на зградите чија изградба е во прекин со години. Бараат на конкурсот да може да се пријават студенти кои ќе создадат иновативен и одржлив дизајн соодветен за кампусот. https://meta.mk/janevska-dogodoina-kje-prodolzhi-izgradbata-na-zgradite-na-finki-i-dif/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЌЕ СЕ ДОГРАДАТ ЗГРАДИТЕ НА ФИНКИ И ФАКУЛТЕТОТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА, ФАСАДАТА НЕМА ДА БИДЕ БАРОК, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА СОЗР ТОМОВСКИ
Ќе се доградат зградите на Факултетот за физичка култура (ФФК) и Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) во рамките на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. На овие два згради шест години нема никакви градежни работи откако фирмата „Бетон Штип“ отиде во стечај, а претходната Влада не направи ништо за да добијат свои простории студентите на овие два факултета. Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата Ивица Томовски вели дека за овие објекти веќе е разговарано со Министерството за образование и се работи на отстранување на сите пречки за да може да продолжи градбата. „Во тек се измените на Законот за градба, каде треба да се предвидат одредени членови со кои ќе може да продолжи градбата оти поминати се 10 години од почетокот на градежните работи. Штом се отстранат тие пречки, ќе се почне постапката за довршување на двете згради. Очекуваме догодина да се распише тендер за доградба и да почнат градежните работи“, вели Томовски. Според проектот на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, фасадите требаше да бидат во барок стил. Томовски вели дека ќе се направи измена и фасадата на објектите ќе биде модерна. Според тендерот и договорот кој беше склучен со „Бетон Штип“, изградбата на зградата на ФИНКИ чини 10 милиони евра, а на Факултет за физичка култура 5,9 милиони евра. Зградите стојат во фаза на карабина и почнаа да се уништуваат. При посилен ветер или невреме летаат парчиња од крововите на зградите и даски. Минувањето во овој дел е небезбедно. Во март годинава, студентите од ФИНКИ протестираа пред Владата оти девет години чекаат да добијат свои простории https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-se-dogradat-zgradite-na-finki-i-fakultetot-za-fizichka-kultura-fasadata-nema-da-bide-barok-veli-direktorot-na-sozr-tomovski/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Набрзо продолжува изградбата на зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура
Министерката Весна Јаневска уверува дека објектот предвиден за ФИНКИ во кампусот на УКИМ, кој стои веќе една деценија полузиграден ќе почне да се гради кон крајот на 2025 година откако ќе се надминат дел од предизвиците. Наспроти првичните планови да биде Барок, министерката вели зградата ќе добие современ изглед, како што барале и самите студенти. -Очекуваме, при крај на следната година веќе да почнеме со изградба на ФИНКИ факултетот. Во моментот правиме повеќе анализи, репроектирање, греењето треба да се реши, секако нема да биде во стилот на Барок, зошто и пред се студентите очекуваат и сметаат дека во тој кампус не би бил добро да е Барок, така да ќе се потрудиме да го направиме модерен,вели министерката -Весна Јаневска. Онаму каде што пред една година имаше смет и испокршени клупи, денеска се гледаат трагите од багерите.. Реконструкцијата започна и на студентскиот дом Стив Наумов, кој изминативе години на студентите им нудеше живот под секое достоинство, од ладни соби, влага по зидовите до руинирани тоалети. Таму се уште трае процесот на уривање на руинирање, отстранети се прозорците, голем дел од внатрешноста, но и азбестните покриви кои ги труеја студентите. Планот е објектот на биде енергетски ефикасен, а врз него да се постават и соларни панели. Министерката Јаневска очекува, доколку се се одвива според планираното и овој проект да заврши до крајот на годината. -Субстандардно живееја нашите студенти, тоа е недозволиво и во моментов се случува сериозна, голема, длабока реконструкција на два студентски дома, Стив Наумов е еден од нив, тој скоро почна, ќе биде модерно направен за да можат да имаат нормални услови студентите за живот. Пред крај на следната година, Кузман би требало да биде Октомври, Ноември, а Стив исто се надеваме дека би можел да биде завршен Ноември Декември, доколку не излезе нешто непредвидено вели министерката -Весна Јаневска. Стив Наумов треба да има капацитет за околу 1000 студенти, засега во комплексот не се предвидува доградба на капацитети, бидејќи е доволен за бројот на студенти кои бараат сместување. Паралелно, истата фирма, ги изведува работите и во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“. https://kanal5.com.mk/nabrzo-prodolzhuva-izgradbata-na-zgradite-na-finki-i-fakultetot-za-fizichka-kultura/a676929 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 789 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |