![]() |
![]() |
![]() |
Проблем со диви депонии |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 789 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Граѓаните на Топаана се жалат: Живееме помеѓу дива депонија, се плашиме од можна зараза
Граѓани на населбата Топанско Поле се жалат дека живеат меѓу дива депонија. Општина Чаир, населба Топаана. Ова е секојдневната слика со која се будат и заспиваат жителите на улица Славеј Планина, која се наоѓа на десетина метри од главна улица во општината . Оваа депонија не се наоѓа негде надвор од Скопје туку на десетина метри од главна улица во Чаир, во населбата Топаана. Тука луѓето со месеци мора да дишат неподнослива смрдеа Жителите кои живеат во близина се згрозени од ваквата слика. Велат, се плашат за нивното здравје и здравјето на децата, со оглед на високите температури кои следуваат наредниот период што би значело потенцијална зараза. Апелираат, службите да им постават контејнери за да има каде да го фрлаат ѓубрето. Од Општина Чаир тврдат дека го чистат ѓубрето на улиците, додека пак од Град Скопје прстот го вперуваат кон несовесните граѓани. „Општина Чаир, иако нема надлежност, по соствена иницијатива ангажира сезонски работници кои секојдневно ги чистат сите улици во нашата општина, со цел да обезбедиме почиста и попријатна средина за граѓаните. „Претпријатието „Комунална хигиена“ континуирано извршува дополнителни активности за чистење на дивите депонии кои несовесни граѓани ги креираат околу пластичарската улица и потегот околу Америчката амбасада со исфрлање големи количини комунален и кабаст отпад. И покрај тврдењето на надлежните дека редовно чистат состојбата на терен е повеќе од катастрофална. Такава е и сликата околу дворот на најстариот универзитет во земјава УКИМ. Автомобилските гуми и различен вид на отпад на самата патека, се потсетување колку како општество се грижиме за животната средина. https://kanal5.com.mk/gragjanite-na-topaana-se-zhalat-zhiveeme-pomegju-diva-deponija-se-plashime-od-mozhna-zaraza/a691158 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 789 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |