![]() |
![]() |
![]() |
Булевар Македонска Војска |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 17-Feb-2023 at 12:37 |
Градот Скопје отпочна со проектирање на два важни проекти ветени во програмата За модерно Скопје, за изградба на нов кружен тек и булеварско решение на “Македонска Војска” во Ѓорче Петров. Нов кружен тек на важната крстосница под надлежност на Град Скопје меѓу булевар “Македонска војска“ и улица „Ѓорче Петров“ е исполнување на уште едно децениско барање на граѓаните кое досега не е ниту отпочнато со реализација.
Со изградбата на овој кружен тек ќе се растерети сообраќајниот метеж на оваа раскрсница, а воедно ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот. Со проектот планирана е изградба на кружен тек и коловозна површина од 11.700 метри квадратни, изградба на нова велосипедска мрежа од 2.700 метри квадратни и пешачка патека од 4.100 метри квадратни. Важно е континуирано да се подигнува и ново зеленило, садници и партерно уредување, затоа предвидена е нова зелена површина на 2000 метри квадратни, со соодветно јавно осветлување и водоводна мрежа. Градот Скопје ги реализира проектите од програмата која содржи клучни барања за подобрување на градската инфраструктура. ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=521968536666972&set=pcb.521968570000302 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Каков е планот овде за овој булевар според ГУП / ДУП?
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Извадок од урбанистичките планови за овој дел: ![]() Според спомнатите бројки, изгледа дека ќе се прави кружниот тек и делот од „Македонска војска“ оттука до кружниот тек на крајот на „Партизански одреди“, во профил 2х2 ленти. Се надевам ќе се зачува овде дрворедот како дел од средишното зеленило. Ова треба да е лесен проект за изведба, бидејќи скоро и да нема потреба од експропријација и нема објекти на трасата (куќата на самата раскрсница изгледа како да останува) но општата неспособност на властите не ме прави оптимист. Пример, пред веќе половина година беше вака најавено проектирањето на кружниот тек кај Автокоманда и проширувањето на ул. Интернационални бригади, но оттогаш нема никакви новости.
|
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Булеварот „Ѓорче Петров“ почнувајќи од споменикот кај СП-Планет, па се до мостот кај Сарај, плаче за реконструкција, а повеќе личи на миниавтопат, отколку на булевар. Посебно е во лето, кога со загаденоста и топлините, се чуствува човек како да е некаде во Аризона!
Целиот дел треба да се реконстуира и да се донесе нов урбанистички план, за да заличи на нешто и овој дел на Скопје. Еве Хром веќе се претвора од населба со куќи, во населба со петкатници, нема кој не ја даде куќата за зграда, прашање е на време кога ќе ни тропнат и нас на врата. Кај СП, т.е. позади автобуската постојка спроти Тинексот/Паркот, веќе треба да се почне да се гради, се чека легализација на една од куќите што треба да се рушат, која не ја направил сопственикот. Овој дел на градот се шири многу брзо, а и цените на становите рипнаа драстично. |
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |