![]() |
![]() |
![]() |
Хидросистем Лисиче |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() Posted: 07-Sep-2007 at 18:44 |
||||||
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=83614
Пуштен во употреба велешкиот хидросистемот „Лисиче“
Велешани го решија проблемот со вода за пиење. По две децении изградба, од денеска во употреба е ставен хидросистемот „Лисиче“. Владина свита, на чело со Премиерот ја пресекоа лентата на овој објект кој ќе ги снабдува Велес и Чашка со квалитетна вода за пиење и наводнување, а во исто време ќе го наполни и велешкото езеро Младост. Овој базен за шест до осум месеци ќе се наполни со вода. Со ова езеро Велес трајно ќе го реши водоснабдувањето. Езерото ќе собере 23 милиони кубици вода од реките Тополка и Врановска. Тоа ќе овозможи проток на 600 литри во секунда вода за пиење за велешани, кои сега трошат двојно помалку. Експертите велат дека со хидросистемот, велешани трајно ќе го решат проблемот со водоснабдување. „Дефинитивното пуштање на овој хидросистем, кој и за Велес и за околните места е за наводнување“, изјави Изградбата на хидросистемот „Лисиче“ траеше рекордни 19 години. За него се потрошени 65 милиони евра, од кои 10 милиони се преку самопридонес од граѓаните на Велес и уште толку од странски кредити. Првите капки вода од „Лисиче“ до домовите на велешани ќе пристигнат за нецела година. |
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
Инаку браната е долга 579м, висока 67м и широка 8м
Конечно после сите одлагања... Одолговлекувањето на овој проект стана легендарно! Ама ако го занемариме тоа, оваа вест е одлична. Да се надеваме дека Злетовица (која почнува да заличува на Лисиче со своите одолговлекувања) сепак нема да заглави толку... Исто така да се надеваме дека по-енергетски ориентираните акумулации во фаза на планирање ќе бидат реализирани многу многу побрзо. |
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
Да додадам дека ме радува фактот што ова колку-толку ќе придонесе за развој на тој предел (централна Македонија, западно од Велес). Не сум сигурен ама мислам дека потесниот регионот се викаше Азот...
Нормално главниот подстрек на развој на поширокиот регион ќе дојде со што побрза изградба на М-5 меѓу Велес и Прилеп. А добро би било и да ја забрзаат работата околу регионалниот пат низ Поречието што треба директно да го спои Македонски Брод со Скопје. Навистина е нелогично како овие централни делови на државата толку долго останале речиси отсечени во секој поглед. |
|||||||
![]() |
|||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||
^^
Еве ја и со Бошков мост трга работата и по се изгледа има интерес. Незнам исто и какви се роковите за малите хидроцентрали. Има некој претстава кога се тоа треба да почне да се реализира?
|
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
Еве подетален текст:
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4260CB76FC1D7B4A8061AC5698C6BF67
Edited by Cloverstack - 07-Sep-2007 at 23:47 |
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||
Промакнало од некња
http://www.lisica.mk/statija/11419 ![]() |
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
ВЕЛЕШАНИ НЕМААТ ВЕЌЕ НЕДОСТАТОК НА ВОДА На ХС "Лисиче" ќе се градат 6 хидроцентрали Со изградбата на ХС "Лисиче" жителите на Велес и приградските населби Оризари, Превалец и Речани трајно го решија најгорливиот проблем - водата за пиење. Велешани повеќе немаат недостиг на вода и редукции, а во секое време здрава вода имаат и жителите од највисоките делови на градот кои во минатото со седмици немаа вода. Од езерото на реката Тополка, кај селото Лисиче, кое има капацитет од 24 милиони кубни метри вода, не само што целосно се задоволуваат потребите на велешани, туку сега има доволно вода и коритото на реката Тополка постојано да биде полно и да се наводнуваат поголеми површини плодно земјиште. -Покрај тоа што го решивме проблемот со вода за пиење на жителите од Велес, наводнувањето на земјоделските површини и полнење на езерото "Младост" со чиста вода, планираме во текот на оваа и наредните неколку години на браната и цевководот да бидат изградени и шест мали хидроцентрали. За нивна реализација постои интерес и од домашни и од странски инвеститори. Со овој зафат во целост ќе се заокружи целосната искористеност на водата од браната и Хидросистемот "Лисиче" нема да биде на товар на државата, бидејќи самиот ќе може да си обезбедува приходи - вели Ацо Петров директор на ХС "Лисиче". ![]() Надлежните од Хидросистемот најавија дека оваа година треба да биде дограден и цевководот, во должина од осум километри, преку кој со здрава планинска вода, од акумулацијата кај Лисиче, ќе се полни и езерото "Младост" кај Велес. Досега се изградени два, а Владата веќе ги обезбедила и останатите средства за доградба на уште преостанатите шест километри од цевководот. Со реализацијата на овој зафат од езерото Младост ќе се овозможи, покрај сегашните 700 да се наводнуваат уште 650 хектари под лозови и овошни насади како и поголеми површини под градинарски култури. Со изградба на систем за наводнување, од водите на велешкото езеро ќе се овозможи во околината на селата Отовица, Сујаклари, Мамутчево, Комарино и Ново Село да се наводнуваат уште над 1.500 хектари земјоделски површини. Според директорот Петров, приоритетна задача на Јавното претпријатие и покрај целосната обезбеденост на акумулацијата од загадување, во најскоро време треба да бидат изградени четири пречистителни станици на реките Тополка и Врановска, кои се вливаат во акумулацијата Лисиче. "Пречистителни станици мора да се изградат за пречистување на отпадните води и фекалиите кај Горно и Долно Јаболчиште, во кои живеат околу три илјади жители. Отпадните води од овие села директно се влеваат во притоките кои го снабдуваат езерото Лисиче и кои се закануваат да го загадат. Вакви објекти треба да се изградат и кај селата Горно Врановци и Дреново", вели директорот Петров. Тој истовремено информира дека од Владата на Република Словенија веќе е прифатен и одобрен проектот за изградба на пречистителните станици со што овој проблем во скоро време ќе биде решен. Со заокружувањето и на овој зафат ХС "Лисиче" од Велес во целост ќе го оправда своето постоење. (С.А.) http://www.vecer.com.mk/?ItemID=901E1DAFA1F96544AAB8CEC3B0FBEF73 |
|||||||
![]() |
|||||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||||||
![]() Marjan Jovanovski |
|||||||
За сè има вторпат
|
|||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |