![]() |
![]() |
![]() |
Превоз на велосипеди во македонските возови |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() Posted: 10-Sep-2013 at 17:57 |
Имаме преубава земја со прекрасни пејсажи кои се на извонредно блиска далечина од кој било македонски град да тргнеме како почетна точка. Иако имаме неразвиена железничка инфраструктура, сепак со железнички пруга се поврзани голем број од културно - историските и природните богатства во земјава. Возови колку-толку сообраќаат за да можеме да се транспортираме, но...
...најголемиот проблем во македонските возови се превозот на велосипеди на патниците. За разлика од СЕКОЈА европска земја во која постојат вагони приспособени за транспорт на овие превозни средства на две тркала, во Македонија не постои ниту една гарнитура или вагон што се опремени за превоз на велосипеди. Проблемот на љубителите на овој спорт е огромен, покрај тоа што нивната бројка секоја година достигнува поголеми размери. Дури и доколку се најде место во претесниот простор во возовите, велосипедите претставуваат пречка за разминување на патници и предизвикуваат гужви и нервози во вагоните. Простор има единствено во „Шпанците“, но и таму нема соодветни закачалки за велосипедите. Огромен проблем е и тоа што МЖ-Транспорт нема воспоставено тарифа за пренесување велосипеди. Истите се сметаат како и секој останат товар, па така сумата за пренесување на љубимецот на две тркала постанува сериозна финансиска потешкотија за граѓаните. Понекогаш кондуктерите не земаат пари за овој „неочекуван товар“, но понекогаш и знаат да побараат огромна сума или да го предупредат велосипедистот да се симне од возот. Покрај можноста да се истражи локалитетот Хераклеа, Пелистер или пак да се извози тура до Преспанско езеро, на пример, со битолскиот воз, во Европа возовите се користат и за секојдневен транспорт на велосипеди. Тоа би значело, ако имате работа од Прилеп во Скопје, за мала сума на пари да го качите на воз вашиот миленик и во Скопје воопшто да не користите јавен превоз или автомобил, туку со велосипед од Железничката станица да заминете до посакуваната дестинација. Инвестицијата во овој зафат е премала, би рекол и смешна. Во вагоните, во едно купе би требало да се извади еден ред седишта и да се монтираат закачалки, идентично како и во електромоторните гарнитури, додека во дизелмоторните гарнитури треба само да се монтираат закачалки, бидејќи тие веќе имаат простор за багаж. Ова нека биде своевиден потсетник, но и мала акција за оспособување на македонските возови за превоз на велосипеди. |
|
![]() |
|
mon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Dec-2009 Location: Europa Online Status: Offline Posts: 763 |
![]() ![]() |
Во времето, мојот велосипед по барање на кондуктерот го сместив во крајниот дел на последниот вагон, испред вратите за премин од вагон-во вагон.
Цената од Скопје до Кичево во тоа време (пред 20-тина години) колку што се сеќавам беше 50-60 денари. ![]() |
|
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/ exYU: http://malezeljeznice.net |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
На линкот има интересни фотки и фина мапа, но и други информации...
________________________ Патепис од експериментот: Со точак во воз низ Скопје На 22.09.2018 во Скопје во организација на Град Скопје и Македонски железници, а поддржано од НаТочак и Прв до врв, за прв пат се направи експеримент на комбинирање на железнички и велосипедски сообраќај за транспорт низ градот. Возевме со нашите точаци од Центар до Лисиче, каде се качивме на воз кој нè однесе до Ѓорче Петров (со застанување на станицата при Транспортен центар и поминување низ станицата Скопје Север) и потоа возевме со точаци назад до центарот на градот каде на Рекорд го прославивме Денот без автомобили. Целта на овој експеримент или екскурзија беше да испитаме: во какви услови се дел од скопските железнички станици, какви се условите во возовите за пренос на точаци и дали е возможно да постои скопска железница на постоечката железничка инфраструктура. Повеќе на https://natochak.blogspot.com/2018/09/blog-post.html |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
~ 10.01.2020 https://www.radiomof.mk/gragjani-so-inicijativa-za-ukinuvanje-na-zabranata-za-prevoz-na-velosipedi-vo-voz/ https://www.biznisvesti.mk/veleshani-so-initsijativa-za-ukinuvane-na-zabranata-za-prevoz-na-velosipedi-vo-voz/ ~ доле цени од 2013-та пред пуштањето на Кинеските Композиции, а ако нанив е закачена Приколка, негледам зошто и денес да не се тренд!?
веројатно градски за ЈСП добра квака во однос стимулирање Вело Култура би било на секој автобус двоспратна рак приколка [1][2] додека меѓуградски за МЖ посекако добро би дошло на секоја гарнитура по еден Отворен Вело Вагон кој би служел и за транспорт на еИнвалидски Колички, Приколки за Точаци, Рекумбенти и евентуално Лична Спортска Опрема како Кајаци Сноубордови Скии итн. , за што комотно може да се нарача Вагон со полесна конструкција како не би било од кој и’ да е аспект проблем ваквата новина ... Се Прашувам Зошто Чекаме За Се’ Во еу Прво Да Се Воведе Па Потоа Ние Деценија Две Да Мислиме дали е поефтино во Колска вакво нешто да испроектираме или од понадвор скапо да го купуваме!? Edited by Zelenikovo - 24-Jul-2020 at 01:04 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |