![]() |
![]() |
![]() |
Булевар Хасан Приштина(Качанички Пат) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() Posted: 06-Apr-2023 at 14:19 |
Од ФБ на Артан Груби, мислам дека беше време..
-------------------- Владата веќе наменски додели 3 милиони евра, од вкупна вредност од 6 милиони евра, на градот Скопје за изградба на булеварот "Хасан Приштина“ или како што е oпшто познат “Качанички пат" (во Визбегово) до скопската обиколница. Во разговор и соработка со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која е надлежна за реализиција на проектот, ги започнавме последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт за да започне и заврши оваа важна сообраќајна артерија за градот. ![]() Edited by my Macedonia - 06-Apr-2023 at 14:19 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВЛАДАТА ЌЕ Ѝ ДАДЕ НА АРСОВСКА 3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПАТОТ КОН КОСОВО ДА ГО НАПРАВИ БУЛЕВАР, ОБЈАВИ ГРУБИ
![]() Владата ќе му даде на Град Скопје три милиони евра за реконстукција и проширување во булевар на Качанички пат, објави денеска на својот фејсбук профил вицепремиерот Артан Груби, кој се пофали дека се одобрени дополнителни пари за да се реконструира патот кон Косово. „Во разговорот со градоначалничката Данела Арсовска, која е одговорна за реализација на проектот, ги започнавме последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт за почеток и доизградба на оваа важна сообраќајна артерија кон градот“, напиша Груби. Владата, како што вели Груби, веќе дала три милиони евра на Град Скопје за овој проект, а со овие дополнителни 3 милиони евра вкупно се дадени 6 милиони евра колку што е вредноста на проектот. За Качанички пат или улица Хасан Приштина нема проект, што значи дека допрва Град Скопје треба да распише тендер за проектирање и изградба на булеварот. Овој потег сега е во очајна состојба, патот е со дупки, асфалтот е распукан, нерамен, насекаде има ѓубре и се крева прашина, бидејќи нема пешачки патеки туку земја. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vladata-ke-dade-na-arsovska-3-milioni-evra-za-patot-kon-kosovo-da-go-napravi-bulevar-objavi-grubi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Едноставно клучката на пресекување помеѓу обиколницата и овој пат мора да биле полна детелина и никакви други компромиси. Тоа што е направена грешка при изведбата на обиколницата и не е направена тогаш целосно клучката е голема грешка што сега е единствена шанса да се исправи. Никакви изџвакани кривини и кружни текови не требаат, локални бизниси ако треба ќе се поврзат и ќе добијат излез на автопат преку околна патна мрежа на подалеку од клучкава.
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Тешко тоа да се реализира. Барем ќе одат со средишно зеленило што ќе спречи дифтарски потези како на Пластичарска (ако може да се верува на скицата во темата за Момин поток, за делот до бул. Словенија).
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Од скицата мене ми изгледа како средишно зеленило да има до пругата, а потоа низ индустриската зона се стеснува булеварот.
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Проблеми во проширувањето на „Качанички пат“ – Арифи: Узурпирано е државно земјиште, треба итно да го ослободат
https://mk.tv21.tv/problemi-vo-proshiruvaneto-na-kachanichki-pat-arifi-uzurpirano-e-drzhavno-zemjishte-treba-itno-da-go-oslobodat/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе се реконструира и проширува булеварот „Хасан Приштина“, од клучката со булеварот „Словенија“ до обиколницата
Град Скопје ќе го реконструира и проширува булеварот „Хасан Приштина“, познат како Качанички пат, на потегот од клучката со булеварот „Словенија“ до обиколницата. За таа цел, распишана е јавна набавка за избор на најповолен изведувач – фирма. – Реконструкцијата опфаќа проширување на постојниот профил на булеварот во ширина од 20 метри и опфаќа четири сообраќајни ленти со ширина од 3,5 метри, разделен појас од два метра и зелен појас по двата надворешни раба, во ширина од два метри – информираа од Град Скопје. Оттаму додаваат дека должината на транзитната магистрална улица е 3.462 метри. – Проектот е започнат минатата година. Во тоа време се изготвуваше проектната документација за овој сложен проект, чија изградба е предвидена по завршувањето на постапките – потенцираат градски власти. На 20 јануари годинава, Град Скопје склучи договор во вредност од 7,7 милиони евра, со фирмата „Бауер“, за изградба на клучка на булеварот „Словенија“, на вкрстувањето со Качанички пат. Станува збор за втората фаза од проектот – изградба на клучка и булевар на потегот од Момин Поток до булеварот „Словенија“, со цел растоварување на сообраќајот во овој дел од градот. Парите за овој проект Град Скопје ги доби од Владата. Се работи за вториот дел од проектот за проширување во булевар на Качанички пат, кој сега се вика улица „Хасан Приштина“ и за изградба на клучки кај Момин Поток и на булеварот „Словенија“. Клучката кај Момин Поток почна да се гради во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов. Во август лани, Градот, конечно, по две години градба, го заврши кружниот тек кај „Хубо маркет“. https://www.vecer.press/ke-se-rekonstruira-i-prosiruva-bulevarot/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Ова ќе биде некоја импровизација од типот Првомајска како компензација за Јужен Булевар во источниот дел, или Теодосиј Гологанов како компензација за ЈУжен Булевар во западниот дел. Или по едн алента за паркирање на пластичарска наместо 3+3 булевар со ограда. Така и тука, ќе се заташка нешто наместо сериозно решение. И тоа што го замислуваат ќе заглави со години како ПРвомајска пред Драчево.
А што убаво имаше идеја да се протне саглам булевар меѓу Визбегово и Бардовци до обиколница! |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Очигледно не, си пишува убаво „разделен појас од два метра и зелен појас по двата надворешни раба, во ширина од два метри “.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
(ВИДЕО) Два булевара во најава во Скопје – каде ќе водат и колку ќе чинат
Станува збор за булеварот „Хасан Приштина“ (од булеварот Словенија до Обиколницата) и втората фаза од булеварот „Македонија“, со што оваа собраќајница конечно ќе влезе во подземната улица под комплексот „Дајмонд“ И на едниот и на другиот тендер се пријавени исти фирми, а веќе има наводи дека јавната набавка е скроена за еден понудувач Речиси секој работен ден во срцето на главниот град владее сообраќаен хаос. И, не само во центарот. Еднакво нервозно е и на периферијата, како на пример кај Момин Поток. Решението за метежот кај Момин Поток се гради веќе четврта година. Го почна тогашниот скопски градоначалник Петре Шилегов, токму пред локалните избори во 2021 година. И, случајно или не, повторно пред избори, се најавува нова фаза. Во бараката 1А во седиштето на град Скопје, на 21 февруари, во просторија не поголема од десетина квадрати, се отворија понудите на тендерот за изградба на булеварот „Хасан Приштина“. Ги имаше четири на број. Ју-бај 2 амет ДООЕЛ, од скопско Бојане, понуди да ја заврши работата за околу 9,4 милиони евра. Гранит АД, побара 8,7 милиони. Слична беше цената и на Топ Билд. Најниско и тоа значително помалку од другите, понуди конзорциумот од Ленди Груп, Машиникоп и Фабрика Карпош. ![]() Тоа не беше само обично отворање понуди бидејќи тендерот веќе предизвика контроверзи. Кога првпат се распиша огласот, на условите се пожали Гранит АД. До Комисијата за жалби по јавни набавки аргументираа дека несразмерно се бара: – да може да се пријават само фирми кои имаат лизгачки систем за подупирање на ров со длабочина од минимум 4 метри…опрема која се користи за изведба на водоводни/фекални канализации, а такви зафати нема во тендерот за булеварот; – да може да се пријават само фирми кои имаат минимум 8 багери со зафатнина на корпата од 3 кубни метри, кога со толку и такви багери би се ископало се за 16 дена, а рокот на изведба е 730 дена; – да може да се пријават само фирми кои имаат сопствена асфалтна база во радиус од 50 километри и тоа со капацитет од 240 тони на час. Па, бидејќи бил препознаен ризикот за, народски кажано, тендерот да биде наместен, постапката била поништена. Трката која сега се води, всушност, е втора. Допрва ќе се одлучува кој ќе победи бидејќи на крај ќе има електронско наддавање, при што цената е главен, но не и единствен фактор. Ќе победи оној со најдобро оценет однос помеѓу цената и квалитетот. Идејата за тоа како треба се да изгледа на терен беше најавена уште во 2021 година од тогашниот градоначаник Петре Шилегов и вицепремиерите Фатмир Битиќи и Артан Груби. Се градеше долго, но кружниот тек на булеварот „8 Септември“ е првиот чекор. На следниот уште се работи, а тоа е кружниот тек кој ги спојува „8 Септември“ и „Никола Карев“. Од таму, без семафори, ќе се продолжува кон Визбегово и булеварите „Словенија“ или „Хасан Приштина“, за накај обиколницата и границата со Косово. Но, се доцни многу. Побаравме став од Град Скопје на чело со градоначалничката Данела Арсовска. Не добивме ништо повратно. Денот е 24 февруари. Бараката е истата – 1А. Како и просторијата – не поголема од десетина квадрати. Три дена по „Хасан Приштина“, се отвораат понудите за уште еден капитален проект – втората фаза од изградбата на булеварот „Македонија“. Пред комисијата има три понуди, сите три од компании што конкурираа и за булеварот „Хасан Приштина“. „Гранит“ понуди да ги заврши работите предвидени со тендерската документација за 14,6 милиони евра. Конзорциумот составен од Ленди Груп, Машинокоп и Фабрика Карпош побара 13,3 милиони. Значително најевтина беше понудата на „Топ Билд“ – 9,8 милиони евра. https://360stepeni.mk/video-dva-bulevara-vo-najava-vo-skopje-kade-ke-vodat-i-kolku-ke-chinat/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |