Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1 Topic: [Р-1106] Скопје * - Македонски Брод Posted: 11-Sep-2008 at 23:07 |
ИСПРАВЕНА НЕПРАВДАТА КОН 55 СЕЛА ОД ПОРЕЧКИОТ КРАЈ
Ќе се гради пат до Порече преку Јасен
Желбата на скопјани со потекло од Порече да добијат директен пат
од главниот град до Македонски Брод, станува реалност. До почетокот на
октомври Агенцијата за државни патишта ќе распише домашен тендер за
избор на изведувач на 8,4 километри долгиот пат кој ќе минува по
старата траса на резерватот Јасен. Од Агенцијата велат дека Владата ја
одбра поевтината варијанта која ќе минува низ државно земјиште со што
се избегнуваат трошоци за експропријација на земјиштето. - Завршен
е проектот за изградба на патот Македонски Брод - Скопје, треба да
следи тендер за избор на изведувач, кој би го изградил патот за седум
до осум месеци. Со тоа Македонски Брод ќе биде приближен до Скопје.
Станува збор за локација која ќе поминува низ резерватот Јасен и мислам
дека Владата е во право што ја дозволи трасата бидејќи претходните
влади ја избегнуваа - ни изјави градоначалникот на општина Македонски
Брод, Милосим Војнески.
Со овој зафат ќе се доизградува регионалниот пат К1 и тоа од
месноста Коломот до мостот кај село Близанско. Од Агенцијата велат дека
секоја друга варијанта која би го заобиколила резерватот ќе беше
подолга за дваесетина километри и ќе бараше време за пробивање на патот
и средување на имотноправните односи со жителите. Поречани се
задоволни што по десет години упорно барање успеаја да ја исправат
неправдата која е нанесена кон 55 села од поречкиот регион по
запирањето на патот кој водеше низ резерватот Јасен со кој стопанисува
Министерството за одбрана. Со доизградбата на овој пат патувањето на
поречани до Скопје би се скратило за најмалку еден час, а се добива и
нова патна врска со Кичево и Прилеп.. http://vecer.com.mk/?ItemID=FA8C0C1D4BAC1A4CBAA7651432D2F455
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#2 Posted: 11-Sep-2008 at 23:14 |
Зашто мислам дека селото Близанско требаше да биде потопено?! Инаку тој мост што се спомнува е мостот на езерото Козјак. Ај ако може да обележи које таа траса по која треба да биде патов.
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#3 Posted: 12-Sep-2008 at 09:00 |
Стварно одлична вест. Патот почнува од пред Драчево, па Марков Манастир, Нова Брезница, Јасен.... Ќе пробам да се снајдам на ГЕ, но и да го обележам.
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#4 Posted: 12-Sep-2008 at 09:51 |
Еве како мислам дека ќе оди патот. Последните 2 прави линии се моја намерна импровизација бидејќи резолуцијата на тој дел на МК во ГЕ е очајна, па несакав да нагаѓам како би одел патот. Во секој случај патов оди од Марков Манастир преку каменоломот на Усије кај Говрлево па кај патот што се одвојува за Матка 2 продолжува за Нова Брезница каде се двои за браната Козјак и Јасен. Знам дека од Брезница до Јасен има уште 10тина км па тамо моментално има рампи. Понатака импровизирав но мислам се добива отприлика слика за патот.
|
 |
GreatMakedon
Senior Member
Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
|
Quote Reply
#5 Posted: 12-Sep-2008 at 13:52 |
prekrasna vest no so golemo zadocnuvanje, makedonski brod e veke mrtov grad.. se nadevam deka vo dogledno vreme ova patna mreza ke donese investicii vo porece.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#6 Posted: 21-Oct-2008 at 15:39 |
Јавен повик за изградба на патот од Скопје до Поречје

Агенцијата
за државни патишта објави јавен повик за избор на најповолен понудувач
за изградба на регионалниот пат К1-Р-104 и реализацијата на врската со
Р-104, од Коломот до мостот кај село Близанско.
Како што соопштуваат од министерството за транспорт и врски оваа
одлука ја донела денеска Владата, а се очекува изградбата на
регионалниот пат К1-Р-104 и реализацијата на врската со Р-104, од
Коломот до мостот кај село Близанско кој е во должина од 8,4 километри
да започне на 30 јануари 2009 година и да заврши на 30.07.2010 година.
По изградбата на ХЕЦ „Козјак“ и нејзиното пуштање во работа, беше
потопен локалниот пат кај мостот Здуње, до Коломот, кој претставуваше
единствена патна врска на месното население од Поречје кон Скопје.
Заради тоа за патување од Скопје кон Поречје се користат обиколните
патишта преку Прилеп или Кичево, кои се со приближна должина од по 200
километри. По изградбата на патот од Скопје до Поречје, драстично ќе се
намали времето за патување на оваа релација и ќе се реши овој горлив
проблем за жителите кој не бил решен во изминативе 18 години. |
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=42491&kategorija=2
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#7 Posted: 07-Mar-2009 at 16:08 |
Патот Македонски Брод - Скопје пократок за 150 километри |
|
|
|
|
По
многу години исчекување поречанци го дочекаа почетокот на изградбата на
патот што ќе го поврзува овој крај со Скопје. Првата делница од 89
километри од мостот Близанско до Коломот ќе ја гради АД „Бетон“. Оваа
делница ќе биде со две сообраќајни ленти и ќе овозможи скратување на
патот од Македонски Брод до Скопје, преку Кичево од сегашните 200 на 40
километри. Градежните работи треба да завршат за 18 месеци. Целиот
проект ќе чини над половина милијарда денари. Патот ќе овозможи
заживување на регионот, како и побрза и полесна комуникација на
граѓаните од Македонски Брод и од Прилеп со Скопје.
Почетокот
на работите го означи премиерот Никола Груевски со поставување на
камен-темелникот на трасата кај мостот Белица на езерото Козјак. Тој
воедно го најави и почетокот на владината програма за инвестиции од 8
милијарди евра во изградба на инфраструктурните објекти.
За
годинава, рече тој, планирани се уште 16 делници на регионални патишта
во земјава. Тој за две недели го најави почетокот на изградбата на
делницата Радовиш - Струмица, Куклиш - Банско, на обиколницата кај
Охрид и на патот до скицентарот Кожув.
- Ова е почеток на
решавањето на најголемиот проблем на поречанци. Ова е реализација на
едно наше ветување. Со овој пат почнува инвестицискиот циклус за
изградбата на проекти што ќе бидат основна на висок и одржлив раст и
подобрување на стандардот на граѓаните - рече премиерот Никола Груевски.
Изградбата
на патот од Белица до Скопје се реализира со средства од Агенцијата за
патиштата, а соинвеститор со 25 отсто учество е и АД ЕЛЕМ.
-
Оваа делница ќе ја олесни комуникацијата и со неа се остварува сонот за
изградба на патот Виа игнација. Тој ќе овозможи стопански и демографски
развој на регионот - рече Влатко Чинговски, директор на ЕЛЕМ.
Наташа
Волкановска, директорка на агенцијата, рече дека за реализација на
сообраќајните проекти се обезбедени 120 милиони евра од заеми и 50
милиони евра од буџетот.
|
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=11&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=335&ArticleID=19706 |
Edited by Cloverstack - 25-Mar-2011 at 05:22
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#8 Posted: 11-Apr-2009 at 13:22 |
Денеска започнува реконструкција и на регионалниот пат Илинден-Калуѓерец Р-10.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#9 Posted: 11-Apr-2009 at 13:32 |
Originally posted by lslcrew
Денеска започнува реконструкција и на регионалниот пат Илинден-Калуѓерец Р-10.
|
Р-104 Сите „Р“ патишта имаат троцифрена идентификација.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#10 Posted: 11-Apr-2009 at 13:47 |
Епа ондак новинариве имале грешка! Требеше да си проверам ја пред да постирам!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#11 Posted: 13-Apr-2009 at 12:40 |
ЗА ПОДОБРА СООБРАЌАЈНА ИНФРАСТРУКТУРА
Се реконструира патот од Илинден до Калуѓерац
Кај
крстосницата меѓу патот за Драчево и за селото Батинци почна
реконструкцијата на дел од регионалниот пат Илинден - Калуѓерец во
должина од 19 километри. Патот Р-104 ќе ги поврзува општините Илинден,
Кисела Вода, Сопиште, Зелениково, Студеничани и Македонски Брод, како и
повеќе населени места. На него ќе се изврши надградба на асфалтниот
коловоз од крстосницата кај село Батинци до село Говрлево и надградба
на патот кон „Марков манастир“. За реконструкцијата се обезбедени 144
милиони денари. Градежните работи ќе бидат завршени во наредните пет
месеци, а ќе ги изведува градежната фирма „Алпина баот“. Премиерот
Никола Груевски, кој го означи почетокот на работите, посочи дека
подобрувањето на патната мрежа е еден од основните предуслови за да се
обезбеди забрзан, олеснет и ефикасен транспорт на стоки и патници низ
нашата земја што им е од особена важност на странските и на домашните
инвеститори. Поправката на оваа делница е дел од капиталниот проект на
Владата за реконструкција и рехабилитација на 11 регионални патни
правци во земјава. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1675&ArticleID=111658 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#12 Posted: 25-Mar-2010 at 15:41 |
Козјак - нов Охрид? |
Со „катамаран“ ќе превезувале
туристи до плажите на најголемото вештачко езеро, во чија околина ќе
имало и угостителски и сместувачки капацитети за да се поминел цел
годишен одмор. Ова се плановите на јавното претпријатие „Јасен“
за развој на шумскиот
резерват |
|
 |
Патот што за неколку години директно ќе го поврзе Скопје со поречкиот
крај нема да биде само алтернативна беспатаринска траса кон Охрид, туку
ќе води кон нови туристички атракции. Ако се остварат плановите на
„Јасен“, (со полно име: јавно претпријатие за заштита и управување со
повеќенаменското подрачје), во иднина, наместо на Охридско Езеро,
скопјани ќе се сончаат на плажите на Козјак, на 50-60 километри од дома,
а ќе им бидат достапни и многу други можности за рекреација во
познатиот шумски резерват.
НАД 1.000 ПОСЕТИТЕЛИ ВО ЗАБРАНЕТАТА ЗОНА
Јасен е шума како и многу други. Главно зимзелена, со некои листопадни
делови, таа излегува на најголемото вештачко езеро, ги опфаќа врвовите
на Караџица, големите неиспитани пештери, а содржи и репродуктивни
центри за диви животни. Зафаќа 325 квадратни километри или еден и пол
отсто од територијата на државата. Но посебна е по тоа што долго време
била забранета зона, резервирана само за политичките елити. Не само
преубавата природа туку и љубопитноста да се види што се криело таму со
децении привлекле над 1.000 туристи откога резерватот стана отворен.
Посетителите таму можат да ловат, да пешачат, да се качуваат по карпи,
да јаваат, да возат планински велосипеди, да испитуваат пештери, да
набљудуваат ретки растителни и животински видови, а наскоро и да се
капат.
- Ќе направиме плажи на неколку места, а во езерото ќе пуштиме пловило
од типот „катамаран“. Со него ќе се пренесуваат туристите до места во
кои ќе можат да го поминат целиот ден, па и неколку дена, бидејќи ќе има
угостителски и сместувачки капацитети. Патот што ќе се пробие низ
резерватот ќе има само позитивно влијание врз нас и се надеваме дека тој
ќе овозможи Јасен со Козјак да стане место за годишен одмор - вели
Михаил Малохов, директорот на „Јасен“.
Тој нагласува дека сите активности, како тие досега така и во иднина,
кога ќе се развие летниот туризам, на посетителите ќе се одвиваат под
будното око на чуварската служба, која ќе надгледува да не се уништува
природата и, особено, да не се вознемируваат дивите животни. Како што
нагласи Малохов, планираат многу туристички атракции, но не сакаат да го
загубат статусот на едно од најдобрите пет ВИП-ловишта во светот.
ПАТ И ЗА ЛУЃЕТО И ЗА ЖИВОТНИТЕ
Здружението „Порече“ вршеше голем притисок да се направи директен пат од
Скопје до овој крај, затоа што иако е многу блиску до главниот град,
тој е еден од најсиромашните и најзаостанатите во земјава, а има огромни
можности за економски развој. И планираното отворање за туристички
посети тие го гледаат како шанса да заживеат повеќето села, во кои би се
развивал алтернативниот туризам.
- Ни беше потребен овој пат. Сега се прави делницата од Близански мост
до месноста Коломот, но оттаму треба да продолжи кон Пуста Брезница и да
се поврзе со регионалниот пат. Не е во ред да патуваме и по четири часа
преку Кичево за да стигнеме до место 50 километри оддалечено од Скопје -
вели Стојан Стојчевски, член на здружението „Порече“.
Делницата што сега се гради е долга 8,4 километри и се пробива со
динамит. Таму привршуваат најтешките работи и се очекува наскоро да
почне расчистувањето на теренот и самата изградба на патот широк шест
метри, според сите стандарди за регионалните патишта. Го гради „Бетон“,
чии инженери очекуваат најголемиот дел работи да бидат завршени до
крајот на годинава.
- Кога ќе се направи патот и кога возилата за неколку минути ќе ги
поминуваат овие осум километри, нема да можат ниту да замислат дека ова
место претходно беше исто како и другата страна на езерото, стрмна
падина што се спушта речиси вертикално во водата - коментираат
градежниците.
Со проектот за патот се внимавало и тој да не го наруши, односно што
помалку да го наруши екосистемот околу езерото и шумскиот резерват
„Јасен“, бидејќи коловозите обично го прекинуваат и го ограничуваат
движењето на инсектите, влечугите и на други видови, на тој начин
негативно влијаејќи на целиот синџир на исхрана. Но на делницата од
Близанско до Коломот на три места ќе се остават подземни пасажи за
животните, за да се намалат штетните влијанија.
Од Коломот кон Брезница, пак, низ срцето на резерватот сé уште води
патче широко од два до два и пол метра, кое беше отворено за сообраќај
до 2003 година. Возилата се движеа во една насока, бидејќи никаде нема
место за да се разминат, а на секои четири часа правецот во кој беше
дозволено возење се менуваше. Затоа претставниците на здружението
„Порече“ коментираа дека ако тој коловоз остане единствена врска меѓу
Скопје и езерското крајбрежје, заедно со селата, нема да има голем ефект
од досегашните вложувања на државата во патиштата во овој регион.
Како ќе се премине преку тешкиот терен низ Јасен ќе се знае откако ќе се
избере фирма што ќе го изработи основниот изведбен проект за таа патна
делница долга дваесетина километри. Со тоа ќе се утврди и нејзината
точна траса.
|
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32410154451&id=9&prilog=0&setIzdanie=21943 |
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#13 Posted: 30-Aug-2010 at 10:44 |
Пробиен патот Скопје-Македонски Брод кај резерватот Јасен
Патот
Скопје Македонски Брод покрај резерватот Јасен е пробиен, потпорни
ѕидови се градат..Механизацијата работи врз негово проширувањето..
На места делницата од скопско Драчево до Поречко Близанско во
должина од 40 километри се подготвува за асфалтирање. И ако градежниците
работат вчера и денеска над 2000 скопјани и тетовчани без проблеми
доаѓаа до езерото Козјак.до Тажево и селото Белица.
Од октомври,велат локалните жители,до викенд наслеби- те крај
езерото и до поречие ќе се стигнува многу брзо. Близу Здуње со градат и
се урбанизираат нови населби. 60 годишната мистерија што во себе ја
носеше воено стратешкиот и ловен резерват јасен,со патот е срушена.
Поради него,велат поречани реката треска, и недопрените природните
убавини беа тешко достапно и не искористени...
По пробивањето на патот и со поврзувањето со Скопје иднината се
гледа во развој на туризмот и во искористувањето на рудните богатства
...
29.08.2010, 17:33
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=64271
|
 |
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#14 Posted: 30-Aug-2010 at 13:05 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#15 Posted: 09-Sep-2010 at 00:57 |
30.08.2010
Р-104 Скопје - Македонски брод само 40 километри пат
Скопје, 30 август – Само 40 километри ќе треба да патуваат
граѓаните од Скопје до Македонски брод и во обратна насока откако е
пробиен патот покрај резерватот Јасен.
Оваа делница, речиси шест
децении, не беше пробиена и претставуваше загатка за граѓаните на
Македонија.
Официјалното пуштање во употреба се очекува за
октомври.
Но, сега, механизацијата работи на проширување на
патниот правец, а граѓаните веќе го користат патот за движење во двете
насоки.
По пат, застануваат на релаксација на езерото Козјак,
Тажево и кон селото Белица.
Претходно, до Македонски брод се
патуваше преку Тетово, Гостивар и Кичево и таа делница изнесуваше околу
200 километри.
Исто така, граѓаните можеа да одат до Брод преку
Велес и Прилеп.
http://www.zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208120405&s=27209153317&ID=308109192 |
|
 |
<Fresno>
Senior Member
Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1161
|
Quote Reply
#16 Posted: 09-Sep-2010 at 13:01 |
Само 40 километри ќе треба да патуваат
граѓаните од Скопје до Македонски брод и во обратна насока откако е
пробиен патот покрај резерватот Јасен. |
Тешко, Скопје - МБ воздушната линија е скоро 60км.
|
 |
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
|
Quote Reply
#17 Posted: 09-Sep-2010 at 13:08 |
Новинарска работа. Точниот податок е дека патот се СКРАТУВА за 40тина километри, а не дека изнесува 40тина километри.
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#18 Posted: 31-Oct-2010 at 23:14 |
Р-104
ИЗГРАДБАТА НА ПАТОТ НИЗ ПОРЕЧИЕТО НЕМА ДА ЈА НАРУШИ ИНТИМАТА НА РЕЗЕРВАТОТ "ЈАСЕН"
Сменско возење низ македонскиот Јелоустон
Патот ќе ги
има сите инфраструктурни решенија, па дури и ограда која ќе оневозможува
дивечот да претрчува преку патот. Тоа е еден совршено модерен, но и
скап пат кој, за жал, во првата фаза, стасува само до Коломот од каде до
спојот со патот кај Нова Брезница, остануваат уште 15-18 километри низ
резерватот кој е со широчина од 2 до 2,5 метри и не овозможува движење
на возила во двете насоки. Поради тоа ќе се воведат временски термини за
возење низ "Јасен", односно два часа ќе бидат дозволени за движење на
оние возила кои ќе доаѓаат од Македонски Брод кон Скопје, а потоа два
часа ќе бидат слободни за возилата во спротивна насока, вели директорот
на ЈП "Јасен", Михаил Малахов
Оддалечени
само на 30-тина километри од Скопје, над 1.500 жители од поречките села
Здуње, Близанско и од околните села на брегот на вештачкото езеро
"Козјак", до Македонски Брод патуваат еден, а до Скопје повеќе од три
часа. Причина е што пред неколку години почна полнењето со вода на
акумулацијата и кај селото Здуње го потопи единствениот пат што ги
поврзуваше 52-те поречки села со скопската населба Драчево. Владата го
задолжи тогашното ЕСМ да пробие пат преку планината Козјак за да го
доближи Поречието до Скопје на само 50-тина километри, наместо повеќе од
200 во еден правец, колку што има патот преку Кичево.
ВОЗЕЊЕ НИЗ ЈАСЕН На
терен ситуацијата е следна. Од Драчево преку Марков Манастир до село
Нова Брезница е изграден модерен широк пат кој ги задоволува стандардите
за безбедно возење во двете насоки. Оттука започнува тесен кривулест
пат кој поминува низ резерватот "Јасен" со кој стопанисува истоименото
јавно претпријатие. Низ резерватот е забрането да се вози. Но, затоа
пак, од страната на Македонски Брод веќе е пробиен и нивелиран современ
пат со широчина од над девет метри кој го обиколува езерото "Козјак" од
неговата лева страна. Засега патот е пробиен до месноста Коломот и се
очекува до тука да биде асфалтиран на почетокот на идната година. Патот
го гради "Бетон", а финансиер е Агенцијата за државни патишта.
-Патот ќе ги има сите инфраструктурни решенија, па дури и ограда која
ќе оневозможува дивечот да претрчува преку патот. Ќе има специјални
пропусти под патот, за да може дивечот да стигне со водата и да се
напојува. Тоа е еден совршено модерен, но и скап пат кој, за жал, во
првата фаза, стасува само до Коломот од каде до спојот со патот кај Нова
Брезница, остануваат уште 15-18 километри кој се надевам дека во
наредната фаза ќе биде завршен - вели директорот на ЈП "Јасен", Михаил
Малахов.
Засега, патот низ резерватот кој е со широчина од 2 до 2,5 метри не
овозможува движење на возила во двете насоки. Малахов вели дека поради
тоа ќе се воведат временски термини за возење низ "Јасен", односно два
часа ќе бидат дозволени за движење на оние возила кои ќе доаѓаат од
Македонски Брод кон Скопје, а потоа два часа ќе бидат слободни за
возилата во спротивна насока.
-Така граѓанитеод Поречието ќе имаат можност за само 40 километри од
Македонски Брод да стасаат до Скопје. Засега, тие мораат да поминат
многу поголема должина и од Македонски Брод преку Кичево, Гостивар,
Тетово да стигнат во Скопје, што е барем 3-4 пати поголема должина. Тоа
се ефектите од тој пат, за кој се надевам дека многу брзо ќе почне да се
реализира и оваа втора фаза и ќе заврши наредните години - вели
Малахов.
Тој смета дека движењето на возила по патот низ резерватот нема да ја
наруши интимата на овој простор кој долги години беше затворен за
посетителите. -Патниот правец низ резерватот влегува во една зона во
која, во принцип, минимална е заштитата, бидејќи во таа зона и нема
некои определени големи природни богатства кои би требало да бидат
заштитени на посебен начин. Од таа причина, доволна е една ограда која
нема да дозволи претрчување на дивечот и негово уништување од несовесни
граѓани, или предизвикување на пожари. Значи, ќе се направи безбедносна
зона која ќе оневозможи такво нешто да се случи. Ова не е единствен
случај на планетава, такви јавни патишта имаме секаде низ светот, како
што е националниот парк во САД, Јелоустон, каде што има огромни
сообраќајници по средината на паркот, а во него нема никакви проблеми -
вели Малахов.
СКОК НА НЕДВИЖНОСТИТЕ Новиот
пат кој ќе го скрати патувањето на скопјани до Охрид и акумулацијата
"Козјак" кое е на само 30 километри од Скопје, предизвикува во последно
време вредноста на земјиштето околу езерото драстично да скокне. Малахов
вели дека сопствениците на земјиштето околу езерото им ја подигаат
цената, односно таа добива поголема вредност бидејќи има интерес тука за
градење на куќи за одмор или за постојано живеење.
-Има
голем скок на недвижностите од речиси 500 насто. Тоа значи ако порано
квадрат земјиште околу езерото чинеше 2-3 евра, сега чини 50 евра.
Искрено се надевам, дека инспекциските служби, односно општините кои се
задолжени за урбанизација на тој простор, ќе бидат побрзи од оние кои
имаат намера да купат земјиште и сето тоа да биде регулирано. За куќите
што ќе се градат да бидат во склад со архитектурата на подрачјето на
Поречието, да бидат решени сите комунални проблеми, како што е
загадување на овој бисер на природата во Македонија. И тие куќи да имаат
единствена намена, а тоа е да бидат место каде што би можеле да се
одмараат, а не да се прават бетонски палати кои никому нема да му служат
бидејќи ќе бидат мртви споменици за желба за покажување кој и колку
пари спечалил - додава Малахов.
Инаку, плановите на ЈП "Јасен" за езерото Козјак се навистина големи. -Се
надевам дека 2011 година кога се отвора тендерот за нов концесионер за
акумулацијата "Козјак", ќе го добиеме (концесијата истекува првите
денови од 2011 година). Доколку тоа се случи ќе продолжиме со нашите
активности. Планот ни е да изградиме над педесетина објекти над вода со
куќички кои ќе се издаваат на заинтересирани граѓани кои имаат намера да
престојуваат подолг период на истите, каде што ќе ги имаат сите услови
што ги има кое било туристичко место во нашето опкружување, по многу
пониски цени, но сега во Македонија - истакнува Малахов.
http://vecer.com.mk/?ItemID=B51BCC3793541C41B4AFD91E62EF9E01 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#19 Posted: 01-Apr-2011 at 05:29 |
|
 |
OCB
Senior Member
Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
|
Quote Reply
#20 Posted: 11-Aug-2011 at 16:25 |
30 јули 2011
Пуштен во употреба рекунструираниот регионален пат Илинден-Калуѓерец
Премиерот Никола Груевски денеска го пушти во употреба рекунструираниот регионален пат Илинден-Калуѓерец, во должина од 19 километри, со што ќе се подобри патната врска за жителите од општините Кисела Вода, Илинден и Сопиште.
- Во завршна фаза е изградбата на новопробиениот пат во Поречието во должина од 10 километри, со кој се обезбедува претходно прекинатата патна врска кон Македонски Брод изјави директорката на Агенцијата за државни патишта Наташа Валкановска.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=E2A4965F6023FF4781928C08F88CEF37

Edited by OCB - 11-Aug-2011 at 16:35
|
 |