![]() |
![]() |
![]() |
Театар "Ј.Х.Џинот" - Велес |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 345 |
Author | |
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
![]() Ексклузивно: Примопредавање на велешкиот театар во четврток! Современиот театар е изграден на површина од 3.543 метри квадратни, а располага со голема и мала сцена. Гледалиштето на големата сцена има капацитет од 370 гледачи, а малата сцена е флексибилно изработена, па капацитетот може да биде од 50 до 110 гледачи ВЕЧЕР дознава дека новиот објект на велешкиот театар ќе се примопредаде во четврток! Современиот театар е изграден на површина од 3.543 метри квадратни, а располага со голема и мала сцена. Гледалиштето на големата сцена има капацитет од 370 гледачи, а малата сцена е флексибилно изработена, па капацитетот може да биде од 50 до 110 гледачи. Има дел за посетители, дел за изведувачи, дел за технички служби и други технолошки простори, како и дел за администрација. Од самото формирање на театарот во Велес во 1949 година до неговото затворање во 1968 и неговото повторно функционирање во периодот од 1986 година до 1999 не беше направена никаква интервенција за подобрување на условите за работа на уметниците. Тие работеа во речиси руиниран објект со никакви техничко-технолошки перформанси. Согледувајќи ја потребата од нов објект изграден според сите светски стандарди, Владата на РМ во 2007 донесе и одлука за изградба на нов театар во кој уметниците ќе можат непречено да создаваат богата продукција во која ќе уживаат граѓаните од целата држава. Новиот театар во Велес ќе значи продолжување на континуитетот и подигнување на стандардите на театарската дејност во Велес, но овојпат во еден репрезентативен театарски објект, со простор кој ги задоволува светските стандарди, но и сценски простори со современи технолошки системи во кои ќе се негуваат уметноста и културата и ќе се реализираат содржини од сценско-уметнички дејности со високи технички перформанси", велат од Министерството за култура. Инаку, историјатот на театарот "Јордан Хаџи Константинов Џинот" заокружува период од 66 години театарска дејност во Велес, а првите нишки беа повлечени уште во 1874 година. Велес е и градот на првото училиште на македонски јазик, првата гимназија, првиот музеј, првиот театар и на првото музичко училиште во Македонија. (Де.Т.) Најсовремена сцена Театарот располага со сцена од најсовремен вид, а опремата и уредите кои се вградени во неа се од врвни светски водечки производители. Најголемиот дел од опремата е од фирмите "Гала" од Канада и "Ленце" од Австрија. Има три оркестарски платформи и осум сценски платформи. За сценското осветлување и за аудио и видеосистемите е вградена опрема и уреди од врвни светски производители како што се "Филипс стренд лајт", "Селекон", "Џибиел", "Саундкрафт", "Сони"... ![]() ![]() ![]() ![]() Ќе може да гостува која било продукција Квалитетот и квантитетот на опремата од системите за сценско осветлување аудио и видео кои се вградени во објектот го издигаат ефектот и квалитетот на сцената во ранг на најсовремените театри во Европа и светот. Со тоа ќе се овозможи во Велес и на оваа сцена да гостуваат сценски постановки од која било продукција", велат од Министерството. Изградба на Драмски, Турски, Албански, Центар... Со изградбата на овој репрезентативен театарски објект, Владата на Република Македонија и Министерството за култура интензивно ја остваруваат својата амбициозна театарска програма за изградба на нови капитални објекти кои ги ветивме пред граѓаните", велат од Министерството за култура, додавајќи дека моментално во тек се изведувачките постапки на изградба на новиот Турски театар во Скопје и на реконструкциите на Албанскиот театар и на театарот во Струмица. Целосно е завршена и документацијата за изградба на уште два скопски театри: Драмскиот театар и некогашниот Театар Центар. Во тек е постапката за изградба на објектот Театар и библиотека во Тетово. http://www.vecer.mk/?ItemID=B259241735E8654389DFDCD36D55A304 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
од денес:
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
МИА.мк |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Бравос за дрес кодот на гостите! Да дојдевте по влечки и пижами на отварањето ако не.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() извор:Општина Велес Edited by jyvation - 01-Jul-2014 at 22:44 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Хортикултурно уредување околу новата зграда на Велешкиот Театар.
![]() ![]() ![]() ![]() извор:Ј.К.П Дервен Велес |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Убаво.
Сепак мора да се заклучи дека уште не се најде јунак да измисли замена за онаа стандардна, досадна и секаде употребуваната сива бекатон плочка која секогаш ама секогаш ми го уништува добриот впечаток. Ако е така јас мислам дека редно е да се стави на грбот на Република Македонија на местото кај што беше петокраката. Не стварно 10 милиони евра театар а плочникот пред влезот со најевтина и најмизерна бекатон плочка. Edited by kultuzin - 22-Jul-2014 at 14:03 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Vane Mihajlovski |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
На Интернет страницата кон која води наредниот линк е објавен и видео клип поврзан со конкретната статија.
http://www.sitel.com.mk/dramskiot-tekst-najvazhnata-rabota-na-svetot-kje-go-otvori-noviot-veleshki-teatar-0 Драмскиот текст “Најважната работа на светот“ ќе го отвори новиот велешки театар
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Нормално, Велешкиот театар не само што не е отворен, туку мебелот и останатите работи сеуште спакувани си седат во холот од зградата!
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР ПАК ПРОКИСНУВА ПОСЛЕ ДОЖД, ОБЈЕКТОТ 7 ГОДИНИ НЕМА ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ
![]() Повторно прокиснува во зградата на Велешкиот театар. Протекува во фоајето како и во помошните простории. Дождовите од изминатиот период придонесоа водата да протече во внатрешноста на новата театарска зграда, слично како што се случи во мај 2018. Сашо Димоски, в. д. директор на Театарот, ја потврди ваквата состојба и кажа дека преземаат мерки за санирање. „Известено е Министерството за култура. Претходно кога протекувало, преземени биле одредени мерки, поради тоа сега е стеснет просторот каде се случува и не е драматично. Се работи на санирање на оштетувањата“ , кажа Димоски. На прашањето дали во меѓувреме е извршен технички прием на новата зграда на Велешкиот театар, за реагираше Државниот завод за ревизија уште летото 2018, Димоски кратко ни одговори: „Сѐ уште не“. „Користење на објектите без технички преглед не е во согласност со одредбите од член 87 од Законот за градење каде е утврдено дека градбата ќе се стави во употреба по извештајот од технички инженери, за да не се изложат на безбедносен ризик субјектите кои го користат објектот“, пишува Ревизорот во извештајот од 2018. Новата театарска зграда во Велес започна да се гради во 2008, се отвори два пати во 2014 на 26 јуни кога се изврши примопредавање и на 20 декември 2014 кога се одигра и првата претстава. Театарот има две сали, големата е со капацитет од 370 седишта, додека малата од 120. Првата претстава која се изведе на сцената од новиот театар беше „Најважната работа на светот“ работена по текст на Братислав Димитров, а во режија на ЉубишаГеоргиевски. Таа се одигра само три пати. https://sdk.mk/index.php/kultura/veleshkiot-teatar-pak-prokisnuva-posle-dozhd-objektot-7-godini-nema-tehnichki-priem/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() http://www.ateljeproekting.mk/portfolio/teatar-dzinot-veles/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НЕМА ПРЕТСТАВИ ВО ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР ОТИ СЕ ДОВРШУВА ИЗГРАДБАТА, ИАКО РАБОТИ СЕДУМ ГОДИНИ
![]() Не се изведуваат претстави на сцената на Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. Периодов Велешкиот театар гостува во други градови, но нема репертоар на матичната сцена. Од Велешкиот театар нема одговор на прашањата зошто нема претстави, но од Министерството за култура велат дека во тек се градежни работи за да се заврши изградбата на објектот. „Согласно предвиденото во Годишната програма за инвестиции за 2021, се изведуваат завршни работи од изградбата на објектот за театарот во Велес. Овие работи опфаќаат одредени испитувања, завршни изведбени работи и одредени санации на настанати оштетувања во внатрешноста и надворешноста на објектот. Поточно, се вршат испитувања на електричната инсталација како и на автоматски дизел агрегат. Се испитуваат и сервисираат инсталациите за дојава на пожар, се испитува водоводната мрежа, се монтираат подземни пожарни хидранти, се изведуваат завршни работи на внатрешен водовоод и испитување на внатрешен водовод“, ни рекоа од кабиенетот на министерката за култура Ирена Стефоска. Освен ова се вршат и лимарски работи, санација на покривни бакарни олуци, гипс-картонски и молерофарбарски работи. Според предвиденото во договорот, градежните работи кои се во тек треба да се завршат до крајот на месецов. Државниот завод за ревизија во 2018 уврди дека Велешкиот театар работи иако нема технички прием. Во писмените забелешки објавени тогаш, меѓудругото пишува дека „За објектот ‘Театар Велес’ во Велес не е извршен технички преглед, извршен е само интерен технички преглед по фази на ден 02.06.2015 година со кој се констатирани повеќе забелешки и недовршени позиции. И покрај тоа, театарот е пуштен е во употреба во јуни 2014 година, а на истиот сѐ уште се звршуваат градежни работи“. Министерството во одговорот за тековните активности појаснува дека цел е „завршување на изградбата на театарот“. https://sdk.mk/index.php/kultura/nema-pretstavi-vo-veleshki-teatar-oti-se-dovrshuva-izgradbata-iako-raboti-sedum-godini/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЗАВРШЕНА САНАЦИЈАТА НА ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР КОЈ 6 ГОДИНИ РАБОТЕШЕ БЕЗ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ
Повеќе од половина година не се играат претстави на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, зашто се извршуваат градежни зафати со кои се санираат констатираните недостатоци за да се изврши технички прием на објектот. Објектот примаше публика и се изведуваа претстави, иако шест години немаше технички прим. Министерството за култура најави дека санацијата ќе заврши до крајот на ноември лани, овој рок одамна помина, а сцената на театарот и натаму е празна. „Градежните работи на објектот се завршени. Во тек е постапка за технички преглед, обезбедување на употребна дозвола и упис во јавната книга на недвижности од страна на надлежните органи. По завршувањето на овие процедури објектот ќе биде подготвен за употреба“, одговорија од Министерството за култура, на поставеното прашање зошто се пробиени роковите за санација кои сами си го дадоа. Во меѓувреме, се работеше на завршни изведбени работи и одредени санации на настанати оштетувања во внатрешноста и надворешноста на објектот. Листата на работите е подолга. Се испитуваше електричната инсталација како и на автоматски дизел агрегат. Се испитуваа и сервисираа инсталациите за дојава на пожар, се испитуваше водоводната мрежа, се монтираа подземни пожарни хидранти, се изведуваа завршни работи на внатрешен водовод. Освен тоа се вршеа и лимарски работи, санација на покривни бакарни олуци, гипскартонски и молерофарбарски работи. Последната претстава на сцената на велешкиот театар беше изведена на почетокот од август, лани во рамките на Фестивалот на античка драма „Стоби“. Есента, во два наврати велешките актери гостуваа во Прилеп и Скопје и потоа сцената замре. Државниот завод за ревизија во 2018 констатираше дека велешкиот театар работи иако нема технички прием. Во писмените забелешки објавени тогаш, меѓу другото пишува дека „За објектот Театар Велес во Велес не е извршен технички преглед, извршен е само интерен технички преглед по фази на ден 02.06.2015 година со кој се констатирани повеќе забелешки и недовршени позиции. И покрај тоа, театарот е пуштен е во употреба во јуни 2014 година, а на истиот сè уште се извршуваат градежни работи“. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zavrshena-sanatsijata-na-veleshki-teatar-koj-6-godini-raboteshe-bez-tehnichki-priem/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 345 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |