build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 27-Jul-2024 at 16:00
Originally posted by SkMk

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во градежните работи за започнување со реализација на прва фаза на еден од најтешките, најголемите и најзначајните проекти во Скопје, изградбата на булеварот Македонија кој ќе го реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Овој булевар има за цел да го растерети сообраќајот во центарот на градот особено на улицата Јордан Мијалков, улицата Павел Шатев, улицата Св. Кирил и Методиј и булеварот Кочо Рацин.

Градското раководство започнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар Крушевска Република и улица 11 октомври, втората меѓу булевар Борис Трајковски и булевар Македонија и третата на двата краци на булевар Македонија кон втората фаза од булеварот кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај Лимак.

Реализацијата на ваквите сообраќајни решенија е од особено значење за граѓаните на Град Скопје, а значително ќе го намалат сообраќајниот метеж во центарот на градот и ќе го олеснат движењето на граѓаните низ централното градско подрачје.

Во првата фаза која се реализира на траса предвидени се и нова велосипедска патека по целата должина како и пешачка зона, а истовремено се реконструира целосно водоводната и канализационата мрежа.

https://www.facebook.com/share/p/U51KHiMtrv3mCU2m/?mibextid=K8Wfd2



Денес,сеуште нема никакви активности освен што кенот

од тука



го преместиле овде


...

Carpe diem
Back to Top
ElfGT View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 29-Jul-2024
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 35
  Quote ElfGT Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 07-Aug-2024 at 23:14
Мала дигресија, станува збор за ЈУЖЕН АВТОПАТ од сосема ново решение на клучката на автопатот кај Ѓорче Петров, низ Хром, Козле, Центар, Кисела Вода, Пинтија, Драчево, врска со трианглата на Скопје кај меѓународниот аеродром. И да, станува збор за комплетно подземен автопат. Најголемата убавина е што истиот е потребно во 2-3 наврати да помине и под реката Вардар. Возна брзина 80км/ч. Скопје веќе ја надмина очекуваната цифра од 1965година, потребно е да се започне со евиденција на ова чудо на балканот!!!
Се се сведе на фаќање сеир на туѓа мука
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 08-Jan-2025 at 19:28
Ќе мрднат ли конечно работите: „Течат“ два тендера за булеварот Македонија, се бараат изведувачи за две фази

Во ниедна од јавните набавки не се спомнува поврзувањето со подземната улица, која ја градеше „Лимак“ и која на двата излеза треба да заврши со кружни текови, од кои оној кај поранешниот НИП треба да биде „турбо“ кружен тек.

Пред речиси една година Град Скопје најави дека почнува првата фаза од изградба на булеварот Македонија, еден од најголемите сообраќајни проекти со кој треба да се растовари сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, особено на улиците Јордан Мијалков, Павел Шатев, Свети Кирил и Методиј и на булеварот Кочо Рацин.

Градското раководство започнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар Крушевска Република и улица 11 октомври, втората меѓу булевар Борис Трајковски и булевар Македонија и третата на двата краци на булевар Македонија кон втората фаза од булеварот кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај „Лимак“ – информираа од Град Скопје.

Оттогаш досега од Градот нема информација како се одвиваат градежните активности и до каде е стигната најавената изградба, а на терен и нема што многу да се види. Но, на Електронскиот систем за јавни набавки во тек се два јавни огласи поврзани со булеварот Македонија и тоа за изградба на фаза 2 и фаза 4.

Како што е наведено во тендерската документација изградбата ќе се реализира врз база на Основниот проект за булевар Македонија, потег од раскрсница со улица Митрополит Теодосиј Гологанов со раскрсница со улица 11-ти Октомври и улица Борис Трајковски – Фаза 2, од раскрсница со булевар Кочо Рацин и улица Павел Шатев, проектиран од Друштво за инженеринг и консалтинг „Чакар-партнерс“ ДОО од Скопје.

Заинтересираните фирми понудите треба да ги достават во Град Скопје најдоцна до 31 јануари, до 10 часот, кога ќе се одржи јавно отворање на понудите, при што, како што е наведено, критериум за доделување на договор ќе биде најдобриот сооднос помеѓу цената и квалитетот.

Во тендерот се посочува дека носителот на набавката е должен да ги изведе работите што се предмет на набавка согласно техничката спецификација во рок од 940 календарски дена сметано од денот на доставен писмен налог за воведување во работа. Притоа, тој треба да гарантира за квалитетот на извршените градежни работи за период од најмалку три години сметано од техничкиот преглед. Во тој период изведувачот е должен на свој трошок да ги отстрани, поправи или замени неквалитетно изведените градежни работи.

Еден од условите за склучување на договор е и потенцијалните фирми и изведувачи да имаат остварено минимален годишен приход од 350 милиони денари во секоја од изминатите три години поединечно, односно во 2021, 2022 и 2023 година, но и да располагаат со потребната механизација и професионален кадар за успешно завршување на работата.

Тендерот за изградба Фаза 4 од булеварот, пак, трае до 16 јануари, кога ќе бидат јавно отворени пристигнатите понуди, а се однесува на изградба на потегот од раскрсница со булевар Кочо Рацин до раскрсница со улица Мајка Тереза и булевар Климент Охридски. Градежните работи, како што е наведено треба да завршат во рок од девет месеци, исто така со гаранција од три години.

Во ниедна од јавните набавки не се спомнува поврзувањето со подземната улица, која ја градеше „Лимак“ и која на двата излеза треба да заврши со кружни текови, од кои оној кај поранешниот НИП треба да е „турбо“ кружен тек.

Градоначалничката Данела Арсовска за ова последен пат попрецизно објасни на брифингот одржан пред две години, кога информира дека од едната страна кај Тутунски комбинат треба да има булеварско решение со еден кружен тек, а од страната на „Нова Македонија“ треба да има огромен турбо кружен тек, на нивоа, со чија изведба во централното градско подрачје сообраќајот ќе тече брзо и без застој.

Почнавме со решавање на првата и на втората фаза што е влезот во суштина, таму имаше експропријации, некои од институциите требаше да си извршат дислокации на нивна инфраструктура. Веќе успеавме со нив да се договориме, имаше имотноправни проблеми со три сериозни објекти, најдовме некој заеднички начин за да не одиме во судски постапки што долго траат и тука веќе почнуваме со првите две фази. А од другата страна, каде што е „Нова Македонија“, проблемот се бараките на компјутерскиот центар на Македонски железници. Самите бараки не се толку проблем, но тоа внатре што го имаат, опрема и инсталации, е нешто што не треба да прекине – рече тогаш Арсовска и додаде дека откако ќе се пресели компјутерскиот центар, следниот чекор ќе биде објавување тендер за изведувач, затоа што другото, како што нагласи, било завршено и биле обезбедени средства за првата и за втората фаза.

Кога ќе почне изградбата, Арсовска не кажа, но како што рече тогаш, откако ќе почне да се гради, ќе треба минимум две години за да се изгради, особено кружниот тек кај „Нова Македонија“, кој е проект голем како клучката кај Момин Поток, од аспект на инфраструктура, статика и друго.

Сега се чини работите малку се помрднаа од „мртва“ точка, иако според она што се случуваше во изминатите години никој не се осмелува да прогнозира кога сето тоа што е нацртано во проектот за булевар Македонија ќе се реализира на терен. Но, дека сепак нешто се планира говори и информацијата дека Град Скопје неколкупати не дава позитивно мислење на Општина Центар за изградба на уште една монтажна гаража во продолжение на постојната покрај улицата Народен фронт, со образложение дека ќе пречи на новиот булевар што треба да поминува токму тука.

Ексградоначалникот Петре Шилегов на крајот на својот мандат го најавуваше овој голем проект, со три поврзувања и три кружни текови. Според неговите очекувања, поврзувањата со подземната улица требаше да бидат готови минатата година.

Сите кружни текови за излез и влез во подземната сообраќајница се проектирани и догодина ќе ги распишеме тендерите за изведувачи. Очекувам паралелно со завршување на градежните работи за подземната улица, во 2023 година да бидат и тие готови. Според првичните процени, ќе чинат околу 22 милиони евра – изјави Шилегов во 2021 година.

https://www.slobodenpecat.mk/kje-mrdnat-li-konechno-rabotite-techat-dva-tendera-za-bulevarot-makedonija-se-baraat-izveduvachi-za-dve-fazi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 08-Mar-2025 at 15:47
(ВИДЕО) Два булевара во најава во Скопје – каде ќе водат и колку ќе чинат







И тука ќе има електронска аукција, а за победник ќе се избере економскиот оператор чија понуда ќе се процени како најповолна врз основа на односот меѓу цената и квалитетот.

А што треба да се гради? Станува збор за зафат кој значително ќе го промени ликот на центарот на градот, а со тоа и протокот на сообраќајот. Од јавно достапните документи и описот во достапната документација, Фаза 2 предвидува изградба на делот од булеварот „Македонија“ кој се пресекува со булеварите „11 Октомври“ и „Борис Трајковски“ до пресекувањето со булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Павел Шатев“, каде треба да се направат два нови кружни тека. Градежните зафати, во оваа фаза, завршуваат со изградба на рампи кои ќе го поврзат булеварот „Македонија“ со подземната сообраќајница изградена во темелите на комплексот „Дајмонд“.

Штом се заврши целото поврзување на булеварот „Македонија“, наместо механизацијата и лимот коишто се гледаат кај Лимак, ќе има влез и излез од тунел во должина од 750 метри којшто завршува некаде околу цветниот пазар во Капиштец.

И на другиот крај на тунелот ќе бидат потребни значителни зафати, кога ќе дојде времето за тоа.

Наместо раскрсницата кај Министерството за образование којашто води до „Водњанска“ предвиден е кружен тек. Од двете страни ќе има влез и излез од тунелот којшто го спојува овој дел на градот со булеварот „Македонија“.

Побаравме, но не добивме одобрение да го посетиме подземниот дел од сообраќајницата под комплексот „Дајмонд“.

Понудите се на маса. Прашањето сега е дали изборот ќе биде успешен. Ако се избере најдобар понудувач и се потпише договор, на терен веројатно нема да има нешто повеќе од камен-темелници и камери, барем не до изборите.

Ако има волја кај следниот градоначалник или градоначалничка на Скопје, новите булевари можеби и ќе ја потсмират сообраќајната нервоза за некој година.

https://360stepeni.mk/video-dva-bulevara-vo-najava-vo-skopje-kade-ke-vodat-i-kolku-ke-chinat/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.568 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.