build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 323334
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #661 Posted: 09-Jul-2023 at 14:37
Во Штип по 25 години се отвори кино!

Во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ денеска и официјално се одржа првата кино проекција на Киноверзум.

Општина Штип во соработка со Киноверзум кино, денес овозможија штипјани секојдневно да имаат можност да гледаат кино проекции.






https://www.facebook.com/OpstinaStip.MunicipalityOfStip/?locale=mk_MK

Edited by Џоле - 09-Jul-2023 at 14:37
За сè има вторпат
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #662 Posted: 09-Jul-2023 at 17:01
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #663 Posted: 09-Jul-2023 at 18:24
Алергични на кирилица.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #664 Posted: 14-Jul-2023 at 18:27
СААТ-КУЛАТА ВО БИТОЛА ПРОГЛАСЕНА ЗА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ОД ОСОБЕНО ЗНАЧЕЊЕ



Саат-кулата во Битола ја добива највисоката верификација и се вбројува во редот на културни добра со најголема културно-општествена важност на градот. Владата, на седницата одржана на 11 јули, донесе одлука за прогласување на Саат-кулата за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење, соопштија од Министерството за култура.

Градскиот часовник, со својата висина од 33 метри, доминацијата во просторот и саатниот механизам, претставува еден од најзначајните симболи на Битола. Објектот е изграден во 1830, а се наоѓа во Градскиот парк, во срцето на Битола, на просторот меѓу црквата „Св. Димитрија“ и Јени-џамијата. Со својата архитектонска, градежничка, историска, социолошка и документарна вредност, Саат-кулата во Битола е сведоштво за општествено-економските и културно- историските околности во Битола и пошироко, во рамките на балканскиот простор.

Кулата со автентични камени фасади е културен споменик кој се издвојува по своите специфики и во градбата, монументалноста, изгледот и во степенот на изворната зачуваност. Кулата е значајна и по своите архитектонски и стилски карактеристики, квалитетниот материјал од кој е изградена со вметнување декорирани мермерни сполии и оригиналните мермерни столбови, како и по камените скали кои водат до врвот.

Саат-кулата има и единствен музички механизам со 15 камбани од кои одекнува одредена мелодија на секои шест часа. Истовремено, овој објект дава препознатлив урбанистички акцент во Битола бидејќи во релација со монументалните споменици во неговата близина се создава единствен урбан ансамбл. Со тоа, Саат-кулата во Битола се вбројува во редот на културни добра со највисока културно-општествена валоризација како своевиден белег на градот на конзулите.

„Сите овие специфики се вградени во Елаборатот за ревалоризација на Саат-кулата во Битола и во Предлог-актот за нејзино прогласување за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење, коишто се разгледани и одобрени од Националниот совет за културно наследство“, вели Министерството за култура.

https://sdk.mk/index.php/kultura/saat-kulata-vo-bitola-proglasena-za-kulturno-nasledstvo-od-osobeno-znachene/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #665 Posted: 19-Nov-2023 at 17:58
Хавзи пашините конаци во Бардовци - културно наследство кое не смее да остане во заборавот на времето



https://24.mk/details/khavzi-pashinite-konaci-vo-bardovci-kulturno-nasledstvo-koe-ne-smee-da-ostane-vo-zaboravot-na-vremeto
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #666 Posted: 08-Jan-2024 at 14:34
СТАРОТО КИНО „ПАРТИЗАН“ ВО БИТОЛА ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ ОБНОВУВА ВО КУЛТУРЕН ЦЕНТАР, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА



Само таблите од некогашниот репертоар сведочат дека во руинираниот објект било познатото кино „Партизан“ во Битола. Руината од изронет малтер, искршени прозорци, обрасната со вегетација се наоѓа во центарот на Битола помеѓу две средни училишта, Гимназијата „Таки Даскало“ и Музичкото училиште. Објектот со славно минато, има бедна денешница.

„Тоа беше сала изградена во склоп на поранешната Учителска школа. Во 1967 ја зеде установата која управуваше со кината и ја реконструираше со свои средства. Беше претворена во киносала со сите можности, со посебен влез, климатизација, а се одржуваа повремено и други манифестации. Тоа беше периодот кога во Битола цутеше киноприкажувачката дејност и градот имаше пет затворени кина и уште неколку на отворено во летниот период. Потоа објектот се издаде под кирија, се ликвидира фирмата и се растурија салите“, вели Стефан Хаџиантоновски, филмофил и еден од иницијаторите за созадавање на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

Од Министерството за култура ни рекоа дека проектната документација за реконструкција, санација и адаптација на киното „Партизан“ е веќе завршена, истата беше дел од програмата за 2023, а сега следува прва фаза на реализација на проектот. Проектот е веќе влезен во Програмата за капитални инвестиции и се очекува годинава да се почне со негова обнова во културен центар.



„Комплетната санација на објектот се однесува на подобрување на постоечката состојба на просторот, замена на дотраените материјали, ставање во функционалност и формирање на простори во кои идната публика, младите и вработените, би пронашле простор за реализирање на нивните културно-уметнички цели. Идејата е објектот да се претвори во современ, мултифункционален центар, ефикасен за работа, комфорен простор, кој би ја збогатил културната сцена во градот. Покрај што ќе се обезбеди простор каде младите ќе ги реализираат своите културно- уметнички идеи, целта е да се отворат и нови работни места со цел непречено функционирање на објектот. Идејата е преку организација на концерти, изложби, кино-проекции, дислокација на некои од постоечките претстави на Народен театар Битола да се создаде нов уметнички простор со сопствена програма, идеа и визија“, велат од Министерството за култура.

Од таму напоменаа дека објектот бил изграден во времето на СФРЈ и долги години работел како едно од кината во Битола. Во 1990-тите години со затворањето на кината во Битола, зградата долги години била оставена на забот на времето. Со исклучок на неопходни и итни потреби за интервенција заради дефекти, дотраеност или рушење на делови од самиот објект, не било инвестирано скоро ништо. Во 2006 со одлука на Владата објектот му бил доделен на користење на Народниот театар од Битола.

Од Народниот театар ни потврдија дека очекуваат да започне неговата реконструкција и дека целата е да се пренамени во милтифункционален културен центар.

Ако киното се реконструира, тоа би бил шести објект наменет за културни настани во Битола, покрај Центарот за култура, Театарот, Завод и музеј, Офицерскиот дом и киното Манаки. Како капитална инвестиција најавена е и реконструкција на објектот каде се сместени Центарот за култура и Народниот театар, со тоа што во некогашната сала за свадби на најгорниот кат свои простории ќе треба да добие и Камерниот оркестар од Битола.

https://sdk.mk/index.php/kultura/staroto-kino-partizan-vo-bitola-ke-pochne-da-se-obnovuva-vo-kulturen-tsentar-veli-ministerstvoto-za-kultura/
Carpe diem
Back to Top
shkupjan166 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 25-Dec-2020
Online Status: Offline
Posts: 21
  Quote shkupjan166 Quote  Post ReplyReply #667 Posted: 01-Feb-2024 at 21:46
Потпишан договор за изградба на нов Дом на култура во Општина Чашка

Денес е историски ден за општина Чашка,во присуство на Министерката за Култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Градоначалникот на општина Чашка Горан Стојановски се потпиша договор со вредност од
9 500 000 денари за изградба на новиот Дом на култура во населба Чашка, средства обезбедени од Министерството за Култура.

Со средствата се планира до крајот на оваа година да се заврши првата фаза од проектот до карабина.

Според проектот, Домот на културата ќе поседува мултифункционална сала со широка сцена која ќе се користи како театар,кино и за други настани со 250 седишта, мала конгресна сала со 30 седишта,градска библиотека,
5 деловни објекти ,кафетерија и административни канцеларии.

Објектот ќе биде со вкупна површина од 1100 м/2 , приземје и кат.
https://www.facebook.com/100063673662395/posts/889141596551621/?mibextid=Nif5oz


Edited by shkupjan166 - 01-Feb-2024 at 21:49
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #668 Posted: 03-Mar-2024 at 15:06
Скопскиoт аквадукт – заборавено наследство затрупано со отпад

Душеци од кревети, теписи, автомобилски гуми, завеси, градежен шут, искршени плочки, пластични пишиња. На ваква слика ќе наидете ако појдете да го посетите Скопскиот аквадукт близу Визбегово, покрај булеварот „Словенија“. Газите по искршени стакла додека се обидувате да стасате до овој историски објект од VI век, за кој во меѓувреме имаше многу ветувања дека ќе добие соодветна грижа од надлежните, за да се зачува од распад.



Кога конечно стасувате до објектот, пред вас се исправаат разрушени арки, делови столбови кои се во распаѓање, паднати тули на земја и сето тоа обраснато во трева и грмушки. И покрај неговата огромна вредност, првото на што помислувате е „ова е заборавена историја“, а оштетените негови делови, ѓубрето и неодржувањето, го кажуваат токму тоа.

Првиот впечаток е дека речиси воопшто не е променета сликата за ова важно наследство, кое им пркосеше на различните непогоди низ годините и кој е еден од последните аквадукти на Балканот кои се зачувани во целост.

Сепак, по низата ветувања за грижа и чување низ годиниве, во 2021 година беше најавена првата фаза од конзервацијата и реставрацијата на Скопскиот аквадукт. Па така, она што може да се забележи на терен, реставрирани се четири од вкупно 54 сводови и столбови.



Близу нив, поставена е метална, оштетена табла, на која пишува дека за реставрацијата инвеститор е Националната установа конзерваторски центар – Скопје, а е финансирана од Министерството за култура.



Што се прави во моментов за да се зачува ова културно наследство? Од она што е објавено на веб-страницата на Националната установа Конзерваторски центар – Скопје, оттаму последен пат информирале на темава на 4 јануари 2023 година. Претходна објава за Аквадуктот, имало на 12 декември 2022 година во која пишува:

„Капиталниот проект „Аквадукт” во Скопје, започна да се изработува во 2019 година, првично со изработка на план за работа, изработка на идеен проект, изработка на архитектонски и градежен проект и изработен елаборат за ревалоризација сето тоа завршено до 2021 година, при што по поминатите стручни контроли од надлежните институции и спроведување на останати активности во истата кон крајот на 2021 се почна и со реализација на проектот“.

https://meta.mk/skopskiot-akvadukt-zaboraveno-nasledstvo-zatrupano-so-otpad/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #669 Posted: 08-Aug-2024 at 10:03
Отворена реконструираната киносала во Виница

Во рамки на одбележувањето на Павловден – празникот на градот, во Виница се одржа свеченост на која беше отворена реконструираната киносала.

Проектот за реконструкција почна пред неколку години и беа инвестирани над 19,7
милиони денари, од кои половина од буџетот на Општина Виница, а половина од
Центарот за развој на Источниот плански регион, преку Бирото за регионален развој.

Целосно е реновирана фасадата и кровната конструкција, а во внатрешноста е
обновено гледалиштето и сценскиот простор каде е инсталирано ново осветлување и
современа опрема за прикажување аудиовизуелни дела.

-Се работи за функционален објект со капацитет од 200 посетители, во кој во иднина очекуваме да се реализираат голем број културни настани. Кај сите нас овој објект буди убави чувства и потсетување на едно време кога беа прикажувани филмови, театарски претстави и други сценски настапи, а токму денес, по неколку децении, се надеваме на негово повторно заживување. Оваа капитална инвестиција ќе придонесе за поквалитетен културен живот и насочување на младите кон
вистинските животни вредности, истакна градоначалникот на Виница, Миле Петков.


https://zoom.mk/otvorena-rekonstruiranata-kinosala-vo-vinicza/

Edited by Џоле - 08-Aug-2024 at 10:05
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #670 Posted: 21-Sep-2024 at 14:44
Инвестицијата во висина од 30 милиони денари е на Општина Кавадарци.







https://www.facebook.com/photo?fbid=1081900956627238&set=pcb.1081901923293808
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #671 Posted: 15-Dec-2024 at 16:02
Originally posted by stef4o

Инвестицијата во висина од 30 милиони денари е на Општина Кавадарци.













https://www.facebook.com/MitkoJanchev
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #672 Posted: 14-Jan-2025 at 19:29
Конечно ќе почне обновата на Домот на културата во Ченто



Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше за весникот ВЕЧЕР дека проектот опфаќа изградба на голема сала со гледалиште, фоаје наменето за жителите и канцелариски и магацински простор. – Средствата се обезбедени од Владата, како дел од проектот за финансиска поддршка на општините за реализација на капитални проекти – нагласи Стефковски, наведувајќи дека очекува објектот да биде комплетно реконструиран за 15 месеци.

Домот на културата „11 Октомври“ или, како што го нарекуваат жителите на населбата, „домчето“ е лоцирано во паркот во населбата Ченто и веќе три децении е оставено на забот на времето и е прибежиште на бездомници, но и на наркомани. Жителите повеќе пати реагираа со право, исплашени за своите деца, и бараа да се возобнови објектот, бидејќи ваков каков што е претставува опасност. Освен најави и ветувања, досега ништо конкретно не е направено за запуштениот објект

На неколку месеци до завршувањето на својот мандат, градоначалникот на Општина Гази Баба најави на „Фејсбук“ дека за неколку дена ќе почне реконструкцијата на Домот на културата во населбата Ченто.

– Со задоволство сакам да најавам дека за неколку дена ќе почне целосната реконструкција на Домот на културата во Ченто. По неколку децении, жителите на Ченто и граѓаните на Општина Гази Баба ќе добијат место што ќе претставува центар на културата во нашата општина – напиша Стефковски.

Градоначалникот изјави за весникот ВЕЧЕР дека ова е еден од проектите што се од големо значење за Општина Гази Баба.

– Особено сум среќен што сите мои претходници ја имаа реконструкцијата на Културниот дом во своите програми, но ниту еден не успеа да го реализира тоа – нагласи Стефковски.

Тој информираше дека проектот опфаќа изградба на голема сала со гледалиште, фоаје наменето за жителите и канцелариски и магацински простор.

– Средствата се обезбедени од Владата, како дел од проектот за финансиска поддршка на општините за реализација на капитални проекти – нагласи Стефковски, кој очекува да се реконструира објектот за 15 месеци.

Домот на културата „11 Октомври“ или, како што го нарекуваат жителите на населбата, „домчето“ е лоцирано во паркот во населбата Ченто и веќе три децении е оставено на забот на времето и е прибежиште на бездомници, но и на наркомани. Жителите повеќе пати реагираа со право, исплашени за своите деца, и бараа објектот да се возобнови, бидејќи ваков каков што е претставува опасност. Летото 2022 година, седумгодишно дете, играјќи си со свој врсник во близина на руинираниот објект, падна и се набоде на користена игла на шприц од зависник од дрога. По немилиот настан, граѓаните побараа од градоначалникот Стефковски итно да најде решение за долгогодишниот проблем и да го исполни своето ветување за реконструкција на објектот. Стефковски посочи дека се изготвува проект, иако неговиот претходник, Борис Георгиевски, на крајот од својот мандат тврдеше дека е изготвен основен проект за Домот, кој предвидува повторно активирање на салата и враќање на библиотеката во објектот и дека се предвидени и простории за младите.

Освен најави и ветувања, досега ништо конкретно не е направено за запуштениот објект. Граѓаните се надеваат дека претстојните локални избори, веројатно, ќе бидат добар поттик за актуелниот градоначалник да се зафати со обнова на објектот, кој е многу значаен за жителите.

Овој објект на времето им бил омилен културен центар на граѓаните од овој дел на градот. Во него, кој е со површина од 2.800 квадратни метри, имало голема бина, сала со повеќе од 300 седишта, кино.

– Од сето тоа не остана ништо. Се сеќавам кога бев во основно училиште, приредбите за патронатот ги одржувавме во домчето. Тоа воедно беше и кино и се прикажуваа многу филмови. Тука беше и библиотеката, од каде што ги земавме лектирите потребни за наставата – се сеќава жителка на Ченто на убавите времиња, кога функционираше овој објект со полн капацитет.

Сега тој е комплетно руиниран, ги нема ниту бината ниту столчињата.

За реконструкција и за повторно заживување на Домот на културата во Ченто, се ангажираа и граѓански здруженија, кои со разни манифестации во изминативе години се обидуваа да го свртат вниманието на надлежните кон ужасната состојба во која се наоѓа тој.

Здружението „Културно ехо“, пред неколку години, во паркот во населбата организираше еднодневен културно-едукативен настан со цел да поведе иницијатива за обнова на напуштениот Дом на културата, преку вклучување на локалната власт, граѓанските организации, уметниците и на локалните жители. Една година подоцна, младиот уметник Владимир Милиќ изработи мурал на фасадата од Домот.

https://www.vecer.press/konechno-ke-pochne-obnovata-na-domot-na-kulturata-vo-chento/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #673 Posted: 09-Feb-2025 at 14:53
Visualizations and construction photos of a new arts and culture foundation in Skopje, N Macedonia.











https://www.facebook.com/besian.mehmeti.arch
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #674 Posted: 15-Feb-2025 at 19:19
СТАРИОТ СТРУМИЧКИ ТЕАТАР КОЈ СЕ ГРАДИ 11 ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ДО КРАЈОТ НА 2026, КАЖА ЉУТКОВ



Стариот струмички театар, кој се гради 11 години, ќе биде готов и пуштен во употреба до крајот на 2026 година, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тој кажа дека наредниот месец ќе биде распишан тендер за изведувач за довршување на овој објект, каде што треба да се смести и самостојно да функционира Струмичкиот театар.

„Наследивме многу закочени проекти, меѓу кои беше и изградбата на стариот Струмички театар. Договорот таму e раскинат спогодбено. Направивме ревидирање на основниот проект за да ги видиме сите пропусти. Имаме озбезбедено средства за овој капитален објект и за еден месец ќе се распише тендер за продолжување на изградбата со двегодишно финансирање. Нашата тенденција е до крајот на 2026 да биде отворен овој капитален објект“, рече министерот Љутков.

Тој не прецизираше колку пари се потрошени и уште колку ќе требаат за да се заврши театарот. При поставувањето на камен-темелникот во 2014 беше кажано дека ќе чини 3,6 милиони евра.

За почеток се обезбедени осум милиони денари, но не се исклучува можност со ребаланс на буџетот да се обезбедат дополнителни средства.

„Овој објект е поминат во планот на Владата и до крајот на 2026 година треба да биде готов. Направивме увид на состојбите во Струмица. Таму од страна на струмичкиот Завод и музеј се работи на потпорниот ѕид. Доколку имало пропусти, тогаш целата документација ќе оди во соодветните институции“, одговори Љутков запрашан дали некој ќе одговара за долгиот период на изградба.

Стариот струмички театар почна да се гради во 2014 откако објектот изгоре во пожар во 2001. Шестмина министри за култура се сменија од ставањето на камен-темелникот. Сите доаѓаа, вршеа увид и ветуваа дека наскоро или до крајот на годината ќе биде готов. Зградата е завршена веќе подолг период, но не и внатрешниот дел за да може да се стави во функција.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/stariot-strumichki-teatar-koj-se-gradi-11-godini-ke-bide-gotov-do-krajot-na-2026-kazha-lutkov/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #675 Posted: 15-Feb-2025 at 19:30
Нов прилепски театар: Претстава од деценија и пол



Претставите на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ се „возат“ на нафта. Во зима, додека има нафта за затоплување, има и услови за работа. Но, поради слабата изолација на објектот, таа бргу се троши, па пробите и другите активности мора да се вршат без греење.

Единствената театарска сала во Прилеп, со 226 седишта за град од 63 илјади жители, е дел од домот на културата „Марко Цепенков“. Овој објект, последен пат е реновиран пред две децении. Освен со студот, има проблеми и со протекувањето на покривот.

Иако пред седум години се најави изградбата на нова, поголема театарска зграда на истото место, а Министерството за култура, три години по ред буџетира по неколку десетици илјади евра за овој проект, работите не се ниту во почетна фаза. Последната најава од Министерството е дека градбата треба да заврши до 2034 година.

Во меѓувреме, на местото предвидено за проширување на театарот се пие кафе наместо да се подготвуваат претстави. Домот на културата издава дел од просторот на кафуле за да може да покрие некои од трошоците. Општина Прилеп, пак, на истото кафуле му ја издава околната јавна површина за летна тераса, токму оној дел каде што треба да бидат темелите на новиот театар.

Многу постапки, нула градба

Изградбата на нов театар беше навестена во кампањата за локалните избори во 2017 година од кандидатот на тогашната владејачка партија СДСМ, Илија Јованоски. Оттогаш се спроведоа многу постапки и се потрошија илјадници евра буџетски пари, но не почнаа никакви градежни работи.

Неколку месеци по победата на Јованоски на изборите, во 2018 година, Општина Прилеп распиша конкурс за избор на идејно решение за реконструкција, доградба и пренамена на дел од просториите на домот на културата „Марко Цепенков“ за потребите на театарот.

Идејно решение се избра, а потоа беа потребни три години за да почне процесот за обезбедување проектно-техничка документација. Министерството за култура, за таа цел предвиде околу 97 илјади евра во својот буџет, во програмата за изградба на нови објекти и за санација на постојните.

Попова-Јованоска, в.д. директорката на домот на културата, вели дека набргу потоа распишале тендер за документација, на кој победила компанијата „Архиум“ од Скопје, а за ревизискиот надзор била избрана компанијата „Хидро градежен инженеринг“, исто така од Скопје.

Победничката понуда на „Архиум“ изнесувала околу 55 илјади евра, покажуваат податоците од договорот, достапен на електронскиот систем за јавни набавки. Но, директорката објаснува дека три години откога почнала таа процедура, фирмата за изработка на проектот наидувала на институционални пречки.

„Затоа, секоја година, предвидените средства за изработка на документацијата, Министерството за култура ги префрлаше за следната година“, додаде таа.

Во 2022 година, во програмата на Министерството за оваа намена биле предвидени 97 илјади евра, во 2023 имало 267 илјади евра за неколку објекти, вклучувајќи го и домот „Марко Цепенков“ во Прилеп, додека во 2024 година биле буџетирани 49 илјади евра. И покрај обезбедените пари, развојот на проектот одел бавно.

Кон крајот на 2024 година, проектно-техничката документација била завршена и биле изработени два проекта. Едниот е основен проект за реконструкција на домот на културата, а другиот предвидува доградба и надградба, за да може да се направи нова театарска сала. Таа би ја опфатила и галеријата и просторот што му се издава на кафулето.

Попова-Јованоска вели дека за двата проекта побарале Министерството за култура и туризам да ги внесе во годишната програма за 2025. Просторот предвиден за проширување ќе продолжи да се користи како кафуле до март, кога истекува договорот, а дали угостителот ќе го врати или ќе продолжи да го користи, ќе зависи од тоа дали ќе се обезбедат пари за градба.

„Ако не ни обезбедат средства, тогаш ние може повторно да направиме договор и целата постапка да се тера законски. Нас ни е во корист да го издаваме просторот, затоа што имаме финансиски приход“, додаде в.д. директорката.

Одговорот што го добивме од Министерството за култура и туризам, пак, укажува дека уште долго време ќе се послужува кафе наместо театарски содржини.

„Реализацијата на овој проект е предвидена во Програмата за работа на владата во делот „Инфраструктурна изградба во културата 2025-2034“. Овој проект, како и другите, се проекти за кои е потребен подолг временски период од планирање, проектирање, обезбедување финансиски средства и реализација. Од тие причини, предвидениот рок за изградба е до 2034 година“, се вели во одговорот.

Општина Прилеп ја издава јавната површина каде што е предвидено проширувањето со годишни договори за закуп. Последниот беше до крајот на 2024 година. Оттаму не добивме одговор до кога ќе продолжи издавањето, само објаснување дека за целиот процес околу изградбата на театарот е надлежно Министерството за култура.

https://prizma.mk/nov-prilepski-teatar-pretstava-od-detsenija-i-pol/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #676 Posted: 23-Feb-2025 at 15:22
ВАКА ЌЕ ИЗГЛЕДА ДОМОТ НА КУЛТУРА ВО ЧЕНТО

По 50 години, утре ќе означиме почеток на градежните работи за комплетна реконструкција на Домот на културата во Ченто









https://www.facebook.com/VladaMK
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #677 Posted: 28-Feb-2025 at 11:00
Отворен е Домот на културата во Сопиште



Жителите на општина Сопиште добија Дом на култура кој се простира на 200 м² и е опремен со повеќенаменска сала, хол со кафе-бар, канцелариски простории и модерна инфраструктура која ќе овозможи одржување на различни културни активности.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со градоначалникот Стефче Трпковски и пратеникот Јане Мицевски, вчера и официјално, го предадоа во употреба новоизграденото културно обележје, на големо задоволство на бројните граѓани кои присуствуваа на настанот.

...

Објектот е изграден на местото на поранешниот руиниран објект кој го користеше месната заедница, врз основа на проект изработен во 2016 година, а финансиран со средства од општинскиот буџет и со финансиска
поддршка од Светска банка.



https://kurir.mk/vesti/skopje/otvoren-e-domot-na-kulturata-vo-sopishte-zhitelite-dobija-prostor-za-kulturni-nastani-i-uchenje/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #678 Posted: 13-Mar-2025 at 13:04
НАЦИОНАЛНИОТ КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТАР ПАК ДОБИ ПАРИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КУЌАТА НА АЛИКАРА ВО ВЕЛЕС, ОТКАКО ЛАНИ ДОБИ, АМА НИШТО НЕ СРАБОТИ



Националниот конзерваторски ценатар на Македонија (НКЦМ) откако лани не ја санираше куќата на Аликара во Велес, годинава повторно ја предложи а Министерството за култура ја прифати како дел од проектите за работа од годишната програма.

Куќата е заштитена како пример за старата велешка архитектура. За жал нејзината состојба е мошне лоша. Скелињата стојат веќе три години, толку време надлежните најавуваат дека ќе ја санираат и реконструираат.

„Очекувам дека годинава конечно ќе се реши. Пред месец ден дојдоа, го мереа кровот, гледаа, оти лани не бил приклучен во проектот. Најавија дека ќе почнат скоро со работа, во зависност од временските услови, ќе почнеле од кровот“, кажаа сопствениците на куќата.

Според пишаните документи, куќата е изградена во средината на 19 .век, била бегова куќа, подоцна купена од бавчованџијата Аликара, па од Апасиеви.

Лани Конзерваторскиот центар со годишната програма за работа од Министерството за култура доби 1.200.000 денари (околу 19.500 евра) за реконструкција, санација и конзервација на куќата на Аликара, но оттаму не ни одговорија на прашањето, зошто не ја санираат. Не одговорија ниту овој пат на поставеното прашање колку средства се предвидени годинава за реконструкција на куќата.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/natsionalniot-konzervatorski-tsentar-pak-dobi-pari-za-rekonstruktsija-na-kukata-na-alikara-vo-veles-otkako-lani-dobi-ama-nishto-ne-sraboti/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #679 Posted: 24-Mar-2025 at 19:17
Посета на Општина Радовиш – Реконструкција и пренамена на старата Стоковна куќа во современ мултифункционален центар.







https://www.facebook.com/zperinski
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #680 Posted: 25-Mar-2025 at 17:24
Добродојдовте во Северна Кореја. Која е оваа комунистичка појава, да се инвестира во комерцијални објекти со државни пари. Очигледно нема никаква економска исплатливост. Тамо каде што имаше, тамо сами никнаа ретаил паркови и мини молови.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 323334

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.316 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.