![]() |
![]() |
![]() |
Клиничка болница Систина |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() Posted: 30-Mar-2010 at 01:01 |
Ај да го евидентираме проектов...
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Во текстот е наведено дека се работи за нова зграда, но всушност ова е стар објект на Орка. 42° 0'50.43"N 21°24'13.91"E Edited by Cloverstack - 30-Mar-2010 at 01:24 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Аџибадем купи 50 отсто од акциите на Систина Аџибадем, водечката здравствена групација во Југоисточна Европа, откупи 50 отсто од акциите во Клиничка болница Систина, инвестиција вредна 20 милиони евра, со која Систина станува дел од мрежата на болниците на Аџибадем. Орка Холдинг ќе продолжи да ја раководи болницата. За главен извршен директор ќе биде назначен Јордан Камчев, а главниот финансов директор ќе биде од групацијата Аџибадем. Партнерството на Аџибадем и Систина претставува најголема турска медицинска инвестиција надвор од границите на Турција. Со овој чекор Аџибадем и Систина го трасираа патот за заедничко освојување на Балканскиот пазар. Систина и Аџибадем започнаа успешна приказна минатата година. Договорот за афилијација, потпишан во ноември 2010 година, значеше почеток на интензивна соработка и размена на искуства со клинички и административни компоненети. Во рамките на афилијацијата персоналот на Систина поминаа серија обуки и развојни програми во болниците на Аџибадем, а експерти на Аџибадем одржуваа тренинзи за персоналот во Скопје. Беа разменувани и искуства за воведување најнови технологии и нивна примена во Систина. Успешните резултати од оваа соработка резултираа со нов вид пратнерство во кое Аџибадем стана акционер во Систина во октомври 2011. Систина започна со работа во Скопје во 2001 година како специјална болница за гинекологија и акушерство, ИВФ и здравјето на жената. Во изминатите 10 година Систина се разви во најмодерната и најпрестижната приватна здравствена инститтуција во Македонија и на Балканот. Денес со ова партнерство, Систина влегува на меѓународниот здравствен пазар. Систина, заедно со Аџибадем, во наредната година ќе го отвори најсовремениот Центар за третман на рак во кој се предвидени проширен оддел за нуклеарна медицина со ПЕТ Центар, онколошки оддел со радиотерапија и хемотерапија. Со тоа болницата станува лидер во регионот во дијагностицирањето и третманот на малигните заболувања. Во текот на наредната година во рамките на Систина ќе се отвори и педијатриска болница, ќе се зголеми капацитетот на одделите на хирургија и кардиохирургија и ќе се инсталира најсовремена хипербарна комора за третман на аутистични деца. Дијагностичките капацитети на Систина во лабораториите и амбулантите ќе бидат зголемени со нови дејности кои досега не постоеле. Новиот ургнетен центар во склопот на Систина ќе биде по сите светски здравствени норми и покриен со возила за транспорт на сите типови на пациенти како и со медицински авион за префрлање на пациенти со специфични состојби во некоја од болниците на групацијата Аџибадем. Со тоа на пациентите од Македонија ќе им се овозможи пристап до сите најсофистицирани медицински услуги достапни во светот. Се очекува во рок од една година Систина да биде акредитирана од Јоинт Цомиссион Интернатионал, водечката светска институција за акредитирање на болници според највисоки стнадарди. Аџибадем Систина како успешна приказна од Македонија ќе биде модел и инспирација на новата компанија за отварање на исти болници во регионот. Партнерството Систина Аџибадем е од исклучителна важност за билатералните односи и историските врски помеѓу Македонија и Турција. Додека Систина слави 10 годишнина, а Аџибадем го обележува својот 20ти јубилеј, заедно преку моделот на интергрирани услуги остануваат успешна приказна во здравствениот сектор и продолжуваат со зголемување на глобалното присуство и меѓународните инвестиции. http://www.time.mk/read/aef6797cbb/c58453a083/index.html |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Систина А
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
![]() Edited by Cloverstack - 24-Nov-2012 at 05:50 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
„Систина фармација“ ќе гради болница веднаш до Градската општа болница „8-ми Септември“„Систина фармација“ ја купи парцелата од 11.207 метри квадратни во кругот на Градската болница „8-ми Септември“ Парцелата државно неизградено земјиште беше продадена по пат на јавно надавање на трети јануари годинава, а на него ќе се гради приватна болница. Од Општина Карпош, информираат дека на јавното наддавање учествувале
три заинтересирани компании. Една приватна фирма, велат од општината,
„Европската очна болница“, а најповолен понудувач била „Систина
фармација“. Фирмата ќе го купи замјиштето за 3.060 денари за метар
квадратен, а ќе исплати вкупно557.616 евра. Истата оваа парцела пред неколку години сакаше да ја купи познатиот македонски кардиохирург Жан Митрев ,но одлучи да се всели во комплексот клиники во непосредна близина. http://lokalno.mk/sistina-farmacija-kje-gradi-bolnica-vednash-gradskata-opshta-bolnica-8-mi-septemvri/ Edited by axel - 08-Jan-2014 at 16:29 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Еве една фотографија од 2013 година на веќе постоечката болница
![]() Dr. Pinczés Sándor |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Ха, ха, се знаеше кој ќе го добие земјиштето во Карпош, баш онака чисто и транспарентно. Само се чекаше и официјално општината тоа да го соопшти.
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
и другите две фирми највероватно се или негови или им е кажано да учествуваат на тендерот за да се задоволат законските прописи.сум зборувал со луѓе на кои им е речено-`ај излези на тендер колку за бројка,јас ќе ти возвратам кога тебе ќе ти притреба конкуренција
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Инаку оваа болница спроти ПСС не е сеуште завршена ,барем партерно уредување и пристапните патеки сеуште се уредуваат, за внатре не би знаел да кажам.
А чудна работа 4 болници една до друга налепени. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
На Клиничкиот центар Систина и понатаму се работи. Однадвор во моментов се средува фасадата на постариот и поголем објект, така што многу брзо веројатно дека ќе се сечи лента на приватната болница.
Фотографии од проектот: |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Дел од зградата на Орка Холдинг се реновира (односно цела вертикала од страната на Систина) и колку што знам ја има земено Систина за да биде дел од болницата (инаку на првиот кат во еден дел каде што се прави тој мостот е веќе систина сместена). Исто на предниот дел каде што е Мазда се гради цела нова вертикала но не се гледа бидејќи има објект пред нејзе, кој поминува од таму нека слика од друг агол и ќе се види за што зборувам.
Друго , Систина има земено објект во Охрид (мислам дека на Опел продажниот салон што бил) и го реновира моментално, ќе прават некаков дерматолошки центар ако не се лажам. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
АЏИБАДЕМ СИСТИНА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМА БОЛНИЦА НА БАЛКАНОТ! На местото на Хубо ќе се гради објект од 40.000 квадрати
![]() Фармацевтската компанија Реплек минатата недела преку аукција му го продала своето земјиште од 4.000 квадратни метри, на кое сега се наоѓа маркетот Хубо, на Орка Холдинг за сума од 1,5 милиони евра – објави порталот Фактор.мк повикувајќи се на неофицијални извори. Ова земјиште се наоѓа непосредно до клиничката болница Аџибадем Систина, која е дел од Орка Холдинг, и за оваа парцела има маркица и дозвола за градба на објект со површина до 40.000 квадратни метри, над и под земја. На ова место Орка Холдинг планира да гради Болница Мајка и дете, како и медицински факултет, а новата зграда ќе биде споена со клиничката болница Аџибадем Систина. Со тоа Аџибадем Систина ќе стане огромен болнички комплекс од 70.000 квадратни, метри, кој ќе ги опфати сите медицински дејности, ќе има капацитет од 550 кревети, со што практично ќе стане најголемата медицинска установа на Балканот. https://plusinfo.mk/a-ibadem-sistina-e-stane-na-golema-bolnica-na-balkanot-na-mestoto-na-hubo-e-se-gradi-ob-ekt-od-40-000-kvadrati/?fbclid=IwAR37iuPFNWr3UrSoDYCAxxEg4esofg-vvbVCDTSKC9VBrReQEZnayIe6drQ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
„Империјата“ се проширува и надградува, Камчев ќе гради нова болница и Медицински факултет
Една од последните бизнис-зделки на семејството Камчеви е надградба на болницата „Аџибадем-Систина“. Поточно, компанијата „Орка Холдинг“ преку аукција го купила земјиштето од фармацевтската компанија „Реплек“, кое се наоѓа во непосредна близина на приватната болница. Според податоците од Катастарот на недвижности, се работи за 3 катастарски парцели лоцирани меѓу „Систина“ и „Реплек“ (889/24, 889/25 и 889/9), кои се во сопственост на друштвото „Кара“, чиј единствен сопственик, пак, е „Орка“. Според Централниот регистар, како последен директор на „Орка“ фигурира Лилјана Гајдоска, чие име, исто така, можеше да се најде во случајот „Империја“, но и таа направи спогодба со Обвинителството. Камчев во компанијата официјално фигурира до 2021 година, како неизвршен член на одборот директори, но повеќе не е во управувачките структури. Информациите до кои дојдовме говорат дека новата бизнис-зделка, која оди преку „Кара“, односно „Орка“, Камчеви ги чини 1,5 милион евра. Обезбедена е дозвола за градба од 40.000 квадратни метри, а, според првичните проценки, планирана е изградба на уште една болница „Мајка и дете“, како и на Медицински факултет. Воедно, „Фокус“ поразговара и со дел од вработените лекари, кои тврдат дека најверојатно новата болница што треба да се гради ќе биде наменета само за областите педијатрија и гинекологија. Имено, според првичниот план на самата локација е предвидено да никне и Медицински факултет, кој ќе го следи примерот на турски Аџибадем. Сепак, за да ја исполнат замислената мисија, мора да ја исполнат и законската регулатива, според која треба да се обезбедат соодветни простории и опрема за остварување високообразовна дејност, потоа со финансиски план да биде обезбедено одржливо ниво на финансирање макар за еден циклус на студии. Исто така, Законот предвидува дека треба да се обезбеди и потребен број лица, кои ги исполнуваат условите утврдени за избор во наставно-научни звања. Постапката за основање високообразовна установа почнува со изработка на проект, кој го подготвува Владата, односно органот што ќе го овласти таа. Подоцна, проектот се доставува до Одборот за акредитација, за што членовите даваат свое мислење, а потоа се носи решение за акредитација најдоцна во рок од 90 дена од денот на поднесувањето на барањето за акредитација на проектот, кое треба да добие зелено светло и од Собранието. Законската регулатива уште предвидува дека по донесувањето закон за основање јавна високообразовна установа или акт за основање приватна високообразовна установа, министерот надлежен за работите на високото образование, на предлог на Националниот совет, именува матична комисија од пет члена, која ги врши подготвителните работи за почеток на приватната високообразовна институција. И на крај, за почеток со работа во решението се наведуваат студиските програми, бројот на студенти, бројот на вработени наставници со полно работно време, како и објектите во кои ќе се извршува високо образовната дејност. Според нашите информации, приватната болница „Аџибадем-Систина“ располага со повеќе од 30 лекари професори, кои можат да вршат наставна дејност. https://fokus.mk/imperijata-se-proshiruva-i-nadgraduva-kamchev-ke-gradi-nova-bolnitsa-i-meditsinski-fakultet/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |