build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 414243
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #841 Posted: 25-Jan-2022 at 17:46
Абе насадете нешто ендемско, овдешно, листопадно и да завршиме голготава! По секоја цена ли ќе изиграваме Дубаи!

Edited by user8642 - 25-Jan-2022 at 17:47
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #842 Posted: 04-Jan-2025 at 19:55
Урбаното зеленило низ новите градежни парцели постои само на слика



Една година по усвоените измени на Законот за урбано зеленило со кои се воведуваат зајакнати стандарди за заштита на урбаното зеленило, никој не смогна сили да ги предложи до законодавниот дом.
Трите главни причини за несоодветното спроведување на законот се законската неусогласеност, непочитување на законот од страна на планери и институции и недостаток на институционална поддршка за професиите шумарски инженер и пејсажен архитект.
Неодамна беше формирана тематска граѓанска коалиција за заштита на урбаното зеленило.
Состојбата со урбаното зеленило покажува дека примената на овој закон останува само на сликите на градежните планови и проекти што ги одобруваат општините.
Од 24 општини кои одговорија на нашите прашања само три општини се пофалија со изработен зелен катастар, 14 изјавија дека немаат зелен катастар, а пет е предвидено да изработат.

Иако Законот за урбано зеленило е донесен со цел да го заштити и одржува зеленилото во градовите, неговата недоволна и несоодветна примена доведува до уништување на зелените површини и создавање бетонски структури. Измените на законот, кои се очекува да воведат зајакнати стандарди и казнени одредби, сè уште не се усвоени, а експертите предупредуваат дека без нив, урбаното зеленило ќе продолжи да биде загрозено од градежните моќници и политички интереси.

Една година по усвоените измени на Законот за урбано зеленило со кои се воведуваат зајакнати стандарди за заштита на урбаното зеленило, никој не смогна сили да ги предложи до законодавниот дом. Тие лани стигнаа во рацете на пратениците од зелената група во минатиот парламентарен состав и добија поддршка, со ветување дека ќе ги поднесат, но, дојдоа изборите, а законот остана да ги чека новите парламентарци. Последните информации се дека е формирана нова зелена парламентарна група од која се очекува да ги поднесе предлог-измените. Во меѓувреме, анализите покажуваат дека не се почитуваат ниту постојните законски одредби.

Неодамна, исто така, беше формирана тематска граѓанска коалиција за заштита на урбаното зеленило. Меморандум за соработка потпишаа Здружението „Зелен институт“ и бројни граѓански организации, претставници на институции, активисти и други заинтересирани граѓани, која има за цел да се мобилизира за заедничка борба против корупцијата во урбанистичкото планирање и градење, поради која неповратно се уништува урбаното зеленило, за сметка на интензивна и нехумана урбанизација и бетонизација на просторот.

Законот за урбано зеленило се спроведува само на хартија
Основната цел на Законот за урбано зеленило е да се зачува и зголеми вредноста на урбаното зеленило, за да може да ги врши своите функции, како што се подобрување на квалитетот на воздухот, обезбедување на рекреативни простори и заштита од ерозија и загадување. Меѓутоа, анализите кои со нас ги сподели Лилјана Поповска, поранешната пратеничка и некогашна лидерка на зелената партија ДОМ, предлагачи на законот, утврдиле недоволна примена на постојниот закон што води до уништување на зеленилото.

Поповска, која е сега дел од здружението на граѓани „Зелен институт“, посочува дека трите главни причини за несоодветното спроведување на законот, според анализите, се законската неусогласеност, непочитување на законот од страна на планери и институции и недостаток на институционална поддршка за професиите шумарски инженер и пејсажен архитект. Она што посебно загрижува е непочитувањето од институциите.

„Општините кои што би требало да го спроведуваат законот во најголем дел, практично не ги носат стратешките документи, повеќегодишна стратегија, план тригодишен, годишни програми за зеленило итн, ниту изработуваат ‘зелен катастар“, односно попис на зеленилото. При контроли и надзор дозволуваат градба на објекти без соодветен процент на зеленило, или, кога веќе ќе се контролира поминува како да е сѐ во ред, а всушност не е. Постои тотален хаос и огромно непочитување во односот на самите институции кон законот и поради ниските казни и глоби кои постојат во законот, бидејќи во тој приод таква беше регулативата и законот за прекршоци што тогаш важеше во 2018 година. Практично има една целосна неказнивост дури на многу прекршители на законот, на оние од градежната сфера па дури и од институциите кои ќе бидат евентуално казнети им се исплаќа да ги ‘платат’ казните, меѓутоа ќарот од изградба и продажба на тие објекти е многу поголем и едноставно велат, добро, ако ме фатат ќе платам и одам понатаму“, објаснува Поповска.

Парите се главни, профитот од градежните површини. Тие зелените површини не ги гледаат како зелени површини кои придонесуваат за градот во многу аспекти и кои ни се потребни во многу поголема мера. Да дадам една споредба, во ДУП-от за Буњаковец, каде што спаѓа она подрачје на Треска, нели ние се боревме да се испланира со посебен конкурс. Во целиот Буњаковец, според анализата на општината од пред неколку години, по жител отпаѓа 0,38 метри квадратни, ниту цел метар квадратен по жител и тогаш намерата во суштина на конкурсот за подрачјето на Треска беше преку Треска, преку едно похумано планирање на тоа подрачје каде што ќе има и станбени објекти, но ќе се задржи и голем процент на зеленило, со тоа зеленило се придонесе кон целиот Буњаковец, да даде вредност на целиот простор. Меѓутоа, тој конкурс цел беше прогласен за неважечки од сегашниот градоначалник и продолжија да се издаваат градежни дозволи по стариот план, каде што зеленилото е минорно таму. И кога има можност да се зачува, институциите исто почнале да размислуваат како инвеститорите, на профит“, посочува Димески.
Тој го посочува и примерот со Водно, односно со случајот „Плацови на Водно“ за кој има пресуди и тие плацови кои се шума, за кои знаеме како беа вцртани во плановите, продадени и приватизирани. Со конфискацијата на тие плацови, тие сега се под Агенција за управување со конфискуван имот и самата институција не дава дозвола тие плацови во планот повторно да се вратат на изворната шума, онаа која во суштина треба да го штити Центар и градот од поројни врнежи и поплави, одрони и лизгање на земјиште.

„Самата Агенција размислува профитно како и приватните компании. Не сака да ја загуби вредноста на тие две површни како градежни парцели на кои се планирани хациенди“, истакнува Димески.



Новите законски измени гарантираат зајакнати стандарди
Во измените на Законот за урбано зеленило се предлагаат нови стандарди: 25 м² јавно зеленило, 50 м² вкупно зеленило на ниво на град и најмалку 30% зеленило на градежна парцела како одговор на климатските промени. Урбаното зеленило е дефинирано во категории според пешачкото растојание и достапната површина за рамномерен распоред низ градот. Утврден е минимален процент на озеленетост според класа на намени, прецизиран е начинот на одржување, и воведена е обврска за ангажирање стручни лица при планирање и одржување на зеленилото. Исто така, зајакнати се казните за непочитување на законските одредби за минимум зеленило и уништување на зеленилото.

„Да речеме во двор на градинка, или на училиште, или на индустриски објект не може да се третира дека е доволно само мало парченце зеленило. Таму мора зеленилото да биде во сериозен баланс со останатите објекти. Предлагаме трикратно зголемување на глобите, на казните за прекршување на Законот за урбано зеленило и тоа ќе го ускладуваме со новиот закон што подоцна се донесе, една година од носењето на Законот за урбано зеленило, во 2019 година се донесе Закон за прекршоци според кој што можеше казната за еколошки престапи да биде трикратно поголема од останатите казни“, објаснува Поповска.

Според ад м-р Викторија Брндевска Стипановиќ од катедрата за проектирање и планирање на зелени површини – Факултет за шумарски науки, актуелниот Закон за урбано зеленило, моменталната состојба на зелените простори во градот, но и промените, општествени и климатски, на локално и глобално ниво, алармираат за негово дополнување и одредени промени во дел од одредбите.

„Овде може да се спомене и потребата за внесување на новата актуелна терминологија, потоа зајакнувањето на инспекцискиот надзор над спроведувањето на овој закон, зголемувањето на казните кон правните и физички лица кои не го почитуваат, појаснувањето на обврската за формирање на зелен катастар со нагласување на негово тековно ажурирање“, вели таа.

Зголемувањето на нормата за зеленило на 25 m² по жител на 50 m² е неопходно, но потребно е и рамномерно распоредување и зголемување на достапноста на зелените простори.

„Препорачливо е зголемување на зеленилото на градежните парцели од 20% на 30%, со прецизирање на видот на зеленило, но, не за тревна површина над подземни гаражи или други подземни објекти, не за растенија во саксии или жардиниери или, пак кровно и вертикално зеленило“, додава таа.

Најголем дел од општините немаат „зелен катастар“
Зелениот катастар како систем за следење и управување со зелените површини во градовите овозможува ефективно планирање и заштита на зеленилото. Неговата изработка е законска обврска која голем дел од општините кај нас не ја испочитувале.

Од 24 општини кои одговорија на нашите прашања само три општини се пофалија со изработен зелен катастар (Дојран, Кавадарци и Битола), 14 изјавија дека немаат зелен катастар (Валандово, Виница, Кратово, Липково, Свети Николе, Могила, Ранковце, Куманово, Кривогаштани, Берово, Боговиње, Желино, Велес, Чучер-Сандево), а пет општини посочија дека планираат и е предвидено да изработат (Центар, Струмица, Арачиново, Крива Паланка и Кичево). Општина Кисела Вода и Сарај одговорија дека припаѓаат на зелениот катастар на Град Скопје, од каде не добивме никакви информации на овие прашања, исто како и од останатите општини од државава.



Само пет глоби за прекршоци во урбаното зеленило во 2024

Надлежност за контрола на имплементацијата на Законот за урбано зеленило има Министерството за животна средина и просторно планирање, кое воедно е и органот кој ги изрекува санкциите.

Во текот на 2024 година, МЖСПП примило 19 барања за поведување прекршочни постапки, од кои за пет се изречени и платени глоби од по 50 евра, додека, останатите 14 се во постапка.

„Овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори на општините поднесуваат Барања за поведување на прекршочни постапки за прекршоци предвидени во Законот за урбано зеленило до Комисијата при Министерството за животна средина и просторно планирање како надлежен орган за изрeкување на санкции. Досега (во текот на 2024 година) се примени 19 Барања за поведување на прекршочни постапки при што се изречени и платени се глоби во износ од по 50 евра за 5 барања за поведување на прекршочна постапка, останатите 14 се во постапка“, одговорија од МЖСПП.

Последните измени на Законот за урбано зеленило, според МЖСПП, се донесени на 4 ноември 2024 година, но тие, за жал, не се однесуваат на барањата на „зелените“, туку, станува збор за технички надополнувања во однос на името на Министерството за транспорт и врски.

https://doma.edu.mk/odrzliv-razvoj/urbanoto-zelenilo-niz-novite-gradezhni-parceli-postoi-samo-na-slika
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 414243

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.287 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.