![]() |
![]() |
![]() |
Обнова на црква Св.Спас-с.Бели-Кочанско |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 28-Mar-2021 at 14:26 |
Црквата св.Спас во с.Бели е веќе срушена и се планира изградба на нова, може некои од вас се запознаени може некои не.
Вчера на ден 13.12.2020 се одржа состанок на кој беа присутни околу 30 лица од селото, и се донесе одлука која беше прифатена од повеќето секоја фамилија во просек која живее во селото да донира по 200 евра на годишно ниво се додека трае изградбата на црквата почнувајки од 01.01.2021. Сите оние кои имаат желба и можност да донираат повеќе се добредојдени но исто така и сите оние кои не се во можност да ги оддвојат тие 200 евра слободно може да донираат онолку колку им дозволуваат условите. Црквата е планирана да го задржи првобитниот изглед исто како што беше старата со мали измени поточно на новата црква е планирано да се додаде една купола одозгора во прилог ке имате слики од проектот за изградба кој е во заврша фаза, и првичните проценки се дека изградбата ќе чини околу 100 000 до 120 000 евра. 13.12.2020 завршено рушењето на старата црква св. Спас. ![]() ![]() ![]() ![]() ... ![]() ![]() --------------------------------------------------- 28.03.2021 ![]() Во присуство на голем број верници и жители на селото Бели денеска беше извршен чинот на осветување на камен – темелникот за обнова на црквата „Вознесение Христово – Св. Спас“ во с. Бели. Осветот го изврши Митрополитот Брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија од кочанското архиерејско намесништво. Со поставувањето на камен – темелникот за обнова на црковниот храм и официјално започнаа градежните работи за изградба на нова црква, на темелите на старата. Објектот на црквата „Св.Спас“ е планиран да го задржи првобитниот изглед како и стариот. Ќе се гради на истите темели и со истите димензии, а ќе има мали измени во надворешноста. Планирано е да се додаде една купола на кровната конструкција, со тоа што ќе се добие подобар естетски изглед, но и поголема функцоналност, односно осветлување на внатрешноста. Од Црковниот одбор информираат дека средствата за изградба на новата црква се собираат со донации и со учество на месното население. Воедно, ги повикаа сите граѓани и стопанственици кои се во можност да донираат парични средства или материјали и со тоа да помогнат за побрза изградба на храмот. Православната црква „Св.Спас“ во селото Бели беше целосно срушена во средината на декември, минатата година. https://glasno.mk |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Страшно! Не ми се верува дека оваа саудиска мода на некаков пуританизам врз културното наследство го зафаќа и православието. Или што викаше српскиот генерал што го рушеше Дубровник: "Саградит чемо лепши и старији Дубровник". Па мало ли беше цело село да мора баш врз истите темели да се гради?! Не ли можеше да се помести на друго место, а оваа да си остане, 150 години не се малку како традиција да се прекрати овака. Или можда се работи за некаков глуп нео-наци македоњ филм на чистење на непожелното минато од Самоковската зогрфска школа?! Немој после некој од селово да шушнал за идентите, име, јазик.
https://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D1%8A%D0%B7%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D0%93%D0%BE%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B5_(%D0%91%D0%B5%D0%BB%D0%B8) ![]() |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Врска до статијата од македонската Википедија
Фотографиите се направени во склоп на мојот проект „Викиекспедици“, кој се реализира од 2015 г. за посета на македонските села. Сосем случајно се погоди да имаме фотографии од пред рушењето на црквата, иако ќе видите и на тие слики се забележува рушење, односно започнале со припратата најпрвин. Внатрешноста на црквата не била живописана, па поради тоа и до негде го оправдувам потегот, затоа што црквата како градба може да се изведе, а доста полесно е да се изгради нов, отколку да се конзервира стар објект. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
10.07.2021
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/groups/208065231077637 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |