![]() |
![]() |
![]() |
Зонско паркирање во Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 161718 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Зонското паркирање „освојува“ нови простори, ќе го има и во Карпош
ЈП „Градски паркинг“ планира годинава да воведе нови зонски паркиралишта во општините Карпош, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир и Гази Баба. Ова е резултат на потребата на граѓаните во овие општини да се зголеми бројот на паркинг-места и да се организира сообраќајот во мирување. Како што се наведува во Програмата за инвестиции на ЈП „Градски паркинг“ за 2023 година, која беше усвоена од советниците во градскиот совет на последната седница, во моментов претпријатието располага со 9.577 паркинг-места, од кои 1.983 на јавните паркиралишта каде што е поставена рампа, 8.544 места на зонските паркиралишта и 1.050 места во катните гаражи, а ќе инвестира и во нови. Во Општина Карпош најпрво ќе се воведува зонско паркирање во Карпош 1, Карпош 2, Млечен ресторан, Економија, а потоа и во другиот дел од општината. Во населбата Карпош 1 жителите со години имаат голем проблем со недостиг на паркинг-места, пред сѐ затоа што во оваа населба, која граничи со општина Центар, се паркираат граѓаните што работат од другата страна на Рузвелтова и сите оние што имаат потреба да одат во соседната општина, а не сакаат да платат за паркирање. Според Програмата, во оваа населба се планира да се воведе зонско паркирање на просторот помеѓу улиците Гиго Михајловски, Иван Аговски, Даскал Камче, Руѓер Бошковиќ и Никола Тесла. Со воведување на зонското, според процената на претпријатието, би се овозможило паркирање на околу 430 возила. Во Карпош 2, потегот на кој е планирано да се организира сообраќајот во мирување, е од булевар 8 Септември, улица Бранислав Нушиќ и улица Веселин Маслеша, каде што на овој начин би се ставиле во употреба уште околу 350 паркинг-места. Како што е веќе познато, граѓаните од овие две населби уште пред четири години на анкета се изјаснија дека се за зонско паркирање во надеж дека така полесно ќе наоѓаат слободно место за паркирање. Општина Карпош, пак, во 2021 година испратила барање до ЈП „Градски паркинг“ за изработка на проект за зонско паркирање, но, како што наведуваат од претпријатието во својата Инвестициона програма, во овој дел од градот потребно е најпрво да се измени режимот на сообраќај. За каква измена станува збор, не е прецизирано, затоа што во овие населби уште пред неколку години на улиците е воведен еднонасочен сообраќај. Понатаму, според најавените планови на претпријатието, во реонот на Млечен зонско паркирање се планира помеѓу улицата Френклин Рузвелт и булеварите Партизански одреди, Митрополит Теодосиј Гологанов и 8 Септември. Дали годинава конечно ќе се организира паркирањето во општина Карпош е сосема неизвесно, затоа што тоа беше најавено и во минатогодишната Програма за инвестиции на „Градски паркинг“, но досега не се реализираше. Плановите, пак, за општина Аеродром се да се прошири зоната Д во Стар Аеродром, додека во Мичурин ќе се уреди нова подзона Д10, на потегот од Транспортен центар до улицата Руди Чајавец. Во Општина Гази Баба зонско паркирање ќе добие населбата Автокоманда, каде што исто така постои сериозен проблем со недостиг на места за паркирање, па дури Општината планира да обезбеди паркинг-простор и во дел од дворот на училиштето „Стив Наумов“, што предизвика многу негативни реакции кај скопјани. Како што е наведено во Програмата на „Градски паркинг“, зонско се планира и во Чаир, Сарај и во Кисела Вода, но не е прецизирано на кои простори во овие општини тоа би се спровело. Според Програмата, зголемена е потребата од инвестициски вложувања насочени кон задоволување на потребата на граѓаните за повеќе места за паркирање, но и потребата за повеќе јавни паркиралишта и монтажни гаражи, иако не се спомнува дека годинава ќе се изгради некоја нова. Зголемена е и потребата и за вложување во опрема и за видеонадзор и мониторинг, наплатни куќички, паркомати, возила и машини за чистење на паркиралиштата и на катните гаражи. https://www.slobodenpecat.mk/zonskoto-parkiranje-osvojuva-novi-prostori-kje-go-ima-i-vo-karposh/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НАСКОРО ЗОНСКО И ВО ДРУГИ ПЕТ СКОПСКИ ОПШТИНИ: Паркирање ќе почне да се наплаќа во Стар Аеродром, Мичурин, Автокоманда
ЈП Градски паркинг годинава по барање на граѓаните за првпат ќе воведе зонско паркирање уште во пет скопски општини. Освен во Општина Карпош, претпријатието има намера да воведе зонско и во општините Аеродром, Гази Баба, Чаир, Кисела Вода и Сарај. Според програмата на Градски паркинг, за зонско паркирање се предвидени населбите Стар Аеродром, Мичурин, Реонски Центар, Ново Лисиче во Аеродром, како населбата Автокоманда. Кој делови од општините Чаир, Кисела Вода и Сарај ќе бидат обележани со зонски паркинзи, засега не се знае. „Во Општина Аеродром планирано е проширување на зона Д9 во Стар Аеродром, како и уредување на нова подзона Д10 во Мичурин во рамки на населба Мичурин, односно улицата Симеон Кавракиров на потег од Транспоретен Центар до улицата Руди Чајавец. Исто така, предвидено е да се започнат активности со кои би се уредил сообраќајот во мирување на јавните површини наменети за паркирање во рамки на Реонски Центар и Ново Лисиче“, се наведува во инвестиционата програма на јавното претпријатие. Сите овие нови места за зонско паркирање е предвидено да влезат во зона Д, или т.н. бела зона, каде еден час паркирање се наплаќа 25 денари. Од ЈП Градски паркинг се уште не е утврден точниот број на места за паркирање, кој дополнително ќе се знае, согласно утврдените места предвидени за паркиралишта. https://091info.mk/2023/04/05/наскоро-зонско-и-во-други-пет-скопски-о |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Зонското паркирање во општина Аеродром се „проширува“
Општина Аеродром соопшти дека се работи на проширување на опфатот на зонското паркирање на нејзината територија. Ќе се организираат и анкети, а опфаќањето на нови паркиралишта со наплата за паркирање, ќе трае до крајот на годинава. Првата фаза опфаќа формирање и обележување паркинг зони на булеварот „Јане Сандански“, како и улиците „23 Октомври“, „Ангел Димовски“ и „Коста Новаковиќ“. Втората фаза ќе ги опфати Реонски центар и Ново Лисиче, по завршување на анкетата која ќе се спроведе во следниот период, соопшти општина Аеродром. https://meta.mk/zonskoto-parkiranje-vo-opshtina-aerodrom-se-proshiruva/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
ако цел град има зонско паркирање, тогаш која е поентата на зонското паркирање?
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Те демотивира да паркираш надвор од твоја зона, намалува паркирање на службени возила и обезбедува финансии за подобро одржување на паркинг местата. Барем во теорија.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Зонското некако служи како изговор на о.Карпош и Аеродром да не инвестираат во изградба на нови монтажни паркинзи/подземни гаражи.
Во Аеродром освен онаа катна кај Бисер 15 години само има бавно проширување на зонското кое очигледно не е некое решение бидејќи не е рамномерно воспоставено во сите населби па дури и во самите населби не се опфатени сите улици и паркинзи. Конкретно во Мичурин каде е голем хаос бидејќи многу од старите згради немаат паркинзи воопшто не се воведува ниту зонско ниту се гради некаков паркинг за плус капацитет да се добие. |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
И Општина Гевгелија воведе зонско паркирање
![]() Наплатата се извршува во согласност со упатствата поставени на вертикалната сообраќајна сигнализација, односно со ограничено времетраење до 120 минути, по цена за 30 денари од час. Плаќањето може да се изврши со СМС- порака, со платежна картичка преку скениран QR код, со купен едночасовен и двочасовен паркинг-билет од овластените продавачи и врз основа на кориснички договор за повластена паркинг-карта Општина Гевгелија, по примерот на неколку градови во државата, воведе зонско паркирање за да стави ред, особено во централното градско подрачје, каде што во пазарните и викенд деновите се создава вистински сообраќаен хаос. Од 1 февруари 2024 година започна наплатниот режим за паркирање во централниот дел на градот Гевгелија или црвената зона А во која влегуваат подзоните А1 и А2. Како што информираа за „Вечер“ од ЈПКД „Комуналец“, првиот ден поминал во најдобар ред, а на терен биле излезени контролори кои им помагале на граѓаните со известување како да извршат наплата за паркирање, а во исто време ги опоменувале оние граѓани кои се непрописно паркирани. Согласно со основниот сообраќаен проект за режимот на сообраќај за зонско паркирање на определени јавни површини во општина Гевгелија, во Зона „A“ се обезбедени следните места за паркирање: A1 – 92 паркинг места, 11 такси стојалишта, 3 паркинг-места за инвалиди, 2 паркинг-места за електронапојување. А2 – 45 паркинг-места, 4 такси стојалишта, 3 паркинг-места за инвалиди. Наплатата се извршува согласно со упатствата поставени на вертикалната сообраќајна сигнализација, односно со ограничено времетраење до 120 минути, по цена за 30 денари од час. Наплатата може да се изврши со СМС порака, со платежна картичка преку скениран QR код, со купен едночасовен и двочасовен паркинг билет од овластените продавачи и врз основа на кориснички договор за повластена паркинг-карта. За првото возило, за станарите во колективни станбени згради од подзоните А1 и А2, не се плаќа надоместок за користење паркинг, а за второто возило надоместокот за паркинг изнесува 600 денари месечно, односно 6.000 годишно. Договорите за користење на годишните паркинг-карти за инвалиди не подлежат на такси и надоместоци. https://www.vecer.press/%D0%B8-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D0%B5%D0%B2%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B2%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D0%B5-%D0%B7%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%BF%D0%B0%D1%80/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВО КАРПОШ ПОЧНУВА НАПЛАТА НА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ, ЕДЕН ЧАС ЌЕ ЧИНИ 25 ДЕНАРИ
Месецов ќе почне наплата за зонско паркирање во скопската општина Карпош. Најпрво зонско паркирање ќе се воведе на улицата Орце Николов и споредните улички во населбата Карпош 1 што се граничи со општина Центар. ЈП „Градски паркинг“ веќе ги обележа паркинг местата и поставени се табли за наплата. Паркирањето ќе чини 25 денари од час. Паркирањето за граѓаните кои живеат на Орце Николов и околните улички ќе биде бесплатно за две возила. Од Општина Карпош велат дека со воведување на зонското паркирање ќе се воведе ред во хаосот со паркирање. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-karposh-pochnuva-naplata-na-zonsko-parkirane-eden-chas-ke-chini-25-denari/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Годинава, пак, според програмата, се планира зонското да ги опфати населбите Карпош 1 и Карпош 2, каде што повеќе од еден месец функционира наплатата, но ќе се воведе и во Карпош 3 и Карпош 4, на просторот кај Млечен ресторан и Економија на територијата на општина Карпош. Во општина Аеродром зонско ќе има во Мичурин, Реонски Центар и во населбата Ново Лисиче, во Гази Баба во Автокоманда и во индустрискиот дел на општината, а регулирано, односно наплата на паркирање ќе има и во дел од општините Чаир, Кисела Вода и Сарај, но во Програмата за инвестиции не е прецизирано точно на кои локации.
https://www.slobodenpecat.mk/gradski-parking-od-10-163-parking-mesta-lani-inkasiral-povekje-od-35-milioni-evra/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
od fb
![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Зоните на „Градски паркинг“ го освојуваат Скопје, ќе се шират низ Карпош, Аеродром, Чаир и Гази Баба
Во моментов претпријатието располага со 10.163 паркинг-места, од нив 1.983 се на затворените јавни паркиралишта со рампи за влез и излез, 7.130 паркинг-места има во зоните, а 1.050 паркинг-места во двете катни гаражи „Беко“ и „26 Јули“. Зонското паркирање и годинава ќе се проширува на нови територии низ Скопје, во обид да се воспостави ред со паркирањето онаму каде сега е хаос и тешко се наоѓа слободно паркинг место. Граѓаните од повеќе населби со години бараат решение за да се спасат од секојдневните нервози и од вртењето низ уличките каде што живеат за да најдат каде да го остават возилото на враќање од работа и да се приберат дома. Со оглед дека станарите што се опфатени во одредена зона имаат одредени привилегии, како што е бесплатно паркирање две возила и шанса побрзо да дојдат до слободно место, голем дел од граѓаните бараат што побрзо да се воведе зонско паркирање и во нивните населби. Но, голем е бројот и на оние што сметаат дека со зонското ништо не се решава туку само се полни касата на „Градски паркинг“, а дека на Скопје му требаат нови паркиралишта и монтажни гаражи, но пред сѐ, кога се планира изградба на нови згради задолжително да се обезбедат и паркинзи за новите станари. Нови зонски паркиралишта годинава ќе се организираат во неколку општини и тоа во Карпош, Аеродром, Гази Баба, Чаир, Сарај и Кисела Вода. Ова го предвидува програмата за инвестиции на јавното претпријатие за 2025 година, во која се наведува дека претпријатието планира да изгради и катни гаражи на повеќе локации во градот, без да се прецизира каде. На овој начин, кога паркирањето ќе биде организирано во најголем дел од градот, ќе се намали времето потребно за барање слободно место за паркирање, со што ќе се намали загадувањето (помалку залудно испуштени штетни гасови од автомобилите што кружат барајќи слободно паркинг место), ќе се зголеми достапноста како и безбедноста на сообраќајот во мирување на јавните површини наменети за паркирање, велат од претпријатието. Во Општина Карпош, минатата година беше воведено зонско во населбите Карпош 1 и Карпош 2, а сега ќе се прошири и во Карпош 3 и Карпош 4. Паркирањето ќе биде регулирано и од другата страна на Партизанска во оваа општина, поточно во реоните кај Млечен ресторан и кај Министерство за економија. Зонското кај Млечен ќе го опфати просторот помеѓу улицата Рузвелтова и булеварите Партизански Одреди, Митрополит Теодосија Гологанов и Осми Септември, а во реонот кај Министерство за економија зонското паркирање ќе се протега на просторот помеѓу улиците Рузвелтова, Леринска, Брадфордска и булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Во Општина Аеродром проширување е предвидено во населбите Мичурин, Реонски Центар и во Ново Лисиче. Во Мичурин ќе се формира подзона Д10 на улицата Симеон Кавракиров на потегот од Транспортен центар до улицата Руди Чајавец. https://www.slobodenpecat.mk/zonite-na-gradski-parking-go-osvojuvaat-skopje-kje-se-shirat-niz-karposh-aerodrom-chair-i-gazi-baba/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 161718 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |