![]() |
![]() |
![]() |
Варош - Прилеп |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() Posted: 28-Feb-2010 at 18:16 |
Варош – културна гордост
Ревитализација на комплексот Маркови Кули
Програма: Форуми на заедниците Донатор: Швајцарска агенција за соработка и развој (SDC) – 3.088.000 ден. Учество на Општина Прилеп – 1.332.000 ден. НВО Форум за авангардна креативност – 800.000 ден. Период на реализација: 2007 – 2008 Реализирани активности: Изградено е мултимедијално плато каде ќе се одржуваат голем број на културни настани, а изградена е и туристичка патека „Крале Марко“ во должина од приближно 2 км, која поврзува 5 од постоечките цркви и манастири во Варош. Платото и туристичката патека се комплетно осветлени што претставува посебна атракција во ноќните часови. На овие зафати им претходеше поставување на канализација и асфалтирање на околните улицим така да вкупната инвестиција во Варош изнесува околу 2.000.000 €. Со овие проекти се направи голем чекор во развојот на туризмот и Прилеп влезе на туристичката мапа на Македонија и пошироко. За идниот период е планирана доурбанизација на Варош, како и продолжување на туристичките патеки до карпата наречена „Слон“ и до врвот на Марковите Кули. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() http://www.prilep.gov.mk |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Ќе ги ставам овие тука, бидејки мислам дека и они ќе се зафатени во проектот Варош.
Св. Атанасиј-ВарошЦрквата Св Атанасиј нема доволно податоци за времето на нејзиното подигнување. Спрема начинот на ѕидање и од археолошките ископувања може да се заклучи дека потекнува некаде од 14 ти век. Оваа црква се поврзува со името на архимандритот Леонтиј.Во внатрешноста на црквата може да се забележат четири монолитни столбови на кои била подигната куполата. Црквата се наоѓа на патот кој води до манастиркиот комплекс Св. Архангел Михаил во кој бил занаетчискиот дел од населбата. Живописот е целосно уништен од надворешните влијанија. Локација: Варош, Прилеп. Датира од 14ти век. ![]() ![]() ![]() Св. Богородица-Пречиста - ВарошЦрквата Св. Богородица-Пречиста е една од најдоцна изградени цркви во средновековниот период. Нејзината градба датира од 1421 година, а спрема други наоди некаде од 1438. Црквата во два наврати страдала од пожар, при што дел од фреските се уништени а дел се заштитени.Црквата Св.Богородица-Пречиста е еднокорабна црква, повисока од стандардните од овој тип, градена е од камен и два реда тули во нејзиниот горен дел, и со полукружна апсида , и однадвор и однатре.Црквата Св. Богородица-Пречиста се најдува сокриена во речиси последните куќи во подножјето на Марковите Кули.Локација: Варош, Прилеп. Датира од 15ти век. ![]() ![]() ![]() Св.Петар и Павле - ВарошЦрквата Св. Петар и Павле се претпоставува дека е изградена некаде околу 14 ти век.Нејзината градба е најмногу споредувана со црквата Св.Никола.Таа е еднокорабна градба со полуобличест свод. Дел од старата црква кој бил срушен е обновен. Денешниот изглед и местополжба на храмот е од функционален карактер , со тоа што се наоѓа во источниот дел од населбата Варош, односно на патот кој води до останатите цркви. Во внатрешнота живописноста е делумно зачувана во неколку композиции. Локација: Варош, Прилеп. Датира од 14ти век. ![]() ![]() ![]() Св.Никола-ВарошВо времето кога владетел бил царот Андроник Втори, односно некаде околу 1298 година од страна на ктиторот Вега е подигната црквата Св. Никола. Црквата е со карактеристична височина и со мали димензии. Архитектурата е од типот на еднокорабна градба, со полукружен свод и тристрана апсида. На надворешниот дел од црквата се забележуваат остатоци од фрагменти и фрески. Оваа црква според стручното мислење е една од најпрекрасните цркви во средновековието.Локација: Варош, Прилеп. Датира од 13ти век. ![]() ![]() ![]() Св. Архангел-МихаилНа највисокиот дел од групата цркви во Варошко, во подножјето на Марковите кули се наоѓа манастирскиот комплекс Св. Архангел -Михаил. Овој манастир е изграден во 12 ти век а е обновен во 19ти век. На конаците е дојдена до израз автентичноста на староградската архитектура. Црквата е прилично зачувана. Во кругот на овој манастирски комплекс пронајдени се натписи со словенско кирилично писмо кои датираат од 10ти век.Во дворот на манастириот има извор посветен на Св. Богородица, од кој спрема верувањата извира лековита вода. Локација: Варош, Прилеп. Датира од 12ти век. ![]() ![]() Св.Димитрија-ВарошЦрквата која е посветена на Св.Димитрија е една од поимпозантните градби која се наоѓала во централниот дел од населбата. Градена е во неколку фази во различни периоди. Првата фаза датира некаде од 11ти век, а додека другите од 13ти век. Како ктитор на овој храм е Димитрие Мисинополит од кого има насликана композиција на северниот ѕид во црквата.Оваа црква и дава висок акцент на архитектурата во христијанството од тој дел на минатото. Налик потсетува на Охридските цркви но по големина е драстично помала. Локација: Варош, Прилеп. Датира од 11ти век. ![]() ![]() http://www.mn.mk |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Зашто всушност скоро најголемиоот дел од старите цркви се од перидот 14-ти век и времето што гравитира околу 14-ти век, 13-ти и 15-ти. Можам да замислалм колку пати повеќе, ако не илјадакратно ќе беше поголемо културното наследство да не отоманската империја после тоа. Но во секој случај кое време е тоа, кој владеел во тоа време 14-ти век што сега скоро цело црковно наследство од постарото е од тоа време.
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Па во тоа време влдеал Волкашин или некој друг Мрењавчев. Ако земеме тиа црви во тоа време биле нови а постарите помалку вниманије им се давало....Но сеедно ногу од тие цркви се биле бутани или претварани во џамији, па подоцна се обновувани.... незнам точно. Постари цркви Св. Ѓоргиј - Баргала од 9 век, Велјуса од 11 век, Св Софија Охрид....и неколку други.....
Ногу наша архитектура избутале Османлијите, а ние нивната уште ја чуваме.....но комент бидејки ке морам да го бришам ![]() Edited by Makedonij - 22-May-2010 at 21:19 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Не знам што се жалите упорно и упорно, тоа го правеле сите во тоа време. Иако мислам дека сме заостанат народ, сепак сакам да верувам дека не сме цели 2-3 века заостанати за да правиме нешто такво. Макар што пред само 15 години Србите, Хрватите и Бошњаците испаднаа бетер и од Отоманите.
Сепак, ако мислите дека не треба да чуваме споменик на културата бидејќи бил исламски (имало под него црква или не), испаѓаме варвари како Талибанците во 2001 што уништија будистички споменици од VI век „во согласност со шарија“. Ај да не почнам јас за „доброто“ на религијата, бидејќи навистина ќе избегаме офтопик. Овие остатоци од османлиите се економски благодет, само што ние сме премногу глупави за да ги афирмираме и маркетираме. Ај со време, ако не ги руши некој дотогаш. |
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Тајната на 77 цркви во прилепски варош
Edited by Makedonij - 30-May-2010 at 08:04 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |