Парк во населбата „Точила“ - Прилеп
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1410
Printed Date: 14-May-2025 at 06:32
Topic: Парк во населбата „Точила“ - Прилеп
Posted By: KraliMarko
Subject: Парк во населбата „Точила“ - Прилеп
Date Posted: 10-Sep-2011 at 20:08
Започна изградбата на парк во населбата „Точила“
9.09.2011.
На површина од 16.500 м2, во присуство на голем број жители на оваа населба беше означен почетокот на градежните активности околу ревитализација на парковска површина помеѓу колективни стамбени згради во населба „Точила”. Идејното решение за проектот е на ЈП за ПУП, а инвеститор е Општина Прилеп и ЈКП „Комуналец”. Проект за ревитализација на парковската површина помеѓу колективните стамбени згради во населба „Точила” предвидено е во себе да опфаќа три дела. Во првиот дел се предвидени три игралишта од кои две постојни игралишта за кошарка и едно ново предвидено за одбојка на песок, во средишниот дел од просторот ќе биде сместено оградено детско игралиште.
Во третиот дел е предвидена површина за одмор со дрвени настрешници и клупи, како и водени површини. За реализација на овој проект предвидено е да се инвестираат околу пет милиони денари. Паркот има улога на декоративен и рекреативен парк за прошетки и одмор. Поплочувањето на патеките помеѓу зелените површини се предвидува од бекатон плочки во комбинација со патеки од кршена керамида како поразиграно и декоративно повпечатливо решение.
http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1265&Itemid=1
|
Replies:
Posted By: N23
Date Posted: 19-Mar-2012 at 00:15
Прилепчани ајде малку ангажман за овој парк, слики да пуштите. Доста сите чекате само од Скопје слики додека и во вашите градови се гради нешто.
|
|