Урбани велосипедски патеки - Македонија
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3245
Printed Date: 26-May-2025 at 02:20
Topic: Урбани велосипедски патеки - Македонија
Posted By: jyvation
Subject: Урбани велосипедски патеки - Македонија
Date Posted: 25-Jul-2015 at 01:04
Нешто од Охрид..
ПОВТОРНО ВОЗИЛА НА ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ ВО ОХРИД
повеќе слики на линкот: http://ohrid1.com/?p=22234 - http://ohrid1.com/?p=22234
|
Replies:
Posted By: BOJAN
Date Posted: 18-Dec-2015 at 17:30
Сето она што претставува градска инфраструктура наменета за велосипеди во македонските градови предлагам да го опфатиме во оваа нишка.
|
Posted By: kultuzin
Date Posted: 19-Dec-2015 at 00:33
Бојан супер се темите. Ти благодарам што ја прифати идејата. Мислам дека фали уште една тема велосипедска инфраструктура од светот. Ако сака некој нека отвори таква тема ако не јас кога ќе пресоберам некоја слика ќе го направам тоа. Во секој случај велосипедизмот не само што е тренд туку е и потреба така да мислам дека не беше во ред на ваков форум да имаме само една тема.
|
Posted By: Џоле
Date Posted: 31-Mar-2016 at 10:28
Тоа е нашиот пристап - шлакни боја кај ќе ти текне, и си го решил проблемот:
ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА СРЕДЕ ШЕТАЛИШТЕТО ВО БИТОЛА
Фотографија на која со бела боја е исцртана нова велосипедска патека во Битола предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Ваквиот потег наиде на лавина коментари, бидејќи во Битола досега само се ветуваа велосипедски патеки, но малкумина се надеваа на вакви решенија.
„Од толку улици во градот, на пешачка зона ставија велосипедска патека, и тоа на средина на шеталиште“, се вели во еден од коментарите на ФБ страницата на групата „Битола сака чист воздух“. Други членови пак пишуваат дека воопшто не се зачудени и додаваат дека по ист принцип никнуваат и паркинзи низ градот.
Битола традиционално се вклучува во одбележувањето на „Европската недела на мобилност“, за да укаже на потребата од алтернативни средства за транспорт. Градоначалникот Владимир Талески веќе две години ветува реализација на проект со кој ќе се направат велосипедските патеки.
„Секаде онаму каде што ќе биде возможно да се движат велосипедистите и во договор со сообраќајната полиција, ќе биде направена велосипедска патека. Проектот ќе биде завршен и со новиот буџет ќе следува реализација на проектот „Велосипедски патеки низ општина Битола“, нагласи Талески, во септември, минатата година.
http://www.radiomof.mk/foto-velosipedska-pateka-srede-shetalishteto-vo-bitola/#prettyPhoto - http://www.radiomof.mk/foto-velosipedska-pateka-srede-shetalishteto-vo-bitola/#prettyPhoto
------------- За сè има вторпат
|
Posted By: xnx
Date Posted: 31-Mar-2016 at 12:18
kako be vaka ja bapnale aloooo
|
Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Apr-2016 at 18:45
Се гради пешачко-рекреативната патека во општина Илинден
Со асфалтирање и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, во Општина Илинден, на потегот Марино-Кадино, продолжува интензивната изградба на пешачко-рекреативната патека во должина од 2.000 метри.
Покрај пешачката патека, се гради велосипедска патека, патека за ролерки и скејтборди, во чии рамки ќе бидат поставени и реквизити за спортување и рекреација, урбана опрема, а ќе се изврши и уредување на зелените површини во должина на патеката. Паралелно со ова ќе биде извршено и осветлување на патеката.
Меѓу пешачката и велосипедската патека изграден е одводен канал за зафаќање на атмосферските води од патеките, а на одредени места изградени се и патеки со широчина од 2 метра кои овозможуваат врска меѓу пешачката и велосипедската патека.
Вкупната вредност на проектот е 30 милиони денари, од кои 12 милиони денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, а преостанатите 18 милиони денари се од Буџетот на Општина Илинден.
Со новата патека која што ги поврзува населeните места Марино и Кадино, кои што вкупно бројат повеќе од 10.000 жители, се создаваат нови можности за рекреација, комуникација, заедничко дружење и рекреативен спорт. Истовремено, со реализацијата на овој капитален проект се придонесува за поголема безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците, како и поголема безбедност на децата од училишна возраст кои се движат од зоните на домување кон детската градинка, основното и средното училиште.
http://skopjeinfo.mk/se-gradi-peshachko-rekreativnata-pateka-vo-opshtina-ilinden-foto - http://skopjeinfo.mk/se-gradi-peshachko-rekreativnata-pateka-vo-opshtina-ilinden-foto
------------- За сè има вторпат
|
|